психолози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psiholozi/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 17:36:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png психолози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psiholozi/ 32 32 Психолозите сметаат дека оваа година е најтешка во бракот https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/psiholozite-smetaat-deka-ovaa-godina-e-najteshka-vo-brakot/ Fri, 31 May 2024 18:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=783648

Според статистичките податоци од 5.000 испитаници во Европа, беше констатирано дека на мажените жени единаесеттата година од брак им е една од најтешките. Во тоа време, многу тежок товар паѓа на грбот на жената. На крајот на краиштата, тие мора да ги едуцираат децата во исто време и да го следат нивниот напредок во училиште, да ја одржуваат куќата и, исто така, да работат.

Квалитетот на врските страда главно поради недостаток на време. Најчесто во овој период, мажите не ја гледаат својата сопруга како атрактивен и пожелен партнер.

Просечното времетраење на бракот во европските земји е околу 11 години. Но, ако ја надминете оваа криза по 15 години брак, задоволството од односот постепено ќе се зголемува во следните 20 години, велат научниците.

Специјалисти во семејните односи се убедени дека во овој тежок период, важно е паровите да научат да се „лек” за сè, е хуморот: „Бидете заедно со радост, мирно реагирајте на кризата со партнерот, намалете ги вашите очекувања, дури и ако вашата врска не е совршена, неопходно е да се фокусираме на позитивните страни на вашиот партнер.“

The post Психолозите сметаат дека оваа година е најтешка во бракот appeared first on Република.

]]>

Според статистичките податоци од 5.000 испитаници во Европа, беше констатирано дека на мажените жени единаесеттата година од брак им е една од најтешките. Во тоа време, многу тежок товар паѓа на грбот на жената. На крајот на краиштата, тие мора да ги едуцираат децата во исто време и да го следат нивниот напредок во училиште, да ја одржуваат куќата и, исто така, да работат. Квалитетот на врските страда главно поради недостаток на време. Најчесто во овој период, мажите не ја гледаат својата сопруга како атрактивен и пожелен партнер. Просечното времетраење на бракот во европските земји е околу 11 години. Но, ако ја надминете оваа криза по 15 години брак, задоволството од односот постепено ќе се зголемува во следните 20 години, велат научниците. Специјалисти во семејните односи се убедени дека во овој тежок период, важно е паровите да научат да се „лек” за сè, е хуморот: „Бидете заедно со радост, мирно реагирајте на кризата со партнерот, намалете ги вашите очекувања, дури и ако вашата врска не е совршена, неопходно е да се фокусираме на позитивните страни на вашиот партнер.“

The post Психолозите сметаат дека оваа година е најтешка во бракот appeared first on Република.

]]>
Одреден е стручен надзор над ученикот од „Браќа Миладиновци“ кој носеше нож во училиште, психолози ќе работат со него на час https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odreden-e-struchen-nadzor-nad-uchenikot-od-braka-miladinovtsi-koj-noseshe-nozh-vo-uchilishte-psiholozi-ke-rabotat-so-nego-na-chas/ Fri, 12 May 2023 10:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=640086

Одреден е стручен надзор над ученикот од скопското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром кој носеше нож во училиште, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Одреден е стручен надзор над ученикот со девојатно однесување во „Браќа Миладиновци“ за време на наставата. Донесена е одлука, вработени од стручната служба во училиштето ќе присуствуваат на часовите и ќе обезбедуваат поддршка на наставниот кадар во работата со ученикот, но и ќе работат директно со ученикот во насока на подигнување на неговата концентрација кон наставната материја и градење на подобар однос кон соучениците, соопшти МОН.

Родители од „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат да се реши проблемот со еден ученик кој, според нив, носи ладно оружје во училиште и ги малтретира останатите ученици. Директорката на училиштето во изјава за МИА вели дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба.

https://republika.mk/vesti/skopje/uchenik-od-skopskoto-osnovno-uchilishte-braka-miladinovtsi-doaga-vo-shkolo-so-nozh-tvrdat-roditeli/

 

Од МОН додаваат дека институциите на системот постапуваат по секоја пријава за случај за врсничко насилство или било какво девијантно однесување во училиштата.

Државата има развиено механизам кој го сочинуваат сет закони, проектни мерки и активности за детекција и справување со врсничко насилство. Граѓаните треба да се охрабрат да пријавуваат било какви форми на насилство меѓу младите во училишните објекти, како и надвор од нив, но и да имаат доверба дека за секоја пријава ќе има соодветен исход.

Јасно е дека образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители, велат од МОН.

The post Одреден е стручен надзор над ученикот од „Браќа Миладиновци“ кој носеше нож во училиште, психолози ќе работат со него на час appeared first on Република.

