просечна плата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prosechna-plata/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 13:49:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png просечна плата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prosechna-plata/ 32 32 Просечната плата во септември била 41.585 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-septemvri-bila-41-585-denari/ Thu, 21 Nov 2024 13:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=840408

Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во однос на септември 2023 година од 9,8 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,6 отсто, Преработувачка индустрија за 11,7 проценти и Уметност, забава и рекреација со 11,4 отсто – соопштуваат од ДЗС.

Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,8 проценти, Административни и помошни услужни дејности 5 отсто и Преработувачка индустрија 2,8 проценти.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари.

Што се однесува пак до бруто-плата по вработен, во септември 2024 година таа достигнала изнесува 62.573 денари.

The post Просечната плата во септември била 41.585 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во однос на септември 2023 година од 9,8 проценти.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,6 отсто, Преработувачка индустрија за 11,7 проценти и Уметност, забава и рекреација со 11,4 отсто – соопштуваат од ДЗС.
Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,8 проценти, Административни и помошни услужни дејности 5 отсто и Преработувачка индустрија 2,8 проценти. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари. Што се однесува пак до бруто-плата по вработен, во септември 2024 година таа достигнала изнесува 62.573 денари.  

The post Просечната плата во септември била 41.585 денари appeared first on Република.

]]>
Просечната нето плата во Србија 824 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prosechnata-neto-plata-vo-srbija-824-evra/ Fri, 25 Oct 2024 13:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=831008

Просечната августовска бруто плата во Србија изнесува 133.591 динари (1.140 евра), додека просечната нето плата, без даноци и придонеси, изнесува 96.649 динари (824 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Растот на бруто-заработката во периодот јануари-август 2024 година во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,7 отсто, односно реално 9,3 отсто, додека просечната нето-заработка номинално е повисока за 14,6 отсто, односно реална за 9,2 отсто.

Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за август 2024 година е номинално повисока за 12,3 отсто, а реално за 7,7 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 12,2 отсто, односно реална за 7,6 отсто.

Медијалната нето заработка за август изнесува 75.575 динари (645 евра), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до таа сума.

The post Просечната нето плата во Србија 824 евра appeared first on Република.

]]>

Просечната августовска бруто плата во Србија изнесува 133.591 динари (1.140 евра), додека просечната нето плата, без даноци и придонеси, изнесува 96.649 динари (824 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија. Растот на бруто-заработката во периодот јануари-август 2024 година во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,7 отсто, односно реално 9,3 отсто, додека просечната нето-заработка номинално е повисока за 14,6 отсто, односно реална за 9,2 отсто. Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за август 2024 година е номинално повисока за 12,3 отсто, а реално за 7,7 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 12,2 отсто, односно реална за 7,6 отсто. Медијалната нето заработка за август изнесува 75.575 динари (645 евра), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до таа сума.

The post Просечната нето плата во Србија 824 евра appeared first on Република.

]]>
Просечната нето-плата во август 41.097 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-neto-plata-vo-avgust-41-097-denari/ Tue, 22 Oct 2024 10:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=829748

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9%), Уметност, забава и рекреација (18.8%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.3%), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61.806 денари.

The post Просечната нето-плата во август 41.097 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9%), Уметност, забава и рекреација (18.8%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.3%), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2%). Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61.806 денари.

The post Просечната нето-плата во август 41.097 денари appeared first on Република.

]]>
Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра, а за 10 години три пати повеќе https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prosechnata-plata-vo-dekemvri-vo-srbija-ke-bide-900-evra-a-za-10-godini-tri-pati-poveke/ Wed, 25 Sep 2024 15:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=819598

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше од Њујорк и истакна дека просечната плата во Србија во декември ќе биде 900 евра, што е трипати повеќе за 10 години.

Мораме да притискаме, добро е што се носи ребалансот, наскоро ќе влезе во буџетот, се надевам дека министрите ќе ги намалат апетитите, дека ја имаме стапката на јавниот долг под контрола. Се надевам дека дефицитот нема да надмине три проценти, додаде Вучиќ.

