протест против францускиот договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-protiv-francuskiot-dogovor/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Jul 2022 18:46:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протест против францускиот договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-protiv-francuskiot-dogovor/ 32 32 Попов со порака до младите: Приклучете се на протестите против асимилација на Македонија, преку глава ние од погрешни политики, Македонија не обединува сите нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popov-so-poraka-do-mladite-prikluchete-se-na-protestite-protiv-asimilacija-na-makedonija-preku-glava-nie-od-pogreshni-politiki-makedonija-ne-obedinuva-site-nas/ Sun, 10 Jul 2022 18:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=526709

Денес сме повторно овде собрани за да кажеме НЕ, не на асимилација, не на бугаризација и не на бришење на нашиот македонски национален идентитет. Последнава недела сме секој ден на улиците да го искажеме нашето мислење околу бугаризацијата завиткана во француска обланда која ни ја сервираат замислете како најдоброто нешто што ни се има случено. Пак ќе ве прашам што имаме да им порачаме на домашните предавници и на бугарските шовинисти, вели Сергеј Попов, претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест „Ултиматум НЕ – благодарам“ пред македонското собрание.

Попов потенцираше дека власта не ја интересира за егзодуст на младите во Македонија, нагласувајќи дека на младите им е преку глава од оваа власт бидејќи носи погрешни одлуки и ја носи државата во погрешна насока.

За егзодусот на младите од Македонија господата во Влада не ги интересира, како да не си одат младите кога ги лажевте за гаранција за вработување, за висок стандард а на крај само ќе ги оставите без матична држава. Преку глава ни е, цела држава да оди во погрешна насока, да се носат одлуки против желбите на народот затоа што така им текнало во Муртино и Зајас. Ова веќе не може, јас и младите ви кажувам нема да ви помине неказнето, порача Попов.

Преку глава ни е да слушаме за теми од 19-ти век, ние сакаме да зборуваме за иднината, да зборуваме за развој и прогрес, но немој да нè потцените и да се излажете дека ни е сеедно! Нема да дозволиме и нема да прифатиме бришење на идентитетот и сквернавење на историјата и фактите од минатото, нема да признаеме и да ги трансформираме бугарските фашисти во некакви си администратори. Нема да ја заборавиме Ваташа и дванаесетмина кои загинаа, нема да ги заборавиме илинденците, асномците, петте струмички студенти и сите оние кои животот го положија за слободна и независна Република Македонија. Тие гинеа, а овие во Владата продаваат, ќе продадат сè само да не ги изгубат власта, за пуста власт живи луѓе ќе јадеа, а ние од нив очекуваме да се борат за нас и нашите интереси. Од нив можеме да очекуваме само ново предавство, но овој пат овој кроток народ нема да ви дозволи, нема да ви помине, бидејќи сите во еден глас ви порачуваме НЕ, потенцираше Попов.

Попов упати порака до сите млади да се приклучат на протестите и да не дозволат различните политички ставови да ги оттргнат од оваа борба која ги обединува.

Порака до моите врсници и до оние помлади од мене: ве замолувам да излезете масовно и приклучите се, немојте политичките ставови по други прашања да ве оттргнат од оваа борба која сите не обединува, не дозволувајте поради пиење кафе, излегување, шетање да се намали масовноста и да им пројде ова предавство, рече тој.

The post Попов со порака до младите: Приклучете се на протестите против асимилација на Македонија, преку глава ние од погрешни политики, Македонија не обединува сите нас appeared first on Република.

]]>

Денес сме повторно овде собрани за да кажеме НЕ, не на асимилација, не на бугаризација и не на бришење на нашиот македонски национален идентитет. Последнава недела сме секој ден на улиците да го искажеме нашето мислење околу бугаризацијата завиткана во француска обланда која ни ја сервираат замислете како најдоброто нешто што ни се има случено. Пак ќе ве прашам што имаме да им порачаме на домашните предавници и на бугарските шовинисти, вели Сергеј Попов, претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест „Ултиматум НЕ – благодарам“ пред македонското собрание.
Попов потенцираше дека власта не ја интересира за егзодуст на младите во Македонија, нагласувајќи дека на младите им е преку глава од оваа власт бидејќи носи погрешни одлуки и ја носи државата во погрешна насока.
За егзодусот на младите од Македонија господата во Влада не ги интересира, како да не си одат младите кога ги лажевте за гаранција за вработување, за висок стандард а на крај само ќе ги оставите без матична држава. Преку глава ни е, цела држава да оди во погрешна насока, да се носат одлуки против желбите на народот затоа што така им текнало во Муртино и Зајас. Ова веќе не може, јас и младите ви кажувам нема да ви помине неказнето, порача Попов.
Преку глава ни е да слушаме за теми од 19-ти век, ние сакаме да зборуваме за иднината, да зборуваме за развој и прогрес, но немој да нè потцените и да се излажете дека ни е сеедно! Нема да дозволиме и нема да прифатиме бришење на идентитетот и сквернавење на историјата и фактите од минатото, нема да признаеме и да ги трансформираме бугарските фашисти во некакви си администратори. Нема да ја заборавиме Ваташа и дванаесетмина кои загинаа, нема да ги заборавиме илинденците, асномците, петте струмички студенти и сите оние кои животот го положија за слободна и независна Република Македонија. Тие гинеа, а овие во Владата продаваат, ќе продадат сè само да не ги изгубат власта, за пуста власт живи луѓе ќе јадеа, а ние од нив очекуваме да се борат за нас и нашите интереси. Од нив можеме да очекуваме само ново предавство, но овој пат овој кроток народ нема да ви дозволи, нема да ви помине, бидејќи сите во еден глас ви порачуваме НЕ, потенцираше Попов.
Попов упати порака до сите млади да се приклучат на протестите и да не дозволат различните политички ставови да ги оттргнат од оваа борба која ги обединува. Порака до моите врсници и до оние помлади од мене: ве замолувам да излезете масовно и приклучите се, немојте политичките ставови по други прашања да ве оттргнат од оваа борба која сите не обединува, не дозволувајте поради пиење кафе, излегување, шетање да се намали масовноста и да им пројде ова предавство, рече тој.

