протест на студенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-na-studenti/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 10:55:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протест на студенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-na-studenti/ 32 32 Секако дека би ги пуштил децата во студентски дом, вели Мицкоски коментирајќи ја „глупавоста“ на Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekako-deka-bi-gi-pushtil-decata-vo-studentski-dom-veli-mickoski-komentirajkji-ja-glupavosta-na-pendarovski/ Fri, 18 Nov 2022 10:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=575358

Коментирајќи ја вчерашната изјава на Стево Пендаровски, кој рече дека неговите деца не би ги пуштил во студентски дом, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека глупавоста и неспособноста на претседателот шокираат.

https://republika.mk/vesti/pendarovski-sin-mi-ako-beshe-od-drug-grad-nemashe-da-go-pushtam-da-zivee-vo-studenski-dom-vo-makedonija/

Јас колку што се сеќавам дури и тој беше универзитетски професор едно време. Чинам дека до вонреден професор дојде ако не се лажам. Замислете сега, ако педагог дава таков глупав пример, тогаш можете да замислете до каде е глупавоста и неспособноста која шокира. И да не нѐ чуди после граѓание кога ќе видат политичари им се згрозува затоа што имаат изгубено секаква верба во било кој политичар тука. Тука зборувам и за политичарите од опозицијата вклучувајќи ме и мене затоа што луѓето кога перцепираат генерално перцепираат и многу малку може да направат разлика дали си ти на власт, имаш инструменти и институции за да ги менуваш работите или си опозиција, затоа што едноставно нивните очекувања се големи. А кога гледаат вакви политичари чија што глупавост шокира, тогаш ситуацијата останува таква каква што е, односно за сите политичари граѓаните имаат ниско мислење. Затоа е важно да има час поскоро парламентарни избори и да покажеме дека може поинаку, рече денеска Мицкоски.

Мицкоски посочи дека секако би ги пуштил неговите деца во студентски дом, но најважно е да се види што може да се направи за студентите да имаат подобри услови, бидејќи тоа го има во програмите на сите политички партиии и треба да се постигне заеднички консензус.

Да, да апсолутно. Но, не станува збор дали тука би ги пуштиле или не би ги пуштиле, туку ајде да направиме нешто добро за тие деца таму. Колку повеќе навлегуваме во таа глупавост што шокира на власта и владините политичари, толку повеќе и ние се навлекуваме на таа реторика. Ајде да видиме да ја смениме сега малку реториката и да видиме што можеме да направиме за тие деца. Ако ги погледате програмите на политичките партии ќе видите дека секоја политичка партија се залага за студентски град, студентски центар, студентски домови и често пати ни викаат дали вие политичарите можете да постигнете консензус околу една работа. Е па ајде еве сега е предлог буџетот пред пратениците. Ајде да постигнеме консензус, да ги реновираме студентските домови на студентите. Да постигнеме еден таков консензус и средствата кои што Бесими ги наменил за тендери во четири очи кои што треба да бидат дел од таа таканаречена зелена агенда да ги пренасочиме за студентите, вели тој.

