Пржинска влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/przinska-vlada/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jan 2024 12:30:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пржинска влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/przinska-vlada/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе разговара за кандидатите за министри и заменици-министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-na-11-januari-ke-razgovara-za-kandidatite-za-ministri-i-zamenitsi-ministri/ Sun, 07 Jan 2024 12:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=730672

 ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе има извршен комитет и централен комитет на партијата, на кој ќе се разговара за кандидатите за министри и заменици-министри, по што ќе се знаат имињата, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за техничката влада, Мицкоски рече дека неговиот став е јасен и ќе го соопшти и на централниот и на извршен комитет на партијата.

- Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДМНЕ и ќе се воздржиме од гласање, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред Соборниот храм во Скопје, каде присуствуваше на свечена божествена литургија по повод Божиќ.

За членовите на ДИК, Мицкоски, рече дека ја анализираат состојбата.

- Ја анализираме состојбата. Не сакаме да оставиме да продолжат да дивеат Спасовски, Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ, Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и останатите и затоа многу внимателно ќе размислуваме како ќе се однесуваме во периодот што следи, изјави Мицкоски.

Мицкоски, исто така, рече дека се уште нема добиено покана за лидерска средба.

Во однос на случувањата во М-НАВ, Мицкоски рече доколку ваква „бандитска група“ упаднеше на аеродромот во Вашингтон, Париз или Берлин, сега веќе би биле “уапсени или ликвидирни“.

Прашан како го оценува почетокот на годинава, Мицкоски рече дека не би сакал да одговара на вакви прашања, и порача дека „потреби се промени“.

- Скандалозен, нема ден без скандали. Навистина им се извинувам на сите граѓани што морам денеска да одговарам на вакви прашања, бидејќи ова требаше да биде свечен ден, но очигледно секојдневните скандали кои што се случуваат, некако не одбегнуваат да разговараме на оваа тема. Секој ден имате нов скандал, кој што кулминираше со ова дивеење на онаа бандитска криминална група во М-НАВ и она партиско октруирано обвинителство и судство што тоа го помина како небаре да станува збор за некој што позајмил десетина кебапчиња од кебапчичница. Жалосно и трагично и затоа се потребни промени, изјави Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе разговара за кандидатите за министри и заменици-министри appeared first on Република.

]]>

 ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе има извршен комитет и централен комитет на партијата, на кој ќе се разговара за кандидатите за министри и заменици-министри, по што ќе се знаат имињата, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за техничката влада, Мицкоски рече дека неговиот став е јасен и ќе го соопшти и на централниот и на извршен комитет на партијата.
- Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДМНЕ и ќе се воздржиме од гласање, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред Соборниот храм во Скопје, каде присуствуваше на свечена божествена литургија по повод Божиќ.
За членовите на ДИК, Мицкоски, рече дека ја анализираат состојбата.
- Ја анализираме состојбата. Не сакаме да оставиме да продолжат да дивеат Спасовски, Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ, Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и останатите и затоа многу внимателно ќе размислуваме како ќе се однесуваме во периодот што следи, изјави Мицкоски.
Мицкоски, исто така, рече дека се уште нема добиено покана за лидерска средба. Во однос на случувањата во М-НАВ, Мицкоски рече доколку ваква „бандитска група“ упаднеше на аеродромот во Вашингтон, Париз или Берлин, сега веќе би биле “уапсени или ликвидирни“. Прашан како го оценува почетокот на годинава, Мицкоски рече дека не би сакал да одговара на вакви прашања, и порача дека „потреби се промени“.
- Скандалозен, нема ден без скандали. Навистина им се извинувам на сите граѓани што морам денеска да одговарам на вакви прашања, бидејќи ова требаше да биде свечен ден, но очигледно секојдневните скандали кои што се случуваат, некако не одбегнуваат да разговараме на оваа тема. Секој ден имате нов скандал, кој што кулминираше со ова дивеење на онаа бандитска криминална група во М-НАВ и она партиско октруирано обвинителство и судство што тоа го помина како небаре да станува збор за некој што позајмил десетина кебапчиња од кебапчичница. Жалосно и трагично и затоа се потребни промени, изјави Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе разговара за кандидатите за министри и заменици-министри appeared first on Република.

]]>
Пржинска влада за спас на Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/kolumni/przhinska-vlada-za-spas-na-kovachevski/ Wed, 13 Dec 2023 19:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=722682

Петар Поп Арсов

„Техничката влада е законска обврска и сметам дека сите политички партии, според законот, треба да делегираат свои претставници во техничката влада којашто ќе ги спроведе изборите.“

– Димитар Ковачевски

Зошто Ковачевски толку инсистира на формирање на техничката влада за спроведување на изборите во услови кога опозицијата изразува сериозна резерва во однос на оваа пржинска импровизација на функционирање на демократијата?! Каков интерес гледа Ковачевски во т.н. „Пржинска влада“, која беше вонинституционално договорена за спроведување на изборите во 2016 година?! Зарем не би требало да биде токму спротивното, тој да е оној кој што не дава, а опозицијата е таа која што бара и инсистира на формирање на техничка влада?!

Толку е нечист што никој не сака да учествува во влада со него!

Кој е интересот на Ковачевски постојано да повторува дека техничката влада е законска обврска? Кој е неговиот интерес да нè убедува дека сите страни опфатени со законот се должни да учествуваат во новата влада за спроведување на изборите во 2024 година?

Пред да се обидеме да го дадеме одговорот на овие прашања, да погледнеме првин што кажува Законот за влада на кој што постојано се повикува Ковачевски.

Пишувам на тастатурата закон за влада и како прв ми излегува линкот под наслов Закон за Влада на Република Македонија. Врска која што стои на интернет страницата на владата на Ковачевски и која се однесува на изборите во 2016 година. Значи ли тоа дека се работи за текст кој што е официјален кој што функционира во правниот промет на државата... или можеби не?

Сепак не е така!

Подолу постои уште една врска која води директно до владината страница во која е поместен пречистениот текст на законот со сите негови измени. Текст на кој што постојано се повикува Ковачевски при неговото инсистирање на законската обврска за формирање на „пржинската влада“.

Што вели текстот?

„Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство.“

Ова е членот 43 од Законот за влада.

Што би можел да прочита и протолкува од текстов некој, кој што не ја знае македонската пракса на демоктратско функционирање и толкување на законите. Некој, кој што текстот би го читал буквално и во согласност со нормалното поимање на демократијата и владеењето на правото.

Ќе прочита дека треба да се формира нова влада. Влада која што ќе биде поддржана од ново владејачко мнозинство кое што нас граѓаните ќе нè владее во тие 100+ дена до формирањето на новата влада по изборите. Ќе прочита дека оние кои што се согласиле да влезат во техничката влада, всушност се новото владино мнозинство и новата власт во Македонија која ќе ја води државата „до даљњег“.

Ќе прочита дека техничката влада ќе биде „...предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство“.

Стоп, пауза!

Кој е овде владино мнозинство? Кој е најголемата политичка партија? Кој треба да биде премиер? На кого претседателот на државата треба да му го врачи мандатот по оставката на Ковачевски согласно Законот за влада на кој се повикува именуваниот?

Ако рековме дека оној што го чита законот ќе заклучи дека сите кои што учествуваат во формирањето на новата техничка влада, всушност се новото владино мнозинство, тогаш се поставува прашањето која партија во тоа мнозинство е најголема? Која партија има највеќе пратеници во Собранието?

Повторно типкам по тастатурата, одам на сајтот на Собранието и гледам дека ВМРО-ДПМНЕ има 39 пратеници, СДСМ е на второ место со 31, а ДУИ е со 13. Да бев оној кој што поим нема како функционира македонската пржинска деморатија, држејќи се исклучиво до словото на законот, ќе прочитав дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што треба да го предложи новиот претседател на владата?!

Не знам дали и Ковачевски мисли на истото додека постојано се повикува на Законот за влада?
Секако дека не! Од каде ВМРО-ДПМНЕ, со 39 пратеници, би било третирано како поголема партија од СДСМ со 31 пратеник во толкувањата на Ковачевски?! Нема шанси!

Ковачевски го толкува законот онакака како што до сега беше толкуван од сите, исклучиво политички! Според придобивките на Шарената револуција.

Ако Ковачевски го толкува законот онака како што си го толкува, тогаш според тоа толлување, Претседателот на државата треба мандатот за формирање на влада да и го даде на СДСМ, а не на ДУИ. СДСМ и ДУИ имале политички договор за „албанец премиер“. Па нели требаше да се почитува законот? Ако работиме по закон, нека биде по закон. Не може Ковачевски во исто време да се повикува и на закон и на политички договор! Неговата контрадикторност е трагикомична.

Одиме понатаму!

„Заради организирање на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што мандатот им престанува по сила на закон.

Министерот за внатрешни работи го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Министерот за труд и социјална политика го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.“

Ова стои во членот 44 од Законот за влада.

Кој е тука претседател на влада? Кој е тука опозиција? Каква е тоа опозиција која што има министри во една влада? Што е ова, скриена камера?

Ова би биле сосема логични прашања на истиот оној кој што нема поим како функционира македонската демократија од Пржино. Демократија, својствена за недозреана држава на стаклени нозе, а не за земја која што во меѓувреме стана членка на НАТО и „доби“ пет-шест датуми за почеток на преговорите со ЕУ.

Членот 45 вели:

Заради организација на избори за пратеници, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, именува дополнителен заменик на министерот (во натамошниот текст: дополнителен заменик на министерот) во:

- Министерството за внатрешни работи - предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија,

- Министерството за труд и социјална политика - предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија,

- Министерството за финансии - предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија,

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предложен од политичката партија во опозиција со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија и

- Министерството за информатичко општество и администрација - предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.“

Кој е овде власт, а кој опозиција, кога сите заедно ќе учествуваат во истата влада? Има ли ред и крај во овие тешки импровизации во Законот за влада кој што беше договорен во Пржино во 2016 година?! Ако на сето ова ги додадеме и врзаните потписи за се она што ќе се одлучува во министерствата со дополнителен заменик министер, тогаш со сигурност може да заклучиме дека повторно нè очекува хаос со новата техничка влада.

Ова инверзија во толкувањето на законот ја користиме за да покажаме дека законот на кој што се повикува Ковачевски е небулозен. Со ваквото иронизирање на текстот на на законот сакаме да покажеме дека се работи за политичка импровизација која нема никаква врска со правото и правните толкувања. Тој претставува сива зона во правниот поредок на државата која остава простор за креирање на дополнителна политичка криза во услови кога една од страните би била незадоволна од проектираните резултати на изборите кои што следат.

Затоа овој закон не треба да се применува и потребно е да се промени час поскоро. Можноста за неговото контрадикторно толкување на начин на кого како му чини и одговара, е нешто кое што дефинитивно треба да биде напуштено како една од придобивките на Шарената револуција.

За крај!

Останавме должни да кажеме збор два за интересот на Ковачевски од формирањето на техничката влада. Не е воопшто тешко да се заклучи дека во тие сто дена сака да ја сподели одговорноста за своите неуспеси на сите полиња кои што ги имаше во текот на неговото владеење. Не е тешко да се заклучи дека криминалот и корупцијата, кои што ги имаме во континуитет, заедно со новите скандали и афери кои би следеле во периодот на функционирање на новата влада, треба да паднат на терет и на сегашната опозиција.

