први мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvi-maj/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 15:36:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png први мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvi-maj/ 32 32 Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rabotnitsite-shirum-evropa-i-azija-baraat-pogolemi-rabotnichki-prava-na-prvomajskite-demonstratsii/ Wed, 01 May 2024 15:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=773054

Работниците и активистите на улиците на азиските и европските градови денеска бараат подобри работнички права и зголемување на платите, кои станаа недоволни поради растот на цените и политиките на владејачките структури.

Стотици луѓе учествуваа на собирот под мотото „За целосно вработување: да се намали работното време и да се подобрат платите“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 2024 година во Барселона.

Иако Први мај во многу земји во светот ги слави работничките права и им дава можност на граѓаните да искажат општи економски поплаки или политички барања, полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да ги искажат своите ставови на улиците, на познатиот плоштад Таксим, пренесе Бета.

Полицијата уапси демонстранти кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад во Истанбул, иако владата го забрани прославувањето на Денот на трудот на таа локација. Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган со години забранува одржување на митинзи и демонстрации на таа локација, наведувајќи ги безбедносните причини како причина за таквата одлука. И покрај тоа, дел од политичките партии и синдикатите ги повикаа граѓаните да излезат на протестен марш до плоштадот во центарот, кој има симболична вредност за синдикатите и работниците. Сепак, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул.

Јавниот превоз во областа беше намален, а само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот подигнат во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година во кој напаѓачите предизвикаа стампедо во кое загинаа 34 лица.

Интервентната полиција уапси триесетина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обидоа да ги пробијат барикадите околу плоштадот.

Во Атина, неколку илјади демонстранти учествуваа на првомајскиот марш кој го запре јавниот транспорт и националните железнички услуги низ Грција. Штрајковите ширум земјата беа предводени од најголемиот синдикат во земјата, кој побара враќање на колективното преговарање, откако беа одземени правата на работниците за време на тешката финансиска криза во Грција 2010-2018 година.

Во Париз, демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката за да учествуваат на маршот предводен од главните синдикати во Франција, барајќи подобри плати и услови за работа. Се очекува пропалестински групи и антиолимписките активисти да се приклучат на маршот низ француската престолнина, која ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци.

Во Индонезија работниците излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од новиот закон, за кој тврдат дека ги крши нивните права и им штети на нивната благосостојба и побараа заштита на работниците мигранти во странство, како и зголемување на минималната плата.

Се очекува околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати.

Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е во корист на бизнисите.

Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, илјадници демонстранти скандираа, вееја знамиња и извикуваа про-работнички слогани на почетокот на денешниот собир.

Организаторите рекоа дека нивниот собир првенствено имал за цел да ги засили критиките на, како што ги нарекоа, антиработничките политики предводени од конзервативната влада предводена од претседателот Јун Сук-Јул.

Во Јапонија, повеќе од 10.000 луѓе се собраа во паркот Јојоги во центарот на Токио на првомајски протест, барајќи зголемување на платите за кое рекоа дека треба да биде доволно за да ги „покрие“ растечките цени.

За време на митингот, Масако Обата, лидер на левичарската Национална конфедерација на синдикати, рече дека намалувањето на платите довело многу работници во Јапонија во тешка состојба и го зголемила јазот во приходите.

Во Србија вообичаено на 1 мај се оди на излет, потсетува Бета. Се организираат собири на локални излетнички места со релативно богата трпеза и многу пијалаци, главно без работнички обележја и без да се потенцираат какви било барања.

Обединетите гранкови синдикати „Независност“ денеска во 12 часот го прославија Денот на трудот со митинг на платото Димитрије Туцовиќ, недалеку од плоштадот Славија во Белград, под слоганот „За демократски и работнички рестарт“.

Претседателката на УГС „Независност“ Чеданка Андриќ изјави дека се собрале во чест на загинатите на работни места.

Синдикатот на работниците на Босна и Херцеговина и Синдикатот на металците на ФБиХ организираа првомајска протестна прошетка во Сараево. Собирот почна пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ, а потоа продолжија со пешачење, едните кон седиштето на Делегацијата на ЕУ, другите кон Владата на ФБиХ.

The post Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации appeared first on Република.

