протестна нота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protestna-nota/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 09:38:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протестна нота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protestna-nota/ 32 32 Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-odbi-da-ja-primi-protestnata-nota-od-mnr/ Mon, 16 Sep 2024 18:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=816893

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Како што, потврдуваат за МИА од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот.

Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа, дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.

На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна.

Заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова на средбата завчера во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНРНТ, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот.

Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.

Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.

 

The post Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Како што, потврдуваат за МИА од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот. Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа, дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.
Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.
На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна. Заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова на средбата завчера во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНРНТ, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот. Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков. Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.  

The post Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР appeared first on Република.

]]>
На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarskiot-ambasador-ke-mu-bide-vrachena-protestna-nota/ Mon, 16 Sep 2024 09:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=816720

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава откако претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова при посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев била повикана да се слика без македонското знаме.

Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.

Ние, нагласи, сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-evropa-i-svetot-vidoa-koi-se-vistinskite-nameri-na-sofija-da-pokazhuvaat-muskuli/

Како што посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.

Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.

За работата на Мешовитата комисија со Бугарија очекува разговорите да продолжат во духот на пријателството и добрососедство.

Очекувам објективно да се преговара и да се разговара. Тоа се процеси кои траат со децении. Имаме такви примери во Европа. Секоја избрзано решение произведува избрзани одлуки, а тие избрзани одлуку можат да бидат погрешни. Затоа очекувам во еден добрососедски дух членовите на комисиите од двете страни ќе разговараат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава откако претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова при посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев била повикана да се слика без македонското знаме.
Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.
Ние, нагласи, сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-evropa-i-svetot-vidoa-koi-se-vistinskite-nameri-na-sofija-da-pokazhuvaat-muskuli/ Како што посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.
Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.
За работата на Мешовитата комисија со Бугарија очекува разговорите да продолжат во духот на пријателството и добрососедство.
Очекувам објективно да се преговара и да се разговара. Тоа се процеси кои траат со децении. Имаме такви примери во Европа. Секоја избрзано решение произведува избрзани одлуки, а тие избрзани одлуку можат да бидат погрешни. Затоа очекувам во еден добрососедски дух членовите на комисиите од двете страни ќе разговараат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота appeared first on Република.

]]>
Косово испратило протестна нота до Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром со Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kosovo-ispratilo-protestna-nota-do-makedonija-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom-so-osmani/ Sat, 03 Aug 2024 07:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=802968

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека во петокот упатило протестна нота до Македонија, барајќи итно и целосно објаснување во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на МНР, претседателката Османи била соочена со „несоодветен и незаконски третман“ од обезбедувањето на скопскиот аеродром.

Министерката (Доника) Грвала достави протестна нота до властите во С Македонија, барајќи итно и целосно објаснување за овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за расветлување на случајот и да се погрижат вакви настани во иднина да не се повторуваат, се вели во соопштението на Министерството.

Грвала, според соопштението, веднаш по инцидентот, во четвртокот вечерта и во петокот се сретнала со амбасадорката на Македонија во Косово за да побара појаснување за случајот.

Министерката Грвала денеска во МНР оствари средба и со вицепремиерот на С Македонија, Арбен Фетаи со кого разговараше за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала попладнево прими телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при што беше изразена загриженоста на косовските институции за вчерашниот инцидент, се наведува во соопштението.

На претседателката Османи, според соопштението што го објави Претседателството, во четвртокот имало обид да ѝ се одземе телефонот од обезбедувањето на скопскиот аеродром. Дури, како што велат, имало обид и Османи физички да се оттурне.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-nashiot-vraboten-ne-se-obide-da-i-go-odzeme-telefonot-na-kosovskata-pretsedatelka/

Претседателството на Република Косово во соопштение до јавноста ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на С Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“.

