промена на устав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/promena-na-ustav/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 13:11:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png промена на устав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/promena-na-ustav/ 32 32 Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот ама не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novata-komesarka-za-proshiruvane-bara-da-go-smenime-ustavot-ama-ne-mozhela-da-garantira-deka-nema-da-ima-novi-uslovi-od-bugarija/ Wed, 27 Nov 2024 13:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=842327

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.

-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот, нагласи Кос.

На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.

-Да се зборува, што е можно повеќе, и со Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Македонија, рече Кос.

Таа оцени дека проширувањето денес е поинакво отколку пред пет години.

-Променета е геополитичката ситуација, динамиката на проширувањето денес е сосема поинаква. Постојат реални шанси во следните неколку години, да доведеме неколку држави до крај на процесот, за нивен влез во ЕУ. Не знам кои се тие држави, но ќе бидат оние кои ќе ги исполнат сите услови, нагласи Кос.

На прашањето дали 2030 година е реална за влез на Западен Балкан во ЕУ, таа кажа дека нејзиното назначување ќе биде позитивно за регионот.

- Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ, истакна новата еврокомесарка за проширување и соседска политика.

The post Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот ама не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.
-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот, нагласи Кос.
На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање. Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.
-Да се зборува, што е можно повеќе, и со Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Македонија, рече Кос.
Таа оцени дека проширувањето денес е поинакво отколку пред пет години.
-Променета е геополитичката ситуација, динамиката на проширувањето денес е сосема поинаква. Постојат реални шанси во следните неколку години, да доведеме неколку држави до крај на процесот, за нивен влез во ЕУ. Не знам кои се тие држави, но ќе бидат оние кои ќе ги исполнат сите услови, нагласи Кос.
На прашањето дали 2030 година е реална за влез на Западен Балкан во ЕУ, таа кажа дека нејзиното назначување ќе биде позитивно за регионот. - Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ, истакна новата еврокомесарка за проширување и соседска политика.

The post Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот ама не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Само 62 Бугари од Македонија гласале за изборите во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-62-bugari-od-makedonija-glasale-za-izborite-vo-bugarija/ Mon, 28 Oct 2024 09:12:09 +0000 https://republika.mk/?p=831550

Само 62 македонски граѓани кои се декларираат како Бугари го искористиле своето право на глас за парламентарните избори кај источниот сосед, пренесуваат медиумите во Софија.И досега интресот за гласање беше слаб, но ова е рекордно ниска излезност кај граѓаните на Македонија кои поседуваат бугарски пасош.

Иако околу 100.000 Македонци поседуваат бугарски пасош само 3.500 на последниот попис се декларираа како Бугари.

Но, тоа не ги спречува властите да бараат промена на Уставот и влез на бугарското малцинство како услов Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

The post Само 62 Бугари од Македонија гласале за изборите во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Само 62 македонски граѓани кои се декларираат како Бугари го искористиле своето право на глас за парламентарните избори кај источниот сосед, пренесуваат медиумите во Софија.И досега интресот за гласање беше слаб, но ова е рекордно ниска излезност кај граѓаните на Македонија кои поседуваат бугарски пасош. Иако околу 100.000 Македонци поседуваат бугарски пасош само 3.500 на последниот попис се декларираа како Бугари. Но, тоа не ги спречува властите да бараат промена на Уставот и влез на бугарското малцинство како услов Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.  

The post Само 62 Бугари од Македонија гласале за изборите во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Ахмети бара да го смениме Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-bara-da-go-smenime-ustavot/ Tue, 19 Mar 2024 14:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=756375

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека продолжуваат да преговораат со сите партии кои не се дел од албанската опозиција за постигнување коалициски договор за приклучување на Европскиот фронт.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-objavi-deka-e-mozhno-da-ima-nemiri-po-izborite/

- Има време, уште сме во преговори и со други партии. Тоа е процес кој е отворен подолго време. Веруваме дека во иднина како што го направивме овој важен, како што рече и Зејид, историски настан, да продолжиме во следните денови...Зборуваме со сите и со Алијанса и со Тачи и со Аријанит Хоџа и со Турската партија, со Бошњачката партија, со Ромската партија за да се приклучат на овој фронт, рече Ахмети на новинарско прашање по промоцијата на колицискиот договор со Движењето на народот на Скендер Реџепи Зејид.

Прашан во однос на Законот за рестриктивните мерки по последното дополнување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД, Ахмети рече дека Законот е во Собрание, но е блокиран, и изрази уверување дека во иднина ќе помине.

-Ние не ја оспоруваме одлуката на Стејт департментот апсолутно и ќе прифаќаме секаква проценка што ја прави Стејт департментот. САД за нас е најважниот стратешки партнер како што е и ЕУ, рече Ахмети на прашање во врска со градоначланикот на Струга Рамиз Мерко, кој исто така се наоѓа на „црната листа“ на САД, а се уште е активен.

The post Ахмети бара да го смениме Уставот appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека продолжуваат да преговораат со сите партии кои не се дел од албанската опозиција за постигнување коалициски договор за приклучување на Европскиот фронт. https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-objavi-deka-e-mozhno-da-ima-nemiri-po-izborite/
- Има време, уште сме во преговори и со други партии. Тоа е процес кој е отворен подолго време. Веруваме дека во иднина како што го направивме овој важен, како што рече и Зејид, историски настан, да продолжиме во следните денови...Зборуваме со сите и со Алијанса и со Тачи и со Аријанит Хоџа и со Турската партија, со Бошњачката партија, со Ромската партија за да се приклучат на овој фронт, рече Ахмети на новинарско прашање по промоцијата на колицискиот договор со Движењето на народот на Скендер Реџепи Зејид.
Прашан во однос на Законот за рестриктивните мерки по последното дополнување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД, Ахмети рече дека Законот е во Собрание, но е блокиран, и изрази уверување дека во иднина ќе помине.
-Ние не ја оспоруваме одлуката на Стејт департментот апсолутно и ќе прифаќаме секаква проценка што ја прави Стејт департментот. САД за нас е најважниот стратешки партнер како што е и ЕУ, рече Ахмети на прашање во врска со градоначланикот на Струга Рамиз Мерко, кој исто така се наоѓа на „црната листа“ на САД, а се уште е активен.

The post Ахмети бара да го смениме Уставот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нашиот став е јасен – Уставот да се отвори откако Македонија ќе биде членка на ЕУ, наводната промена на ставот е спинување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nashiot-stav-e-jasen-za-izmenite-na-ustavot-ustavot-da-se-otvori-otkako-makedonija-ke-bide-chlenka-na-eu-navodnata-promena-na-stavot-e-spinuvane/ Wed, 14 Jun 2023 17:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=651439

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека јасно го кажал ставот на лидерската средба со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски минатата среда - „Уставот да се отвори одложено т.е. откако Македонија ќе биде членка на Европската Унија“.

Кога ќе стане членка на тоа големо семејство, тогаш Бугарите ќе бидат добредојдени во Преамбулата на Уставот... Ако тоа трае три години, што е проблем за Бугарите да почекаат три години да станат дел од нашиот Устав, порача Мицкоски во интервју за ТВ Алфа.

;ицкоски истакна дека во изминатата недела по лидерската средба „гледаме спинување и извртување на вистината па дури и лажење“ од страна на СДСМ и ДУИ и од помали политички партии дека ВМРО-ДПМНЕ се согласила за уставни измени.

Притоа, тој нагласи дека во Парламентот нема 80 пратеници за прифаќање измените.

Целта е преку ова лажење и наводна промена на ставот, мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие негативна перцепција кај дел од гласачите и ќе го намали потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ и разликата да ја пренесат кај помали политички партии „лешинари“, кои глумат лажни опозиционери, рече Мицкоски.

