провокации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/provokacii/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 14:46:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png провокации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/provokacii/ 32 32 Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-graganite-da-ne-nasednuvaat-na-provokatsii-upatuvam-poraka-za-edinstvo-i-smirenost/ Sat, 30 Nov 2024 14:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=843449

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска испрати порака до граѓаните за единство и смиреност, да не паѓаат на провокации нагласувајќи дека доста беа поделби. Тој кажа дека случувањата поврзани со знамињата нема да влијаат туку дополнително ќе ја зајакнат врската во Владата и со граѓаните.

Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје реагираа многу трезвено на тоа без да се ескалира тоа, без да настанат инциденти, а сите оние сторители на кривично дело согласно членот 319 од Кривичниот законик веднаш беа лишени од слобода, извадени пред јавен обвинител и од сега па натаму е веќе судски процес на кој ние како Влада не можеме да влијаеме. Но, исто така предупредувам дека тој член 319 од Кривичниот законик се однесува не само за државното знаме, туку и за знамиња на други држави. Затоа повикувам на смиреност, да не бидеме жртви на провокација, рече Мицкоски кој беше во посета на неколку населени места во Тетовско.

Мораме да бидеме зрели и свесни, додаде тој, дека вакви работи ќе се случуваат затоа што, како што кажа „овие луѓе се исплашени за милионите кои ги спечалија на грбот на обичниот народ и сега знаат дека доаѓа време за правда, правдата е бавна но таа доаѓа“.

Мојата порака до граѓаните без разлика од етничката припадност и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Роми, и Бошњаци, сите... е да не наседнуваме на овие луѓе, да не наседнуваме бидејќи тие за неколку месеци од денеска ќе бидат и фактички минато на политичката сцена, ќе бидат поразени на локалните избори и со тоа трајно ќе заминат од политичката сцена. Затоа да не наседнуваат на таков тип на провокации. За жал ќе има таков тип на провокации, но ги молам од мое име од името на Владата да ги отфлат како туѓо тело, рече Мицкоски.

Според него, последните настани со знамињата не само што нема да влијае, туку дополнително ја зајакнува врската во рамките на Владата, но и на Владата со граѓаните.

Знам дека постои една изолирана политичка група која изминативе пет, сега веќе шести месец тешко се навикнува после повеќе од две децении во власта да биде во опозиција, но она кое што нив ги вознемирува е фактот дека можеби правдата е спора, но полека се доближува до нив. Тие се свесни што правеа овие две децении и бидејќи знаат што правеа, стануваат уплашени и единствената алатка која што им останува на располагање е токму кое што вие го споменавте, раздорот, обидот за прадизвикување меѓуетнички тензии, итн. Тоа нема да го дозволиме, потенцира Мицкоски.

Премиерот кажа дека е во интензивна комуникација со нашите стратешки партнери, со членовите на Владата, со други групи и со граѓани.

Еве денеска сум во Јегуновце, продолжуваме понатаму и во Тетово, и во Теарце денеска. Сакам да испратам порака на единство, доста беше поделби, сега кога имаме и суфицит во Буџетот, кога конечно се реализираат проекти, кога носиме странски инвеститори, кога се прават реформи, кога се зголемуваат пензии, плати итн, кога после многу квартали и години и тргнува на македонската економија. Јас сум свесен дека овие сеништа од минатото ќе сакаат да не вратат во минатото, нема да дозволиме. Отпорни сме на тоа, имаме стратегија и ќе се спротиставиме на тоа, затоа повикувам на смиреност, на единство, рече Мицкоски.

Ова, нагласи тој, е наша заедничка татковина, тука сме се родиле, тука сме се радувале, сме тагувале, и најверојатно најголемиот дел од нас и тука ќе го заврши нашиот живот.

Затоа треба заеднички да се бориме за една модерна, просперитетна Македонија, рече Мицкоски.

Потсети дека предупредувал на вакви сценарија уште од пред неколку месеци и рече дека нема да биде ова последниот обид.

Ќе има и други обиди за ексалација, за меѓуетнички тензии итн, дури и ова што се случуваше пред неколку дена од наша страна беше превенирано и антиципирано и беа предупредени сите релевантни фактори и нашите стратешки партнери, рече Мицкоски.

