проширување на ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proshiruvanje-na-eu/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 21:02:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проширување на ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proshiruvanje-na-eu/ 32 32 Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-fokusot-na-ungarskoto-pretsedatelstvo-so-eu-ke-bide-proshiruvaneto-na-unijata-na-zapaden-balkan/ Fri, 26 Apr 2024 21:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=771566

За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.

„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.

Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.

„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.

Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.

The post Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел. Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.

The post Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Балканот во ЕУ до 2030-та година, убав сон од кој брзо ќе се разбудиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/balkanot-vo-eu-do-2030-ta-godina-ubav-son-od-koj-brzo-ke-se-razbudime/ Tue, 12 Sep 2023 06:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=680999

По вчерашниот самит Брдо -Бриони стана јасно дека Балканот има само декларативна, но не и конкретна поддршка за членство во ЕУ.

За конкретен рок не ни станува  збор. И додека другите претседатели завиено и во ракавици говореа дека изјавата на првиот човек на Евроскиот совет Шарл Мишел за членство до 2030 година е негово лично очекување а не став на ЕУ, српскиот претседател Вучиќ го кажа најсликовито.

За Вучиќ тоа се убави желби и сон и оти кој е тој да им ги руши соништата.

Ова се убави желби но кој сум јас да им го уништам оптимизмот и да им ја намалам амбицијата на некои друи.Одлично е ако е така но сум сигрен-изјави Вучиќ вчера во Скопје.

Тој е искрен дека не сака да зборува за датуми и години само за да добие на избори и оти тоа не му треба.

-Треба да кажат дали не сакаат. Но и тоа не е клучното прашање. Клучното прашање е дали се развиваме со доволна брзина или не – нагласи шефот на српската држава.

Пред Македонија стоеше Грција, сега стои Бугарија, а за Србија тоа ќе биде Хрватска, или можеби и Бугарија.

Помладите членки на ЕУ како што се Бугарија ги употребуваат или злоупотребуваат добрососедските односи.

Тоа му е јасно и на македонсккиот претседател Пендаровски кој нагласува дека добрососедството  е задолжителна клаузула во ЕУ од 1997 година.

Меѓутоа, во однос на нашите аспирации досега, јасно е дека постои прилично голем дебаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со најмалку два од нашите соседи. Во последниве три години посебно, ние имаме сериозен дебаланс во таа смисла, бидејќи билатералниот проблем со Бугарија ја покри целокупната традиционална европска агенда за проширување. Ние се надеваме дека час поскоро ќе се промени тоа, бидејќи ако инсистирате на Западен Балкан да бидат решени чисто билатералните спорови, посебно ако се базираат на историјата или на емоциите, тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ кога било – истакна претседателот Пендаровски

The post Балканот во ЕУ до 2030-та година, убав сон од кој брзо ќе се разбудиме appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот самит Брдо -Бриони стана јасно дека Балканот има само декларативна, но не и конкретна поддршка за членство во ЕУ. За конкретен рок не ни станува  збор. И додека другите претседатели завиено и во ракавици говореа дека изјавата на првиот човек на Евроскиот совет Шарл Мишел за членство до 2030 година е негово лично очекување а не став на ЕУ, српскиот претседател Вучиќ го кажа најсликовито. За Вучиќ тоа се убави желби и сон и оти кој е тој да им ги руши соништата.
Ова се убави желби но кој сум јас да им го уништам оптимизмот и да им ја намалам амбицијата на некои друи.Одлично е ако е така но сум сигрен-изјави Вучиќ вчера во Скопје.
Тој е искрен дека не сака да зборува за датуми и години само за да добие на избори и оти тоа не му треба.
-Треба да кажат дали не сакаат. Но и тоа не е клучното прашање. Клучното прашање е дали се развиваме со доволна брзина или не – нагласи шефот на српската држава.
Пред Македонија стоеше Грција, сега стои Бугарија, а за Србија тоа ќе биде Хрватска, или можеби и Бугарија. Помладите членки на ЕУ како што се Бугарија ги употребуваат или злоупотребуваат добрососедските односи. Тоа му е јасно и на македонсккиот претседател Пендаровски кој нагласува дека добрососедството  е задолжителна клаузула во ЕУ од 1997 година.
Меѓутоа, во однос на нашите аспирации досега, јасно е дека постои прилично голем дебаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со најмалку два од нашите соседи. Во последниве три години посебно, ние имаме сериозен дебаланс во таа смисла, бидејќи билатералниот проблем со Бугарија ја покри целокупната традиционална европска агенда за проширување. Ние се надеваме дека час поскоро ќе се промени тоа, бидејќи ако инсистирате на Западен Балкан да бидат решени чисто билатералните спорови, посебно ако се базираат на историјата или на емоциите, тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ кога било – истакна претседателот Пендаровски