Тој додаде дека државата е заглавена на патот кон полноправно членство во ЕУ и затоа ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, свесна за процесите и иднината на Македонија и народот е конструктивна и проактивна и понудила решение кое не е понижувачко.

Велиме да – во име на процесот, но со одложено дејство. И тоа му го кажав на Ковачевски, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Нашиот став е јасен – Уставот да се отвори откако Македонија ќе биде членка на ЕУ, наводната промена на ставот е спинување appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека јасно го кажал ставот на лидерската средба со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски минатата среда - „Уставот да се отвори одложено т.е. откако Македонија ќе биде членка на Европската Унија“.
Кога ќе стане членка на тоа големо семејство, тогаш Бугарите ќе бидат добредојдени во Преамбулата на Уставот... Ако тоа трае три години, што е проблем за Бугарите да почекаат три години да станат дел од нашиот Устав, порача Мицкоски во интервју за ТВ Алфа.
;ицкоски истакна дека во изминатата недела по лидерската средба „гледаме спинување и извртување на вистината па дури и лажење“ од страна на СДСМ и ДУИ и од помали политички партии дека ВМРО-ДПМНЕ се согласила за уставни измени. Притоа, тој нагласи дека во Парламентот нема 80 пратеници за прифаќање измените.
Целта е преку ова лажење и наводна промена на ставот, мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие негативна перцепција кај дел од гласачите и ќе го намали потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ и разликата да ја пренесат кај помали политички партии „лешинари“, кои глумат лажни опозиционери, рече Мицкоски.
Тој додаде дека државата е заглавена на патот кон полноправно членство во ЕУ и затоа ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, свесна за процесите и иднината на Македонија и народот е конструктивна и проактивна и понудила решение кое не е понижувачко.
Велиме да – во име на процесот, но со одложено дејство. И тоа му го кажав на Ковачевски, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Нашиот став е јасен – Уставот да се отвори откако Македонија ќе биде членка на ЕУ, наводната промена на ставот е спинување appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Со промена на Уставот нема да се затворат барањата од страна на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-so-promena-na-ustavot-nema-da-se-zatvorat-baranata-od-strana-na-bugarija/ Sun, 04 Jun 2023 20:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=647763

Македонија за жал последните години е најслабиот ученик во одделението и затоа сите од околу имаат некакви желби и побарувања кои што се надвор од овие реформски пакет кој што треба да го испорачате пред ЕУ, но првенствено пред граѓаните, вели Стефан Андоновски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Детектор на ТВ Сител.

Андоновски истакна дека со промена на Уставот нема да се затворат прашањата и барањата од страна на Бугарија.

Ако Македонија беше лидер во реформите и Македонија имаше сериозен напредок во образование, инфраструктура, здравство, секако со помош на ЕУ, но секако ако ги имаше овие чекори тогаш аргументите на страна на Бугарија ќе беа многу помали. И дали со затворањето на прашањето со Бугарија ќе се отвори само прашањето на реформите, јас не сум сигурен дека со промената на Уставот ќе се затвори прашањето со Бугарија. Напротив, ќе се даде легитимитет на барањата на Бугарија. Тоа е едно од барањата на Бугарија. Видовме коментари од нивните највисоки функционери, тоа е претседателот Румен Радев кој што има најголема поддршка во бугарското општество за жал, дека тој може да бара заштита на бугарското малцинство во Македонија од репресијата на македонските власти. И сега што ќе се случи ако утре се менува Уставот, Бугарите од Македонија влегуваат во тој Устав, за три месеци од денеска Румен Радев излезе и каже дека заради некој Христијан Пендиков 2 некој случај во Битола, ние сметаме дека треба да запрат преговорите, затоа што вие систематски не ги почитувате правата на Бугарите во Македонија, што правиме тогаш, праша Андоновски.

Според Андоновски потребно е Македонија да се реформи внатре, бидејќи само со вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина, македонските граѓани ќе сакаат да останат во Македонија, укажувајќи дури и 25 пати да се промени македонскиот устав тоа нема да го запре иселувањето.

Ние мораме да станеме подобри внатре. Затоа што ако не станеме подобри внатре тогаш отворањето на преговорите или продолжувањето на преговорите ќе значи иселување на нова бројка на луѓе. Јас никогаш не можам да се согласам дека промената на името или промената на Уставот ќе значи намалување на иселувањето од Македонија. Само вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина ќе значат македонските граѓани да сакаат да останат во Македонија. А уставот можете да го промените и 25 пати, но само ќе се зголемува бројката на иселени лица. Последните податоци кажуваат дека последните 4 години се имаат иселено 100.000 нови работоспособни лица, рече Андоновски.

Затоа сметам дека било каква промена на Уставот ќе значи козметика или потпишување на тоа што ни е побарано, но ако ни недостасуваат сериозни реформи, џабе е што и да потпишеме следниот период, дециден е тој.

The post Андоновски: Со промена на Уставот нема да се затворат барањата од страна на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Македонија за жал последните години е најслабиот ученик во одделението и затоа сите од околу имаат некакви желби и побарувања кои што се надвор од овие реформски пакет кој што треба да го испорачате пред ЕУ, но првенствено пред граѓаните, вели Стефан Андоновски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Детектор на ТВ Сител. Андоновски истакна дека со промена на Уставот нема да се затворат прашањата и барањата од страна на Бугарија. Ако Македонија беше лидер во реформите и Македонија имаше сериозен напредок во образование, инфраструктура, здравство, секако со помош на ЕУ, но секако ако ги имаше овие чекори тогаш аргументите на страна на Бугарија ќе беа многу помали. И дали со затворањето на прашањето со Бугарија ќе се отвори само прашањето на реформите, јас не сум сигурен дека со промената на Уставот ќе се затвори прашањето со Бугарија. Напротив, ќе се даде легитимитет на барањата на Бугарија. Тоа е едно од барањата на Бугарија. Видовме коментари од нивните највисоки функционери, тоа е претседателот Румен Радев кој што има најголема поддршка во бугарското општество за жал, дека тој може да бара заштита на бугарското малцинство во Македонија од репресијата на македонските власти. И сега што ќе се случи ако утре се менува Уставот, Бугарите од Македонија влегуваат во тој Устав, за три месеци од денеска Румен Радев излезе и каже дека заради некој Христијан Пендиков 2 некој случај во Битола, ние сметаме дека треба да запрат преговорите, затоа што вие систематски не ги почитувате правата на Бугарите во Македонија, што правиме тогаш, праша Андоновски. Според Андоновски потребно е Македонија да се реформи внатре, бидејќи само со вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина, македонските граѓани ќе сакаат да останат во Македонија, укажувајќи дури и 25 пати да се промени македонскиот устав тоа нема да го запре иселувањето. Ние мораме да станеме подобри внатре. Затоа што ако не станеме подобри внатре тогаш отворањето на преговорите или продолжувањето на преговорите ќе значи иселување на нова бројка на луѓе. Јас никогаш не можам да се согласам дека промената на името или промената на Уставот ќе значи намалување на иселувањето од Македонија. Само вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина ќе значат македонските граѓани да сакаат да останат во Македонија. А уставот можете да го промените и 25 пати, но само ќе се зголемува бројката на иселени лица. Последните податоци кажуваат дека последните 4 години се имаат иселено 100.000 нови работоспособни лица, рече Андоновски. Затоа сметам дека било каква промена на Уставот ќе значи козметика или потпишување на тоа што ни е побарано, но ако ни недостасуваат сериозни реформи, џабе е што и да потпишеме следниот период, дециден е тој.