Неуспесите на Министерството за внатрешни работи и сè она што беше ставано под тепих со години, ќе ескалира токму во тие сто дена пред изборите. Воопшто не е важно дали тоа ќе биде поврзано со бескрајните редици за менување на пасошите и останатите лични документи (како пример и илустрација), дали ќе биде во врска со не/екстрадицијата на првоосомничениот од случајот Вања од Турција или пак ќе биде заради нешто трето кое што во моментов се подготвува како нагазна мина, дефинитивно ќе има циркус во тоа министерство за внатрешни.
Секој споделен циркус во режија на Спасовски и Ковачевски му оди во прилог на СДСМ и токму тоа е интересот за кој што зборуваме. Тоа е интересот според кој се води Ковачевски во намерата да ја намали предноста во гласови која што во моментов ја има опозицијата. Тоа е интересот поради кој инсистира на спроведување на Законот за влада, како облигација од која опозицијата не може да избега.

А, опозицијата?! Опозицијата ако сака да победи, не смее да загуби, ниту пак да учествува во иста влада со СДСМ и ДУИ!

The post Пржинска влада за спас на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Петар Поп Арсов

„Техничката влада е законска обврска и сметам дека сите политички партии, според законот, треба да делегираат свои претставници во техничката влада којашто ќе ги спроведе изборите.“ – Димитар Ковачевски Зошто Ковачевски толку инсистира на формирање на техничката влада за спроведување на изборите во услови кога опозицијата изразува сериозна резерва во однос на оваа пржинска импровизација на функционирање на демократијата?! Каков интерес гледа Ковачевски во т.н. „Пржинска влада“, која беше вонинституционално договорена за спроведување на изборите во 2016 година?! Зарем не би требало да биде токму спротивното, тој да е оној кој што не дава, а опозицијата е таа која што бара и инсистира на формирање на техничка влада?! Толку е нечист што никој не сака да учествува во влада со него! Кој е интересот на Ковачевски постојано да повторува дека техничката влада е законска обврска? Кој е неговиот интерес да нè убедува дека сите страни опфатени со законот се должни да учествуваат во новата влада за спроведување на изборите во 2024 година? Пред да се обидеме да го дадеме одговорот на овие прашања, да погледнеме првин што кажува Законот за влада на кој што постојано се повикува Ковачевски. Пишувам на тастатурата закон за влада и како прв ми излегува линкот под наслов Закон за Влада на Република Македонија. Врска која што стои на интернет страницата на владата на Ковачевски и која се однесува на изборите во 2016 година. Значи ли тоа дека се работи за текст кој што е официјален кој што функционира во правниот промет на државата... или можеби не? Сепак не е така! Подолу постои уште една врска која води директно до владината страница во која е поместен пречистениот текст на законот со сите негови измени. Текст на кој што постојано се повикува Ковачевски при неговото инсистирање на законската обврска за формирање на „пржинската влада“. Што вели текстот? „Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство.“ Ова е членот 43 од Законот за влада. Што би можел да прочита и протолкува од текстов некој, кој што не ја знае македонската пракса на демоктратско функционирање и толкување на законите. Некој, кој што текстот би го читал буквално и во согласност со нормалното поимање на демократијата и владеењето на правото. Ќе прочита дека треба да се формира нова влада. Влада која што ќе биде поддржана од ново владејачко мнозинство кое што нас граѓаните ќе нè владее во тие 100+ дена до формирањето на новата влада по изборите. Ќе прочита дека оние кои што се согласиле да влезат во техничката влада, всушност се новото владино мнозинство и новата власт во Македонија која ќе ја води државата „до даљњег“. Ќе прочита дека техничката влада ќе биде „...предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство“. Стоп, пауза! Кој е овде владино мнозинство? Кој е најголемата политичка партија? Кој треба да биде премиер? На кого претседателот на државата треба да му го врачи мандатот по оставката на Ковачевски согласно Законот за влада на кој се повикува именуваниот? Ако рековме дека оној што го чита законот ќе заклучи дека сите кои што учествуваат во формирањето на новата техничка влада, всушност се новото владино мнозинство, тогаш се поставува прашањето која партија во тоа мнозинство е најголема? Која партија има највеќе пратеници во Собранието? Повторно типкам по тастатурата, одам на сајтот на Собранието и гледам дека ВМРО-ДПМНЕ има 39 пратеници, СДСМ е на второ место со 31, а ДУИ е со 13. Да бев оној кој што поим нема како функционира македонската пржинска деморатија, држејќи се исклучиво до словото на законот, ќе прочитав дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што треба да го предложи новиот претседател на владата?! Не знам дали и Ковачевски мисли на истото додека постојано се повикува на Законот за влада? Секако дека не! Од каде ВМРО-ДПМНЕ, со 39 пратеници, би било третирано како поголема партија од СДСМ со 31 пратеник во толкувањата на Ковачевски?! Нема шанси! Ковачевски го толкува законот онакака како што до сега беше толкуван од сите, исклучиво политички! Според придобивките на Шарената револуција. Ако Ковачевски го толкува законот онака како што си го толкува, тогаш според тоа толлување, Претседателот на државата треба мандатот за формирање на влада да и го даде на СДСМ, а не на ДУИ. СДСМ и ДУИ имале политички договор за „албанец премиер“. Па нели требаше да се почитува законот? Ако работиме по закон, нека биде по закон. Не може Ковачевски во исто време да се повикува и на закон и на политички договор! Неговата контрадикторност е трагикомична. Одиме понатаму! „Заради организирање на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што мандатот им престанува по сила на закон. Министерот за внатрешни работи го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија. Министерот за труд и социјална политика го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.“ Ова стои во членот 44 од Законот за влада. Кој е тука претседател на влада? Кој е тука опозиција? Каква е тоа опозиција која што има министри во една влада? Што е ова, скриена камера? Ова би биле сосема логични прашања на истиот оној кој што нема поим како функционира македонската демократија од Пржино. Демократија, својствена за недозреана држава на стаклени нозе, а не за земја која што во меѓувреме стана членка на НАТО и „доби“ пет-шест датуми за почеток на преговорите со ЕУ. Членот 45 вели: „Заради организација на избори за пратеници, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, именува дополнителен заменик на министерот (во натамошниот текст: дополнителен заменик на министерот) во: - Министерството за внатрешни работи - предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, - Министерството за труд и социјална политика - предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, - Министерството за финансии - предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија, - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предложен од политичката партија во опозиција со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија и - Министерството за информатичко општество и администрација - предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.“ Кој е овде власт, а кој опозиција, кога сите заедно ќе учествуваат во истата влада? Има ли ред и крај во овие тешки импровизации во Законот за влада кој што беше договорен во Пржино во 2016 година?! Ако на сето ова ги додадеме и врзаните потписи за се она што ќе се одлучува во министерствата со дополнителен заменик министер, тогаш со сигурност може да заклучиме дека повторно нè очекува хаос со новата техничка влада. Ова инверзија во толкувањето на законот ја користиме за да покажаме дека законот на кој што се повикува Ковачевски е небулозен. Со ваквото иронизирање на текстот на на законот сакаме да покажеме дека се работи за политичка импровизација која нема никаква врска со правото и правните толкувања. Тој претставува сива зона во правниот поредок на државата која остава простор за креирање на дополнителна политичка криза во услови кога една од страните би била незадоволна од проектираните резултати на изборите кои што следат. Затоа овој закон не треба да се применува и потребно е да се промени час поскоро. Можноста за неговото контрадикторно толкување на начин на кого како му чини и одговара, е нешто кое што дефинитивно треба да биде напуштено како една од придобивките на Шарената револуција. За крај! Останавме должни да кажеме збор два за интересот на Ковачевски од формирањето на техничката влада. Не е воопшто тешко да се заклучи дека во тие сто дена сака да ја сподели одговорноста за своите неуспеси на сите полиња кои што ги имаше во текот на неговото владеење. Не е тешко да се заклучи дека криминалот и корупцијата, кои што ги имаме во континуитет, заедно со новите скандали и афери кои би следеле во периодот на функционирање на новата влада, треба да паднат на терет и на сегашната опозиција. Неуспесите на Министерството за внатрешни работи и сè она што беше ставано под тепих со години, ќе ескалира токму во тие сто дена пред изборите. Воопшто не е важно дали тоа ќе биде поврзано со бескрајните редици за менување на пасошите и останатите лични документи (како пример и илустрација), дали ќе биде во врска со не/екстрадицијата на првоосомничениот од случајот Вања од Турција или пак ќе биде заради нешто трето кое што во моментов се подготвува како нагазна мина, дефинитивно ќе има циркус во тоа министерство за внатрешни. Секој споделен циркус во режија на Спасовски и Ковачевски му оди во прилог на СДСМ и токму тоа е интересот за кој што зборуваме. Тоа е интересот според кој се води Ковачевски во намерата да ја намали предноста во гласови која што во моментов ја има опозицијата. Тоа е интересот поради кој инсистира на спроведување на Законот за влада, како облигација од која опозицијата не може да избега. А, опозицијата?! Опозицијата ако сака да победи, не смее да загуби, ниту пак да учествува во иста влада со СДСМ и ДУИ!

The post Пржинска влада за спас на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука дали ќе учествуваме во Пржинската влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-telata-na-vmro-dpmne-ke-donesat-odluka-dali-ke-uchestvuvame-vo-przhinskata-vlada/ Sat, 09 Dec 2023 14:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=721281

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада што треба да биде избрана на 28 јануари и чиј премиер согласно предлогот на ДУИ треба да биде Талат Џафери, изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Во следниот период телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука и дали ќе се учествува и евентуално со кои имиња би се учествувало во таква влада - рече Стоилковски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата пред Владата.

Тој нагласи дека СДСМ и прави штета на државата што не го прифати нивниот предлог за укинување на проектот „пржинска влада“ за, како што рече, Талат Џафери да го стават за премиер.

Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза. Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски. Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел - посочи Стоилковски.

Прашан дали би го гласале ли Јован Митревски за претседател на Собранието, Стоилковски рече дека тоа е не битно во моментот.

Важно е дека Талат Џафери по избор на Мала Речица и со една уцена од ДУИ кон СДС ќе биде премиер во следниот период без никаков легитимитет - потенцира Стоилковски.

За изјавата на ДУИ дека следен проект им е шеф на државата, Стоилковски рече дека следен проект на ДУИ е заминување во длабока опозиција.

The post Стоилковски: Телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука дали ќе учествуваме во Пржинската влада appeared first on Република.

Мисајловски: СДСМ со две раце би прифатиле да нема техничка влада, но немаат храброст да кажат НЕ на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-sdsm-so-dve-ratse-bi-prifatile-da-nema-tehnichka-vlada-no-nemaat-hrabrost-da-kazhat-ne-na-dui/ Mon, 27 Nov 2023 21:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=716927

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во „24 анализа“ ијави дека е добро што може да се слушне дека веќе се лицитира со датум за избори.

Со месеци веќе не се прифаќаше лидерска средба, па сега наводно ќе имало во декември месец лидерска средба во Собрание каде што ќе се прецизираат сите рокови.

Зошто велиме дека нема потреба од техничка влада? Ние немаме ништо против Албанците, ние имаме против ДУИ. ДУИ е скандалозна партија со најмногу афери и со луѓе што лицитираат со криминал и со бројки секој ден. И затоа велиме дека не треба да биде од ДУИ“, нагласи Мисајловски.

Тој посочи дека Пржинската влада нема доволен ефект.

Ако од власта ценат дека треба да има техничка влада, ние ќе ја имаме таа влада, но ние цениме дека нема потреба од тоа“, рече Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ нема храброст да каже на ДУИ дека не сакаат техничка влада.

Еве нека се охрабрат од СДСМ и нека кажат дека не сакаат техничка влада. И тука е проблемот СДСМ – ДУИ. А, сигурен сум дека СДСМ со две раце би прифатила да нема таква влада“, потенцира тој.

Во текот на емисијата, Мисајловски истакна дека во втората половина на јануари ќе се почне околу подготовките за конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.

