првачиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvachinja/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 07:03:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png првачиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prvachinja/ 32 32 Децата што се обиделе да силуваат соученик се првачиња, учителката не направила ништо кога тоа ѝ се пожалило https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/detsata-shto-se-obidele-da-siluvaat-souchenik-se-prvachina-uchitelkata-ne-napravila-nishto-koga-toa-se-pozhalilo/ Sat, 12 Oct 2024 07:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=825757

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на детето се случил во дворот на ОУ „Димитар поп Георгиев Беровски“. Двајцата соученици, како што дознава „Сител“ се обиделе сексуално да го нападнат користејќи стаклено шише.

Детето веднаш ја информирала наставничката, но според инфомрации на „Сител“, таа не превзела ништо. Обидот за силување во полиција го пријавил таткото на детето во вторникот доцна попладне откако бил извршен лекарски преглед врз детето. С

Во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorot-na-skopskoto-uchilishte-vo-chij-dvor-dve-detsa-sakale-da-siluvaat-souchenik-podnese-ostavka/

Како што соопштија вчера од Општината, директорот на училиштето поднесе оставка од лични и морални причини. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор.

Формирана е и комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендирана наставничката одговорна за одделението во кое заедно учеле трите деца.   во меѓувреме на разговор биле повикани родителите на децата, а училишните служби работат со класот првооделенци.

The post Децата што се обиделе да силуваат соученик се првачиња, учителката не направила ништо кога тоа ѝ се пожалило appeared first on Република.

]]>

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на детето се случил во дворот на ОУ „Димитар поп Георгиев Беровски“. Двајцата соученици, како што дознава „Сител“ се обиделе сексуално да го нападнат користејќи стаклено шише. Детето веднаш ја информирала наставничката, но според инфомрации на „Сител“, таа не превзела ништо. Обидот за силување во полиција го пријавил таткото на детето во вторникот доцна попладне откако бил извршен лекарски преглед врз детето. С
Во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorot-na-skopskoto-uchilishte-vo-chij-dvor-dve-detsa-sakale-da-siluvaat-souchenik-podnese-ostavka/ Како што соопштија вчера од Општината, директорот на училиштето поднесе оставка од лични и морални причини. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор. Формирана е и комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендирана наставничката одговорна за одделението во кое заедно учеле трите деца.   во меѓувреме на разговор биле повикани родителите на децата, а училишните служби работат со класот првооделенци.

The post Децата што се обиделе да силуваат соученик се првачиња, учителката не направила ништо кога тоа ѝ се пожалило appeared first on Република.

]]>
Алармантно: Има 500 првачиња помалку во однос на минатата година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alarmantno-ima-500-prvachina-pomalku-vo-odnos-na-minatata-godina/ Fri, 09 Aug 2024 09:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=804879

Во новата учебна година се запишале 500 првачиња помалку од лани во мај. Ова го соопшти министерката за образование Весна Јаневска.

Имаме 500 првачиња помалку запишани за разлика од мај минатата година, рече Јаневска.

Тоа е резултат на иселувањето од државата, и тој тренд очигледно продолжува, а продолжува и трендот на пад на првооделенците од година во година.

The post Алармантно: Има 500 првачиња помалку во однос на минатата година appeared first on Република.

]]>

Во новата учебна година се запишале 500 првачиња помалку од лани во мај. Ова го соопшти министерката за образование Весна Јаневска. Имаме 500 првачиња помалку запишани за разлика од мај минатата година, рече Јаневска. Тоа е резултат на иселувањето од државата, и тој тренд очигледно продолжува, а продолжува и трендот на пад на првооделенците од година во година.

The post Алармантно: Има 500 првачиња помалку во однос на минатата година appeared first on Република.

]]>
Аеродромци, аплицирајте за еднократна парична помош за прваче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/aerodromtsi-aplitsirajte-za-ednokratna-parichna-pomosh-za-prvache/ Wed, 10 Jul 2024 10:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=795304

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари.

Рокот за пријавување е од денеска, 10 јули до 30 септември 2024 година.

Родителите на првачињата е потребно до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/2025 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк.

The post Аеродромци, аплицирајте за еднократна парична помош за прваче appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 10 јули до 30 септември 2024 година. Родителите на првачињата е потребно до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/2025 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот. Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк.

The post Аеродромци, аплицирајте за еднократна парична помош за прваче appeared first on Република.

]]>
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-upisot-na-prvachina-za-uchebnata-2024-2025-godina/ Wed, 01 May 2024 15:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=773046

Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици во прво одделение. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.

По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. На барање на родителот и доколку има соглсност од училиштето, како и слободни места, детето може да се запише и во училиште што не е во неговиот реон на живеење.

The post Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година appeared first on Република.

]]>

Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици во прво одделение. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. Родителот односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. На барање на родителот и доколку има соглсност од училиштето, како и слободни места, детето може да се запише и во училиште што не е во неговиот реон на живеење.

The post Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година appeared first on Република.

]]>
Во Прилеп оваа учебна година има 100 помалку првачиња од лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-prilep-ovaa-uchebna-godina-ima-100-pomalku-prvachina-od-lani/ Tue, 29 Aug 2023 08:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=676810

За 100-тина е намален бројот на запишани првачиња во новата учебна година во 10-те основни училишта во Прилеп. Пред стартот на новата учебна година петте средни и десетте основни прилепски училишта се подготвени, ама наставнитците и учениците ќе се снаоѓаат како знаат и умеат без сите учебници.

Едно од основните училишта во центарот на градот во просек запиша по 12 деца во одделение. За шест месеци во претходната учебна година родителите отпишаа 300 ученици и заминаа од државава. Во училиштата не се изненадени и за годинава.