The post Секако дека би ги пуштил децата во студентски дом, вели Мицкоски коментирајќи ја „глупавоста“ на Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Коментирајќи ја вчерашната изјава на Стево Пендаровски, кој рече дека неговите деца не би ги пуштил во студентски дом, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека глупавоста и неспособноста на претседателот шокираат. https://republika.mk/vesti/pendarovski-sin-mi-ako-beshe-od-drug-grad-nemashe-da-go-pushtam-da-zivee-vo-studenski-dom-vo-makedonija/
Јас колку што се сеќавам дури и тој беше универзитетски професор едно време. Чинам дека до вонреден професор дојде ако не се лажам. Замислете сега, ако педагог дава таков глупав пример, тогаш можете да замислете до каде е глупавоста и неспособноста која шокира. И да не нѐ чуди после граѓание кога ќе видат политичари им се згрозува затоа што имаат изгубено секаква верба во било кој политичар тука. Тука зборувам и за политичарите од опозицијата вклучувајќи ме и мене затоа што луѓето кога перцепираат генерално перцепираат и многу малку може да направат разлика дали си ти на власт, имаш инструменти и институции за да ги менуваш работите или си опозиција, затоа што едноставно нивните очекувања се големи. А кога гледаат вакви политичари чија што глупавост шокира, тогаш ситуацијата останува таква каква што е, односно за сите политичари граѓаните имаат ниско мислење. Затоа е важно да има час поскоро парламентарни избори и да покажеме дека може поинаку, рече денеска Мицкоски.
Мицкоски посочи дека секако би ги пуштил неговите деца во студентски дом, но најважно е да се види што може да се направи за студентите да имаат подобри услови, бидејќи тоа го има во програмите на сите политички партиии и треба да се постигне заеднички консензус.
Да, да апсолутно. Но, не станува збор дали тука би ги пуштиле или не би ги пуштиле, туку ајде да направиме нешто добро за тие деца таму. Колку повеќе навлегуваме во таа глупавост што шокира на власта и владините политичари, толку повеќе и ние се навлекуваме на таа реторика. Ајде да видиме да ја смениме сега малку реториката и да видиме што можеме да направиме за тие деца. Ако ги погледате програмите на политичките партии ќе видите дека секоја политичка партија се залага за студентски град, студентски центар, студентски домови и често пати ни викаат дали вие политичарите можете да постигнете консензус околу една работа. Е па ајде еве сега е предлог буџетот пред пратениците. Ајде да постигнеме консензус, да ги реновираме студентските домови на студентите. Да постигнеме еден таков консензус и средствата кои што Бесими ги наменил за тендери во четири очи кои што треба да бидат дел од таа таканаречена зелена агенда да ги пренасочиме за студентите, вели тој.

The post Секако дека би ги пуштил децата во студентски дом, вели Мицкоски коментирајќи ја „глупавоста“ на Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Студентски марш пред Влада, се бара зголемување на студентскиот оброк од 120 на 160 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-marsh-pred-vlada-se-bara-zgolemuvanje-na-studentskiot-obrok-od-120-na-160-denari/ Thu, 17 Nov 2022 10:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=574860

Студентскиот отпор за правда на студентите денеска, во 17:30 часот пред Влада, организира студентски марш, по повод 17 Ноември – Меѓународниот ден на студентите, и воедно бара зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 120 на 160 денари дневно.

Тие ги повикуваат членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на денешната седница да ги прифатат амандманите кои се однесуваат за зголемување на износот на оброкот и продолжување на рокот, а не како што се предлага тој да биде до март-2023 година.

Повторно ги повикуваме пратениците независно од која политичка партија се да ги прифатат амандманите на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, кои се однесуваат на зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари и продолжување на рокот за субвенциониран студентски оброк, а не како што се предлага истиот да биде до март-2023 година. Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и друго, а да нема пари за македонскиот студент, велат од Студентскиот отпор за правда на студентите.

Потенцираат дека не смее да се дозволи да се штеди на младите луѓе.

Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми како што е: износот на стипендиите, мерките за штедење на електрична енергија и условите во студентските домови. Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат, велат студентите.

Тие нагласуваат дека студентскиот стандард мора да се подобри.

The post Студентски марш пред Влада, се бара зголемување на студентскиот оброк од 120 на 160 денари appeared first on Република.

]]>

Студентскиот отпор за правда на студентите денеска, во 17:30 часот пред Влада, организира студентски марш, по повод 17 Ноември – Меѓународниот ден на студентите, и воедно бара зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 120 на 160 денари дневно. Тие ги повикуваат членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на денешната седница да ги прифатат амандманите кои се однесуваат за зголемување на износот на оброкот и продолжување на рокот, а не како што се предлага тој да биде до март-2023 година.
Повторно ги повикуваме пратениците независно од која политичка партија се да ги прифатат амандманите на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, кои се однесуваат на зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари и продолжување на рокот за субвенциониран студентски оброк, а не како што се предлага истиот да биде до март-2023 година. Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и друго, а да нема пари за македонскиот студент, велат од Студентскиот отпор за правда на студентите.
Потенцираат дека не смее да се дозволи да се штеди на младите луѓе.
Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми како што е: износот на стипендиите, мерките за штедење на електрична енергија и условите во студентските домови. Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат, велат студентите.
Тие нагласуваат дека студентскиот стандард мора да се подобри.