The post Косово испратило протестна нота до Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром со Османи appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека во петокот упатило протестна нота до Македонија, барајќи итно и целосно објаснување во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на МНР, претседателката Османи била соочена со „несоодветен и незаконски третман“ од обезбедувањето на скопскиот аеродром.
Министерката (Доника) Грвала достави протестна нота до властите во С Македонија, барајќи итно и целосно објаснување за овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за расветлување на случајот и да се погрижат вакви настани во иднина да не се повторуваат, се вели во соопштението на Министерството.
Грвала, според соопштението, веднаш по инцидентот, во четвртокот вечерта и во петокот се сретнала со амбасадорката на Македонија во Косово за да побара појаснување за случајот.
Министерката Грвала денеска во МНР оствари средба и со вицепремиерот на С Македонија, Арбен Фетаи со кого разговараше за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала попладнево прими телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при што беше изразена загриженоста на косовските институции за вчерашниот инцидент, се наведува во соопштението.
На претседателката Османи, според соопштението што го објави Претседателството, во четвртокот имало обид да ѝ се одземе телефонот од обезбедувањето на скопскиот аеродром. Дури, како што велат, имало обид и Османи физички да се оттурне. https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-nashiot-vraboten-ne-se-obide-da-i-go-odzeme-telefonot-na-kosovskata-pretsedatelka/ Претседателството на Република Косово во соопштение до јавноста ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на С Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“.

The post Косово испратило протестна нота до Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром со Османи appeared first on Република.

]]>
БиХ ќе испрати протестни ноти до државите кои во ОН гласаа против резолуцијата за Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bih-ke-isprati-protestni-noti-do-drzhavite-koi-vo-on-glasaa-protiv-rezolutsijata-za-srebrenitsa/ Thu, 23 May 2024 20:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=781303

Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ изјави дека БиХ утре ќе испрати протестни ноти до сите држави кои денеска во Генералното собрание на ОН во Њујорк гласаа против резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година и се осудува негирањето на геноцидот и величањето на воените злосторници.

Резолуцијата беше усвоена со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани. ОН имаат 193 земји-членки.

Конаковиќ оцени дека се прават обиди да се минимизира бројот на земјите кои гласаа „за“, но нагласи дека само 19 земји гласаа „против“, додавајќи: „Нам ни беше важно тој резултат да биде позитивен. Односот е 4:1 во корист на оние кои се на страната на вистината“, истакна тој.

Сметаме дека тие што гласаа против се на страната на извршителите на воени злосторници и дека не ги почитуваат пресудите на меѓународните судови. Тоа е наша човечка обврска, рече Конаковиќ, пренесуваат сараевските медиуми.

Од нас се очекува да имаме единствен став во БиХ со оние за кои се носи резолуцијата, вели министерот, додавајќи дека гласањето за резолуцијата „не е никаква победа ниту натпревар, туку борба да се позиционира вистината како што заслужува“.

Многу ни е важно што денеска не слушнавме никој да зборува против фактите освен (претседателот на Србија, Александар) Вучиќ и дека „важно е што целиот регион, освен Србија, беше на вистинската страна, истакна Конаковиќ.

Тој оцени дека Вучиќ бил „агресивен“ и дека „успеа да ги минимизира и големите светски сили“, што, според него, ќе има последици за кои Вучиќ ќе мора да одговара пред сè на јавноста во Србија.

Конаковиќ ги повика „соседите да ги смират страстите“ и да се „вратат на секојдневните проблеми кои ги имаат нашите земји. Мораме сите заедно да продолжиме по патот кон ЕУ.“

Знаеме дека бројни земји во регионот беа под притисок, но покажаа храброст. Тоа никогаш нема да го заборавиме, потенцираше шефот на дипломатијата.

Изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за „мирно разидување“ во БиХ, Конаковиќ ја нарече бесмислена и додаде дека „нашите институции ефикасно ќе одговорат на сите кои ќе работат на дестабилизација“.

