прва награда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prva-nagrada/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 08:18:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прва награда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prva-nagrada/ 32 32 Награда за „Бизнисот на задоволството“ на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nagrada-za-biznisot-na-zadovolstvoto-na-sedona-interneshnal-film-festival-vo-arizona/ Fri, 15 Mar 2024 08:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=755013

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за највпечатлив филм (Best impact film) на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона, САД. Фестивалот се одржа од 24. февруари до 3 .март, а беа прикажани независни филмски остварувања од целиот свет. Филмот претходно освои пет награди на филмските фестивали, од кои три за најдобар долгометражен филм во Бугарија, Перу и Панама, понатаму добитник е на специјална награда во Романија и за најдобра кинематографија во Албанија.

„Бизнисот на задоволството” на режисерот Гоце Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. За музиката се погрижи Димитар Андоновски.

„За првпат награда во Америка и трет континент на којшто филмот е награден. Од една страна мислам дека со оваа шеста награда, филмот го оправда своето постоење, но како вечен оптимист се надевам дека фестивалскиот живот на филмот ќе донесе и нови успеси“ – рече Цветановски. Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

The post Награда за „Бизнисот на задоволството“ на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона appeared first on Република.

]]>

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за највпечатлив филм (Best impact film) на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона, САД. Фестивалот се одржа од 24. февруари до 3 .март, а беа прикажани независни филмски остварувања од целиот свет. Филмот претходно освои пет награди на филмските фестивали, од кои три за најдобар долгометражен филм во Бугарија, Перу и Панама, понатаму добитник е на специјална награда во Романија и за најдобра кинематографија во Албанија. „Бизнисот на задоволството” на режисерот Гоце Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. За музиката се погрижи Димитар Андоновски. „За првпат награда во Америка и трет континент на којшто филмот е награден. Од една страна мислам дека со оваа шеста награда, филмот го оправда своето постоење, но како вечен оптимист се надевам дека фестивалскиот живот на филмот ќе донесе и нови успеси“ – рече Цветановски. Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

The post Награда за „Бизнисот на задоволството“ на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона appeared first on Република.

]]>
Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prva-nagrada-i-nagrada-od-publikata-so-koreografijata-go-figure-it-out-za-andrijana-danchevska-i-dejan-bitrovski-na-festival-vo-belgrad/ Wed, 09 Nov 2022 11:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=571844

Андријана Данчевска ја освои првата награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ на која настапува со современиот танчер Дејан Битровски на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури кој се одржа во Белград.

Данчевска и Битровски се членови на Скопје танцовиот театар.

Фестивалот за кореографски минијатури е во организација на Здружението на балетските уметници на Србија и е со натпреварувачки карактер. Прави извонредна селекција на млади кореографи од регионот и пошироко. Во годинешното издание, покрај македонските кореографи се натпреваруваат кореографи од Србија, Словенија, Костарика и САД.

Драго ни е што учествувавме на овој фестивал и сакаме да се заблагодариме на организаторите, како и на стручното жири што ни ја доделија првата награда и наградата од публика за најдобра кореографија. Ни претставува голема чест што првпат се претставуваме на српската сцена како независни уметници. Целиме кон развивање на современата танцова сцена на повеќе полиња и вмрежување на современите танцови уметници од регионот, рекоа Данчевска и Битровски по добивањето на наградата.

Ова е голема потврда за кореографката Адријана Данчевска, како и за современата танцова сцена и за Скопје танцовиот театар.

Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Заедно со Анастасија Данчевска, која работи како асистент тие го сочинуваат младото јадро на оваа единствена по својот вид, едукативна програма на универзитетско ниво кај нас.

 

The post Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград appeared first on Република.

]]>

Андријана Данчевска ја освои првата награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ на која настапува со современиот танчер Дејан Битровски на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури кој се одржа во Белград. Данчевска и Битровски се членови на Скопје танцовиот театар. Фестивалот за кореографски минијатури е во организација на Здружението на балетските уметници на Србија и е со натпреварувачки карактер. Прави извонредна селекција на млади кореографи од регионот и пошироко. Во годинешното издание, покрај македонските кореографи се натпреваруваат кореографи од Србија, Словенија, Костарика и САД.
Драго ни е што учествувавме на овој фестивал и сакаме да се заблагодариме на организаторите, како и на стручното жири што ни ја доделија првата награда и наградата од публика за најдобра кореографија. Ни претставува голема чест што првпат се претставуваме на српската сцена како независни уметници. Целиме кон развивање на современата танцова сцена на повеќе полиња и вмрежување на современите танцови уметници од регионот, рекоа Данчевска и Битровски по добивањето на наградата.
Ова е голема потврда за кореографката Адријана Данчевска, како и за современата танцова сцена и за Скопје танцовиот театар. Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Заедно со Анастасија Данчевска, која работи како асистент тие го сочинуваат младото јадро на оваа единствена по својот вид, едукативна програма на универзитетско ниво кај нас.  

The post Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград appeared first on Република.

]]>