психичко здравје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psihichko-zdravje/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 10:19:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png психичко здравје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psihichko-zdravje/ 32 32 Пратеникот Костовски од СДСМ со наод за психичко растројство, се бара негово изземање од Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenikot-kostovski-od-sdsm-so-naod-za-psihichko-rastrojstvo-se-bara-negovo-izzemane-od-sobranie/ Tue, 14 Nov 2023 10:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=701363

Шега на страна, Мартин Костовски под итно да биде изземен од работата на Собранието, да се изземе од гласање, заради документиран невропсихијатриски медицински наод, апелира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, цитирајќи го наодот на пратеникот од СДСМ: „Психичко растројство дефинирано како пролонгирано анксиозно-депресивно растројство за кое е препишана терапија“.

Тој потенцира дека пратеник гласа согласно свои лични разумни проценки, а кај Мартин Костовски констатирано е пролонгирано растројство за што тој е под препишана терапија.

Според невропсихијатрискиот извештај за Костовски, тој се уште е под терапија којашто редовно ја зема, значи има препишана секојдневна терапија, се уште има пролонгирано реактивно анксиозно депресивно растројство, и има нарушено однесување и функционирање, и тоа се уште перзистира. 
Во прилог на демократијата, Собранието заради својот дигнитет, но и заради грижата за пратениците, мора да ги земе предвид наводите во вештачење за невропсихијатриската состојба на пратеникот Мартин Костовски, па да побара невропсихијатриско лекарско конзилијарно мислење дали Пратеникот е во состојба рационално да расудува и носи одлуки, вели Стоилковски.

Додава дека пред Собранието се важни седници, како Закон за огромно задолжување со злоупотреба на европско знаме; тука е и Буџетот, тука е и период за гласање за распуштање на парламентот и распишување избори.

Собранието мора да биде уверено дека пратениците имаат полна и непречена можност за расудување врз што не влијаат состојби, растројства или медикаменти со дејства коишто може да влијаат врз расудувањето.
Ако е возможно, согласно невропсихијатрискиот наод, Мартин Костовски веднаш треба да е испратен на продолжено боледување, а доколку дома нема кој да се грижи за него, МНР и Бујар Османи да покажат човечност и овозможат неговата сопруга да води грижа за него.
Доколку е потребно, да и се исплаќа и грижа за лице, заради констатирана нестабилност во нозете на пациентот Костовски Мартин. 
Оттука би побарал доколку е можно да се провери дали Костовски не бил во слична невропсихијатриска положба на растројство или под медикаменти кои одземаат можност за разумно расудување, кога со злоупотреба на положба и овластување во Службен Весник објави Закон без потпис?
Сето ова не очекувам да биде сфатено како зајадливост, сарказам или хумор туку како реална грижа за Мартин Костовски, неговата благосостојба, но и благосостојбата на Македонија преку носење на вистинско одлуки во Парламентот.
Не би сакал утре во некој нов извештај да стои можеби злоупотреба на лице со акутно растројство и под медикаменти од страна на СДС за носење на закони во Собранието.
Но од друга страна, не би сакал Мартин Костовски при акутно продолжено растројство, депресија и анксиозност, намерно да нанесува штета во можеби обид за автодеструкција?
Се на се, да бидеме луѓе, здравјето и здраворазумието пред се!, вели Стоилковски, споделувајќи фотографии од наодите на пратеникот.

The post Пратеникот Костовски од СДСМ со наод за психичко растројство, се бара негово изземање од Собрание appeared first on Република.

]]>

Шега на страна, Мартин Костовски под итно да биде изземен од работата на Собранието, да се изземе од гласање, заради документиран невропсихијатриски медицински наод, апелира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, цитирајќи го наодот на пратеникот од СДСМ: „Психичко растројство дефинирано како пролонгирано анксиозно-депресивно растројство за кое е препишана терапија“. Тој потенцира дека пратеник гласа согласно свои лични разумни проценки, а кај Мартин Костовски констатирано е пролонгирано растројство за што тој е под препишана терапија.
Според невропсихијатрискиот извештај за Костовски, тој се уште е под терапија којашто редовно ја зема, значи има препишана секојдневна терапија, се уште има пролонгирано реактивно анксиозно депресивно растројство, и има нарушено однесување и функционирање, и тоа се уште перзистира.  Во прилог на демократијата, Собранието заради својот дигнитет, но и заради грижата за пратениците, мора да ги земе предвид наводите во вештачење за невропсихијатриската состојба на пратеникот Мартин Костовски, па да побара невропсихијатриско лекарско конзилијарно мислење дали Пратеникот е во состојба рационално да расудува и носи одлуки, вели Стоилковски.
Додава дека пред Собранието се важни седници, како Закон за огромно задолжување со злоупотреба на европско знаме; тука е и Буџетот, тука е и период за гласање за распуштање на парламентот и распишување избори.
Собранието мора да биде уверено дека пратениците имаат полна и непречена можност за расудување врз што не влијаат состојби, растројства или медикаменти со дејства коишто може да влијаат врз расудувањето. Ако е возможно, согласно невропсихијатрискиот наод, Мартин Костовски веднаш треба да е испратен на продолжено боледување, а доколку дома нема кој да се грижи за него, МНР и Бујар Османи да покажат човечност и овозможат неговата сопруга да води грижа за него. Доколку е потребно, да и се исплаќа и грижа за лице, заради констатирана нестабилност во нозете на пациентот Костовски Мартин.  Оттука би побарал доколку е можно да се провери дали Костовски не бил во слична невропсихијатриска положба на растројство или под медикаменти кои одземаат можност за разумно расудување, кога со злоупотреба на положба и овластување во Службен Весник објави Закон без потпис? Сето ова не очекувам да биде сфатено како зајадливост, сарказам или хумор туку како реална грижа за Мартин Костовски, неговата благосостојба, но и благосостојбата на Македонија преку носење на вистинско одлуки во Парламентот. Не би сакал утре во некој нов извештај да стои можеби злоупотреба на лице со акутно растројство и под медикаменти од страна на СДС за носење на закони во Собранието. Но од друга страна, не би сакал Мартин Костовски при акутно продолжено растројство, депресија и анксиозност, намерно да нанесува штета во можеби обид за автодеструкција? Се на се, да бидеме луѓе, здравјето и здраворазумието пред се!, вели Стоилковски, споделувајќи фотографии од наодите на пратеникот.

The post Пратеникот Костовски од СДСМ со наод за психичко растројство, се бара негово изземање од Собрание appeared first on Република.

]]>