прострелна рана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prostrelna-rana/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 21:32:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прострелна рана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prostrelna-rana/ 32 32 Во штипското село Пиперово пронајден маж со прострелна рана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-shtipskoto-selo-piperovo-pronajden-mazh-so-prostrelna-rana/ Mon, 04 Nov 2024 21:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=834217

Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации пронајден е со прострелна рана. Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува.

Од СВР Штип потврдуваат дека кај нив е пријавено околу 16 часот, а во моментов во тек е увид на лице место од страна на полицијата и јавен обвинител.

Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден. Телото на починатиот ќе се предаде на обдукција.

The post Во штипското село Пиперово пронајден маж со прострелна рана appeared first on Република.

]]>

Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации пронајден е со прострелна рана. Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува. Од СВР Штип потврдуваат дека кај нив е пријавено околу 16 часот, а во моментов во тек е увид на лице место од страна на полицијата и јавен обвинител. Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден. Телото на починатиот ќе се предаде на обдукција.

The post Во штипското село Пиперово пронајден маж со прострелна рана appeared first on Република.

]]>
Девојка донесена на Kлиника во Скопје, момчето ја претепало и пукало во неа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devojka-donesena-na-klinika-vo-skopje-momcheto-ja-pretepalo-i-pukalo-vo-nea/ Thu, 26 Jan 2023 15:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=601365

Утрово 25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот е однесена во велешката болница. Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг.

Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Велес.

Освен прострелна рана, девојката имала и видливи повреди на лицето. Од велешката болница потврдија дека девојката веќе е пренесена на лекување во Скопје.

The post Девојка донесена на Kлиника во Скопје, момчето ја претепало и пукало во неа appeared first on Република.

Арачиновец го пресретнал со „мерцедес“ без таблици и го застрелал, со прострелна рана пренесен во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/arachinovec-go-presretnal-so-mercedes-bez-tablici-i-go-zastrelal-so-prostrelna-rana-prenesen-vo-bolnica/ Sun, 02 Jan 2022 18:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=439689

Жител на село Мојанци бил нападнат од жител на Арачиново, кој се приближил до неговото возило и пукал кон него со огнено оружје.

Нападнатиот добил прострелни рани, поради што бил префрлен во ГОБ „Наум Охридски“.

На 01.01.2022 полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица, постапувајќи по пријава добиена во 21.30 часот од ГОБ „Наум Охридски“, каде бил донесен Ш.Н.(65) од с.Мојанци со повреди од огнено оружје. Според пријавеното, додека го управувал своето патничко возило „голф“ во с.Мојанци, во Ш.Н. било испукано од едно лице од с.Арачиново, кое било со патничко возило „мерцедес Ц“, без регистарска ознака. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје, а возилата се обезбедени - информираат од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Арачиновец го пресретнал со „мерцедес“ без таблици и го застрелал, со прострелна рана пренесен во болница appeared first on Република.

]]>

Жител на село Мојанци бил нападнат од жител на Арачиново, кој се приближил до неговото возило и пукал кон него со огнено оружје. Нападнатиот добил прострелни рани, поради што бил префрлен во ГОБ „Наум Охридски“.