пролетен распуст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proleten-raspust/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Sep 2024 15:02:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пролетен распуст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proleten-raspust/ 32 32 Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/godinava-nema-da-ima-proleten-raspust-se-pokazhal-kako-nepotreben/ Sun, 01 Sep 2024 15:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=812040

Годинава основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст, одлучи Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година ќе трае од 2 септември до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.

- Зимскиот одмор започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август. Пролетен распуст, нема да има. Оваа одлука произлезе од резултатите на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои мнозинството се изјаснија дека ваков распуст не е потребен, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Наставата започнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има за учениците од неколку училишта каде, како што нагласи, претходното раководство не исполнило одредени свои обврски, како на пример ненавремено завршување на реконструкција или набавка на опрема – клупи и столчиња за учениците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-uchebnitsi-ke-ima-sekade-i-za-sekogo/

Јаневска додаде дека според информициите со кои располагаат во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава, за која како Влада се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.

- Правиме анализа за да увидиме во кои објекти треба дополнително да се инвестира во капацитетите, за да може да се прошири едносменската настава од следните години и во други училишта, рече Јаневска.

Таа информира и дека за потребите на учениците со попреченост, ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти, а огласите за 820 се спроведени и по целосно завршување на постапката за избор, тие ќе почнат со своите активности и надлежности.

The post Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен appeared first on Република.

]]>

Годинава основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст, одлучи Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година ќе трае од 2 септември до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.
- Зимскиот одмор започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август. Пролетен распуст, нема да има. Оваа одлука произлезе од резултатите на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои мнозинството се изјаснија дека ваков распуст не е потребен, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Наставата започнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има за учениците од неколку училишта каде, како што нагласи, претходното раководство не исполнило одредени свои обврски, како на пример ненавремено завршување на реконструкција или набавка на опрема – клупи и столчиња за учениците. https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-uchebnitsi-ke-ima-sekade-i-za-sekogo/ Јаневска додаде дека според информициите со кои располагаат во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава, за која како Влада се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.
- Правиме анализа за да увидиме во кои објекти треба дополнително да се инвестира во капацитетите, за да може да се прошири едносменската настава од следните години и во други училишта, рече Јаневска.
Таа информира и дека за потребите на учениците со попреченост, ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти, а огласите за 820 се спроведени и по целосно завршување на постапката за избор, тие ќе почнат со своите активности и надлежности.

The post Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен appeared first on Република.

]]>
МОН: Нема да има пролетен распуст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-nema-da-ima-proleten-raspust/ Thu, 08 Aug 2024 10:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=804537

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска информира дека нема да има пролетен распуст за учениците во наредната учебна година. Финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат, но истото го мислат и повозрасните ученици.

-Оваа година пролетен распуст нема да има, кажа Јаневска во изјава за медиумите, додавајќи дека учебната година ќе започне на 2-ри септември, понеделник.

На прашањето дали во МОН се разгледува друга можност за краток одмор на учениците, Јаневска вели дека во моментов нема такво нешто.

-Направивме легитимна анкета и граѓаните ги кажаа своите потреби, додаде министерката.

Претходно од МОН објавија анкета за тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

„Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење“, се посочуваше во информацијата на ресорното министерство.

Претходната учебна година, основците и средните училишта од понеделник 29 април до 6 мај беа на пролетен распуст. За прв пат имаше промена и во училишниот календар, па така 2023/2024 година за основците заврши на 17 јуни, додека за средношколците, како и изминатите години, на 10 јуни.

The post МОН: Нема да има пролетен распуст appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска информира дека нема да има пролетен распуст за учениците во наредната учебна година. Финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат, но истото го мислат и повозрасните ученици.
-Оваа година пролетен распуст нема да има, кажа Јаневска во изјава за медиумите, додавајќи дека учебната година ќе започне на 2-ри септември, понеделник.
На прашањето дали во МОН се разгледува друга можност за краток одмор на учениците, Јаневска вели дека во моментов нема такво нешто.
-Направивме легитимна анкета и граѓаните ги кажаа своите потреби, додаде министерката.
Претходно од МОН објавија анкета за тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст. „Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење“, се посочуваше во информацијата на ресорното министерство. Претходната учебна година, основците и средните училишта од понеделник 29 април до 6 мај беа на пролетен распуст. За прв пат имаше промена и во училишниот календар, па така 2023/2024 година за основците заврши на 17 јуни, додека за средношколците, како и изминатите години, на 10 јуни.

The post МОН: Нема да има пролетен распуст appeared first on Република.

]]> Наставниците и родителите преку прашалник одговараат дали сакаат или не пролетен распуст во новата учебна година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nastavnitsite-i-roditelite-preku-prashalnik-odgovaraat-dali-sakaat-ili-ne-proleten-raspust-vo-novata-uchebna-godina/ Wed, 10 Jul 2024 13:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=795386

Наставници, ученици и родители/старатели преку пополнување прашалник треба да го дадат своето лично мислење дали сакаат летен распуст во наредната учебна година, 2024/2025 година.

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење, велат од МОН.

Со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.

Првпат летниот распуст во училиштата беше воведен во учебната 2023/2024 година, и за основните училишта учебната година заврши на 17 јуни, а за средните на 10 јуни. Пролетниот распуст беше од 29 април до 6 мај. Но, поради изборниот процес, учениците изгубија уште два дена, 7 и 8 мај не беа на училиште, или беа со скратени часови. Во следните денови тие требаше да ги надоместат изгубените часови.

The post Наставниците и родителите преку прашалник одговараат дали сакаат или не пролетен распуст во новата учебна година appeared first on Република.

]]>

Наставници, ученици и родители/старатели преку пополнување прашалник треба да го дадат своето лично мислење дали сакаат летен распуст во наредната учебна година, 2024/2025 година. Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.
Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење, велат од МОН.
Со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година. Првпат летниот распуст во училиштата беше воведен во учебната 2023/2024 година, и за основните училишта учебната година заврши на 17 јуни, а за средните на 10 јуни. Пролетниот распуст беше од 29 април до 6 мај. Но, поради изборниот процес, учениците изгубија уште два дена, 7 и 8 мај не беа на училиште, или беа со скратени часови. Во следните денови тие требаше да ги надоместат изгубените часови.

The post Наставниците и родителите преку прашалник одговараат дали сакаат или не пролетен распуст во новата учебна година appeared first on Република.

]]>
Учениците од понеделник на пролетен распуст, се враќаат на 7 мај ама со скратени часови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsite-od-ponedelnik-na-proleten-raspust-se-vrakaat-na-7-maj-ama-so-skrateni-chasovi/ Fri, 26 Apr 2024 08:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=771261

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

The post Учениците од понеделник на пролетен распуст, се враќаат на 7 мај ама со скратени часови appeared first on Република.

]]>

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето. Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови. Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ. За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.
Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

The post Учениците од понеделник на пролетен распуст, се враќаат на 7 мај ама со скратени часови appeared first on Република.

]]>
Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците кој завршува на 6 мај, а изборите се на 8 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-ne-se-znae-dali-ke-se-prodolzhi-proletniot-raspust-na-uchenitsite-koj-zavrshuva-na-6-maj-a-izborite-se-na-8-maj/ Wed, 17 Jan 2024 13:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=734017

Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците во основно и средно образование кој завршува на 6 мај, а парламентарните избори и вториот круг претеседателски избори се закажани за 8 мај, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на прес-конфренција одржана во Владата.

„Во Владата ќе разгледаме за делот на работните денови затоа што 8 мај, и претходно до 8 мај се работни денови, вторник и среда. Како што треба да се почитува календарот на работа, ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие дополнителни два дена кои се предвидени во Календарот за работа во таа вкупна бројка на годишно ниво. Дали дополонително ќе се одработа или ќе се разгледа некоја друга можност ќе известиме навремено“, рече Шаќири.

Учениците првпат од оваа година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај. Треба да се вратат на училиште на 7 мај, но 8 мај ќе биде неработен поради изборите.

The post Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците кој завршува на 6 мај, а изборите се на 8 мај appeared first on Република.