]]>

Работниците и активистите на улиците на азиските и европските градови денеска бараат подобри работнички права и зголемување на платите, кои станаа недоволни поради растот на цените и политиките на владејачките структури. Стотици луѓе учествуваа на собирот под мотото „За целосно вработување: да се намали работното време и да се подобрат платите“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 2024 година во Барселона. Иако Први мај во многу земји во светот ги слави работничките права и им дава можност на граѓаните да искажат општи економски поплаки или политички барања, полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да ги искажат своите ставови на улиците, на познатиот плоштад Таксим, пренесе Бета. Полицијата уапси демонстранти кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад во Истанбул, иако владата го забрани прославувањето на Денот на трудот на таа локација. Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган со години забранува одржување на митинзи и демонстрации на таа локација, наведувајќи ги безбедносните причини како причина за таквата одлука. И покрај тоа, дел од политичките партии и синдикатите ги повикаа граѓаните да излезат на протестен марш до плоштадот во центарот, кој има симболична вредност за синдикатите и работниците. Сепак, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул. Јавниот превоз во областа беше намален, а само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот подигнат во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година во кој напаѓачите предизвикаа стампедо во кое загинаа 34 лица. Интервентната полиција уапси триесетина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обидоа да ги пробијат барикадите околу плоштадот. Во Атина, неколку илјади демонстранти учествуваа на првомајскиот марш кој го запре јавниот транспорт и националните железнички услуги низ Грција. Штрајковите ширум земјата беа предводени од најголемиот синдикат во земјата, кој побара враќање на колективното преговарање, откако беа одземени правата на работниците за време на тешката финансиска криза во Грција 2010-2018 година. Во Париз, демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката за да учествуваат на маршот предводен од главните синдикати во Франција, барајќи подобри плати и услови за работа. Се очекува пропалестински групи и антиолимписките активисти да се приклучат на маршот низ француската престолнина, која ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци. Во Индонезија работниците излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од новиот закон, за кој тврдат дека ги крши нивните права и им штети на нивната благосостојба и побараа заштита на работниците мигранти во странство, како и зголемување на минималната плата. Се очекува околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати. Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е во корист на бизнисите. Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, илјадници демонстранти скандираа, вееја знамиња и извикуваа про-работнички слогани на почетокот на денешниот собир. Организаторите рекоа дека нивниот собир првенствено имал за цел да ги засили критиките на, како што ги нарекоа, антиработничките политики предводени од конзервативната влада предводена од претседателот Јун Сук-Јул. Во Јапонија, повеќе од 10.000 луѓе се собраа во паркот Јојоги во центарот на Токио на првомајски протест, барајќи зголемување на платите за кое рекоа дека треба да биде доволно за да ги „покрие“ растечките цени. За време на митингот, Масако Обата, лидер на левичарската Национална конфедерација на синдикати, рече дека намалувањето на платите довело многу работници во Јапонија во тешка состојба и го зголемила јазот во приходите. Во Србија вообичаено на 1 мај се оди на излет, потсетува Бета. Се организираат собири на локални излетнички места со релативно богата трпеза и многу пијалаци, главно без работнички обележја и без да се потенцираат какви било барања. Обединетите гранкови синдикати „Независност“ денеска во 12 часот го прославија Денот на трудот со митинг на платото Димитрије Туцовиќ, недалеку од плоштадот Славија во Белград, под слоганот „За демократски и работнички рестарт“. Претседателката на УГС „Независност“ Чеданка Андриќ изјави дека се собрале во чест на загинатите на работни места. Синдикатот на работниците на Босна и Херцеговина и Синдикатот на металците на ФБиХ организираа првомајска протестна прошетка во Сараево. Собирот почна пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ, а потоа продолжија со пешачење, едните кон седиштето на Делегацијата на ЕУ, другите кон Владата на ФБиХ.

The post Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации appeared first on Република.

]]>
Првомајски протест и барања до новата влада за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvomajski-protest-i-barana-do-novata-vlada-za-megunarodniot-den-na-trudot-1-maj/ Wed, 01 May 2024 06:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=772886

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.

Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.

Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

Неколку години наназад протестите станаа заштитен знак на ССМ како начин на изразување на работничкото незадоволство од продолжувањето на практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека нашите социјални партнери, работодавачите и претставниците на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот, туку единствено и исклучиво работат за своите интереси. Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 проценти, се наведува во Првомајскиот проглас на ССМ.

Оценка на ССМ е дека има зголемено кршење на работничките права, а новиот закон за работни односи не се носи веќе шест години, додека последнава година, како што посочуваат, воопшто не се работело на него, односно не биле одржани расправи за надминување на разликите во креирањето на законот меѓу социјалните партнери.

Од Синдикатот нагласуваат дека кај нив има над 10.000 обраќања за прекршени работнички права, а според ССМ, преседан е и тоа што измената на Законот за работни односи со која е воведена можноста за 72 часовна работна недела е направена без социјален дијалог и учество на ССМ како репрезентативен синдикат.

Според ССМ, атак на синдикализмот во државата е и пресудата на Врховниот суд со која после 18 години судски спор и повеќе од осум пресуди во корист на ССМ, се одзема Работничкиот дом.

Сојузот на синдикати на Македонија  бара да се преземат напори за да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја надминат кризата предизвикана од коронавирусот.

На идната Влада, ние работниците и порачуваме дека партнерски треба да ги градиме меѓусебните односи со активно учество на синдикатите во креирањето на националните стратегии и политики и доследно почитување на работничките и граѓанските права, во спротивно ќе продолжи трендот на штрајкови и протести како единствен облик на синдикална борба за работничките права и интереси, се наведува во Промајскиот проглас на ССМ.

Меѓународниот ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден. Во знак на почит кон жртвите од штрајкот, Втората интернационала на Основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во државава има статус на државен празник и до 2006 година се празнуваше два дена, а од 2007 година се празнува само на 1 мај.

The post Првомајски протест и барања до новата влада за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај appeared first on Република.

]]>

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.
Неколку години наназад протестите станаа заштитен знак на ССМ како начин на изразување на работничкото незадоволство од продолжувањето на практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека нашите социјални партнери, работодавачите и претставниците на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот, туку единствено и исклучиво работат за своите интереси. Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 проценти, се наведува во Првомајскиот проглас на ССМ.
Оценка на ССМ е дека има зголемено кршење на работничките права, а новиот закон за работни односи не се носи веќе шест години, додека последнава година, како што посочуваат, воопшто не се работело на него, односно не биле одржани расправи за надминување на разликите во креирањето на законот меѓу социјалните партнери. Од Синдикатот нагласуваат дека кај нив има над 10.000 обраќања за прекршени работнички права, а според ССМ, преседан е и тоа што измената на Законот за работни односи со која е воведена можноста за 72 часовна работна недела е направена без социјален дијалог и учество на ССМ како репрезентативен синдикат. Според ССМ, атак на синдикализмот во државата е и пресудата на Врховниот суд со која после 18 години судски спор и повеќе од осум пресуди во корист на ССМ, се одзема Работничкиот дом. Сојузот на синдикати на Македонија  бара да се преземат напори за да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја надминат кризата предизвикана од коронавирусот.
На идната Влада, ние работниците и порачуваме дека партнерски треба да ги градиме меѓусебните односи со активно учество на синдикатите во креирањето на националните стратегии и политики и доследно почитување на работничките и граѓанските права, во спротивно ќе продолжи трендот на штрајкови и протести како единствен облик на синдикална борба за работничките права и интереси, се наведува во Промајскиот проглас на ССМ.
Меѓународниот ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден. Во знак на почит кон жртвите од штрајкот, Втората интернационала на Основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во државава има статус на државен празник и до 2006 година се празнуваше два дена, а од 2007 година се празнува само на 1 мај.

