проневера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pronevera/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 12:50:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проневера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pronevera/ 32 32 Продавачки во билетарниците на ЈСП на „Зелен пазар“ и „ГТЦ“ и вработена во сметководство проневериле над 375 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prodavachki-vo-biletarnitsite-na-jsp-na-zelen-pazar-i-gtts-i-vrabotena-vo-smetkovodstvo-proneverile-nad-375-iljadi-evra/ Mon, 21 Oct 2024 12:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=829462

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според обвинението, трите соизвршителки присвоиле пари доверени во службата во износ од 23.133.245 денари со намера да прибават противправна имотна корист.

Како што соопштуваат од обвинителството, трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики.

Тие заеднички, како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари, што претставува значителна имотна корист, стои во соопштението од обвинителството.

Дополнуваат дека две од обвинетите, продавачки на билети на продажните места – билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, додека, третата обвинета, самостоен референт-сметководител во Одделение за сметководство-Сектор за финансиско работење во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејствија без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложил и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

The post Продавачки во билетарниците на ЈСП на „Зелен пазар“ и „ГТЦ“ и вработена во сметководство проневериле над 375 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според обвинението, трите соизвршителки присвоиле пари доверени во службата во износ од 23.133.245 денари со намера да прибават противправна имотна корист. Како што соопштуваат од обвинителството, трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики.
Тие заеднички, како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари, што претставува значителна имотна корист, стои во соопштението од обвинителството.
Дополнуваат дека две од обвинетите, продавачки на билети на продажните места – билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, додека, третата обвинета, самостоен референт-сметководител во Одделение за сметководство-Сектор за финансиско работење во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејствија без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар. Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложил и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

The post Продавачки во билетарниците на ЈСП на „Зелен пазар“ и „ГТЦ“ и вработена во сметководство проневериле над 375 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Ле Пен негираше дека таа и партијата проневериле средства на ЕП https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/le-pen-negirashe-deka-taa-i-partijata-proneverile-sredstva-na-ep/ Mon, 14 Oct 2024 18:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=826796

Лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, на денешното сослушување во Париз негираше каква било злоупотреба во случајот во кој на неа и на нејзината партија Национален собир (РН) им се суди под сомнение за проневера на средства во Европскиот парламент.

Ле Пен пред судот во Париз рече дека не гледа вистинска разлика помеѓу домашната политичка работа и политичката работа на ЕУ, бранејќи се себеси и нејзината партија од обвинувањата за проневера на фондови на ЕУ, јави Франс 24.

Таа денеска сведочеше, во првиот од трите дена, колку што се очекува да трае сведочењето.

Ле Пен, самата партија РН и уште 24 партиски функционери, вработени, поранешни пратеници и парламентарни асистенти се обвинети дека користеле пари од Европскиот парламент за да се платат вработените во Франција, кои работеле за нивната партија, која во тоа време се нарекувала Национален фронт.

Ле Пен и сообвинетите ги негираат обвиненијата и инсистираат дека парите биле користени легитимно, тврдејќи дека обвиненијата покажуваат претесна дефиниција за тоа што прави парламентарниот асистент.

Таа денеска ја истакна основата на нејзината одбрана, велејќи дека верува дека улогата на европратеникот е да ја турка агендата на нејзината партија во Франција исто толку колку и да работи на законодавството во Брисел.

Не гледам разлика меѓу задачата на национален пратеник и задачата на европратеник, освен во однос на обемот. Ние се занимаваме со политика, рече Ле Пен.

Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите би можеле да бидат осудени на казна затвор до 10 години и парична казна од еден милион евра.

Оние како Ле Пен кои во тоа време беа избрани за функционери ризикуваат да добијат забрана од јавна функција до 10 години, додека неизбраните членови може да се соочат со забрана од пет години.

На пратениците од ЕУ им се доделуваат средства за покривање на трошоците, вклучително и за нивните помошници, но тие не треба да ги користат за финансирање партиски активности.

Европскиот парламент ја процени штетата за наводно сторените злосторства на 3,5 милиони евра.

The post Ле Пен негираше дека таа и партијата проневериле средства на ЕП appeared first on Република.

