промоции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/promocii/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 11:51:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png промоции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/promocii/ 32 32 Над 30 промоции на 36. издание на Саемот на книга кој годинава се одржува од 18 до 24 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nad-30-promotsii-na-36-izdanie-na-saemot-na-kniga-koj-godinava-se-odrzhuva-od-18-do-24-april/ Tue, 16 Apr 2024 11:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=766719

Со повеќе од 30 промотивни настани, од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 36. издание на Саемот на книга. Слоганот е „Приказна се чита“, чија што цел е да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента.

Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем на денешниот брифинг со новинарите, најави дека саемот ќе биде отворен за посетители во 10 часот, а во 13 часот ќе биде официјалното отворање, при што обраќање ќе има министерката за култура.

Како еден од новите изложувачи кој што е најавен и ќе биде присутен е Гете Институтот и амбасадорката на Република Сојузна Германија, која исто така ќе присуствува на официјалниот дел на отворањето. Програмата е богата, рече Глигоровска.

Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април - Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје - средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy - изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги.

Претседателот на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов на денешниот брифинг информираше дека годинава во рамки на Саемот на книга е додадена и професионална програма, Фелоушип програма, по примерот на сите поголеми светски саеми.

Оваа година, како што најави, ќе дојдат пет гости - книжевен агент од Франција, но и претставници од Словенија, Грција, БиХ и од Црна Гора.

Годинава се воведува и нов концепт на поставка на штандовите, за подобра видливост на сите изложувачи и издавачи, а помалите издавачи во однос на квадратурата ќе бидат визуелно подостапни до публиката.

Последниот ден нема да има промоции. Ќе се случат околу 30 настани, меѓу кои и доделување на наградите од Асоцијацијата на издавачи и секако фелоушип програмата, рече оперативниот директор на Саемот на книга Сања Кондарко.

Работното време на Саемот на книга ќе биде од 10 до 20 часот.

The post Над 30 промоции на 36. издание на Саемот на книга кој годинава се одржува од 18 до 24 април appeared first on Република.

]]>

Со повеќе од 30 промотивни настани, од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 36. издание на Саемот на книга. Слоганот е „Приказна се чита“, чија што цел е да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента. Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем на денешниот брифинг со новинарите, најави дека саемот ќе биде отворен за посетители во 10 часот, а во 13 часот ќе биде официјалното отворање, при што обраќање ќе има министерката за култура.
Како еден од новите изложувачи кој што е најавен и ќе биде присутен е Гете Институтот и амбасадорката на Република Сојузна Германија, која исто така ќе присуствува на официјалниот дел на отворањето. Програмата е богата, рече Глигоровска.
Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април - Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје - средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy - изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги. Претседателот на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов на денешниот брифинг информираше дека годинава во рамки на Саемот на книга е додадена и професионална програма, Фелоушип програма, по примерот на сите поголеми светски саеми. Оваа година, како што најави, ќе дојдат пет гости - книжевен агент од Франција, но и претставници од Словенија, Грција, БиХ и од Црна Гора. Годинава се воведува и нов концепт на поставка на штандовите, за подобра видливост на сите изложувачи и издавачи, а помалите издавачи во однос на квадратурата ќе бидат визуелно подостапни до публиката.
Последниот ден нема да има промоции. Ќе се случат околу 30 настани, меѓу кои и доделување на наградите од Асоцијацијата на издавачи и секако фелоушип програмата, рече оперативниот директор на Саемот на книга Сања Кондарко.
Работното време на Саемот на книга ќе биде од 10 до 20 часот.  

The post Над 30 промоции на 36. издание на Саемот на книга кој годинава се одржува од 18 до 24 април appeared first on Република.

]]>
Власта се изјасни, трговците се на потег: Може да се прават акции и промоции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-se-izjasni-trgovtsite-se-na-poteg-mozhe-da-se-pravat-aktsii-i-promotsii/ Fri, 27 Oct 2023 12:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=695594

До крајот на годинава ќе важи мерката за намалени цени на основните прехранбени производи и алкохолните и безалкохолните пијалоци што од 20 септември се продаваат со ознаката „гарантирана цена“, а укината е одлуката за забрана на акции и промоции од страна на производителите и дистрибутерите, одлучи денеска Владата.