The post Попов со порака до младите: Приклучете се на протестите против асимилација на Македонија, преку глава ние од погрешни политики, Македонија не обединува сите нас appeared first on Република.

]]>
Дабиќ: Исфрлените дипломати кои се изолирани и исфрлени од сите процеси Османи ги злоупотребува со невидена леснотија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dabikj-isfrlenite-diplomati-koi-se-izolirani-i-isfrleni-od-site-procesi-osmani-gi-zloupotrebuva-so-nevidena-lesnotija/ Tue, 05 Jul 2022 21:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=524513

Нашиот македонски дипломатски синдикат е последната институција која се грижи за македонската дипломатија и која се бори за професионална способна и автентична македонска дипломатија која ќе биде на линија на заштита на виталните државни интереси, изјави поранешниот амбасадор Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.

„Последните години во целата држава па и во министерството за надворешни работи не видена партизација зема замав. Сите под наводници неподобни дипломати се шиканирани и понижувани на разни начини, со бркање од работа, изложување на дисциплински постапки, деградирања и мобинг“, рече Дабиќ.

Дабиќ потенцираше дека пред 2 години кога министерот Османи стана министер и дојде кај нас, нашиот синдикат го предупреди и му кажавме дека негова главна задача е да го врати дигнитетот и достоинството на македонската дипломатија целосно уништено од неговиот претходник Никола Димитров.

„Денес наши колеги се изолирани исфрлени од сите процеси. Кабинетот на министерот како некоја феудална кула го чува министерот Османи од дипломатите. Османи истите тие дипломати ги злоупотребува со невидена леснотија кога ќе сака да си ги покрие своите гревови“, кажа Дабиќ.

Дабиќ додаде дека без око да му трепне тој неодамна изјави дека најискусните дипломати во МНР го проучувале францускиот предлог. Не министре, најискусните дипломати ниту го беа виделе а уште помалку анализирале францускиот предлог, а не пак рамката и протоколот.

Тој посочи дека добрата дипломатија ни е потребана за иднината и не ќе ја зачуваме на неа ќе треба да се потпираме а не на лажни ветувања.

„Македонскиот дипломатски синдикат не дозволува нашата служба да се израмнува со неколкумина корумпирани поединци на кој личната добивка им е пред државата и се добро наградени со мандати во странство“, заклучи Дабиќ.

The post Дабиќ: Исфрлените дипломати кои се изолирани и исфрлени од сите процеси Османи ги злоупотребува со невидена леснотија appeared first on Република.

]]>

Нашиот македонски дипломатски синдикат е последната институција која се грижи за македонската дипломатија и која се бори за професионална способна и автентична македонска дипломатија која ќе биде на линија на заштита на виталните државни интереси, изјави поранешниот амбасадор Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.
„Последните години во целата држава па и во министерството за надворешни работи не видена партизација зема замав. Сите под наводници неподобни дипломати се шиканирани и понижувани на разни начини, со бркање од работа, изложување на дисциплински постапки, деградирања и мобинг“, рече Дабиќ.
Дабиќ потенцираше дека пред 2 години кога министерот Османи стана министер и дојде кај нас, нашиот синдикат го предупреди и му кажавме дека негова главна задача е да го врати дигнитетот и достоинството на македонската дипломатија целосно уништено од неговиот претходник Никола Димитров.
„Денес наши колеги се изолирани исфрлени од сите процеси. Кабинетот на министерот како некоја феудална кула го чува министерот Османи од дипломатите. Османи истите тие дипломати ги злоупотребува со невидена леснотија кога ќе сака да си ги покрие своите гревови“, кажа Дабиќ.
Дабиќ додаде дека без око да му трепне тој неодамна изјави дека најискусните дипломати во МНР го проучувале францускиот предлог. Не министре, најискусните дипломати ниту го беа виделе а уште помалку анализирале францускиот предлог, а не пак рамката и протоколот. Тој посочи дека добрата дипломатија ни е потребана за иднината и не ќе ја зачуваме на неа ќе треба да се потпираме а не на лажни ветувања.