-Во оваа учебна година за првпат ќе зачекорат околу 700 ученици во прво одделение од предвидените околу 800 во единаесетте основни училишта, вклучувајќи го и музичкото училиште. Во прва година од средното образование, во петте средни училишта се запишуваат околу 730 ученици. Трендот на намалување на учениците продолжува и во оваа учебна година. Со воспитно образовниот процес од предвидените околу 800 ќе започнат 700 ученици. Имаме намалување од 100-тина ученици што е алармантно и нешто што се случува со години. Ситуацијата родителите да ги отпишуваат децата и да заминат во странство се случува во сите степени на образовниот процес од прво одделение до четврта година во средното образование. Тој тренд продолжува. За шест месеци од училишните клупи се отпишани околу 300 ученици што треба да не загрижи и да го вклучи алармот кај сите за да се преземе нешто, и кај институциите и кај сите нас како поединци, ни изјави Гоце Бумбароски наставник и советник за млади при прилепската локална самоуправа.

Ланската практика на скрипти и интернет-истражувања ќе се повтори во новата учебна година што долгорочно се одразува на квалитетот на школството и образованието кај младите. Наставниците се чудат кој крај да го фатат. Некаде стигнале некои учебници, но недоволно.

Поучени од минатогодишното искуство кога недостигаа голем дел учебници, претпоставка е дека и оваа година ќе ни се случи да немаме учебници, или, можеби да добиеме материјали за работа, во еден учебник спакувани неколку учебници само за првото тримесечие, па повторно да доаѓаат ученници, пак ќе се снаоѓаме. Не знаеме како и кога ќе стигнат учебниците, ниту кои теми и содржини се опфатени во нив, а нашите годишни програми се веќе доставени до службите во училиштата. Навистина е сето неизвесно, а тоа влијае на целиот образовен процес и на општеството и треба да се запрашаме што се случува, вели Бумбароски.

Новата учебна година отвори повеќе прашања отколку што понуди одговори и за преку 10 000 основци и средношколци во Прилеп.

The post Во Прилеп оваа учебна година има 100 помалку првачиња од лани appeared first on Република.

]]>

За 100-тина е намален бројот на запишани првачиња во новата учебна година во 10-те основни училишта во Прилеп. Пред стартот на новата учебна година петте средни и десетте основни прилепски училишта се подготвени, ама наставнитците и учениците ќе се снаоѓаат како знаат и умеат без сите учебници. Едно од основните училишта во центарот на градот во просек запиша по 12 деца во одделение. За шест месеци во претходната учебна година родителите отпишаа 300 ученици и заминаа од државава. Во училиштата не се изненадени и за годинава.
-Во оваа учебна година за првпат ќе зачекорат околу 700 ученици во прво одделение од предвидените околу 800 во единаесетте основни училишта, вклучувајќи го и музичкото училиште. Во прва година од средното образование, во петте средни училишта се запишуваат околу 730 ученици. Трендот на намалување на учениците продолжува и во оваа учебна година. Со воспитно образовниот процес од предвидените околу 800 ќе започнат 700 ученици. Имаме намалување од 100-тина ученици што е алармантно и нешто што се случува со години. Ситуацијата родителите да ги отпишуваат децата и да заминат во странство се случува во сите степени на образовниот процес од прво одделение до четврта година во средното образование. Тој тренд продолжува. За шест месеци од училишните клупи се отпишани околу 300 ученици што треба да не загрижи и да го вклучи алармот кај сите за да се преземе нешто, и кај институциите и кај сите нас како поединци, ни изјави Гоце Бумбароски наставник и советник за млади при прилепската локална самоуправа.
Ланската практика на скрипти и интернет-истражувања ќе се повтори во новата учебна година што долгорочно се одразува на квалитетот на школството и образованието кај младите. Наставниците се чудат кој крај да го фатат. Некаде стигнале некои учебници, но недоволно.
Поучени од минатогодишното искуство кога недостигаа голем дел учебници, претпоставка е дека и оваа година ќе ни се случи да немаме учебници, или, можеби да добиеме материјали за работа, во еден учебник спакувани неколку учебници само за првото тримесечие, па повторно да доаѓаат ученници, пак ќе се снаоѓаме. Не знаеме како и кога ќе стигнат учебниците, ниту кои теми и содржини се опфатени во нив, а нашите годишни програми се веќе доставени до службите во училиштата. Навистина е сето неизвесно, а тоа влијае на целиот образовен процес и на општеството и треба да се запрашаме што се случува, вели Бумбароски.
Новата учебна година отвори повеќе прашања отколку што понуди одговори и за преку 10 000 основци и средношколци во Прилеп.

The post Во Прилеп оваа учебна година има 100 помалку првачиња од лани appeared first on Република.

]]>
Се намалува бројот на првачиња во Струга, годинава запишани 50-тина помалку од лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-namaluva-brojot-na-prvachina-vo-struga-godinava-zapishani-50-tina-pomalku-od-lani/ Wed, 23 Aug 2023 10:21:17 +0000 https://republika.mk/?p=674904

Бројот на првачиња во струшките основни училишта опаѓа. Само ова година запишани се 50-тина помалку од лани, покажуваат податоците на Општина Струга.

Според информацијата од општинската прес-служба заклучно со јуни во 12-те основни и 24-те подрачни училишта за учебната 2023/24 година запишани се 496 првачиња или 52 помалку од лани кога биле запишани 548 првачиња.

Бројот на првачиња со почетокот на учебната година може да варира, информира за МИА општинскат прес-служба, посочувајќи дека сите основни и подрачни училишта на територија на општина Струга се подготвени за стартот на учебната година.

Бројот на запишани првачиња континуирано опаѓал и претходните години, па така во 2020/2021 биле запишани 590, додека годината потоа 548 првачиња.

Причините за намалувања на бројката, како што посочија од Општина Струга, се иселувањето, намалениот наталитет и слично.

The post Се намалува бројот на првачиња во Струга, годинава запишани 50-тина помалку од лани appeared first on Република.

