промена на време Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/promena-na-vreme/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 18:47:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png промена на време Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/promena-na-vreme/ 32 32 Депресија, изместен биоритам, дури и повеќе сообраќајки – што ни носи следните денови промената на часовникот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/depresija-izmesten-bioritam-duri-i-poveke-soobrakajki-shto-ni-nosi-slednite-denovi-promenata-na-chasovnikot/ Sat, 26 Oct 2024 18:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=831317

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути повеќе за спиење, но и порано ќе се стемнува во вечерните часови поради приближувањето на зимската краткоденица.

Според мнозина лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека човековиот мозок има „биолошки часовник“, познат и како „деноноќен ритам“, којшто работи во 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за час помалку или час повеќе за спиење, тоа го изместува циклусот на ноќен одмор и на некои може луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Следствено, нарушениот сон води до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците.

Се верува дека тоа е причина за своевидно нарушување на спиењето и предизвикува тн. социјална нерамнотежа во спиењето. Оваа појава се јавува како последица на десинхронизација на внатрешниот и надворешниот ритам на будност и сон. Притоа луѓето обично имаат несоница, прекумерна поспаност или и двете, што обично завршува откако „внатрешниот часовник“ ќе се прилагоди, т.е. „ќе се ресетира".

Според некои податоци, во деновите по промената на времето има општо зголемен стрес кај луѓето и повеќе повици за итна помош. Истражувањата покажале и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето.

Исто така, треба да се истакне и дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто доаѓа од Сончевата светлина. Многумина доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на оваа состојба вклучуваат постојано лошо расположение, губење задоволство или интерес за нормалните секојдневни навики, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното.

Истражувањата покажаа дека „социјалната нерамнотежа во спиењето“ предизвикува дијабетес, ја зголемува и опасноста од срцеви заболувања и мозочен удар, го влошува расположението, вклучително и на можна депресија и негативно влијае на дигестивниот и ендокриниот систем. Според стручњаците, тоа може дури и да го намали животниот век.

„Доказите го поддржуваат усвојувањето стандарден систем за времето во целата година што се усогласува со деноноќниот ритам на луѓето и обезбедува здравствени придобивки“, се вели во извештајот на Американската академија за медицина на спиењето.

Поради овие последици, оваа институција ја повика Владата на САД да го откаже менувањето на времето. Сенатот го усвои овој предлог во март 2022 година, но Претставничкиот дом ја поништи таа одлука.

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март 2025 година. Ноќта од 29. кон 30 март го поместуваме часовникот за еден час нанапред и се враќаме на летното сметање на времето.

The post Депресија, изместен биоритам, дури и повеќе сообраќајки – што ни носи следните денови промената на часовникот appeared first on Република.

]]>

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути повеќе за спиење, но и порано ќе се стемнува во вечерните часови поради приближувањето на зимската краткоденица. Според мнозина лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека човековиот мозок има „биолошки часовник“, познат и како „деноноќен ритам“, којшто работи во 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за час помалку или час повеќе за спиење, тоа го изместува циклусот на ноќен одмор и на некои може луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Следствено, нарушениот сон води до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците. Се верува дека тоа е причина за своевидно нарушување на спиењето и предизвикува тн. социјална нерамнотежа во спиењето. Оваа појава се јавува како последица на десинхронизација на внатрешниот и надворешниот ритам на будност и сон. Притоа луѓето обично имаат несоница, прекумерна поспаност или и двете, што обично завршува откако „внатрешниот часовник“ ќе се прилагоди, т.е. „ќе се ресетира". Според некои податоци, во деновите по промената на времето има општо зголемен стрес кај луѓето и повеќе повици за итна помош. Истражувањата покажале и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето. Исто така, треба да се истакне и дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто доаѓа од Сончевата светлина. Многумина доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на оваа состојба вклучуваат постојано лошо расположение, губење задоволство или интерес за нормалните секојдневни навики, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното. Истражувањата покажаа дека „социјалната нерамнотежа во спиењето“ предизвикува дијабетес, ја зголемува и опасноста од срцеви заболувања и мозочен удар, го влошува расположението, вклучително и на можна депресија и негативно влијае на дигестивниот и ендокриниот систем. Според стручњаците, тоа може дури и да го намали животниот век. „Доказите го поддржуваат усвојувањето стандарден систем за времето во целата година што се усогласува со деноноќниот ритам на луѓето и обезбедува здравствени придобивки“, се вели во извештајот на Американската академија за медицина на спиењето. Поради овие последици, оваа институција ја повика Владата на САД да го откаже менувањето на времето. Сенатот го усвои овој предлог во март 2022 година, но Претставничкиот дом ја поништи таа одлука. Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март 2025 година. Ноќта од 29. кон 30 март го поместуваме часовникот за еден час нанапред и се враќаме на летното сметање на времето.

The post Депресија, изместен биоритам, дури и повеќе сообраќајки – што ни носи следните денови промената на часовникот appeared first on Република.

]]>