производство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proizvodstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 13:20:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png производство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proizvodstvo/ 32 32 Министрите за енергетика од Г7 се договорија за постепено укинување на производството на електрична енергија од јаглен од 2035 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministrite-za-energetika-od-g7-se-dogovorija-za-postepeno-ukinuvane-na-proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-od-jaglen-od-2035-godina/ Tue, 30 Apr 2024 13:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=772653

Министрите за енергија, животна средина и клима на земјите-членки на Г7 се согласија постепено да ја укинат употребата на јаглен за производство на електрична енергија до 2035 година.

Одлуката на Г-7 доцна синоќа ја потврди и Министерството за економија и клима на Германија. Според портпаролот на Министерството, Германија одиграла клучна улога во одлуката да се одреди јасен краен датум за производство на електрична енергија на јаглен за сите земји од Г7.

Британскиот државен секретар за енергетска безбедност и јаглеродна неутралност Ендрју Боуви претходно го објави договорот.

Да, имаме договор за постепено исфрлање на јагленот во првата половина на 30-тите години. Ова е историски договор што не успеавме да го постигнеме на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (КОП 28) во Дубаи минатата година, изјави Боуви.

The post Министрите за енергетика од Г7 се договорија за постепено укинување на производството на електрична енергија од јаглен од 2035 година appeared first on Република.

]]>

Министрите за енергија, животна средина и клима на земјите-членки на Г7 се согласија постепено да ја укинат употребата на јаглен за производство на електрична енергија до 2035 година. Одлуката на Г-7 доцна синоќа ја потврди и Министерството за економија и клима на Германија. Според портпаролот на Министерството, Германија одиграла клучна улога во одлуката да се одреди јасен краен датум за производство на електрична енергија на јаглен за сите земји од Г7. Британскиот државен секретар за енергетска безбедност и јаглеродна неутралност Ендрју Боуви претходно го објави договорот. Да, имаме договор за постепено исфрлање на јагленот во првата половина на 30-тите години. Ова е историски договор што не успеавме да го постигнеме на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (КОП 28) во Дубаи минатата година, изјави Боуви.

The post Министрите за енергетика од Г7 се договорија за постепено укинување на производството на електрична енергија од јаглен од 2035 година appeared first on Република.

]]>
„Волстрит џуранал“: Западот е исплашен од нов „кинески шок“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/volstrit-dhuranal-zapadot-e-isplashen-od-nov-kineski-shok/ Tue, 26 Mar 2024 08:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=755176

Со цел дополнително да ја стимулира својата економија, официјален Пекинг го удвојува својот извоз во странство. Користејќи евтини државни заеми, кинеските компании го зголемуваат производството до обем што ги надминува потребите на домашниот пазар, пишува американскиот „Волстрит џурнал“.

Првиот „кинески шок“ се случи на крајот од 1990-2000 година. Тогаш, бумот на увозот на евтини кинески стоки доведе до банкрот на многу индустрии во западните земји. Само САД изгубија повеќе од 2 милиони работни места во периодот од 1999 до 2011 година

Сега, последиците од нов „кинески шок“ за западните економии може да бидат многу подраматични. Повеќе не зборуваме за кинески мебел, играчки и облека, туку за автомобили, електроника за широка потрошувачка и тешки инженерски производи - високотехнолошки производи со висока додадена вредност“, пишува во материјалот.

Според податоците на Светска банка, Кина учествувала со 31% од светското индустриско производство и 14% од вкупниот извоз на стоки во 2022 година. Две децении претходно, овие бројки беа 10% и 5%, соодветно.

„Гроут кристал“ претходно објави дека, според „Фајненшл тајмс“, Кина ја реструктуира светската трговија под нови услови.

The post „Волстрит џуранал“: Западот е исплашен од нов „кинески шок“ appeared first on Република.

