првите кралеви на европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvite-kralevi-na-evropa/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Mar 2023 16:04:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png првите кралеви на европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvite-kralevi-na-evropa/ 32 32 Македонски раритетни пронајдоци на изложба „Првите кралеви на Европа“ во Филдовиот Музеј во Чикаго https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonski-raritetni-pronajdotsi-na-izlozhba-prvite-kralevi-na-evropa-vo-fildoviot-muzej-vo-chikago/ Sat, 11 Mar 2023 16:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=618535

Македонската изложба „Првите кралеви на Европа“ со раритетни предмети ќе биде поставена во Филдовиот Музеј во Чикаго, со што продолжува турнејата во Северна Америка што почна во 2022 година, а ќе заврши во 2024 година.

На прес конференција во битолскиот Музеј, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска јавно се заблагодари на археолошките тимови и истражувачи на предисторијата на земјава, кои како што рече ја доведоа Македонија на престижната светска мапа посветена на тој цивилизациски период.

Верувам дека изложбата ќе одекне во стручните кругови на археологијата по својата ексклузивност и по своето значење. Верувам дека „Првите кралеви на Европа“, македонската и балканската археологија ја оправдуваат довербата што им ја довери Филдовиот музеј од Чикаго, од каде што е инициран проектот, а во кој се вклучени 11 земји од Балканот, истакна Костадиновска Стојчевска.

На изложбата во Чикаго посетителите ќе може да видат експонати неолитски жртвеник, енеолитски скиптар и железнодобен накит од локалитетите Врбјанска Чука, Шуплевец и Милци.

Пред светот ќе проговориме за достигнувањата на луѓето од нашата земја кои живееле и создавале уметност, ги развивале технологијата и стопанството во периодот од 7 до 5 милениум пред новата ера. Станува збор за единствени и уникатни артефакти кои зборуваат за нашите приказни од предисторијата кои се проткајуваат и денес. Се предвидува дека над еден милион посетители ќе ја видат оваа изложба и преку неа ќе се запознаат со историјата и со културата на Македонија и на Балканот, посочи министерката Костадиновска Стојчевска.

Националниот координатор, археологот Гоце Наумов информира дека светската изложба најнапред беше поставена во Њујорк, а на 30 март ќе биде отворена во Чикаго каде се очекува голема посетеност на македонската дијаспора.

Турнејата на македонските раритетни пронајдоци изложени во проектот „Првите кралеви на Европа“ ќе заврши во канадскиот град Отава.

The post Македонски раритетни пронајдоци на изложба „Првите кралеви на Европа“ во Филдовиот Музеј во Чикаго appeared first on Република.

]]>

Македонската изложба „Првите кралеви на Европа“ со раритетни предмети ќе биде поставена во Филдовиот Музеј во Чикаго, со што продолжува турнејата во Северна Америка што почна во 2022 година, а ќе заврши во 2024 година. На прес конференција во битолскиот Музеј, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска јавно се заблагодари на археолошките тимови и истражувачи на предисторијата на земјава, кои како што рече ја доведоа Македонија на престижната светска мапа посветена на тој цивилизациски период.
Верувам дека изложбата ќе одекне во стручните кругови на археологијата по својата ексклузивност и по своето значење. Верувам дека „Првите кралеви на Европа“, македонската и балканската археологија ја оправдуваат довербата што им ја довери Филдовиот музеј од Чикаго, од каде што е инициран проектот, а во кој се вклучени 11 земји од Балканот, истакна Костадиновска Стојчевска.
На изложбата во Чикаго посетителите ќе може да видат експонати неолитски жртвеник, енеолитски скиптар и железнодобен накит од локалитетите Врбјанска Чука, Шуплевец и Милци.
Пред светот ќе проговориме за достигнувањата на луѓето од нашата земја кои живееле и создавале уметност, ги развивале технологијата и стопанството во периодот од 7 до 5 милениум пред новата ера. Станува збор за единствени и уникатни артефакти кои зборуваат за нашите приказни од предисторијата кои се проткајуваат и денес. Се предвидува дека над еден милион посетители ќе ја видат оваа изложба и преку неа ќе се запознаат со историјата и со културата на Македонија и на Балканот, посочи министерката Костадиновска Стојчевска.
Националниот координатор, археологот Гоце Наумов информира дека светската изложба најнапред беше поставена во Њујорк, а на 30 март ќе биде отворена во Чикаго каде се очекува голема посетеност на македонската дијаспора. Турнејата на македонските раритетни пронајдоци изложени во проектот „Првите кралеви на Европа“ ќе заврши во канадскиот град Отава.

The post Македонски раритетни пронајдоци на изложба „Првите кралеви на Европа“ во Филдовиот Музеј во Чикаго appeared first on Република.

]]>
Аархеолошката изложба „Првите кралеви на Европа“ на 31 март во Чикаго https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/aarheoloshkata-izlozhba-prvite-kralevi-na-evropa-na-31-mart-vo-chikago/ Sat, 11 Mar 2023 09:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=618413

Претставници од институциите, од Управата за заштита на културно наследство, координаторот на проектот Гоце Наумов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола ќе информираат за големото отворање на меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“, што ќе се одржи на 31 март во Чикаго, Соединети Американски Држави.

Како што соопштија од Министерството за култура, станува збор за најголема изложба на балканската предисторија во светот, која истовремено претставува најзначаен археолошки настан во САД посветен на овој регион, во која покрај дваесетина балкански музеи вклучени се и Заводот и музеј – Битола, Музејот во Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп.

Изложбата, која е составена од македонски и од балкански археолошки предмети, во Чикаго ќе трае до крајот на годинава, а потоа турнејата продолжува во Историскиот музеј на Канада во Гатино-Отава. Претходно, изложбата беше претставена во Институтот за древни студии во Њујорк.

Гостувањето на изложбата „Првите кралеви на Европа“ во периодот од 2022 до 2024 година е во организација на Филдовиот музеј од Чикаго.

The post Аархеолошката изложба „Првите кралеви на Европа“ на 31 март во Чикаго appeared first on Република.

]]>

Претставници од институциите, од Управата за заштита на културно наследство, координаторот на проектот Гоце Наумов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола ќе информираат за големото отворање на меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“, што ќе се одржи на 31 март во Чикаго, Соединети Американски Држави. Како што соопштија од Министерството за култура, станува збор за најголема изложба на балканската предисторија во светот, која истовремено претставува најзначаен археолошки настан во САД посветен на овој регион, во која покрај дваесетина балкански музеи вклучени се и Заводот и музеј – Битола, Музејот во Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп. Изложбата, која е составена од македонски и од балкански археолошки предмети, во Чикаго ќе трае до крајот на годинава, а потоа турнејата продолжува во Историскиот музеј на Канада во Гатино-Отава. Претходно, изложбата беше претставена во Институтот за древни студии во Њујорк. Гостувањето на изложбата „Првите кралеви на Европа“ во периодот од 2022 до 2024 година е во организација на Филдовиот музеј од Чикаго.

The post Аархеолошката изложба „Првите кралеви на Европа“ на 31 март во Чикаго appeared first on Република.

]]>