The post Андоновски: Со промена на Уставот нема да се затворат барањата од страна на Бугарија appeared first on Република.

]]>
За терминот „македонски Бугари“ нема место во македонскиот Устав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-terminot-makedonski-bugari-nema-mesto-vo-makedonskiot-ustav/ Fri, 05 May 2023 09:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=637217

Вчерашното одбележување на годишнината од смртта на Гоце Делчев докажа дека договор за великанот помеѓу Македонија и Бугарија не може да има и какви ќе бидат последиците доколку Бугарите влезат во македонскиот Устав.

Бугарските власти и вчера го присвојува Гоце Делчев, посебно претседателот Румен Радев. Тој дури и го спореди Делчев со Васил Левски иако е јасно дека едниот се борел за Македонија а другиот за Бугарија.

Неуморен организатор и надалеку признат водач на Бугарите во Македонија и Одринско, Гоце Делчев инспирираше, водеше и со својот личен пример го исцрта патот кон ослободувањето. Со својата безгранична вера и посветеност на каузата, тој ги освои умовите и срцата на поробените, кои за само неколку години повторно се родија во моќна револуционерна организација. Животниот пат на Гоце Делчев беше краток, но неговото име стана симбол на потрагата по слобода, порача шефот на бугарската држава.

Тој во својот говор го спомена и внесувањето на Бугарите во Уставот.

-Ако денешна Република Македонија тврди дека ги следи заветите на Гоце Делчев, зошто не наоѓа сила да ги вклучи во својот устав неговите сонародници, за чија слобода го жртвуваше својот живот? Верувам дека порано или подоцна ќе се најдат далекувидни политичари кои заветите на Гоце Делчев ќе ги претворат во дела, изјавил меѓу другото Радев.

Бугарија веќе не се задоволува со тоа бугарското малцинство да влезе во Уставот.

Во писмото кое неколку здруженија на Бугарите од Македонија до премиерот Ковачевски со барање за партиципирање во комисијата за уставни промени, меѓудругото се забележува употребата на термините „Бугари“, „бугарски народ“ и „македонски Бугари“. Но, најдискутабилен е делот во кој стои: „ македонските Бугари беа најконтруктивниот елемент во опстојувањето на вековната мечта- „независна, демократска и суверена Република Македонија“, држава на сите граѓани кои живеат во неа без разлика на етничката, религиозната, политичката и социјалната и каква и да била друга припадност.

Индикативно е што „конструктивноста“ се сведува на осамостојувањето на Република Македонија но не и самото формирање на Федерална Република Македонија формирана во рамките на поранешната југословенска федерација.

Ова отвора две дилеми. Прво, дека не ја чуствувале како своја Република Македонија во рамките на југословенската федерација и не го дале својот придонес во нејзиното формирање што се обидува да направи дистинкција меѓу нив и Македонците. И второ, на самата Втора светска војна и се дава иделошка димензија за антифашисти и фашисти што гледано во континуитет се провлекува дури до 1991 година. А на ова може да се додаде и уште една димензија дека македонските Бугари ја присвојуваат улогата на ВМРО-ДПНЕ.

Професорката Катерина Тодороска во интервјуто за „Република“ коментирајќи на оваа тема посочи дека Македонија не треба да ги вметне македонските Бугари во Уставот.

https://www.youtube.com/watch?v=LufNr0nTDrQ

-Прво, македонски Бугари како термин не може да влезе во Уставот, затоа што македонски Бугари сме фактички Македонците, тоа е она во нивната глава. Втора работа, вие да отворате Устав за да вметнете некое малцинство, да, јас не сум противник на една таква идеја. Меѓутоа, кога вие мене ми го газите моето малцинство, ги споменавме 17-те пресуди, кога вие на тие луѓе не им дозволувате ни основно образование на нивниот мајчин јазик, иако таму се со векови, тогаш треба дебело да се размисли. Од 1913 година тоа е веќе една шема која што постојано ја работи бугарската политика за обезличување на Македонците и трансферирање во бугарско национално чувство. Така што, кога вие како држава зборувате за права на вашето малцинство, треба да помислите дека ги газите основните човекови права на луѓе чија што држава не стои зад нив.

The post За терминот „македонски Бугари“ нема место во македонскиот Устав appeared first on Република.

]]>

Вчерашното одбележување на годишнината од смртта на Гоце Делчев докажа дека договор за великанот помеѓу Македонија и Бугарија не може да има и какви ќе бидат последиците доколку Бугарите влезат во македонскиот Устав. Бугарските власти и вчера го присвојува Гоце Делчев, посебно претседателот Румен Радев. Тој дури и го спореди Делчев со Васил Левски иако е јасно дека едниот се борел за Македонија а другиот за Бугарија.
Неуморен организатор и надалеку признат водач на Бугарите во Македонија и Одринско, Гоце Делчев инспирираше, водеше и со својот личен пример го исцрта патот кон ослободувањето. Со својата безгранична вера и посветеност на каузата, тој ги освои умовите и срцата на поробените, кои за само неколку години повторно се родија во моќна револуционерна организација. Животниот пат на Гоце Делчев беше краток, но неговото име стана симбол на потрагата по слобода, порача шефот на бугарската држава.
Тој во својот говор го спомена и внесувањето на Бугарите во Уставот.
-Ако денешна Република Македонија тврди дека ги следи заветите на Гоце Делчев, зошто не наоѓа сила да ги вклучи во својот устав неговите сонародници, за чија слобода го жртвуваше својот живот? Верувам дека порано или подоцна ќе се најдат далекувидни политичари кои заветите на Гоце Делчев ќе ги претворат во дела, изјавил меѓу другото Радев.
Бугарија веќе не се задоволува со тоа бугарското малцинство да влезе во Уставот.   Во писмото кое неколку здруженија на Бугарите од Македонија до премиерот Ковачевски со барање за партиципирање во комисијата за уставни промени, меѓудругото се забележува употребата на термините „Бугари“, „бугарски народ“ и „македонски Бугари“. Но, најдискутабилен е делот во кој стои: „ македонските Бугари беа најконтруктивниот елемент во опстојувањето на вековната мечта- „независна, демократска и суверена Република Македонија“, држава на сите граѓани кои живеат во неа без разлика на етничката, религиозната, политичката и социјалната и каква и да била друга припадност. Индикативно е што „конструктивноста“ се сведува на осамостојувањето на Република Македонија но не и самото формирање на Федерална Република Македонија формирана во рамките на поранешната југословенска федерација. Ова отвора две дилеми. Прво, дека не ја чуствувале како своја Република Македонија во рамките на југословенската федерација и не го дале својот придонес во нејзиното формирање што се обидува да направи дистинкција меѓу нив и Македонците. И второ, на самата Втора светска војна и се дава иделошка димензија за антифашисти и фашисти што гледано во континуитет се провлекува дури до 1991 година. А на ова може да се додаде и уште една димензија дека македонските Бугари ја присвојуваат улогата на ВМРО-ДПНЕ. Професорката Катерина Тодороска во интервјуто за „Република“ коментирајќи на оваа тема посочи дека Македонија не треба да ги вметне македонските Бугари во Уставот. https://www.youtube.com/watch?v=LufNr0nTDrQ
-Прво, македонски Бугари како термин не може да влезе во Уставот, затоа што македонски Бугари сме фактички Македонците, тоа е она во нивната глава. Втора работа, вие да отворате Устав за да вметнете некое малцинство, да, јас не сум противник на една таква идеја. Меѓутоа, кога вие мене ми го газите моето малцинство, ги споменавме 17-те пресуди, кога вие на тие луѓе не им дозволувате ни основно образование на нивниот мајчин јазик, иако таму се со векови, тогаш треба дебело да се размисли. Од 1913 година тоа е веќе една шема која што постојано ја работи бугарската политика за обезличување на Македонците и трансферирање во бугарско национално чувство. Така што, кога вие како држава зборувате за права на вашето малцинство, треба да помислите дека ги газите основните човекови права на луѓе чија што држава не стои зад нив.