]]>

Лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, на денешното сослушување во Париз негираше каква било злоупотреба во случајот во кој на неа и на нејзината партија Национален собир (РН) им се суди под сомнение за проневера на средства во Европскиот парламент. Ле Пен пред судот во Париз рече дека не гледа вистинска разлика помеѓу домашната политичка работа и политичката работа на ЕУ, бранејќи се себеси и нејзината партија од обвинувањата за проневера на фондови на ЕУ, јави Франс 24. Таа денеска сведочеше, во првиот од трите дена, колку што се очекува да трае сведочењето. Ле Пен, самата партија РН и уште 24 партиски функционери, вработени, поранешни пратеници и парламентарни асистенти се обвинети дека користеле пари од Европскиот парламент за да се платат вработените во Франција, кои работеле за нивната партија, која во тоа време се нарекувала Национален фронт. Ле Пен и сообвинетите ги негираат обвиненијата и инсистираат дека парите биле користени легитимно, тврдејќи дека обвиненијата покажуваат претесна дефиниција за тоа што прави парламентарниот асистент. Таа денеска ја истакна основата на нејзината одбрана, велејќи дека верува дека улогата на европратеникот е да ја турка агендата на нејзината партија во Франција исто толку колку и да работи на законодавството во Брисел.
Не гледам разлика меѓу задачата на национален пратеник и задачата на европратеник, освен во однос на обемот. Ние се занимаваме со политика, рече Ле Пен.
Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите би можеле да бидат осудени на казна затвор до 10 години и парична казна од еден милион евра. Оние како Ле Пен кои во тоа време беа избрани за функционери ризикуваат да добијат забрана од јавна функција до 10 години, додека неизбраните членови може да се соочат со забрана од пет години. На пратениците од ЕУ им се доделуваат средства за покривање на трошоците, вклучително и за нивните помошници, но тие не треба да ги користат за финансирање партиски активности. Европскиот парламент ја процени штетата за наводно сторените злосторства на 3,5 милиони евра.

The post Ле Пен негираше дека таа и партијата проневериле средства на ЕП appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за злоупотребата на народните пари: Ова е само почеток, ќе обелодениме сѐ што се правело изминатите 7 години, а ЈО да реагира и да испита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-zloupotrebata-na-narodnite-pari-ova-e-samo-pochetok-ke-obelodenime-s-shto-se-pravelo-izminatite-7-godini-a-jo-da-reagira-i-da-ispita/ Mon, 26 Aug 2024 11:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=810268

Па не само за овој случај. Јас реков дека од есен ќе сведочиме за тоа што се случувало изминатите 7 години, за многу работи, не само за ова, ова е само почеток, рече Христијан Мицкоски Претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско прашање дали очекува ЈО да покрене истрага за злоупотребите на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Премиерот Мицкоски додаде дека за многу брзо граѓаните ќе дознаат за сите злоупотреби од претходната власт изминатите 7 години.

Ќе има многу луѓе кои што денеска гледаме се силни позади говорницата во Парламентот и во прашална форма поставуваат прашања од партиска говорница. Но, ќе видиме сега како ќе изгледа сето тоа кога ЈО и истражните органи ќе треба да се позанимаваат со сите оние злоупотреби што се случуваа изминатите 7 години, дециден е Мицкоски.

 

The post Мицкоски за злоупотребата на народните пари: Ова е само почеток, ќе обелодениме сѐ што се правело изминатите 7 години, а ЈО да реагира и да испита appeared first on Република.

]]>

Па не само за овој случај. Јас реков дека од есен ќе сведочиме за тоа што се случувало изминатите 7 години, за многу работи, не само за ова, ова е само почеток, рече Христијан Мицкоски Претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско прашање дали очекува ЈО да покрене истрага за злоупотребите на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Премиерот Мицкоски додаде дека за многу брзо граѓаните ќе дознаат за сите злоупотреби од претходната власт изминатите 7 години.
Ќе има многу луѓе кои што денеска гледаме се силни позади говорницата во Парламентот и во прашална форма поставуваат прашања од партиска говорница. Но, ќе видиме сега како ќе изгледа сето тоа кога ЈО и истражните органи ќе треба да се позанимаваат со сите оние злоупотреби што се случуваа изминатите 7 години, дециден е Мицкоски.
 

The post Мицкоски за злоупотребата на народните пари: Ова е само почеток, ќе обелодениме сѐ што се правело изминатите 7 години, а ЈО да реагира и да испита appeared first on Република.

