протест пошта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-poshta/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Oct 2022 13:22:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протест пошта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-poshta/ 32 32 Во мирување протестот во „Пошта“, платата за септември мора да легне најдоцна до петок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-miruvanje-protestot-vo-poshta-platata-za-septemvri-mora-da-legne-najdocna-do-petok/ Wed, 26 Oct 2022 21:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=565956

Протестот во Македонска Пошта да се стави во мирување, платата  за септември да се исплати  најдоцна до петок, 28 октомври, а за наредните месеци да се исплаќа во законски предвидениот рок, до 15. во месецот, договориле денеска на средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорт на Пошта Васко Стефанов со претставници на синдикалните организации во поштенското претпријатие Боро Велигденов и Младен Стојановски, придружувани од претседателот на ССМ Дарко Димовски.

За исходот од средбата  преку соопштение информираше Министерството за транспорт и врски, а Велигденов и Стојановски за МИА потврдија дека протестот се става во мирување, но најавуваат дека доколку не се исполни договореното ќе ја активираат најавата за генерален протест пред Владата.

Министерството за транспорт на средбата се обврзало да достави информација до Владата и на наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти, согласно со измените во Законот за поштенски услуги.

Според обврските и иницијативите што произлегле од средбата, се задолжува АД Пошта да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно со препораките на Владата, а нејзиниот Управен одбор да започне со изготвување нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените.

Владата ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето на АД Пошти, процес кој ќе започне веднаш и ќе трае до 31 декември 2022 година. Ќе препорача на Агенцијата за пошти да продолжи со надзор и контрола на поштенскиот пазар над правни субјекти кои немаат добиени општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено до Агенцијата за пошти. Со ваквите завземени ставови протестот се става во мирување и засегнатите страни се обврзуваат на взаемна поддршка за почитување на обврските, наведе ресорното Министерство во соопштение.

Како што изјави претседателот на синдикатот на Македонска пошта Велигденов, со оглед на фактот дека се прифатени сите барања, синдикалните организации го ставаат во мирување предупредувачкиот протест и најавениот генерален протест што беше најавен за в сабота пред Владата.

На средбата се прифатени нашите ставови и барања. Ако не се почитуваат роковите за исплата на платите ќе има генерален протест. Договорено е и во сите процеси во насока на реорганизација и реформирање на друштвото да биде вклучена Владата, изјави Велигденов.

Министерот Бочварски, според соопштението, ја потенцирал поддршката од ресорното Министерство и Владата и посочил дека само со заеднички заложби на сите инволвирани страни ќе можат да се подигне квалитетот на поштенските услуги во насока на повторно стекнување доверба кај граѓаните во АД Пошти.

Вработените во националната Пошта пред една недела почнаа со секојдневни предупредувачки протести барајќи првенствено исплата на платата за септември. Протестите се одржаа во тек на паузите во подружниците на поштенското претпријатие во подружниците во Скопје и низ државата.

The post Во мирување протестот во „Пошта“, платата за септември мора да легне најдоцна до петок appeared first on Република.

]]>

Протестот во Македонска Пошта да се стави во мирување, платата  за септември да се исплати  најдоцна до петок, 28 октомври, а за наредните месеци да се исплаќа во законски предвидениот рок, до 15. во месецот, договориле денеска на средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорт на Пошта Васко Стефанов со претставници на синдикалните организации во поштенското претпријатие Боро Велигденов и Младен Стојановски, придружувани од претседателот на ССМ Дарко Димовски. За исходот од средбата  преку соопштение информираше Министерството за транспорт и врски, а Велигденов и Стојановски за МИА потврдија дека протестот се става во мирување, но најавуваат дека доколку не се исполни договореното ќе ја активираат најавата за генерален протест пред Владата. Министерството за транспорт на средбата се обврзало да достави информација до Владата и на наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти, согласно со измените во Законот за поштенски услуги. Според обврските и иницијативите што произлегле од средбата, се задолжува АД Пошта да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно со препораките на Владата, а нејзиниот Управен одбор да започне со изготвување нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените.
Владата ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето на АД Пошти, процес кој ќе започне веднаш и ќе трае до 31 декември 2022 година. Ќе препорача на Агенцијата за пошти да продолжи со надзор и контрола на поштенскиот пазар над правни субјекти кои немаат добиени општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено до Агенцијата за пошти. Со ваквите завземени ставови протестот се става во мирување и засегнатите страни се обврзуваат на взаемна поддршка за почитување на обврските, наведе ресорното Министерство во соопштение.
Како што изјави претседателот на синдикатот на Македонска пошта Велигденов, со оглед на фактот дека се прифатени сите барања, синдикалните организации го ставаат во мирување предупредувачкиот протест и најавениот генерален протест што беше најавен за в сабота пред Владата.
На средбата се прифатени нашите ставови и барања. Ако не се почитуваат роковите за исплата на платите ќе има генерален протест. Договорено е и во сите процеси во насока на реорганизација и реформирање на друштвото да биде вклучена Владата, изјави Велигденов.
Министерот Бочварски, според соопштението, ја потенцирал поддршката од ресорното Министерство и Владата и посочил дека само со заеднички заложби на сите инволвирани страни ќе можат да се подигне квалитетот на поштенските услуги во насока на повторно стекнување доверба кај граѓаните во АД Пошти. Вработените во националната Пошта пред една недела почнаа со секојдневни предупредувачки протести барајќи првенствено исплата на платата за септември. Протестите се одржаа во тек на паузите во подружниците на поштенското претпријатие во подружниците во Скопје и низ државата.