]]>

Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците во основно и средно образование кој завршува на 6 мај, а парламентарните избори и вториот круг претеседателски избори се закажани за 8 мај, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на прес-конфренција одржана во Владата. „Во Владата ќе разгледаме за делот на работните денови затоа што 8 мај, и претходно до 8 мај се работни денови, вторник и среда. Како што треба да се почитува календарот на работа, ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие дополнителни два дена кои се предвидени во Календарот за работа во таа вкупна бројка на годишно ниво. Дали дополонително ќе се одработа или ќе се разгледа некоја друга можност ќе известиме навремено“, рече Шаќири. Учениците првпат од оваа година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај. Треба да се вратат на училиште на 7 мај, но 8 мај ќе биде неработен поради изборите.  

The post Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците кој завршува на 6 мај, а изборите се на 8 мај appeared first on Република.

]]>
„Сте биле во училница во јуни, министре?“: Родителите гневни на одлуката за распуст, кај Шаќири избришани сите лоши коментари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ste-bile-vo-uchilnitsa-vo-juni-ministre-roditelite-gnevni-na-odlukata-za-raspust-kaj-shakiri-izbrishani-site-loshi-komentari/ Wed, 26 Jul 2023 12:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=665540

Родителите бесно реагираат на одлуката на Владата учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираше вчера МОН.

По ова следуваа лавина на коментари во кои родителите, но и дел од наставниот кадар, бараат објаснување зошто се донела оваа одлука и, секако, како таа ќе помогне во подобрувањето на образовниот систем.

Во дел од коментарите се вели:

Каков пролетен распуст е тоа кога матурантите завршуваат најдоцна до 20 мај? Кога ќе има време да ги довршат училишните обврски - од 5 до 20 мај? Секако имаме слободни денови со Велигден и 1 мај, зошто има потреба од повеќе слободни денови во тој период? А во првото полугодие во период од 4 месеци нели е подобро да се направи краток распуст после првото оценување? Во јуни во неклиматизирани училници која ќе биде ефикасноста на часовите? Дали некој воопшто размислува во министерството или туку така се донесуваат одлуки? 

Каков пролетен распуст??? Во седмица со најмалку работни денови, први мај и трети мај Велики Петок???? Пролетен распуст од 3 дена. Бесмислица!!!!

Клима уреди кога ќе почнете да поставувате во училниците? Пред да донесувате вакви одлуки, треба да створите ускиви . А учебници ќе има ли?

Во дел од коментарите се потенцира и дека 6 мај 2024 година е неработен ден, бидејќи на него се паѓа Велигден, државен празник.

Засрамете се, секој има календар во телефонот. 6 мај Е НЕРАБОТЕН! ЗНАЧИ ТРЕБА ДА ВИ СЕ ЦРТА И КАЛЕНДАР? сега треба наново да носите одлука со корекција. Неписмени!, се вели во другите коментари.

Коментарите под објавата на министерот Јетон Шаќири беа исто толку жестоки и негативни, но од утринава беа отстранети од страна на администраторот на неговата официјална ФБ страница.

The post „Сте биле во училница во јуни, министре?“: Родителите гневни на одлуката за распуст, кај Шаќири избришани сите лоши коментари appeared first on Република.

]]>

Родителите бесно реагираат на одлуката на Владата учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.
Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираше вчера МОН.
По ова следуваа лавина на коментари во кои родителите, но и дел од наставниот кадар, бараат објаснување зошто се донела оваа одлука и, секако, како таа ќе помогне во подобрувањето на образовниот систем. Во дел од коментарите се вели:
Каков пролетен распуст е тоа кога матурантите завршуваат најдоцна до 20 мај? Кога ќе има време да ги довршат училишните обврски - од 5 до 20 мај? Секако имаме слободни денови со Велигден и 1 мај, зошто има потреба од повеќе слободни денови во тој период? А во првото полугодие во период од 4 месеци нели е подобро да се направи краток распуст после првото оценување? Во јуни во неклиматизирани училници која ќе биде ефикасноста на часовите? Дали некој воопшто размислува во министерството или туку така се донесуваат одлуки?    Каков пролетен распуст??? Во седмица со најмалку работни денови, први мај и трети мај Велики Петок???? Пролетен распуст од 3 дена. Бесмислица!!!!   Клима уреди кога ќе почнете да поставувате во училниците? Пред да донесувате вакви одлуки, треба да створите ускиви . А учебници ќе има ли?