]]>

Бројот на првачиња во струшките основни училишта опаѓа. Само ова година запишани се 50-тина помалку од лани, покажуваат податоците на Општина Струга. Според информацијата од општинската прес-служба заклучно со јуни во 12-те основни и 24-те подрачни училишта за учебната 2023/24 година запишани се 496 првачиња или 52 помалку од лани кога биле запишани 548 првачиња. Бројот на првачиња со почетокот на учебната година може да варира, информира за МИА општинскат прес-служба, посочувајќи дека сите основни и подрачни училишта на територија на општина Струга се подготвени за стартот на учебната година. Бројот на запишани првачиња континуирано опаѓал и претходните години, па така во 2020/2021 биле запишани 590, додека годината потоа 548 првачиња. Причините за намалувања на бројката, како што посочија од Општина Струга, се иселувањето, намалениот наталитет и слично.

The post Се намалува бројот на првачиња во Струга, годинава запишани 50-тина помалку од лани appeared first on Република.

]]>
Се помалку првачиња во битолските основни училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-pomalku-prvachina-vo-bitolskite-osnovni-uchilishta/ Thu, 13 Jul 2023 10:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=660840

Се намалува бројот на запишани ученици во прво одделение во дванаесетте основни училишта во Битола и битолско. Во предвидениот рок запишани се вкупно 751 прваче или споредено со минатата година, бројот е намален за дваесеттина ученици.

Од Општина Битола информираа дека во ОУ „Гоце Делчев“ годинава се запишале 46 првачиња, во ОУ „Кирил и Методиј“ – 35, во ОУ „Коле Канински“ – 77, во „Трифун Пановски“ – 35, во ОУ „Тодор Ангелевски“ – 101, а во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ запишани се 30 првачиња.

Слична е состојбата и со уписот на првооделенци во другите битолски основни училишта, односно во ОУ „Елпида Караманди“ се запишале 78 првачиња, во ОУ „Даме Груев“ – 66, ОУ „Стив Наумов“ запишале 114, а најмногу првооделеници ќе има во ОУ „Климент Охридски“, вкупно 118.

Во рамки на Општина Битола се и основните училишта „Александар Туринџев“ во село Кукречани, каде запишани се 19 првачиња и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде на 1 септември наставата ќе ја почнат 32 првооддленци.

The post Се помалку првачиња во битолските основни училишта appeared first on Република.

]]>

Се намалува бројот на запишани ученици во прво одделение во дванаесетте основни училишта во Битола и битолско. Во предвидениот рок запишани се вкупно 751 прваче или споредено со минатата година, бројот е намален за дваесеттина ученици. Од Општина Битола информираа дека во ОУ „Гоце Делчев“ годинава се запишале 46 првачиња, во ОУ „Кирил и Методиј“ – 35, во ОУ „Коле Канински“ – 77, во „Трифун Пановски“ – 35, во ОУ „Тодор Ангелевски“ – 101, а во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ запишани се 30 првачиња. Слична е состојбата и со уписот на првооделенци во другите битолски основни училишта, односно во ОУ „Елпида Караманди“ се запишале 78 првачиња, во ОУ „Даме Груев“ – 66, ОУ „Стив Наумов“ запишале 114, а најмногу првооделеници ќе има во ОУ „Климент Охридски“, вкупно 118. Во рамки на Општина Битола се и основните училишта „Александар Туринџев“ во село Кукречани, каде запишани се 19 првачиња и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде на 1 септември наставата ќе ја почнат 32 првооддленци.

The post Се помалку првачиња во битолските основни училишта appeared first on Република.

]]>
Во Македонија снемува првачиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-snemuva-prvachina/ Mon, 12 Jun 2023 16:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=650576

Аларманти податоци од источниот крај на земјава, бројот на новозапишани првачиња намален за 40 проценти.

Секоја година се помалку деца се запишуваат во училиште, но ваква бројка немалло во последните 20 години.

Кочани во септември ќе има 37 отсто помалку првачиња во споредба со лани. Во петте основни училишта во Општина Кочани за новата учебна година запишани се само 206 првачиња, а регистрирани се 147 писмени изјави за деца кои нема да го почнат образованието поради иселување на нивните семејства, главно во странство.

За прв пат ниту едно прваче не се запишало од селата Горни и Долни Подлог и Мојанци.

Исселувањето е се помасовно од источниот регион, загружувачки се бројките и од Прилеп, каде од 800 деца се запишале само 480.

Во Виница и околните населени места регистрирано е опаѓање на бројот на ученици за околу 13 проценти во однос на минатата година.

Во сите четири основни училишта за учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 113 првачиња. Во селото Блатец во прво одделение запишани се само три деца, во подрачното училиште во село Лаки само едно прваче…

Уписите за првачињата беа до 1 јуни, но родителите имаат можност оваа законска обврска да ја исполнат се до почетокот на учебната година. Од МОН велат прецизна статистика за тоа колку првачиња се запишале ќе имаат во септември.

 

The post Во Македонија снемува првачиња appeared first on Република.

]]>

Аларманти податоци од источниот крај на земјава, бројот на новозапишани првачиња намален за 40 проценти. Секоја година се помалку деца се запишуваат во училиште, но ваква бројка немалло во последните 20 години. Кочани во септември ќе има 37 отсто помалку првачиња во споредба со лани. Во петте основни училишта во Општина Кочани за новата учебна година запишани се само 206 првачиња, а регистрирани се 147 писмени изјави за деца кои нема да го почнат образованието поради иселување на нивните семејства, главно во странство. За прв пат ниту едно прваче не се запишало од селата Горни и Долни Подлог и Мојанци. Исселувањето е се помасовно од источниот регион, загружувачки се бројките и од Прилеп, каде од 800 деца се запишале само 480. Во Виница и околните населени места регистрирано е опаѓање на бројот на ученици за околу 13 проценти во однос на минатата година. Во сите четири основни училишта за учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 113 првачиња. Во селото Блатец во прво одделение запишани се само три деца, во подрачното училиште во село Лаки само едно прваче… Уписите за првачињата беа до 1 јуни, но родителите имаат можност оваа законска обврска да ја исполнат се до почетокот на учебната година. Од МОН велат прецизна статистика за тоа колку првачиња се запишале ќе имаат во септември.  

