„При неодамнешната посета на СВР Охрид од страна на раководството бев запознаен со проблемот со просторните услови за работа на вработените, како и недостатокот на паркинг простор и тесниот пристап до постоечкиот објект особено во летниот период кога има голем број на туристи во градот. Воедно, бев инфомиран дека со одлука на Владата во 2022 година на МВР се доделени дел од објектите во касарната во Охрид кои не се користат.
Во тој контекст заедно со Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид и пратеникот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5, Ѓорѓија Сајкоски извршивме увид на објектите во касарната и заклучивме дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во координација со МВР и Општина Охрид ќе ги преземе сите неопходни мерки за реконструкција на објектот со цел СВР Охрид да биде преместен во нови, подобрени и посоодветни простории за работа, а на местото на постоечкиот објект каде во моментот се наоѓа СВР Охрид да се изгради катна гаража и парк за рекреација на граѓаните“, објави Тошковски.
The post Тошковски: Преземаме мерки со цел СВР Охрид да биде преместен во нови посоодветни простории appeared first on Република.
]]>The post Тошковски: Преземаме мерки со цел СВР Охрид да биде преместен во нови посоодветни простории appeared first on Република.
]]>Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) предлага, Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во нејзините сегашните простории, за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) да ги користи бараките во кои сега е сместено Бирото. Дирекцијата за ТИРЗ, пак, има нови канцеларии кои се уште официјално не се во функција, но денеска во нив се одржа првиот настан - серијата панели од проектот на „Иднината почнува дома“.
Според директорот на Дирекцијата, Јован Деспотовски, со ова ТИРЗ нуди конкретно решение на проблемот. Студентите, смета тој, мора да имаат приоритет над администрацијата.
-Денеска овде беше и деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, пред протестот пред Владата за обезбедување подобри услови за студентите. Ние и со овој денешен настан им изразуваме поддршка во тој протест за да се обезбедат тие услови. Дирекцијата за ТИРЗ го понуди постојниот простор во строгиот центар на градот за сите државни институции, пред се Бирото за развој на образование, да ги користат без ограничување. За возврат, Бирото треба да излезе во пресрет на барањата на ФИНКИ и да ги отстапи бараките што ги користи, за потребите на студентите. Сите млади мора да сфатат дека оваа држава може да им даде поддршка тука да се чувствуваат дома, а не дома да им биде на некое друго место, изјави Деспотовски по денешниот настан во ТИРЗ. ФИНКИ денеска пред Владата го одржа вториот протест, испраќајќи пораката дека останува на барањето да се всели во просториите на БРО.
The post ТИРЗ со решение за проблемот на ФИНКИ, му ги нуди своите сегашни простории на БРО, за БРО да им ги отстапи бараките на студентите appeared first on Република.
]]>The post ТИРЗ со решение за проблемот на ФИНКИ, му ги нуди своите сегашни простории на БРО, за БРО да им ги отстапи бараките на студентите appeared first on Република.
]]>Министерството за култура најде простор за новоформираната Национална установа џез оркестар, под Националната опера и балет, но од крајот на годината, затоа што следува реновирање на тој простор.
Дотогаш, џез оркестарот ќе биде сместен во просториите на Филхармонија, заради што од синдикатот на оваа културнаустанова се штрејкува веќе неколку недели пред Министерството за култура или пред Владата.
Министерката повика да се прекине со протестите, а колегите од Филхармонија, дека ќе обезбедат простор да ги одржат своите проби и концерти во просториите на филхармонијата, додека не се преселат во новите простории.
Новоформираната Национална установа џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова, трајна адреса во зграда 1, влез 1 на бул. „Гоце Делчев“ број 4. Се работи за дел од вкупниот простор од 1.440 метри квадратни под Националната опера и балет простор од 475 метри квадратни за чие соодветно реновирање имаме и проект и обезбедени средства.
Овој простор е со трајно користење на Министерството за култура – рече денеска на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Таа појасни дека откако бил заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови, неминовно траел неколку недели, Владата на денешната седница донесе одлука овој простор да ѝ припадне на Национланата установа џез оркестар и на тој начин најдобро да се искористи и да се сочува државниот имот.
Костадиновска – Стојчевска рече дека просторот треба да биде реновиран до крајот на оваа година, а за официјално формирање на Националната установа џез оркестар потребно е само да добие црно на бело за својата жиро-сметка и таа е формирана.
https://republika.mk/vesti/kultura/sledete-vo-zhivo-pres-konferentsija-na-ministerkata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska/
The post Националната установа Џез оркестар до крајот на годината ќе се смести под Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>Новоформираната Национална установа џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова, трајна адреса во зграда 1, влез 1 на бул. „Гоце Делчев“ број 4. Се работи за дел од вкупниот простор од 1.440 метри квадратни под Националната опера и балет простор од 475 метри квадратни за чие соодветно реновирање имаме и проект и обезбедени средства. Овој простор е со трајно користење на Министерството за култура – рече денеска на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.Таа појасни дека откако бил заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови, неминовно траел неколку недели, Владата на денешната седница донесе одлука овој простор да ѝ припадне на Национланата установа џез оркестар и на тој начин најдобро да се искористи и да се сочува државниот имот. Костадиновска – Стојчевска рече дека просторот треба да биде реновиран до крајот на оваа година, а за официјално формирање на Националната установа џез оркестар потребно е само да добие црно на бело за својата жиро-сметка и таа е формирана. https://republika.mk/vesti/kultura/sledete-vo-zhivo-pres-konferentsija-na-ministerkata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska/
The post Националната установа Џез оркестар до крајот на годината ќе се смести под Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>