По вчерашната конференција и дискусија со трговците на мало и на големо и производителите, како и со помош на Стопанската комора на  Македонија за да нема заблуда во делот на трговијата, денеска, на предлог на Министерството за економија, укината е Одлуката во делот на акциите имајќи во предвид дека одредени трговци на мало ја толкуваа претходната одлука како неможност за давање акции и промоции. Тоа значи дека сега и производителите и дистрибутерите ќе може да организираат такви акции со цел да ги намалат цените за потрошувачите - изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Мерката со која производите треба да имаат 10 отсто пониски цени отколку што се продавале на 1 август годинава наместо до 30 ноември како што одлучи претходно Владата ќе важи до крајот на годината, до кога се очекува да стапи во сила законското решение за нефер трговски практики.

Согласно сите анализи и разговори со Државниот пазарен инспекторат и Секторот економија во Министерство за економија, а имајќи во предвид дека веќе е подготвен текстот на законот за нефер трговски практики кој треба за кратко време да биде пратен во собраниска процедура, анашите очекувања се до крајот на годината да биде усвоен, одлучивме мерката за намалување на цените и ознаката „гарантирана цена“ да продолжи до крајот на годината, односно наместо до 30 ноември да важи до крајот на годината. Дотогаш најверојатно ќе го имаме новото законско решение со нема да може да се прават злоупотреби во делот на намалување на цените - рече Бектеши.

Сите прехрабнети прозводи, како и алкохолни и безалкохолни пијалоци од Одлуката за гарантирана цена, посочи Бектеши, мора да ги имаат највисоките цени од 1 август годинава до крајот на годинава намалени со дополнителни 10 отсто согласно со донесената одлука.

The post Власта се изјасни, трговците се на потег: Може да се прават акции и промоции appeared first on Република.

Денеска почнува манифестацијата „Денови на канадската литература“: Промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-pochnuva-manifestatsijata-denovi-na-kanadskata-literatura-promotsii-mini-saem-na-knigi-i-kreativni-rabotilnitsi-za-detsa-i-mladi/ Wed, 08 Feb 2023 08:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=606291

Издавачката куќа Феникс во соработка со Канадската амбасада од денеска до 15 февруари организира „Денови на канадската литература“.

Како што е најавено, на денешното свечено отворање на манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија, ќе присуствуваат високи претставници од Канада и Канадската амбасада, како и претставници од повеќе македонски издавачки куќи. Притоа, ќе бидат претставени изданијата од канадски автори, објавени на македонски и албански јазик, а поддржани од Канадскиот совет за уметност.

Ќе бидат презентирани и наградени книги од канадски автори, кои досега не се објавени кај нас.

Во рамки на „Деновите на канадската литература“ ќе бидат одржани промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади.

The post Денеска почнува манифестацијата „Денови на канадската литература“: Промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа Феникс во соработка со Канадската амбасада од денеска до 15 февруари организира „Денови на канадската литература“. Како што е најавено, на денешното свечено отворање на манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија, ќе присуствуваат високи претставници од Канада и Канадската амбасада, како и претставници од повеќе македонски издавачки куќи. Притоа, ќе бидат претставени изданијата од канадски автори, објавени на македонски и албански јазик, а поддржани од Канадскиот совет за уметност.   Ќе бидат презентирани и наградени книги од канадски автори, кои досега не се објавени кај нас. Во рамки на „Деновите на канадската литература“ ќе бидат одржани промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади.

The post Денеска почнува манифестацијата „Денови на канадската литература“: Промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади appeared first on Република.

]]>
Од 8-15 февруари Денови на канадска литература https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-8-15-fevruari-denovi-na-kanadska-literatura/ Wed, 01 Feb 2023 10:34:19 +0000 https://republika.mk/?p=603285

Од 8-15 февруари во организација на ДПМ и Канадската амбасада во Македонија ќе се одржат Деновите на канадската литература.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на 8.2.2023 година со почеток во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија.

На свеченоста ќе говорат амбасадорот на Канада Џајлс Норман и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески. Притоа ќе бидат претставени и изданијата од канадски автори објавени на македонски јазик, а нив ќе ги промовира секретарот за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија Марина Мијаковска.

Инаку, во рамките на Деновите на канадската литература ќе бидат одржани повеќе промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади, соопштуваат од ДПМ.

The post Од 8-15 февруари Денови на канадска литература appeared first on Република.