The post Во Македонија снемува првачиња appeared first on Република.

]]>
Се помалку не има: Во Кочани запишани 37, а во Виница 13 отсто помалку првачиња во однос на лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-pomalku-ne-ima-vo-kochani-zapishani-37-a-vo-vinitsa-13-otsto-pomalku-prvachina-vo-odnos-na-lani/ Mon, 12 Jun 2023 11:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=650452

Во петте основни училишта во општина Кочани за новата учебна година се запишани вкупно 206 првачиња, што е за околу 37 отсто помалку во споредба со лани.

Во Одделението за јавни дејности на Општина Кочани евидентирале 147 писмени изјави за деца кои нема да го почнат образованието овде поради иселување на нивните семејства, главно во странство.

Сериозно намалување на запишани првачиња регистриравме на крајот од рокот за пријавување, при што пад на бројот има и во училиштата во градот и во населените места во општината. Карактеристичен е примерот со селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци во кои нема ниту едно запишано прваче, иако се работи за населени места што заедно имаат околу 1.300 жители. Според искуствата од претходните години, можно е до крајот на август да бидат запишани уште дваесетина дечиња, чии родители се на сезонска работа во други места во текот на летниот период, но тоа нема значително да ја подобри состојбата - истакна Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности.

Опаѓање на бројот на ученици кои од септември ќе го почнат своето образование е регистрирано и во општина Виница, каде недостасуваат околу 13 отсто од децата во однос на запишаните во учебната година што е при крај.

Во сите четири основни училишта за учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 113 првачиња, од што само во едно има зголемување за 13 ученици во споредба со лани. Во другите бележиме опаѓање, а типичен пример е едно од училиштата во градот каде има 18 првачиња помалку, односно цела паралелка. Уште посериозно е намалувањето во руралните училишта, како на пример во Блатец каде што има три, а во подрачното училиште во село Лаки само едно прваче - истакна Валентина Манчевска од Одделението за јавни дејности на Општина Виница.

Поради намалувањето на бројот на првачињата, директорите на училиштата имаат обврска да ги комбинираат паралелките, а постапката ќе ја спроведат кон крајот на август, во зависност дали во меѓувреме ќе има дополнително пријавени нови ученици.

The post Се помалку не има: Во Кочани запишани 37, а во Виница 13 отсто помалку првачиња во однос на лани appeared first on Република.

]]>

Во петте основни училишта во општина Кочани за новата учебна година се запишани вкупно 206 првачиња, што е за околу 37 отсто помалку во споредба со лани. Во Одделението за јавни дејности на Општина Кочани евидентирале 147 писмени изјави за деца кои нема да го почнат образованието овде поради иселување на нивните семејства, главно во странство.
Сериозно намалување на запишани првачиња регистриравме на крајот од рокот за пријавување, при што пад на бројот има и во училиштата во градот и во населените места во општината. Карактеристичен е примерот со селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци во кои нема ниту едно запишано прваче, иако се работи за населени места што заедно имаат околу 1.300 жители. Според искуствата од претходните години, можно е до крајот на август да бидат запишани уште дваесетина дечиња, чии родители се на сезонска работа во други места во текот на летниот период, но тоа нема значително да ја подобри состојбата - истакна Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности.
Опаѓање на бројот на ученици кои од септември ќе го почнат своето образование е регистрирано и во општина Виница, каде недостасуваат околу 13 отсто од децата во однос на запишаните во учебната година што е при крај.
Во сите четири основни училишта за учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 113 првачиња, од што само во едно има зголемување за 13 ученици во споредба со лани. Во другите бележиме опаѓање, а типичен пример е едно од училиштата во градот каде има 18 првачиња помалку, односно цела паралелка. Уште посериозно е намалувањето во руралните училишта, како на пример во Блатец каде што има три, а во подрачното училиште во село Лаки само едно прваче - истакна Валентина Манчевска од Одделението за јавни дејности на Општина Виница.
Поради намалувањето на бројот на првачињата, директорите на училиштата имаат обврска да ги комбинираат паралелките, а постапката ќе ја спроведат кон крајот на август, во зависност дали во меѓувреме ќе има дополнително пријавени нови ученици.

The post Се помалку не има: Во Кочани запишани 37, а во Виница 13 отсто помалку првачиња во однос на лани appeared first on Република.

]]>
Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/od-utre-upis-na-prvachina-za-uchebnata-2023-2024-godina/ Sun, 30 Apr 2023 15:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=635556

Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина.

Оваа дигитална услуга преку порталот uslugi.gov.mk МОН ја воведе пред две години за упис на првачињата во учебната 2021/2022 година.

The post Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година appeared first on Република.

]]>

Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето. Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина. Оваа дигитална услуга преку порталот uslugi.gov.mk МОН ја воведе пред две години за упис на првачињата во учебната 2021/2022 година.

The post Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година appeared first on Република.

]]>
Мажите за кои „Вистиномер“ вели дека се татко и син https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mazhite-za-koi-vistinomer-veli-deka-se-tatko-i-sin/ Tue, 04 Apr 2023 08:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=626997

Не престануваат реакциите во јавноста за работните листови од Општество на тема Семејство доделени на првачињата од ООУ „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Центар.  Листовите на кои требаше да се напише рецептот за среќа беа илустрирани со двајца мажи и дете, како и две девојки кои се држат за раце.

Родителите на социјалните мрежи реагираа што на нивните деца им се промовира и подметнува ЛГБТИ агенда.

Директорката прво демантираше дека воопшто постојат такви листови, велејќи дека „сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача“.

За подоцна за „Вистиномер“ да ги сподели сите работни листови, за кои вели се извадени од контекст.

Контровезриизте околу листовите продолжуваат во текстот на порталот за „проверка на факти“, каде се тврди дека на илустрациите не се прикажани двајца мажи и дете, туку „две машки лица (татко и син) и едно помало дете во рацете на таткото“. За девојките што се држат за рака, пак, се вели дека станува збор за мајка и ќерка, со кои се илустрира еднородителско семејство.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овие постови на Фејсбук тенденциозно и злонамерно се пропушта контекстот, oценуваат од „Вистиномер“.