]]>

Со цел дополнително да ја стимулира својата економија, официјален Пекинг го удвојува својот извоз во странство. Користејќи евтини државни заеми, кинеските компании го зголемуваат производството до обем што ги надминува потребите на домашниот пазар, пишува американскиот „Волстрит џурнал“. Првиот „кинески шок“ се случи на крајот од 1990-2000 година. Тогаш, бумот на увозот на евтини кинески стоки доведе до банкрот на многу индустрии во западните земји. Само САД изгубија повеќе од 2 милиони работни места во периодот од 1999 до 2011 година
Сега, последиците од нов „кинески шок“ за западните економии може да бидат многу подраматични. Повеќе не зборуваме за кинески мебел, играчки и облека, туку за автомобили, електроника за широка потрошувачка и тешки инженерски производи - високотехнолошки производи со висока додадена вредност“, пишува во материјалот.
Според податоците на Светска банка, Кина учествувала со 31% од светското индустриско производство и 14% од вкупниот извоз на стоки во 2022 година. Две децении претходно, овие бројки беа 10% и 5%, соодветно. „Гроут кристал“ претходно објави дека, според „Фајненшл тајмс“, Кина ја реструктуира светската трговија под нови услови.

The post „Волстрит џуранал“: Западот е исплашен од нов „кинески шок“ appeared first on Република.

]]>
Макрон ќе го засилува домашното производство на лекови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-ke-go-zasiluva-domashnoto-proizvodstvo-na-lekovi/ Tue, 13 Jun 2023 12:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=650896

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе претстави план за производство на клучните лекови во Франција за да се справи со недостигот на увезени фармацевтски производи, од антибиотици до парацетамол, што се појави за време на пандемијата на Ковид-19, јавија британските медиуми.

Долгорочното решение за да се избегне недостигот на лекови во аптеките е да се продолжи со домашното производство. Тоа е тоа што го правиме за многу лекови, напиша Макрон на Твитер пред да ги посети фармацевтските лаборатории „Агетант“ во одделот Ардеш, во југоисточна Франција.

Францускиот претседател вети дека ќе даде „важни пораки“ на оваа тема.

Макрон во својот твит ја наведе претстојната инвестиција од 22 милиони евра на британската биофармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) за модернизација на постојната локација за производство на амоксицилин во регионот Мајен, во западна Франција и ангажирање на персонал. Овој антибиотик, што им се препишува на децата за лекување инфекции, редовно е дефицитарен во земјата.

The post Макрон ќе го засилува домашното производство на лекови appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе претстави план за производство на клучните лекови во Франција за да се справи со недостигот на увезени фармацевтски производи, од антибиотици до парацетамол, што се појави за време на пандемијата на Ковид-19, јавија британските медиуми. Долгорочното решение за да се избегне недостигот на лекови во аптеките е да се продолжи со домашното производство. Тоа е тоа што го правиме за многу лекови, напиша Макрон на Твитер пред да ги посети фармацевтските лаборатории „Агетант“ во одделот Ардеш, во југоисточна Франција. Францускиот претседател вети дека ќе даде „важни пораки“ на оваа тема. Макрон во својот твит ја наведе претстојната инвестиција од 22 милиони евра на британската биофармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) за модернизација на постојната локација за производство на амоксицилин во регионот Мајен, во западна Франција и ангажирање на персонал. Овој антибиотик, што им се препишува на децата за лекување инфекции, редовно е дефицитарен во земјата.

The post Макрон ќе го засилува домашното производство на лекови appeared first on Република.

]]>
Намалени земјоделските површини, а зголемено производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namaleni-zemjodelskite-povrshini-a-zgolemeno-proizvodstvo/ Thu, 30 Mar 2023 10:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=625428

Во 2022 година се регистрирани 514 436 хектари обработлива површина, која во споредба со 2021 година е намалена за 0.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Кај обработливата површина, во 2022 година, намалување е забележано кај сите категории.

Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај сите избрани посеви, освен кај краставиците, кај кои е регистрирано намалување.

The post Намалени земјоделските површини, а зголемено производство appeared first on Република.

]]>

Во 2022 година се регистрирани 514 436 хектари обработлива површина, која во споредба со 2021 година е намалена за 0.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Кај обработливата површина, во 2022 година, намалување е забележано кај сите категории. Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај сите избрани посеви, освен кај краставиците, кај кои е регистрирано намалување.

The post Намалени земјоделските површини, а зголемено производство appeared first on Република.