The post За терминот „македонски Бугари“ нема место во македонскиот Устав appeared first on Република.

]]>
Демократскиот сојуз нема да партиципира во работната група за промена на Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demokratskiot-sojuz-nema-da-partitsipira-vo-rabotnata-grupa-za-promena-na-ustavot/ Sat, 08 Apr 2023 09:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=628599

Демократскиот сојуз сметa дека пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните, историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите.

Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот. Поради тоа, Демократскиот сојуз нема да номинира свој претставник во работната група за промена на Уставот.

Демократскиот сојуз бара Владата на Република Македонија директно, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија.

Признавањето на Македонците во Бугарија ќе биде мал чекор на официјална Софија, но со историски димензии и почеток на нормализација на односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и помеѓу двете држави, Македонија и Бугарија.

The post Демократскиот сојуз нема да партиципира во работната група за промена на Уставот appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз сметa дека пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните, историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите. Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот. Поради тоа, Демократскиот сојуз нема да номинира свој претставник во работната група за промена на Уставот. Демократскиот сојуз бара Владата на Република Македонија директно, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија. Признавањето на Македонците во Бугарија ќе биде мал чекор на официјална Софија, но со историски димензии и почеток на нормализација на односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и помеѓу двете држави, Македонија и Бугарија.

The post Демократскиот сојуз нема да партиципира во работната група за промена на Уставот appeared first on Република.

]]>
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за хрватски модел на Уставот, СДСМ и ДУИ кажуваа дека се за хрватски модел, но сега не го сакаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vmro-dpmne-e-za-hrvatski-model-na-ustavot-sdsm-i-dui-kazhuvaa-deka-se-za-hrvatski-model-no-sega-ne-go-sakaat/ Fri, 07 Apr 2023 19:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=628498

Долго време во јавноста се зборува дека е потребно европско решение на проблемот кој што Македонија во однос на европските интеграции. И долго време двете владејачки партии СДСМ и ДУИ зборуваа дека Хрватска може да е пример кој што може да се следи. И ние за тоа велиме доколку Хрватска е модел којшто може да се следи дајте да ја копираме Преамбулата од хрватскиот Устав и јасно да напишеме дека Македонија е национална држава на македонскиот народ во којашто исто така живеат и националните малцинства и да се набројат сите национални малцинства кои што се појавуваат во пописот“, истакна потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостување во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24.

Николоски додаде дека во Хрватска такви се 22 национални малцинства.

Мислам дека по 30 години порази на македонскиот народ од промена на знамето, преку двапати промена на име и неколкупати промена на Устав до финалната промена на името, време е и другите политички субјекти во Македонија да дадат, пред се мислам тука на политичката партија ДУИ којашто 20 години ги ужива плодовите на власта, и нешто конечно да добијат Македонците, а тоа е дека ова е национална држава на македонскиот народ.

Тоа е нашиот предлог, тие претходно го зборуваа и така што не гледам пречка зошто не би се прифатил. И мислам дека конечно ДУИ нема да е кочничар на евроинтеграциите на Македонија, на почетокот на преговори на Македонија со ЕУ. Уште помалку мислам дека ДУИ би биле за тоа да Македонија и Албанија да се одвојат затоа што ако Македонија не почне преговори тогаш ќе се раздвои од Албанија.

Ние сме за Преамбула во која што Македонија ќе биде дефинирана како национална држава на македонскиот народ и националните малцинства кои што живеат во неа. А, за овој предлог кој што во моментов го туркаат СДСМ и ДУИ ние не сме, и сме го кажале тоа и нема да подржиме промена на Устав“, изјави Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека имаше неколку прес конференции на Димитар Ковачевски во изминативе скоро година дена каде што тој предлага хрватски модел. Исто така и Бујар Османи, којшто е претставник на ДУИ, предлагаше хрватски модел. И сега, кога ВМРО-ДПМНЕ вели да се усвои хрватскиот модел, тогаш власта го одбива. Пред неколку дена претседателот Стево Пендаровски исто така го одби хрватскиот модел. И така на тој начин тие ја покажуваат дволичноста и покажуваат каков однос имаат.

ТВ дуел мислам дека е здрав за секоја демократија помеѓу претседателот на Владата и лидер на опозицијата. За жал во Македонија не се случуваат често, ретко ги гледаме. А, добро е да се случат, за да разменат аргументите, да види јавноста кој каде е и што е, и после тоа да може да носи одлука кога ќе гласа на избори.

А, во однос на работните групи ако нешто не сакате да завршите тогаш влезете во вакви изведувања на процедури. За процесот на уставни измени не постојат работни групи. Процесот на уставни измени е многу јасен, се иницира уставна измена во Собранието за која што е потребна двотретинско мнозинство, потоа Комисијата за уставни прашања на Собранието, значи институционална форма, подготвува Нацрт – текст кој што како предлог се усвојува во Собранието со 61 пратеник. И потоа повторно се враќа во Комисијата и Комисијата го потврдува и се усвојува во Собранието со двотретинско мнозинство. Тоа е уставниот начин за промена на Уставот. Никаде нема работни групи“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски.

Тој рече ако власта мисли дека има поддршка во Собранието нека го усвојат предлогот за почеток на уставни измени. Но власта во Собранието нема двотретинско мнозинство и се обидуваат со работни групи да играат во јавноста.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за хрватски модел на Уставот, СДСМ и ДУИ кажуваа дека се за хрватски модел, но сега не го сакаат appeared first on Република.

]]>

Долго време во јавноста се зборува дека е потребно европско решение на проблемот кој што Македонија во однос на европските интеграции. И долго време двете владејачки партии СДСМ и ДУИ зборуваа дека Хрватска може да е пример кој што може да се следи. И ние за тоа велиме доколку Хрватска е модел којшто може да се следи дајте да ја копираме Преамбулата од хрватскиот Устав и јасно да напишеме дека Македонија е национална држава на македонскиот народ во којашто исто така живеат и националните малцинства и да се набројат сите национални малцинства кои што се појавуваат во пописот“, истакна потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостување во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24.
Николоски додаде дека во Хрватска такви се 22 национални малцинства.
Мислам дека по 30 години порази на македонскиот народ од промена на знамето, преку двапати промена на име и неколкупати промена на Устав до финалната промена на името, време е и другите политички субјекти во Македонија да дадат, пред се мислам тука на политичката партија ДУИ којашто 20 години ги ужива плодовите на власта, и нешто конечно да добијат Македонците, а тоа е дека ова е национална држава на македонскиот народ.   Тоа е нашиот предлог, тие претходно го зборуваа и така што не гледам пречка зошто не би се прифатил. И мислам дека конечно ДУИ нема да е кочничар на евроинтеграциите на Македонија, на почетокот на преговори на Македонија со ЕУ. Уште помалку мислам дека ДУИ би биле за тоа да Македонија и Албанија да се одвојат затоа што ако Македонија не почне преговори тогаш ќе се раздвои од Албанија.   Ние сме за Преамбула во која што Македонија ќе биде дефинирана како национална држава на македонскиот народ и националните малцинства кои што живеат во неа. А, за овој предлог кој што во моментов го туркаат СДСМ и ДУИ ние не сме, и сме го кажале тоа и нема да подржиме промена на Устав“, изјави Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека имаше неколку прес конференции на Димитар Ковачевски во изминативе скоро година дена каде што тој предлага хрватски модел. Исто така и Бујар Османи, којшто е претставник на ДУИ, предлагаше хрватски модел. И сега, кога ВМРО-ДПМНЕ вели да се усвои хрватскиот модел, тогаш власта го одбива. Пред неколку дена претседателот Стево Пендаровски исто така го одби хрватскиот модел. И така на тој начин тие ја покажуваат дволичноста и покажуваат каков однос имаат.
ТВ дуел мислам дека е здрав за секоја демократија помеѓу претседателот на Владата и лидер на опозицијата. За жал во Македонија не се случуваат често, ретко ги гледаме. А, добро е да се случат, за да разменат аргументите, да види јавноста кој каде е и што е, и после тоа да може да носи одлука кога ќе гласа на избори.   А, во однос на работните групи ако нешто не сакате да завршите тогаш влезете во вакви изведувања на процедури. За процесот на уставни измени не постојат работни групи. Процесот на уставни измени е многу јасен, се иницира уставна измена во Собранието за која што е потребна двотретинско мнозинство, потоа Комисијата за уставни прашања на Собранието, значи институционална форма, подготвува Нацрт – текст кој што како предлог се усвојува во Собранието со 61 пратеник. И потоа повторно се враќа во Комисијата и Комисијата го потврдува и се усвојува во Собранието со двотретинско мнозинство. Тоа е уставниот начин за промена на Уставот. Никаде нема работни групи“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски.
Тој рече ако власта мисли дека има поддршка во Собранието нека го усвојат предлогот за почеток на уставни измени. Но власта во Собранието нема двотретинско мнозинство и се обидуваат со работни групи да играат во јавноста.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за хрватски модел на Уставот, СДСМ и ДУИ кажуваа дека се за хрватски модел, но сега не го сакаат appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Никој нема добиено мандат на избори да го менува Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nikoj-nema-dobieno-mandat-na-izbori-da-go-menuva-ustavot/ Tue, 24 Jan 2023 12:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=600493

Со своето постоење „Политика“ ги помина сите тестови на времето и предизвиците што ги носи. Можам да ви честитам на вашата упорност и професионалност. „Политика“ денес е еден од најрелевантните извори на информации за состојбите во Србија, но и во регионот. Од таа гледна точка, вашиот медиум секако придонесува за поблиска соработка меѓу двете земји, но секако има простор за уште поголема и поинтензивна соработка на полето на пренесување информации за актуелните настани. Најпрво треба да се размислува „Политика“ повторно да биде достапна за македонските читатели, не само преку веб сервис, како што е сега. Ваквото вмрежување не може да биде штетно, а достапноста до повеќе информации секако ќе биде од корист, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју  во пресрет на Денот на „Политика“.

„Кога станува збор за соработката меѓу нашите две земји, исто така има простор за подобрување, особено во областа на инфраструктурата, енергетиката и економијата воопшто. Посебен фокус треба да се стави на проекти кои ќе придонесат за подобар живот на нашите граѓани и нивна поперспективна иднина. Изградбата на подобра железничка и патна врска меѓу овие две земји и гасоводна врска што ќе гарантира енергетско поврзување е услов за поголема благосостојба на граѓаните на Србија и Македонија. Нашите земји традиционално имаат добри економски односи, Србија е еден од нашите најважни економски партнери. Доста ги кршевме копјата за историјата и политиката, време е да се натпреваруваме кој ќе направи подобар економски и инфраструктурен проект кој ќе не зближи со соседите“, вели Мицкоски.

Сведоци сме на големи промени во светскиот поредок, кои, за жал, беа иницирани од војната. На кој начин мирот може да исплива од вителот на овие настани на светската политичка сцена? Дали е ова шанса за малите држави, како Македонија и Србија, кои заедно со Албанија припаѓаат на иницијативата „Отворен Балкан“?

Македонија, како ниту Србија, ниту Албанија, не е одлучувачка сила во овие процеси. Тие мора да бидат многу внимателни и да ги застапуваат нивните интереси кои се стратешки релевантни за овој регион. На тој фронт ништо не зависи од нас, но секако е важно да се поддржат стратешките процеси кои би обезбедиле мир. Овие тешки времиња за Европа и светот бараат многу мудрост, ладни глави и внимателни изјави. Ние од овие простори знаеме што значи уништувањето предизвикано од војните и какви последици остануваат после нив. Господ да не чува од такви времиња!

Ние сме мали земји од кои не зависат многу глобални процеси, но одлуките што ги носат политичарите на овие процеси многу влијаат на животот на нашите граѓани. За доброто на животите на нашите граѓани и нашата иднина треба да работиме на градење мир овде и на тој начин да придонесеме за мирот во Европа. Еден таков процес ќе ни помогне да излеземе од овој вител, како што кажавте, заедно, без поголеми последици. Единствената шанса што им се нуди на Македонија, Србија и Албанија во оваа криза е да покажеме дека ги научивме лекциите од минатото и да градиме подобра заедничка иднина.

Оваа година, Македонија претседава со ОБСЕ и Јадранската повелба. Таа е членка на НАТО и води политика усогласена со политиката на ЕУ. На кој начин ќе се залагате за мир во светот и каква стратегија ќе препорачате како парламентарна опозиција, со оглед на тоа што Русија е таа која спроведува специјална воена операција на територијата на Украина, а е членка на ОБСЕ и ОН?

Македонија ја одреди стратешката насока. ОБСЕ е колективна организација и, како таква, не остава простор за солирање на ниту една земја. Приоритет во наредниот период е сите заедно да работиме за мир во Европа и светот. Мирот нема цена. Очекувам дека Македонија и сите земји-членки на ОБСЕ ќе работат да запре војната во Украина. Недозволиво и незамисливо е да се води војна во 21 век, да се крши суверенитетот на една земја и да се оспорува нејзиниот интегритет. Тоа е почетната точка. Ние веруваме во овие принципи и сметаме дека енергијата треба да се насочи кон градење канали за комуникација и соработка за да се постигне мир, без да се газат овие постулати. Подобро е да се преговара со години отколку да се води војна макар и еден ден. Решенијата се секогаш во разговори, а не во судири.

Како го гледате натамошниот развој на европската интеграција на Западен Балкан и Македонија?

Копенхашки критериуми – тоа е мојот одговор. Европската интеграција на која било земја не треба да биде условена со субјективни политички критериуми, туку исклучиво да зависи од општи и објективни критериуми кои важеле за сите. Непринципиелноста раѓа неправда, а неправдата раѓа фрустрација и апатија кај граѓаните. Земјите од Западен Балкан имаат сериозен предизвик пред себе да ги достигнат Копенхашките критериуми, иако сум убеден дека тие се многу поподготвени во оваа фаза отколку другите земји кога се приклучија на ЕУ во минатото. Имаме сериозен предизвик: да се справиме со борбата против организираниот криминал, владеењето на правото, економските и социјалните прашања кои ќе не доближат до европските вредности. Тоа беше нашата домашна задача на која требаше да ги насочиме нашите капацитети и енергија.

Продолжувањето на европската интеграција на Македонија зависи од исполнувањето на бугарскиот услов, т.е. на француско-германскиот предлог за решавање на спорот меѓу РСМ и Бугарија, што подразбира натамошна промена на Уставот на РСМ. Зошто не се согласувате со промена на Уставот и барате вонредни парламентарни избори?