Веднаш после нивната објава, на социјалните мрежи се споделени оригиналните илустрации, кои потекнуваат од странска работна тетратка со ЛГБТ+ содржина наменета за месецот посветен на нив.

Во нив е наведено дека „таткото и синот“ се всушност „двајца татковци и нивниот син“.

Станува збор за истите илустрации користени за работниот, на кои се гледаат и „мајката и ќерката“.

Реагираат и од Коалицијата за заштита на децата, од каде потенцираат дека разликата меѓу оригиналното наставно ливче и тоа што го добиле првооделенците е само насловот бидејќи во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото се води под името „Рецепт за среќно семејство“.

The post Мажите за кои „Вистиномер“ вели дека се татко и син appeared first on Република.

]]>

Не престануваат реакциите во јавноста за работните листови од Општество на тема Семејство доделени на првачињата од ООУ „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Центар.  Листовите на кои требаше да се напише рецептот за среќа беа илустрирани со двајца мажи и дете, како и две девојки кои се држат за раце. Родителите на социјалните мрежи реагираа што на нивните деца им се промовира и подметнува ЛГБТИ агенда. Директорката прво демантираше дека воопшто постојат такви листови, велејќи дека „сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача“. За подоцна за „Вистиномер“ да ги сподели сите работни листови, за кои вели се извадени од контекст. Контровезриизте околу листовите продолжуваат во текстот на порталот за „проверка на факти“, каде се тврди дека на илустрациите не се прикажани двајца мажи и дете, туку „две машки лица (татко и син) и едно помало дете во рацете на таткото“. За девојките што се држат за рака, пак, се вели дека станува збор за мајка и ќерка, со кои се илустрира еднородителско семејство.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овие постови на Фејсбук тенденциозно и злонамерно се пропушта контекстот, oценуваат од „Вистиномер“.
Веднаш после нивната објава, на социјалните мрежи се споделени оригиналните илустрации, кои потекнуваат од странска работна тетратка со ЛГБТ+ содржина наменета за месецот посветен на нив. Во нив е наведено дека „таткото и синот“ се всушност „двајца татковци и нивниот син“. Станува збор за истите илустрации користени за работниот, на кои се гледаат и „мајката и ќерката“. Реагираат и од Коалицијата за заштита на децата, од каде потенцираат дека разликата меѓу оригиналното наставно ливче и тоа што го добиле првооделенците е само насловот бидејќи во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото се води под името „Рецепт за среќно семејство“.

The post Мажите за кои „Вистиномер“ вели дека се татко и син appeared first on Република.

]]>
Директорката вели листот не се користи, родителите пак се извинија што тој беше изваден од контекст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-veli-listot-ne-se-koristi-roditelite-pak-se-izvinija-shto-toj-beshe-izvaden-od-kontekst/ Fri, 31 Mar 2023 07:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=625626

Конфузен демант пристигнува од директорката на ООУ „Свети Кирил и Методиј“- Скопје, Центар за Работниот лист поделен на првачињата, кој вчера предизвика бурни реакции во јавноста.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvachinata-od-tsentar-dobija-lezbijki-i-dete-so-dvajtsa-tatkovtsi-kako-retsept-za-sreka-vo-rabotna-tetratka/

Директорката тврди дека „сликата е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во училиштето“. Но, таа ги објавува и извинувањата од родителите на учениците во I-2 одделение, како и на родителот кој ја објави фотографијата на социјалните мрежи, во кои тие се извинуваат за нивната реакција на листот доделен по предметот Општество, и што тој бил изваден од контекст.

 

ООУ Свети Кирил и Методиј, Центар, Скопје, во целост ги демантира наводите во реакцијата објавена на порталите ,,Коалиција за заштита на децата“ и ,,Задачата.орг“. Под насловот на веста од наведените портали: „Скандалозна домашна задача за првоодделенци во Скопје" се крие малициозна тенденција за искривување на фактичката состојба во нашето училиште. Одговорно тврдиме дека ова не е точно и ја демантираме во целост оваа злонамерна конструкција против нашето училиште.
Имено, сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача.
Исто така, апелот до родителите за заштита на децата од ЛГБТИ индоктринација за време на наставата е надвор од секое здраворазумие и секако е главна активност на групи, организации кои се занимаваат со оваа проблематика. Ние, наставниот кадар и родителите кои ни ги довериле своите деца, нема да подлегнеме на вакви притисоци и тортура врз угледот, работата и успесите на училиштето. Нашето училиште, афирмира здрава перцепција на објективната реалност, градиме здрава иднина на нашите ученици и ги негуваме сите семејни вредности. Не дозволуваме никој да ја злоупотребува среќата на нашите првоодделенци за своја корист и цел.
Затоа, училиштето,најостро ги осудува ваквите обиди за злоупотреба на учениците и родителите, преку лажни објави.Оттука, во име на точно информирање и добробит на учениците, бараме да се изврши корекција на објавениот текст, пишува директорката Соња Кирковска.

Родителот кој го објави Работниот лист вели дека искрено жали што го објавил во момент на афект:

Извинување простигна и од родителите кои сметаат дека оваа задача беше извадена од контекст.

 

The post Директорката вели листот не се користи, родителите пак се извинија што тој беше изваден од контекст appeared first on Република.

