протест 1 мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-1-maj/ За подобро да се разбереме Sun, 01 May 2022 11:31:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протест 1 мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protest-1-maj/ 32 32 Работниците порачаа: Не може да бидеме робови седум дена во неделата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rabotnicite-porachaa-ne-moze-da-bideme-robovi-sedum-dena-vo-nedelata/ Sun, 01 May 2022 11:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=495984

Не може, работодавачи и газди, да ви бидеме робови седум дена во неделата. Ќе блокираме се и многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк, а тоа значи прекин на работата за време на работното време. Ако ние трпиме штета и вие ќе трпите штета, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски од денешниот првомајски протест, упатувајќи ги уште еднаш барањата – линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата и повлекување на претставката за недела неработен ден од Уставниот суд.

Како што истакна Димовски, овие барања треба да се исполнат што поскоро.

-Зголемувањето на платите да се случи ден побрзо зашто економската криза не изеде, инфлацијата е се поголема и тие пари ни се се понеопходни. Да ве предупредиме, да ја повлечете претставката за недела неработен ден зашто тоа е реланост во земјава – работникот го користи тој бенефит – одмора, напомена претседателот на ССМ во кусото обраќање пред Стопанската комора.

Протестот почна пред зградата на ССМ, а ќе заврши пред Владата од каде, како што соопшти Димовски, ќе бидат испратени уште вакви јасни и гласни пораки.

Без пари нема работа“, „Зголемување на плата 2 806 денари веднаш за сите“, „Без лихвари, газди и банкари можеме, без работници не можеме“, „Договори за вработување на неопределено време“, „Стоп за мобинг“, се само некои од пораките што може да се забележат на протестот.

The post Работниците порачаа: Не може да бидеме робови седум дена во неделата appeared first on Република.

]]>

Не може, работодавачи и газди, да ви бидеме робови седум дена во неделата. Ќе блокираме се и многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк, а тоа значи прекин на работата за време на работното време. Ако ние трпиме штета и вие ќе трпите штета, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски од денешниот првомајски протест, упатувајќи ги уште еднаш барањата – линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата и повлекување на претставката за недела неработен ден од Уставниот суд. Како што истакна Димовски, овие барања треба да се исполнат што поскоро.
-Зголемувањето на платите да се случи ден побрзо зашто економската криза не изеде, инфлацијата е се поголема и тие пари ни се се понеопходни. Да ве предупредиме, да ја повлечете претставката за недела неработен ден зашто тоа е реланост во земјава – работникот го користи тој бенефит – одмора, напомена претседателот на ССМ во кусото обраќање пред Стопанската комора.
Протестот почна пред зградата на ССМ, а ќе заврши пред Владата од каде, како што соопшти Димовски, ќе бидат испратени уште вакви јасни и гласни пораки. „Без пари нема работа“, „Зголемување на плата 2 806 денари веднаш за сите“, „Без лихвари, газди и банкари можеме, без работници не можеме“, „Договори за вработување на неопределено време“, „Стоп за мобинг“, се само некои од пораките што може да се забележат на протестот.

The post Работниците порачаа: Не може да бидеме робови седум дена во неделата appeared first on Република.

]]>
Синдикатите порачаа: Работникот ќе го почитува работодавецот онолку колку што тие ги почитуваат работниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sindikatite-porachaa-rabotnikot-kje-go-pochituva-rabotodavecot-onolku-kolku-shto-tie-gi-pochituvaat-rabotnicite/ Sun, 01 May 2022 10:09:52 +0000 https://republika.mk/?p=495957

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на сите работници им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Оваа синдикална пролет, според КСС, ќе ја одбележи тринеделниот штрајк што го почнаа просветните работници.

-На работодавачите и високите политички елити им порачуваме дека работникот во Македонија ќе ги почитува онолку колку што тие го почитуваат работникот, наведува Конфедерацијата.

КСС напоменува дека борбата за работничките права се води секој ден.

– Оваа година немаме потреба симболично да го одбележиме овој ден, зашто сме во синдикална пролет и борбата е секојдневна. Од многуте светски и домашни кризи кои се појавија, економска, здравствена, социјална, енергетска… најмногу е погоден обичниот работник кој сите вртоглави покачувања на цените на основните производи, горивата, струјата го погодуваат најмногу и го осиромашуваат. А, она што го добива во замена за неговиот труд е многу малку за да може еден обичен работник да издржи еден цел месец и да обезбеди достоинствен живот за себе и за своето семејство, наведува КСС.

Според Конфедерацијата, работникот се повеќе и повеќе е обесправен, потценет, понижен.

-Оваа синдикална пролет ќе ја одбележи тринеделниот штрајк кој го почнаа просветните работници кои се во полн ек во својата борба да го вратат изгубеното достоинство кое го изгубија попат низ годините. Работницте нема веќе да бидат со наведнати глави и на сите прекршувања на законите да молчат. Но, синдикалното организирање уште еднаш покажа дека води кон резултати. И се уште најдобриот начин за унапредување на своите права е преку синдикално здружување и синдикално делување. Затоа, на овој меѓународен ден на трудот им порачуваме на сите работници да се обединат, зашто кога се заедно и обединети можат да си ги унапредат своите права без разлика дали се во приватен или јавен сектор, порачува КСС во честитката.

The post Синдикатите порачаа: Работникот ќе го почитува работодавецот онолку колку што тие ги почитуваат работниците appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на сите работници им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Оваа синдикална пролет, според КСС, ќе ја одбележи тринеделниот штрајк што го почнаа просветните работници.
-На работодавачите и високите политички елити им порачуваме дека работникот во Македонија ќе ги почитува онолку колку што тие го почитуваат работникот, наведува Конфедерацијата.
КСС напоменува дека борбата за работничките права се води секој ден. – Оваа година немаме потреба симболично да го одбележиме овој ден, зашто сме во синдикална пролет и борбата е секојдневна. Од многуте светски и домашни кризи кои се појавија, економска, здравствена, социјална, енергетска… најмногу е погоден обичниот работник кој сите вртоглави покачувања на цените на основните производи, горивата, струјата го погодуваат најмногу и го осиромашуваат. А, она што го добива во замена за неговиот труд е многу малку за да може еден обичен работник да издржи еден цел месец и да обезбеди достоинствен живот за себе и за своето семејство, наведува КСС. Според Конфедерацијата, работникот се повеќе и повеќе е обесправен, потценет, понижен.