противпожарна опрема Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protivpozarna-oprema/ За подобро да се разбереме Wed, 17 May 2023 11:28:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png противпожарна опрема Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protivpozarna-oprema/ 32 32 Пенов: Ги опремуваме сите противпожарни единици, обезбедена е заштитна опрема и за вработените во ТППЕ во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и во Демир Хисар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-gi-opremuvame-site-protivpozharni-edinitsi-obezbedena-e-zashtitna-oprema-i-za-vrabotenite-vo-tppe-vo-bitola-prilep-resen-krushevo-i-vo-demir-hisar/ Wed, 17 May 2023 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=641766

Преку програмата за прекугранична соработка со Грција, што ја координира Министерството за локална самоуправа се обезбедени скоро 400 000 евра за да се минимизираат ризиците од шумски пожари  и поплави во регионот, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на примопредавањето на опремата за противпожарните единици во Пелагониски плански регион.

Обезбедена целосна заштитна опрема  за вработените во противпожарните единици во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и во Демир Хисар. Проектот е кофинансиран од Буџетот на Министерството за локална самоуправа, за да можат да се искористат на најдобар можен начин средствата од ИПА инструментот на Европската Унија, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Министерството за локална самоуправа преку програмите за прекугранична соработка, но и преку проектите што се имплементираат со Швајцарската Агенција за развој и соработка, веќе имаат набавено противпожарна опрема и за противпожарните единици во Североисточниот, Источниот и во Југоисточниот плански регион кои што покриваат 27 општини, во Врапчиште се гради нова противпожарна станица, а во Струга се воспоставува одржлив систем за известување и превенција од шумски пожари.

-Ги опремуваме сите противпожарни единици, вработените во противпожарните единици секојдневно се соочуваат со високи ризици по здравјето и по животот заради зачувување на безбедноста на нивните сограѓани и нивните имоти. Нивната соодветна опременост значи заштита на нивното здравје и живот и зголемена ефикасност и успешност во справувањето со огнената стихија.

Министерството за локална самоуправа ги кофинансира сите одобрени проекти и за тие да бидат корисни и за општините и за граѓаните.

-Ќе продолжиме со финансирање и кофинансирање на ваков тип на проекти, затоа што Владата, преку своите политики, парите од Буџетот ги реинвестира во граѓаните.  Човечкиот капитал е најважен, а грижата за луѓето и за нивната благосостојба е еден од најважните услови за развој и на општините и на државата, рече Пенов.

The post Пенов: Ги опремуваме сите противпожарни единици, обезбедена е заштитна опрема и за вработените во ТППЕ во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и во Демир Хисар appeared first on Република.

]]>

Нова опрема за територијалната противпожарна единица во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nova-oprema-za-teritorijalnata-protivpozarna-edinica-vo-veles/ Tue, 22 Mar 2022 13:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=476675

Територијалната противпожарна единица се здоби со нова опрема! На мое големо задоволство, денес пристигна донација од Дирекција за спасување и заштита, преку која ТППЕ доби еден сет систем за стабилизирање и подигање при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди, како и еден сет за спасување од поплави, со вкупна вредност од околу 50.000 евра, пишува на својот фејсбук профил Марко Колев, градоначалник на Општина Велес.

Оваа донација е од огромно значење за противпожарната единица во Велес, но и за сите граѓани на Општина Велес и регионот, со цел обезбедување на нивна заштита и безбедност кога е најпотребно. Упатувам благодарност до директорот на Дирекцијата за спасување и заштита, г-дин Беким Максути, со кого разговаравме и за продлабочување на соработката во иднина.

Покрај претходно обезбедените возила, во наредниот период се очекуваат да пристигнат и две нови возила, а во тек е и проектирањето за реконструкција и осовременување на противпожарната станица.

Она за што сите денес се согласивме е дека само со заедничко навремено делување и превенција можеме да придонесеме за минимизирање на ефектите од немили настани, за добробит на сите.

The post Нова опрема за територијалната противпожарна единица во Велес appeared first on Република.

]]>

Територијалната противпожарна единица се здоби со нова опрема! На мое големо задоволство, денес пристигна донација од Дирекција за спасување и заштита, преку која ТППЕ доби еден сет систем за стабилизирање и подигање при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди, како и еден сет за спасување од поплави, со вкупна вредност од околу 50.000 евра, пишува на својот фејсбук профил Марко Колев, градоначалник на Општина Велес.

Оваа донација е од огромно значење за противпожарната единица во Велес, но и за сите граѓани на Општина Велес и регионот, со цел обезбедување на нивна заштита и безбедност кога е најпотребно. Упатувам благодарност до директорот на Дирекцијата за спасување и заштита, г-дин Беким Максути, со кого разговаравме и за продлабочување на соработката во иднина. Покрај претходно обезбедените возила, во наредниот период се очекуваат да пристигнат и две нови возила, а во тек е и проектирањето за реконструкција и осовременување на противпожарната станица. Она за што сите денес се согласивме е дека само со заедничко навремено делување и превенција можеме да придонесеме за минимизирање на ефектите од немили настани, за добробит на сите.