]]>

Конфузен демант пристигнува од директорката на ООУ „Свети Кирил и Методиј“- Скопје, Центар за Работниот лист поделен на првачињата, кој вчера предизвика бурни реакции во јавноста. https://republika.mk/vesti/makedonija/prvachinata-od-tsentar-dobija-lezbijki-i-dete-so-dvajtsa-tatkovtsi-kako-retsept-za-sreka-vo-rabotna-tetratka/ Директорката тврди дека „сликата е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во училиштето“. Но, таа ги објавува и извинувањата од родителите на учениците во I-2 одделение, како и на родителот кој ја објави фотографијата на социјалните мрежи, во кои тие се извинуваат за нивната реакција на листот доделен по предметот Општество, и што тој бил изваден од контекст.  
ООУ Свети Кирил и Методиј, Центар, Скопје, во целост ги демантира наводите во реакцијата објавена на порталите ,,Коалиција за заштита на децата“ и ,,Задачата.орг“. Под насловот на веста од наведените портали: „Скандалозна домашна задача за првоодделенци во Скопје" се крие малициозна тенденција за искривување на фактичката состојба во нашето училиште. Одговорно тврдиме дека ова не е точно и ја демантираме во целост оваа злонамерна конструкција против нашето училиште. Имено, сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача. Исто така, апелот до родителите за заштита на децата од ЛГБТИ индоктринација за време на наставата е надвор од секое здраворазумие и секако е главна активност на групи, организации кои се занимаваат со оваа проблематика. Ние, наставниот кадар и родителите кои ни ги довериле своите деца, нема да подлегнеме на вакви притисоци и тортура врз угледот, работата и успесите на училиштето. Нашето училиште, афирмира здрава перцепција на објективната реалност, градиме здрава иднина на нашите ученици и ги негуваме сите семејни вредности. Не дозволуваме никој да ја злоупотребува среќата на нашите првоодделенци за своја корист и цел. Затоа, училиштето,најостро ги осудува ваквите обиди за злоупотреба на учениците и родителите, преку лажни објави.Оттука, во име на точно информирање и добробит на учениците, бараме да се изврши корекција на објавениот текст, пишува директорката Соња Кирковска.
Родителот кој го објави Работниот лист вели дека искрено жали што го објавил во момент на афект: Извинување простигна и од родителите кои сметаат дека оваа задача беше извадена од контекст.  

The post Директорката вели листот не се користи, родителите пак се извинија што тој беше изваден од контекст appeared first on Република.

]]>
Првачињата од Центар добија лезбијки и дете со двајца татковци како „рецепт за среќа“ во работна тетратка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvachinata-od-tsentar-dobija-lezbijki-i-dete-so-dvajtsa-tatkovtsi-kako-retsept-za-sreka-vo-rabotna-tetratka/ Thu, 30 Mar 2023 11:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=625435

Гневни родители на социјалните мрежи го споделуваат работниот лист даден на првачињата во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во скопската општина Центар.

Наставникот им поделил работни листови за домашна задача, на кои од децата се бара да напишат „рецепт за среќно семејство“, но на илустрацијата е прикажано семејство од двајца мажи и дете, како и илустрација од две женски лица кои се држат за рака и разговараат.

Дел од корисниците коментираат дека тоа е дела од „прпагандата“ која е застапена во училиштата, според која учениците треба да се навикнуваат дека семејството не мора да се состои од маж и жена, туку може да биде истополово.

Некои од нив наведуваат дека на наставниците во училиштата им биле поделени прашалници од МОН, во кои меѓудругото во графата за пол, покрај „машки“ и „женски“, има понуда како одредба за пол да се одбере и „друго“.

The post Првачињата од Центар добија лезбијки и дете со двајца татковци како „рецепт за среќа“ во работна тетратка appeared first on Република.

]]>

Гневни родители на социјалните мрежи го споделуваат работниот лист даден на првачињата во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во скопската општина Центар. Наставникот им поделил работни листови за домашна задача, на кои од децата се бара да напишат „рецепт за среќно семејство“, но на илустрацијата е прикажано семејство од двајца мажи и дете, како и илустрација од две женски лица кои се држат за рака и разговараат. Дел од корисниците коментираат дека тоа е дела од „прпагандата“ која е застапена во училиштата, според која учениците треба да се навикнуваат дека семејството не мора да се состои од маж и жена, туку може да биде истополово. Некои од нив наведуваат дека на наставниците во училиштата им биле поделени прашалници од МОН, во кои меѓудругото во графата за пол, покрај „машки“ и „женски“, има понуда како одредба за пол да се одбере и „друго“.

The post Првачињата од Центар добија лезбијки и дете со двајца татковци како „рецепт за среќа“ во работна тетратка appeared first on Република.

]]>
Од идната година првачињата во Хрватска ќе се тестираат за покачен холестерол https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-idnata-godina-prvachinjata-vo-hrvatska-kje-se-testiraat-za-pokachen-holesterol/ Tue, 01 Nov 2022 10:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=568217

Од следната учебна година Хрватска ќе воведе скрининг кај училишните деца за фамилијарна хиперхолестеролемија, со што ќе биде меѓу првите земји со ваков скрининг кој го открива зголемениот кардиоваскуларен ризик за децата, но и за нивните најблиски роднини.

На систематскиот преглед за упис во прво одделение во основно училиште ќе се додаде уште еден наод, а тоа е вкупната вредност на холестеролот во крвта“, изјави за Хина академик Давор Миличиќ, претседател на Хрватското кардиолошко друштво.

Наследна, т.н. фамилијарна хиперхолестеролемија подразбира изложеност на патолошки високи концентрации на атероген холестерол уште од раното детство, и затоа пациентите со оваа метаболичка болест имаат десеткратно поголем ризик од предвремени кардиоваскуларни проблеми.

Миличиќ посочува дека ова е многу важен национален проект кој ќе го подобри кардиоваскуларното здравје на многу семејства и ќе спаси многу животи во догледна иднина. Со оглед на тоа што во прво одделение се запишани во просек околу 30.000 деца, се очекува дека ова нарушување би можело да биде дијагностицирано на околу сто деца во една генерација.

 

The post Од идната година првачињата во Хрватска ќе се тестираат за покачен холестерол appeared first on Република.

