пропаѓање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/propagjanje/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Jun 2023 08:46:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пропаѓање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/propagjanje/ 32 32 Се санираат штетите на магистралата А3 кај Делчево https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-saniraat-shtetite-na-magistralata-a3-kaj-delchevo/ Sat, 10 Jun 2023 09:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=649830

Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река.

На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба.

Веднаш по штетите кои настанаа на магистралата А3 која го поврзува Делчево со Македонска Каменица екипи на „Македонија пат“ работат на санација на штетите на патот кои се настанати од надојдената вода. Патот денеска ќе биде саниран и по извршување на целосното санирање, веќе понеделник очекуваме да биде пуштен во употреба, рече Ацевски.

Ацевски нагласи дека поради невремето се уште има одрони на останатиот дел од магистралата и патот кој води од Делчево кон Македонска Каменица кои благовремено се санираат.

Има одрони кои ги решаваме тековно, големите одрони беа решени. Екипите постојано се на терен и работат на решавање на последиците, додаде Ацевски.

Тој напомена дека до целосна санација сообраќајот од Делчево кон Скопје за сите видови возил се одвива преку регионалниот пат Берово - Виница.

The post Се санираат штетите на магистралата А3 кај Делчево appeared first on Република.

]]>

Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река. На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба.
Веднаш по штетите кои настанаа на магистралата А3 која го поврзува Делчево со Македонска Каменица екипи на „Македонија пат“ работат на санација на штетите на патот кои се настанати од надојдената вода. Патот денеска ќе биде саниран и по извршување на целосното санирање, веќе понеделник очекуваме да биде пуштен во употреба, рече Ацевски.
Ацевски нагласи дека поради невремето се уште има одрони на останатиот дел од магистралата и патот кој води од Делчево кон Македонска Каменица кои благовремено се санираат.
Има одрони кои ги решаваме тековно, големите одрони беа решени. Екипите постојано се на терен и работат на решавање на последиците, додаде Ацевски.
Тој напомена дека до целосна санација сообраќајот од Делчево кон Скопје за сите видови возил се одвива преку регионалниот пат Берово - Виница.

The post Се санираат штетите на магистралата А3 кај Делчево appeared first on Република.

]]>
Пропадна дел од патот А3, сообраќајот се пренасочува https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/propadna-del-od-patot-a3-soobrakajot-se-prenasochuva/ Sat, 10 Jun 2023 07:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=649800

Поради пукнатини на магистралата А3, која е дел од патниот правец Делчево - Македонска Каменица - Кочани, сообраќајот кон Делчево од вчера се пренасочува преку патниот правец Берово - Смојмирово - Виница.

Информацијата ја соопштија од АМСМ, а ја потврдија од подружницата на „Македонија Пат“, од каде велат дека  забраната за движење на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани е за сите возила, наведувајќи дека причината е поради пропаѓање на патот кај месноста Црквенска Река близу Делчево.

Иако некаде до 20 часот можеше да се користи и алтернативниот патен правец преку селата Киселица и Полето, сепак поради нестабилниот терен решивме да воведеме целосна забрана за сообраќај за сите видови возила на магистралата А3, Делчево - Македонска Каменица - Кочани. Сообраќајот во моментот се одвива преку алтернативниот патен правец Делчево - Берово - Смојмирово - Виница, истакна Влатко Цоневски од подружницата на „Македонија Пат“.

Претходно на проблематичното место е поставена сообраќајна сигнализација. Поради дождот, кој повторно почна да паѓа, сообраќајот се одвива по влажни коловози.

The post Пропадна дел од патот А3, сообраќајот се пренасочува appeared first on Република.

]]>

Поради пукнатини на магистралата А3, која е дел од патниот правец Делчево - Македонска Каменица - Кочани, сообраќајот кон Делчево од вчера се пренасочува преку патниот правец Берово - Смојмирово - Виница. Информацијата ја соопштија од АМСМ, а ја потврдија од подружницата на „Македонија Пат“, од каде велат дека  забраната за движење на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани е за сите возила, наведувајќи дека причината е поради пропаѓање на патот кај месноста Црквенска Река близу Делчево.
Иако некаде до 20 часот можеше да се користи и алтернативниот патен правец преку селата Киселица и Полето, сепак поради нестабилниот терен решивме да воведеме целосна забрана за сообраќај за сите видови возила на магистралата А3, Делчево - Македонска Каменица - Кочани. Сообраќајот во моментот се одвива преку алтернативниот патен правец Делчево - Берово - Смојмирово - Виница, истакна Влатко Цоневски од подружницата на „Македонија Пат“.
Претходно на проблематичното место е поставена сообраќајна сигнализација. Поради дождот, кој повторно почна да паѓа, сообраќајот се одвива по влажни коловози.

The post Пропадна дел од патот А3, сообраќајот се пренасочува appeared first on Република.

]]>
Ди Велт: Европа ќе пропадне по примерот на Стариот Рим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/di-velt-evropa-kje-propadne-po-primerot-na-stariot-rim/ Sun, 11 Sep 2022 16:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=549788

Европската Унија ќе се распадне по примерот на Стариот Рим. Ова го напиша колумнистот Даниел Екерт во коментар во германскиот весник Die Welt, пренесува МИА.

Приказната за падот на Рим има многу конзистентни совпаѓања со развојната криза во Европската унија. Првиот знак е инфлацијата, која ја погоди инаку стабилната валута – еврото“, коментира Екерт. Парите во Римската империја, исто така, на почетокот не биле обесвреднети, најмалку два и пол века, но потоа следела девалвација, која суштински ја променила ситуацијата.

Исто така, Европската Унија ја повторува историјата на Римската империја – присуство на пандемија, додека чумата на Антонин беснеела во антички Рим и пошироко. Според тоа, нема сомнеж дека економскиот поредок во империјата драматично се менувал.

Ситуацијата се влошува кога државата ќе одлучи да го контролира пазарот. На пример, тој поставува плафонски цени за жито кои се поевтини од пазарните. Ова ги намалува залихите и ја замрзнува трговијата меѓу градовите и провинциите.

И ако се вратиме на актуелната европска криза, континентот сè уште зависи од слободното движење на стоки и пари. Тешкотиите со залихите доведуваат до пад, коментира Екерт.

The post Ди Велт: Европа ќе пропадне по примерот на Стариот Рим appeared first on Република.

]]>

Европската Унија ќе се распадне по примерот на Стариот Рим. Ова го напиша колумнистот Даниел Екерт во коментар во германскиот весник Die Welt, пренесува МИА.
Приказната за падот на Рим има многу конзистентни совпаѓања со развојната криза во Европската унија. Првиот знак е инфлацијата, која ја погоди инаку стабилната валута – еврото“, коментира Екерт. Парите во Римската империја, исто така, на почетокот не биле обесвреднети, најмалку два и пол века, но потоа следела девалвација, која суштински ја променила ситуацијата. Исто така, Европската Унија ја повторува историјата на Римската империја – присуство на пандемија, додека чумата на Антонин беснеела во антички Рим и пошироко. Според тоа, нема сомнеж дека економскиот поредок во империјата драматично се менувал. Ситуацијата се влошува кога државата ќе одлучи да го контролира пазарот. На пример, тој поставува плафонски цени за жито кои се поевтини од пазарните. Ова ги намалува залихите и ја замрзнува трговијата меѓу градовите и провинциите. И ако се вратиме на актуелната европска криза, континентот сè уште зависи од слободното движење на стоки и пари. Тешкотиите со залихите доведуваат до пад, коментира Екерт.

The post Ди Велт: Европа ќе пропадне по примерот на Стариот Рим appeared first on Република.

]]>