психолошка поддршка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psiholoshka-poddrshka/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Dec 2023 10:34:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png психолошка поддршка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psiholoshka-poddrshka/ 32 32 МОН предложи дополнителен кадар на педагози и психолози во ОУ „Ј.Х. Песталоци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-predlozhi-dopolnitelen-kadar-na-pedagozi-i-psiholozi-vo-ou-j-h-pestalotsi/ Tue, 05 Dec 2023 10:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=719848

Министерството за образование и наука изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања. Невино дете кое наместо да му се радува на животот, не по своја волја и вина, замина во вечноста, испраќајќи порака дека општеството и граѓаните мора повеќе да ги прифаќаат и да ги шират вистинските вредности за мир, толеранција, почитување и ненасилно однесување, се вели во соопштението на Министерството за образование и наука (МОН).

Сочувство, но и јавна благодарност изразуваме до раководството и наставниот кадар во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ за високата посветеност и одговорност во работењето, кои воедно реагираа брзо и го алармираа семејството на ученичката за нејзиното отсуство од наставата.

Дополнително и по трагичниот настан, училиштето останува добро организирано, обезбедувајќи ја целокупната психолошка поддршка за сите ученици во училиштето, со цел зачувување на менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација. Министерството е постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи.

 

The post МОН предложи дополнителен кадар на педагози и психолози во ОУ „Ј.Х. Песталоци“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања. Невино дете кое наместо да му се радува на животот, не по своја волја и вина, замина во вечноста, испраќајќи порака дека општеството и граѓаните мора повеќе да ги прифаќаат и да ги шират вистинските вредности за мир, толеранција, почитување и ненасилно однесување, се вели во соопштението на Министерството за образование и наука (МОН). Сочувство, но и јавна благодарност изразуваме до раководството и наставниот кадар во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ за високата посветеност и одговорност во работењето, кои воедно реагираа брзо и го алармираа семејството на ученичката за нејзиното отсуство од наставата. Дополнително и по трагичниот настан, училиштето останува добро организирано, обезбедувајќи ја целокупната психолошка поддршка за сите ученици во училиштето, со цел зачувување на менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација. Министерството е постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи.  

The post МОН предложи дополнителен кадар на педагози и психолози во ОУ „Ј.Х. Песталоци“ appeared first on Република.

]]>
Психолошка поддршка и советување за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/psiholoshka-poddrshka-i-sovetuvane-za-uchenitsite-od-oou-johan-hajnrih-pestalotsi/ Mon, 04 Dec 2023 14:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=719533

Во овие тешки мигови, кога тагуваме по Вања, сакаме да потенцираме дека училиштето е безбедно место во кое децата можат да добијат психолошка поддршка и советување, велат денеска од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во скопски Центар, каде што учеше ѕверски убиената Вања Ѓорчевска.

Денеска се одржа редовна настава за учениците од прво до петто одделение, додека со учениците од шесто до деветто одделение работеа одделенските раководители со цел да им се даде поддршка и помош во справувањето со болката, тагата, стравот и измешаните емоции.
Децата, родителите и наставниците и во наредниот период ќе можат непосредно да разговараат со психолозите кои се во училиштето за да им дадат поддршка.
Во целиот процес се вклучени и надворешни стручни лица, психолози и психијатри, со цел да им се помогне на учениците, но и на родителите, да се соочат со траумата и да го сочуваат менталното здравје, велат од училиштето.

The post Психолошка поддршка и советување за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ appeared first on Република.

]]>

Во овие тешки мигови, кога тагуваме по Вања, сакаме да потенцираме дека училиштето е безбедно место во кое децата можат да добијат психолошка поддршка и советување, велат денеска од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во скопски Центар, каде што учеше ѕверски убиената Вања Ѓорчевска.
Денеска се одржа редовна настава за учениците од прво до петто одделение, додека со учениците од шесто до деветто одделение работеа одделенските раководители со цел да им се даде поддршка и помош во справувањето со болката, тагата, стравот и измешаните емоции. Децата, родителите и наставниците и во наредниот период ќе можат непосредно да разговараат со психолозите кои се во училиштето за да им дадат поддршка. Во целиот процес се вклучени и надворешни стручни лица, психолози и психијатри, со цел да им се помогне на учениците, но и на родителите, да се соочат со траумата и да го сочуваат менталното здравје, велат од училиштето.

The post Психолошка поддршка и советување за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ appeared first on Република.

]]>