Ќе повторам, нашата енергија треба да ја насочиме кон исполнување на европските стандарди. Ова е наш приоритет – затоа што ќе го подобри животот на луѓето и ќе не приближи до Европа. Верувам во теоријата на мандатот, што значи дека една партија оди на избори со програма и ветувања кон своите гласачи, за што ќе работи во наредниот период. Во Македонија на последните избори никој не доби мандат за промена на Уставот – ниту една партија не го претстави ова во својата програма. Затоа сметам дека предвремените избори се единствениот начин граѓаните да кажат што мислат и како мислат дека Македонија треба да се движи во наредниот период. Би додал дека според последното истражување на јавното мислење, околу 60 отсто од луѓето не се задоволни од работата на владата и нејзините политики. Не се задоволни од економијата, владеењето на правото и исполнувањето на европските критериуми. Ова е дотолку повеќе што треба да имаме избори за одлучување за нова влада, која ќе добие мандат од граѓаните да решава проблеми и предизвици. Во спротивно, Македонија губи време. Доколку не се одржат изборите, ние како држава нема да видиме ништо поразлично од она што го гледаме последните пет-шест години додека оваа влада на СДСМ ја води државата. Затоа треба да имаме избори, нов мандат, нова влада и јасна насока на државата кон посигурна иднина.

The post Мицкоски: Никој нема добиено мандат на избори да го менува Уставот appeared first on Република.

]]>

Со своето постоење „Политика“ ги помина сите тестови на времето и предизвиците што ги носи. Можам да ви честитам на вашата упорност и професионалност. „Политика“ денес е еден од најрелевантните извори на информации за состојбите во Србија, но и во регионот. Од таа гледна точка, вашиот медиум секако придонесува за поблиска соработка меѓу двете земји, но секако има простор за уште поголема и поинтензивна соработка на полето на пренесување информации за актуелните настани. Најпрво треба да се размислува „Политика“ повторно да биде достапна за македонските читатели, не само преку веб сервис, како што е сега. Ваквото вмрежување не може да биде штетно, а достапноста до повеќе информации секако ќе биде од корист, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју  во пресрет на Денот на „Политика“.
„Кога станува збор за соработката меѓу нашите две земји, исто така има простор за подобрување, особено во областа на инфраструктурата, енергетиката и економијата воопшто. Посебен фокус треба да се стави на проекти кои ќе придонесат за подобар живот на нашите граѓани и нивна поперспективна иднина. Изградбата на подобра железничка и патна врска меѓу овие две земји и гасоводна врска што ќе гарантира енергетско поврзување е услов за поголема благосостојба на граѓаните на Србија и Македонија. Нашите земји традиционално имаат добри економски односи, Србија е еден од нашите најважни економски партнери. Доста ги кршевме копјата за историјата и политиката, време е да се натпреваруваме кој ќе направи подобар економски и инфраструктурен проект кој ќе не зближи со соседите“, вели Мицкоски.
Сведоци сме на големи промени во светскиот поредок, кои, за жал, беа иницирани од војната. На кој начин мирот може да исплива од вителот на овие настани на светската политичка сцена? Дали е ова шанса за малите држави, како Македонија и Србија, кои заедно со Албанија припаѓаат на иницијативата „Отворен Балкан“?
Македонија, како ниту Србија, ниту Албанија, не е одлучувачка сила во овие процеси. Тие мора да бидат многу внимателни и да ги застапуваат нивните интереси кои се стратешки релевантни за овој регион. На тој фронт ништо не зависи од нас, но секако е важно да се поддржат стратешките процеси кои би обезбедиле мир. Овие тешки времиња за Европа и светот бараат многу мудрост, ладни глави и внимателни изјави. Ние од овие простори знаеме што значи уништувањето предизвикано од војните и какви последици остануваат после нив. Господ да не чува од такви времиња!
Ние сме мали земји од кои не зависат многу глобални процеси, но одлуките што ги носат политичарите на овие процеси многу влијаат на животот на нашите граѓани. За доброто на животите на нашите граѓани и нашата иднина треба да работиме на градење мир овде и на тој начин да придонесеме за мирот во Европа. Еден таков процес ќе ни помогне да излеземе од овој вител, како што кажавте, заедно, без поголеми последици. Единствената шанса што им се нуди на Македонија, Србија и Албанија во оваа криза е да покажеме дека ги научивме лекциите од минатото и да градиме подобра заедничка иднина. Оваа година, Македонија претседава со ОБСЕ и Јадранската повелба. Таа е членка на НАТО и води политика усогласена со политиката на ЕУ. На кој начин ќе се залагате за мир во светот и каква стратегија ќе препорачате како парламентарна опозиција, со оглед на тоа што Русија е таа која спроведува специјална воена операција на територијата на Украина, а е членка на ОБСЕ и ОН? Македонија ја одреди стратешката насока. ОБСЕ е колективна организација и, како таква, не остава простор за солирање на ниту една земја. Приоритет во наредниот период е сите заедно да работиме за мир во Европа и светот. Мирот нема цена. Очекувам дека Македонија и сите земји-членки на ОБСЕ ќе работат да запре војната во Украина. Недозволиво и незамисливо е да се води војна во 21 век, да се крши суверенитетот на една земја и да се оспорува нејзиниот интегритет. Тоа е почетната точка. Ние веруваме во овие принципи и сметаме дека енергијата треба да се насочи кон градење канали за комуникација и соработка за да се постигне мир, без да се газат овие постулати. Подобро е да се преговара со години отколку да се води војна макар и еден ден. Решенијата се секогаш во разговори, а не во судири. Како го гледате натамошниот развој на европската интеграција на Западен Балкан и Македонија?
Копенхашки критериуми – тоа е мојот одговор. Европската интеграција на која било земја не треба да биде условена со субјективни политички критериуми, туку исклучиво да зависи од општи и објективни критериуми кои важеле за сите. Непринципиелноста раѓа неправда, а неправдата раѓа фрустрација и апатија кај граѓаните. Земјите од Западен Балкан имаат сериозен предизвик пред себе да ги достигнат Копенхашките критериуми, иако сум убеден дека тие се многу поподготвени во оваа фаза отколку другите земји кога се приклучија на ЕУ во минатото. Имаме сериозен предизвик: да се справиме со борбата против организираниот криминал, владеењето на правото, економските и социјалните прашања кои ќе не доближат до европските вредности. Тоа беше нашата домашна задача на која требаше да ги насочиме нашите капацитети и енергија.
Продолжувањето на европската интеграција на Македонија зависи од исполнувањето на бугарскиот услов, т.е. на француско-германскиот предлог за решавање на спорот меѓу РСМ и Бугарија, што подразбира натамошна промена на Уставот на РСМ. Зошто не се согласувате со промена на Уставот и барате вонредни парламентарни избори?  
Ќе повторам, нашата енергија треба да ја насочиме кон исполнување на европските стандарди. Ова е наш приоритет – затоа што ќе го подобри животот на луѓето и ќе не приближи до Европа. Верувам во теоријата на мандатот, што значи дека една партија оди на избори со програма и ветувања кон своите гласачи, за што ќе работи во наредниот период. Во Македонија на последните избори никој не доби мандат за промена на Уставот – ниту една партија не го претстави ова во својата програма. Затоа сметам дека предвремените избори се единствениот начин граѓаните да кажат што мислат и како мислат дека Македонија треба да се движи во наредниот период. Би додал дека според последното истражување на јавното мислење, околу 60 отсто од луѓето не се задоволни од работата на владата и нејзините политики. Не се задоволни од економијата, владеењето на правото и исполнувањето на европските критериуми. Ова е дотолку повеќе што треба да имаме избори за одлучување за нова влада, која ќе добие мандат од граѓаните да решава проблеми и предизвици. Во спротивно, Македонија губи време. Доколку не се одржат изборите, ние како држава нема да видиме ништо поразлично од она што го гледаме последните пет-шест години додека оваа влада на СДСМ ја води државата. Затоа треба да имаме избори, нов мандат, нова влада и јасна насока на државата кон посигурна иднина.

