прво бебе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvo-bebe/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jan 2024 08:41:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прво бебе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvo-bebe/ 32 32 Мицковски: Се кладеле на полот на новороденчето… Нова година – стари идиоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-se-kladele-na-polot-na-novorodencheto-nova-godina-stari-idioti/ Mon, 01 Jan 2024 17:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=728749

Аналитичарот и новинар, Ивор Мицковски, на социјалните мрежи ја коментира изјавата на министерот за здравство, Фатмир Меџити, дека со членовите на својот кабинет, се кладеле на тоа дали првото родено бебе во државава ќе биде машко или женско.

Се кладеле на полот на новороденчето и од тоа ќе значело дали ќе ни тргне во Здравството.

Нова година - стари идиоти, коментира Мицковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-se-kladel-deka-prvoto-novorodenche-ke-e-mashko/

The post Мицковски: Се кладеле на полот на новороденчето… Нова година – стари идиоти appeared first on Република.

]]>

Аналитичарот и новинар, Ивор Мицковски, на социјалните мрежи ја коментира изјавата на министерот за здравство, Фатмир Меџити, дека со членовите на својот кабинет, се кладеле на тоа дали првото родено бебе во државава ќе биде машко или женско.
Се кладеле на полот на новороденчето и од тоа ќе значело дали ќе ни тргне во Здравството.   Нова година - стари идиоти, коментира Мицковски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-se-kladel-deka-prvoto-novorodenche-ke-e-mashko/

The post Мицковски: Се кладеле на полот на новороденчето… Нова година – стари идиоти appeared first on Република.

]]>
Во Пехчево се роди првото бебе во 2023 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-pehchevo-se-rodi-prvoto-bebe-vo-2023-godina/ Tue, 21 Feb 2023 15:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=611583

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево.

Тој и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова.

Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете.

Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански.

The post Во Пехчево се роди првото бебе во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево. Тој и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете.
Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански.
 
The post Во Пехчево се роди првото бебе во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Две машки, две женски: На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dve-mashki-dve-zhenski-na-gak-vo-novogodishnata-nok-se-rodile-chetiri-bebina/ Sun, 01 Jan 2023 10:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=592453

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се родиле четири бебиња. Првото бебе е машко и се роди една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.

Една минута по 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. По 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-bebe-vo-2023-godina-e-kochanchanche-rodeno-vo-skopje/

Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба.

Сали порача дека се надева оти целата година, како што рече, ќе ни биде здрава. Се заблагодари и за ангажманот на здравствените работници кои дале се од себе во изминатиот период да профункционира здравствениот систем.

Среќни сме што годината ја почнавме со убава приказна, здраво машко дете и се надевам дека така здраво ќе ни помине целата година. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани, а секако и на сите здравствени работници кои изминатиот период дадоа се од себе да профункционира здравствениот систем и се надевам дека така ќе продолжиме, најпрвин чувајќи го личното здравје и давајќи придонес за здравјето на сите граѓани и оваа година да ја поминеме така, изјави Сали.

Министерката Тренчевска во име Министерство за труд и социјална политика на првороденото бебе традиционално му подари златник и упати честитки за Новата година, со желба за здравје, среќа и љубов во секој дом.

Како МТСП ја продолжуваме традицијата и на првото родено дете во Новата година му подаруваме златник. Така и оваа година, ни се роди здраво машко дете. Им честитаме на среќните родители на кои им е прва рожба. Им посакуваме многу здравје, живо и здраво да им е детето и само радости да им носи, изјави Тренчевска.

The post Две машки, две женски: На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња appeared first on Република.

]]>

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се родиле четири бебиња. Првото бебе е машко и се роди една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња. Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.
Една минута по 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. По 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-bebe-vo-2023-godina-e-kochanchanche-rodeno-vo-skopje/ Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба. Сали порача дека се надева оти целата година, како што рече, ќе ни биде здрава. Се заблагодари и за ангажманот на здравствените работници кои дале се од себе во изминатиот период да профункционира здравствениот систем.
Среќни сме што годината ја почнавме со убава приказна, здраво машко дете и се надевам дека така здраво ќе ни помине целата година. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани, а секако и на сите здравствени работници кои изминатиот период дадоа се од себе да профункционира здравствениот систем и се надевам дека така ќе продолжиме, најпрвин чувајќи го личното здравје и давајќи придонес за здравјето на сите граѓани и оваа година да ја поминеме така, изјави Сали.
Министерката Тренчевска во име Министерство за труд и социјална политика на првороденото бебе традиционално му подари златник и упати честитки за Новата година, со желба за здравје, среќа и љубов во секој дом.
Како МТСП ја продолжуваме традицијата и на првото родено дете во Новата година му подаруваме златник. Така и оваа година, ни се роди здраво машко дете. Им честитаме на среќните родители на кои им е прва рожба. Им посакуваме многу здравје, живо и здраво да им е детето и само радости да им носи, изјави Тренчевска.
 
