Пројковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/projkovski/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 14:26:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пројковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/projkovski/ 32 32 Претставата „За нас почнува живот“ вечерва на „Вевчанско лето“ 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-za-nas-pochnuva-zhivot-vecherva-na-vevchansko-leto-2024/ Wed, 24 Jul 2024 14:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=799900

Претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024. Претставата ќе се игра во среда на 24 јули со почеток во 21 часот во дворот на детската градинка „Планински цвет“. Влезот за посетителите е слободен. Оваа традиционална манифестација под покровителство на општината Вевчани има за цел да го збогати културното живеење на жителите и посетителите на овој значаен туристички регион во земјава. „Вевчанско лето“ 2024 што започна на 25 јуни и ќе трае до 31 август ќе понуди многу содржини со драмска и музичка програма, неколку изложби, промоции и повеќе спортски активности.

„За нас почнува живот“ е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро и својата премиера во Драмски театар Скопје ја имаше во декември 2022 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф е Марија Папучевска а музиката е на Горан Трајкоски. Плакат и видеоматеријалот за претставата се изработени од Стојан Стојановски.

Авророт Ѓерѓ Шпиро е еден од најпознатите современи унгарски писатели. Тој е професор на Академијата за драмска и филмска уметност во Будимпешта и член на Унгарската академија за книжевност и уметност. За неговите драми тој е добитник на голем број меѓународни награди и признанија.  Ѓерѓ Шпиро повеќе пати ја освојувал и главната награда за „Најдобра унгарска драма на годината“.

Во програмската белешка режисерот Дејан Пројковски упатува дека претставата е смешна бидејќи таков е животот, но претставата е и тажна бидејќи како што знаеме таков е животот. „Претставата не се занимава со општите и глобалните планетарни теми. Светот одамна го заборави човекот. Светот престана да го бара човечкото во човекот. Секој човек е мал универзум, а ние заборавивме да зборуваме за тој мал универзум, заборавивме да се запрашаме што се случува со човекот“- истакнува режисерот.

“За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото.

“Во претставата маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму...Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото” – вели режисерот Пројковски.

По летните гостувања театарската публика претставата “За нас почнува живот” од септември ќе може да следи на сцената на Драмски театар Скопје.

The post Претставата „За нас почнува живот“ вечерва на „Вевчанско лето“ 2024 appeared first on Република.

]]>

Претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024. Претставата ќе се игра во среда на 24 јули со почеток во 21 часот во дворот на детската градинка „Планински цвет“. Влезот за посетителите е слободен. Оваа традиционална манифестација под покровителство на општината Вевчани има за цел да го збогати културното живеење на жителите и посетителите на овој значаен туристички регион во земјава. „Вевчанско лето“ 2024 што започна на 25 јуни и ќе трае до 31 август ќе понуди многу содржини со драмска и музичка програма, неколку изложби, промоции и повеќе спортски активности. „За нас почнува живот“ е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро и својата премиера во Драмски театар Скопје ја имаше во декември 2022 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф е Марија Папучевска а музиката е на Горан Трајкоски. Плакат и видеоматеријалот за претставата се изработени од Стојан Стојановски. Авророт Ѓерѓ Шпиро е еден од најпознатите современи унгарски писатели. Тој е професор на Академијата за драмска и филмска уметност во Будимпешта и член на Унгарската академија за книжевност и уметност. За неговите драми тој е добитник на голем број меѓународни награди и признанија.  Ѓерѓ Шпиро повеќе пати ја освојувал и главната награда за „Најдобра унгарска драма на годината“. Во програмската белешка режисерот Дејан Пројковски упатува дека претставата е смешна бидејќи таков е животот, но претставата е и тажна бидејќи како што знаеме таков е животот. „Претставата не се занимава со општите и глобалните планетарни теми. Светот одамна го заборави човекот. Светот престана да го бара човечкото во човекот. Секој човек е мал универзум, а ние заборавивме да зборуваме за тој мал универзум, заборавивме да се запрашаме што се случува со човекот“- истакнува режисерот. “За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото. “Во претставата маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму...Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото” – вели режисерот Пројковски. По летните гостувања театарската публика претставата “За нас почнува живот” од септември ќе може да следи на сцената на Драмски театар Скопје.

The post Претставата „За нас почнува живот“ вечерва на „Вевчанско лето“ 2024 appeared first on Република.

]]>
Претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Пројковски ќе се одигра во Битола во чест на наградените на Фестивалот на монодрама https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-nema-struja-za-elektrichniot-stol-vo-rezhija-na-projkovski-ke-se-odigra-vo-bitola-vo-chest-na-nagradenite-na-festivalot-na-monodrama/ Sat, 20 May 2023 17:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=643054

Претставата „Нема струја за електричниот стол“ на театарот „Јордан Х. К. Џинот – Велес, во режија на Дејан Пројковски, во чест на наградените на Фестивалот на монодрама во Битола, ќе биде изведена на сцената на Битолскиот театар.