The post Балканот во ЕУ до 2030-та година, убав сон од кој брзо ќе се разбудиме appeared first on Република.

]]>
„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го прогласи проширувањето на ЕУ за „умрено“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/frankfurter-algemajne-tsajtung-go-proglasi-proshiruvaneto-na-eu-za-umreno/ Wed, 28 Jun 2023 13:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=656075

Новинарот Михаел Мартенс, еден од водечките германски и европски познавачи на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан пишува за акутна смрт на проширувањето кое нема да воскресне брзо, пренесува порталот Експрес.

Мартенс за весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг опишува како ЦДУ, најголемата партија во најмоќната земја членка на Европската Унија веќе предлага нов начин за интеграција на Западен Балкан но тоа не е рамноправно членство во ЕУ.

Во меѓувреме премиерот Димитар Ковачевски, министрите Бојан Маричиќ и Бујар Османи тврдат дека нивниот план е Македонија до 2030 да влезе во ЕУ.

Според идеите во Берлин, до 2030 година Македонија би можела да стане само членка на Единствениот европски пазар, но не и на ЕУ.

„Проширувањето на ЕУ е и останува мртво. По најновата руска војна на Украина се случија некои реторички промени. Но, што се промени во суштина? Иако проширувањето може да воскресне еден ден, сега се потребни идеи. Една таква идеја полека добива поддршка на терен. Германската најпопуларната партија ЦДУ ја усвои оваа идеја. Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ неодамна поднесе предлог во Бундестагот со кој се повикува на нова политика кон Балканот. Предлогот беше одбиен но тоа може да се промени со друго мнозинство во идниот Бундестаг – или со повеќе политичари да бидат убедени во идејата“, пишува Мартенс кој ја објавува основната идеја на предлогот потпишан од претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц и претседателот на регионалната група на ЦСУ, Александар Добриндт: „Ако во моментов не е достапно полноправно политичко членство, да воведеме атрактивен среден чекор во процесот на проширување – ‘Единствен пазар’“.

Мартенс објавува дека со други зборови предлогот е да се прифатат шесте држави од Западен Балкан, Украина и Молдавија како полноправни членки на Единствениот пазар (под услов да ги исполнат условите).

„Дајте им ги сите права кои доаѓаат со членството. И сите обврски кои тоа ги повлекува. Што би значело тоа? За луѓето во осумте засегнати земји, тоа би значело дека тие практично веќе би биле во ЕУ во секојдневниот живот. Тие би ги уживале четирите слободи (движење на стоки, лица, услуги и капитал) во рамките на ЕУ. Не би имало разлика дали работите во Берлин или во Белград, Париз или Приштина. Балканските компании би станале поконкурентни. Секој граѓанин на овие земји може да одлучи каде да работи и да се насели. Тоа би значело и дека границите би станале невидливи. За ЕУ тоа би значело дека може да го прошири просторот во кој важат неговите правила (и само тие). Брисел повторно би имал поголемо влијание во регион кој исто така ги интересира непријателите како Путин-Русија или непријателските глобални играчи како Кина“, пишува Мартенс кој потенцира дека во исто време, осумте нови членки нема да можат да го блокираат процесот на донесување одлуки во ЕУ.

Тие не би имале свои комесари и право на вето туку би биле како Норвешка, а Норвешка изгледа сосема задоволна од аранжманот.