The post Студентски марш пред Влада, се бара зголемување на студентскиот оброк од 120 на 160 денари appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за протестите на студентите: Власта ги одби амадманите за помош на младите за потоа да се обидат со неколкумина студенти да фингираат дијалог со некредибилни претставници кои се членови или блиски на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-protestite-na-studentite-vlasta-gi-odbi-amadmanite-za-pomosh-na-mladite-za-potoa-da-se-obidat-so-nekolkumina-studenti-da-fingiraat-dijalog-so-nekredibilni-pretstavnici-koi-se-chlenovi-ili/ Thu, 17 Nov 2022 08:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=574770

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е наразбирливо што власта ги одби амадманите за помош на младите за потоа да се обидат со неколкумина студенти да фингираат дијалог со некредибилни претставници на студентите кои се членови или блиски на СДСМ.

Тоа дополнително ги подгреа чуствата на студентите во негативна насока и дополнително стимулира нервоза кај нив.Единствен виновник за одливот на млади и паметни е оваа влада.Се сеќаваме кога пред владата редеа чевли па велеа колку луѓе се иселиле па дека кога тие ќе дојдат на власт ќе ги вратат.Напротив, бројот на заминати е неколкукратно зголемен-објаснува Мицкоски во интервјуто за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=TZC4PVv7vlc

The post Мицкоски за протестите на студентите: Власта ги одби амадманите за помош на младите за потоа да се обидат со неколкумина студенти да фингираат дијалог со некредибилни претставници кои се членови или блиски на СДСМ appeared first on Република.

Со марш од Влада до МОН студентите ќе ги бараат своите права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-marsh-od-vlada-do-mon-studentite-kje-gi-baraat-svoite-prava/ Thu, 17 Nov 2022 07:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=574724

Универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ попладне од 17.30 часот, од Влада до Министерството за образование и наука, на марш обединето ќе ги бараат своите права.

УСС на УКИМ објави дека борбата на студентите е заедничка и дека само сплотени и заедно ќе успеат да ги заштитат нивните права и ќе ги исполнат нивните барања: издвојување средства од буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација.

Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања. Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието, меѓу кои средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот. Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард, се наведува во објавата на УСС на УКИМ.

Претходно, во 13 часот, Клубот за младински прашања и политики во Парламентот ќе организира средба со Универзитетското студентско собрание чија цел е, како што изјави претседателот на УСС на УКИМ Славчо Темелковски за МИА, изработка на акциски план за подобрување на условите во студентските домови.

На средбата се очекува да присуствуваат директорите и претседателите на студентските домови и на сите универзитетски студентски собранија, пратеници, како и претставници на Министерството за образование и наука.

The post Со марш од Влада до МОН студентите ќе ги бараат своите права appeared first on Република.

]]>

Универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ попладне од 17.30 часот, од Влада до Министерството за образование и наука, на марш обединето ќе ги бараат своите права. УСС на УКИМ објави дека борбата на студентите е заедничка и дека само сплотени и заедно ќе успеат да ги заштитат нивните права и ќе ги исполнат нивните барања: издвојување средства од буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација.
Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања. Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието, меѓу кои средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот. Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард, се наведува во објавата на УСС на УКИМ.
Претходно, во 13 часот, Клубот за младински прашања и политики во Парламентот ќе организира средба со Универзитетското студентско собрание чија цел е, како што изјави претседателот на УСС на УКИМ Славчо Темелковски за МИА, изработка на акциски план за подобрување на условите во студентските домови. На средбата се очекува да присуствуваат директорите и претседателите на студентските домови и на сите универзитетски студентски собранија, пратеници, како и претставници на Министерството за образование и наука.

The post Со марш од Влада до МОН студентите ќе ги бараат своите права appeared first on Република.

]]>
Македонскиот дипломатски синдикат со поддршка за студентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-diplomatski-sindikat-so-poddrshka-za-studentite/ Tue, 15 Nov 2022 13:36:25 +0000 https://republika.mk/?p=574086

Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство. Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена.

Oттаму велат дека се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани?

Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија.Жално е кога ќе погледнеме какви се студентските домови низ регионот и низ Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите.МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живот и достоинство

The post Македонскиот дипломатски синдикат со поддршка за студентите appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство. Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена. Oттаму велат дека се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани?