пропангадист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/propangadist/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 13:57:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пропангадист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/propangadist/ 32 32 Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-glavniot-shef-na-propagandata-na-kim-dhong-un/ Wed, 08 May 2024 13:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=775591

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години.

Тој почина поради старост и оштетување на органите за кои се лекуваше од 2022 година, објави официјалната агенција КЦНА, а пренесе Би-би-си.

Ким Ки-нам беше водечки пропагандист во Северна Кореја со децении, долго време служеше на владејачкото семејство каде што придонесе за градење на култот на личноста на севернокорејските диктатори.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на неговиот погреб рано наутро и му оддаде почит на „ветеранот револуционер кој остана безгранично лојален“ на режимот, соопшти КЦНА.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап го спореди со шефот на пропагандата на нацистичка Германија Јозеф Гебелс.

Ким Ки-нам, кој немаше крвно сродство со владејачкото семејство, беше назначен за заменик директор на Одделот за пропаганда и агитација во Пјонгјанг во 1966 година, каде што тесно соработуваше со Ким Џонг-ил, претходникот и таткото на сегашниот лидер Ким Џонг-ун. Ким Ки-нам подоцна дојде на чело на одделот.

Ким Ки-нам наводно бил близок со Ким Џонг-ил, а во 1970-тите бил назначен за шеф на државниот весник Родонг Синмун.

 

The post Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун appeared first on Република.

]]>

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на органите за кои се лекуваше од 2022 година, објави официјалната агенција КЦНА, а пренесе Би-би-си. Ким Ки-нам беше водечки пропагандист во Северна Кореја со децении, долго време служеше на владејачкото семејство каде што придонесе за градење на култот на личноста на севернокорејските диктатори. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на неговиот погреб рано наутро и му оддаде почит на „ветеранот револуционер кој остана безгранично лојален“ на режимот, соопшти КЦНА. Јужнокорејската новинска агенција Јонхап го спореди со шефот на пропагандата на нацистичка Германија Јозеф Гебелс. Ким Ки-нам, кој немаше крвно сродство со владејачкото семејство, беше назначен за заменик директор на Одделот за пропаганда и агитација во Пјонгјанг во 1966 година, каде што тесно соработуваше со Ким Џонг-ил, претходникот и таткото на сегашниот лидер Ким Џонг-ун. Ким Ки-нам подоцна дојде на чело на одделот. Ким Ки-нам наводно бил близок со Ким Џонг-ил, а во 1970-тите бил назначен за шеф на државниот весник Родонг Синмун.  

The post Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун appeared first on Република.

]]>