против грип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protiv-grip/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 12:11:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png против грип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protiv-grip/ 32 32 Крајот на октомври, почетокот на ноември е најдобро време за вакцина против сезонски грип, граѓаните се вакцинираат бесплатно преку „Мој термин“ и приватно за 700 денари https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/krajot-na-oktomvri-pochetokot-na-noemvri-e-najdobro-vreme-za-vaktsina-protiv-sezonski-grip-graganite-se-vaktsiniraat-besplatno-preku-moj-termin-i-privatno-za-700-denari/ Wed, 25 Oct 2023 12:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=694915

Ова е најдобриот период, крајот на октомври - почетокот на ноември за почеток на вакцинација против сезонски грип. Во зимскиот период се очекува поголем број заболени, ние сме точно на време затоа што треба две до четири недели да реагира вакцината, односно да се разбуди имуниот одговор за организмот да биде заштитен, изјави денеска д-р Бесим Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје Скопје каде што утринава почна вакцинацијата против сезонски грип.

Граѓаните може да се вакцинираат бесплатно преку „Мој термин“ и тоа важи за хронично болните, возрасните над 65 години, здравствените работници, бремени жени и деца од до пет години но и приватно, на свој трошок, за 700 денари.

Ние имаме вакцини на залиха од производителот „Пастер“ од Франција по цена од 700 денари, имаме и вакцини обезбедени преку Министерството за здравство, кои одат преку „Мој термин“. Приватни вакцини имаме 1.500 дози. Од Министерството за здравство, вакцини аплицираме толку дози, колку што има термини преку „Мој термин“, појасни Зеќири.

Доколку лицето има настинка, температура или слично, тој советуваше да се одложи вакцинирањето. Тој апелираше и до здравствените работници, но и до останатите граѓани, сите да се вакцинираат затоа што инфлуенцата, или грипот, како што посочи, претставува најголем проблем за јавното здравство и во однос на морбидитетот и во однос на морталитетот, значи и во однос на бројот на заболувања и во однос на смртни исходи, особено во зимскиот период. Најдобар начин за справување со овие предизвици, како што додаде, е вакцинацијата.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски информираше дека со вакцинацијата против сезонски грип, сѐ оди во најдобар ред.

Ги следиме препораките на Светската здравствена организација за обезбедување вакцини во октомври, тоа е навистина еден многу добар момент. Тоа што не го следиме, а препорачано е од Светската здравствена организација, е опфатот на популацијата. Би било убаво кога годинава би забележале уште малку пораст на вакцинираните луѓе, со што би се приближиле до препораките од 75 отсто опфат на населението, подвлече Петличковски.

Годинава, како што додаде, Светската здравствена организација некаде околу февруари препорача четиривалентна вакцина против грип и таа е и обезбедена.

[caption id="attachment_694931" align="alignnone" width="683"] Во моментов доминира тип А од инфлуенца, рече д-р Александар Петличковски фото: МИА[/caption]

Вкупно се 60.000 бесплатни дози, плус обезбедени се некои за комерцијална употреба. Во моментов доминира тип А од инфлуенца, појасни Петличковски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој кажа и оти засега има добар одѕив, над 30.000 луѓе пројавиле интерес за вакцинација. Но, Петличковски изрази надеж оти со стартот на сезоната на грип тој број ќе се зголемува.

 

The post Крајот на октомври, почетокот на ноември е најдобро време за вакцина против сезонски грип, граѓаните се вакцинираат бесплатно преку „Мој термин“ и приватно за 700 денари appeared first on Република.

