ПСЈИЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psjie/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Sep 2023 18:05:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПСЈИЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psjie/ 32 32 ПСЈИЕ е трета важна иницијатива со која Македонија претседава оваа година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/psjie-e-treta-vazhna-initsijativa-so-koja-makedonija-pretsedava-ovaa-godina/ Thu, 21 Sep 2023 18:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=683892

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), беше домаќин на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на иницијативата, што се одржа во рамки на Генерално собрание на OН, во Њујорк. Настанот беше организиран во соработка со Советот за регионална соработка (СРС).

Фокусот на дебатата беше ставен врз европскиот интегративен процес на земјите од Југоисточна Европа, гледано преку призма на континуираната руска агресија врз Украина, која има длабоко влијание врз безбедноста и стабилноста на европскиот континент.

Осврнувајќи се на мотото на претседавањето на Македонија со иницијативата - „Премостување поделби, градење доверба“, Османи направи осврт врз приоритетите на нашето претседавање. Меѓу другите, зајакнувањето на демократијата, помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции.

Со оглед дека ПСЈИЕ е најсеопфатна регионална иницијатива во Југоисточна Европа, Османи ја потенцира неопходноста од заеднички ангажман, за сите прашања од витален интерес за регионот.

Пред присутните колеги и гости, го претстави концептот „Повеќе интеграција пред членство“ за кандидатите и потенцијалните кандидати за влез во ЕУ, кој предвидува конкретни придобивки додека трае преговарачкиот процес пред формалното членство.

Очекуваме Европската Унија наскоро да излезе со нов план за раст кој треба да ни помогне како кандидати да го заживееме процесот, да го поттикнеме економскиот раст и да ги забрзаме реформите кои исто така се скапи за имплементација. Целта е нашите економии да имаат поголем економски раст, за што е потребна поддршка на земјите-членки на ПСЈИЕ, кои се и членки на ЕУ, како и прогресивна интеграција во eдинствениот пазар, проследено со зголемено учество во институциите на ЕУ“, нагласи Османи.

Македонија е претседавач со ПСЈИЕ, во периодот 1 јули 2023 – 30 јуни 2024 г., како трето претседавање, по она од 2000-2001 и 2012-2013 година.

The post ПСЈИЕ е трета важна иницијатива со која Македонија претседава оваа година appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), беше домаќин на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на иницијативата, што се одржа во рамки на Генерално собрание на OН, во Њујорк. Настанот беше организиран во соработка со Советот за регионална соработка (СРС). Фокусот на дебатата беше ставен врз европскиот интегративен процес на земјите од Југоисточна Европа, гледано преку призма на континуираната руска агресија врз Украина, која има длабоко влијание врз безбедноста и стабилноста на европскиот континент. Осврнувајќи се на мотото на претседавањето на Македонија со иницијативата - „Премостување поделби, градење доверба“, Османи направи осврт врз приоритетите на нашето претседавање. Меѓу другите, зајакнувањето на демократијата, помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции. Со оглед дека ПСЈИЕ е најсеопфатна регионална иницијатива во Југоисточна Европа, Османи ја потенцира неопходноста од заеднички ангажман, за сите прашања од витален интерес за регионот. Пред присутните колеги и гости, го претстави концептот „Повеќе интеграција пред членство“ за кандидатите и потенцијалните кандидати за влез во ЕУ, кој предвидува конкретни придобивки додека трае преговарачкиот процес пред формалното членство.
Очекуваме Европската Унија наскоро да излезе со нов план за раст кој треба да ни помогне како кандидати да го заживееме процесот, да го поттикнеме економскиот раст и да ги забрзаме реформите кои исто така се скапи за имплементација. Целта е нашите економии да имаат поголем економски раст, за што е потребна поддршка на земјите-членки на ПСЈИЕ, кои се и членки на ЕУ, како и прогресивна интеграција во eдинствениот пазар, проследено со зголемено учество во институциите на ЕУ“, нагласи Османи.
Македонија е претседавач со ПСЈИЕ, во периодот 1 јули 2023 – 30 јуни 2024 г., како трето претседавање, по она од 2000-2001 и 2012-2013 година.

The post ПСЈИЕ е трета важна иницијатива со која Македонија претседава оваа година appeared first on Република.

]]>
Османи: Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-makedonija-go-prezema-pretsedavaneto-so-psjie/ Sat, 01 Jul 2023 20:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=657286

Од денеска, Република Македонија го презема претседавањето со Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој од основањето во 1996 година претставува единствен форум кој ги вклучува сите 13 земји од Југоисточна Европа, меѓу кои најголемиот дел се членки на НАТО, членки или кандидати за ЕУ, но и дел на ОБСЕ.