Вучиќ истакна и дека платите во Србија растат.

Платата на наставниците беше околу 30.000 динари, денес е околу 100.000 динари без надоместоци за стаж и други додатоци“, рече Вучиќ.

The post Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра, а за 10 години три пати повеќе appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше од Њујорк и истакна дека просечната плата во Србија во декември ќе биде 900 евра, што е трипати повеќе за 10 години. Мораме да притискаме, добро е што се носи ребалансот, наскоро ќе влезе во буџетот, се надевам дека министрите ќе ги намалат апетитите, дека ја имаме стапката на јавниот долг под контрола. Се надевам дека дефицитот нема да надмине три проценти, додаде Вучиќ. Вучиќ истакна и дека платите во Србија растат. Платата на наставниците беше околу 30.000 динари, денес е околу 100.000 динари без надоместоци за стаж и други додатоци“, рече Вучиќ.

The post Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра, а за 10 години три пати повеќе appeared first on Република.

]]>
Просечната нето плата во Словенија во јуни е повеќе од 1.500 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/prosechnata-neto-plata-vo-slovenija-vo-juni-e-poveke-od-1-500-evra/ Fri, 23 Aug 2024 18:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=809581

Просечната нето плата во Словенија во јуни се искачи над 1.500 евра, објави Заводот за статистика на земјата.

Како што се наведува, словенечката просечна нето плата номинално порасна за еден процент, а реално за 0,6 отсто во однос на мај, на 1.501,97 евра.

Платите во Словенија се повисоки за 2,6 отсто во однос на јуни 2023 година, објави СТА.

Во јуни, највисока просечна нето плата во Словенија е забележана во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа од 2.241,33 евра, а најниска во угостителството. 1.142,43 евра.

Просечната бруто плата во Словенија за јуни е 2.366,79 евра, а платите се повисоки во јавниот сектор (2.701,33 евра) отколку во приватниот сектор (2.214,91 евра).

Бруто платите во словенечкиот јавен сектор се зголемија месечно за значителни 5,2 отсто поради усогласувањето на оценките на платите од 1 јуни.

The post Просечната нето плата во Словенија во јуни е повеќе од 1.500 евра appeared first on Република.

]]>

Просечната нето плата во Словенија во јуни се искачи над 1.500 евра, објави Заводот за статистика на земјата. Како што се наведува, словенечката просечна нето плата номинално порасна за еден процент, а реално за 0,6 отсто во однос на мај, на 1.501,97 евра. Платите во Словенија се повисоки за 2,6 отсто во однос на јуни 2023 година, објави СТА. Во јуни, највисока просечна нето плата во Словенија е забележана во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа од 2.241,33 евра, а најниска во угостителството. 1.142,43 евра. Просечната бруто плата во Словенија за јуни е 2.366,79 евра, а платите се повисоки во јавниот сектор (2.701,33 евра) отколку во приватниот сектор (2.214,91 евра). Бруто платите во словенечкиот јавен сектор се зголемија месечно за значителни 5,2 отсто поради усогласувањето на оценките на платите од 1 јуни.  

The post Просечната нето плата во Словенија во јуни е повеќе од 1.500 евра appeared first on Република.

]]>
Во јуни просечна нето плата била 41.939 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-juni-prosechna-neto-plata-bila-41-939-denari/ Wed, 21 Aug 2024 18:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=808775

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,6 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21,1 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5,4 и Административни и помошни услужни дејности за 4,5 отсто.

Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2024 година изнесува 62.964 денари и е за 15,1 отсто повисока отколку во јуни 2023 година.

Зголемувањето се должина зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,9 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 24 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,9 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5 и Административни и помошни услужни дејности за 4,4 отсто.

The post Во јуни просечна нето плата била 41.939 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,6 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21,1 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5,4 и Административни и помошни услужни дејности за 4,5 отсто. Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2024 година изнесува 62.964 денари и е за 15,1 отсто повисока отколку во јуни 2023 година. Зголемувањето се должина зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,9 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 24 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,9 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5 и Административни и помошни услужни дејности за 4,4 отсто.

The post Во јуни просечна нето плата била 41.939 денари appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Просечната плата во Србија првпат надмина 100.000 динари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-prosechnata-plata-vo-srbija-prvpat-nadmina-100-000-dinari/ Thu, 25 Jul 2024 09:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=800134

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека првпат во земјата просечната плата ја надминала сумата од 100.000 динари односно 855 евра и оцени дека земјата е на одличен пат, јави дописникот на МИА од Белград.

Во видеопорака објавена на Инстаграм, Вучиќ кажа дека добил податоци за просечните плати за мај и дека просечната плата во главниот град е поголема од 1.000 евра.

Во Белград просечната плата е 1.075 евра, во Нови Сад 982 евра, во Ниш 813 евра и се приближува до просекот, изјави претседателот на Србија.

Тој додаде дека просечната плата во Бор е 1.025 евра и дека овој податок покажува дека „добрите инвестиции и визионерските политики даваат резултати“.

Тој повтори дека просечната плата во 2027 година ќе биде 1.400 евра, а пензијата 650 евра и ги повика граѓаните да му помогнат да ја оствари таа цел.

The post Вучиќ: Просечната плата во Србија првпат надмина 100.000 динари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека првпат во земјата просечната плата ја надминала сумата од 100.000 динари односно 855 евра и оцени дека земјата е на одличен пат, јави дописникот на МИА од Белград. Во видеопорака објавена на Инстаграм, Вучиќ кажа дека добил податоци за просечните плати за мај и дека просечната плата во главниот град е поголема од 1.000 евра. Во Белград просечната плата е 1.075 евра, во Нови Сад 982 евра, во Ниш 813 евра и се приближува до просекот, изјави претседателот на Србија. Тој додаде дека просечната плата во Бор е 1.025 евра и дека овој податок покажува дека „добрите инвестиции и визионерските политики даваат резултати“. Тој повтори дека просечната плата во 2027 година ќе биде 1.400 евра, а пензијата 650 евра и ги повика граѓаните да му помогнат да ја оствари таа цел.

The post Вучиќ: Просечната плата во Србија првпат надмина 100.000 динари appeared first on Република.

]]>
Просечната плата во април 41.085 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-april-41-085-denari/ Thu, 20 Jun 2024 11:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=789335

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и Информации и комуникации за 18 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец е забележано во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 6,3 отсто, Информации и комуникации за 5,7 и Транспорт и складирање за 4,9 отсто.

The post Просечната плата во април 41.085 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и Информации и комуникации за 18 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец е забележано во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 6,3 отсто, Информации и комуникации за 5,7 и Транспорт и складирање за 4,9 отсто.

The post Просечната плата во април 41.085 денари appeared first on Република.

]]>
Просечната плата во земјава намалена за околу 500 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-zemjava-namalena-za-okolu-500-denari/ Thu, 21 Mar 2024 18:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=757116

Просечната нето-месечна плата на вработените за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари. Просечниот бруто-износ е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика. Во однос на декември, ова значи дека просечната плата во земјава е намалена за околу 500 денари. Најголем пад има во градежништвото, минус 10,9%, во преработувачката индустрија минус 4,9% и во трговијата на големо и мало од минус 3,8%. Ова намалување уште повеќе го отежнува животниот стандард, кога потрошувачката кошничка во овој месец за четиричлено семејство достигна 1.210 евра сосе евентуалната кирија. Професорот Љубомир Кекеновски нагласува дека политичката корупција влијае и на платите и на енормното поскапување.

Од друга страна, одлуката за зголемување на минималната плата сè уште не е објавена во Службен весник, а доцни и усогласување на платите на околу 60.000 вработени во јавниот сектор кои во платата за март треба да имаат 2.500 денари повеќе. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека власта намерно ја одолговлекува одлуката за зголемување на минималецот.

„Се работи за 2.500 денари по вработен во јавниот сектор, покрај 2.500 евра плата на функционерите кои ќе се обидат да манипулираат со овој закон. По објавувањето на социо-економскиот совет во Владата, истиот ќе биде објавен во Службен весник, во петок или најдоцна во понеделник и се очекува да стапи во сила. Доколку не се усогласат платите, тоа ќе биде кривично дело за што ќе пријавиме во обвинителството“, рекоа од ССМ.

Последните пресметки на синдикатите покажаа дека на едно четиричлено семејство му се потребни околу 59 илјади денари за покривање на основните потреби во месецот. Во март, во однос на февруари, трошоците се зголемени за повеќе од 1.500 денари, главно за храна и пијалоци. Овие производи беа под контрола на мерката за гарантирани цени, но Владата не ја продолжи. Сега ќе се чека да профункционира Законот за спречување на нефер трговски практики, но за тој да почне да се применува ќе почекаме до септември.

The post Просечната плата во земјава намалена за околу 500 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната нето-месечна плата на вработените за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари. Просечниот бруто-износ е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика. Во однос на декември, ова значи дека просечната плата во земјава е намалена за околу 500 денари. Најголем пад има во градежништвото, минус 10,9%, во преработувачката индустрија минус 4,9% и во трговијата на големо и мало од минус 3,8%. Ова намалување уште повеќе го отежнува животниот стандард, кога потрошувачката кошничка во овој месец за четиричлено семејство достигна 1.210 евра сосе евентуалната кирија. Професорот Љубомир Кекеновски нагласува дека политичката корупција влијае и на платите и на енормното поскапување. Од друга страна, одлуката за зголемување на минималната плата сè уште не е објавена во Службен весник, а доцни и усогласување на платите на околу 60.000 вработени во јавниот сектор кои во платата за март треба да имаат 2.500 денари повеќе. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека власта намерно ја одолговлекува одлуката за зголемување на минималецот. „Се работи за 2.500 денари по вработен во јавниот сектор, покрај 2.500 евра плата на функционерите кои ќе се обидат да манипулираат со овој закон. По објавувањето на социо-економскиот совет во Владата, истиот ќе биде објавен во Службен весник, во петок или најдоцна во понеделник и се очекува да стапи во сила. Доколку не се усогласат платите, тоа ќе биде кривично дело за што ќе пријавиме во обвинителството“, рекоа од ССМ. Последните пресметки на синдикатите покажаа дека на едно четиричлено семејство му се потребни околу 59 илјади денари за покривање на основните потреби во месецот. Во март, во однос на февруари, трошоците се зголемени за повеќе од 1.500 денари, главно за храна и пијалоци. Овие производи беа под контрола на мерката за гарантирани цени, но Владата не ја продолжи. Сега ќе се чека да профункционира Законот за спречување на нефер трговски практики, но за тој да почне да се применува ќе почекаме до септември.

The post Просечната плата во земјава намалена за околу 500 денари appeared first on Република.

]]>
Просечната месечна нето-плата за јануари е 39.542 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-mesechna-neto-plata-za-januari-e-39-542-denari/ Thu, 21 Mar 2024 14:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=757058

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари, а просечната бруто-плата за истиот месец е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8%), снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2%) и земјоделство, шумарство и рибарство (19,1%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (10,9%), преработувачка индустрија (4,9%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8%).

The post Просечната месечна нето-плата за јануари е 39.542 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари, а просечната бруто-плата за истиот месец е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8%), снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2%) и земјоделство, шумарство и рибарство (19,1%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (10,9%), преработувачка индустрија (4,9%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8%).  

The post Просечната месечна нето-плата за јануари е 39.542 денари appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Кога во 2014 година дојдов на власт, со Македонија имавме иста просечна плата,сега во Србија е 812 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koga-vo-2014-godina-dojdov-na-vlast-so-makedonija-imavme-ista-prosechna-plata-sega-vo-srbija-e-812-evra/ Sat, 02 Mar 2024 19:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=750603

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање изјави дека кога во 2014 година дошол на власт како премиер сите земји од регионот па дури и Македонија имале поголема просечна плата но оти за само 10 години Србија ги стигна и престигна.