The post Во мирување протестот во „Пошта“, платата за септември мора да легне најдоцна до петок appeared first on Република.

]]>
И вработените во Пошти на протест зошто немаат плата, прашуваат и зошто се прават тендери за приватници, кога може да се работи преку државниот сервис? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-vrabotenite-vo-poshti-na-protest-zoshto-nemaat-plata-prashuvaat-i-zoshto-se-pravat-tenderi-za-privatnici-koga-moze-da-se-raboti-preku-drzavniot-servis/ Thu, 20 Oct 2022 10:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=563511

Двети синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи.

Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов појасни дека протестот го одржуваат поради доцнењето на платите, кои требало да бидат исплатени најдоцна до 15-ти месецов.

Дополнително како вработени се грижиме за нашата егзистенција, за нашите работни места, односно за иднината на нашата компанија, проблем кој со години се провлекува и особеното немање интерес од Владата да заземе цврст став во надминување на состојбите и на подобрување на работењето на Македонска пошта. Македонска пошта е државна компанија која е од суштинско значење за државата и мора како пошта да постои и да биде главен сервис на граѓаните, потенцираше Велигденов.

Тој предупреди дека доколку не се исплатата платите до вторник, сите вработени од Македонска пошта ќе одржат протест пред Влада.

Сепак, станува збор за егзистенција на нашите семејства – немаме плата во оваа криза кога енормно се покачуваат цените не можеме дома да ги исплатиме нашите обврски, да однесеме леб, кредити и ред други работи. Впрочем, не можеме да дојдеме на работа, немаме пари за издржување, истакна претседателот на Синдикатот.

Тој информираше дека вчера одржале состанок со Управниот одбор, но оти сè уште немаат добиено официјален одговор.

Инаку, се изготвувало план и стратегија за надминување на состојбите, штом ќе ги добиеме ќе биде информирана целата јавност. Ние како синдикат впрочем и тоа бараме, не само гаранција секој месец да добиваме редовно плата, туку и да ни ја приложат стратегијата како ќе излеземе ние од ситуацијата, како секој нареден месец ние ќе имаме работа пред се и ќе се обезбеди плата за сите вработени, бидејќи станува збор за 2.200 вработени, тоа се 2.200 семејства, додаде Велигденов.

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија информираше дека до Владата и до менаџерскиот тим уште во вторник ќе поднесат барање, на владина седница со заклучок, бидејќи станува збор за АД во државна сопственост, да нареди премиерот до сите министри да ги користат услугите на „Македонски пошти“.

Не може ние да правиме тендери и да ангажираме приватни т.н. пошти, или брзи пошти, а нашата национална пошта која ја има државата како нејзин сервис, да биде скокната и да не прави приходи од писмата кои се носат во одредени министерства, судски пресуди итн. Значи, решението е државата да си ги користи своите ресурси кои ги има – АД „Пошта на Македонија“ кои се во сопственост на државата. Тоа е решението. Ние ќе бараме тоа да се процесуира бидејќи гледаме секакви заклучоци се носат на Влада, па редно е да се помогне и на ова АД во државна сопственост за да може и понатаму да работи, бидејќи знаеме – ја опслужуваме целата држава Македонија, а ствараме повеќе расходи отколку што добиваме приходи, потенцираше Димовски.

The post И вработените во Пошти на протест зошто немаат плата, прашуваат и зошто се прават тендери за приватници, кога може да се работи преку државниот сервис? appeared first on Република.

]]>

Двети синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи. Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов појасни дека протестот го одржуваат поради доцнењето на платите, кои требало да бидат исплатени најдоцна до 15-ти месецов.