На тематска конференција за новинари, министерот за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека преземањето на претседавањето со Процесот од страна на Македонија, паралелно со претседавањето со ОБСЕ и со САД Јадранската повелба (А5) претставува голема чест, но не помалку одговорност во која се насочени сите капацитети на Министерството за надворешни работи.

Регионот во моментот се соочува со три исклучително важни, одвоени, а истовремено испреплетени процеси: потребата од неодложива интеграција во ЕУ, не подоцна од 2030 година, комплексната геополитичка слика на Европскиот континент, поврзанo со руската воена агресија во Украина и нерешените билатерални спорови. Сите три елементи директно влијаат врз динамиката на севкупните движења во регионот“, рече Османи, нагласувајќи дека поради својата сеопфатност, ПСЈИЕ претставува одлична платформа за политички дијалог, каде регионалните прашања може да бидат адресирани на највисоко ниво, а со тоа отвори патот за што поскора европска и евро-атлантска интеграција на регионот на Југо-источна Европа.

Oсмани го претстави слоганот на претседавањето - „Премостувајќи поделби, градејќи доверба“ и приоритетите фокусирани кон помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции. Според него, во тој поглед, Македонија веќе ја докажала својата посветеност, преку Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство, Преспанскиот договор, како и со решението за одблокирање на нашиот европристапен пат од јули, минатата година.

Османи се осврна и на останатите приоритети, на кои исто така ќе се посвети внимание: зајакнувањето на демократијата, фундаменталните права и вредности, владеењето на правото, борбата против корупцијата, безбедноста и стабилноста; почитyвањетo на меѓународниот поредок заснован на правила; справување со предизвиците од климатските промени, поттикнување зелен и други.

Претседавањето претставува дополнителна можност за афирмација на Република Македонија и најави бројни настани состаноци на политичко и експертско ниво, чиј координатор ќе биде Министерството за надворешни работи.

The post Османи: Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ appeared first on Република.

]]>

Од денеска, Република Македонија го презема претседавањето со Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој од основањето во 1996 година претставува единствен форум кој ги вклучува сите 13 земји од Југоисточна Европа, меѓу кои најголемиот дел се членки на НАТО, членки или кандидати за ЕУ, но и дел на ОБСЕ. На тематска конференција за новинари, министерот за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека преземањето на претседавањето со Процесот од страна на Македонија, паралелно со претседавањето со ОБСЕ и со САД Јадранската повелба (А5) претставува голема чест, но не помалку одговорност во која се насочени сите капацитети на Министерството за надворешни работи.
Регионот во моментот се соочува со три исклучително важни, одвоени, а истовремено испреплетени процеси: потребата од неодложива интеграција во ЕУ, не подоцна од 2030 година, комплексната геополитичка слика на Европскиот континент, поврзанo со руската воена агресија во Украина и нерешените билатерални спорови. Сите три елементи директно влијаат врз динамиката на севкупните движења во регионот“, рече Османи, нагласувајќи дека поради својата сеопфатност, ПСЈИЕ претставува одлична платформа за политички дијалог, каде регионалните прашања може да бидат адресирани на највисоко ниво, а со тоа отвори патот за што поскора европска и евро-атлантска интеграција на регионот на Југо-источна Европа.
Oсмани го претстави слоганот на претседавањето - „Премостувајќи поделби, градејќи доверба“ и приоритетите фокусирани кон помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции. Според него, во тој поглед, Македонија веќе ја докажала својата посветеност, преку Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство, Преспанскиот договор, како и со решението за одблокирање на нашиот европристапен пат од јули, минатата година. Османи се осврна и на останатите приоритети, на кои исто така ќе се посвети внимание: зајакнувањето на демократијата, фундаменталните права и вредности, владеењето на правото, борбата против корупцијата, безбедноста и стабилноста; почитyвањетo на меѓународниот поредок заснован на правила; справување со предизвиците од климатските промени, поттикнување зелен и други. Претседавањето претставува дополнителна можност за афирмација на Република Македонија и најави бројни настани состаноци на политичко и експертско ниво, чиј координатор ќе биде Министерството за надворешни работи.

The post Османи: Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ appeared first on Република.

]]>
Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-od-idnata-godina-pretsedava-so-procesot-za-sorabotka-na-jugoistochna-evropa/ Fri, 10 Jun 2022 09:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=513484

Нема поважна, поефективна и покатализирачка одлука за зајакнување на стабилноста и поривот за реформи и ЕУ ентузијазмот во регионот на ЈИЕ од онаа да се отворат пристапните преговори со Македонија и Албанија, без понатамошно одлагање и изговори, за што моментот е созреан, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Солун.