]]>

Од следната учебна година Хрватска ќе воведе скрининг кај училишните деца за фамилијарна хиперхолестеролемија, со што ќе биде меѓу првите земји со ваков скрининг кој го открива зголемениот кардиоваскуларен ризик за децата, но и за нивните најблиски роднини. На систематскиот преглед за упис во прво одделение во основно училиште ќе се додаде уште еден наод, а тоа е вкупната вредност на холестеролот во крвта“, изјави за Хина академик Давор Миличиќ, претседател на Хрватското кардиолошко друштво. Наследна, т.н. фамилијарна хиперхолестеролемија подразбира изложеност на патолошки високи концентрации на атероген холестерол уште од раното детство, и затоа пациентите со оваа метаболичка болест имаат десеткратно поголем ризик од предвремени кардиоваскуларни проблеми. Миличиќ посочува дека ова е многу важен национален проект кој ќе го подобри кардиоваскуларното здравје на многу семејства и ќе спаси многу животи во догледна иднина. Со оглед на тоа што во прво одделение се запишани во просек околу 30.000 деца, се очекува дека ова нарушување би можело да биде дијагностицирано на околу сто деца во една генерација.  

The post Од идната година првачињата во Хрватска ќе се тестираат за покачен холестерол appeared first on Република.

]]>
Општина Велес до среда ќе исплати по 3.000 денари надоместок за околу 500 првачиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-veles-do-sreda-kje-isplati-po-3-000-denari-nadomestok-za-okolu-500-prvachinja/ Mon, 17 Oct 2022 17:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=562231

По донесувањето на одлуката на Советот на Општина Велес за паричен надоместок за секое прваче, со ребаланс на буџетот, се обезбедени потребните средства за околу 500 првачиња од Општината, информира градоначалникот Марко Колев.

Тој појасни дека по завршувањето на сите административни процедури средствата ќе бидат на располагање на сметките на родителите најдоцна до среда.

Продолжуваме посветено! Инвестирањето во децата е инвестирање во нашата иднина!, потенцира Колев.

The post Општина Велес до среда ќе исплати по 3.000 денари надоместок за околу 500 првачиња appeared first on Република.

]]>

По донесувањето на одлуката на Советот на Општина Велес за паричен надоместок за секое прваче, со ребаланс на буџетот, се обезбедени потребните средства за околу 500 првачиња од Општината, информира градоначалникот Марко Колев. Тој појасни дека по завршувањето на сите административни процедури средствата ќе бидат на располагање на сметките на родителите најдоцна до среда.
Продолжуваме посветено! Инвестирањето во децата е инвестирање во нашата иднина!, потенцира Колев.

The post Општина Велес до среда ќе исплати по 3.000 денари надоместок за околу 500 првачиња appeared first on Република.

]]>
Во Албанија утре почнува новата учебна година со илјада првачиња помалку од лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-utre-pochnuva-novata-uchebna-godina-so-iljada-prvachinja-pomalku-od-lani/ Sun, 11 Sep 2022 18:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=549835

Во Албанија утре почнува новата 2022/23 учебна година, со веќе познатиот тренд на помал број на оние кои првпат седнуваат во ученичка клупа.

Во новата учебна година запишани се речиси илјада првачиња помалку споредено со септември минатата година.

Според податоците на Министерството за образование, млади и спорт излегува дека околу 29.000 деца ќе го започнат основно образование наспроти 30.000 лани. Иако се уште не е објавен вкупниот број на ученици во предуниверзитетскиот систем, се очекува бројката да биде помала.

Податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, пак потврдуваат дека во последните 5 години се регистрирани околу 56 илјади ученици помалку и тренд на се помал број ученици се очекува и за учебната 2022 – 2023 година.

Според ИНСТАТ, во основното образование има 16.000 деца помалку, во предметна настава на основното образование 24.000, а во средното образование 14.000 ученици помалку во споредба со пред 5 години.

Образовните експерти со загриженост гледаат на состојбата и велат дека е предизвикана од падот на наталитетот и масовното заминување од државата.

The post Во Албанија утре почнува новата учебна година со илјада првачиња помалку од лани appeared first on Република.

]]>

Во Албанија утре почнува новата 2022/23 учебна година, со веќе познатиот тренд на помал број на оние кои првпат седнуваат во ученичка клупа. Во новата учебна година запишани се речиси илјада првачиња помалку споредено со септември минатата година. Според податоците на Министерството за образование, млади и спорт излегува дека околу 29.000 деца ќе го започнат основно образование наспроти 30.000 лани. Иако се уште не е објавен вкупниот број на ученици во предуниверзитетскиот систем, се очекува бројката да биде помала. Податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, пак потврдуваат дека во последните 5 години се регистрирани околу 56 илјади ученици помалку и тренд на се помал број ученици се очекува и за учебната 2022 – 2023 година. Според ИНСТАТ, во основното образование има 16.000 деца помалку, во предметна настава на основното образование 24.000, а во средното образование 14.000 ученици помалку во споредба со пред 5 години. Образовните експерти со загриженост гледаат на состојбата и велат дека е предизвикана од падот на наталитетот и масовното заминување од државата.

The post Во Албанија утре почнува новата учебна година со илјада првачиња помалку од лани appeared first on Република.

]]>
Ранец и бесплатни појадоци за сите првачиња во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ranec-i-besplatni-pojadoci-za-site-prvachinja-vo-gjorche-petrov/ Wed, 31 Aug 2022 14:30:13 +0000 https://republika.mk/?p=546134

Училишното ѕвоно е најголем сојузник на децата , почеток кој ги води низ најубавиот период од животот.

За еден од најубавите и најемотивни приказни на нашите најмлади, oпштината Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за секое прваче, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски.

Сите 430 првачиња од основните училишта од општината Ѓорче Петров заслужуваат квалитетно образование, добри услови за работа и квалитетна иднина за која ќе се залагаме заеднички. На почетокот на новата учебна година, учениците ќе ги пречекаат хортикултурно средени дворови во сите училишта. Обезбедивме и бесплатен појадок за сите првачиња, со цел финансиско олеснување на родителите кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште. Се потрудивме овој почеток на учебната година да биде возбудлив за сите дечиња од Ѓорче Петров кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи и ќе навлезат во светот на образованието, науката и забавата. Првиот училишен ден нека биде најсреќниот ден за децата, а за родителите полн со емотивни моменти кои долго ќе ги паметат. Ние постоиме за нив, со подеднаква почит кон сите деца. Да бидеме нивна најголема поддршка и да ги мотивираме да ги остварат нивните соништа, порача Стојкоски.