За барањето на ДУИ за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и рекациите на опозицијата рече дека работа е на опозицијата да поднесува интерпелација, но оти не гледа логика во тоа нивно барање.

Јас апсолутно не гледам логика во тоа нивно барање бидејќи еден дел од опозицијата вели не постапувале, друг дел вика премногу жестоко постапувале. Навистина пораките од коалициската опозиција ДУИ- Левица- СДСМ се малце збунувачки. Понекогаш и се чудам кој ги пишува тие пораки. Да не некој им сместува ваков тип на пораки, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност appeared first on Република.

]]>

Спасовски ќе гарантира безбедност на 4 февруари, а Демерџиев дека Бугарите кои ќе дојдат во Скопје нема да провоцираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ke-garantira-bezbednost-na-4-fevruari-a-demerdhiev-deka-bugarite-koi-ke-dojdat-vo-skopje-nema-da-provotsiraat/ Mon, 30 Jan 2023 14:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=602681

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев ветија дека нека да биде дозволен никаков инцидент за време на чествувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 4 февруари.

Разговаравме во однос на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев. Ова е во услови на зголемени тензии и различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен инцидент, македонскатата полиција ги презема сите активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент. Односно ќе се обезбеди чествување какво што доликува на нашиот великан Гоце Делчев. Благодарност до мојот колега од Бугарија и за јасната и силна порака дека нашето пријателство помеѓу двете земји и двата народи ќе продолжи и заеднички ќе придонесеме за стабилност на двете земји и на регионот – рече Спасовски по средбата.

Неговиот колега од Софија, Демерџиев вети дека ќе се погрижи бугарските граѓани кои ќе пристигнат во Скопје, да не провоцираат.

Имавме плодна работна средба за сите прашања во врска со безбедно, мирно и спокојно чествување. Колегата Спасовски ме увери дека ќе бидат преземени сите мерки за безбедност.

Јас пак, потврдив дека ќе ги преземам сите мерки луѓето кои ќе дојдат од Бугарија да не дозволат провокации или нарушување на мирот. Постигнавме согласност дека ние сме должни да не дозволиме некои луѓе да палат оган каде што го нема. Целта е да се оддаде почит на една историска личност каков што е Гоце Делчев а не да биде тоа терен за радикални и псевдонационални пресметки.

Спасовски ме увери дека случајот со Пендиков ќе биде целосно расчистен. Целта е да се има превенција и такви случаи да не се дозволат во иднина. Затоа што такви инциденти ги нарушуваат нашите односи кои се на високо ниво. Му предадов на колегата Спасовски документи од случајот за добиените закани по животот на Пендиков додека лежи во болница и виновниците ќе одговараат пред законот – истакна Демерџиев.

The post Спасовски ќе гарантира безбедност на 4 февруари, а Демерџиев дека Бугарите кои ќе дојдат во Скопје нема да провоцираат appeared first on Република.

]]>

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев ветија дека нека да биде дозволен никаков инцидент за време на чествувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 4 февруари.
Разговаравме во однос на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев. Ова е во услови на зголемени тензии и различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен инцидент, македонскатата полиција ги презема сите активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент. Односно ќе се обезбеди чествување какво што доликува на нашиот великан Гоце Делчев. Благодарност до мојот колега од Бугарија и за јасната и силна порака дека нашето пријателство помеѓу двете земји и двата народи ќе продолжи и заеднички ќе придонесеме за стабилност на двете земји и на регионот – рече Спасовски по средбата.
  Неговиот колега од Софија, Демерџиев вети дека ќе се погрижи бугарските граѓани кои ќе пристигнат во Скопје, да не провоцираат.
Имавме плодна работна средба за сите прашања во врска со безбедно, мирно и спокојно чествување. Колегата Спасовски ме увери дека ќе бидат преземени сите мерки за безбедност. Јас пак, потврдив дека ќе ги преземам сите мерки луѓето кои ќе дојдат од Бугарија да не дозволат провокации или нарушување на мирот. Постигнавме согласност дека ние сме должни да не дозволиме некои луѓе да палат оган каде што го нема. Целта е да се оддаде почит на една историска личност каков што е Гоце Делчев а не да биде тоа терен за радикални и псевдонационални пресметки. Спасовски ме увери дека случајот со Пендиков ќе биде целосно расчистен. Целта е да се има превенција и такви случаи да не се дозволат во иднина. Затоа што такви инциденти ги нарушуваат нашите односи кои се на високо ниво. Му предадов на колегата Спасовски документи од случајот за добиените закани по животот на Пендиков додека лежи во болница и виновниците ќе одговараат пред законот – истакна Демерџиев.