The post Мицкоски: Никој нема добиено мандат на избори да го менува Уставот appeared first on Република.

]]>
Пендаровски го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ оти нема гаранции дека промената на Уставот ќе биде последно барање на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-potvrdi-stavot-na-vmro-dpmne-oti-nema-garancii-deka-promenata-na-ustavot-kje-bide-posledno-baranje-na-bugarija/ Fri, 23 Dec 2022 07:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=588973

За прашањето дали може да има гаранции дека промената на Уставот ќе биде последното барање кон нас во процесот на преговори, претседателот Пендаровски вчера го посочи како пример тоа што Бугарија и Романија, кои се членки на Унијата петнаесет години, неодамна беа блокирани за влез во Шенген зоната.

–   Ако две членки на Унијата беа блокирани за влез во еден од најважните проекти на единствениот европски простор, се разбира дека никој не може да ѝ даде гаранции на земја-кандидат која тукушто ги почна преговорите кои не се праволиниски, рече Пендаровски.

Со тоа тој го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека уцените и заканите на патот кон ЕУ нема да престанат и отстапките кои ги бара Бугарија нема да бидат последните.

– Стево Пендаровски наместо жестоко да се спротивстави на ваквиот асимиалторски пристап, тој не кажа ниту збор како да се спречи сето ова и не понуди решение. Неговиот добро познат стил на констатирање на вина што од внатре, а што од надвор е веќе залуден затоа што единствени виновници за состојбата во која се наоѓа Република Македонија е власта на СДСМ и ДУИ, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисјаловски.

The post Пендаровски го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ оти нема гаранции дека промената на Уставот ќе биде последно барање на Бугарија appeared first on Република.

Пендаровски: Во овој момент максимум 74 пратеници би гласале за уставни измени и ниту еден плус не размислува да гласа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-ovoj-moment-maksimum-74-pratenici-bi-glasale-za-ustavni-izmeni-i-nitu-eden-plus-ne-razmisluva-da-glasa/ Fri, 18 Nov 2022 07:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=575211

Претседателот Стево Пендаровски вечерва изјави дека промената на Уставот со цел внесување на Бугарите во него, не е страшно и оти нема да ја дестабилизира државава, но како што кажа, според неговите информации, го нема потребното мнозинство во Собранието за тие измени да се направат.

Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно, и дека ќе ја дестабилизира Македонија. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме – рече Пендаровски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Според Пендаровски, од информациите достапни во јавноста, како што вели, во овој момент максимум во сите комбинации 74 пратеници би гласале, било дали се на власт или во опозиција, за внесување на Бугарите во Уставот.

Недостасуваат шест пратеници. Од ова што е остатокот од овие 74 до 120 не знам еден единствен кој вели – „се мислам можеби ќе гласам“. Не сум чул. Значи фактичката состојба е таа. Дали се разговара, да. Дали Владата треба да разговара со сите пратеници, одговорот е да – вели Пендаровски.

Тој спомена серија посети на меѓународни претставници на земјава, меѓу кои, како што најави и посетата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на државава на 29 ноември, за време на која ќе се обрати во Парламентот.

Сите меѓународни преставници во агендата имаат да се видат со опозицијата и ќе ги прашуваат. Можеме да се чудиме зошто опозицијата, зборувам за главната опозициона партија, која вели немаме проблем со содржината на барањето, но пак не би гласале бидејќи бараат некаков тип на гаранција, да ви дадат гаранција дека ова е последно што го бараме, но сеедно сите тие кажуваат дека немаме намера ни денес, ни утре, ни до новите следни избори да гласаме – рече Пендаровски.

Според него, Владата треба да се обиде да разговара го добие неопходното мнозинство.

Јас до овој момент, не сум дел од Владата, не сум дел од Парламентот, до овој момент моите информации се дека нема ни близу 80 пратеници денес. Дали треба да има според мене, да. Стратешка цел е, утре сегашнава опозиција ќе биде на власт. Сегашнава власт ќе биде опозиција. Па ќе барате од утрешната опозиција две третини, ќе барате. Нели ако ви е целта навистина ЕУ. Да не губиме време, меѓутоа очигледно калкулациите како ќе поминеме на следните избори, и што ни носи и што ни губи е доминантно – оценува Пендаровски.

The post Пендаровски: Во овој момент максимум 74 пратеници би гласале за уставни измени и ниту еден плус не размислува да гласа appeared first on Република.

Јас сум прв за промена на Уставот за влез на Бугарите, но мислам дека нема мнозинство во Собранието, рече Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jas-sum-prv-za-promena-na-ustavot-za-vlez-na-bugarite-no-mislam-deka-nema-mnozinstvo-vo-sobranieto-reche-pendarovski/ Thu, 17 Nov 2022 21:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=575138

Претседателот Стево Пендаровски вечерва изјави дека промената на Уставот со цел внесување на Бугарите во него, не е страшно и оти нема да ја дестабилизира државава, но како што кажа, според неговите информации, го нема потребното мнозинство во Собранието за тие измени да се направат.

Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно, и дека ќе ја дестабилизира Македонија. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме – рече Пендаровски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Според Пендаровски, од информациите достапни во јавноста, како што вели, во овој момент максимум во сите комбинации 74 пратеници би гласале, било дали се на власт или во опозиција, за внесување на Бугарите во Уставот.

Недостасуваат шест пратеници. Од ова што е остатокот од овие 74 до 120 не знам еден единствен кој вели – „се мислам можеби ќе гласам“. Не сум чул. Значи фактичката состојба е таа. Дали се разговара, да. Дали Владата треба да разговара со сите пратеници, одговорот е да – вели Пендаровски.

Тој спомена серија посети на меѓународни претставници на земјава, меѓу кои, како што најави и посетата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на државава на 29 ноември, за време на која ќе се обрати во Парламентот.

Сите меѓународни преставници во агендата имаат да се видат со опозицијата и ќе ги прашуваат. Можеме да се чудиме зошто опозицијата, зборувам за главната опозициона партија, која вели немаме проблем со содржината на барањето, но пак не би гласале бидејќи бараат некаков тип на гаранција, да ви дадат гаранција дека ова е последно што го бараме, но сеедно сите тие кажуваат дека немаме намера ни денес, ни утре, ни до новите следни избори да гласаме – рече Пендаровски.

Според него, Владата треба да се обиде да разговара го добие неопходното мнозинство.

Јас до овој момент, не сум дел од Владата, не сум дел од Парламентот, до овој момент моите информации се дека нема ни близу 80 пратеници денес. Дали треба да има според мене, да. Стратешка цел е, утре сегашнава опозиција ќе биде на власт. Сегашнава власт ќе биде опозиција. Па ќе барате од утрешната опозиција две третини, ќе барате. Нели ако ви е целта навистина ЕУ. Да не губиме време, меѓутоа очигледно калкулациите како ќе поминеме на следните избори, и што ни носи и што ни губи е доминантно – оценува Пендаровски.

The post Јас сум прв за промена на Уставот за влез на Бугарите, но мислам дека нема мнозинство во Собранието, рече Пендаровски appeared first on Република.

