протера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protera/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Apr 2023 11:37:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png протера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/protera/ 32 32 Норвешка протера 15 вработени во Руската амбасада во Осло https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/norveshka-protera-15-vraboteni-vo-ruskata-ambasada-vo-oslo/ Thu, 13 Apr 2023 11:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=630548

Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера 15 вработени во Руската амбасада, под сомнение дека не се дипломати туку разузнавачи.

Во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи се посочува дека владината одлука за протерување на руските службеници е „одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа, што доведе до зголемена разузнавачка закана од Русија“.

- Ова е важен чекор во спротивставувањето и намалувањето на нивото на активности на руската разузнавачка служба во Норвешка, како и во заштитата на нашите национални интереси, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд.

Амбасадата на Руската Федерација во Осло сè уште не го коментирала протерувањето.

Норвешка е членка на НАТО и граничи со Русија на Арктикот.

 

The post Норвешка протера 15 вработени во Руската амбасада во Осло appeared first on Република.

]]>

Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера 15 вработени во Руската амбасада, под сомнение дека не се дипломати туку разузнавачи. Во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи се посочува дека владината одлука за протерување на руските службеници е „одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа, што доведе до зголемена разузнавачка закана од Русија“. - Ова е важен чекор во спротивставувањето и намалувањето на нивото на активности на руската разузнавачка служба во Норвешка, како и во заштитата на нашите национални интереси, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд. Амбасадата на Руската Федерација во Осло сè уште не го коментирала протерувањето. Норвешка е членка на НАТО и граничи со Русија на Арктикот.  

The post Норвешка протера 15 вработени во Руската амбасада во Осло appeared first on Република.

]]>
Германија протера двајца ирански дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-protera-dvajtsa-iranski-diplomati/ Wed, 22 Feb 2023 13:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=611959

Германското Министерство за надворешни работи денеска прогласи двајца ирански дипломати во Германија за „персона нон грата“, протерувајќи ги, што е реакција на вчерашното изрекување смртна пресуда на германско-ирански државјанин во Иран.

„Поради вчерашното изрекување смртна казна за Џамшид Шармахд, го повикав на разговор претставникот на Иранската амбасада и го информирав дека Сојузна Република Германија нема да трпи огромна повреда на човековите права против германски државјанин“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Во исто време двајцата ирански дипломати беа прогласени за непожелни, со инструкции во најкус можен рок да ја напуштат Германија.

Бербок ги повика иранските власти да ја преиспитаат смртната пресуда изречена на Шармахд и да му се овозможи праведна ревизија на судската постапка.

Владејачката Либерално-демократска партија (ФДП), една од членките на владејачката коалиција, повторно побара иранската Револуционерна гарда, која е позната по насилството врз политичките неистомисленици, да биде ставена на листата на терористички организации.

„Ужасната смртна казна за Џамшид Шармахд јасно ја покажува целата бруталност и суровост на режимот на Исламската република“, рече генералниот секретар на ФДП, Бијан Џир-Сараи.

Шармахд беше осуден на смрт од иранските власти за „тероризам“. Германски државјанин, кој има двојно германско-иранско државјанство и извесно време живее во САД, беше киднапиран од иранската тајна служба за време на одмор во Дубаи во 2020 година.

Револуционерниот суд во Техеран пресуди дека 67-годишниот Шармахд е одговорен за терористичкиот напад во 2008 година во кој загинаа 14 лица, објави иранскиот правосуден портал Мизан, кој има поддршка од Владата.

Судот го обвини за соработка со странски разузнавачки служби.

По воведувањето санкции на Европската унија против поединци и организации во Иран, иранските власти воведоа санкции и против неколку претставници на Бундестагот за „поттикнување тероризам“.

The post Германија протера двајца ирански дипломати appeared first on Република.