The post Две машки, две женски: На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња appeared first on Република.

]]>
Првото бебе во 2023 година е кочанчанче родено во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-bebe-vo-2023-godina-e-kochanchanche-rodeno-vo-skopje/ Sat, 31 Dec 2022 23:59:49 +0000 https://republika.mk/?p=592382

Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.

Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама, долго е 51 сантиметар и е родено со Апгар 8/9.

Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.

И првото бебе во 2022 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје една минута по полноќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvo-pa-mashko-sincheto-na-suzana-od-skopje-e-prvoto-bebe-rodeno-vo-2022-godina/

The post Првото бебе во 2023 година е кочанчанче родено во Скопје appeared first on Република.

]]>

Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама, долго е 51 сантиметар и е родено со Апгар 8/9. Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете. И првото бебе во 2022 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје една минута по полноќ. https://republika.mk/vesti/makedonija/prvo-pa-mashko-sincheto-na-suzana-od-skopje-e-prvoto-bebe-rodeno-vo-2022-godina/  

The post Првото бебе во 2023 година е кочанчанче родено во Скопје appeared first on Република.

]]>
Во Новата година роденo е бебе во Ковид-центарот од мајка позитивна на корона https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-novata-godina-rodeno-e-bebe-vo-kovid-centarot-od-majka-pozitivna-na-korona/ Sat, 01 Jan 2022 11:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=439261

Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава.

Филипче соопшти дека се родени уште две бебиња, едно во 00:02 часот, додека другото бебе во 5 часот наутро е родено во Ковид-центарот, од мајка која е позитивна на корона вирусот.

Посакувам да биде здраво успешно бебе. Има 3 килограми и 70 грама, долго е 50 сантиметри. Родено во првата минута веднаш по полноќ, а во втората минута се роди уште едно бебе. Првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама, 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона Петровска. И тоа посакувам да е здраво, понатаму во животот да биде успешно.

Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри - информира Филипче.

Директорката на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска соопшти дека сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид-центарот.

По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца породени после полноќ се добри вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид центарот. Исто така и мајката е добра спонтано породена инабрзо ќе замине дома. Двете бебиња коишто се родени едното во 0 часот и една минута е машко, второто е женско бебе во 0 и 2 минути. Првото е спонтано породено, второто е со царски рез. И мајките и бебињата се добри. Се чини дека оваа година ќе ни биде добра и конечно ќе заврши оваа пандемија па ќе можеме слободно да живееме - изјави Јовановска.

Министерот Филипче информира дека на Клиниката за токсикологија примени се 17 пациетни, од кои 11 се примени заради состојба на алкохолизираност.

Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти ко се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа.

The post Во Новата година роденo е бебе во Ковид-центарот од мајка позитивна на корона appeared first on Република.

]]>

Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава. Филипче соопшти дека се родени уште две бебиња, едно во 00:02 часот, додека другото бебе во 5 часот наутро е родено во Ковид-центарот, од мајка која е позитивна на корона вирусот.
Посакувам да биде здраво успешно бебе. Има 3 килограми и 70 грама, долго е 50 сантиметри. Родено во првата минута веднаш по полноќ, а во втората минута се роди уште едно бебе. Првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама, 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона Петровска. И тоа посакувам да е здраво, понатаму во животот да биде успешно.   Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри - информира Филипче.
Директорката на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска соопшти дека сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид-центарот.
По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца породени после полноќ се добри вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид центарот. Исто така и мајката е добра спонтано породена инабрзо ќе замине дома. Двете бебиња коишто се родени едното во 0 часот и една минута е машко, второто е женско бебе во 0 и 2 минути. Првото е спонтано породено, второто е со царски рез. И мајките и бебињата се добри. Се чини дека оваа година ќе ни биде добра и конечно ќе заврши оваа пандемија па ќе можеме слободно да живееме - изјави Јовановска.
Министерот Филипче информира дека на Клиниката за токсикологија примени се 17 пациетни, од кои 11 се примени заради состојба на алкохолизираност. Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти ко се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа.

The post Во Новата година роденo е бебе во Ковид-центарот од мајка позитивна на корона appeared first on Република.

]]>
Прво па машко: Синчето на Сузана од Скопје е првото бебе родено во 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvo-pa-mashko-sincheto-na-suzana-od-skopje-e-prvoto-bebe-rodeno-vo-2022-godina/ Sat, 01 Jan 2022 07:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=439152

Првото бебе во 2022 година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди во 00.01 часот.

Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 70 грама и е долго 50 сантиметри. Мајка на бебето е Сузана Стошиќ, родена 1981 година во Скопје и тоа е нејзино петто дете - информираат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

The post Прво па машко: Синчето на Сузана од Скопје е првото бебе родено во 2022 година appeared first on Република.