]]>
Болсонаро обвинет за проневера на накит вреден 1,2 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bolsonaro-obvinet-za-pronevera-na-nakit-vreden-1-2-milioni-dolari/ Tue, 09 Jul 2024 08:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=794817

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро проневерил накит вреден 1,2 милиони долари за време на неговиот мандат, се вели во извештајот на бразилската федерална полиција кој беше објавен од Врховниот суд.

Минатата недела, Болсонаро беше обвинет за проневера, перење пари и криминално здружување во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија. Оваа истрага е дополнителен притисок врз екстремно десничарскиот лидер кој беше претседател од 2019 до 2022 година, кога изгуби на изборите од Луис Ињасија Лула да Силва.

Болсонаро досега не се огласил по најновиот полициски извештај, но претходно негираше вмешаност во проневерата на накитот. Станува збор за накит и часовници кои ги добивал како вредни подароци додека бил на функцијата претседател.

Болсонаро веќе има забрана за извршување на јавни функции до 2030 година поради, како што наведоа властите, нарушување на демократијата. Обвиненијата во врска со накитот следуваат по формалното обвинение против Болсонаро во март за фалсификување на потврда за вакцинација против Ковид-19, а во тек е и истрага за неговото учество во немирите од јануари 2023 година, на кои се бараше соборување на неговиот наследник на изборите.

The post Болсонаро обвинет за проневера на накит вреден 1,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро проневерил накит вреден 1,2 милиони долари за време на неговиот мандат, се вели во извештајот на бразилската федерална полиција кој беше објавен од Врховниот суд. Минатата недела, Болсонаро беше обвинет за проневера, перење пари и криминално здружување во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија. Оваа истрага е дополнителен притисок врз екстремно десничарскиот лидер кој беше претседател од 2019 до 2022 година, кога изгуби на изборите од Луис Ињасија Лула да Силва. Болсонаро досега не се огласил по најновиот полициски извештај, но претходно негираше вмешаност во проневерата на накитот. Станува збор за накит и часовници кои ги добивал како вредни подароци додека бил на функцијата претседател. Болсонаро веќе има забрана за извршување на јавни функции до 2030 година поради, како што наведоа властите, нарушување на демократијата. Обвиненијата во врска со накитот следуваат по формалното обвинение против Болсонаро во март за фалсификување на потврда за вакцинација против Ковид-19, а во тек е и истрага за неговото учество во немирите од јануари 2023 година, на кои се бараше соборување на неговиот наследник на изборите.

The post Болсонаро обвинет за проневера на накит вреден 1,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Поранешниот директор на ПИОМ со татко му и сестра му осомничени за проневера на 600 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-direktor-na-piom-so-tatko-mu-i-sestra-mu-osomnicheni-za-pronevera-na-600-iljadi-evra/ Tue, 14 May 2024 06:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=777776

До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против три лица од Тетово, информира МВР.

Кривичната пријава против Д.Б. (45) од Тетово е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Р.Б.(72) и А.Х.(40) од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривичното дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот Д.Б., во својство на вршител на должноста директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, на 22.02.2023 објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот во два дневни весници. Во својство на потенцијални закуподавци се јавиле М.С. и Ј.Б. од Тетово, како сопственици на недвижен имот. Второпријавениот Р.Б. (татко на Д.Б.), ги контактирал М.С. и Ј.Б., кои имале дадено оглас за продажба на недвижен имот во Тетово, при што се договориле да ја продадат куќата за сума од 260.000 евра, но најпрвин да потпишат документација за давање под закуп на недвижниот имот со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот.

На 02.03.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д.Б., од една страна и М.С. и Ј.Б., од друга страна, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М.С. и Ј.Б. и третопријавената А.Х. (сестра на Д.Б.). Потоа, М.С. како закуподавец, паричните средства кои што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп, ги вадела од нејзината сметка и во готовина на рака му ги давала на второпријавениот Р.Б., бидејќи согласно преддоговорот за продажба и нивниот меѓусебен договор, имотот бил продаден на неговата ќерка.

Исто така, од страна на првопријавениот Д.Б., знаејќи дека ќе има потреба од реконструкција и адаптација на горенаведениот имот, на 30.01.2023 била донесена одлука за јавна набавка, по што била спроведена постапка за јавна набавка за тековно одржување во централа, филијали, деловници, пензионерски домови. На 17.03.2023, Фондот со економскиот оператор од Тетово склучил договор за јавна набавка, додека на 31.07.2023 бил потпишан и анекс договор, врз основа на кој биле исплатени вкупно 9.915.238 денари со вклучен ДДВ.

