протест на КСС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-na-kss/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Apr 2022 09:42:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протест на КСС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-na-kss/ 32 32 „Обединети работници“ се приклучува кон протестот на КСС, ги повикуваат сите работници заедно да го кренат гласот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obedineti-rabotnici-se-prikluchuva-kon-protestot-na-kss-gi-povikuvaat-site-rabotnici-zaedno-da-go-krenat-glasot/ Tue, 26 Apr 2022 09:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=493682

ДСП „Обединети работници“ се приклучува на иницијативата на КСС за организирање на сенароден работнички протест, а заради остварување на принципот на еднаквост и рамноправност при уживањето на основните работнички права.

На овој протест одлучно ќе дадеме до знаење на сите релевантни субјекти дека со работникот не смее да има никакви калкулации и дека основните работнички права мораат да бидат достапни на секој работник, независно дали се работи за приватен или јавен сектор.

Протестот ќе се одржува од 26.04.2022 година па се до 29.04.2022 година, пред Собранието на РМ, со што ДСП „Обединети работници“ ќе даде свое активно учество и поддршка.

Имено, ги повикуваме сите работници да дадат своја поддршка и свој придонес во оваа борба, со што конечно ќе го кренеме гласот на работникот во Република Македонија, велат од „Обединети работници“.

The post „Обединети работници“ се приклучува кон протестот на КСС, ги повикуваат сите работници заедно да го кренат гласот appeared first on Република.

]]>

ДСП „Обединети работници“ се приклучува на иницијативата на КСС за организирање на сенароден работнички протест, а заради остварување на принципот на еднаквост и рамноправност при уживањето на основните работнички права.
На овој протест одлучно ќе дадеме до знаење на сите релевантни субјекти дека со работникот не смее да има никакви калкулации и дека основните работнички права мораат да бидат достапни на секој работник, независно дали се работи за приватен или јавен сектор. Протестот ќе се одржува од 26.04.2022 година па се до 29.04.2022 година, пред Собранието на РМ, со што ДСП „Обединети работници“ ќе даде свое активно учество и поддршка. Имено, ги повикуваме сите работници да дадат своја поддршка и свој придонес во оваа борба, со што конечно ќе го кренеме гласот на работникот во Република Македонија, велат од „Обединети работници“.

The post „Обединети работници“ се приклучува кон протестот на КСС, ги повикуваат сите работници заедно да го кренат гласот appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатите, заедно за повисоки плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-gi-poddrzuva-protestite-na-sindikatite-zaedno-za-povisoki-plati/ Wed, 30 Mar 2022 17:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=481078

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа говореше за најавениот генерален штрајк на СОНК и протестите кои денеска се одржаа.

Мицкоски рече дека апсолутно ги поддржува во нивните барања за зголемување на платите и дека во парламентот се обиделе да интервенираат во законот за вработените во образованието но и за вработените кои се дел од јавната администрација.

- Ние го поддржавме сето, го поддржуваме и ќе продолжиме да го поддржуваме затоа што цениме дека сите тие луѓе заслужуваат да живеат поквалитетно и да имаат повисок стандард и тука нема никаква дилема. За жал, немаше слух кај владиното мнозинство и законот, односно интервенцијата во законот беше одбиена од нивна страна и единствено нешто што им преостанува на тие луѓе е нормално, да го искористат своето право на протест и ние тоа го поддржуваме и ги охрабруваме да останат на тоа и за сѐ што цениме дека можеме да помогнеме во тој процес стоиме на располагање и за вработените во образованието, но и за вработените кои се дел од јавната и државна администрација. – додаде Мицкоски.

Мицкоски рече дека добил некои информации од луѓето кои се дел од јавната и државна администрација дека се под жесток притисок од страна на раководните кадри во тие институции, им забранувале користење на годишен одмор итн. Но, во оние општини каде што ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт, додава Мицкоски, порача дека ги охрабрува сите вработени кои ценат дека треба да излезат да протестираат, да излезат, но и вработените во градинките и образовните институции.