The post БиХ ќе испрати протестни ноти до државите кои во ОН гласаа против резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ изјави дека БиХ утре ќе испрати протестни ноти до сите држави кои денеска во Генералното собрание на ОН во Њујорк гласаа против резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година и се осудува негирањето на геноцидот и величањето на воените злосторници. Резолуцијата беше усвоена со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани. ОН имаат 193 земји-членки. Конаковиќ оцени дека се прават обиди да се минимизира бројот на земјите кои гласаа „за“, но нагласи дека само 19 земји гласаа „против“, додавајќи: „Нам ни беше важно тој резултат да биде позитивен. Односот е 4:1 во корист на оние кои се на страната на вистината“, истакна тој. Сметаме дека тие што гласаа против се на страната на извршителите на воени злосторници и дека не ги почитуваат пресудите на меѓународните судови. Тоа е наша човечка обврска, рече Конаковиќ, пренесуваат сараевските медиуми. Од нас се очекува да имаме единствен став во БиХ со оние за кои се носи резолуцијата, вели министерот, додавајќи дека гласањето за резолуцијата „не е никаква победа ниту натпревар, туку борба да се позиционира вистината како што заслужува“. Многу ни е важно што денеска не слушнавме никој да зборува против фактите освен (претседателот на Србија, Александар) Вучиќ и дека „важно е што целиот регион, освен Србија, беше на вистинската страна, истакна Конаковиќ. Тој оцени дека Вучиќ бил „агресивен“ и дека „успеа да ги минимизира и големите светски сили“, што, според него, ќе има последици за кои Вучиќ ќе мора да одговара пред сè на јавноста во Србија. Конаковиќ ги повика „соседите да ги смират страстите“ и да се „вратат на секојдневните проблеми кои ги имаат нашите земји. Мораме сите заедно да продолжиме по патот кон ЕУ.“ Знаеме дека бројни земји во регионот беа под притисок, но покажаа храброст. Тоа никогаш нема да го заборавиме, потенцираше шефот на дипломатијата. Изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за „мирно разидување“ во БиХ, Конаковиќ ја нарече бесмислена и додаде дека „нашите институции ефикасно ќе одговорат на сите кои ќе работат на дестабилизација“.

The post БиХ ќе испрати протестни ноти до државите кои во ОН гласаа против резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>
Бугарското МНР со протестна нота поради претепувањето на секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskoto-mnr-so-protestna-nota-poradi-pretepuvaneto-na-sekretarot-na-bugarskiot-kulturen-klub-vo-ohrid/ Fri, 20 Jan 2023 11:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=599041

Македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси Поповска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи за да ѝ биде врачена протестна нота поради инцидент во Охрид во кој бил физички нападнат граѓанин на тој град со чувство на бугарска припадност и секретар на пробугарската организација „Цар Борис Трети“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-ohrid-pretepan-sekretarot-na-bugarskiot-klub-tsar-boris/

Најавата ја објави агнецијата БГНЕС и во неа се вели дека станува збор за кривично дело врз „македонскиот Бугарин“ кој со тешки повреди бил примен во болница. Бугарското МНР го објави својот став полн со критики кон Македонија.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков реагирал телефонски до македонскиот колега Бујар Османи, од кого, како што пишува бугарската агенција, добил уверување за потребна помош од локалните власти.

Привремениот раководител на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и екипа од бугарската Амбасада во Скопје се во контакт со повредениот државјанин и се испратени во Охрид, наведува агенцијата.

Во текстот на БГНЕС се вели дека бугарската држава со месеци упорно го потенцира своето очекување властите во Македонија да преземат итни и ефективни мерки против сериозната ескалација на злосторствата од омраза и манифестации против Бугарите во земјата.

Бугарската страна сè уште нема добиено официјални информации за истрагата и спроведувањето на правдата во врска со неодамнешните напади, вклучително и за пукањето со огнено оружје, врз организацијата Цар Борис III од крајот на 2022 година. За жал, нападот на 19 јануари годинава. е индикативен пример за тешките последици од системското отсуство на адекватна реакција и посветеност од страна на Македонија, вклучително и неможноста да ја исполни својата основна заложба - да ја гарантира безбедноста на сопствените граѓани“, се вели во ставот на бугарското Министерството за надворешни работи.

Бугарија, како што се вели натаму, очекува надлежните органи во Македонија да преземат итни активности за откривање, изведување пред лицето на правдата и казнување на сторителите на кривичното дело, имајќи ја предвид сериозноста на делото.

Плурализмот, недискриминацијата, толеранцијата и еднаквоста меѓу луѓето се универзални принципи кои ги поврзуваат европските демократски општества. Очекуваме земјата која ја декларира својата желба да биде дел од Унијата заснована на слобода, демократија и владеење на правото, да вложи доследни и реални напори за исполнување на своите заложби поврзани со заштитата и гарантирањето на човековите права. За жал, последниве месеци сме сведоци токму на спротивните трендови во општеството во Македонија. Постоењето на проблеми со правата на Бугарите во Македонија не може да продолжи да се негира и од локалните власти и од меѓународните партнери. Очигледно тоа само води кон нивно продлабочување и е неспоиво со членството во Европската Унија“, наведува бугарското министерство.

 

The post Бугарското МНР со протестна нота поради претепувањето на секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид appeared first on Република.

]]>

Македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси Поповска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи за да ѝ биде врачена протестна нота поради инцидент во Охрид во кој бил физички нападнат граѓанин на тој град со чувство на бугарска припадност и секретар на пробугарската организација „Цар Борис Трети“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-ohrid-pretepan-sekretarot-na-bugarskiot-klub-tsar-boris/ Најавата ја објави агнецијата БГНЕС и во неа се вели дека станува збор за кривично дело врз „македонскиот Бугарин“ кој со тешки повреди бил примен во болница. Бугарското МНР го објави својот став полн со критики кон Македонија. Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков реагирал телефонски до македонскиот колега Бујар Османи, од кого, како што пишува бугарската агенција, добил уверување за потребна помош од локалните власти.
Привремениот раководител на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и екипа од бугарската Амбасада во Скопје се во контакт со повредениот државјанин и се испратени во Охрид, наведува агенцијата.
Во текстот на БГНЕС се вели дека бугарската држава со месеци упорно го потенцира своето очекување властите во Македонија да преземат итни и ефективни мерки против сериозната ескалација на злосторствата од омраза и манифестации против Бугарите во земјата.
Бугарската страна сè уште нема добиено официјални информации за истрагата и спроведувањето на правдата во врска со неодамнешните напади, вклучително и за пукањето со огнено оружје, врз организацијата Цар Борис III од крајот на 2022 година. За жал, нападот на 19 јануари годинава. е индикативен пример за тешките последици од системското отсуство на адекватна реакција и посветеност од страна на Македонија, вклучително и неможноста да ја исполни својата основна заложба - да ја гарантира безбедноста на сопствените граѓани“, се вели во ставот на бугарското Министерството за надворешни работи.
Бугарија, како што се вели натаму, очекува надлежните органи во Македонија да преземат итни активности за откривање, изведување пред лицето на правдата и казнување на сторителите на кривичното дело, имајќи ја предвид сериозноста на делото.
Плурализмот, недискриминацијата, толеранцијата и еднаквоста меѓу луѓето се универзални принципи кои ги поврзуваат европските демократски општества. Очекуваме земјата која ја декларира својата желба да биде дел од Унијата заснована на слобода, демократија и владеење на правото, да вложи доследни и реални напори за исполнување на своите заложби поврзани со заштитата и гарантирањето на човековите права. За жал, последниве месеци сме сведоци токму на спротивните трендови во општеството во Македонија. Постоењето на проблеми со правата на Бугарите во Македонија не може да продолжи да се негира и од локалните власти и од меѓународните партнери. Очигледно тоа само води кон нивно продлабочување и е неспоиво со членството во Европската Унија“, наведува бугарското министерство.
 

The post Бугарското МНР со протестна нота поради претепувањето на секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид appeared first on Република.

]]>
МНР го повика рускиот амбасадор Баздникин, врачена му е протестна нота https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-go-povika-ruskiot-ambasador-bazdnikin-vrachena-mu-e-protestna-nota/ Mon, 07 Mar 2022 20:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=469242

Во Министерството за надворешни работи денеска бил одржан состанок на тема Русија, а веднаш потоа, во МНР бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин.

Како што потврдуваат извори во МНР за „Слободен печат“, претставници на министерството му упатиле вербална нота на амбасадорот, околу објавата на Руската амбасада од пред два дена, со која се евидентираат „русофобите“ во Македонија.

Претставници на МНР на амбасадорот му посочиле дека објавата е непримерна, заканувачка и оти таа надвор од дипломатската комуникација.

The post МНР го повика рускиот амбасадор Баздникин, врачена му е протестна нота appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за надворешни работи денеска бил одржан состанок на тема Русија, а веднаш потоа, во МНР бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин. Како што потврдуваат извори во МНР за „Слободен печат“, претставници на министерството му упатиле вербална нота на амбасадорот, околу објавата на Руската амбасада од пред два дена, со која се евидентираат „русофобите“ во Македонија. Претставници на МНР на амбасадорот му посочиле дека објавата е непримерна, заканувачка и оти таа надвор од дипломатската комуникација.

The post МНР го повика рускиот амбасадор Баздникин, врачена му е протестна нота appeared first on Република.

]]>