Tогаш во Црна Гора беше 490 евра,во Србија 330, БиХ 374,Македонија 320.Сега во Србија е 812 евра, а очекуваме да биде 855. Црна Гора сега има 819 евра, Бугарија 842, а Романија 1019 евра.Македонија просечната плата сега е 649 евра-пресмета Вучиќ.

The post Вучиќ: Кога во 2014 година дојдов на власт, со Македонија имавме иста просечна плата,сега во Србија е 812 евра appeared first on Република.

Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата: Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-so-odgovor-do-sdsm-za-prosechnata-plata-pred-nekolku-godini-chetvrtina-burek-so-jogurt-beshe-50-sega-e-120-denari/ Mon, 26 Feb 2024 12:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=748523

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде што беше запрашан за коментар за тврдењата на Социјалдемократскиот сојуз дека ја зголемиле просечната плата.

Мицкоски истакна дека тоа се нивни кажувања, но реалноста е сосема друга и дека македонските граѓани имаат се помалку пари и се полошо живеат, истакнувајќи дека пред неколку години со помалку пари граѓаните поубаво живееле.

Како пример, Мицкоски ја зема цената на чинење на четвртина бурек со јогурт, посочувајќи дека пред неколку години можеше да се купи за 50 денари, додека сега истото чини 120 денари.
„Тие условно велат така, но исто така, добро е да ги потсетиме дека четврт бурек со јогурт пред неколку години беше 50 денари, сега е 120 денари. Македонија е убедливо меѓу врвните држави кога станува збор за криминалот и корупцијата, според просечната плата и пензија сме на дното, според степенот на мизерија сме, исто така, на врвот и така натаму. Нема ниту еден индикатор кој што оди во прилог на ова тврдење на СДСМ и ДУИ и поради тоа, за многу кратко време од денеска, народот ќе даде одговор на сите овие лажни  пораки и на СДСМ и на ДУИ“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата: Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде што беше запрашан за коментар за тврдењата на Социјалдемократскиот сојуз дека ја зголемиле просечната плата.
Мицкоски истакна дека тоа се нивни кажувања, но реалноста е сосема друга и дека македонските граѓани имаат се помалку пари и се полошо живеат, истакнувајќи дека пред неколку години со помалку пари граѓаните поубаво живееле.
Како пример, Мицкоски ја зема цената на чинење на четвртина бурек со јогурт, посочувајќи дека пред неколку години можеше да се купи за 50 денари, додека сега истото чини 120 денари. „Тие условно велат така, но исто така, добро е да ги потсетиме дека четврт бурек со јогурт пред неколку години беше 50 денари, сега е 120 денари. Македонија е убедливо меѓу врвните држави кога станува збор за криминалот и корупцијата, според просечната плата и пензија сме на дното, според степенот на мизерија сме, исто така, на врвот и така натаму. Нема ниту еден индикатор кој што оди во прилог на ова тврдење на СДСМ и ДУИ и поради тоа, за многу кратко време од денеска, народот ќе даде одговор на сите овие лажни  пораки и на СДСМ и на ДУИ“, рече Мицкоски.
 
The post Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата: Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари appeared first on Република.

]]>
Државен завод за статистика: Просечната нето плата во декември изнесува речиси 40.000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/drzhaven-zavod-za-statistika-prosechnata-neto-plata-vo-dekemvri-iznesuva-rechisi-40-000/ Thu, 22 Feb 2024 11:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=746955

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39 998 денари.

The post Државен завод за статистика: Просечната нето плата во декември изнесува речиси 40.000 appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39 998 денари.

The post Државен завод за статистика: Просечната нето плата во декември изнесува речиси 40.000 appeared first on Република.

]]>
И семејствата од средна класа со приходи од 73.000 денари не можат до крај да ги задоволат потребите, вели економскиот аналитичар Бауш https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-semejstvata-od-sredna-klasa-so-prihodi-od-73-000-denari-ne-mozhat-do-kraj-da-gi-zadovolat-potrebite-veli-ekonomskiot-analitichar-baush/ Thu, 22 Feb 2024 08:33:01 +0000 https://republika.mk/?p=746817

И таа средна класа на луѓе кај нас кои што стигнуваат со 72.000 – 73.000 денари, со две просечни плати, дури и тие не можат докрај да ги реализираат работите кои се потребни за едно нормално семејство. Тоа е средна класа која е витален дел на општеството, изјави Абил Бауш, економски аналитичар, во вчерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

Ако тој витален дел на општеството го ставате во ситуација да плаќаат 37 отсто само за елементарни производи. И доаѓате во ситуација во која бројките не ве лажат. Кога просечната плата ќе ја калкулирате со вработените во сите сектори, ќе видите дека тоа се многу алармантни бројки, вели Бауш.

The post И семејствата од средна класа со приходи од 73.000 денари не можат до крај да ги задоволат потребите, вели економскиот аналитичар Бауш appeared first on Република.

Само Босна е по „греота“ од Македонија во просечната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/samo-bosna-e-po-greota-od-makedonija-vo-prosechnata-plata/ Tue, 06 Feb 2024 08:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=740809

Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ.Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош.

Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата.

https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-ima-pogolem-bdp-od-site-zemji-od-regionot-zaedno/

Власта не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

The post Само Босна е по „греота“ од Македонија во просечната плата appeared first on Република.

]]>

Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ.Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош.
Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата. https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-ima-pogolem-bdp-od-site-zemji-od-regionot-zaedno/ Власта не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

The post Само Босна е по „греота“ од Македонија во просечната плата appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Просечната плата во Србија идната година ќе надмине 1.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-prosechnata-plata-vo-srbija-idnata-godina-ke-nadmine-1-000-evra/ Wed, 24 Jan 2024 16:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=736407

Просечната плата во Србија ќе надмине 1.000 евра за година и два месеци, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Очекувам дека нивото на месечната плата во Србија во март ќе биде околу 840 евра, а можеби и 845 евра, во декември ќе биде околу 955 евра. Следната година ќе надмине 1.050 евра. Верувам дека за година и два месеци ќе ја надминеме оваа волшебна бројка од 1.000 евра просечна плата, рече Вучиќ при посетата на ремонтот под Мостарската клучка во Белград.

Тој нагласи дека Србија ќе се обиде да ги заштити најсиромашните граѓани со зголемување на минималната плата и во исто време да не ги загрози инвеститорите кои би можеле да бараат поевтина работна сила на друго место.

Тука не е најевтината работна сила, но е добра. Атмосферата е економски најповолна, а ние сме најбрзорастечката земја која ги има сите други позитивни квалитети, од географска местоположба до добри закони, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека кога просечната плата во Србија ќе достигне 1.000 евра, иселениците ќе почнат да се враќаат во земјата.

Ги гледам нашите луѓе во Виена, каде што имам многу пријатели и познаници. Оние кои имаат пекари и ресторани се потешко плаќаат даноци - сите сметки се двојно или тројно зголемени. Ќе се бориме нашиот народ да се врати“, нагласи српскиот претседател.

The post Вучиќ: Просечната плата во Србија идната година ќе надмине 1.000 евра appeared first on Република.

Србија за нас станува ЕУ: Вучиќ најави дека просечната плата ќе биде 1.400 евра, пензијата 650 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-za-nas-stanuva-eu-vuchik-najavi-deka-prosechnata-plata-ke-bide-1-400-evra-penzijata-650/ Sat, 20 Jan 2024 19:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=735019

Српскиот претседател Александар Вучиќ го презентира планот „Србија 2027 – скок во иднината“. Вучиќ при своето обраќање најави дека планот е просечната плата да биде 1.400 евра.

На крајот на оваа година просечната плата ќе биде 958 евра, во 2025 година просечната плата првпат ќе надмине 1.000 евра, а во 2027 година се очекува да биде 1.400 евра.Пензијата до 2027 година ќе биде 650 евра.