The post Ранец и бесплатни појадоци за сите првачиња во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Училишното ѕвоно е најголем сојузник на децата , почеток кој ги води низ најубавиот период од животот. За еден од најубавите и најемотивни приказни на нашите најмлади, oпштината Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за секое прваче, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски.
Сите 430 првачиња од основните училишта од општината Ѓорче Петров заслужуваат квалитетно образование, добри услови за работа и квалитетна иднина за која ќе се залагаме заеднички. На почетокот на новата учебна година, учениците ќе ги пречекаат хортикултурно средени дворови во сите училишта. Обезбедивме и бесплатен појадок за сите првачиња, со цел финансиско олеснување на родителите кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште. Се потрудивме овој почеток на учебната година да биде возбудлив за сите дечиња од Ѓорче Петров кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи и ќе навлезат во светот на образованието, науката и забавата. Првиот училишен ден нека биде најсреќниот ден за децата, а за родителите полн со емотивни моменти кои долго ќе ги паметат. Ние постоиме за нив, со подеднаква почит кон сите деца. Да бидеме нивна најголема поддршка и да ги мотивираме да ги остварат нивните соништа, порача Стојкоски.

The post Ранец и бесплатни појадоци за сите првачиња во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Ранец со школски прибор за сите 600 првачиња во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ranec-so-shkolski-pribor-za-site-600-prvachinja-vo-kisela-voda/ Thu, 09 Jun 2022 13:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=513203

Општина Кисела Вода, преку проектот „Ранче за секое прваче” ќе обезбеди за идните првачиња од сите општински основни училишта бесплатна чанта, тетратки и прибор.

Со овој проект, опфатени ќе бидат сите 600 првачиња запишани во основните училишта на територијата на Кисела Вода.

Првиот училишен ден значи голема возбуда за сите првачиња и за нивните родители.
Сепак, сѐ поскапиот живот во земјава носи големи грижи, посебно кога во семејството има еден или повеќе ученици за кои треба да се обезбеди чанта, училишен прибор, впрочем сето она што на дечињата им е неопходно за да бидат дел од наставниот процес. Се надевам дека ова олеснување на семејниот буџет ќе им овозможи на родителите и првачињата претстојниот 1-ви септември да го паметат само по убави нешта, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Паралелно, додава тој, вложувањата во унапредување на наставата ќе продолжат со несмален интензитет.

Ќе потсетам дека во оваа учебна година го реализиравме проектот „Компјутер за секој наставник”, а обезбедивме и донација од смарт табли, со што сега сите основни училишта се опремени со уреди кои помагаат да се подобрат дигиталните вештини на учениците. Им посакувам среќен и весел распуст на сите ученици, безгрижно детство и многу, многу успех.
Тие се нашата иднина и влогот во нивното образование значи влог во унапредување на нашата Македонија, вели Ѓорѓиевски.

The post Ранец со школски прибор за сите 600 првачиња во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Општина Кисела Вода, преку проектот „Ранче за секое прваче” ќе обезбеди за идните првачиња од сите општински основни училишта бесплатна чанта, тетратки и прибор. Со овој проект, опфатени ќе бидат сите 600 првачиња запишани во основните училишта на територијата на Кисела Вода.
Првиот училишен ден значи голема возбуда за сите првачиња и за нивните родители. Сепак, сѐ поскапиот живот во земјава носи големи грижи, посебно кога во семејството има еден или повеќе ученици за кои треба да се обезбеди чанта, училишен прибор, впрочем сето она што на дечињата им е неопходно за да бидат дел од наставниот процес. Се надевам дека ова олеснување на семејниот буџет ќе им овозможи на родителите и првачињата претстојниот 1-ви септември да го паметат само по убави нешта, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Паралелно, додава тој, вложувањата во унапредување на наставата ќе продолжат со несмален интензитет.
Ќе потсетам дека во оваа учебна година го реализиравме проектот „Компјутер за секој наставник”, а обезбедивме и донација од смарт табли, со што сега сите основни училишта се опремени со уреди кои помагаат да се подобрат дигиталните вештини на учениците. Им посакувам среќен и весел распуст на сите ученици, безгрижно детство и многу, многу успех. Тие се нашата иднина и влогот во нивното образование значи влог во унапредување на нашата Македонија, вели Ѓорѓиевски.

The post Ранец со школски прибор за сите 600 првачиња во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-zapochnuvaat-upisite-na-deca-vo-prvo-oddelenie-za-uchebnata-2022-2023-godina/ Tue, 03 May 2022 10:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=496714

Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година. Законски обврзници се деца кои се родени од 1 јануари 2016 година до 31 декември 2016 година, односно кои во овој период ќе наполнат 6 години.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години и до 31 јануари 2023 година, но по претходно барање од родител/старател и добиено мислење од педагог/психолог во училиштето.

За упис на првооделенците потребно е извод од матична книга на родени, државјанство за ученикот доколку е роден во странство, лична карта од родител/старатле на увид, медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна иснтитуција. Воедно потребни се и медицински потврди за извршен стоматолошки и офталмолошки преглед.

 

The post Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>

Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година. Законски обврзници се деца кои се родени од 1 јануари 2016 година до 31 декември 2016 година, односно кои во овој период ќе наполнат 6 години. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години и до 31 јануари 2023 година, но по претходно барање од родител/старател и добиено мислење од педагог/психолог во училиштето.
За упис на првооделенците потребно е извод од матична книга на родени, државјанство за ученикот доколку е роден во странство, лична карта од родител/старатле на увид, медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна иснтитуција. Воедно потребни се и медицински потврди за извршен стоматолошки и офталмолошки преглед.
 

The post Од денеска започнуваат уписите на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>