The post Првомајски протест и барања до новата влада за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај appeared first on Република.

]]>
Трендафилов: Дојдовме да им дадеме жолт картон на судиите, по 1 мај ќе им дадеме црвен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-dojdovme-da-im-dademe-zholt-karton-na-sudiite-po-1-maj-ke-im-dademe-tsrven/ Tue, 02 Apr 2024 12:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=761267

Потесното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска се собра на протест пред зградата на Врховниот суд за, како што рекоа, да им дадат жолт картон на судиите поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом. Порачаа дека правото мора да владее во државата и оти не е работа на синдикатите да се изборат за тоа, но кога мораат - можат и ќе покажат дека правото ќе владее во земјава. Во спротивно најави дека по 1 мај ќе им дадат црвен картон на судиите.

Чекаме до 1 мај. Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови. Доколку го земат нашиот дом ќе ги земеме нивните домови. Ние друг избор немаме, отстапка назад немаме. Ние сме доведени до ѕидот, а до ѕидот се знае што се прави - се гази само напред и само право, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Дојдовме, додаде, пред Врховниот суд да им го завртиме грбот на оние судии кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом.

Денеска дојдовме тука само раководствата на синдикатите да им кажеме на овие судии дека време е правото и правдата да победи, дека не може на слободно судско убедување да одземаат имот кој работниците започнале да го градат во 1958 година врз основа на законот од 1998 година. Вакво чудо нема никаде во светот, суд со пресуда на работници кои двоеле од сопствена уста, од лебот, од синдикалната членарина, од нивните плати кои изградиле дом да го одземаат и да го даваат на државата за потоа државата да може да го раскрчми. Ние сме успеале 30 години од 1992 да го зачуваме Работничкиот дом во периодот на транзицијата кога олигархијата, газдите ги грабнаа работничките имоти и работничките фабрики и денеска 30 години после тоа сакаат да го грабнат и Работничкиот дом и на таков начин да го замолчат синдикалното движење, потенцира Трендафилов.

Порача дека ваквата пресуда „шефе види што им направив“ ќе предизвика штета на еден куп други организации во државата, почнувајќи од политички партии, од стопански комори, Црвен крст, пензионери, борци и слични организации кои пред 1992 година граделе свои сопствени куќи и свои сопствени домови.

Најави дека на 18 април треба да се одржи рочиште во Основниот граѓански суд кој треба само да го препрати предметот во Врховниот суд кој, пак, треба да одлучува по барањето за повторување на постапката со истиот судечки совет кој ја донесе првичната одлука.

Видоа што се случува изминатите денови, ќе ги прочитаат и новите докази и аргументи кои ги имаме и сметаме дека ќе ја исправат неправдата која ја нанесоа. Имаат доволно време да седнат, да разговараат, да разменат идеи и да ги почитуваат мислењата на оние две судијки кои ги дале како издвоени мислења во целокупната постапка врз основа на аргументи, а не само на слободно судско уверување и да донесат нова пресуда врз основа на Уставот, законите и меѓународните трудови стандарди. Во спротивно слободното судско убедување ќе стане слободно работничко убедување и ќе ги преземаме истите работи како и тие, рече Трендафилов.

За нивното барање за преиспитување на одлуката и за разрешување на тројцата судии од судечкиот совет кои ја донесоа, рече дека ССМ уште веднаш кога ја доби одлуката побара оставка од тројцата судии.

Во судечкиот совет од пет судии имаме две издвоени мислења во интерес на ССМ и во интерес на правото и на правдата – во интерес на работниците. Очекуваме да се одважат и да поднесат оставки. Поради не поднесувањето оставки од нивна страна поднесувавме барања за утврдување на дисциплинска одговорност до Судскиот совет и очекуваме веднаш по извршувањето на изборите Советот да ги разгледува трите барања поединечно врз основа на доказите кои ги поднесовме и да утврди дисциплинска одговорност доколку овие судии до 1 мај не се одважат и не донесат поинаква пресуда во интерес на правото, правдата и во интерес на работниците, рече Трендафилов.

Очекуваат за предметот да се заинтересиран и Уставниот суд поради нивната одлука од 1992 година која, како што велат, тројцата судии ја погазија и ја фрлија во канта за отпадоци и поради барањето што го поднесе ССМ до нив за заштита на правата и слободите, а не ја исклучуваат и можноста да ја тужат државата пред Меѓународниот суд во Стразбур.

На 15 мај истекува рокот за поднесување на тужба против државата. Не сакаме да бидеме доведени во ситуација како работници да ја тужиме и напаѓаме државата и да ги срамиме политичарите, судиите и функционерите и очекуваме до 1 мај да заврши разрешницата. Доколку не, имаме безрезервна поддршка од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати и ќе поднесеме тужба до Меѓународниот суд, но по 1 мај сите акции и активности кои ќе ги преземаат синдикатите во насока на заштита на Работничкиот дом не можеме да гарантираме дека ќе се одвиваат на ваков начин и може да бидат далеку поригорозни особено ако некој проба да влезе во Работничкиот дом и ако проба да ни го одземе Работничкиот дом кој го граделе нашите дедовци и баби и нашите татковци и мајки и ние како работници, посочи Трендафилов.