„Кога ќе се соочат со идејата, некои луѓе се противат: ‘Но, ова е само економски проект. Ни требаат политички реформи, владеење на правото, поделба на власта, слобода на медиумите итн.’ Тие се во право. Да беше само економски проект, немаше да смени ништо и немаше да има малку смисла“, пишува Мартенс кој додава дека затоа членството на единствениот пазар треба да биде тесно поврзано со напредокот во областите на владеење на правото, проверки и рамнотежи, функционални институции итн.

Кнут Абрахам кој сега е пратеник во Бундестагот а во владата на Меркел бил одговорен за надворешна политика го дообјаснува процесот:

„Тоа во никој случај не е чисто економски проект. Единствениот пазар е повеќе од зона на слободна трговија. Тоа е јадрото на ЕУ. Голем дел од законодавството на ЕУ се однесува на внатрешниот пазар и поставува заеднички стандарди. Функционалното владеење на правото кое обезбедува спроведување на овие закони е затоа од суштинско значење за внатрешниот пазар на ЕУ. Стандардите за владеење на правото би биле централно барање. Само на земјите кои ги исполнуваат стандардите на ЕУ ќе им биде дозволено да се приклучат на единствениот пазар“, објаснува Абрахам.

The post „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го прогласи проширувањето на ЕУ за „умрено“ appeared first on Република.

]]>

Новинарот Михаел Мартенс, еден од водечките германски и европски познавачи на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан пишува за акутна смрт на проширувањето кое нема да воскресне брзо, пренесува порталот Експрес. Мартенс за весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг опишува како ЦДУ, најголемата партија во најмоќната земја членка на Европската Унија веќе предлага нов начин за интеграција на Западен Балкан но тоа не е рамноправно членство во ЕУ. Во меѓувреме премиерот Димитар Ковачевски, министрите Бојан Маричиќ и Бујар Османи тврдат дека нивниот план е Македонија до 2030 да влезе во ЕУ. Според идеите во Берлин, до 2030 година Македонија би можела да стане само членка на Единствениот европски пазар, но не и на ЕУ.
„Проширувањето на ЕУ е и останува мртво. По најновата руска војна на Украина се случија некои реторички промени. Но, што се промени во суштина? Иако проширувањето може да воскресне еден ден, сега се потребни идеи. Една таква идеја полека добива поддршка на терен. Германската најпопуларната партија ЦДУ ја усвои оваа идеја. Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ неодамна поднесе предлог во Бундестагот со кој се повикува на нова политика кон Балканот. Предлогот беше одбиен но тоа може да се промени со друго мнозинство во идниот Бундестаг – или со повеќе политичари да бидат убедени во идејата“, пишува Мартенс кој ја објавува основната идеја на предлогот потпишан од претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц и претседателот на регионалната група на ЦСУ, Александар Добриндт: „Ако во моментов не е достапно полноправно политичко членство, да воведеме атрактивен среден чекор во процесот на проширување – ‘Единствен пазар’“.
Мартенс објавува дека со други зборови предлогот е да се прифатат шесте држави од Западен Балкан, Украина и Молдавија како полноправни членки на Единствениот пазар (под услов да ги исполнат условите).
„Дајте им ги сите права кои доаѓаат со членството. И сите обврски кои тоа ги повлекува. Што би значело тоа? За луѓето во осумте засегнати земји, тоа би значело дека тие практично веќе би биле во ЕУ во секојдневниот живот. Тие би ги уживале четирите слободи (движење на стоки, лица, услуги и капитал) во рамките на ЕУ. Не би имало разлика дали работите во Берлин или во Белград, Париз или Приштина. Балканските компании би станале поконкурентни. Секој граѓанин на овие земји може да одлучи каде да работи и да се насели. Тоа би значело и дека границите би станале невидливи. За ЕУ тоа би значело дека може да го прошири просторот во кој важат неговите правила (и само тие). Брисел повторно би имал поголемо влијание во регион кој исто така ги интересира непријателите како Путин-Русија или непријателските глобални играчи како Кина“, пишува Мартенс кој потенцира дека во исто време, осумте нови членки нема да можат да го блокираат процесот на донесување одлуки во ЕУ.
Тие не би имале свои комесари и право на вето туку би биле како Норвешка, а Норвешка изгледа сосема задоволна од аранжманот.
„Кога ќе се соочат со идејата, некои луѓе се противат: ‘Но, ова е само економски проект. Ни требаат политички реформи, владеење на правото, поделба на власта, слобода на медиумите итн.’ Тие се во право. Да беше само економски проект, немаше да смени ништо и немаше да има малку смисла“, пишува Мартенс кој додава дека затоа членството на единствениот пазар треба да биде тесно поврзано со напредокот во областите на владеење на правото, проверки и рамнотежи, функционални институции итн.
Кнут Абрахам кој сега е пратеник во Бундестагот а во владата на Меркел бил одговорен за надворешна политика го дообјаснува процесот: „Тоа во никој случај не е чисто економски проект. Единствениот пазар е повеќе од зона на слободна трговија. Тоа е јадрото на ЕУ. Голем дел од законодавството на ЕУ се однесува на внатрешниот пазар и поставува заеднички стандарди. Функционалното владеење на правото кое обезбедува спроведување на овие закони е затоа од суштинско значење за внатрешниот пазар на ЕУ. Стандардите за владеење на правото би биле централно барање. Само на земјите кои ги исполнуваат стандардите на ЕУ ќе им биде дозволено да се приклучат на единствениот пазар“, објаснува Абрахам.

