протесна нота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protesna-nota/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 17:35:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протесна нота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protesna-nota/ 32 32 Османи нема да испрати нота за демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград: Уште бугарските избори ни требаат и да ги пореметиме граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nema-da-isprati-nota-za-demoliraneto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-ushte-bugarskite-izbori-ni-trebaat-i-da-gi-poremetime-graganite/ Mon, 06 Feb 2023 17:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=605598

 Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во одговор на новинарско прашање дали ќе испрати протестна нота до Бугарија за демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград, кажа оти е време да се стави крај на вициозниот циклус на меѓусебни обвинувања.

Ние имавме долго соопштение од МНР вчера во коешто ги коментиравме сите аспекти од случувањата. Мислам дека сите си кажавме тоа што имавме да кажеме. Ние ги кажавме нашите ставови, Бугарија ги кажа своите ставови, и време е да кажеме доста е на оваа пинг-понг дебата меѓу нашите општества и наше вовлекување во бугарската предизборна кампања.Само во Македонија од 2006 има 15 изборни циклуси. Речиси секоја година. Уште ни требаат и бугарските избори да ни влезат во нашето општество, и да ги пореметиме граѓаните. Мислам дека тука треба да ставиме црта, рече Османи.

Тој повтори дека се што требале да кажат на Софија го сториле тоа преку соопштенија, а денеска дури, како што рече, и до Европскиот парламент информиравме по однос на написите на еден европски пратеник од Бугарија.

Но навистина мислам дека треба да ставиме црта, затоа што ова нема да има крај и понатаму ќе ескалираат и ние ќе бидеме вовлечени во вртлогот на нестабилното политичко општество во Бугарија, а за тоа има интерес од политички фактори и други фактори кај нас. За жал имам чувство дека има невидлива рака којашто ги пореметува и поттикнува овие работи и во Бугарија и кај нас. Ние не смееме да потклекнеме на таквите провокации, имаме доста предизвици овде, имаме скрининг којшто е во тек, имаме реформи што треба да ги спроведуваме и да ги поштедиме граѓаните од овој немир, да ја оставиме дипломатијата да си ја врши својата работа и да ја повикам Бугарија да стави стоп на оваа каскада на меѓусебни обвинувања, да воспоставиме комуникација, да ја вратиме позитивната агенда и сите разлики ќе ги најдеме на маса меѓу дипломатите, рече Османи.

Тој испрати порака до Бугарија дека сме подготвени таму каде што застанавме во меѓусебната комуникација.

Сакам да испратам порака до Бугарија – ние сме спремни да продолжиме таму каде што оставивме, да ја видиме позитивната агенда да го вратиме психолошкиот мир меѓу нашите граѓани и да разговараме за иднината. Да ставиме црта на тој  вициозен циклус на меѓусебни обвинувања сакам да ставам црта – ако има разбирање во Република Бугарија и го прифатат овој наш повик, тоа ќе биде во интерес на двете држави, доколку не, тогаш ќе се адаптираме на новиот развој на случувањата, кажа Османи денеска на прес-конференција по Конференцијата за борба против антисемитизмот што се одржа во Скопје.

The post Османи нема да испрати нота за демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград: Уште бугарските избори ни требаат и да ги пореметиме граѓаните appeared first on Република.

]]>

Османи го боли само кога Бугарите го навредуваат Ковачевски, кога ги понижуваат Македонците се молчи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-go-boli-samo-koga-bugarite-go-navreduvaat-kovachevski-koga-gi-ponizuvaat-makedoncite-se-molchi/ Wed, 19 Oct 2022 08:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=562840

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави протесна нота до Бугарија поради навредите на европратеникот Ангел Џабаски кон премиерот Ковачевски.Оваа вест би требало да биде сосема нормална и да не и се придава никакво значење.

Но, тоа се однесува на нормални власти и држави. Не и кога станува збор за актуелната и за поранешната власт на „Cеверна“.

За овие пет години откако ДУИ и СДСМ се на власт ниту еднаш не испрати ни реакција а камоли протесна нота до официјална Софија за сите навреди кон Македонците кои ги упатуваат не само Џамбаски, туку и Ковачев, Бојко Борисов, Румен Радев, Петков, Трифонов,Каракачанов, Захариева....

Бугарските политичари без разлика дали се на власт или во опозиција како да се натпреваруваат да дадат што попонижувачка изјава за Македонците, за нашиот јазик и идентитет надевајќи се дека ќе добијат политички поени.На некои тоа им им успеа па со помош на Македонија дојдоа или се одржуваа на власт.

Некои пак „Македонија“ ги „закопа“ како Трифонов или Каракачанов и ги испрати во политичка пензија. Од партијата на Каракачнов доаѓа и Џамбаски се уште не е разбуден од  Санстефанска Бугарија, Охрид как бугарски центар и сл.

Не така одамна претходникот на Османи, Никола Димитров велеше дека „пријатели треба да разговараат а не да си праќаат протесни ноти“.

Очигледно, времињата се смениле и дека пријателите веќе не се толку големи пријатели. Освен кога се напаѓа премиерот. За власта, Македонците и онака не се важни.

The post Османи го боли само кога Бугарите го навредуваат Ковачевски, кога ги понижуваат Македонците се молчи appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави протесна нота до Бугарија поради навредите на европратеникот Ангел Џабаски кон премиерот Ковачевски.Оваа вест би требало да биде сосема нормална и да не и се придава никакво значење. Но, тоа се однесува на нормални власти и држави. Не и кога станува збор за актуелната и за поранешната власт на „Cеверна“. За овие пет години откако ДУИ и СДСМ се на власт ниту еднаш не испрати ни реакција а камоли протесна нота до официјална Софија за сите навреди кон Македонците кои ги упатуваат не само Џамбаски, туку и Ковачев, Бојко Борисов, Румен Радев, Петков, Трифонов,Каракачанов, Захариева.... Бугарските политичари без разлика дали се на власт или во опозиција како да се натпреваруваат да дадат што попонижувачка изјава за Македонците, за нашиот јазик и идентитет надевајќи се дека ќе добијат политички поени.На некои тоа им им успеа па со помош на Македонија дојдоа или се одржуваа на власт. Некои пак „Македонија“ ги „закопа“ како Трифонов или Каракачанов и ги испрати во политичка пензија. Од партијата на Каракачнов доаѓа и Џамбаски се уште не е разбуден од  Санстефанска Бугарија, Охрид как бугарски центар и сл. Не така одамна претходникот на Османи, Никола Димитров велеше дека „пријатели треба да разговараат а не да си праќаат протесни ноти“. Очигледно, времињата се смениле и дека пријателите веќе не се толку големи пријатели. Освен кога се напаѓа премиерот. За власта, Македонците и онака не се важни.  

The post Османи го боли само кога Бугарите го навредуваат Ковачевски, кога ги понижуваат Македонците се молчи appeared first on Република.

]]>