]]>

Одреден е стручен надзор над ученикот од скопското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром кој носеше нож во училиште, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).
Одреден е стручен надзор над ученикот со девојатно однесување во „Браќа Миладиновци“ за време на наставата. Донесена е одлука, вработени од стручната служба во училиштето ќе присуствуваат на часовите и ќе обезбедуваат поддршка на наставниот кадар во работата со ученикот, но и ќе работат директно со ученикот во насока на подигнување на неговата концентрација кон наставната материја и градење на подобар однос кон соучениците, соопшти МОН.
Родители од „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат да се реши проблемот со еден ученик кој, според нив, носи ладно оружје во училиште и ги малтретира останатите ученици. Директорката на училиштето во изјава за МИА вели дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба. https://republika.mk/vesti/skopje/uchenik-od-skopskoto-osnovno-uchilishte-braka-miladinovtsi-doaga-vo-shkolo-so-nozh-tvrdat-roditeli/   Од МОН додаваат дека институциите на системот постапуваат по секоја пријава за случај за врсничко насилство или било какво девијантно однесување во училиштата.
Државата има развиено механизам кој го сочинуваат сет закони, проектни мерки и активности за детекција и справување со врсничко насилство. Граѓаните треба да се охрабрат да пријавуваат било какви форми на насилство меѓу младите во училишните објекти, како и надвор од нив, но и да имаат доверба дека за секоја пријава ќе има соодветен исход. Јасно е дека образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители, велат од МОН.

The post Одреден е стручен надзор над ученикот од „Браќа Миладиновци“ кој носеше нож во училиште, психолози ќе работат со него на час appeared first on Република.

]]>
Тим од психолози и педагози ќе работат со учениците од белградското училиште, наставата продолжува на 10 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tim-od-psiholozi-i-pedagozi-ke-rabotat-so-uchenitsite-od-belgradskoto-uchilishte-nastavata-prodolzhuva-na-10-maj/ Sat, 06 May 2023 16:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=637745

Министерството за образование, Министерството за здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза во заедницата, Филозофскиот факултет, Друштвото на психолози на Србија, Училишниот тим за кризни ситуации и вработените во ОУ „Владислав Рибникар“ подготвија План за интервенција во кризи.

Планот предвидува организирано обезбедување стручна индивидуална и групна поддршка на вработените, децата и родителите, организирано враќање и подготовка на децата за враќање на училиште, кој МИА во целост го пренесува, јави дописникот од Белград.

Организираната професионална, индивидуална и групна поддршка започна вчера и во наредниот период ќе ја обезбедуваат психијатри и психолози од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија, Здружението на психолози во термини што ќе се достават до родителите.

Формиран е Училишен тим за интервенција во кризи кој ќе го организира враќањето на учениците на училиште и ќе ги информира родителите за деталите преку редовни канали за комуникација. Со цел да се подготват учениците за враќање на наставата, ќе се одржат состаноци на Советот на родители, Советот на наставници и родителски средби со родителите на учениците од паралелките кои беа најдиректно нападнати.

Учениците ќе се вратат на настава следната недела, во циклуси, почнувајќи од среда, 10 мај. Од понеделник, 8 мај и секој нареден ден, ќе се организира прием, односно продолжен престој за учениците од прво до четврто одделение.

Планот за активности ќе биде приспособен на потребите во текот на неделата, а Министерството за образование и Министерството за здравство ќе му дадат советодавна и стручна поддршка на училиштето.

Стручна поддршка ќе биде дадена во музичките и балетските училишта кои ги посетуваа трагично настраданите ученици, како и во училиштата во Смедерево и Младеновац, каде ќе се формираат Училишни кризни тимови и ќе се обезбеди стручна психолошка поддршка за учениците, вработените и родителите.

Исто така, министерот за образование Бранко Ружиќ и министерот за државна администрација и локална самоуправа Александар Мартиновиќ се договорија локалните совети за безбедност, во кои се вклучени сите државни сектори и јавни служби на локално ниво, да бидат вклучени во поддршката на учениците, нивните родители, вработените и во сите училишта во Србија, бидејќи без оглед на тоа што многу деца не биле вклучени во настанот, веќе имале сознание, и можат да покажат одредени реакции на трауматичниот настан, за што е потребна поддршка од заедницата.