Како што кажа, ССМ или Единствените синдикати на Македонија како што се нарекувале во 1948 година уште тогаш обезбедиле 10 проценти од средствата за изградба на Работничкиот дом, а во наредните 10 години ги обезбедиле сите потребни средства за изградба. Државата, како што потенцира, нема ни еден доказ дека инвестирала ниту еден тогашен динар во изградбата. Сите документи од одобрението за расчистување на просторот, одобрението за градба, исплатените средства преку банка на сметка на изведувачот, договорот за изградба, уверението за употреба и сите други документи се исклучива само на име на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Доколку не сме имале право тогаш немало ниту да ги имаме на наше име. Денеска дојдовме тука да им дадеме жолт картон од членовите на органите и телата на синдикатите, а доколку е потребно можеме да бидеме и 700, можеме да бидеме и 7.000, можеме да бидеме и 70.000. Седумдесет илјади членови брои ССМ, 70.000 од нас ќе застанат тука да им покажат на овие судии дека правото и правдата мора да завладее и дека мора од некаде да се почне. Ќе почнеме од Врховниот суд, пресудата која ја очекуваме не е да биде тоа во интерес на ССМ, туку тоа да биде во интерес на работниците и на правото, рече Трендафилов.

За време на протестот целосно затворена за сообраќај беше левата страна од булеварот „Кочо Рацин“ на потегот од семафорите кај судска палата до Работничкиот дом.

The post Трендафилов: Дојдовме да им дадеме жолт картон на судиите, по 1 мај ќе им дадеме црвен appeared first on Република.

]]>

Потесното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска се собра на протест пред зградата на Врховниот суд за, како што рекоа, да им дадат жолт картон на судиите поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом. Порачаа дека правото мора да владее во државата и оти не е работа на синдикатите да се изборат за тоа, но кога мораат - можат и ќе покажат дека правото ќе владее во земјава. Во спротивно најави дека по 1 мај ќе им дадат црвен картон на судиите.
Чекаме до 1 мај. Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови. Доколку го земат нашиот дом ќе ги земеме нивните домови. Ние друг избор немаме, отстапка назад немаме. Ние сме доведени до ѕидот, а до ѕидот се знае што се прави - се гази само напред и само право, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Дојдовме, додаде, пред Врховниот суд да им го завртиме грбот на оние судии кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом.
Денеска дојдовме тука само раководствата на синдикатите да им кажеме на овие судии дека време е правото и правдата да победи, дека не може на слободно судско убедување да одземаат имот кој работниците започнале да го градат во 1958 година врз основа на законот од 1998 година. Вакво чудо нема никаде во светот, суд со пресуда на работници кои двоеле од сопствена уста, од лебот, од синдикалната членарина, од нивните плати кои изградиле дом да го одземаат и да го даваат на државата за потоа државата да може да го раскрчми. Ние сме успеале 30 години од 1992 да го зачуваме Работничкиот дом во периодот на транзицијата кога олигархијата, газдите ги грабнаа работничките имоти и работничките фабрики и денеска 30 години после тоа сакаат да го грабнат и Работничкиот дом и на таков начин да го замолчат синдикалното движење, потенцира Трендафилов.
Порача дека ваквата пресуда „шефе види што им направив“ ќе предизвика штета на еден куп други организации во државата, почнувајќи од политички партии, од стопански комори, Црвен крст, пензионери, борци и слични организации кои пред 1992 година граделе свои сопствени куќи и свои сопствени домови. Најави дека на 18 април треба да се одржи рочиште во Основниот граѓански суд кој треба само да го препрати предметот во Врховниот суд кој, пак, треба да одлучува по барањето за повторување на постапката со истиот судечки совет кој ја донесе првичната одлука.
Видоа што се случува изминатите денови, ќе ги прочитаат и новите докази и аргументи кои ги имаме и сметаме дека ќе ја исправат неправдата која ја нанесоа. Имаат доволно време да седнат, да разговараат, да разменат идеи и да ги почитуваат мислењата на оние две судијки кои ги дале како издвоени мислења во целокупната постапка врз основа на аргументи, а не само на слободно судско уверување и да донесат нова пресуда врз основа на Уставот, законите и меѓународните трудови стандарди. Во спротивно слободното судско убедување ќе стане слободно работничко убедување и ќе ги преземаме истите работи како и тие, рече Трендафилов.
За нивното барање за преиспитување на одлуката и за разрешување на тројцата судии од судечкиот совет кои ја донесоа, рече дека ССМ уште веднаш кога ја доби одлуката побара оставка од тројцата судии.
Во судечкиот совет од пет судии имаме две издвоени мислења во интерес на ССМ и во интерес на правото и на правдата – во интерес на работниците. Очекуваме да се одважат и да поднесат оставки. Поради не поднесувањето оставки од нивна страна поднесувавме барања за утврдување на дисциплинска одговорност до Судскиот совет и очекуваме веднаш по извршувањето на изборите Советот да ги разгледува трите барања поединечно врз основа на доказите кои ги поднесовме и да утврди дисциплинска одговорност доколку овие судии до 1 мај не се одважат и не донесат поинаква пресуда во интерес на правото, правдата и во интерес на работниците, рече Трендафилов.
Очекуваат за предметот да се заинтересиран и Уставниот суд поради нивната одлука од 1992 година која, како што велат, тројцата судии ја погазија и ја фрлија во канта за отпадоци и поради барањето што го поднесе ССМ до нив за заштита на правата и слободите, а не ја исклучуваат и можноста да ја тужат државата пред Меѓународниот суд во Стразбур.
На 15 мај истекува рокот за поднесување на тужба против државата. Не сакаме да бидеме доведени во ситуација како работници да ја тужиме и напаѓаме државата и да ги срамиме политичарите, судиите и функционерите и очекуваме до 1 мај да заврши разрешницата. Доколку не, имаме безрезервна поддршка од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати и ќе поднесеме тужба до Меѓународниот суд, но по 1 мај сите акции и активности кои ќе ги преземаат синдикатите во насока на заштита на Работничкиот дом не можеме да гарантираме дека ќе се одвиваат на ваков начин и може да бидат далеку поригорозни особено ако некој проба да влезе во Работничкиот дом и ако проба да ни го одземе Работничкиот дом кој го граделе нашите дедовци и баби и нашите татковци и мајки и ние како работници, посочи Трендафилов.
Како што кажа, ССМ или Единствените синдикати на Македонија како што се нарекувале во 1948 година уште тогаш обезбедиле 10 проценти од средствата за изградба на Работничкиот дом, а во наредните 10 години ги обезбедиле сите потребни средства за изградба. Државата, како што потенцира, нема ни еден доказ дека инвестирала ниту еден тогашен динар во изградбата. Сите документи од одобрението за расчистување на просторот, одобрението за градба, исплатените средства преку банка на сметка на изведувачот, договорот за изградба, уверението за употреба и сите други документи се исклучива само на име на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Доколку не сме имале право тогаш немало ниту да ги имаме на наше име. Денеска дојдовме тука да им дадеме жолт картон од членовите на органите и телата на синдикатите, а доколку е потребно можеме да бидеме и 700, можеме да бидеме и 7.000, можеме да бидеме и 70.000. Седумдесет илјади членови брои ССМ, 70.000 од нас ќе застанат тука да им покажат на овие судии дека правото и правдата мора да завладее и дека мора од некаде да се почне. Ќе почнеме од Врховниот суд, пресудата која ја очекуваме не е да биде тоа во интерес на ССМ, туку тоа да биде во интерес на работниците и на правото, рече Трендафилов.
За време на протестот целосно затворена за сообраќај беше левата страна од булеварот „Кочо Рацин“ на потегот од семафорите кај судска палата до Работничкиот дом.

