провалија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/provalija/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 16:57:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png провалија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/provalija/ 32 32 Велосипедист излета во провалија на Беласица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/velosipedist-izleta-vo-provalija-na-belasitsa/ Sun, 10 Nov 2024 17:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=836152

Тим од четворица струмички пожарникари со теренско возило транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица, кој претпладнево излетал во провалија на планината Беласица, на местото „Ѓаволски мост“, соопштија попладнево од ТППЕ Струмица.

-Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што од неа бил извлечен од други велосипедисти. Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлен до село Борисово каде е преземен од возило на брза помош и пренесен во Медицински центар Струмица, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Тие апелираат до граѓаните на крајна внимателност кога престојуваат или се движат во планина со цел да се избегнуваат такви несреќни случаи.

The post Велосипедист излета во провалија на Беласица appeared first on Република.

]]>

Тим од четворица струмички пожарникари со теренско возило транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица, кој претпладнево излетал во провалија на планината Беласица, на местото „Ѓаволски мост“, соопштија попладнево од ТППЕ Струмица. -Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди при што од неа бил извлечен од други велосипедисти. Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлен до село Борисово каде е преземен од возило на брза помош и пренесен во Медицински центар Струмица, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари. Тие апелираат до граѓаните на крајна внимателност кога престојуваат или се движат во планина со цел да се избегнуваат такви несреќни случаи.

The post Велосипедист излета во провалија на Беласица appeared first on Република.

]]>
Загина планинар, паднал во провалија, го извлекле „тигрите“ и со хеликоптер бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-planinar-padnal-vo-provalija-go-izvlekle-tigrite-i-so-helikopter-bil-prenesen-vo-gob-8-septemvri/ Sat, 29 Jun 2024 16:23:30 +0000 https://republika.mk/?p=791911

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информира дека планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, тим „тигри“ го извлекле од местото на несреќата, со хеликоптер бил пренесен до ГОБ “8-ми Септември” каде е констатирана смрт.

Денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 во ЦУК вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри.

При падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба.

Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Теренот е непристапен за возила поради што Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.

Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со придружба на специјалец од “САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ “8-ми Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.

 

The post Загина планинар, паднал во провалија, го извлекле „тигрите“ и со хеликоптер бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информира дека планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, тим „тигри“ го извлекле од местото на несреќата, со хеликоптер бил пренесен до ГОБ “8-ми Септември” каде е констатирана смрт. Денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 во ЦУК вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри. При падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Теренот е непристапен за возила поради што Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот. Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.
Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со придружба на специјалец од “САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ “8-ми Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.
 

The post Загина планинар, паднал во провалија, го извлекле „тигрите“ и со хеликоптер бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
Велешанец пријавен за исчезнат пронајден починат во провалија, откако со возило излетал од пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veleshanets-prijaven-za-ischeznat-pronajden-pochinat-vo-provalija-otkako-so-vozilo-izletal-od-pat/ Fri, 08 Dec 2023 13:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=721025

Вчера во 15.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено патничко возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот Д.П.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот, соопшти МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош - Велес, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

 

The post Велешанец пријавен за исчезнат пронајден починат во провалија, откако со возило излетал од пат appeared first on Република.

]]>

Вчера во 15.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено патничко возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот Д.П.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот, соопшти МВР. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош - Велес, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.  

The post Велешанец пријавен за исчезнат пронајден починат во провалија, откако со возило излетал од пат appeared first on Република.

]]>
Дупка длабока 30 метри на кејот на Вардар во Аеродром ги загрозува граѓаните: Стојанче Ангелов бара поставување ограда https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dupka-dlaboka-30-metri-na-kejot-na-vardar-vo-aerodrom-gi-zagrozuva-gragjanite-stojanche-angelov-bara-postavuvanje-ograda/ Sun, 18 Dec 2022 14:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=587215

Центарот за управување со кризи бара од градот Скопје и општината Аеродром, итно да постават соодветна заштитна ограда на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот зад хотел Русија во насока кон мостот Близнак, каде што има провалија, која ја загрозува безбедноста на граѓаните.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, соопшти дека пред половина година добиле пријава од загрижени граѓани за постоење на опасност на кејот на Вардар, зад хотелот „Русија“ во Аеродром.

Од страна на ЦУК е излезено на самото место и е констатирана провалија длабока триесетина метри, со безмалку вертикална страна која во должина од педесетина метри ја следи ивицата на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешачите, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена, вели Ангелов.

Тој вели дека порано на местото постоела лимена ограда, но истата веќе подолго време е отстранета.