Ние планираме во втората половина на јануари да го започнеме сето тоа полека и да најавиме каде ќе се одржи таа конвенција. Бидејќи треба да има над 500-тини делегати. После празниците тоа би се случило“, рече тој.

The post Мисајловски: СДСМ со две раце би прифатиле да нема техничка влада, но немаат храброст да кажат НЕ на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во „24 анализа“ ијави дека е добро што може да се слушне дека веќе се лицитира со датум за избори.
Со месеци веќе не се прифаќаше лидерска средба, па сега наводно ќе имало во декември месец лидерска средба во Собрание каде што ќе се прецизираат сите рокови.   Зошто велиме дека нема потреба од техничка влада? Ние немаме ништо против Албанците, ние имаме против ДУИ. ДУИ е скандалозна партија со најмногу афери и со луѓе што лицитираат со криминал и со бројки секој ден. И затоа велиме дека не треба да биде од ДУИ“, нагласи Мисајловски.
Тој посочи дека Пржинската влада нема доволен ефект.
Ако од власта ценат дека треба да има техничка влада, ние ќе ја имаме таа влада, но ние цениме дека нема потреба од тоа“, рече Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ нема храброст да каже на ДУИ дека не сакаат техничка влада.
Еве нека се охрабрат од СДСМ и нека кажат дека не сакаат техничка влада. И тука е проблемот СДСМ – ДУИ. А, сигурен сум дека СДСМ со две раце би прифатила да нема таква влада“, потенцира тој.
Во текот на емисијата, Мисајловски истакна дека во втората половина на јануари ќе се почне околу подготовките за конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.
Ние планираме во втората половина на јануари да го започнеме сето тоа полека и да најавиме каде ќе се одржи таа конвенција. Бидејќи треба да има над 500-тини делегати. После празниците тоа би се случило“, рече тој.

The post Мисајловски: СДСМ со две раце би прифатиле да нема техничка влада, но немаат храброст да кажат НЕ на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Османи: Нема простор за промена на моделот на пржинска влада за овие избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nema-prostor-za-promena-na-modelot-na-przhinska-vlada-za-ovie-izbori/ Sat, 25 Nov 2023 12:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=716139

Нема простор за промена на моделот на пржинска влада на овие избори, преблиску сме за да ги смениме правилата на игра во последен момент, рече денеска министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

Според него, за овие избори не може да има промени на моделот, а многу е важно и на претстојната лидерска средба во декември да се постигне консензус, дали изборите ќе се одржуваат споено или одвоено.

Како што истакна Османи на брифинг со новинарите, во ДУИ уште нема одлука кој би бил премиер во техничката влада и тоа најверојатно ќе се реши во почетокот на декември.

На прашањето дали за следните избори ДУИ би се согласила да се смени пржинската влада, партискиот потпретедател одговори дека засега нема таква одлука.

Нема одлука во ДУИ. Но, како потпретседател на партија, јас би се согласил за наредните избори да се повлече пржинската влада, но не на овие избори. Едноставно сме преблиску за да ги смениме правилата на игра во последен момент. Сега, на овие избори, продолжуваме со истите правила на игра согласно договореното и уште при формирање на коалицијата, дециден е Османи.

Негова оценка е дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е против техничка влада поради министрите и замениците министри, туку поради премиер Албанец. Ставот на Мицкоски да се напушти концептот на техничка влада, нагласи Османи, има само една цел, да продолжи кампањата да се заснова на албанофобија, еурофобија, бугарофобија,…

За пржинска влада може да се разговара, но се што ќе биде одлучено треба да влезе во сила за наредните избори. Ние може да разговараме за пржинска влада, но се што ќе одлучиме, треба да влезе во сила за наредните избори. Не може да важи за овие избори. За наредните избори можеме да разговараме. За овие избори не може да има промени на моделот. Бидејќи тој ја наметна таа тема, на премиер Албанец, мислам дека тука ова прашање нема простор да се дискутира, бидејќи е договорена за тоа потврди и премиерот и мислам дека тука нема простор. Но, по однос на самите избори, кога, како, почетокот на декември ќе има состанок помеѓу лидерите, и ќе се остави да се постигне консензус. Многу е важно по однос на терминот на изборите, дали ќе бидат споени или ќе бидат одвоени, да има консензус. Јас еве во неколку наврати зборувам што ДУИ мисли, меѓутоа не велам така треба да биде. Ние ќе прифатиме се што ќе се предложи. Но, многу е важно на избори да влеземе со консензус, бидејќи ако влеземе со наметнати решенија уште од старт имаме искривен процес. Мора од таа лидерска средба да излеземе сите со подадена рака. Ова е теренот рамен за избори, ајде најдобриот нека победи, тој што граѓаните ќе го поддржат. Ние ќе инсистираме да има консензус по однос на датумот на избори, по однос на сите техникалии, истакна Османи.

Тој смета дека пржинската влада од практичен аспект не е лошо решение, но од друга страна, со прифаќањето на овој модел државата испраќа порака дека не може поинаку да обезбеди „фер плеј“. Мора, напомена, да имаме капацитет за фер избори и без врзани потписи.

-Лидерот на опозицијата, пржинската влада ја наметна како тема во функција на премиер Албанец. Значи, прво мора да се издвојат тие две теми. За првата нема простор, ниту причина зашто двата коалициски партнери се имаат усогласено околу тоа. За пржинската влада можам да кажам личен став. Од практичен аспект и не е лошо решение. Затоа што никој после избори не може да обвини некого за наместени избори. Никој. Кога имате министер за внатрешни, имате заменик министер за финансии, имате министер за труд, најдобрата страна од ова решение едека на крај секој мора да ги прифати изборните резултати. Има една лоша страна дека државата мора да смисли вакви инструменти за да има „фер плеј“. Тоа не е убаво за една држава која што е членка на НАТО, кандидат за не преговара со ЕУ, бидејќи ние мора да имаме капацитет наш, да имаме фер избори и без врзани потписи. Значи не и не сме луѓе кои треба да ни врзат потписи за да не манипулираме избори. Од тој аспект ми пречи. Меѓутоа од аспект дека никој на крај бидејќи навикнати сме после избори, секој да обвини наместени избори, не ги прифаќаме резултатите, овој модел не остава таков простор. Еве, во овој дел немам некој предетерминиран одговор во делот на пржинската влада, но треба да се одвои од претходната, подвлече Османи.

Брифингот се одржа во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски“ кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојната годишна Министерска конференција на ОБСЕ.

The post Османи: Нема простор за промена на моделот на пржинска влада за овие избори appeared first on Република.

]]>

Нема простор за промена на моделот на пржинска влада на овие избори, преблиску сме за да ги смениме правилата на игра во последен момент, рече денеска министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи. Според него, за овие избори не може да има промени на моделот, а многу е важно и на претстојната лидерска средба во декември да се постигне консензус, дали изборите ќе се одржуваат споено или одвоено. Како што истакна Османи на брифинг со новинарите, во ДУИ уште нема одлука кој би бил премиер во техничката влада и тоа најверојатно ќе се реши во почетокот на декември. На прашањето дали за следните избори ДУИ би се согласила да се смени пржинската влада, партискиот потпретедател одговори дека засега нема таква одлука. Нема одлука во ДУИ. Но, како потпретседател на партија, јас би се согласил за наредните избори да се повлече пржинската влада, но не на овие избори. Едноставно сме преблиску за да ги смениме правилата на игра во последен момент. Сега, на овие избори, продолжуваме со истите правила на игра согласно договореното и уште при формирање на коалицијата, дециден е Османи. Негова оценка е дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е против техничка влада поради министрите и замениците министри, туку поради премиер Албанец. Ставот на Мицкоски да се напушти концептот на техничка влада, нагласи Османи, има само една цел, да продолжи кампањата да се заснова на албанофобија, еурофобија, бугарофобија,… За пржинска влада може да се разговара, но се што ќе биде одлучено треба да влезе во сила за наредните избори. Ние може да разговараме за пржинска влада, но се што ќе одлучиме, треба да влезе во сила за наредните избори. Не може да важи за овие избори. За наредните избори можеме да разговараме. За овие избори не може да има промени на моделот. Бидејќи тој ја наметна таа тема, на премиер Албанец, мислам дека тука ова прашање нема простор да се дискутира, бидејќи е договорена за тоа потврди и премиерот и мислам дека тука нема простор. Но, по однос на самите избори, кога, како, почетокот на декември ќе има состанок помеѓу лидерите, и ќе се остави да се постигне консензус. Многу е важно по однос на терминот на изборите, дали ќе бидат споени или ќе бидат одвоени, да има консензус. Јас еве во неколку наврати зборувам што ДУИ мисли, меѓутоа не велам така треба да биде. Ние ќе прифатиме се што ќе се предложи. Но, многу е важно на избори да влеземе со консензус, бидејќи ако влеземе со наметнати решенија уште од старт имаме искривен процес. Мора од таа лидерска средба да излеземе сите со подадена рака. Ова е теренот рамен за избори, ајде најдобриот нека победи, тој што граѓаните ќе го поддржат. Ние ќе инсистираме да има консензус по однос на датумот на избори, по однос на сите техникалии, истакна Османи. Тој смета дека пржинската влада од практичен аспект не е лошо решение, но од друга страна, со прифаќањето на овој модел државата испраќа порака дека не може поинаку да обезбеди „фер плеј“. Мора, напомена, да имаме капацитет за фер избори и без врзани потписи. -Лидерот на опозицијата, пржинската влада ја наметна како тема во функција на премиер Албанец. Значи, прво мора да се издвојат тие две теми. За првата нема простор, ниту причина зашто двата коалициски партнери се имаат усогласено околу тоа. За пржинската влада можам да кажам личен став. Од практичен аспект и не е лошо решение. Затоа што никој после избори не може да обвини некого за наместени избори. Никој. Кога имате министер за внатрешни, имате заменик министер за финансии, имате министер за труд, најдобрата страна од ова решение едека на крај секој мора да ги прифати изборните резултати. Има една лоша страна дека државата мора да смисли вакви инструменти за да има „фер плеј“. Тоа не е убаво за една држава која што е членка на НАТО, кандидат за не преговара со ЕУ, бидејќи ние мора да имаме капацитет наш, да имаме фер избори и без врзани потписи. Значи не и не сме луѓе кои треба да ни врзат потписи за да не манипулираме избори. Од тој аспект ми пречи. Меѓутоа од аспект дека никој на крај бидејќи навикнати сме после избори, секој да обвини наместени избори, не ги прифаќаме резултатите, овој модел не остава таков простор. Еве, во овој дел немам некој предетерминиран одговор во делот на пржинската влада, но треба да се одвои од претходната, подвлече Османи. Брифингот се одржа во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски“ кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојната годишна Министерска конференција на ОБСЕ.

The post Османи: Нема простор за промена на моделот на пржинска влада за овие избори appeared first on Република.

]]>
Кому е потребна „Пржинската влада“? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/komu-e-potrebna-przhinskata-vlada/ Fri, 24 Nov 2023 14:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=715977

Петар Поп-Арсов

Избори се ближат!

За едните празник, за другите кошмар. Победниците добиват сè, поразените ништо. Првите добиваат власт, вторите добиваат прогон. Таква е нашата реалност. Така сме устроени како демократија уште од самите почетоци на македонскиот плурализам... за жал.

Изборите ќе се случат, тоа е неминовно и сигурно. Единствено нешто што во моментов со сигурност се знае е тоа дека нема да бидат предвремени и дека ќе бидат спроведени во редовен термин согласно законската регулатива. Пропаднаа сите напори и укажувања дека предвремените избори (кои веќе требаше да се случат и да бидат зад нас) ќе претставуваат барем надеж за тоа дека постои решение за катастрофалната состојба во која е доведена државата. Пропаднаа укажувањата дека предвремените избори ќе стават крај или барем за момент ќе го забават економското тонење на државата и ерупцијата на криминал и корупција во сите сфери. Не ни преостанува ништо друго освен да го чекаме редовниот термин.