The post Спасовски ќе гарантира безбедност на 4 февруари, а Демерџиев дека Бугарите кои ќе дојдат во Скопје нема да провоцираат appeared first on Република.

]]>
Годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде настан од висок ризик, соопшти претседателот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/godishninata-od-raganeto-na-gotse-delchev-ke-bide-nastan-od-visok-rizik-soopshti-pretsedatelot/ Mon, 23 Jan 2023 18:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=600120

Претседателот Пендаровски се обрати на јавноста по состанокот на Советот за безбедност во вилата Водно.

Тој рече дека се очекува на 4 февруари организирана група да пристигне во Македонија на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Групата ќе има за цел нарушување на безбедноста со цел дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија. Претседателот рече дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата се до гробот на Гоце Делчев.

Поводот за седницата на Советот за безбедност не беше само немилиот настан во Охрид, бидејќи тоа е само мал дел во мозаикот. Според достапните анализи и сознанија, се работи за организирани активности од страна на структури во Бугарија, кои се активирани по усвојувањето на преговарачката рамка во јули минатата година. Овие структури се мобилизирани, логистички и финансиски, за да го поддржат организираното доаѓање на повеќе лица на 4 февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки, тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат да бидат неми набљудувачи на тоа што се случува“, додаде Пендаровски.

The post Годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде настан од висок ризик, соопшти претседателот appeared first on Република.

Руско Министерство за одбрана: Полска намерно провоцира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusko-ministerstvo-za-odbrana-polska-namerno-provocira/ Tue, 15 Nov 2022 20:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=574243

Руското Министерство за одбрана се огласи по повод експлозијата во полското село Пржеводов, при што загинаа две лица.

– Изјавите на полските медиуми и официјални лица за наводниот пад на руски ракети врз селото Пржеводов се намерна провокација насочена кон натамошна ескалација. Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје. Урнатините што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во Пржеводов нема никаква врска со руското оружје, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Официјална Варшава се уште нема потврдено дека експлозијата е предизвикана од руски ракети, но полскиот премиер Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната.

Портпаролот на полската Влада Пјотр Мулер не ја откри причината за свикувањето на итниот состанок.

– Ве молиме, не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата, истакна Мулер.

The post Руско Министерство за одбрана: Полска намерно провоцира appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана се огласи по повод експлозијата во полското село Пржеводов, при што загинаа две лица. – Изјавите на полските медиуми и официјални лица за наводниот пад на руски ракети врз селото Пржеводов се намерна провокација насочена кон натамошна ескалација. Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје. Урнатините што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во Пржеводов нема никаква врска со руското оружје, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. Официјална Варшава се уште нема потврдено дека експлозијата е предизвикана од руски ракети, но полскиот премиер Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната. Портпаролот на полската Влада Пјотр Мулер не ја откри причината за свикувањето на итниот состанок. – Ве молиме, не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата, истакна Мулер.

The post Руско Министерство за одбрана: Полска намерно провоцира appeared first on Република.

]]>
Бугарско МНР: Сите јавни изјави што ја навредуваат или провоцираат другата страна се апсолутно неприфатливи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarsko-mnr-site-javni-izjavi-shto-ja-navreduvaat-ili-provociraat-drugata-strana-se-apsolutno-neprifatlivi/ Thu, 20 Oct 2022 07:05:18 +0000 https://republika.mk/?p=563359

Бугарија отсекогаш настојувала да ги зајакне и продлабочи пријателството и добрососедските односи со Македонија. Бугарија вложи многу труд за да ја реализира оваа цел во последните години, се наведува во соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, во оваа насока Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласува дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се претстават како такви се неточни и знак на лоша волја.

