прво па женско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvo-pa-zensko/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 08:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прво па женско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvo-pa-zensko/ 32 32 Фестивалот „Прво па женско“ почнува со „Свет без жени“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festivalot-prvo-pa-zhensko-pochnuva-so-svet-bez-zheni/ Tue, 14 May 2024 08:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=777819

Дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво по женско“ почнува со наградуваната претстава „Свет без жени” во четврток (16 мај) во 20 часот на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности.

По изведбата на претставата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – „Дијалогот што недостасува”, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова од феминистичката платформа Медуза.

Влезот за претставата е слободен, но поради ограничениот број седишта, доколку сакате да присуствувате треба да направите резервација на tiiiit.inc@gmail.com.

Претставата „Свет без жени” на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ ја освои наградата од публиката на Фестивалот БИТЕФ во 2022 година.

Жените и работата – тоа е главниот мотив на проектот „Свет без жени”. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици. Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија.

Претставата ќе се изведе како соработка меѓу Центарот за иновација во уметноста и културата „Локомотива” и организацијата за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.” и нивните фестивали ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА ФЕСТИВАЛ и ПРВО ПА ЖЕНСКО #12.

Програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund и Sigrid Rausing Trust.

The post Фестивалот „Прво па женско“ почнува со „Свет без жени“ appeared first on Република.

]]>

Дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво по женско“ почнува со наградуваната претстава „Свет без жени” во четврток (16 мај) во 20 часот на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности. По изведбата на претставата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – „Дијалогот што недостасува”, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова од феминистичката платформа Медуза. Влезот за претставата е слободен, но поради ограничениот број седишта, доколку сакате да присуствувате треба да направите резервација на tiiiit.inc@gmail.com. Претставата „Свет без жени” на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ ја освои наградата од публиката на Фестивалот БИТЕФ во 2022 година. Жените и работата – тоа е главниот мотив на проектот „Свет без жени”. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици. Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија. Претставата ќе се изведе како соработка меѓу Центарот за иновација во уметноста и културата „Локомотива” и организацијата за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.” и нивните фестивали ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА ФЕСТИВАЛ и ПРВО ПА ЖЕНСКО #12. Програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund и Sigrid Rausing Trust.

The post Фестивалот „Прво па женско“ почнува со „Свет без жени“ appeared first on Република.

]]>
Бојана Вунтуришевиќ и дуото „Алембик“ на фестивалот Прво па женско https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bojana-vunturishevik-i-duoto-alembik-na-festivalot-prvo-pa-zhensko/ Fri, 12 May 2023 08:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=640016

Во сабота (13 мај), како дел од концертната програма на фестивалот за промоција на феминистичката култура и активизам – Прво па женско, ќе имаме прилика да ги гледаме Бојана Вунтуришевиќ од Белград и дуото Алембик од Скопје. Концертот почнува во 21 часот во денсинг салата на Младинскиот Културен Центар.

Бојана Вунтуришевиќ, една од најактуелните кантавторки во регионов. Ја знаеме како како пејачка на инди поп бендот Svi na pod! А од 2016 година почнува и со соло кариера. Нејзиниот деби албум Daljine доби многу позитивни критики и признанија, а во 2021 година со песната „Пари”, го најави и вториот албум „Ljubav”, кој го издаде во февруари оваа година. Вунтуришевиќ го опишува нејзиниот стил како „капиталистички блуз” и црпи влијанија од инди поп, трип хоп и денсхол. Заедно со Бојана доаѓа и Пеџа Милутиновиќ, да растури на бубањ!

Алембик се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас гитара, мандола, вокал) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата позади името).

Билетите за концертот се по цена од 200 денари и можат да се купат онлајн или на билетарницата на МКЦ.

#ППЖ11 е поддржан од: Embassy of Sweden in Skopje, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура. Концертот е во соработка со Младински Културен Центар и Liveurope.

The post Бојана Вунтуришевиќ и дуото „Алембик“ на фестивалот Прво па женско appeared first on Република.

]]>

Во сабота (13 мај), како дел од концертната програма на фестивалот за промоција на феминистичката култура и активизам – Прво па женско, ќе имаме прилика да ги гледаме Бојана Вунтуришевиќ од Белград и дуото Алембик од Скопје. Концертот почнува во 21 часот во денсинг салата на Младинскиот Културен Центар. Бојана Вунтуришевиќ, една од најактуелните кантавторки во регионов. Ја знаеме како како пејачка на инди поп бендот Svi na pod! А од 2016 година почнува и со соло кариера. Нејзиниот деби албум Daljine доби многу позитивни критики и признанија, а во 2021 година со песната „Пари”, го најави и вториот албум „Ljubav”, кој го издаде во февруари оваа година. Вунтуришевиќ го опишува нејзиниот стил како „капиталистички блуз” и црпи влијанија од инди поп, трип хоп и денсхол. Заедно со Бојана доаѓа и Пеџа Милутиновиќ, да растури на бубањ! Алембик се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас гитара, мандола, вокал) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата позади името). Билетите за концертот се по цена од 200 денари и можат да се купат онлајн или на билетарницата на МКЦ. #ППЖ11 е поддржан од: Embassy of Sweden in Skopje, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура. Концертот е во соработка со Младински Културен Центар и Liveurope.

The post Бојана Вунтуришевиќ и дуото „Алембик“ на фестивалот Прво па женско appeared first on Република.

]]>