The post Трендафилов: Дојдовме да им дадеме жолт картон на судиите, по 1 мај ќе им дадеме црвен appeared first on Република.

]]>
Совршено сочни колбаси во вино https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/sovrsheno-sochni-kolbasi-vo-vino/ Mon, 01 May 2023 08:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=629068

Први мај е Меѓународен ден на трудот, но традицијата наложува овој ден да се помине во убаво друштво и да се подготвува добра скара. Но, кога поради некакви причини не можете да го поминете на некое излетничко место, туку ќе останете дома, може да го испробате овој рецепт кој ветува сочни колбаси и миризлив прелив.

https://youtu.be/p4A_HrbKUT0

The post Совршено сочни колбаси во вино appeared first on Република.

]]>

Први мај е Меѓународен ден на трудот, но традицијата наложува овој ден да се помине во убаво друштво и да се подготвува добра скара. Но, кога поради некакви причини не можете да го поминете на некое излетничко место, туку ќе останете дома, може да го испробате овој рецепт кој ветува сочни колбаси и миризлив прелив. https://youtu.be/p4A_HrbKUT0

The post Совршено сочни колбаси во вино appeared first on Република.

]]>
Да се покаже силата на работничката класа: Повик за Првомајски протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-se-pokazhe-silata-na-rabotnichkata-klasa-povik-za-prvomajski-protest/ Thu, 27 Apr 2023 16:51:38 +0000 https://republika.mk/?p=634752

По повод Интернационалниот ден на трудот, организациите Социјалистичка зора, Марксистичка организација „Црвени“, АНКОМ и Социјалниот центар Дуња ги повикуваат сите работници, студенти, невработени и пензионери на Првомајски протест за заедно со синдикатите да ја покажат силата на работничката класа и да се борат за своите права.

На повидок е зголемување на веќе востановеното право на 40-часовно седмично работно време. Недела како неработен ден тешко се спроведува во пракса. Правото на годишен одмор на многумина им е скратено. Висината на платите не е соодветна на достоинствен животен стандард. Луѓе кои што работат со полно работно време се заглавени со кредити за базични животни потреби, не за луксузи. Работници страдаат поради лошите работни услови и немањето заштита при работа.

Изминатите 30 години работничката класа во Македонија континуирано ги губи веќе изборените права, ѝ се намалува квалитетот на животот, а односот кон неа е однос како кон потрошлив ресурс.

„Експлоатацијата кон работничката класа станува се посилна и побрутална. Затоа, Први мај може да ни се види како добра можност за малку одмор и отпочинка од мачното секојдневие. Сепак, погрешно во сегашната ситуација е работникот да пикникува и прославува наместо да протестира“- вели Џејлан Велиу од Социјалистичка зора.

Членот на Марксистичка организација „Црвени“ - Дејан Лутовски ја потенцира важноста на организираната работничка борба: „Искуството ни покажува дека таму каде што има силни работнички организации и организирана работничка борба, работничката класа е во многу подобра состојба и обратно, онаму каде што не постојат силни работнички организации и организирана работничка борба, како кај нас, работничката класа е брутално искористена без права и со мизерен квалитет на живот. Исходот на борбата зависи од степенот на нашата мобилизираност и организираност, односно од силата на нашите организации“.

Од организациите потсетуваат дека сите права кои денес ги земаме здраво за готово се постигнати со организираност: 8-часовното работно време, правото на годишен одмор, јавните здравствени и пензиски оригурувања итн. За правата да се одржат и да се зголемат таа организираност мора да биде жива и присутна.

Протестот ќе започне од споменикот на УРС-овите синдикати, спроти Олимпискиот базен во Скопје, во понеделник, 1-ви Мај, во 12 часот и ќе се приклучи на протестот на Сојузот на Синдикати на Македонија.

The post Да се покаже силата на работничката класа: Повик за Првомајски протест appeared first on Република.

