пронајди ме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pronajdi-me/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 19:52:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пронајди ме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pronajdi-me/ 32 32 Србија првпат го активираше системот „Најди ме“: Интензивно се трага по две годишната Данка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-prvpat-go-aktivirashe-sistemot-najdi-me-intenzivno-se-traga-po-dve-godishnata-danka/ Tue, 26 Mar 2024 20:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=759083

Првпат по воведување во октомври минатата година, Србија денеска го активираше системот „Најди ме“, кој служи за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца.

Денеска околу 13 часот во околината на Бор е исчезната две годишната Данка Илиќ.

Како што е наведено на веб-страницата „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафена очи и е висок околу 85 сантиметри.

Претседателот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца (ЦНЗД), Игор Јуриќ, ги повика сите граѓани кои имаат какви било информации за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ во околината на Бор да се обратат до надлежните органи.

Како што беше посочено при промоција на системот, во случај на активирање, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици.

The post Србија првпат го активираше системот „Најди ме“: Интензивно се трага по две годишната Данка appeared first on Република.

]]>

Првпат по воведување во октомври минатата година, Србија денеска го активираше системот „Најди ме“, кој служи за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца. Денеска околу 13 часот во околината на Бор е исчезната две годишната Данка Илиќ. Како што е наведено на веб-страницата „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафена очи и е висок околу 85 сантиметри. Претседателот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца (ЦНЗД), Игор Јуриќ, ги повика сите граѓани кои имаат какви било информации за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ во околината на Бор да се обратат до надлежните органи. Како што беше посочено при промоција на системот, во случај на активирање, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици.

The post Србија првпат го активираше системот „Најди ме“: Интензивно се трага по две годишната Данка appeared first on Република.

]]>
Таткото на Тијана успеа: Од денес во Србија „Пронајди ме“ – систем за итно известување за исчезнати деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-tijana-uspea-od-denes-vo-srbija-pronajdi-me-sistem-za-itno-izvestuvane-za-ischeznati-detsa/ Wed, 25 Oct 2023 16:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=695000

Србија доби систем за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца, осум години по покренувањето на иницијативата за негово воведување.

Системот „Пронајди ме“ е направен по моделот на Amber alert, американскиот систем за пронаоѓање деца, кој постои од 1996 година, а слични системи се воведени во многу земји, и според статистичките податоци, тие се ефективни во 90 проценти од случаите.

Ако овој систем помогне да се најде само едно дете, целиот ангажман на државата и парите се исплателе повеќекратно. Животот на секое дете е поважен од што било друго. Звучи како флоскула, но тоа е вистина, рече Александар Вучиќ, претседателот на Србија, кој официјално го промовираше новиот систем.

Во Србија во последните две години се распишани речиси 3.889 потраги по исчезнати деца, од кои 3.859 се прекинати затоа што не станувало збор за кривично дело.

Фондацијата „Тијана Јуриќ“ апелираше за воведување на ваков систем во 2015 година, пишува Би-Би-Си на српски јазик.

Горд сум што можам да истакнам дека ова е прв ваков систем во регионот, изјави денеска Игор Јуриќ, директор на Фондацијата, која го носи името на неговата киднапирана и убиена ќерка Тијана.

Девојчето исчезна во 2014 година, кога имаше неполни 15 години, а нејзиното тело беше пронајдено 12 дена подоцна.

Според податоците на оваа Фондација, секоја година во Србија се пријавуваат за исчезнати меѓу 1.300 и 1.500 деца.

Но, не во сите случаи станува збор за киднапирање, туку причините за исчезнувањето се различни, па во најголем број случаи се случува детето самоиницијативно да побегне од домот или установата каде што престојува.

На воспоставувањето на системот соработуваат српските министерства за внатрешни работи, за информации и телекомуникации и за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Системот ќе функционира на начин што исчезнувањето на малолетниците го пријавуваат родителите или старателите, а одлуката за активирање на системот ја носи Министерството за внатрешни работи. Системот нема да се активира за секое дете чие исчезнување е пријавено, туку само кога постои сомневање дека е жртва на кривично дело.

Нема да се активира и ако се процени дека објавувањето на информации за детето може да ја загрози безбедноста на детето и да ја попречи работата на полицијата, нагласи српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ на презентацијата на системот.

Задолжително ќе се активира во случаи на исчезнување на деца до седум години, како и деца со пречки во развојот до 18 години.

Во случај на активирање на системот за исчезнување на малолетно дете, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици.

Доколку имаат информации за детето, граѓаните ќе можат да пријават во полиција.

The post Таткото на Тијана успеа: Од денес во Србија „Пронајди ме“ – систем за итно известување за исчезнати деца appeared first on Република.

]]>

Србија доби систем за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца, осум години по покренувањето на иницијативата за негово воведување. Системот „Пронајди ме“ е направен по моделот на Amber alert, американскиот систем за пронаоѓање деца, кој постои од 1996 година, а слични системи се воведени во многу земји, и според статистичките податоци, тие се ефективни во 90 проценти од случаите.
Ако овој систем помогне да се најде само едно дете, целиот ангажман на државата и парите се исплателе повеќекратно. Животот на секое дете е поважен од што било друго. Звучи како флоскула, но тоа е вистина, рече Александар Вучиќ, претседателот на Србија, кој официјално го промовираше новиот систем.
Во Србија во последните две години се распишани речиси 3.889 потраги по исчезнати деца, од кои 3.859 се прекинати затоа што не станувало збор за кривично дело. Фондацијата „Тијана Јуриќ“ апелираше за воведување на ваков систем во 2015 година, пишува Би-Би-Си на српски јазик.
Горд сум што можам да истакнам дека ова е прв ваков систем во регионот, изјави денеска Игор Јуриќ, директор на Фондацијата, која го носи името на неговата киднапирана и убиена ќерка Тијана.
Девојчето исчезна во 2014 година, кога имаше неполни 15 години, а нејзиното тело беше пронајдено 12 дена подоцна. Според податоците на оваа Фондација, секоја година во Србија се пријавуваат за исчезнати меѓу 1.300 и 1.500 деца. Но, не во сите случаи станува збор за киднапирање, туку причините за исчезнувањето се различни, па во најголем број случаи се случува детето самоиницијативно да побегне од домот или установата каде што престојува. На воспоставувањето на системот соработуваат српските министерства за внатрешни работи, за информации и телекомуникации и за градежништво, транспорт и инфраструктура. Системот ќе функционира на начин што исчезнувањето на малолетниците го пријавуваат родителите или старателите, а одлуката за активирање на системот ја носи Министерството за внатрешни работи. Системот нема да се активира за секое дете чие исчезнување е пријавено, туку само кога постои сомневање дека е жртва на кривично дело.
Нема да се активира и ако се процени дека објавувањето на информации за детето може да ја загрози безбедноста на детето и да ја попречи работата на полицијата, нагласи српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ на презентацијата на системот.
Задолжително ќе се активира во случаи на исчезнување на деца до седум години, како и деца со пречки во развојот до 18 години. Во случај на активирање на системот за исчезнување на малолетно дете, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици. Доколку имаат информации за детето, граѓаните ќе можат да пријават во полиција.

The post Таткото на Тијана успеа: Од денес во Србија „Пронајди ме“ – систем за итно известување за исчезнати деца appeared first on Република.

]]>