Со ваквите дејствија, пријавениот Д.Б., заедно со пријавените Р.Б. и А.Х., ги повредил прописите за постапката за јавен повик и со нивниот меѓусебен договор ја изиграле постапката, па така неговата сестра, пријавената А.Х., стекнала право на сопственост на недвижниот имот, кој што е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што пријавените нанеле штета на Фондот во вредност од 37.852.275 денари или 614.484 евра од Буџетот на РСМ, се вели во соопштението од МВР.

Против Д.Б. беше понесена кривична пријава и во март

Како што соопшти МВР тогаш, кривичната е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршел функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25, став1, од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.

Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот, соопшти тогаш МВР.

The post Поранешниот директор на ПИОМ со татко му и сестра му осомничени за проневера на 600 илјади евра appeared first on Република.

]]>

До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против три лица од Тетово, информира МВР. Кривичната пријава против Д.Б. (45) од Тетово е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Р.Б.(72) и А.Х.(40) од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривичното дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.Б., во својство на вршител на должноста директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, на 22.02.2023 објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот во два дневни весници. Во својство на потенцијални закуподавци се јавиле М.С. и Ј.Б. од Тетово, како сопственици на недвижен имот. Второпријавениот Р.Б. (татко на Д.Б.), ги контактирал М.С. и Ј.Б., кои имале дадено оглас за продажба на недвижен имот во Тетово, при што се договориле да ја продадат куќата за сума од 260.000 евра, но најпрвин да потпишат документација за давање под закуп на недвижниот имот со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот. На 02.03.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д.Б., од една страна и М.С. и Ј.Б., од друга страна, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М.С. и Ј.Б. и третопријавената А.Х. (сестра на Д.Б.). Потоа, М.С. како закуподавец, паричните средства кои што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп, ги вадела од нејзината сметка и во готовина на рака му ги давала на второпријавениот Р.Б., бидејќи согласно преддоговорот за продажба и нивниот меѓусебен договор, имотот бил продаден на неговата ќерка. Исто така, од страна на првопријавениот Д.Б., знаејќи дека ќе има потреба од реконструкција и адаптација на горенаведениот имот, на 30.01.2023 била донесена одлука за јавна набавка, по што била спроведена постапка за јавна набавка за тековно одржување во централа, филијали, деловници, пензионерски домови. На 17.03.2023, Фондот со економскиот оператор од Тетово склучил договор за јавна набавка, додека на 31.07.2023 бил потпишан и анекс договор, врз основа на кој биле исплатени вкупно 9.915.238 денари со вклучен ДДВ.
Со ваквите дејствија, пријавениот Д.Б., заедно со пријавените Р.Б. и А.Х., ги повредил прописите за постапката за јавен повик и со нивниот меѓусебен договор ја изиграле постапката, па така неговата сестра, пријавената А.Х., стекнала право на сопственост на недвижниот имот, кој што е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што пријавените нанеле штета на Фондот во вредност од 37.852.275 денари или 614.484 евра од Буџетот на РСМ, се вели во соопштението од МВР.

Против Д.Б. беше понесена кривична пријава и во март

Како што соопшти МВР тогаш, кривичната е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршел функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25, став1, од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.
Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот, соопшти тогаш МВР.

The post Поранешниот директор на ПИОМ со татко му и сестра му осомничени за проневера на 600 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Ковеси: Истрагата во Бугарија откри факти кои би можеле да претставуваат кривични дела, вклучително и злоупотреба на фондовите на ЕУ и перење пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kovesi-istragata-vo-bugarija-otkri-fakti-koi-bi-mozhele-da-pretstavuvaat-krivichni-dela-vkluchitelno-i-zloupotreba-na-fondovite-na-eu-i-perene-pari/ Sat, 12 Aug 2023 19:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=671477

Во четвртокот, Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) изврши рација во 28 домови и канцеларии како дел од напорите да се истражи злоупотребата на готовина на ЕУ во железнички проекти, додека градоначалникот на еден мал град беше уапсен во средата.

Пресметката се очекува веќе неколку години, при што водечките политичари од бугарскиот реформистички табор тврдат дека извлекувањето на фондовите на ЕУ стана еден од главните приходи на организираните криминални групи. Центарот за проучување на демократијата, невладина организација во Софија, во 2020 година заклучи дека дури 15 отсто од парите на земјата од ЕУ редовно биле отуѓувани.