The post Тим од психолози и педагози ќе работат со учениците од белградското училиште, наставата продолжува на 10 мај appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование, Министерството за здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза во заедницата, Филозофскиот факултет, Друштвото на психолози на Србија, Училишниот тим за кризни ситуации и вработените во ОУ „Владислав Рибникар“ подготвија План за интервенција во кризи. Планот предвидува организирано обезбедување стручна индивидуална и групна поддршка на вработените, децата и родителите, организирано враќање и подготовка на децата за враќање на училиште, кој МИА во целост го пренесува, јави дописникот од Белград. Организираната професионална, индивидуална и групна поддршка започна вчера и во наредниот период ќе ја обезбедуваат психијатри и психолози од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија, Здружението на психолози во термини што ќе се достават до родителите. Формиран е Училишен тим за интервенција во кризи кој ќе го организира враќањето на учениците на училиште и ќе ги информира родителите за деталите преку редовни канали за комуникација. Со цел да се подготват учениците за враќање на наставата, ќе се одржат состаноци на Советот на родители, Советот на наставници и родителски средби со родителите на учениците од паралелките кои беа најдиректно нападнати. Учениците ќе се вратат на настава следната недела, во циклуси, почнувајќи од среда, 10 мај. Од понеделник, 8 мај и секој нареден ден, ќе се организира прием, односно продолжен престој за учениците од прво до четврто одделение. Планот за активности ќе биде приспособен на потребите во текот на неделата, а Министерството за образование и Министерството за здравство ќе му дадат советодавна и стручна поддршка на училиштето. Стручна поддршка ќе биде дадена во музичките и балетските училишта кои ги посетуваа трагично настраданите ученици, како и во училиштата во Смедерево и Младеновац, каде ќе се формираат Училишни кризни тимови и ќе се обезбеди стручна психолошка поддршка за учениците, вработените и родителите. Исто така, министерот за образование Бранко Ружиќ и министерот за државна администрација и локална самоуправа Александар Мартиновиќ се договорија локалните совети за безбедност, во кои се вклучени сите државни сектори и јавни служби на локално ниво, да бидат вклучени во поддршката на учениците, нивните родители, вработените и во сите училишта во Србија, бидејќи без оглед на тоа што многу деца не биле вклучени во настанот, веќе имале сознание, и можат да покажат одредени реакции на трауматичниот настан, за што е потребна поддршка од заедницата.

The post Тим од психолози и педагози ќе работат со учениците од белградското училиште, наставата продолжува на 10 мај appeared first on Република.

]]>
Утре во МОН ќе се одржи средба со универзитетски професори по педагогија и психологија, безбедност и сајбер насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-vo-mon-ke-se-odrzhi-sredba-so-univerzitetski-profesori-po-pedagogija-i-psihologija-bezbednost-i-sajber-nasilstvo/ Thu, 04 May 2023 14:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=636887

Во Министерството за образование и наука утре ќе се одржи средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, безбедноста и сајбер насилството од која се очекува да произлезат заклучоци коишто ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен развој на младите.

Во соопштението што денеска МОН го испрати до медиумите се наведува дека градењето на младите генерации е обврска на целото општество и сите чинители.

- Образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители. Случувањата во нашето соседство вклучија сериозен аларм дека институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво, велат од МОН.

Додаваат дека во изминатиот период се спроведени бројни законски решенија, мерки и активности. Континуирано се зајакнуваат стручните психолошко – педагошки служби во училиштата, се спроведува советување на ученици и на родители на ученици со проблеми во однесувањето од различна природа и се имплементираат проекти за заштита од насилство.

- Како креатори на образовните политики, Министерството за образование и наука заедно со Владата на Република Македонија и сите други засегнати институции и установи, согласно своите надлежности веднаш започнуваме со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата, наведуваат од МОН.

Очекуваат поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот и невладиниот сектор.

 

The post Утре во МОН ќе се одржи средба со универзитетски професори по педагогија и психологија, безбедност и сајбер насилство appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за образование и наука утре ќе се одржи средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, безбедноста и сајбер насилството од која се очекува да произлезат заклучоци коишто ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен развој на младите. Во соопштението што денеска МОН го испрати до медиумите се наведува дека градењето на младите генерации е обврска на целото општество и сите чинители. - Образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители. Случувањата во нашето соседство вклучија сериозен аларм дека институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво, велат од МОН. Додаваат дека во изминатиот период се спроведени бројни законски решенија, мерки и активности. Континуирано се зајакнуваат стручните психолошко – педагошки служби во училиштата, се спроведува советување на ученици и на родители на ученици со проблеми во однесувањето од различна природа и се имплементираат проекти за заштита од насилство. - Како креатори на образовните политики, Министерството за образование и наука заедно со Владата на Република Македонија и сите други засегнати институции и установи, согласно своите надлежности веднаш започнуваме со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата, наведуваат од МОН. Очекуваат поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот и невладиниот сектор.  

The post Утре во МОН ќе се одржи средба со универзитетски професори по педагогија и психологија, безбедност и сајбер насилство appeared first on Република.

]]>