]]>

По повод Интернационалниот ден на трудот, организациите Социјалистичка зора, Марксистичка организација „Црвени“, АНКОМ и Социјалниот центар Дуња ги повикуваат сите работници, студенти, невработени и пензионери на Првомајски протест за заедно со синдикатите да ја покажат силата на работничката класа и да се борат за своите права. На повидок е зголемување на веќе востановеното право на 40-часовно седмично работно време. Недела како неработен ден тешко се спроведува во пракса. Правото на годишен одмор на многумина им е скратено. Висината на платите не е соодветна на достоинствен животен стандард. Луѓе кои што работат со полно работно време се заглавени со кредити за базични животни потреби, не за луксузи. Работници страдаат поради лошите работни услови и немањето заштита при работа. Изминатите 30 години работничката класа во Македонија континуирано ги губи веќе изборените права, ѝ се намалува квалитетот на животот, а односот кон неа е однос како кон потрошлив ресурс. „Експлоатацијата кон работничката класа станува се посилна и побрутална. Затоа, Први мај може да ни се види како добра можност за малку одмор и отпочинка од мачното секојдневие. Сепак, погрешно во сегашната ситуација е работникот да пикникува и прославува наместо да протестира“- вели Џејлан Велиу од Социјалистичка зора. Членот на Марксистичка организација „Црвени“ - Дејан Лутовски ја потенцира важноста на организираната работничка борба: „Искуството ни покажува дека таму каде што има силни работнички организации и организирана работничка борба, работничката класа е во многу подобра состојба и обратно, онаму каде што не постојат силни работнички организации и организирана работничка борба, како кај нас, работничката класа е брутално искористена без права и со мизерен квалитет на живот. Исходот на борбата зависи од степенот на нашата мобилизираност и организираност, односно од силата на нашите организации“. Од организациите потсетуваат дека сите права кои денес ги земаме здраво за готово се постигнати со организираност: 8-часовното работно време, правото на годишен одмор, јавните здравствени и пензиски оригурувања итн. За правата да се одржат и да се зголемат таа организираност мора да биде жива и присутна. Протестот ќе започне од споменикот на УРС-овите синдикати, спроти Олимпискиот базен во Скопје, во понеделник, 1-ви Мај, во 12 часот и ќе се приклучи на протестот на Сојузот на Синдикати на Македонија.

The post Да се покаже силата на работничката класа: Повик за Првомајски протест appeared first on Република.

]]>
Првиот синдикалец Димовски: На 1. мај бевме изиграни и излажани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prviot-sindikalec-dimovski-na-1-maj-bevme-izigrani-i-izlazani/ Tue, 20 Sep 2022 18:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=552701

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Дарко Димовски денеска укажа дека синдикатите нема да потпишат ништо во што нема да учествуваат.

-Како тоа они работеле? Па ние зошто сме социјални партнери? Нашите потреби треба да ги слушне министерката (Јованка Тренчевска). Ние не идеме кај Бесими пред врата, кај министерката си идеме. Не може да исчезне социјалниот дијалог и пет пратеници да ни менуваат закони и да се укинуваат работнички права. Не оди во обзир тоа. За 100 дена можевте да бидете најуспешна Влада. Да потпишеме минимална плата, каде првпат ги кренав рацете и првпат работникот излезе победник. Место да ги усогласевме платите според Законот за минимална плата и да добијат сите, мене ми е многу криво што на 1-ви мај бевме изиграни и излажани, рече Димовски во емисијата „Топ тема“.

Димовски ја праша министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска „зошто се зголемени платите во култура, ако не важи членот 8 од Законот за минимална плата“.

The post Првиот синдикалец Димовски: На 1. мај бевме изиграни и излажани appeared first on Република.

Париз гореше на 1 Мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pariz-goreshe-na-1-maj/ Sun, 01 May 2022 21:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=496154

Десетици демонстранти се приведени, а неколкумина се повредени во немирите на првомајските протести во Франција против политиката на новоизбраниот претседател Емануел Макрон.

Француската полиција употреби солзавец за да потисне дел од демонстрантите кои се судрија со полицискиот кордон. Дел од нив, облечени во црно, кршеа објекти и палеа контенјери, а ограбуваа и деловни простории во Париз.

Илјадници луѓе се приклучија на првомајските маршеви низ Франција, повикувајќи на зголемување на платите и Макрон да се откаже од својот план за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Повеќето беа мирни, но насилството изби во главниот град, каде што полицијата уапси 45 лица, вклучително и жена која нападна пожарникар кој се обидуваше да изгасне пожар, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин на прес-конференција.

Повредени се осум полицајци, додаде Дарманин.

Судирите со полицијата избувнаа на почетокот на маршот во близина на плоштадот Ла Република и кога стигна до плоштадот Ла Нација во источен Париз.<

Анархистите од „црниот блок“ ограбија ресторан на Мекдоналдс на плоштадот Леон Блум и фрлија неколку агенции за недвижности, скршејќи им ги прозорците и запалија корпи за ѓубре.

Полицијата одговорила со солзавец.

Протестот беше и повод левичарските партии во земјата да се обидат да покажат обединетост за одбрана на правата на работниците. Партиите разговараат за соработка на јунските парламентарни избори во обид да ја ограничат моќта на Макрон во законодавниот дом.

The post Париз гореше на 1 Мај appeared first on Република.

]]>

Десетици демонстранти се приведени, а неколкумина се повредени во немирите на првомајските протести во Франција против политиката на новоизбраниот претседател Емануел Макрон. Француската полиција употреби солзавец за да потисне дел од демонстрантите кои се судрија со полицискиот кордон. Дел од нив, облечени во црно, кршеа објекти и палеа контенјери, а ограбуваа и деловни простории во Париз. Илјадници луѓе се приклучија на првомајските маршеви низ Франција, повикувајќи на зголемување на платите и Макрон да се откаже од својот план за зголемување на старосната граница за пензионирање. Повеќето беа мирни, но насилството изби во главниот град, каде што полицијата уапси 45 лица, вклучително и жена која нападна пожарникар кој се обидуваше да изгасне пожар, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин на прес-конференција. Повредени се осум полицајци, додаде Дарманин. Судирите со полицијата избувнаа на почетокот на маршот во близина на плоштадот Ла Република и кога стигна до плоштадот Ла Нација во источен Париз.< Анархистите од „црниот блок“ ограбија ресторан на Мекдоналдс на плоштадот Леон Блум и фрлија неколку агенции за недвижности, скршејќи им ги прозорците и запалија корпи за ѓубре. Полицијата одговорила со солзавец. Протестот беше и повод левичарските партии во земјата да се обидат да покажат обединетост за одбрана на правата на работниците. Партиите разговараат за соработка на јунските парламентарни избори во обид да ја ограничат моќта на Макрон во законодавниот дом.