]]>
Во јануари целата потрошена струја од домашно производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-januari-tselata-potroshena-struja-od-domashno-proizvodstvo/ Fri, 24 Mar 2023 14:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=623286

Земјава во јануари годинава вкупно потрошила 709.217 мегават часови електрична енергија, 33,294 милиони нормални кубни метри природен гас, 564.355 тони јаглен и 105.213 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, целата потрошена електрична енергија е обезбедена од домашни извори, а 99,8 отсто од потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.

The post Во јануари целата потрошена струја од домашно производство appeared first on Република.

]]>

Земјава во јануари годинава вкупно потрошила 709.217 мегават часови електрична енергија, 33,294 милиони нормални кубни метри природен гас, 564.355 тони јаглен и 105.213 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, целата потрошена електрична енергија е обезбедена од домашни извори, а 99,8 отсто од потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.

The post Во јануари целата потрошена струја од домашно производство appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино за поскапа цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-somnitelno-e-zoshto-nema-proizvodstvo-na-evtina-struja-vo-oslomej-i-bitola-tuku-se-proizveduva-vo-tets-negotino-za-poskapa-tsena/ Sat, 04 Mar 2023 12:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=615828

Минатата година на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата префрли повеќе од двесте милиони евра за тековното работење. Кога јас бев директор на АД ЕЛЕМ оставив милијарда и пол денари депозити во банките и околу триста и шеесет милиони на сметката на тогашното АД ЕЛЕМ и нула долгови со редовно исплатени плати, к-15, ремонти итн., изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Свети Николе.

Додаде дека пет години потоа државата на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата му плаќа двесте милиони евра за да може да работи

Сомнително е денеска зошто не се произведува евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут кој е најмалку за три пати поскапа цената произведена од таа што би се произведувала евентуално во Битола. Зошто блоковите во Осломеј и Битола се на 40,50,60% од инсталираниот капацитет а во Неготино се троши мазут кој се плаќа 3,4,5 пати повисока цена - изјави Мицкоски.

Мицкоски е дециден дека брзо ќе се добие одговор кога низ една истрага ќе може да се дојде до вистината како се крадел народот во Македонија во изминатите пет и пол – шест години.

The post Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино за поскапа цена appeared first on Република.

]]>

Минатата година на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата префрли повеќе од двесте милиони евра за тековното работење. Кога јас бев директор на АД ЕЛЕМ оставив милијарда и пол денари депозити во банките и околу триста и шеесет милиони на сметката на тогашното АД ЕЛЕМ и нула долгови со редовно исплатени плати, к-15, ремонти итн., изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Свети Николе. Додаде дека пет години потоа државата на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата му плаќа двесте милиони евра за да може да работи
Сомнително е денеска зошто не се произведува евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут кој е најмалку за три пати поскапа цената произведена од таа што би се произведувала евентуално во Битола. Зошто блоковите во Осломеј и Битола се на 40,50,60% од инсталираниот капацитет а во Неготино се троши мазут кој се плаќа 3,4,5 пати повисока цена - изјави Мицкоски.
Мицкоски е дециден дека брзо ќе се добие одговор кога низ една истрага ќе може да се дојде до вистината како се крадел народот во Македонија во изминатите пет и пол – шест години.

The post Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино за поскапа цена appeared first on Република.

]]>
Владата донесе одлука: Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-donese-odluka-obvrska-za-registriranite-proizvoditeli-na-leb-da-go-proizveduvaat-i-stavaat-vo-promet-beliot-i-polubeliot-leb/ Fri, 03 Mar 2023 08:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=615382

Владата, на синоќешната седница, донесе Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, базирана на законски основи.

Со одлуката, се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).

Трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, согласно владината одлука, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и да продаваат најмалку 80 проценти од белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел).

Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот или полубелиот леб (сечен на парчиња или цел), во количина од најмалку 80 проценти од производството на овој леб во месец декември, 2022 година.

Трговците посочени во оваа одлука, за испорачаните видови леб посочени во оваа одлука, на производителот на лебот, треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб.

Одлуката е на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а е предвидено да се применува до 31 мај 2023 година.