Се работи за дело на современиот бугарски писател Александар Секулов. Во оваа црна комедија, изведена во дуодрамски формат, иновативниот сценски јазик на Пројковски е изграден во колизија меѓу актерската игра на сцената и користењето на филмскиот кадар во функција на сценското дејство.

За режисерот Пројковски, претставата зборува на еден современ сценски јазик, со многу технологија, анимација, видео. Таа е специфична во изразот и претставува спој помеѓу театарот и филмот.

Улогите во претставата ги толкуваат Васил Зафирчев, како Осудениот на смрт и Исидор Јованоски како Леонард. Покрај режисерот Пројковски, зад претставата стојат Сашо Димоски како драматург, Филип Коруновски како автор на сценскиот дизајн и на плакатот за претставата и како коавтор на видеодизајнот и анимациите заедно со Борче Конзулов. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо се на Сашко Костов, а камерите во претставата се на Данчо Стефков и на Александар Костов.

Инаку, по успехот на претставата „Инферно“, за чии изведби и натаму се бара билет повеќе, ова е втора соработка на Пројковски со Велешкиот театар.

The post Претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Пројковски ќе се одигра во Битола во чест на наградените на Фестивалот на монодрама appeared first on Република.

]]>

Претставата „Нема струја за електричниот стол“ на театарот „Јордан Х. К. Џинот – Велес, во режија на Дејан Пројковски, во чест на наградените на Фестивалот на монодрама во Битола, ќе биде изведена на сцената на Битолскиот театар. Се работи за дело на современиот бугарски писател Александар Секулов. Во оваа црна комедија, изведена во дуодрамски формат, иновативниот сценски јазик на Пројковски е изграден во колизија меѓу актерската игра на сцената и користењето на филмскиот кадар во функција на сценското дејство. За режисерот Пројковски, претставата зборува на еден современ сценски јазик, со многу технологија, анимација, видео. Таа е специфична во изразот и претставува спој помеѓу театарот и филмот. Улогите во претставата ги толкуваат Васил Зафирчев, како Осудениот на смрт и Исидор Јованоски како Леонард. Покрај режисерот Пројковски, зад претставата стојат Сашо Димоски како драматург, Филип Коруновски како автор на сценскиот дизајн и на плакатот за претставата и како коавтор на видеодизајнот и анимациите заедно со Борче Конзулов. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо се на Сашко Костов, а камерите во претставата се на Данчо Стефков и на Александар Костов. Инаку, по успехот на претставата „Инферно“, за чии изведби и натаму се бара билет повеќе, ова е втора соработка на Пројковски со Велешкиот театар.

The post Претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Пројковски ќе се одигра во Битола во чест на наградените на Фестивалот на монодрама appeared first on Република.

]]>
Пројковски ја подготвува „Ричард Трети“ во театарот во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/projkovski-ja-podgotvuva-richard-treti-vo-teatarot-vo-novi-sad/ Wed, 02 Mar 2022 08:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=466245

Македонскиот режисер Дејан Пројковски во театарот во Нови Сад подготвува нова претстава. Станува збор за „Ричард III“ од Вилијам Шекспир, една од најпопуларните историски драми на Шекспир. Во драмата, грбавиот Ричард, војводата од Глостер, копнее по тронот на брата си и ништо не може да го сопре на патот до него. Тоа вклучува убиство, предавство и манипулации со семејството, со пријателите и со непријателите, а во ова дело се содржани и некои од најпознатите реченици на Шекспир.

Засега нема детали кога ќе биде премиерата на претставата, а од објавените фотографии на социјалните медиуми се гледа дека во тек се читачки проби.

The post Пројковски ја подготвува „Ричард Трети“ во театарот во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Македонскиот режисер Дејан Пројковски во театарот во Нови Сад подготвува нова претстава. Станува збор за „Ричард III“ од Вилијам Шекспир, една од најпопуларните историски драми на Шекспир. Во драмата, грбавиот Ричард, војводата од Глостер, копнее по тронот на брата си и ништо не може да го сопре на патот до него. Тоа вклучува убиство, предавство и манипулации со семејството, со пријателите и со непријателите, а во ова дело се содржани и некои од најпознатите реченици на Шекспир. Засега нема детали кога ќе биде премиерата на претставата, а од објавените фотографии на социјалните медиуми се гледа дека во тек се читачки проби.

The post Пројковски ја подготвува „Ричард Трети“ во театарот во Нови Сад appeared first on Република.

]]>