The post Париз гореше на 1 Мај appeared first on Република.

]]>
7 од 10 новинари земаат потпросечна плата, 4 од 10 се со договор на дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/7-od-10-novinari-zemaat-potprosechna-plata-4-od-10-se-so-dogovor-na-delo/ Sun, 01 May 2022 17:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=496114

Ако во земјава постоеја 10 новинари, седуммина ќе земеа потпросечна плата, четворица немаа да имаат ниту постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело, а кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1:3, значи дека имате ризично работно место, вака претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, го започна своето обраќање со цел да потсети на лошиот статус на новинарите и медиумските работници во Македонија.

Тоа се само бројки за судбините на нашите медиумски работници, вели Беловски и нагласува дека работничките права се предусловот за професионално новинарство и дека сигурната работа значи достоинствено новинарство.

Оној кој е социјално обесправен, оној кој е во подредена положба, оној кој е уценет со мизерна плата за опстанок - тој не е слободен! Токму на Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката: Само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо. Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која започна 1886-тата и продолжува. Честит Први мај!, пррачаа Беловски и новинарскиот синдикат.

The post 7 од 10 новинари земаат потпросечна плата, 4 од 10 се со договор на дело appeared first on Република.

]]>

Ако во земјава постоеја 10 новинари, седуммина ќе земеа потпросечна плата, четворица немаа да имаат ниту постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело, а кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1:3, значи дека имате ризично работно место, вака претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, го започна своето обраќање со цел да потсети на лошиот статус на новинарите и медиумските работници во Македонија. Тоа се само бројки за судбините на нашите медиумски работници, вели Беловски и нагласува дека работничките права се предусловот за професионално новинарство и дека сигурната работа значи достоинствено новинарство.
Оној кој е социјално обесправен, оној кој е во подредена положба, оној кој е уценет со мизерна плата за опстанок - тој не е слободен! Токму на Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката: Само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо. Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која започна 1886-тата и продолжува. Честит Први мај!, пррачаа Беловски и новинарскиот синдикат.
 
The post 7 од 10 новинари земаат потпросечна плата, 4 од 10 се со договор на дело appeared first on Република.

]]>
Џафери: Постојано да се бориме за почитување на работничкиот труд и работничките права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-postojano-da-se-borime-za-pochituvanje-na-rabotnichkiot-trud-i-rabotnichkite-prava/ Sun, 01 May 2022 06:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=495892

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Во честитката, Џафери порачува дека сите постојано треба да се бориме за почитување на работничкиот труд и работничките права, но се осврнува и на протестот на просветните работници, изразувајќи надеж дека набрзо ќе се постигне договор за нивните примања зашто децата, како што потенцира, не смеат да трпат.

Дозволете од име на пратениците во Собранието на Република Македонија и од мое лично име да упатам честитки по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, денот на работниците кои претставуваат огромна заедница со чиј труд, придонес и посветеност сме тоа што сме или пак, без кои никогаш не би биле тоа што сме. Секој момент, секој атом енергија што го трошат за да обезбедат нормално функционирање на нашето секојдневие, за да има леб на трпезата, за да имаме покрив над главата, за да се образуваат и лекуваат нашите деца, нашите граѓани, треба да не потсети дека не само денес, туку секој ден, секој час треба да се бориме сите за почитување на работничкиот труд и работничките права, за обезбедување на пристојни работни услови, за заштита на работните места и постојано креирање на нови, за достоинствена плата и еднакво вреднување на работата на секој работник или работничка, без дискриминација, стои во честитката од Џафери.

Претседателот на Собранието потсети дека деновиве бевме сведоци на штрајк заради, како што наведува, усогласување на примањата на просветните работници. Џафери изразува жалење што во оваа ситуација, како што наведува, „колатерална штета сепак се нашите најмали и најмили, во сите фази од образовниот процес, кои, ако се земат предвид вонредните услови наметнати од повеќегодишната пандемиска криза, и онака претрпеа огромни загуби и имаат празнини во тој образовен процес, трае предолго и не се наоѓа заеднички јазик и разбирање“.

Се надевам дека со обострана искрена намера и волја набрзо ќе се постигне договор и ќе се продолжи онаму каде што се застана. Децата не смеат да трпат, тие се нашата иднина, иднина на нашата држава. Градењето на рамноправна заедница која се грижи за доброто на сите свои граѓани и ја стимулира желбата за личен и колективен придонес е одговорност и водилка за сите нас, за менување кон подобро за сите нас. Честит 1 Мај, бидете живи, здрави и рамноправни!, се посочува во честитката од претседателот на Собранието.

The post Џафери: Постојано да се бориме за почитување на работничкиот труд и работничките права appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Во честитката, Џафери порачува дека сите постојано треба да се бориме за почитување на работничкиот труд и работничките права, но се осврнува и на протестот на просветните работници, изразувајќи надеж дека набрзо ќе се постигне договор за нивните примања зашто децата, како што потенцира, не смеат да трпат. Дозволете од име на пратениците во Собранието на Република Македонија и од мое лично име да упатам честитки по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, денот на работниците кои претставуваат огромна заедница со чиј труд, придонес и посветеност сме тоа што сме или пак, без кои никогаш не би биле тоа што сме. Секој момент, секој атом енергија што го трошат за да обезбедат нормално функционирање на нашето секојдневие, за да има леб на трпезата, за да имаме покрив над главата, за да се образуваат и лекуваат нашите деца, нашите граѓани, треба да не потсети дека не само денес, туку секој ден, секој час треба да се бориме сите за почитување на работничкиот труд и работничките права, за обезбедување на пристојни работни услови, за заштита на работните места и постојано креирање на нови, за достоинствена плата и еднакво вреднување на работата на секој работник или работничка, без дискриминација, стои во честитката од Џафери. Претседателот на Собранието потсети дека деновиве бевме сведоци на штрајк заради, како што наведува, усогласување на примањата на просветните работници. Џафери изразува жалење што во оваа ситуација, како што наведува, „колатерална штета сепак се нашите најмали и најмили, во сите фази од образовниот процес, кои, ако се земат предвид вонредните услови наметнати од повеќегодишната пандемиска криза, и онака претрпеа огромни загуби и имаат празнини во тој образовен процес, трае предолго и не се наоѓа заеднички јазик и разбирање“. Се надевам дека со обострана искрена намера и волја набрзо ќе се постигне договор и ќе се продолжи онаму каде што се застана. Децата не смеат да трпат, тие се нашата иднина, иднина на нашата држава. Градењето на рамноправна заедница која се грижи за доброто на сите свои граѓани и ја стимулира желбата за личен и колективен придонес е одговорност и водилка за сите нас, за менување кон подобро за сите нас. Честит 1 Мај, бидете живи, здрави и рамноправни!, се посочува во честитката од претседателот на Собранието.