The post „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го прогласи проширувањето на ЕУ за „умрено“ appeared first on Република.

]]>
Проширувањето кон Западен Балкан е еден од четирите приоритети на Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/proshiruvaneto-kon-zapaden-balkan-e-eden-od-chetirite-prioriteti-na-polska/ Mon, 01 May 2023 14:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=635779

Претседателот на Полска Анджеј Дуда денеска по повод 19-годишнината од влезот на Полска во Европската унија изјави дека еден од четирите приоритети за Полска е проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и Украина.

„Ние сме поборници за политика на отворени врати. Затоа ги гледам земјите од Западен Балкан. Сакам да истакнам дека тоа се земји, тоа се народи, тоа се општества кои со години чекаат да станат дел од Европската заедница.Тоа конечно треба да се постигне“, рече полскиот претседател во Варшава во специјалното обраќање до медиумите по повод годишнината.

Во заедничкото обраќање со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, Дуда рече дека Полска многу добро знае како е да чекаш години за да влезеш во слободниот западен свет.

Затоа верувам дека не другите, туку ние, Полска, мора да зборуваме силно и гласно: тие треба да бидат примени во Европската унија, земјите од Западен Балкан да бидат примени. И денес, историското барање, апсолутното барање на моментот е прием на Украина во ЕУ и Молдавија, рече Дуда.

Полскиот претседател изјави дека земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија ќе добијат полноправно членство, како второ од четирите главни приоритети на шестмесечното полско претседавање со ЕУ од почетокот на 2025 година.

The post Проширувањето кон Западен Балкан е еден од четирите приоритети на Полска appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Полска Анджеј Дуда денеска по повод 19-годишнината од влезот на Полска во Европската унија изјави дека еден од четирите приоритети за Полска е проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и Украина. „Ние сме поборници за политика на отворени врати. Затоа ги гледам земјите од Западен Балкан. Сакам да истакнам дека тоа се земји, тоа се народи, тоа се општества кои со години чекаат да станат дел од Европската заедница.Тоа конечно треба да се постигне“, рече полскиот претседател во Варшава во специјалното обраќање до медиумите по повод годишнината. Во заедничкото обраќање со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, Дуда рече дека Полска многу добро знае како е да чекаш години за да влезеш во слободниот западен свет.
Затоа верувам дека не другите, туку ние, Полска, мора да зборуваме силно и гласно: тие треба да бидат примени во Европската унија, земјите од Западен Балкан да бидат примени. И денес, историското барање, апсолутното барање на моментот е прием на Украина во ЕУ и Молдавија, рече Дуда.
Полскиот претседател изјави дека земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија ќе добијат полноправно членство, како второ од четирите главни приоритети на шестмесечното полско претседавање со ЕУ од почетокот на 2025 година.

The post Проширувањето кон Западен Балкан е еден од четирите приоритети на Полска appeared first on Република.

]]>
Фајон: Во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fajon-vo-slovenija-ima-golema-poddrshka-za-eu-i-nejzinoto-proshiruvanje/ Thu, 22 Dec 2022 18:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=588821

Словенија е пријател на сите земји од Западен Балкан и доколку сите држави од регионот се беа приклучиле кон Европската унија (ЕУ), немаше да ги имаме овие проблеми со границите или какви било отворени прашања, рече министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон и посочи дека во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување.

Одговарајќи на прашањето што е реално кога станува збор за влезот на Србија во ЕУ, таа рече дека реалноста зависи од двете страни.

„Искрено мислам дека Србија треба да ни даде добри аргументи, да ги спроведеме економските и социјалните реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата, борбата за владеење на правото, слободата на медиумите. Кога го кажувам сето тоа, не мислам дека Србија сето ова треба го прави поради Брисел, туку поради своите граѓани. Тоа ќе им го подобри животот“, рече Фајон во интервју за српски „Телеграф“.

Додаде дека во Словенија се’ уште има голема поддршка за Европската Унија и нејзиното проширување.

Зборувајќи за ситуацијата во Косово, таа посочи дека очекува од една страна Приштина да ги прекине сите полициски акции, а од друга страна Србија, како што рече, да направи се’ со своето големо влијание за нормализирање на состојбата и нормализирање на односите за граѓаните.

Таа нагласи дека дијалогот е многу важен и дека Бриселскиот договор е обврзувачки за двете страни.

Исто така, дека меѓународната заедница и ЕУ, односно Словенија како дел од Унијата, бараат нормализација и конструктивен пристап.

The post Фајон: Во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување appeared first on Република.

]]>

Словенија е пријател на сите земји од Западен Балкан и доколку сите држави од регионот се беа приклучиле кон Европската унија (ЕУ), немаше да ги имаме овие проблеми со границите или какви било отворени прашања, рече министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон и посочи дека во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување. Одговарајќи на прашањето што е реално кога станува збор за влезот на Србија во ЕУ, таа рече дека реалноста зависи од двете страни.
„Искрено мислам дека Србија треба да ни даде добри аргументи, да ги спроведеме економските и социјалните реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата, борбата за владеење на правото, слободата на медиумите. Кога го кажувам сето тоа, не мислам дека Србија сето ова треба го прави поради Брисел, туку поради своите граѓани. Тоа ќе им го подобри животот“, рече Фајон во интервју за српски „Телеграф“.
Додаде дека во Словенија се’ уште има голема поддршка за Европската Унија и нејзиното проширување. Зборувајќи за ситуацијата во Косово, таа посочи дека очекува од една страна Приштина да ги прекине сите полициски акции, а од друга страна Србија, како што рече, да направи се’ со своето големо влијание за нормализирање на состојбата и нормализирање на односите за граѓаните. Таа нагласи дека дијалогот е многу важен и дека Бриселскиот договор е обврзувачки за двете страни. Исто така, дека меѓународната заедница и ЕУ, односно Словенија како дел од Унијата, бараат нормализација и конструктивен пристап.

The post Фајон: Во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување appeared first on Република.

]]>
Историјата се повторува: Нова „лисабонска декларација“ за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/istorijata-se-povtoruva-nova-lisabonska-deklaracija-za-makedonija/ Thu, 24 Nov 2022 11:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=577740

Изјавата на португалски премиер дека „ЕУ не е во состојба да прима нови членки и оти тоа треба отворено да им го каже на земјите кандидати“ не треба да биде изненадување за никого.

На вистината треба да и се погледне во очи колку и да е сурова.ЕУ не сака проширување, посебно не од Балканот од кого на обичните европски граѓани им се крева косата.

Декларативните изјави на европските бирократи дека местото на регионот е во ЕУ“ се декларативни и мачкање очи колку да го држат еврооптимизмот кај земјите за да не запрат со рефорите кои ни се потребни за себе а не за Брисел.

Ова изјава на Антонио Коста можеше да се насети откако ниту еден европски челник не сакаше да потврди дека до 2030 година регионот треба да стане дел од ЕУ.

Сега е повеќе од јасно дека не 20230 туку можеби никогаш нема да станеме дел од ваква Унија. Можеби местото на земјите од регионот е во некоја втора лига на ЕУ, како и таа да се нарекува, идеја што отворено ја залага претседателот на Франција Макрон.

Оваа изјава најмногу треба да делува отрeзнувачки за власта во Скопје која за да почне преговори е подготвена на секакви отстапки кон Бугарија.

https://republika.mk/vesti/svet/studen-tush-od-portugalija-eu-ne-moze-da-prima-novi-chlenki-i-mora-toa-da-im-go-kaze-na-zemjite-kandidatki/

Најновото барање од Софија е да ги внесеме Бугарите во македонскиот устав иако нема никакви гаранции дека тоа ќе биде последно барање и дека потоа нема да има ново и ново.

Затоа, евро оптимизмот мора да биде стишан на разумни граници. Да, Македонија треба да почне преговори, но најпрво за себе, а не за да задоволува нечии „хирови“.

Што се однесува до Португалија, таа никогаш не била на страната на Македонија. Пред неколку месеци токму португалската министерка за Европа Ана Паула Закаријас даде контроверзна изјава во која за „јазикот на Македонија“ рече дека низ историјата бил дел од бугарскиот јазик.

Во сеќавањето ни е и 1992 година и познатата Лисабонска декларација

Со тогашната Европската економска заедница претседаваше Португалија. Тогаш се донесе таа Лисабонска декларација која како услов за признавањето на Република Македонија одреди името на државата да не го содржи зборот „Македонија“.
Во тоа време Македонија имаше прогласено независност но не беше признаена од ниту една земја на ЕЕЗ ниту од Обединетите нации.

Условот на ЕЕЗ делумно и се исполни бидејќи со Времената спогодба со Грција Македонија стана членка на ОН со привремената рефенца „поранешна југословенка Република Македонија.

По се изледа историјата се повторува.

The post Историјата се повторува: Нова „лисабонска декларација“ за Македонија appeared first on Република.

]]>

Изјавата на португалски премиер дека „ЕУ не е во состојба да прима нови членки и оти тоа треба отворено да им го каже на земјите кандидати“ не треба да биде изненадување за никого. На вистината треба да и се погледне во очи колку и да е сурова.ЕУ не сака проширување, посебно не од Балканот од кого на обичните европски граѓани им се крева косата. Декларативните изјави на европските бирократи дека местото на регионот е во ЕУ“ се декларативни и мачкање очи колку да го држат еврооптимизмот кај земјите за да не запрат со рефорите кои ни се потребни за себе а не за Брисел. Ова изјава на Антонио Коста можеше да се насети откако ниту еден европски челник не сакаше да потврди дека до 2030 година регионот треба да стане дел од ЕУ. Сега е повеќе од јасно дека не 20230 туку можеби никогаш нема да станеме дел од ваква Унија. Можеби местото на земјите од регионот е во некоја втора лига на ЕУ, како и таа да се нарекува, идеја што отворено ја залага претседателот на Франција Макрон. Оваа изјава најмногу треба да делува отрeзнувачки за власта во Скопје која за да почне преговори е подготвена на секакви отстапки кон Бугарија. https://republika.mk/vesti/svet/studen-tush-od-portugalija-eu-ne-moze-da-prima-novi-chlenki-i-mora-toa-da-im-go-kaze-na-zemjite-kandidatki/ Најновото барање од Софија е да ги внесеме Бугарите во македонскиот устав иако нема никакви гаранции дека тоа ќе биде последно барање и дека потоа нема да има ново и ново. Затоа, евро оптимизмот мора да биде стишан на разумни граници. Да, Македонија треба да почне преговори, но најпрво за себе, а не за да задоволува нечии „хирови“. Што се однесува до Португалија, таа никогаш не била на страната на Македонија. Пред неколку месеци токму португалската министерка за Европа Ана Паула Закаријас даде контроверзна изјава во која за „јазикот на Македонија“ рече дека низ историјата бил дел од бугарскиот јазик.

Во сеќавањето ни е и 1992 година и познатата Лисабонска декларација

Со тогашната Европската економска заедница претседаваше Португалија. Тогаш се донесе таа Лисабонска декларација која како услов за признавањето на Република Македонија одреди името на државата да не го содржи зборот „Македонија“. Во тоа време Македонија имаше прогласено независност но не беше признаена од ниту една земја на ЕЕЗ ниту од Обединетите нации. Условот на ЕЕЗ делумно и се исполни бидејќи со Времената спогодба со Грција Македонија стана членка на ОН со привремената рефенца „поранешна југословенка Република Македонија. По се изледа историјата се повторува.

The post Историјата се повторува: Нова „лисабонска декларација“ за Македонија appeared first on Република.

]]>
Шолц: Сите добиваме ако Унијата се прошири кон исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-site-dobivame-ako-unijata-se-proshiri-kon-istok/ Sat, 15 Oct 2022 15:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=561514

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска, пред европските социјалисти, собрани на конгресот на ПЕС во Берлин, повика на проширување на Европската унија, изјавувајќи дека на тој начин ЕУ ќе може да има поголемо влијание врз глобалните прашања.

Откако ја презеде функцијата канцелар Шолц за едно од основните прашања на својата надворешно-политичка агенда го постави прашањето за проширувањето на Европската унија со Западен Балкан и со други земји. Ова прашање стана ургентно поради руската инвазија на Украина, која стана кандидат за членство во ЕУ на почетокот на летово.

-Европската унија со 27, 30, 36 земји, тогаш со повеќе од 500 милиони слободни и еднакви граѓани, може да има уште поголема тежина во светот, рече Шолц на Конгресот на Партијата на европските социјалисти во Берлин.

Во моментов Унијата има 27 земји-членки.

-Јас сум посветен на проширувањето на ЕУ. Тоа дека Унијата ќе продолжи да се шири кон исток е ситуација во која сите ние добиваме, рече Шолц пред европските социјалисти во Берлин.

The post Шолц: Сите добиваме ако Унијата се прошири кон исток appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска, пред европските социјалисти, собрани на конгресот на ПЕС во Берлин, повика на проширување на Европската унија, изјавувајќи дека на тој начин ЕУ ќе може да има поголемо влијание врз глобалните прашања. Откако ја презеде функцијата канцелар Шолц за едно од основните прашања на својата надворешно-политичка агенда го постави прашањето за проширувањето на Европската унија со Западен Балкан и со други земји. Ова прашање стана ургентно поради руската инвазија на Украина, која стана кандидат за членство во ЕУ на почетокот на летово.
-Европската унија со 27, 30, 36 земји, тогаш со повеќе од 500 милиони слободни и еднакви граѓани, може да има уште поголема тежина во светот, рече Шолц на Конгресот на Партијата на европските социјалисти во Берлин.
Во моментов Унијата има 27 земји-членки.
-Јас сум посветен на проширувањето на ЕУ. Тоа дека Унијата ќе продолжи да се шири кон исток е ситуација во која сите ние добиваме, рече Шолц пред европските социјалисти во Берлин.

The post Шолц: Сите добиваме ако Унијата се прошири кон исток appeared first on Република.

]]>
ЕК: Процесите на проширување на ЕУ продолжуваат како порано https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-procesite-na-proshiruvanje-na-eu-prodolzuvaat-kako-porano/ Tue, 10 May 2022 12:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=500427

Европската комисија не го коментира предлогот на Емануел Макрон за Европска политичка заедница додека не биде финализиран, процесот за сега останува ист, јавува дописничката на МИА од Брисел.

По предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон во неговиот говор од Стразбур дека за да се интегрира побрзо Украина потребна е Европска политичка заедница, затоа што до полноправно членство Киев ќе треба да чека уште долги години, Европската Комисија денеска порача дека не може да го коментира овој став додека не го види целосно формулиран.

Слушнавме вчера, но тој самиот рече дека ќе го презентира предлогот со повеќе детали пред неговите колеги во Европскиот Совет, ќе чекаме да видиме што има а ум, но што се однесува до нас имаме европски процес на зачленување кој е во тек со одреден број земји и ништо не се менува што се однесува до овие процеси, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската Комисија.

Тој истакна дека апликацијата на Украина пристигнала до службите во Комисијата и целта е до крајот на јуни оваа институција да објави мислење за кандидатскиот статус на Киев во ЕУ.

The post ЕК: Процесите на проширување на ЕУ продолжуваат како порано appeared first on Република.

]]>

Европската комисија не го коментира предлогот на Емануел Макрон за Европска политичка заедница додека не биде финализиран, процесот за сега останува ист, јавува дописничката на МИА од Брисел. По предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон во неговиот говор од Стразбур дека за да се интегрира побрзо Украина потребна е Европска политичка заедница, затоа што до полноправно членство Киев ќе треба да чека уште долги години, Европската Комисија денеска порача дека не може да го коментира овој став додека не го види целосно формулиран.
Слушнавме вчера, но тој самиот рече дека ќе го презентира предлогот со повеќе детали пред неговите колеги во Европскиот Совет, ќе чекаме да видиме што има а ум, но што се однесува до нас имаме европски процес на зачленување кој е во тек со одреден број земји и ништо не се менува што се однесува до овие процеси, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската Комисија.
Тој истакна дека апликацијата на Украина пристигнала до службите во Комисијата и целта е до крајот на јуни оваа институција да објави мислење за кандидатскиот статус на Киев во ЕУ.

The post ЕК: Процесите на проширување на ЕУ продолжуваат како порано appeared first on Република.

]]>
Moгерини за БТВ: Се надевам дека надворешниот притисок за Македонија врз Бругарија ќе профукнционира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mogerini-za-btv-se-nadevam-deka-nadvoreshniot-pritisok-za-makedonija-vrz-brugarija-kje-profukncionira/ Thu, 28 Apr 2022 07:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=494589

Во интерес на Европската Унија е неодложно да се започнат преговорите со Македонија и Албанија. После тоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за бТВ поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, изразувајќи надеж дека бугарското вето за Македонија наскоро ќе биде тргнато.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Могерини Македонија и Албанија направиле се што се барало од нив за да можат да ги започнат преговорите за влез во Европската Унија.

Тоа создава голем проблем со довербата во процесот за проширување на ЕУ. Oткако Скопје и Тирана беа принудени дa направат одредени отстапки за да ги започнат преговорите, а се уште ги немаат започнато, некои земји кандидати го поставија прашањето зошто воопшто тие тоа да го прават, нагласи Могерини.

Таа изјави дека не знае колку е силен надворешниот притисок врз Бугарија во однос на отстранувањето на ветото за Македонија, но се надева дека тоа ќе профункционира.

Могерини ги коментираше дејствијата на новата Европска Комисија во однос на санкциите против Русија, поради војната во Украина и кажа дека постапките на Брисел се адекватни на ситуацијата и изрази надеж дека тие ќе ја засегнат руската економија

The post Moгерини за БТВ: Се надевам дека надворешниот притисок за Македонија врз Бругарија ќе профукнционира appeared first on Република.

]]>

Во интерес на Европската Унија е неодложно да се започнат преговорите со Македонија и Албанија. После тоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за бТВ поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, изразувајќи надеж дека бугарското вето за Македонија наскоро ќе биде тргнато. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Могерини Македонија и Албанија направиле се што се барало од нив за да можат да ги започнат преговорите за влез во Европската Унија.
Тоа создава голем проблем со довербата во процесот за проширување на ЕУ. Oткако Скопје и Тирана беа принудени дa направат одредени отстапки за да ги започнат преговорите, а се уште ги немаат започнато, некои земји кандидати го поставија прашањето зошто воопшто тие тоа да го прават, нагласи Могерини.
Таа изјави дека не знае колку е силен надворешниот притисок врз Бугарија во однос на отстранувањето на ветото за Македонија, но се надева дека тоа ќе профункционира. Могерини ги коментираше дејствијата на новата Европска Комисија во однос на санкциите против Русија, поради војната во Украина и кажа дека постапките на Брисел се адекватни на ситуацијата и изрази надеж дека тие ќе ја засегнат руската економија

The post Moгерини за БТВ: Се надевам дека надворешниот притисок за Македонија врз Бругарија ќе профукнционира appeared first on Република.

]]>