ЕППО во моментов спроведува 143 истраги во Бугарија со „проценета вкупна штета“ во вкупна вредност од 492 милиони евра, според нејзиниот извештај за 2022 година.

Како најсиромашна држава во ЕУ, Бугарија редовно бара поддршка од европските даночни обврзници за да помогне во изградбата на нејзината инфраструктура и да ги направи старите згради од социјалистичката ера енергетски поефикасни.

EППO, кој е задолжен за кривично гонење на злосторства против финансиските интереси на ЕУ, соопшти дека истражува два проекта за надградба на железничката инфраструктура, вредни повеќе од 241 милион евра од фондовите на ЕУ и грант за подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради во градот Генерал Тошево, во вредност од 169.000 евра.

Ќе бидат сослушани неколку сведоци и осомничени“, се вели во соопштението.

Повеќе од 100 агенти на бугарската полиција и домашната шпионска служба во четвртокот извршија рации во врска со железничката линија меѓу градовите Костенец и Септември, која доби 130 милиони евра средства од Европската извршна агенција за клима, инфраструктура и животна средина (CINEA). Нивните рации, исто така, ја разгледуваа потенцијалната злоупотреба на средствата за пругата меѓу селата Оризово и Михајлово финансирани од Кохезискиот фонд за повеќе од 111 милиони евра.

Употребата на бугарските безбедносни сили е знак за тоа колку ЕППО е зависна од поддршката од бугарската влада и највисоките правни претставници. Владата на премиерот Николај Денков, која дојде на власт неодамна, на 6 јуни, вети дека ќе ја искорени корупцијата и ќе се погрижи безбедносните сили да не бидат управувани од Русија. Значајно е и тоа што Иван Гешев, многу контроверзниот главен обвинител во земјата, беше принуден да ја напушти функцијата во средината на јуни, бидејќи многу Бугари долго време го сметаа за пречка за истрагите за корупција на највисоко ниво.

Владата на премиерот Николај Денков вети дека ќе ја искорени корупцијата

Корисник на двата железнички проекти што беа под истрага беше Националната железничка инфраструктура на Бугарија, која додели договори за изградба на две приватни компании.

„Истрагата откри факти кои би можеле да претставуваат кривични дела, вклучително и злоупотреба на фондовите на ЕУ и перење пари. Изведувачите се осомничени дека во краток временски период извршиле фиктивни трансфери на пари на синџир на „шупливи“ компании, што на крајот довело до повлекување готовински износи над 2,5 милиони евра од лица со криминално досие“, соопшти ЕППО.

Во средата, градоначалникот на Генерал Тошево на истокот на земјата, беше уапсен поради изнесување лажни детали за работите за надградба на енергетската ефикасност на општинските згради. Тој беше ослободен откако плати кауција од 5.000 евра, пишуваат бугарските медиуми.

Иако истрагите за корупција се релативно чести во Бугарија, земјата видно се бори да обезбеди пресуди за криминалци од највисоко ниво. (Политико)

 

The post Ковеси: Истрагата во Бугарија откри факти кои би можеле да претставуваат кривични дела, вклучително и злоупотреба на фондовите на ЕУ и перење пари appeared first on Република.

