прозиводи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prozivodi/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Sep 2023 07:33:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прозиводи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prozivodi/ 32 32 Денеска ќе се знае кои производи ќе се намалат за 10% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-ke-se-znae-koi-proizvodi-ke-se-namalat-za-10/ Tue, 19 Sep 2023 06:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=683008

Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена.

Многу повеќе од 50 производи се, околу 25 категории. На листата се речиси сите прехранбени производи, од пекарската, млечната, месната индустрија, а има и вид на наполитанки кои се продаваат во државава. Генерално листата е преземена од Државниот завод за статистика согласно со нивните методологии за утврдување на инфлацијата и на производите се трошат повеќе, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Со одлуката на Владата ќе има обврски за трговците на мало и на големо, како и за домашните производители.

Во договор со стопанските комори и сите чинители во секторот трговија во маркетите производите што ќе бидат опфатени со владината одлука ќе бидат означени со „гарантирана цена“. Секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе има можност да види ознака со која ќе биде наведена гарантирана цена и ќе се знае дека нема да поскапува до 30 ноември.

Министерот за економија ги повика производителите и диструбутерите кои не се на листата доброволно да се пријават за намалување на цените, со што нивните производи ќе имаат ознака „гарантирана цена“.

Со одлуката за забрана за акции што е во сила од викендов, според министерот, ќе се спречи преку ознаката за гарантирана цена да се подметнат производи од магацините од кои трговците сакаат да се ослободат.

Сите производи кои согласно денешната владина одлука ќе поевтинат за 10 проценти, ќе може да се ставаат и на „акциски“ продажби во маркетите, но по цени пониски од веќе намалените. Доколку, пак, „акцијата“ е поради рокот на траење на производите, тоа ќе мора да биде јасно наведено - дека намалувањето на цената е поради истекот на рокот на производот.

За подобра заштита на потрошувачите, Министерството за економија изготви ново законско решение за нефер трговски практики, кое содржи одредени механизми за казнување и злоупотреба во делот на формирање цени Предлог законот за нефер трговски практики ќе биде поднесен во Собранието со европско знаменце. Исто така, ќе се зголемат и надлежностите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Владата подготвува нов антикризни мерки од кои, според најавите, дел би стартувале од ноември, а во фокус ќе бидат ранливите категории граѓани. Финансиите се предвидени во владината Одлука за прераспределба на средства од Буџетот, која е ставена во предложениот дневен ред на 126. седница на Собранието што е најавена за денеска. За деветтиот пакет антикризни мерки се предвидени 4,55 милијарди денари, велат оттаму.

The post Денеска ќе се знае кои производи ќе се намалат за 10% appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена.
Многу повеќе од 50 производи се, околу 25 категории. На листата се речиси сите прехранбени производи, од пекарската, млечната, месната индустрија, а има и вид на наполитанки кои се продаваат во државава. Генерално листата е преземена од Државниот завод за статистика согласно со нивните методологии за утврдување на инфлацијата и на производите се трошат повеќе, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Со одлуката на Владата ќе има обврски за трговците на мало и на големо, како и за домашните производители. Во договор со стопанските комори и сите чинители во секторот трговија во маркетите производите што ќе бидат опфатени со владината одлука ќе бидат означени со „гарантирана цена“. Секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе има можност да види ознака со која ќе биде наведена гарантирана цена и ќе се знае дека нема да поскапува до 30 ноември. Министерот за економија ги повика производителите и диструбутерите кои не се на листата доброволно да се пријават за намалување на цените, со што нивните производи ќе имаат ознака „гарантирана цена“. Со одлуката за забрана за акции што е во сила од викендов, според министерот, ќе се спречи преку ознаката за гарантирана цена да се подметнат производи од магацините од кои трговците сакаат да се ослободат. Сите производи кои согласно денешната владина одлука ќе поевтинат за 10 проценти, ќе може да се ставаат и на „акциски“ продажби во маркетите, но по цени пониски од веќе намалените. Доколку, пак, „акцијата“ е поради рокот на траење на производите, тоа ќе мора да биде јасно наведено - дека намалувањето на цената е поради истекот на рокот на производот. За подобра заштита на потрошувачите, Министерството за економија изготви ново законско решение за нефер трговски практики, кое содржи одредени механизми за казнување и злоупотреба во делот на формирање цени Предлог законот за нефер трговски практики ќе биде поднесен во Собранието со европско знаменце. Исто така, ќе се зголемат и надлежностите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Владата подготвува нов антикризни мерки од кои, според најавите, дел би стартувале од ноември, а во фокус ќе бидат ранливите категории граѓани. Финансиите се предвидени во владината Одлука за прераспределба на средства од Буџетот, која е ставена во предложениот дневен ред на 126. седница на Собранието што е најавена за денеска. За деветтиот пакет антикризни мерки се предвидени 4,55 милијарди денари, велат оттаму.

The post Денеска ќе се знае кои производи ќе се намалат за 10% appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Владата нема да биде нем сведок на нефер вештачко фиксирање на цените на високо ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-vladata-nema-da-bide-nem-svedok-na-nefer-veshtachko-fiksirane-na-tsenite-na-visoko-nivo/ Tue, 12 Sep 2023 11:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=681265

Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по денешниот состанок со претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата Владимир Наумовски.

На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме, изјави вицепремиерот Битиќи.

На состанокот е констатирано дека е потребно почнување постапки од страна на надлежните институции, вклучително и на Комисијата, а согласно законските надлежности, за истражување дали постојат одредени законски повреди и злоупотреби кои доведуваат до нефер зголемување на крајните цени за потрошувачите.

The post Битиќи: Владата нема да биде нем сведок на нефер вештачко фиксирање на цените на високо ниво appeared first on Република.

]]>

Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по денешниот состанок со претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата Владимир Наумовски. На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.