Во образложението на одлуката, којашто ја предложи Министерството за економија, е наведено дека според членот 29 став 1 алинеја 2 и 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај на сериозни пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните и нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

Имајќи го предвид наведеното, според членот 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија, Владата може да определи обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Врз основа на податоци од извршен инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија соопшти дека се утврди сериозни пореметувања на домашниот пазар во градовите Скопје и Тетово, поради недостаток на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел), за коишто Владата на Република Македонија донесе Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, којашто стапи на сила на 28 февруари 2023 година, велат од Владата.

The post Владата донесе одлука: Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб appeared first on Република.

]]>

Владата, на синоќешната седница, донесе Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, базирана на законски основи. Со одлуката, се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел). Трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, согласно владината одлука, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и да продаваат најмалку 80 проценти од белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел). Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот или полубелиот леб (сечен на парчиња или цел), во количина од најмалку 80 проценти од производството на овој леб во месец декември, 2022 година. Трговците посочени во оваа одлука, за испорачаните видови леб посочени во оваа одлука, на производителот на лебот, треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб. Одлуката е на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а е предвидено да се применува до 31 мај 2023 година. Во образложението на одлуката, којашто ја предложи Министерството за економија, е наведено дека според членот 29 став 1 алинеја 2 и 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај на сериозни пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните и нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Имајќи го предвид наведеното, според членот 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија, Владата може да определи обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед. Врз основа на податоци од извршен инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија соопшти дека се утврди сериозни пореметувања на домашниот пазар во градовите Скопје и Тетово, поради недостаток на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел), за коишто Владата на Република Македонија донесе Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, којашто стапи на сила на 28 февруари 2023 година, велат од Владата.  

The post Владата донесе одлука: Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб appeared first on Република.

]]>
По објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот, пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството на леб https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/po-objavata-na-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-pekarite-najavija-zatvorane-na-pogonite-i-prekin-na-proizvodstvoto-na-leb/ Mon, 27 Feb 2023 12:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=613727

Пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството на леб првиот ден по објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник.

Ова го соопшти Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките на групацијата на која како што беше потенцирано едногласно била донесена одлуката за престанок со работа.

По најавата на министерот за укинување на субвенционирањето на цената на електричната енергија, како и најавата за замрзнување на цените на лебот беше одржана средба на членките на комората. Заклучивме дека субвенционираната цена на електричната енергија има позитивни ефекти и има намалување на цените на лебот, дури и повеќе од учеството на субвенционираната струја. На пазарот веќе имаме производи со постоечки цени од 33 до 35 денари, зависно која категорија. Веќе има леб по тие цени. Пекарската индустрија денеска на состанокот на кој беа присутни 32 индустриски пекари од цела земја, плус од мали градови, сите се согласија дека не се сложуваат со мерката за замрзнување, која ќе ги однесе до работа со загуби. Од сите, едногласно, беше донесена одлука, дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник, другиот ден пекарската индустрија ќе престане да произведува леб – посочи Малишиќ.

Тој објаснуваше дека секоја компанија има свои пресметки, свои влезни трошоци во производството на леб, и посочи дека никој не ги тера граѓаните да купуваат лебови кои се поскапи и дека тие имаат избор да купуваат леб согласно можностите.

Цените на пазарот веќе се намалени, и тоа повеќе од субвенциите. Во формирањето на цените не влегува само струјата, туку и цените на брашното, работната рака, нафтата, опрема за пакување… Со оваа одлука се прави штета на бизнисот, не се гледа целата слика туку само одредени цени. Не сме против за мерката, ако владата ја донесе мерката, од наредниот ден нема да се носи леб на пазарот. Има модел како владата да направи социјална цена за лебот, за да се задоволат потребите на населението треба да се фатите за џеб – потенцира Малишиќ.

Тој појасни дека две години биле општествено одговорни компании, и дека ако сега работат по замрзнати цени, ќе одат во загуба. Потсети дека изминатиов период имаше бројни одлуки кои резултирале со загуби во дејноста, но додаде дека се спремни за преговори.

Ако не затвориме одма, по ваква одлука секако ќе затвориме по некое време – додава Малишиќ.