]]>

Во четвртокот, Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) изврши рација во 28 домови и канцеларии како дел од напорите да се истражи злоупотребата на готовина на ЕУ во железнички проекти, додека градоначалникот на еден мал град беше уапсен во средата. Пресметката се очекува веќе неколку години, при што водечките политичари од бугарскиот реформистички табор тврдат дека извлекувањето на фондовите на ЕУ стана еден од главните приходи на организираните криминални групи. Центарот за проучување на демократијата, невладина организација во Софија, во 2020 година заклучи дека дури 15 отсто од парите на земјата од ЕУ редовно биле отуѓувани. ЕППО во моментов спроведува 143 истраги во Бугарија со „проценета вкупна штета“ во вкупна вредност од 492 милиони евра, според нејзиниот извештај за 2022 година. Како најсиромашна држава во ЕУ, Бугарија редовно бара поддршка од европските даночни обврзници за да помогне во изградбата на нејзината инфраструктура и да ги направи старите згради од социјалистичката ера енергетски поефикасни. EППO, кој е задолжен за кривично гонење на злосторства против финансиските интереси на ЕУ, соопшти дека истражува два проекта за надградба на железничката инфраструктура, вредни повеќе од 241 милион евра од фондовите на ЕУ и грант за подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради во градот Генерал Тошево, во вредност од 169.000 евра. Ќе бидат сослушани неколку сведоци и осомничени“, се вели во соопштението. Повеќе од 100 агенти на бугарската полиција и домашната шпионска служба во четвртокот извршија рации во врска со железничката линија меѓу градовите Костенец и Септември, која доби 130 милиони евра средства од Европската извршна агенција за клима, инфраструктура и животна средина (CINEA). Нивните рации, исто така, ја разгледуваа потенцијалната злоупотреба на средствата за пругата меѓу селата Оризово и Михајлово финансирани од Кохезискиот фонд за повеќе од 111 милиони евра. Употребата на бугарските безбедносни сили е знак за тоа колку ЕППО е зависна од поддршката од бугарската влада и највисоките правни претставници. Владата на премиерот Николај Денков, која дојде на власт неодамна, на 6 јуни, вети дека ќе ја искорени корупцијата и ќе се погрижи безбедносните сили да не бидат управувани од Русија. Значајно е и тоа што Иван Гешев, многу контроверзниот главен обвинител во земјата, беше принуден да ја напушти функцијата во средината на јуни, бидејќи многу Бугари долго време го сметаа за пречка за истрагите за корупција на највисоко ниво. Владата на премиерот Николај Денков вети дека ќе ја искорени корупцијата Корисник на двата железнички проекти што беа под истрага беше Националната железничка инфраструктура на Бугарија, која додели договори за изградба на две приватни компании. „Истрагата откри факти кои би можеле да претставуваат кривични дела, вклучително и злоупотреба на фондовите на ЕУ и перење пари. Изведувачите се осомничени дека во краток временски период извршиле фиктивни трансфери на пари на синџир на „шупливи“ компании, што на крајот довело до повлекување готовински износи над 2,5 милиони евра од лица со криминално досие“, соопшти ЕППО. Во средата, градоначалникот на Генерал Тошево на истокот на земјата, беше уапсен поради изнесување лажни детали за работите за надградба на енергетската ефикасност на општинските згради. Тој беше ослободен откако плати кауција од 5.000 евра, пишуваат бугарските медиуми. Иако истрагите за корупција се релативно чести во Бугарија, земјата видно се бори да обезбеди пресуди за криминалци од највисоко ниво. (Политико)  

The post Ковеси: Истрагата во Бугарија откри факти кои би можеле да претставуваат кривични дела, вклучително и злоупотреба на фондовите на ЕУ и перење пари appeared first on Република.

]]>
Во САД украдени над 200 милијарди долари наменети за помош за време на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sad-ukradeni-nad-200-milijardi-dolari-nameneti-za-pomosh-za-vreme-na-pandemijata/ Wed, 28 Jun 2023 15:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=656125

Повеќе од 200 милијарди долари можеби се украдени од две големи иницијативи за помош на малите бизниси за време на пандемијата на корона вирус, покажува нова проценка на американско набљудување.

Бројките објавени од генералниот инспектор на американската администрација за мали бизниси се многу повисоки од претходните проекции на канцеларијата.

Администрацијата нагласува колку биле ранливи програмите за заштита на платите и заемите во случај на економски повреди предизвикани од корона вирусот за измамниците, особено во раните фази на пандемијата.

Во извештајот на генералниот инспектор се наведува дека „најмалку 17 проценти од сите средства за КОВИД-ЕИДЛ и ЈПП биле исплатени на потенцијални измамници“.

Проценката за измама за програмата за заем за економски повреди во случај на Ковид-19 е повеќе од 136 милијарди американски долари, што претставува 33 отсто од вкупните пари потрошени за таа програма, се наведува во извештајот.

Во коментарите што го придружуваат извештајот, висок функционер на СБА ги оспори новите бројки.

Вршителот на должноста вонреден администратор на СБА за пристап до капитал Бејли Деврис изјави дека пристапот на генералниот инспектор содржи сериозни недостатоци.

„Асошиејтед прес“ на 13 јуни објави дека измамниците потенцијално украле околу 280 милијарди долари итна помош, додека други 123 милијарди долари биле потрошени погрешно.

Генералниот инспектор на СБА, Ханибал Вер, објави дека извештајот користи истражни случаи, претходно известување на генералниот инспектор и најсовремена анализа на податоци за да идентификува повеќе шеми за измама.