Дали парламентарните ќе одат заедно со претседателските или сето тоа ќе се организира посебно, е единственото неодговорено прашање во однос на терминот на изборите?! Претпоставка е дека сме во деновите кога на вага се ставаат и последните милиграми од аргументите кои ќе влијаат на одлуката за датумот на изборите. Секако, тука се мисли на парламентарните избори од едноставна причина што датумот за претседателските не е предмет на политичка пресметка.

Датумот на изборите е само едно од прашањата кое е од исклучително значење. Тука се поставуваат уште неколку прашања кои ќе имаат сериозно влијание над севкупните процеси кои што ќе се случуваат од јануари па натака. Секако дека едно од најважните прашања кои ќе влијаат на политичката разврска на изборите е прашањето: „Дали е потребна т.н. „Пржинска влада“ која технички ќе ја води државата почнувајќи сто дена пред изборите?“. Ова е сериозно прашање кое заслужува сериозно внимание посебно од опозицијата која претендира да стане власт и ги има речиси сите параметри на своја страна.

Факт е дека „Пржинската“, односно преодната влада за спроведување на изборите, треба да биде формирана на сто дена пред нивното оддржување. Тоа е законска обврска согласно Законот за влада кој што беше дел од пакетот решенија на „Пржинскиот договор“.

„Пржински договор“, омразен термин кај многу македонски граѓани. Термин кој што се доживува како синоним за политички инженеринг и вонинституционално донесување на одлуки кои не се продукт на демократските процеси и демократски избраните институции во државата. Перцепиран како симбол на капитулација и предавање на власта без уважување и консултација со волјата на граѓаните.

Можеби во 2016 година мораше така да биде?!

Но, дали така треба и мора да биде сега?

Дали опозицијата треба да учествува во преодната „Пржинска влада“, е можеби најважното неодговорено прашање во моментов?!

Сосема е легитимен ставот кој што деновиве е презентиран од највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ, партијата со најголем број на опозициони пратеници во Собранието и која законски го има правото и обврската да предлага министри и заменици во следната преодна влада, дека „Пржинската влада“ повеќе не е потребна. Сосема е легитимно да се стави под знак прашање една одредба соддржана во Законот за влада која нема никаква врска со демократијата. Сосема е легитимно да се бара поедноставување на процесот на спроведување на изборите, без да биде оптеретуван со непотребни законски вратоломии кои можат само да го усложнат и пролонгираат нивното  оддржување.

На кого му е потребна „Пржинска“, поточно кажано недемократска влада, продукт на политички инженеринг?

Секако дека на оној, кој што ја има поддршката од мнозинството граѓани не му одговараат ваквите недемократски решенија кои во секој случај ќе предизвикаат дисторзија на волјата на граѓаните. „Пржинската влада“ им одговара на губитниците, на оние кои што немаат поддршака во народот и на оние кои што бараат начин да ги заобиколат правилата на функционирање на една демократија.

Затоа, легитимен е ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека потребата од „Пржинската влада“ е веќе минато. Секое влегување во иста влада со СДСМ и ДУИ ќе предизвика штета, не само на најголемата опозициона партија, туку и на државата во целост. Во тие сто дена ќе се создаде дополнителен хаос во државата за кој ќе постои споделена одговорност кај сите учесници во владата. Тоа е нешто кое што го посакува актуелната власт со цел да ја намали или анулира сопствената негатива во однос на опозицијата.

Министрите и замениците министри кои би биле избрани на предлог на опозицијата, ќе имаат само технички мандат. Ќе бидат опкружени по цела хоризонтала и вертикала со кадар на актуелната власт која во секој момент ќе ја опструира и блокира нивната работа. Ефектите од нивното министерување ќе бидат незначителни, дури и политички негативни.

Се сеќаваме на изборите во 2020 година, кога Министерството за внатрешни работи беше раководено од технички министер предложен од опозицијата. Токму тогаш се случи сериозен изборен поткуп, при што веќе воспоставената структура на раководење во МВР поставена од Оливер Спасовски не стори ништо за спречување на ваквиот изборен криминал. Изборниот поткуп се случи преку злоупотреба на социјаните пакети кај социјално најзагрозените граѓани. Да не заборавиме, Министерот за труд и социјала во преодната влада беше избран на предлог на опозицијата, која подоцна експресно беше разрешена од Собранието со образложение дека е прекршен Преспанскиот договор. Во Министерството за финансии се случуваа опструкции и блокади во текот на целиот предизборен процес, а во Министерството за информатичко општество и администрација, функционерите предложени од опозицијата делуваа како канцеларија на некаква невладина организација која спроведува некој маргинален проект во рамки на министерството.

Сите овие аномалии кои што се случуваа во 2020 година предизвикаа ефект на споделена одговорност кој се одрази на денот на изборите и го превенираше неминовниот пораз на власта. Катастрофата што Заев ја доживеа една година подоцна на локалните избори, требаше да му се случи на изборите во 2020 година. Токму пржинските вратоломии, кои веројатно имаат влијание на плус-минус еден пратеник во секоја изборна единица, имаат влијание на плус-минус пет пратеника во вкупниот биланс на собраниски мандати. Минусот од пет мандата на твоето конто е плус од пет мандата на контото на противникот, што во апсолутни бројки претставува анулирање на разлика од десет пратеника.

Оваа илустрација дефинитивно ја потврдува исправноста на ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека „Пржинската влада“ е штетна за демократијата во државата. „Пржинската влада“ ќе го дефокусира вниманието на граѓаните од вистинските проблеми со кои што се соочуваме во момнетов. Ќе фрли нова слика на настаните која што ќе трае во тие стотина дена од нејзиното функционирање и дефинитивно ќе доведе до аморфизација на веќе кристално јасната слика и впечатокот дека оваа влада и власт се неспособни.

ВМРО-ДПМНЕ мора да најде начин за да ја избегне замката наречена „Пржинска влада“. Дали тоа ќе биде преку промена на Законот за влада (доколку постои политичка волја кај сите политички партии), дали преку неучество во таквата влада врз основа на политички став или пак можеби да предложи министри (поради сопствената законска обврска), кои отпрвин ќе бидат избрани за да веднаш потоа самите си поднесат оставки, ВМРО-ДПМНЕ не смее да учевствува во ист владин состав со Маричиќ, Спасовски, Османи и Груби. Мора да најде законски начин за истовремено да испрати порака дека е партија која ги почитува законите, но и партија која внимава со кого соработува. Мора да најде начин како да се дојде што поскоро до избори, а истовремено да ги избие сите процедурални алатки од рацете на власта со кои би можеле да го кочат и одолговлекуваат процесот.

Нека ги остави СДСМ и ДУИ самите да си ја прават „Пржинската влада“. И така само на нив им е потребна!

The post Кому е потребна „Пржинската влада“? appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Избори се ближат! За едните празник, за другите кошмар. Победниците добиват сè, поразените ништо. Првите добиваат власт, вторите добиваат прогон. Таква е нашата реалност. Така сме устроени како демократија уште од самите почетоци на македонскиот плурализам... за жал. Изборите ќе се случат, тоа е неминовно и сигурно. Единствено нешто што во моментов со сигурност се знае е тоа дека нема да бидат предвремени и дека ќе бидат спроведени во редовен термин согласно законската регулатива. Пропаднаа сите напори и укажувања дека предвремените избори (кои веќе требаше да се случат и да бидат зад нас) ќе претставуваат барем надеж за тоа дека постои решение за катастрофалната состојба во која е доведена државата. Пропаднаа укажувањата дека предвремените избори ќе стават крај или барем за момент ќе го забават економското тонење на државата и ерупцијата на криминал и корупција во сите сфери. Не ни преостанува ништо друго освен да го чекаме редовниот термин. Дали парламентарните ќе одат заедно со претседателските или сето тоа ќе се организира посебно, е единственото неодговорено прашање во однос на терминот на изборите?! Претпоставка е дека сме во деновите кога на вага се ставаат и последните милиграми од аргументите кои ќе влијаат на одлуката за датумот на изборите. Секако, тука се мисли на парламентарните избори од едноставна причина што датумот за претседателските не е предмет на политичка пресметка. Датумот на изборите е само едно од прашањата кое е од исклучително значење. Тука се поставуваат уште неколку прашања кои ќе имаат сериозно влијание над севкупните процеси кои што ќе се случуваат од јануари па натака. Секако дека едно од најважните прашања кои ќе влијаат на политичката разврска на изборите е прашањето: „Дали е потребна т.н. „Пржинска влада“ која технички ќе ја води државата почнувајќи сто дена пред изборите?“. Ова е сериозно прашање кое заслужува сериозно внимание посебно од опозицијата која претендира да стане власт и ги има речиси сите параметри на своја страна. Факт е дека „Пржинската“, односно преодната влада за спроведување на изборите, треба да биде формирана на сто дена пред нивното оддржување. Тоа е законска обврска согласно Законот за влада кој што беше дел од пакетот решенија на „Пржинскиот договор“. „Пржински договор“, омразен термин кај многу македонски граѓани. Термин кој што се доживува како синоним за политички инженеринг и вонинституционално донесување на одлуки кои не се продукт на демократските процеси и демократски избраните институции во државата. Перцепиран како симбол на капитулација и предавање на власта без уважување и консултација со волјата на граѓаните. Можеби во 2016 година мораше така да биде?! Но, дали така треба и мора да биде сега? Дали опозицијата треба да учествува во преодната „Пржинска влада“, е можеби најважното неодговорено прашање во моментов?! Сосема е легитимен ставот кој што деновиве е презентиран од највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ, партијата со најголем број на опозициони пратеници во Собранието и која законски го има правото и обврската да предлага министри и заменици во следната преодна влада, дека „Пржинската влада“ повеќе не е потребна. Сосема е легитимно да се стави под знак прашање една одредба соддржана во Законот за влада која нема никаква врска со демократијата. Сосема е легитимно да се бара поедноставување на процесот на спроведување на изборите, без да биде оптеретуван со непотребни законски вратоломии кои можат само да го усложнат и пролонгираат нивното  оддржување. На кого му е потребна „Пржинска“, поточно кажано недемократска влада, продукт на политички инженеринг? Секако дека на оној, кој што ја има поддршката од мнозинството граѓани не му одговараат ваквите недемократски решенија кои во секој случај ќе предизвикаат дисторзија на волјата на граѓаните. „Пржинската влада“ им одговара на губитниците, на оние кои што немаат поддршака во народот и на оние кои што бараат начин да ги заобиколат правилата на функционирање на една демократија. Затоа, легитимен е ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека потребата од „Пржинската влада“ е веќе минато. Секое влегување во иста влада со СДСМ и ДУИ ќе предизвика штета, не само на најголемата опозициона партија, туку и на државата во целост. Во тие сто дена ќе се создаде дополнителен хаос во државата за кој ќе постои споделена одговорност кај сите учесници во владата. Тоа е нешто кое што го посакува актуелната власт со цел да ја намали или анулира сопствената негатива во однос на опозицијата. Министрите и замениците министри кои би биле избрани на предлог на опозицијата, ќе имаат само технички мандат. Ќе бидат опкружени по цела хоризонтала и вертикала со кадар на актуелната власт која во секој момент ќе ја опструира и блокира нивната работа. Ефектите од нивното министерување ќе бидат незначителни, дури и политички негативни. Се сеќаваме на изборите во 2020 година, кога Министерството за внатрешни работи беше раководено од технички министер предложен од опозицијата. Токму тогаш се случи сериозен изборен поткуп, при што веќе воспоставената структура на раководење во МВР поставена од Оливер Спасовски не стори ништо за спречување на ваквиот изборен криминал. Изборниот поткуп се случи преку злоупотреба на социјаните пакети кај социјално најзагрозените граѓани. Да не заборавиме, Министерот за труд и социјала во преодната влада беше избран на предлог на опозицијата, која подоцна експресно беше разрешена од Собранието со образложение дека е прекршен Преспанскиот договор. Во Министерството за финансии се случуваа опструкции и блокади во текот на целиот предизборен процес, а во Министерството за информатичко општество и администрација, функционерите предложени од опозицијата делуваа како канцеларија на некаква невладина организација која спроведува некој маргинален проект во рамки на министерството. Сите овие аномалии кои што се случуваа во 2020 година предизвикаа ефект на споделена одговорност кој се одрази на денот на изборите и го превенираше неминовниот пораз на власта. Катастрофата што Заев ја доживеа една година подоцна на локалните избори, требаше да му се случи на изборите во 2020 година. Токму пржинските вратоломии, кои веројатно имаат влијание на плус-минус еден пратеник во секоја изборна единица, имаат влијание на плус-минус пет пратеника во вкупниот биланс на собраниски мандати. Минусот од пет мандата на твоето конто е плус од пет мандата на контото на противникот, што во апсолутни бројки претставува анулирање на разлика од десет пратеника. Оваа илустрација дефинитивно ја потврдува исправноста на ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека „Пржинската влада“ е штетна за демократијата во државата. „Пржинската влада“ ќе го дефокусира вниманието на граѓаните од вистинските проблеми со кои што се соочуваме во момнетов. Ќе фрли нова слика на настаните која што ќе трае во тие стотина дена од нејзиното функционирање и дефинитивно ќе доведе до аморфизација на веќе кристално јасната слика и впечатокот дека оваа влада и власт се неспособни. ВМРО-ДПМНЕ мора да најде начин за да ја избегне замката наречена „Пржинска влада“. Дали тоа ќе биде преку промена на Законот за влада (доколку постои политичка волја кај сите политички партии), дали преку неучество во таквата влада врз основа на политички став или пак можеби да предложи министри (поради сопствената законска обврска), кои отпрвин ќе бидат избрани за да веднаш потоа самите си поднесат оставки, ВМРО-ДПМНЕ не смее да учевствува во ист владин состав со Маричиќ, Спасовски, Османи и Груби. Мора да најде законски начин за истовремено да испрати порака дека е партија која ги почитува законите, но и партија која внимава со кого соработува. Мора да најде начин како да се дојде што поскоро до избори, а истовремено да ги избие сите процедурални алатки од рацете на власта со кои би можеле да го кочат и одолговлекуваат процесот. Нека ги остави СДСМ и ДУИ самите да си ја прават „Пржинската влада“. И така само на нив им е потребна!