Без оглед на бројните провокации против Бугарија и особено кон Бугарите во Македонија во последните месеци, бугарското Министерство за надворешни работи смета дека ваквиот говор е неприфатлив и крајно контрапродуктивен.

-Ваквите изјави не се во интерес на Бугарите во Македонија. Тие го одвлекуваат вниманието на јавноста од правичниот и легитимен стремеж на бугарската заедница за еднакви граѓански права, особено за слободно здружување и одбрана на нивното културно и историско наследство, се наведува во ставот на Софија.

Согласно духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година меѓу Бугарија и Република Македонија, тие ги повикуваат политичарите и јавните личности од двете страни на границата да ги насочат своите напори и пораки за поддршка на процесот на обновување на довербата и воспоставување добрососедски односи.

The post Бугарско МНР: Сите јавни изјави што ја навредуваат или провоцираат другата страна се апсолутно неприфатливи appeared first on Република.

]]>

Бугарија отсекогаш настојувала да ги зајакне и продлабочи пријателството и добрососедските односи со Македонија. Бугарија вложи многу труд за да ја реализира оваа цел во последните години, се наведува во соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, во оваа насока Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласува дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се претстават како такви се неточни и знак на лоша волја. Без оглед на бројните провокации против Бугарија и особено кон Бугарите во Македонија во последните месеци, бугарското Министерство за надворешни работи смета дека ваквиот говор е неприфатлив и крајно контрапродуктивен.
-Ваквите изјави не се во интерес на Бугарите во Македонија. Тие го одвлекуваат вниманието на јавноста од правичниот и легитимен стремеж на бугарската заедница за еднакви граѓански права, особено за слободно здружување и одбрана на нивното културно и историско наследство, се наведува во ставот на Софија.
Согласно духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година меѓу Бугарија и Република Македонија, тие ги повикуваат политичарите и јавните личности од двете страни на границата да ги насочат своите напори и пораки за поддршка на процесот на обновување на довербата и воспоставување добрососедски односи.

The post Бугарско МНР: Сите јавни изјави што ја навредуваат или провоцираат другата страна се апсолутно неприфатливи appeared first on Република.

]]>
Русија има докази дека украинските националисти планираат напади и провокации на Велигден за да ги обвинат руските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ima-dokazi-deka-ukrainskite-nacionalisti-planiraat-napadi-i-provokacii-na-veligden-za-da-gi-obvinat-ruskite-sili/ Mon, 18 Apr 2022 13:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=490086

Руското Министерство за одбрана соопшти дека поседува оперативна база на докази дека официјален Киев подготвува стравични провокации на Велигден со цел да ја обвини руската армија за масакрирање цивили.

Режимот во Киев, со поддршка на бројни западни земји, ја завршува подготовката на монструозните провокации со бројни жртви во Запорожје, Николаев, Одеса, Суми и регионот на Харков - изјави началникот на Националниот центар за управување со одбраната на Русија, генерал-полковник Михаил Мизинцев.

Тој истакна дека за Велигденската ноќ (24.04) се планира да се пука со минофрлачи во православните цркви во тие краишта, со цел да се обвини руската армија за масовни убиства на цивили кои го одбележуваат големиот празник.

Навремено ги предупредуваме земјите од „цивилизираниот Запад“, на чело со САД, дека Руската Федерација има оперативна база на докази за подготовка на нови страшни злосторства на режимот во Киев - истакна генерал-полковникот.

Како што изјави тој, формирани се повеќе од 70 мобилни групи од припадници на националистичките баталјони за да вршат провокации во камиони и теренски возила опремени со таканаречени „заскитани минофрлачи“.

Ги повикуваме Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и другите меѓународни организации веднаш да влијаат врз режимот во Киев за да се спречи оваа нехумана провокација на Велигден, која ги нарушува сите морални норми и меѓународните хуманитарни закон. Реакцијата мора веднаш да се објави и да се достави до меѓународните организации преку сите достапни извори на информации - порача генерал Мизинцев.

The post Русија има докази дека украинските националисти планираат напади и провокации на Велигден за да ги обвинат руските сили appeared first on Република.