- Нема никој да им врши притисок, нема никој да им се заканува, нема никој да ги уценува, тие мора да го добијат заслуженото и тоа што им следува затоа што вака ќе се создаде фрустрација и нашите дечиња во градинките нема да ја добијат заслужената нега, а нашите дечиња од основното и средното образование нема да го добијат квалитетот кој што го заслужуваат. Затоа владата треба да размисли сериозно и наместо да ги краде на овие луѓе, да им ги даде за да можат и тие да имаат повисок и достоинствен стандард. Во спротивно, да не бидат воопшто загрижени, нема кој да им прави мобинг, нема кој да им прави притисок, слободно да си протестираат за да си ги остварат своите права. - порача Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатите, заедно за повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа говореше за најавениот генерален штрајк на СОНК и протестите кои денеска се одржаа. Мицкоски рече дека апсолутно ги поддржува во нивните барања за зголемување на платите и дека во парламентот се обиделе да интервенираат во законот за вработените во образованието но и за вработените кои се дел од јавната администрација.
- Ние го поддржавме сето, го поддржуваме и ќе продолжиме да го поддржуваме затоа што цениме дека сите тие луѓе заслужуваат да живеат поквалитетно и да имаат повисок стандард и тука нема никаква дилема. За жал, немаше слух кај владиното мнозинство и законот, односно интервенцијата во законот беше одбиена од нивна страна и единствено нешто што им преостанува на тие луѓе е нормално, да го искористат своето право на протест и ние тоа го поддржуваме и ги охрабруваме да останат на тоа и за сѐ што цениме дека можеме да помогнеме во тој процес стоиме на располагање и за вработените во образованието, но и за вработените кои се дел од јавната и државна администрација. – додаде Мицкоски.
Мицкоски рече дека добил некои информации од луѓето кои се дел од јавната и државна администрација дека се под жесток притисок од страна на раководните кадри во тие институции, им забранувале користење на годишен одмор итн. Но, во оние општини каде што ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт, додава Мицкоски, порача дека ги охрабрува сите вработени кои ценат дека треба да излезат да протестираат, да излезат, но и вработените во градинките и образовните институции.
- Нема никој да им врши притисок, нема никој да им се заканува, нема никој да ги уценува, тие мора да го добијат заслуженото и тоа што им следува затоа што вака ќе се создаде фрустрација и нашите дечиња во градинките нема да ја добијат заслужената нега, а нашите дечиња од основното и средното образование нема да го добијат квалитетот кој што го заслужуваат. Затоа владата треба да размисли сериозно и наместо да ги краде на овие луѓе, да им ги даде за да можат и тие да имаат повисок и достоинствен стандард. Во спротивно, да не бидат воопшто загрижени, нема кој да им прави мобинг, нема кој да им прави притисок, слободно да си протестираат за да си ги остварат своите права. - порача Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатите, заедно за повисоки плати appeared first on Република.

]]>
НАкС со поддршка за утрешниот протест на КСС https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/naks-so-poddrshka-za-utreshniot-protest-na-kss/ Tue, 29 Mar 2022 08:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=480178

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека се приклучува кон барањата на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати и на СОНК за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата, како и кон повикот за доследно почитување на Законот за минимална плата и соодветно анексирање на колективните договори.

Според НАкС, загрижувачки е тоа што поради немање слух на надлежните министерства кои, како што велат, треба да бидат социјални партнери на сите нивоа и да делуваат во согласност со законите и колективните договори, синдикатите мора да бараат заштита на правата и интересите на вработените преку јавно искажување незадоволство односно преку предупредувачки протест.

Ние од НАкС сметаме дека покачувањето на минималната плата е добредојдена социјална мерка за подобрување на незавидната материјална положба на вработените со најниски примања, но сепак примената на оваа мерка треба да биде неминовно проследена со усогласување на постојните колективните договори. Неусогласувањето на колективните договори или неговото одложување недвојбено ќе доведе до сериозни недоследности и дисонанции во наградувањето на вработените во високото образование. Имено, трудот на вработените што имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност не може и не смее да се воедначува или девалвира. Затоа го повикуваме Министерството за образование и наука да не ги игнорира нашите барањата за дијалог со вработените во високото образование, туку веднаш да не повика на преговори за усогласување на Колективниот договор за високо образование и наука со усвоените измени и дополнувањата на Законот за минимална плата од февруари 2022, соопшти НАкС.

Со ова нивно обраќање, додава НАкС, сака да им искаже јасна и безрезервна поддршка на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати кои утре ќе излезат на предупредувачки протест.

The post НАкС со поддршка за утрешниот протест на КСС appeared first on Република.

]]>

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека се приклучува кон барањата на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати и на СОНК за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата, како и кон повикот за доследно почитување на Законот за минимална плата и соодветно анексирање на колективните договори. Според НАкС, загрижувачки е тоа што поради немање слух на надлежните министерства кои, како што велат, треба да бидат социјални партнери на сите нивоа и да делуваат во согласност со законите и колективните договори, синдикатите мора да бараат заштита на правата и интересите на вработените преку јавно искажување незадоволство односно преку предупредувачки протест.