The post Кому е потребна „Пржинската влада“? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Веќе не ни е потребна пржинска влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-veke-ne-ni-e-potrebna-przhinska-vlada/ Thu, 16 Mar 2023 20:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=620482

Влада од типот на пржинската не ѝ е потребна на држава која веќе е членка на НАТО и која има отворено преговори со Европската Унија, изјави вечерва за ТВ Сител премиерот Димитар Ковачевски.

„Таа влада беше договорена низ едни тешки преговори кога нашата држава беше заробена држава, кога беше обзнането дека државните институции се злоупотребуваат политички и како резултат на преговори се дојде до една техничка влада од 100 дена која ги спроведува изборите. Земја која е членка на НАТО, која отвори преговори со ЕУ, која претседава со ОБСЕ, која во моментов е фактор на стабилност на Балканот, сметам дека не треба да има таква влада, рече Ковачевски.

На актуелното прашање кое деновиве го отворија високи претставници на ДУИ за Албанец-премиер, Ковачевски рече дека за него етничката припадност не е професија.

„Секој кој исполнува професионални критериуми кои се стекнуваат со знаење, со искуство, со посветеност, со работа може да биде претседател на влада, особено во технички мандат. Сме имале и премиер кој беше Влав и успешно се справуваше со предизвиците. Затоа сметам дека тоа е нешто што е асполвирано во јавноста уште пред три години“, изјави Ковачевски.

За него прашањето за предвремени избори е затворено и во 2024 година прво ќе се одржат претседателските, а потоа и редовните парламентарни избори.

Ковачевски вели дека лидерска средба нема да има, а убеден е дека на редовните парламентарни избори ќе победи сегашната коалиција.

The post Ковачевски: Веќе не ни е потребна пржинска влада appeared first on Република.

]]>

Влада од типот на пржинската не ѝ е потребна на држава која веќе е членка на НАТО и која има отворено преговори со Европската Унија, изјави вечерва за ТВ Сител премиерот Димитар Ковачевски.
„Таа влада беше договорена низ едни тешки преговори кога нашата држава беше заробена држава, кога беше обзнането дека државните институции се злоупотребуваат политички и како резултат на преговори се дојде до една техничка влада од 100 дена која ги спроведува изборите. Земја која е членка на НАТО, која отвори преговори со ЕУ, која претседава со ОБСЕ, која во моментов е фактор на стабилност на Балканот, сметам дека не треба да има таква влада, рече Ковачевски.
На актуелното прашање кое деновиве го отворија високи претставници на ДУИ за Албанец-премиер, Ковачевски рече дека за него етничката припадност не е професија.
„Секој кој исполнува професионални критериуми кои се стекнуваат со знаење, со искуство, со посветеност, со работа може да биде претседател на влада, особено во технички мандат. Сме имале и премиер кој беше Влав и успешно се справуваше со предизвиците. Затоа сметам дека тоа е нешто што е асполвирано во јавноста уште пред три години“, изјави Ковачевски.
За него прашањето за предвремени избори е затворено и во 2024 година прво ќе се одржат претседателските, а потоа и редовните парламентарни избори. Ковачевски вели дека лидерска средба нема да има, а убеден е дека на редовните парламентарни избори ќе победи сегашната коалиција.

The post Ковачевски: Веќе не ни е потребна пржинска влада appeared first on Република.

]]>
Пржинската влада останува: Собранието не го усвои предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино укинување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/przinskata-vlada-ostanuva-sobranieto-ne-go-usvoi-predlogot-na-vmro-dpmne-za-nejzino-ukinuvanje/ Thu, 10 Feb 2022 18:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=456909

Со 55 гласови „против“ и 32 гласови „за“ во Собранието не беше усвоен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничка влада на 100 дена пред избори, позната како Пржинска влада.

ВМРО-ДПМНЕ го поднесе предлогот во Собранието на 24 јануари, кога побараа и веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори, без 100 дена техничка влада.

Владејачките СДСМ и ДУИ го одбија предлогот, со образложение дека вакви измени се носат без брзање, со разговори и консензус на сите партии, а не на предлог на една партија.

Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ беше предвидено бришење на одредбите за начин на избор на Влада кои предвидуваат сто дена пред избори да се избере нова преодна Влада.

Денеска во Собранието се расправа и за измените на Законот за минимална плата, со кои таа се зголемува од 15 на 18 илјади. Предложените законски измени поминаа на прво читање и сега се на комисиска расправа.

The post Пржинската влада останува: Собранието не го усвои предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино укинување appeared first on Република.

]]>

Со 55 гласови „против“ и 32 гласови „за“ во Собранието не беше усвоен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничка влада на 100 дена пред избори, позната како Пржинска влада. ВМРО-ДПМНЕ го поднесе предлогот во Собранието на 24 јануари, кога побараа и веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори, без 100 дена техничка влада. Владејачките СДСМ и ДУИ го одбија предлогот, со образложение дека вакви измени се носат без брзање, со разговори и консензус на сите партии, а не на предлог на една партија. Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ беше предвидено бришење на одредбите за начин на избор на Влада кои предвидуваат сто дена пред избори да се избере нова преодна Влада. Денеска во Собранието се расправа и за измените на Законот за минимална плата, со кои таа се зголемува од 15 на 18 илјади. Предложените законски измени поминаа на прво читање и сега се на комисиска расправа.

The post Пржинската влада останува: Собранието не го усвои предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино укинување appeared first on Република.

]]>
Oдбивањето да се укине Пржинската влада за Мицкоски е кукавички https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-odbivanjeto-da-se-ukine-przinskata-vlada-za-mickoski-e-kukavichki/ Thu, 10 Feb 2022 13:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=456835

Со 55 гласа против и 32 за претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, на дневен ред на собраниската седница да се расправа за укинување на таканаречената пржинска влада не е усвоен.

На денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање како го оценува однесувањето на СДСМ со тоа што ја отфрла пржинската влада, одговори со еден збор - кукавички.

The post Oдбивањето да се укине Пржинската влада за Мицкоски е кукавички appeared first on Република.

]]>

Со 55 гласа против и 32 за претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, на дневен ред на собраниската седница да се расправа за укинување на таканаречената пржинска влада не е усвоен. На денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање како го оценува однесувањето на СДСМ со тоа што ја отфрла пржинската влада, одговори со еден збор - кукавички.

The post Oдбивањето да се укине Пржинската влада за Мицкоски е кукавички appeared first on Република.

]]>
Укинувањето на „пржинската влада“ не помина во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ukinuvanjeto-na-przinskata-vlada-ne-pomina-vo-sobranieto/ Thu, 10 Feb 2022 11:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=456731

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада поднесен од ВМРО-ДПМНЕ денеска не беше прифатен во Собранието.

Предлогот со кој ВМРО-ДПМНЕ бара да се укине „пржинската влада“ по скратена постапка и да се оди на предвремени избори не доби поддршка од мнозинството пратеници да биде усвоен.

Само 32 пратеници гласаа „за“, а 55 гласаа против.

Предлогот предвидува да се укинат 100 дена техничка влада пред одржување на парламентарните избори.

Пржинскиот договор беше постигнат во 2016 година, по долги преговори на тогаш четирите најголеми партии

The post Укинувањето на „пржинската влада“ не помина во Собранието appeared first on Република.

]]>

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада поднесен од ВМРО-ДПМНЕ денеска не беше прифатен во Собранието. Предлогот со кој ВМРО-ДПМНЕ бара да се укине „пржинската влада“ по скратена постапка и да се оди на предвремени избори не доби поддршка од мнозинството пратеници да биде усвоен. Само 32 пратеници гласаа „за“, а 55 гласаа против. Предлогот предвидува да се укинат 100 дена техничка влада пред одржување на парламентарните избори. Пржинскиот договор беше постигнат во 2016 година, по долги преговори на тогаш четирите најголеми партии

The post Укинувањето на „пржинската влада“ не помина во Собранието appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Има верме до изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kovachevski-ima-verme-do-izborite/ Mon, 07 Feb 2022 13:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=455199

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека не е време за предвремени парламентарни избори. Тој повтори дека следните избори ќе бидат редовни, во 2024 година, а дотогаш сите партии ќе имаат време да постигнат консензус за укинувањето на „пржинската влада“.

Ковачевски рече дека во моментот изборите не се приоритет, а државата треба да се насочи кон справувањето со здравствената и енергетската криза, преговорите со Бугарија и економијата.

Во врска со барањето на опозицијата за укинувањето на „пржинската влада“, Ковачевски рече дека со оглед на тоа што „пржинската влада“ е договорена помеѓу четирите најголеми партии тоа значи дека и нејзиното укинување треба да се направи на истиот начин, а не со еднострано барање од една политичка партија. Од таа причина, вели Ковачевски, треба работни групи да седнат и да договорат решение коешто ќе биде дел од Закон за Влада и ќе важи за изборите во 2024 година.

Во врска со прашањето за една изборна единица, Ковачевски рече дека СДСМ како партија поддржува вакво решение, но измените на Изборниот законик со кој се регулира ова прашање, секогаш се носеле со консензус на партиите.

The post Ковачевски: Има верме до изборите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека не е време за предвремени парламентарни избори. Тој повтори дека следните избори ќе бидат редовни, во 2024 година, а дотогаш сите партии ќе имаат време да постигнат консензус за укинувањето на „пржинската влада“. Ковачевски рече дека во моментот изборите не се приоритет, а државата треба да се насочи кон справувањето со здравствената и енергетската криза, преговорите со Бугарија и економијата. Во врска со барањето на опозицијата за укинувањето на „пржинската влада“, Ковачевски рече дека со оглед на тоа што „пржинската влада“ е договорена помеѓу четирите најголеми партии тоа значи дека и нејзиното укинување треба да се направи на истиот начин, а не со еднострано барање од една политичка партија. Од таа причина, вели Ковачевски, треба работни групи да седнат и да договорат решение коешто ќе биде дел од Закон за Влада и ќе важи за изборите во 2024 година. Во врска со прашањето за една изборна единица, Ковачевски рече дека СДСМ како партија поддржува вакво решение, но измените на Изборниот законик со кој се регулира ова прашање, секогаш се носеле со консензус на партиите.

The post Ковачевски: Има верме до изборите appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Пржинската влада треба да се укине, СДСМ и ДУИ покажаа дека им служи како параван за недемократски избори и непочитување на законите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-przinskata-vlada-treba-da-se-ukine-sdsm-i-dui-pokazaa-deka-im-sluzi-kako-paravan-za-nedemokratski-izbori-i-nepochituvanje-na-zakonite/ Sat, 05 Feb 2022 11:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=454478

СДСМ докажа дека нема политичка волја за да се спроведат фер и демократски избори, а Пржинската влада каква што беше параван за недемократските услови за избори и кај СДСМ и ДУИ не постои политичка култура за она што е договорено и почитување на законите, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Стојаноска во врска со непочитувањето на законите од страна на СДСМ и ДУИ потсети на случајот со Рашела Мизрахи која ја разрешија незаконски.

Немаат волја за фер и демократски избори и ВМРО-ДПМНЕ нема да им служи како параван за да имаат изговори дека е дел од таа влада. Време е да престанеме со такви неуставни и еднократни решенија како Пржинската влада - нагласи Стојаноска.

Во однос на предлогот за една изборна единица, таа потсети дека тоа е ветување дадено од Зоран Заев уште во 2016 година, но предлог законот од помалите политички партии стои по фиоките заглавен во Собрание и ВМРО-ДПМНЕ е тука како потсетник на она што е заглавено, а е во интерес на државата.

Имајќи ја предвид актуелната политичка ситуација сега е време кога може да согласиме за една изборна единица, бидејќи така добиваме подобра претставеност на сите општествени групи во Парламентот, би се подигнале демократските стандарди во државата и ќе се добие еднаква тежина на гласот на секој граѓанин во Македонија. Ова е и единствена можност за помалите политички партии да не бидат приморани да предизборно коалицираат за да имаат шанси да освојат мандат, туку рамноправно да одат со свои листи - рече Стојаноска.

Стојаноска исто така потсети дека дали ќе се стави предлог законот за една изборна единица зависи од Талат Џафери и ДУИ која главна во ова владејачко мнозинство и партија поради која речиси се е закочено и која уценува за сите процеси во државата.

The post Стојаноска: Пржинската влада треба да се укине, СДСМ и ДУИ покажаа дека им служи како параван за недемократски избори и непочитување на законите appeared first on Република.

]]>

СДСМ докажа дека нема политичка волја за да се спроведат фер и демократски избори, а Пржинската влада каква што беше параван за недемократските услови за избори и кај СДСМ и ДУИ не постои политичка култура за она што е договорено и почитување на законите, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Стојаноска во врска со непочитувањето на законите од страна на СДСМ и ДУИ потсети на случајот со Рашела Мизрахи која ја разрешија незаконски.
Немаат волја за фер и демократски избори и ВМРО-ДПМНЕ нема да им служи како параван за да имаат изговори дека е дел од таа влада. Време е да престанеме со такви неуставни и еднократни решенија како Пржинската влада - нагласи Стојаноска.
Во однос на предлогот за една изборна единица, таа потсети дека тоа е ветување дадено од Зоран Заев уште во 2016 година, но предлог законот од помалите политички партии стои по фиоките заглавен во Собрание и ВМРО-ДПМНЕ е тука како потсетник на она што е заглавено, а е во интерес на државата.
Имајќи ја предвид актуелната политичка ситуација сега е време кога може да согласиме за една изборна единица, бидејќи така добиваме подобра претставеност на сите општествени групи во Парламентот, би се подигнале демократските стандарди во државата и ќе се добие еднаква тежина на гласот на секој граѓанин во Македонија. Ова е и единствена можност за помалите политички партии да не бидат приморани да предизборно коалицираат за да имаат шанси да освојат мандат, туку рамноправно да одат со свои листи - рече Стојаноска.
Стојаноска исто така потсети дека дали ќе се стави предлог законот за една изборна единица зависи од Талат Џафери и ДУИ која главна во ова владејачко мнозинство и партија поради која речиси се е закочено и која уценува за сите процеси во државата.

The post Стојаноска: Пржинската влада треба да се укине, СДСМ и ДУИ покажаа дека им служи како параван за недемократски избори и непочитување на законите appeared first on Република.

]]>
Николоски за Пржинската влада: 100 дена за организирање на избори се многу, СДСМ не го прифаќа нашиот предлог бидејќи се плаши од избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-przinskata-vlada-100-dena-za-organiziranje-na-izbori-se-mnogu-sdsm-ne-go-prifakja-nashiot-predlog-bidejkji-se-plashi-od-izbori/ Wed, 02 Feb 2022 21:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=453239

Сметам дека поддршката ја гледаме и на анкети и рапидно ќе расте за ВМРО-ДПМНЕ и дека на следните парламентарни избори кои што сум убеден ќе бидат предвремени ќе има висока излезност и ќе има едно јасно проопозициско расположение кое ќе оди кон ВМРО-ДПМНЕ, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

Тоа се работи кои што се поврзани со изборниот законик и за кои што е потребен консензус. Ние ги кажавме нашите ставови кои се сведуваат на неколку точки. Прво нашиот избор беше мнозински модел, но што гледаме дека нема кај никого друг велиме ајде една изборна единица, но да се намали бројот на пратеници од 120 на 90 пратеници. Зошто 90, бидејќи Словенија која што е слична по територија, иста по бројот на население како Македонија има 90 пратеници мислиме дека на оваа големина, и на оваа економија доволно е 90 пратеници да ги претставуваат граѓаните. Така што во еден концепт на една изборна единица со 90 пратеници можеме да разговараме, рече Николоски.

Во однос на предлог измените на законот за влада каде што не е потребен консензус бидејќи се гласа со 61 глас, за разлика од измените во изборниот законик, Николоски вели дека барањето за укинување на техничка влада е поради тоа што 100 дена се премногу за организирање на избори, како и дека се успоруваат многу процеси.

Вториот дел кој што е поврзан со законот за влада и за кои што не сметам дека треба да има консензус зошто се гласа со 61 пратеник, ние доброволно од опозиција се откажуваме од таканаречениот гарантен механизам на техничка односно пржинска влада. Зошто го правиме тоа? Затоа што мислиме дека 100 дена се премногу за организација на избори. Тоа успорува многу процеси, имајќи во предвид дека треба период и после изборите да се формира влада, државата оди во еден мртов период каде што запира стопанството и економијата, и мислиме дека оној Уставен рок кој што предвидува 45 до 50 дена за предвремени парламентарни избори, и околу 60 дена за редовни парламентарни избори е сосема доволен за да се организираат избори, вели Николоски.

Потпретседателот Николоски смета дека не прифаќањето на СДСМ на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е само доказ дека се плашат од одржување на предвремени парламентарни избори.

Гледам дека СДСМ не сака да гласа за нашиот предлог, што ми дава само еден логичен заклучок дека се плашат од предвремени парламентарни избори, дециден е Николоски.

The post Николоски за Пржинската влада: 100 дена за организирање на избори се многу, СДСМ не го прифаќа нашиот предлог бидејќи се плаши од избори appeared first on Република.

Ќе има ли една изборна единица за следните избори? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-ima-li-edna-izborna-edinica-za-slednite-izbori/ Sat, 29 Jan 2022 22:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=451358

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник на координација кај собранискиот спикер Талат Џафери ќе им ги понуди на потпис измените на законот за Влада со кои се бара укинување на техничката влада пред избори на останатите координатори.

Ова за „Сител“ го потврди координаторот на опозициската партија Мицевски откако Џафери рече дека е подготвен измените брзо да ги стави на седница доколку се потпишани од 4 најголеми партии како што бил потпишан и договорот за пржинска влада.

Доколку се постигне договор Мицевски очекува измените да бидат ставени на дневен ред веќе на 10 февруари за кога е закажана седница.

Сепак, малку е веројатно дека во понеделник кај Џафери ќе падне договор. Од Алијанса на Албанците сметаат дека прижинската влада треба да остане, а од партијата на Села имаат свои услови: следните избори да бидат со 8 изборни единици, но со отворени листи.

Ставот на Алијанса е битен бидејќи власта вели дека без политички консензус за овие прашања измени ќе нема. Сепак, од СДСМ велат дека се отворени да разговараат за сите прашања, па дури и за намален парламент.

Нивниот помал коалициски партнер пак, без двоумење го прифаќа предлогот за Собрание со 90 пратеници.

The post Ќе има ли една изборна единица за следните избори? appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник на координација кај собранискиот спикер Талат Џафери ќе им ги понуди на потпис измените на законот за Влада со кои се бара укинување на техничката влада пред избори на останатите координатори. Ова за „Сител“ го потврди координаторот на опозициската партија Мицевски откако Џафери рече дека е подготвен измените брзо да ги стави на седница доколку се потпишани од 4 најголеми партии како што бил потпишан и договорот за пржинска влада. Доколку се постигне договор Мицевски очекува измените да бидат ставени на дневен ред веќе на 10 февруари за кога е закажана седница. Сепак, малку е веројатно дека во понеделник кај Џафери ќе падне договор. Од Алијанса на Албанците сметаат дека прижинската влада треба да остане, а од партијата на Села имаат свои услови: следните избори да бидат со 8 изборни единици, но со отворени листи. Ставот на Алијанса е битен бидејќи власта вели дека без политички консензус за овие прашања измени ќе нема. Сепак, од СДСМ велат дека се отворени да разговараат за сите прашања, па дури и за намален парламент. Нивниот помал коалициски партнер пак, без двоумење го прифаќа предлогот за Собрание со 90 пратеници.

The post Ќе има ли една изборна единица за следните избори? appeared first on Република.

]]>
Седницата за укинување на пржинската влада закажана за на 10 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednicata-za-ukinuvanje-na-przinskata-vlada-zakazana-za-na-10-fevruari/ Fri, 28 Jan 2022 17:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=450833

Претседателот на Собранието Талат Џафери за на 10 февруари ја закажа седницата на која ќе треба да се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на таканаречената пржинска влада, информираат од Собранието.

Предлог-законот за измени на Законот за Влада по скратена постапка на 62 собраниска седница е ставен како пета точка и засега се уште како предлагачи се потпишани само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Иако најголемите политички партии СДСМ и ДУИ не се противат на укинувањето на техничката влада, сепак се уште е неизвесно дали и владејачките партии ќе се потпишат на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и ДУИ сметаат дека укинувањето на пржинската влада треба да биде со консензус на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино. Со ваков став излезе и претседателот на Собранието Џафери.

The post Седницата за укинување на пржинската влада закажана за на 10 февруари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Талат Џафери за на 10 февруари ја закажа седницата на која ќе треба да се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на таканаречената пржинска влада, информираат од Собранието. Предлог-законот за измени на Законот за Влада по скратена постапка на 62 собраниска седница е ставен како пета точка и засега се уште како предлагачи се потпишани само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Иако најголемите политички партии СДСМ и ДУИ не се противат на укинувањето на техничката влада, сепак се уште е неизвесно дали и владејачките партии ќе се потпишат на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и ДУИ сметаат дека укинувањето на пржинската влада треба да биде со консензус на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино. Со ваков став излезе и претседателот на Собранието Џафери.

The post Седницата за укинување на пржинската влада закажана за на 10 февруари appeared first on Република.

]]>
Калеска-Ванчева: Аргументите за укинување на Пржинската влада се доказ дека институциите функционираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kaleska-vancheva-argumentite-za-ukinuvanje-na-przinskata-vlada-se-dokaz-deka-instituciite-funkcioniraat/ Fri, 28 Jan 2022 07:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=450516

Нашиот став за техничката влада е конзистентен. Апсолутно поддржуваме предлогот да дојде на дневен ред и да се отвори прашањето, по што сите треба да се согласиме. Аргументите се за укинување на Пржинската влада и со тоа покажуваме дека институциите сега функционираат, не се заробени, кажа пратеничката од СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Вин вин“ на Телма.

Таа додаде дека Пржинската влада е инструмент воведен во 2016 година, бидејќи тогаш беше потребно поради партизираните и заробени институции од тогашната власт и заробената држава.

Сите прашања поврзани со изборите, политиките и законите мора да бидат отворани и затворани во Собранието. Тоа е ставот на СДСМ од самиот почеток, но треба да постои и консензус помеѓу сите политички чинители, особено оние претставени во Парламентот, кажа Калеска-Ванчева.

Таа потенцираше дека како и во целиот демократски свет, така и кај нас изборите треба да ги спроведува власта која е актуелна и се надева дека сите политички партии ќе го сфатат тоа и на крајот ќе се стигне до решение со консензус со вистински аргументи.

The post Калеска-Ванчева: Аргументите за укинување на Пржинската влада се доказ дека институциите функционираат appeared first on Република.

Сиљановска Давкова: Пржинската влада треба биде укината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-przinskata-vlada-treba-bide-ukinata/ Thu, 27 Jan 2022 19:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=450457

Моделот на Пржинска влада е неуставен, никаде во Уставот нема дека треба преодна влада, дополнителни министри. Не е тоа влада која ќе овозможи фер и демократски избори, администрацијата да биде непристрасна, туку арена за блокади и треба да се тргне, изјави во „Вин вин“ на Телма професорката и пратеничка Гордана Сиљановска Давкова при што потенцираше дека како држава која претендира да биде дел од ЕУ треба расчисти со ваквите слаби механизми за кои се покажа дека власта ги злоупотребува.

За држава која сака да ги почне преговорите со ЕУ, треба да биде пристојна држава, а држава со вакви механизми е слаба држава во која има опасност од злоупотреба на статусот на владејачката партија, сетете се само на случајот со министерката Рашела Мизрахи иако невозможно е да смените технички министер бидејќи тоа беше резултат на одредбите, рече Сиљановска Давкова.

Таа нагласи дека треба да ставиме крај на Пржинска влада која беше само за 2016 година и за да имаме пристојна влада и за да ги имаме роковите од уставот, да речеме надминавме една фаза и еве сме поблиску.

Сиљановска Давкова посочи дека Пржинската влада мора да биде укината во Парламентот и конечно да почне да се следат препораките на Венецијанската комисија за Изборниот законик.

Во врска со прашањето за една изборна единица кое го бараат помалите партии и за кое ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка, додека СДСМ бега, таа потсети на зборовите на Зоран Заев кој го вети тоа.

Венецијанска комисија а ни ЕУ не се мешаат во изборниот модел, тој извира од амбиентот во една држава и целите кои ги поставила, една изборна единица СДСМ го даде како ветување при коалицирање со помалите партии, рече таа.

Сиљановска Давкова во врска со прашањето за една изборна единица посочи дека сепак кога има пропорционален изборен систем има и праг.

Може да се разговара и за изборниот праг, но мораме да ги споредиме добрите и лошите страни што ќе се појават, изјави Сиљановска Давкова.

The post Сиљановска Давкова: Пржинската влада треба биде укината appeared first on Република.

]]>

Моделот на Пржинска влада е неуставен, никаде во Уставот нема дека треба преодна влада, дополнителни министри. Не е тоа влада која ќе овозможи фер и демократски избори, администрацијата да биде непристрасна, туку арена за блокади и треба да се тргне, изјави во „Вин вин“ на Телма професорката и пратеничка Гордана Сиљановска Давкова при што потенцираше дека како држава која претендира да биде дел од ЕУ треба расчисти со ваквите слаби механизми за кои се покажа дека власта ги злоупотребува.
За држава која сака да ги почне преговорите со ЕУ, треба да биде пристојна држава, а држава со вакви механизми е слаба држава во која има опасност од злоупотреба на статусот на владејачката партија, сетете се само на случајот со министерката Рашела Мизрахи иако невозможно е да смените технички министер бидејќи тоа беше резултат на одредбите, рече Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека треба да ставиме крај на Пржинска влада која беше само за 2016 година и за да имаме пристојна влада и за да ги имаме роковите од уставот, да речеме надминавме една фаза и еве сме поблиску. Сиљановска Давкова посочи дека Пржинската влада мора да биде укината во Парламентот и конечно да почне да се следат препораките на Венецијанската комисија за Изборниот законик. Во врска со прашањето за една изборна единица кое го бараат помалите партии и за кое ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка, додека СДСМ бега, таа потсети на зборовите на Зоран Заев кој го вети тоа.
Венецијанска комисија а ни ЕУ не се мешаат во изборниот модел, тој извира од амбиентот во една држава и целите кои ги поставила, една изборна единица СДСМ го даде како ветување при коалицирање со помалите партии, рече таа.
Сиљановска Давкова во врска со прашањето за една изборна единица посочи дека сепак кога има пропорционален изборен систем има и праг.
Може да се разговара и за изборниот праг, но мораме да ги споредиме добрите и лошите страни што ќе се појават, изјави Сиљановска Давкова.

The post Сиљановска Давкова: Пржинската влада треба биде укината appeared first on Република.

]]>
Џафери: За укинување на „пржинската влада“ потребен е консензус од поголемите политички партии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-za-ukinuvanje-na-przinskata-vlada-potreben-e-konsenzus-od-pogolemite-politichki-partii/ Wed, 26 Jan 2022 21:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=449998

За предлогот за укинување на „пржинската влада“ кој веќе е поднесен во Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според претседателот на Собранието Талат Џафери, не е проблемот кога ќе се стави на собраниска седница туку е потребно да се обезбеди консензус од поголемите политички партии. Во гостување на ТВ Сител Џафери вечерва посочи дека и до таквиот модел на влада се дојде со процесот за надминување на политичката криза во 2015 и 2016 година и оти тој договор беше условно кажано постигнат надвор од Собранието помеѓу четирите поголеми политички партии во тоа време.

-Имавме координација минатиот понеделник, коордионаторот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со укажување дека тие подготвиле Предлог закон и ќе го пуштат во постапка. Укажав дека тој предлог закон во секоја смисла треба да ја има и поддршката низ потпис на координаторите како што впрочем и пред неколку години го имавме со соодветните потписи. Но не чекале тоа да се усогласи така, туку го пуштиле. Ако имало консензус опозицијата требало да чека тој консензус да се изразува и низ потписите на другите координатори од поголемите политички партии, рече Џафери.

Откако ќе биде преведен очекува законот да се најде на дневен ред на наредната седница на Собранието.

Претседателот на Собранието истакна и дека како пратеници и како Собрание имаат соодветни информации во кој правец и за што се разговара со Бугарија.

-Во секој случај ние како пратеници и како Собрание не може да кажеме дека не знаеме што прави Владата. Имајќи предвид дека како пратеници консензуално донесовме Резолуција во Собранието, во која што определивме насоки, препораки, рамка по која треба да се движи извршната власт. Според законските прописи, надлежноста во меѓународните односи и во извршното претставување, значи е на Владата како посебна власт, но секако ние како Собрание стоиме условно кажано „на главата на извршната власт“ и секако дека имаме соодветни информации во кој правец и за што се разговара, рече Џафери.

Во однос на најавениот отчет од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи на барање на пратеникот Антонио Милошоски за тоа што содржат македонските одговори до Софија за патоказот 5+1, претседателот на Парламентот посочува дека Милошоски не е само пратеник, туку е и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, кој и претходно побарал и добил соодветен пристап, и соодветна информација од извршната власт или конкретно од министерот за надворешни работи по односни прашања по кои што сметал дека треба Собранието да биде известено.

-Секако како резултат на тоа доколку се чувствува потреба и пленумот да има седница по односни прашања, ние како Собрание не може да одбегнеме од таа наша обврска затоа што дел од надворешната политика и надворешните односи ги има и Собранието во смисла на она што е следењето на нештата. И секако ниту ние како мнозинство, ниту пак Собранието како целина, како институиција, не одбегнува од таа можност. Но, секако сме сметале дека треба да се остави простор на извршната власт т.е. на Владата да може да ги тера процесите, а соодветно ние тоа да го следиме и во соодветно време доколку треба и треба и ќе треба да се вклучиме. Ние сме подготвени да се вклучиме и како Комисија и како пленум како целина, вели Џафери.

Прашан дали седницата на Комисијата ќе биде отворена или затворена, тој појаснува дека тоа е во надлежност на Комисијата и доколку има информации коишто се класифицирани, законска обврска е во тој дел за класифицирани информации таа да биде затворена, а доколку нема, како што наведе, тогаш нема причина зошто би била затворена седницата. Тој при тоа нагласува дека за карактерот на информациите одлучува Владата, односно министерот за надворешни работи како создавачи на информацијата.

-Нема никаква пречка во смисла на процедурата она што е пропишано со Деловникот и со законите – оној дел што е јавен и што е отворен да си оди отворено, но доколку има прашања коишто нужно во моментов се потребни да има определена класификација да оди по класификацијата. Тоа претседателот на Комисијата си го знае, Собранието си го знае, институциите тоа си го знаат дека е обврска дека доколку некоја информација во моментов е класифицирана и треба да следи како таква, појаснува Џафери.

За обвинувањата на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров дека нотата до ОН само во една четвртина е за употребата на краткото и долгото име на државата, а останатото е поврзано со јазикот, Џафери рече дека тоа е надлежност на Владата и не би коментирал.

– Нема потреба јас тоа да го коментирам затоа што тоа е надлежност на друга институција и се додека е тоа нејзина надлежност, кога ќе дојде со извештајот до Собранието, тогаш ние настапуваме како Собрание да бидеме дел од тоа што ќе биде и како ќе биде за да одлучиме како што одлучивме едногласно и за Резолуцијата, вели претседателот на Собранието Џафери.

The post Џафери: За укинување на „пржинската влада“ потребен е консензус од поголемите политички партии appeared first on Република.

]]>

За предлогот за укинување на „пржинската влада“ кој веќе е поднесен во Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според претседателот на Собранието Талат Џафери, не е проблемот кога ќе се стави на собраниска седница туку е потребно да се обезбеди консензус од поголемите политички партии. Во гостување на ТВ Сител Џафери вечерва посочи дека и до таквиот модел на влада се дојде со процесот за надминување на политичката криза во 2015 и 2016 година и оти тој договор беше условно кажано постигнат надвор од Собранието помеѓу четирите поголеми политички партии во тоа време.
-Имавме координација минатиот понеделник, коордионаторот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со укажување дека тие подготвиле Предлог закон и ќе го пуштат во постапка. Укажав дека тој предлог закон во секоја смисла треба да ја има и поддршката низ потпис на координаторите како што впрочем и пред неколку години го имавме со соодветните потписи. Но не чекале тоа да се усогласи така, туку го пуштиле. Ако имало консензус опозицијата требало да чека тој консензус да се изразува и низ потписите на другите координатори од поголемите политички партии, рече Џафери.
Откако ќе биде преведен очекува законот да се најде на дневен ред на наредната седница на Собранието. Претседателот на Собранието истакна и дека како пратеници и како Собрание имаат соодветни информации во кој правец и за што се разговара со Бугарија.
-Во секој случај ние како пратеници и како Собрание не може да кажеме дека не знаеме што прави Владата. Имајќи предвид дека како пратеници консензуално донесовме Резолуција во Собранието, во која што определивме насоки, препораки, рамка по која треба да се движи извршната власт. Според законските прописи, надлежноста во меѓународните односи и во извршното претставување, значи е на Владата како посебна власт, но секако ние како Собрание стоиме условно кажано „на главата на извршната власт“ и секако дека имаме соодветни информации во кој правец и за што се разговара, рече Џафери.
Во однос на најавениот отчет од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи на барање на пратеникот Антонио Милошоски за тоа што содржат македонските одговори до Софија за патоказот 5+1, претседателот на Парламентот посочува дека Милошоски не е само пратеник, туку е и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, кој и претходно побарал и добил соодветен пристап, и соодветна информација од извршната власт или конкретно од министерот за надворешни работи по односни прашања по кои што сметал дека треба Собранието да биде известено.
-Секако како резултат на тоа доколку се чувствува потреба и пленумот да има седница по односни прашања, ние како Собрание не може да одбегнеме од таа наша обврска затоа што дел од надворешната политика и надворешните односи ги има и Собранието во смисла на она што е следењето на нештата. И секако ниту ние како мнозинство, ниту пак Собранието како целина, како институиција, не одбегнува од таа можност. Но, секако сме сметале дека треба да се остави простор на извршната власт т.е. на Владата да може да ги тера процесите, а соодветно ние тоа да го следиме и во соодветно време доколку треба и треба и ќе треба да се вклучиме. Ние сме подготвени да се вклучиме и како Комисија и како пленум како целина, вели Џафери.
Прашан дали седницата на Комисијата ќе биде отворена или затворена, тој појаснува дека тоа е во надлежност на Комисијата и доколку има информации коишто се класифицирани, законска обврска е во тој дел за класифицирани информации таа да биде затворена, а доколку нема, како што наведе, тогаш нема причина зошто би била затворена седницата. Тој при тоа нагласува дека за карактерот на информациите одлучува Владата, односно министерот за надворешни работи како создавачи на информацијата.
-Нема никаква пречка во смисла на процедурата она што е пропишано со Деловникот и со законите – оној дел што е јавен и што е отворен да си оди отворено, но доколку има прашања коишто нужно во моментов се потребни да има определена класификација да оди по класификацијата. Тоа претседателот на Комисијата си го знае, Собранието си го знае, институциите тоа си го знаат дека е обврска дека доколку некоја информација во моментов е класифицирана и треба да следи како таква, појаснува Џафери.
За обвинувањата на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров дека нотата до ОН само во една четвртина е за употребата на краткото и долгото име на државата, а останатото е поврзано со јазикот, Џафери рече дека тоа е надлежност на Владата и не би коментирал.
– Нема потреба јас тоа да го коментирам затоа што тоа е надлежност на друга институција и се додека е тоа нејзина надлежност, кога ќе дојде со извештајот до Собранието, тогаш ние настапуваме како Собрание да бидеме дел од тоа што ќе биде и како ќе биде за да одлучиме како што одлучивме едногласно и за Резолуцијата, вели претседателот на Собранието Џафери.

The post Џафери: За укинување на „пржинската влада“ потребен е консензус од поголемите политички партии appeared first on Република.

]]>
Бришење членови е 10 секунди по член, Талат купува време, не преведува од кинески https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/brishenje-chlenovi-e-10-sekundi-po-chlen-talat-kupuva-vreme-ne-preveduva-od-kineski/ Wed, 26 Jan 2022 19:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=449969

Граѓаните веќе се спремни и зрели да ја изразат својата политичка волја независно од тоа дали некој министер или друг државен функционер од извршната власт сака на помал или поголем начин да злоупотреби одредено влијание за изборниот процес. Видовме дека на локалните избори тоа иако се потрудија некои луѓе да го направат тоа не им успеа, и сметаме дека не е потребно да имаме Пржинска Влада“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Во однос на тоа зошто Талат Џафери не го става на дневен ред и вели дека е се преведува, Милошоски истакна дека се бара бришење на 10 члена каде се споменува Пржинска влада, а бришење е 10 секунди по член, освен Џафери ако не преведува на кинески и затоа тоа е купување на време.

Според него има некоја калкулација од страна на СДСМ и ДУИ, зошто во моментов не се спремни да го подржат ваквиот предлог за кој што и самите претходно во изминативе две – три недели па и во изминативе неколку месеци укажуваат дека во Македонија веќе е непотребно да постои еден таков хибриден композит Пржинска Влада, кој што гледаме дека прво е поскап за граѓаните и буџетот.

Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш се потпира на изборната волја на граѓаните. А, СДСМ очигледно е дека во изминативе 7-8 години делумно се потпира на волјата на граѓаните, а делумно користи средства како да ги добие изборите.

Сметаме дека граѓаните се заморени од едно такво намудрување и кочничарење за време на опстојувањето на Пржинските Влади кога и тоа да било. И мислиме дека државата би требало веќе да го тргне од себе веќе овој модел кој што не и дава добар имиџ на самата држава бидејќи Македонија како членка на НАТО и земја која одамна има заслужено датум за почеток на преговори со ЕУ не добива ништо со еден ваков хибриден состав на Владата кој граѓаните ги чини поскапо, а ефикасноста ја прави помала, заклучи Милошоски.

The post Бришење членови е 10 секунди по член, Талат купува време, не преведува од кинески appeared first on Република.

]]>

Граѓаните веќе се спремни и зрели да ја изразат својата политичка волја независно од тоа дали некој министер или друг државен функционер од извршната власт сака на помал или поголем начин да злоупотреби одредено влијание за изборниот процес. Видовме дека на локалните избори тоа иако се потрудија некои луѓе да го направат тоа не им успеа, и сметаме дека не е потребно да имаме Пржинска Влада“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Во однос на тоа зошто Талат Џафери не го става на дневен ред и вели дека е се преведува, Милошоски истакна дека се бара бришење на 10 члена каде се споменува Пржинска влада, а бришење е 10 секунди по член, освен Џафери ако не преведува на кинески и затоа тоа е купување на време. Според него има некоја калкулација од страна на СДСМ и ДУИ, зошто во моментов не се спремни да го подржат ваквиот предлог за кој што и самите претходно во изминативе две – три недели па и во изминативе неколку месеци укажуваат дека во Македонија веќе е непотребно да постои еден таков хибриден композит Пржинска Влада, кој што гледаме дека прво е поскап за граѓаните и буџетот. Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш се потпира на изборната волја на граѓаните. А, СДСМ очигледно е дека во изминативе 7-8 години делумно се потпира на волјата на граѓаните, а делумно користи средства како да ги добие изборите.
Сметаме дека граѓаните се заморени од едно такво намудрување и кочничарење за време на опстојувањето на Пржинските Влади кога и тоа да било. И мислиме дека државата би требало веќе да го тргне од себе веќе овој модел кој што не и дава добар имиџ на самата држава бидејќи Македонија како членка на НАТО и земја која одамна има заслужено датум за почеток на преговори со ЕУ не добива ништо со еден ваков хибриден состав на Владата кој граѓаните ги чини поскапо, а ефикасноста ја прави помала, заклучи Милошоски.

The post Бришење членови е 10 секунди по член, Талат купува време, не преведува од кинески appeared first on Република.

]]>
Џафери за предлог законот за укинување на техничката влада: Прво на превод, а потоа пред пратениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-za-predlog-zakonot-za-ukinuvanje-na-tehnichkata-vlada-prvo-na-prevod-a-potoa-pred-pratenicite/ Wed, 26 Jan 2022 14:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=449835

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 61-та седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дополнување на дневниот ред со предлог-закон за изменување на законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка.

-Врз основа на член 71, став 1 од Уставот на Република Македонија и членовите 132, 137 и 170 од Деловникот, барам оваа точка да биде дополнета од една и единствена причина. Со предлогот за изменување на законот за Владата на Република Македонија се тргаат одредбите кои се однесуваат на начинот на функционирање на владата или т.н. Пржинска влада, односно 100 дена од формирањето на Владата, поставување на нејзините министри и заменици министри, како и начинот на нејзино функционирање, рече Мицевски.

Појасни дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го поднесуваат овој предлог-закон во скратена постапка од една и единствена причина или да се скратат, односно да се вратат роковите за организација на избори, рокот да остане како што беше. Додаде дека се работи за мали измени, односно бришење на одредени одредби од законот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери образложи дека предлог-законот е доставен во Собрание, не е дистрибуиран до пратениците, во моментов е во превод и додаде дека многу брзо ќе се преведе од службите. Потсети на законските рокови и процедури и рече дека сега нема предуслови да се стави на гласање. Според него, и ДИК треба да се изјасни за рокот за спроведување на изборите.

Мицевски, во процедурална забелешка, рече дека не е оправдување дека законот не е преведен и додаде дека се работи за бришење на 9 одредби и тоа може да се направи за пет минути доколку се сака.

The post Џафери за предлог законот за укинување на техничката влада: Прво на превод, а потоа пред пратениците appeared first on Република.

]]>

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 61-та седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дополнување на дневниот ред со предлог-закон за изменување на законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка.
-Врз основа на член 71, став 1 од Уставот на Република Македонија и членовите 132, 137 и 170 од Деловникот, барам оваа точка да биде дополнета од една и единствена причина. Со предлогот за изменување на законот за Владата на Република Македонија се тргаат одредбите кои се однесуваат на начинот на функционирање на владата или т.н. Пржинска влада, односно 100 дена од формирањето на Владата, поставување на нејзините министри и заменици министри, како и начинот на нејзино функционирање, рече Мицевски.
Појасни дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го поднесуваат овој предлог-закон во скратена постапка од една и единствена причина или да се скратат, односно да се вратат роковите за организација на избори, рокот да остане како што беше. Додаде дека се работи за мали измени, односно бришење на одредени одредби од законот. Претседателот на Собранието Талат Џафери образложи дека предлог-законот е доставен во Собрание, не е дистрибуиран до пратениците, во моментов е во превод и додаде дека многу брзо ќе се преведе од службите. Потсети на законските рокови и процедури и рече дека сега нема предуслови да се стави на гласање. Според него, и ДИК треба да се изјасни за рокот за спроведување на изборите. Мицевски, во процедурална забелешка, рече дека не е оправдување дека законот не е преведен и додаде дека се работи за бришење на 9 одредби и тоа може да се направи за пет минути доколку се сака.  

The post Џафери за предлог законот за укинување на техничката влада: Прво на превод, а потоа пред пратениците appeared first on Република.

]]>