Вучиќ во понеделник доаѓа во Скопје во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ а ќе има средба и со Албин Курти.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-prvorodeno-dete-ke-dava-4300-evra/

The post Србија за нас станува ЕУ: Вучиќ најави дека просечната плата ќе биде 1.400 евра, пензијата 650 appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ го презентира планот „Србија 2027 – скок во иднината“. Вучиќ при своето обраќање најави дека планот е просечната плата да биде 1.400 евра.
На крајот на оваа година просечната плата ќе биде 958 евра, во 2025 година просечната плата првпат ќе надмине 1.000 евра, а во 2027 година се очекува да биде 1.400 евра.Пензијата до 2027 година ќе биде 650 евра.
Вучиќ во понеделник доаѓа во Скопје во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ а ќе има средба и со Албин Курти.   https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-prvorodeno-dete-ke-dava-4300-evra/

The post Србија за нас станува ЕУ: Вучиќ најави дека просечната плата ќе биде 1.400 евра, пензијата 650 appeared first on Република.

]]>
Просечната плата во октомври 38.843 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-oktomvri-38-843-denari/ Thu, 21 Dec 2023 13:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=725304

Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,2 проценти) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,2 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6,5 проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4,6 проценти).

Во октомври годинава, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е со износ од 58 349 денари.

The post Просечната плата во октомври 38.843 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,2 проценти) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20 проценти). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,2 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6,5 проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4,6 проценти). Во октомври годинава, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е со износ од 58 349 денари.  

The post Просечната плата во октомври 38.843 денари appeared first on Република.

]]>
Според Статистика, просечната плата во септември била 37.876 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spored-statistika-prosechnata-plata-vo-septemvri-bila-37-876-denari/ Tue, 21 Nov 2023 11:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=714724

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 37 876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември 2023 година, изнесувала 56 896 денари.

The post Според Статистика, просечната плата во септември била 37.876 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 37 876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември 2023 година, изнесувала 56 896 денари.

The post Според Статистика, просечната плата во септември била 37.876 денари appeared first on Република.

]]>
Во 2022 година реалната плата паднала за 5 посто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-2022-godina-realnata-plata-padnala-za-5-posto/ Tue, 10 Oct 2023 06:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=689685

Заради неспособниот Ковачевски Македонија има пад на реалната плата и зголемување на трошоците за живот.Во 2022 година реалната плата паднала за 5%.Оваа година во септември во однос на септември лани трошоците на живот се зголемени за 6.6%, а цените на мало за 4.7%, набројува ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДС платите се намалуваат, а трошоците за живот растат.На Ковачевски не му е доволно што народот го донесе до раб на сиромаштија, па по падот на платите и зголемените трошоци за живот, го зголеми ДДВ за над 1.000 производи.

Од овој месец трошоците за живот ќе бидат уште поголеми и трајно зголемени, заради Ковачевски кој буџетот кој оваа власт го краде сака да го полни од зголемен данок кон крајните потрошувачи – граѓаните кои земаат  бебешка храна, сирења, кашкавали и други основни намирници.

Одамна власта изгуби допир со реалноста, време е да се изгуби од Илинденска. Промените се нужност.

The post Во 2022 година реалната плата паднала за 5 посто appeared first on Република.

]]>

Заради неспособниот Ковачевски Македонија има пад на реалната плата и зголемување на трошоците за живот.Во 2022 година реалната плата паднала за 5%.Оваа година во септември во однос на септември лани трошоците на живот се зголемени за 6.6%, а цените на мало за 4.7%, набројува ВМРО-ДПМНЕ.
Со СДС платите се намалуваат, а трошоците за живот растат.На Ковачевски не му е доволно што народот го донесе до раб на сиромаштија, па по падот на платите и зголемените трошоци за живот, го зголеми ДДВ за над 1.000 производи.
Од овој месец трошоците за живот ќе бидат уште поголеми и трајно зголемени, заради Ковачевски кој буџетот кој оваа власт го краде сака да го полни од зголемен данок кон крајните потрошувачи – граѓаните кои земаат  бебешка храна, сирења, кашкавали и други основни намирници. Одамна власта изгуби допир со реалноста, време е да се изгуби од Илинденска. Промените се нужност.

The post Во 2022 година реалната плата паднала за 5 посто appeared first on Република.

]]>