Портпаролот на СБА изјави дека од витално значење е да се разјасни дека 86 отсто од веројатните измами во програмите ЈПП и КОВИД-ЕИДЛ се случиле во првите девет месеци од тие програми.

The post Во САД украдени над 200 милијарди долари наменети за помош за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 200 милијарди долари можеби се украдени од две големи иницијативи за помош на малите бизниси за време на пандемијата на корона вирус, покажува нова проценка на американско набљудување. Бројките објавени од генералниот инспектор на американската администрација за мали бизниси се многу повисоки од претходните проекции на канцеларијата. Администрацијата нагласува колку биле ранливи програмите за заштита на платите и заемите во случај на економски повреди предизвикани од корона вирусот за измамниците, особено во раните фази на пандемијата. Во извештајот на генералниот инспектор се наведува дека „најмалку 17 проценти од сите средства за КОВИД-ЕИДЛ и ЈПП биле исплатени на потенцијални измамници“. Проценката за измама за програмата за заем за економски повреди во случај на Ковид-19 е повеќе од 136 милијарди американски долари, што претставува 33 отсто од вкупните пари потрошени за таа програма, се наведува во извештајот. Во коментарите што го придружуваат извештајот, висок функционер на СБА ги оспори новите бројки. Вршителот на должноста вонреден администратор на СБА за пристап до капитал Бејли Деврис изјави дека пристапот на генералниот инспектор содржи сериозни недостатоци. „Асошиејтед прес“ на 13 јуни објави дека измамниците потенцијално украле околу 280 милијарди долари итна помош, додека други 123 милијарди долари биле потрошени погрешно. Генералниот инспектор на СБА, Ханибал Вер, објави дека извештајот користи истражни случаи, претходно известување на генералниот инспектор и најсовремена анализа на податоци за да идентификува повеќе шеми за измама. Портпаролот на СБА изјави дека од витално значење е да се разјасни дека 86 отсто од веројатните измами во програмите ЈПП и КОВИД-ЕИДЛ се случиле во првите девет месеци од тие програми.

The post Во САД украдени над 200 милијарди долари наменети за помош за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>
Полицијата му го проверува домот: Министер осомничен за проневера од повеќе милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/policijata-mu-go-proveruva-domot-minister-osomnichen-za-pronevera-od-povekje-milioni-dolari/ Sat, 19 Feb 2022 12:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=460796

Хрватската полиција во соработка со УСКОК утрово извршила претрес во куќата на министерот за градежништво Дарко Хорват во Меѓумурје, а истрагата е поврзана со злоупотреба на положбата и овластувањата. Тој денеска е уапсен, а ќе биде сослушан во попладневните часови.

Според неофицијални информации, станува збор за истрага поради милионски незаконски проневери.

Инспекторите ја истражуваат улогата на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац. УСКОК се сомнева дека по барање на Јосип Римац организиралa поддршка за бизнисмени од Министерството за економија во времето кога го водеше Хорват.

Заедно со Хорват, под истрага се и поранешните министри Томислав Толушиќ и Борис Милошевиќ. Според досегашните информации, постои сомневање дека тие барале вработување преку приклучок и поради доделување субвенции.

Иако првите информации беа дека под истрага е и Јосип Аладровиќ, ХИНА јавува дека тоа не е точно.

The post Полицијата му го проверува домот: Министер осомничен за проневера од повеќе милиони долари appeared first on Република.

]]>

Хрватската полиција во соработка со УСКОК утрово извршила претрес во куќата на министерот за градежништво Дарко Хорват во Меѓумурје, а истрагата е поврзана со злоупотреба на положбата и овластувањата. Тој денеска е уапсен, а ќе биде сослушан во попладневните часови. Според неофицијални информации, станува збор за истрага поради милионски незаконски проневери. Инспекторите ја истражуваат улогата на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац. УСКОК се сомнева дека по барање на Јосип Римац организиралa поддршка за бизнисмени од Министерството за економија во времето кога го водеше Хорват. Заедно со Хорват, под истрага се и поранешните министри Томислав Толушиќ и Борис Милошевиќ. Според досегашните информации, постои сомневање дека тие барале вработување преку приклучок и поради доделување субвенции. Иако првите информации беа дека под истрага е и Јосип Аладровиќ, ХИНА јавува дека тоа не е точно.

The post Полицијата му го проверува домот: Министер осомничен за проневера од повеќе милиони долари appeared first on Република.

]]>