]]>

Германското Министерство за надворешни работи денеска прогласи двајца ирански дипломати во Германија за „персона нон грата“, протерувајќи ги, што е реакција на вчерашното изрекување смртна пресуда на германско-ирански државјанин во Иран. „Поради вчерашното изрекување смртна казна за Џамшид Шармахд, го повикав на разговор претставникот на Иранската амбасада и го информирав дека Сојузна Република Германија нема да трпи огромна повреда на човековите права против германски државјанин“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Во исто време двајцата ирански дипломати беа прогласени за непожелни, со инструкции во најкус можен рок да ја напуштат Германија. Бербок ги повика иранските власти да ја преиспитаат смртната пресуда изречена на Шармахд и да му се овозможи праведна ревизија на судската постапка. Владејачката Либерално-демократска партија (ФДП), една од членките на владејачката коалиција, повторно побара иранската Револуционерна гарда, која е позната по насилството врз политичките неистомисленици, да биде ставена на листата на терористички организации. „Ужасната смртна казна за Џамшид Шармахд јасно ја покажува целата бруталност и суровост на режимот на Исламската република“, рече генералниот секретар на ФДП, Бијан Џир-Сараи. Шармахд беше осуден на смрт од иранските власти за „тероризам“. Германски државјанин, кој има двојно германско-иранско државјанство и извесно време живее во САД, беше киднапиран од иранската тајна служба за време на одмор во Дубаи во 2020 година. Револуционерниот суд во Техеран пресуди дека 67-годишниот Шармахд е одговорен за терористичкиот напад во 2008 година во кој загинаа 14 лица, објави иранскиот правосуден портал Мизан, кој има поддршка од Владата. Судот го обвини за соработка со странски разузнавачки служби. По воведувањето санкции на Европската унија против поединци и организации во Иран, иранските власти воведоа санкции и против неколку претставници на Бундестагот за „поттикнување тероризам“.

The post Германија протера двајца ирански дипломати appeared first on Република.

]]>
Словенија протера 33 руски дипломати по масакрот во Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-protera-33-ruski-diplomati-po-masakrot-vo-bucha/ Tue, 05 Apr 2022 16:45:59 +0000 https://republika.mk/?p=483721

Словенечката Влада денеска соопшти дека протерала 33 руски дипломати, откако во украинскиот град Буча беа пронајдени тела на убиени цивили, а Киев ги обвини руските сили за масакр.

Министерството за надворешни работи претходно соопшти дека го повикало рускиот амбасадор Тимур Ејвазов за да ја изрази „огорченоста на Словенија поради убиството на украинските цивили во Буча и другите градови ослободени од рускиот агресор“ и да го информира дека бројот на руските дипломати во земјата ќе биде намален.

 

The post Словенија протера 33 руски дипломати по масакрот во Буча appeared first on Република.

]]>

Словенечката Влада денеска соопшти дека протерала 33 руски дипломати, откако во украинскиот град Буча беа пронајдени тела на убиени цивили, а Киев ги обвини руските сили за масакр. Министерството за надворешни работи претходно соопшти дека го повикало рускиот амбасадор Тимур Ејвазов за да ја изрази „огорченоста на Словенија поради убиството на украинските цивили во Буча и другите градови ослободени од рускиот агресор“ и да го информира дека бројот на руските дипломати во земјата ќе биде намален.  

The post Словенија протера 33 руски дипломати по масакрот во Буча appeared first on Република.

]]>
Русија протера тројца словачки дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-protera-trojca-slovachki-diplomati/ Mon, 28 Mar 2022 12:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=479870

Москва протера тројца словачки дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, како чекор откако Братислава протера тројца руски дипломати поради шпионажа претходно овој месец.

Руското министерство соопшти дека го повикало амбасадорот на Словачка во Москва и му соопштиле дека тројца дипломати сега се персона нон грата „како одмаздничка мерка“.

 

The post Русија протера тројца словачки дипломати appeared first on Република.

]]>

Москва протера тројца словачки дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, како чекор откако Братислава протера тројца руски дипломати поради шпионажа претходно овој месец. Руското министерство соопшти дека го повикало амбасадорот на Словачка во Москва и му соопштиле дека тројца дипломати сега се персона нон грата „како одмаздничка мерка“.  

The post Русија протера тројца словачки дипломати appeared first on Република.

]]>
Црна Гора протера руски дипломат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-protera-ruski-diplomat/ Fri, 04 Mar 2022 13:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=467786

Црна Гора денеска прогласи руски дипломат за персона нон грата поради кршење на дипломатските норми и му нареди да ја напушти земјата во следните 72 часа, се вели во соопштението на црногорското министерството за надворешни работи.

Причината за донесување на оваа одлука е проценката на активностите на рускиот дипломат кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, направена од релевантните безбедносни институции во Црна Гора, соопшти Министерството, без да даде дополнителни детали.

The post Црна Гора протера руски дипломат appeared first on Република.

]]>

Црна Гора денеска прогласи руски дипломат за персона нон грата поради кршење на дипломатските норми и му нареди да ја напушти земјата во следните 72 часа, се вели во соопштението на црногорското министерството за надворешни работи.
Причината за донесување на оваа одлука е проценката на активностите на рускиот дипломат кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, направена од релевантните безбедносни институции во Црна Гора, соопшти Министерството, без да даде дополнителни детали.

The post Црна Гора протера руски дипломат appeared first on Република.

]]>