The post Џафери: Постојано да се бориме за почитување на работничкиот труд и работничките права appeared first on Република.

]]>
И следниот викенд е продоложен, понеделник е неработен ден https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/i-sledniot-vikend-e-prodolozen-ponedelnik-e-neraboten-den/ Sun, 24 Apr 2022 10:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=493031

По овој Велигденски викенд ќе имаме уште еден продолжен викенд и тоа веќе следната недела. Неработни денови се 1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник), а истовремено, тогаш се паѓа празникот Рамазан Бајрам.

The post И следниот викенд е продоложен, понеделник е неработен ден appeared first on Република.

Нови мерки за влез во Грција: Што треба да знаете пред да отпатувате за Први мај? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novi-merki-za-vlez-vo-grcija-shto-treba-da-znaete-pred-da-otpatuvate-za-prvi-maj/ Mon, 18 Apr 2022 15:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=490157

Доколку планирате да патувате во Грција за претстојните празници, сепак ви треба доказ дека не претставувате закана по здравјето кога станува збор за корона вирусот. Според новата заедничка министерска одлука, според новата заедничка министерска одлука, сите правила кои важеа до денес, 18. април 2022 година, ќе важат до 1. мај до 6. часот наутро, стои на страната.

Ова би значело дека ви треба едно од следниве за да влезете:
– Доказ за примена бустер доза во секое време
– Две дози од вакцината, од кои втората не е примена порано од 9. месеци пред пристигнувањето
– Сертификат за прележан вирус кој не е постар од шест месеци
Доколку не сте биле вакцинирани и не сте го имале вирусот во опишаната рамка, неопходен е антиген тест кој не е постар од 24. часа или негативен PCR кој не е постар од 72. часа, се наведува на Фејсбук страницата „Грција Во живо“.

Овие правила важат за сите постари од пет години и за граѓаните на Србија, Црна Гора и Македонија, додека туристите од БиХ во секој случај мора да направат тест без оглед на статусот на вакцинација.

Како што се наведува понатаму, во однос на движењето низ државата и влезовите во различни објекти, издадено е пропратното Решение бр.1882/2022, според кое ништо не е променето од важечките прописи до денес. Значи, за да се влезе во сите објекти кои можат да бидат од интерес за туристите, освен за намирници и аптеки, потребно е да се има некој од горенаведените предуслови.

Ова се однесува на влез и во останатите малопродажни објекти, трговски центри, ресторани. Брзиот тест во овој случај трае 48 часа.

Оние кои имаат само брз тест со истото можат да седат само во бавчите на угостителските објекти, не внатре. Луѓето кои имаат само брз тест не можат да влезат во музеи и археолошки локалитети. Децата од 4 до 17 години можат да се самотестираат само во аптеки, стои на страницата.

The post Нови мерки за влез во Грција: Што треба да знаете пред да отпатувате за Први мај? appeared first on Република.

]]>

Доколку планирате да патувате во Грција за претстојните празници, сепак ви треба доказ дека не претставувате закана по здравјето кога станува збор за корона вирусот. Според новата заедничка министерска одлука, според новата заедничка министерска одлука, сите правила кои важеа до денес, 18. април 2022 година, ќе важат до 1. мај до 6. часот наутро, стои на страната. Ова би значело дека ви треба едно од следниве за да влезете: – Доказ за примена бустер доза во секое време – Две дози од вакцината, од кои втората не е примена порано од 9. месеци пред пристигнувањето – Сертификат за прележан вирус кој не е постар од шест месеци Доколку не сте биле вакцинирани и не сте го имале вирусот во опишаната рамка, неопходен е антиген тест кој не е постар од 24. часа или негативен PCR кој не е постар од 72. часа, се наведува на Фејсбук страницата „Грција Во живо“. Овие правила важат за сите постари од пет години и за граѓаните на Србија, Црна Гора и Македонија, додека туристите од БиХ во секој случај мора да направат тест без оглед на статусот на вакцинација. Како што се наведува понатаму, во однос на движењето низ државата и влезовите во различни објекти, издадено е пропратното Решение бр.1882/2022, според кое ништо не е променето од важечките прописи до денес. Значи, за да се влезе во сите објекти кои можат да бидат од интерес за туристите, освен за намирници и аптеки, потребно е да се има некој од горенаведените предуслови. Ова се однесува на влез и во останатите малопродажни објекти, трговски центри, ресторани. Брзиот тест во овој случај трае 48 часа. Оние кои имаат само брз тест со истото можат да седат само во бавчите на угостителските објекти, не внатре. Луѓето кои имаат само брз тест не можат да влезат во музеи и археолошки локалитети. Децата од 4 до 17 години можат да се самотестираат само во аптеки, стои на страницата.

The post Нови мерки за влез во Грција: Што треба да знаете пред да отпатувате за Први мај? appeared first on Република.

]]>