Петров: Бугаризација е кога 150.000 граѓани ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrov-bugarizacija-e-koga-150-000-gragjani-kje-zemat-bugarski-pasosh-za-da-baraat-perspektiva/ Fri, 07 Oct 2022 14:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=558482

Членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна вистински патриотизам и штитење на македонските интереси е полноправно членство во ЕУ, додавајќи дека местото на државите од Западен Балкан е во ЕУ и нема друга алтернатива.

-Вистинско штитење на националните интереси е Македонија да стане членка на ЕУ, затоа што тоа е најголемиот штитник на националните интереси. Бугаризација е кога 150.000 граѓани на Македонија ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива од економски карактер, наместо тоа треба да им понудиме тука, како земја членка на ЕУ каде што никој нема потреба да прави такви работи и на тој начин посилно се бранат националните интереси, рече Петров.

Скринингот е во тек, а европската политичка заедница, треба да се искористи, земји кои не се членки на ЕУ на иста маса со членките на ЕУ да ги кажат своите заложби, без вообичаените стеги на строгата оранизација на ЕУ, истакна Петров, додавајќи дека треба да се користи секоја можност да се седне на маса со колегите од Европа да се разменат мислења.

Тој нагласи во интерес на државата е да го смени Уставот и да се додадат делови од други народи во нашиот устав.

Прво ова нема да наштети на националните интереси на државата, а од друга страна ќе се добие многу и второ тоа е гаранција дека ние сме посебен народ, штом дел од некој народ го внесувате во Уставот, тоа е најголем демант на тезата дека ова е еден народ во две држави, истакна Петров.

Државата има корист да ги разреши пречките што стојат на патот кон ЕУ, да најде консензус помеѓу клучните политички фактори во државата и да оди напред, да ја респектира изјавата на евро-амбасадорот дека очигледна е желбата на САД и ЕУ Македонија да се стави на брза трака заедно со Албанија да влезе во ЕУ што побрзо и на тој начин да се затворат отворените прашања на Балканот, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.

The post Петров: Бугаризација е кога 150.000 граѓани ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива appeared first on Република.

]]>

Членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна вистински патриотизам и штитење на македонските интереси е полноправно членство во ЕУ, додавајќи дека местото на државите од Западен Балкан е во ЕУ и нема друга алтернатива.
-Вистинско штитење на националните интереси е Македонија да стане членка на ЕУ, затоа што тоа е најголемиот штитник на националните интереси. Бугаризација е кога 150.000 граѓани на Македонија ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива од економски карактер, наместо тоа треба да им понудиме тука, како земја членка на ЕУ каде што никој нема потреба да прави такви работи и на тој начин посилно се бранат националните интереси, рече Петров.
Скринингот е во тек, а европската политичка заедница, треба да се искористи, земји кои не се членки на ЕУ на иста маса со членките на ЕУ да ги кажат своите заложби, без вообичаените стеги на строгата оранизација на ЕУ, истакна Петров, додавајќи дека треба да се користи секоја можност да се седне на маса со колегите од Европа да се разменат мислења. Тој нагласи во интерес на државата е да го смени Уставот и да се додадат делови од други народи во нашиот устав.
Прво ова нема да наштети на националните интереси на државата, а од друга страна ќе се добие многу и второ тоа е гаранција дека ние сме посебен народ, штом дел од некој народ го внесувате во Уставот, тоа е најголем демант на тезата дека ова е еден народ во две држави, истакна Петров.
Државата има корист да ги разреши пречките што стојат на патот кон ЕУ, да најде консензус помеѓу клучните политички фактори во државата и да оди напред, да ја респектира изјавата на евро-амбасадорот дека очигледна е желбата на САД и ЕУ Македонија да се стави на брза трака заедно со Албанија да влезе во ЕУ што побрзо и на тој начин да се затворат отворените прашања на Балканот, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.

The post Петров: Бугаризација е кога 150.000 граѓани ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива appeared first on Република.

]]>
Маричиќ притиска за отворање на Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-pritiska-za-otvoranje-na-ustavot/ Fri, 26 Aug 2022 16:16:12 +0000 https://republika.mk/?p=544522

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното гостување во вестите на „Канал5“ изјави дека паралелно со процесот на скрининг во тој период има можност и обврска да се заврши дополнувањето на Уставот со додавање на некои заедници, Хрватите, Црногорците, меѓу кои и Бугарите во Преамбулата и во уште една точка во Уставот, каде што се споменуваат сите поименично.

-Од наш аспект содржински нема никаква пречка тоа да се направи, мислам дека нашиот концепт на Уставот и нашиот амбиент секогаш бил инклузивен за сите заедници. Ние ќе отвориме дијалог со сите политички партии, како Влада, но и со сите пратеници. Сметаме дека ќе има можност пратениците да се определат јасно дали се за продолжување на европскиот пат, дали се за членство на Македонија во Европската Унија. Или пак се за застој, враќање назад и отстапување од тој пат, рече вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ изрази верување дека ќе ја искористи шансата ВМРО-ДПМНЕ да биде на страната на членството на Македонија во Европската Унија, што е стратешки приоритет веќе 30 години на Македонија.

-Веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати оваа шанса, и оваа можност, бидејќи ја пропуштија за НАТО, како партија, иако дел од пратениците тогаш го поддржа Преспанскиот договор и уставните измени, додаде Маричиќ.

На прашањето дали процесот на скрининг, кој започнува средината на септември, се разликува од процесот на скрининг на Албанија, вицепремиерот Маричиќ рече дека ние започнуваме на ист начин и со истите инструменти како и Албанија, потенцирајќи дека и во 2018 и 2019 година тој примарен, подготвителен скрининг го правевме заедно со Албанија и дека и овој пат, во јули, првата сесија на скринингот беше заедно со Албанија.

The post Маричиќ притиска за отворање на Уставот appeared first on Република.

Спасовски: Нема опасност од немири при промена на Уставот, преку дебата да ги соочиме ставовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-nema-opasnost-od-nemiri-pri-promena-na-ustavot-preku-debata-da-gi-soochime-stavovite/ Fri, 05 Aug 2022 18:24:35 +0000 https://republika.mk/?p=537224

Рано е уште сега да оцениме како би се одвивала политичката ситуација во моментот кога ќе се одвива дебатата за уставните измени, но нема простор за никакви тензии заради тоа што само преку политичката дебата можеме да ги соочиме ставовите, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Cеверна Македонија нема алтернатива освен патот кон ЕУ и затоа треба сите политички субјекти, сите граѓани да направиме се за да успееме на патот на ЕУ и европските вредности да станат дел од начинот на нашето живеење, рече Спасовски на Канал 5 телевизија запрашан дали се можни немири при дебатата за уставните измени кои се услов за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ, со оглед на немирите кои се случија пред Собранието при гласањето на францускиот предлог.

Според него, владејачкото мнозинство никогаш досега немало двотретинско мнозинство за повеќе уставни измени, но очекува во отворена дебата да преовлада мислењето кое претставува интерес на државата.

-Никогаш досега владејачкото мнозинство немало двотретинско мнозинство за повеќе уставни измени. Затоа е Парламентот, затоа е домот на демократијата тука за да се отворат тие дебати, да се изнесат аргументи и на основа на аргументите да се носат и одлуките и треба да кажеме зошто сметаме дека е добро да влезат и Бугарите и Црногорците и Хрватите и Евреите во Уставот. Да ги чуеме и аргументите зошто тие не би требале да се внесат во Уставот. Тоа е легитимна дебата. На крајот да преовлада мислењето кое претставува интерес на државата, вели министерот Спасовски.

The post Спасовски: Нема опасност од немири при промена на Уставот, преку дебата да ги соочиме ставовите appeared first on Република.