]]>

Ова е најдобриот период, крајот на октомври - почетокот на ноември за почеток на вакцинација против сезонски грип. Во зимскиот период се очекува поголем број заболени, ние сме точно на време затоа што треба две до четири недели да реагира вакцината, односно да се разбуди имуниот одговор за организмот да биде заштитен, изјави денеска д-р Бесим Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје Скопје каде што утринава почна вакцинацијата против сезонски грип. Граѓаните може да се вакцинираат бесплатно преку „Мој термин“ и тоа важи за хронично болните, возрасните над 65 години, здравствените работници, бремени жени и деца од до пет години но и приватно, на свој трошок, за 700 денари.
Ние имаме вакцини на залиха од производителот „Пастер“ од Франција по цена од 700 денари, имаме и вакцини обезбедени преку Министерството за здравство, кои одат преку „Мој термин“. Приватни вакцини имаме 1.500 дози. Од Министерството за здравство, вакцини аплицираме толку дози, колку што има термини преку „Мој термин“, појасни Зеќири.
Доколку лицето има настинка, температура или слично, тој советуваше да се одложи вакцинирањето. Тој апелираше и до здравствените работници, но и до останатите граѓани, сите да се вакцинираат затоа што инфлуенцата, или грипот, како што посочи, претставува најголем проблем за јавното здравство и во однос на морбидитетот и во однос на морталитетот, значи и во однос на бројот на заболувања и во однос на смртни исходи, особено во зимскиот период. Најдобар начин за справување со овие предизвици, како што додаде, е вакцинацијата. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски информираше дека со вакцинацијата против сезонски грип, сѐ оди во најдобар ред.
Ги следиме препораките на Светската здравствена организација за обезбедување вакцини во октомври, тоа е навистина еден многу добар момент. Тоа што не го следиме, а препорачано е од Светската здравствена организација, е опфатот на популацијата. Би било убаво кога годинава би забележале уште малку пораст на вакцинираните луѓе, со што би се приближиле до препораките од 75 отсто опфат на населението, подвлече Петличковски.
Годинава, како што додаде, Светската здравствена организација некаде околу февруари препорача четиривалентна вакцина против грип и таа е и обезбедена. [caption id="attachment_694931" align="alignnone" width="683"] Во моментов доминира тип А од инфлуенца, рече д-р Александар Петличковски фото: МИА[/caption]
Вкупно се 60.000 бесплатни дози, плус обезбедени се некои за комерцијална употреба. Во моментов доминира тип А од инфлуенца, појасни Петличковски, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој кажа и оти засега има добар одѕив, над 30.000 луѓе пројавиле интерес за вакцинација. Но, Петличковски изрази надеж оти со стартот на сезоната на грип тој број ќе се зголемува.  

The post Крајот на октомври, почетокот на ноември е најдобро време за вакцина против сезонски грип, граѓаните се вакцинираат бесплатно преку „Мој термин“ и приватно за 700 денари appeared first on Република.

]]>
Почнува вакцинација против сезонски грип, најголем интерес кај хронично болни и постари и изнемоштени лица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pochnuva-vaktsinatsija-protiv-sezonski-grip-najgolem-interes-kaj-hronichno-bolni-i-postari-i-iznemoshteni-litsa/ Tue, 24 Oct 2023 10:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=694488

За вакцинација против сезонски грип најголем интерес има кај хронично болни и постари и изнемоштени лица. Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети ја потврди информацијата за МИА дека утре почнува вакцинацијата против сезонскиот грип.

Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари за МИА рече дека за вакцина против сезонски грип главно се одлучуваат хронично болни и постари лица, изнемоштени.

Луѓето се главно веќе едуцирани и сами си се пријавуваат за вакцина на вакцинација.мк, или имаат помлади блиски околу себе, кои ги прават тоа за нив, подвлече таа.

На вакцинација се оди доколку човек е здрав, потсетува таа, напоменувајќи дека со каков било бактериски или вирусен афект, не се оди.

Заради тоа што сепак се руши имунитетот. Мора прво да се оздрави, па да се оди на вакцина, додаде таа за МИА.

Во текот на денов и утре, се очекуваат повеќе информации од надлежните околу вакцинацијата против сезонски грип.

Министерството за здравство вчера информираше дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип, наменети за бесплатна вакцинација.

Според Министерството, граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.

The post Почнува вакцинација против сезонски грип, најголем интерес кај хронично болни и постари и изнемоштени лица appeared first on Република.

]]>

За вакцинација против сезонски грип најголем интерес има кај хронично болни и постари и изнемоштени лица. Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети ја потврди информацијата за МИА дека утре почнува вакцинацијата против сезонскиот грип. Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари за МИА рече дека за вакцина против сезонски грип главно се одлучуваат хронично болни и постари лица, изнемоштени.
Луѓето се главно веќе едуцирани и сами си се пријавуваат за вакцина на вакцинација.мк, или имаат помлади блиски околу себе, кои ги прават тоа за нив, подвлече таа.
На вакцинација се оди доколку човек е здрав, потсетува таа, напоменувајќи дека со каков било бактериски или вирусен афект, не се оди.
Заради тоа што сепак се руши имунитетот. Мора прво да се оздрави, па да се оди на вакцина, додаде таа за МИА.
Во текот на денов и утре, се очекуваат повеќе информации од надлежните околу вакцинацијата против сезонски грип. Министерството за здравство вчера информираше дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип, наменети за бесплатна вакцинација. Според Министерството, граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.

The post Почнува вакцинација против сезонски грип, најголем интерес кај хронично болни и постари и изнемоштени лица appeared first on Република.

]]>