На состанокот е усвоена и декларација, според која Македонија го презема претседавањето со  ПСЈИЕ за периодот јуни 2023- јуни 2024, по завршувањето на следното претседателство на Црна Гора и како дел од Тројката заедно со Грција. Претседавањето со оваа регионална организација се случува паралелно со претседавањето со ОБСЕ од 1 јануари 2023 година. Со ова, Република Македонија се етаблира како актер кој има дипломатски капацитети да претседава со важни регионални и меѓународни форуми и организации

Заблагодарувајќи се за успешното претседавање на Грција во вонредните околности како и за поддршката на европската интеграција на земјите од ПСЈИЕ кои се уште не се земји членки на ЕУ, од МНР соопштија дека Османи се осврнал на важноста од суштинското унапредување на регионалната соработка во момент кога целата меѓународна заедница се соочува со предизвиците на покачените цени на енергенсите и основните продукти и сировини како последица од војната во Украина.

Сите форми на регионално организирање кои имаат за цел намалување на бирократските бариери и градење на заеднички регионален пазар треба да се третираат со потребната итност и целосен ангажман на Владите, порачал Османи.

Министерот Османи ги потенцирал проектите за унапредување на инфраструктурата, за обезбедување на енергетска диверзификација и исполнување на целите на зелената агенда за Западен Балкан. Посочил на исклучително позитивниот ефект од укинување на роаминг тарифите помеѓу земјите од регионот и напорите истите да се укинат и во однос на земјите членки на ЕУ како и на воспоставувањето на т.н. Зелени ленти за превозниците со најава за нивно проширување и кон земјите членки на ЕУ, започнувајќи со границата помеѓу Македонија и Грција, како примери на добри пракси за натамошно делување.

Министерскиот состанок за надворешни работи се одржува во рамките на завршните состаноци на грчкото претседавањето со ПСЈИЕ под мотото „Зајакнување на синергиите на Југоисточна Европа“. Во фокусот на разговорите е регионалната соработка во светло на растечката нестабилност и негативните влијанија од Руската агресија врз Украина. Разменети биле мислења за Европската перспектива на регионот, важноста да се приоретизира енергетската безбедност, напорите за интензивирање на соработката за справување со безбедносните прашања, како и унапредувањето на зелениот договор и адресирањето на климатските промени.

The post Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Нема поважна, поефективна и покатализирачка одлука за зајакнување на стабилноста и поривот за реформи и ЕУ ентузијазмот во регионот на ЈИЕ од онаа да се отворат пристапните преговори со Македонија и Албанија, без понатамошно одлагање и изговори, за што моментот е созреан, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Солун.

На состанокот е усвоена и декларација, според која Македонија го презема претседавањето со  ПСЈИЕ за периодот јуни 2023- јуни 2024, по завршувањето на следното претседателство на Црна Гора и како дел од Тројката заедно со Грција. Претседавањето со оваа регионална организација се случува паралелно со претседавањето со ОБСЕ од 1 јануари 2023 година. Со ова, Република Македонија се етаблира како актер кој има дипломатски капацитети да претседава со важни регионални и меѓународни форуми и организации

Заблагодарувајќи се за успешното претседавање на Грција во вонредните околности како и за поддршката на европската интеграција на земјите од ПСЈИЕ кои се уште не се земји членки на ЕУ, од МНР соопштија дека Османи се осврнал на важноста од суштинското унапредување на регионалната соработка во момент кога целата меѓународна заедница се соочува со предизвиците на покачените цени на енергенсите и основните продукти и сировини како последица од војната во Украина.
Сите форми на регионално организирање кои имаат за цел намалување на бирократските бариери и градење на заеднички регионален пазар треба да се третираат со потребната итност и целосен ангажман на Владите, порачал Османи.
Министерот Османи ги потенцирал проектите за унапредување на инфраструктурата, за обезбедување на енергетска диверзификација и исполнување на целите на зелената агенда за Западен Балкан. Посочил на исклучително позитивниот ефект од укинување на роаминг тарифите помеѓу земјите од регионот и напорите истите да се укинат и во однос на земјите членки на ЕУ како и на воспоставувањето на т.н. Зелени ленти за превозниците со најава за нивно проширување и кон земјите членки на ЕУ, започнувајќи со границата помеѓу Македонија и Грција, како примери на добри пракси за натамошно делување. Министерскиот состанок за надворешни работи се одржува во рамките на завршните состаноци на грчкото претседавањето со ПСЈИЕ под мотото „Зајакнување на синергиите на Југоисточна Европа“. Во фокусот на разговорите е регионалната соработка во светло на растечката нестабилност и негативните влијанија од Руската агресија врз Украина. Разменети биле мислења за Европската перспектива на регионот, важноста да се приоретизира енергетската безбедност, напорите за интензивирање на соработката за справување со безбедносните прашања, како и унапредувањето на зелениот договор и адресирањето на климатските промени.

The post Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>