прст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prst/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Oct 2022 16:40:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prst/ 32 32 Двегодишно девојче остана без прст откако куче скитник ѝ го одргриза и изеде https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dvegodishno-devojche-ostana-bez-prst-otkako-kuche-skitnik-go-odrgriza-i-izede/ Wed, 12 Oct 2022 16:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=560251

Двегодишно девојче остана без прст откако улично куче ја нападна и ѝ го одгриза и изеде, во несреќата што се случи вчера во населба во Белград.

Беше обично попладне, дојде сестра ми и со мојата внука. Денот започна како и секој друг, а потоа се претвори во најголемата агонија во нашите животи, ја започнува приказната тетката на двегодишното девојче.

После ручекот малата Кристина отишла на прошетка со мајка ѝ.

Дете како дете, љубопитно и полно со живот, му пријде на едно мало црно куче да го погали, без да се посомнева што ќе се случи. Во тој момент кучето се нафрли врз неа и го гризна прстот од десната рака. Тоа ја касна толку крвожедно, што не сакаше да го пушти додека не го одгризе целиот прст!, раскажува тетката.

Детето беше во големи болки, додава таа, и доживеа голема траума, како и нејзината мајка.

Откако конечно мајката успеала да ја извлече ќерката од челустата на животното, следел нов шок кога од Итната помош не сакале да испратат возило, зошто не бил животозагрозувачки случај, туку само прст.

Кога конечно ја хоспитализирале во Институтот за мајка и дете, докторите го побарале каснатиот прст за да го сошијат, но прстот не можел да биде пронајден.

Цело соседство излезе да го пребара местото, но прстот не го најдовме, најверојатно кучето го изеде, па трансплантацијата не беше возможна, вели тетката.

Како што додава, на раката на девојчето останал само коренот од прстот.

Кристина е се уште во болница, сега е стабилна, но тоа не и ја намалува траумата и фактот дека има инвалидитет, вели тетката на девојчето.

Граѓаните од овој дел на главниот српски град со години ги молат властите да го решат проблемот со голем број напуштени кучиња.

The post Двегодишно девојче остана без прст откако куче скитник ѝ го одргриза и изеде appeared first on Република.

]]>

Двегодишно девојче остана без прст откако улично куче ја нападна и ѝ го одгриза и изеде, во несреќата што се случи вчера во населба во Белград.
Беше обично попладне, дојде сестра ми и со мојата внука. Денот започна како и секој друг, а потоа се претвори во најголемата агонија во нашите животи, ја започнува приказната тетката на двегодишното девојче.
После ручекот малата Кристина отишла на прошетка со мајка ѝ.
Дете како дете, љубопитно и полно со живот, му пријде на едно мало црно куче да го погали, без да се посомнева што ќе се случи. Во тој момент кучето се нафрли врз неа и го гризна прстот од десната рака. Тоа ја касна толку крвожедно, што не сакаше да го пушти додека не го одгризе целиот прст!, раскажува тетката.
Детето беше во големи болки, додава таа, и доживеа голема траума, како и нејзината мајка. Откако конечно мајката успеала да ја извлече ќерката од челустата на животното, следел нов шок кога од Итната помош не сакале да испратат возило, зошто не бил животозагрозувачки случај, туку само прст. Кога конечно ја хоспитализирале во Институтот за мајка и дете, докторите го побарале каснатиот прст за да го сошијат, но прстот не можел да биде пронајден.
Цело соседство излезе да го пребара местото, но прстот не го најдовме, најверојатно кучето го изеде, па трансплантацијата не беше возможна, вели тетката.
Како што додава, на раката на девојчето останал само коренот од прстот.
Кристина е се уште во болница, сега е стабилна, но тоа не и ја намалува траумата и фактот дека има инвалидитет, вели тетката на девојчето.
Граѓаните од овој дел на главниот српски град со години ги молат властите да го решат проблемот со голем број напуштени кучиња.

The post Двегодишно девојче остана без прст откако куче скитник ѝ го одргриза и изеде appeared first on Република.

]]>
На новогодишна прослава полицаец од Пехчево му одгризал прст на командирот, МВР сакал да го скрие инцидентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-novogodishna-proslava-policaec-od-pehchevo-mu-odgrizal-prst-na-komandirot-mvr-sakal-da-go-skrie-incidentot/ Tue, 08 Feb 2022 15:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=455803

На новогодишна прослава во ресторанот „Бастион“ во селото Владимирово полицаец од Пехчево му одгризал прст на командир, а Министерството за внатрешни работи се обидело да го скрие инцидентот, пишува порталот „МКД.мк“.

Како што пишува „МКД.мк“, В.Р., командир на полициската станица Пехчево, за малку ќе останел без прстот со кој во вербална расправија мавтал кон полицаецот Д.А. од селото Ратево, кој потоа силно го гризнал. Инцидентот се случил лани на 25 декември за време на новогодишна прослава на 35 полицајци од полициската станица во Пехчево, во ресторанот Бастион во село Владимирово.

По санирањето на повредата, ОВР Берово се обидело да го скрие инцидентот, за кој не била направена никаква официјална белешка.

На 8 јануари, повредениот командир преку својот адвокат побарал внатрешната контрола на МВР да го испита случајот, по што, пред два дена, била поведена и кривична постапка пред Основниот суд во Берово. Освен тоа, командирот покренал и граѓанска тужба за надомест на штета.

The post На новогодишна прослава полицаец од Пехчево му одгризал прст на командирот, МВР сакал да го скрие инцидентот appeared first on Република.

]]>

На новогодишна прослава во ресторанот „Бастион“ во селото Владимирово полицаец од Пехчево му одгризал прст на командир, а Министерството за внатрешни работи се обидело да го скрие инцидентот, пишува порталот „МКД.мк“. Како што пишува „МКД.мк“, В.Р., командир на полициската станица Пехчево, за малку ќе останел без прстот со кој во вербална расправија мавтал кон полицаецот Д.А. од селото Ратево, кој потоа силно го гризнал. Инцидентот се случил лани на 25 декември за време на новогодишна прослава на 35 полицајци од полициската станица во Пехчево, во ресторанот Бастион во село Владимирово. По санирањето на повредата, ОВР Берово се обидело да го скрие инцидентот, за кој не била направена никаква официјална белешка. На 8 јануари, повредениот командир преку својот адвокат побарал внатрешната контрола на МВР да го испита случајот, по што, пред два дена, била поведена и кривична постапка пред Основниот суд во Берово. Освен тоа, командирот покренал и граѓанска тужба за надомест на штета.

The post На новогодишна прослава полицаец од Пехчево му одгризал прст на командирот, МВР сакал да го скрие инцидентот appeared first on Република.

]]>