Поаѓајќи од начелото на ЦУК, „сејфти фрст“ односно, безбедноста на граѓаните на прво место, покажувајќи одговорност и ефикасност при заштита на граѓаните, ЦУК веднаш, во средината на јуни оваа година, испрати известување со барање за отстранување на оваа нескриена опасност до градот Скопје и општина Аеродром која поради ерозијата постепено се зголемува.Од страна на градот Скопје итно беа преземени мерки за делумно намалување на опасноста со поставување на знаци за забрането движење и заштитна лента со укажување дека во наредниот период ќе се постави и лимена заштитна ограда. За жал, неколку дена подоцна, несовесни граѓани ја скинале заштитната лента, ги откорнале знаците за опасност и ги фрлиле во провалијата. Воедно градот Скопје не извести дека самата провалија е во надлежност на општина Аеродром, соопшти Ангелов.

Од овие причини ЦУК во уште неколку наврати побарал интервенција од страна на градот Скопје но и по поминати шест месеци од  неговото прво известување провалијата сè уште е необезбедена.

Затоа, апелираме до градот Скопје и општината Аеродром, во согласност со нивните надлежности, итно да постават соодветна заштитна ограда која ќе ја гарантира безбедноста на многубројните граѓани кои од рекреативни причини пешачат, трчаат или возат велосипед или се движат со електрични тротинети, особено ако се земе предвид зголемената опасност поради раното стемнување и слабата видливост ноќно време како и очекуваните претстојни ниски температури проследени со снежни врнежи или појава на голомразици, вели Ангелов.

 

The post Дупка длабока 30 метри на кејот на Вардар во Аеродром ги загрозува граѓаните: Стојанче Ангелов бара поставување ограда appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи бара од градот Скопје и општината Аеродром, итно да постават соодветна заштитна ограда на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот зад хотел Русија во насока кон мостот Близнак, каде што има провалија, која ја загрозува безбедноста на граѓаните. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, соопшти дека пред половина година добиле пријава од загрижени граѓани за постоење на опасност на кејот на Вардар, зад хотелот „Русија“ во Аеродром.
Од страна на ЦУК е излезено на самото место и е констатирана провалија длабока триесетина метри, со безмалку вертикална страна која во должина од педесетина метри ја следи ивицата на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешачите, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена, вели Ангелов.
Тој вели дека порано на местото постоела лимена ограда, но истата веќе подолго време е отстранета.
Поаѓајќи од начелото на ЦУК, „сејфти фрст“ односно, безбедноста на граѓаните на прво место, покажувајќи одговорност и ефикасност при заштита на граѓаните, ЦУК веднаш, во средината на јуни оваа година, испрати известување со барање за отстранување на оваа нескриена опасност до градот Скопје и општина Аеродром која поради ерозијата постепено се зголемува.Од страна на градот Скопје итно беа преземени мерки за делумно намалување на опасноста со поставување на знаци за забрането движење и заштитна лента со укажување дека во наредниот период ќе се постави и лимена заштитна ограда. За жал, неколку дена подоцна, несовесни граѓани ја скинале заштитната лента, ги откорнале знаците за опасност и ги фрлиле во провалијата. Воедно градот Скопје не извести дека самата провалија е во надлежност на општина Аеродром, соопшти Ангелов.
Од овие причини ЦУК во уште неколку наврати побарал интервенција од страна на градот Скопје но и по поминати шест месеци од  неговото прво известување провалијата сè уште е необезбедена.
Затоа, апелираме до градот Скопје и општината Аеродром, во согласност со нивните надлежности, итно да постават соодветна заштитна ограда која ќе ја гарантира безбедноста на многубројните граѓани кои од рекреативни причини пешачат, трчаат или возат велосипед или се движат со електрични тротинети, особено ако се земе предвид зголемената опасност поради раното стемнување и слабата видливост ноќно време како и очекуваните претстојни ниски температури проследени со снежни врнежи или појава на голомразици, вели Ангелов.
 

The post Дупка длабока 30 метри на кејот на Вардар во Аеродром ги загрозува граѓаните: Стојанче Ангелов бара поставување ограда appeared first on Република.

]]>
Возило паднало во провалија во Маврово, три лица се полесно повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozilo-padnalo-vo-provalija-vo-mavrovo-tri-lica-se-polesno-povredeni/ Sun, 20 Nov 2022 17:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=576216

Возило излетало од патот и паднало во подлабока провалија на влезот во Маврово од правецот на с.Никифорово, информира РЦУК Тетово.

Според информациите добиени од полициската станица Маврово, две лица се извлечени од провалијата додека едно лице само успеало да излезе. Трите лица се упатени во болницата во Гостивар и според дежурниот лекар имаат полесни телесни повреди.

 

The post Возило паднало во провалија во Маврово, три лица се полесно повредени appeared first on Република.

]]>

Возило излетало од патот и паднало во подлабока провалија на влезот во Маврово од правецот на с.Никифорово, информира РЦУК Тетово. Според информациите добиени од полициската станица Маврово, две лица се извлечени од провалијата додека едно лице само успеало да излезе. Трите лица се упатени во болницата во Гостивар и според дежурниот лекар имаат полесни телесни повреди.  

The post Возило паднало во провалија во Маврово, три лица се полесно повредени appeared first on Република.

]]>