прв училишен ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prv-uchilishen-den/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 20:36:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прв училишен ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prv-uchilishen-den/ 32 32 Ја донела ќерка си на училиште, па се породила во училница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ja-donela-kerka-si-na-uchilishte-pa-se-porodila-vo-uchilnitsa/ Thu, 05 Sep 2024 06:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=813283

Во едно основно училиште во близина на францускиот град Рено е снимен необичен настан кога жена во поодмината бременост се породила во училницата откако ја донела својата ќерка на училиште.

Во понеделникот, на првиот ден од новата учебна година, бебето се родило на само неколку минути, пред да пристигне брзата помош, која потоа ги пренела мајката и новороденчето во породилното одделение, јавува телевизијата БФМ, нарекувајќи го бебето „ најмладиот ученик во Франција“.

За време на породувањето, на мајката и помогнале вработените од соседните јасли.

По пристигнувањето на брзата помош и излегувањето од училиштето, мајката им го покажала бебето на родителите на учениците, кои останале во училишниот двор да го следат овој настан, пренесува Танјуг.

The post Ја донела ќерка си на училиште, па се породила во училница appeared first on Република.

]]>

Во едно основно училиште во близина на францускиот град Рено е снимен необичен настан кога жена во поодмината бременост се породила во училницата откако ја донела својата ќерка на училиште. Во понеделникот, на првиот ден од новата учебна година, бебето се родило на само неколку минути, пред да пристигне брзата помош, која потоа ги пренела мајката и новороденчето во породилното одделение, јавува телевизијата БФМ, нарекувајќи го бебето „ најмладиот ученик во Франција“. За време на породувањето, на мајката и помогнале вработените од соседните јасли. По пристигнувањето на брзата помош и излегувањето од училиштето, мајката им го покажала бебето на родителите на учениците, кои останале во училишниот двор да го следат овој настан, пренесува Танјуг.

The post Ја донела ќерка си на училиште, па се породила во училница appeared first on Република.

]]>
Оваа година во Аеродром има околу 950 првачиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ovaa-godina-vo-aerodrom-ima-okolu-950-prvachinja/ Thu, 01 Sep 2022 10:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=546379

Во новата учебна година во скопската општина Аеродром има околу 950 првачиња.

Градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот, Дејан Митески пред стартот на наставата ги посетија основните училишта „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче од каде што на првачињата, како и на сите ученици им посакаа добредојде во училишните клупи и многу успех во новите предизвици што се наоѓаа пред нив.

И двајцата изразија голема благодарност до наставниот кадар кој многу посветено и со голема љубов работи на едукација и воспитување на нашите најмили, а доказ за тоа се големиот број награди и признанија кои нашите ученици во континуитет ги добиваат на домашни и меѓународни натпревари, како во областа на образованието, така и во спортот.

Општина Аеродром е фокусирана на подобрување на условите за правилен раст и развој на нашите ученици. Токму затоа, семејствата со прваче добиваат по 3.500 денари еднократна парична помош за полесен старт на школувањето, од оваа година за првпат воведовме бесплатни часови по пливање за секое прваче и за дечињата со попреченост, за првпат обезбедивме таблети за четвртоодделенците, како и пакет мерки за топол оброк и ужина, велат од Општтината.

Оттаму додаат дека интензивно се работи и на осовременување на училишната инфраструктура.

Изминатиот период ја реконструиравме фасадата на ОУ „Блаже Конески" во населбата Мичурин, за кое подготвивме и проект за негова доградба, а наскоро ќе почне и надградбата на ОУ „Гоце Делчев" во Горно Лисиче. Реконструкција и реновирање се спроведува континуирано и во другите училишта во согладност со потребите, велат од Општината.

The post Оваа година во Аеродром има околу 950 првачиња appeared first on Република.

]]>

Во новата учебна година во скопската општина Аеродром има околу 950 првачиња. Градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот, Дејан Митески пред стартот на наставата ги посетија основните училишта „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче од каде што на првачињата, како и на сите ученици им посакаа добредојде во училишните клупи и многу успех во новите предизвици што се наоѓаа пред нив. И двајцата изразија голема благодарност до наставниот кадар кој многу посветено и со голема љубов работи на едукација и воспитување на нашите најмили, а доказ за тоа се големиот број награди и признанија кои нашите ученици во континуитет ги добиваат на домашни и меѓународни натпревари, како во областа на образованието, така и во спортот. Општина Аеродром е фокусирана на подобрување на условите за правилен раст и развој на нашите ученици. Токму затоа, семејствата со прваче добиваат по 3.500 денари еднократна парична помош за полесен старт на школувањето, од оваа година за првпат воведовме бесплатни часови по пливање за секое прваче и за дечињата со попреченост, за првпат обезбедивме таблети за четвртоодделенците, како и пакет мерки за топол оброк и ужина, велат од Општтината. Оттаму додаат дека интензивно се работи и на осовременување на училишната инфраструктура.
Изминатиот период ја реконструиравме фасадата на ОУ „Блаже Конески" во населбата Мичурин, за кое подготвивме и проект за негова доградба, а наскоро ќе почне и надградбата на ОУ „Гоце Делчев" во Горно Лисиче. Реконструкција и реновирање се спроведува континуирано и во другите училишта во согладност со потребите, велат од Општината.

The post Оваа година во Аеродром има околу 950 првачиња appeared first on Република.

]]>