Пекарите појаснуваа дека во вкупна цена на леб најголем трошок кој опфаќа од 40-45 се трошоци за брашно, потоа околу 35 проценти се трошоци за работна рака, а останати за други трошоци како пакување, нафта, други енергенси. Посочуваат дека поради одливот на кадар има голем недостиг од кадар, поради што и платите во секторот нагло растат. Според нив, просечна плата кај пекарите е 600 евра, но има такви кои се платени и по илјада евра месечно.

The post По објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот, пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството на леб appeared first on Република.

]]>

Пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството на леб првиот ден по објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник. Ова го соопшти Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките на групацијата на која како што беше потенцирано едногласно била донесена одлуката за престанок со работа.
По најавата на министерот за укинување на субвенционирањето на цената на електричната енергија, како и најавата за замрзнување на цените на лебот беше одржана средба на членките на комората. Заклучивме дека субвенционираната цена на електричната енергија има позитивни ефекти и има намалување на цените на лебот, дури и повеќе од учеството на субвенционираната струја. На пазарот веќе имаме производи со постоечки цени од 33 до 35 денари, зависно која категорија. Веќе има леб по тие цени. Пекарската индустрија денеска на состанокот на кој беа присутни 32 индустриски пекари од цела земја, плус од мали градови, сите се согласија дека не се сложуваат со мерката за замрзнување, која ќе ги однесе до работа со загуби. Од сите, едногласно, беше донесена одлука, дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник, другиот ден пекарската индустрија ќе престане да произведува леб – посочи Малишиќ.
Тој објаснуваше дека секоја компанија има свои пресметки, свои влезни трошоци во производството на леб, и посочи дека никој не ги тера граѓаните да купуваат лебови кои се поскапи и дека тие имаат избор да купуваат леб согласно можностите.
Цените на пазарот веќе се намалени, и тоа повеќе од субвенциите. Во формирањето на цените не влегува само струјата, туку и цените на брашното, работната рака, нафтата, опрема за пакување… Со оваа одлука се прави штета на бизнисот, не се гледа целата слика туку само одредени цени. Не сме против за мерката, ако владата ја донесе мерката, од наредниот ден нема да се носи леб на пазарот. Има модел како владата да направи социјална цена за лебот, за да се задоволат потребите на населението треба да се фатите за џеб – потенцира Малишиќ.
Тој појасни дека две години биле општествено одговорни компании, и дека ако сега работат по замрзнати цени, ќе одат во загуба. Потсети дека изминатиов период имаше бројни одлуки кои резултирале со загуби во дејноста, но додаде дека се спремни за преговори.
Ако не затвориме одма, по ваква одлука секако ќе затвориме по некое време – додава Малишиќ.
Пекарите појаснуваа дека во вкупна цена на леб најголем трошок кој опфаќа од 40-45 се трошоци за брашно, потоа околу 35 проценти се трошоци за работна рака, а останати за други трошоци како пакување, нафта, други енергенси. Посочуваат дека поради одливот на кадар има голем недостиг од кадар, поради што и платите во секторот нагло растат. Според нив, просечна плата кај пекарите е 600 евра, но има такви кои се платени и по илјада евра месечно.

The post По објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот, пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството на леб appeared first on Република.

]]>
Цените на производителите на индустриски производи на месечно ниво пониски за 0.7, а на годишно ниво повисоки за 13.8 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsenite-na-proizvoditelite-na-industriski-proizvodi-na-mesechno-nivo-poniski-za-0-7-a-na-godishno-nivo-povisoki-za-13-8-otsto/ Tue, 10 Jan 2023 15:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=595468

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0.7 %, а на годишно ниво се повисоки за 13.8 %.

Во ноември 2022, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.8 %, a во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.7 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, пак, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.4 %, додека се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 13.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 31.3 %.са/

The post Цените на производителите на индустриски производи на месечно ниво пониски за 0.7, а на годишно ниво повисоки за 13.8 отсто appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0.7 %, а на годишно ниво се повисоки за 13.8 %. Во ноември 2022, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.8 %, a во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.7 %. Продажните цени на производителите на индустриски производи, пак, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.4 %, додека се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 13.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 31.3 %.са/

The post Цените на производителите на индустриски производи на месечно ниво пониски за 0.7, а на годишно ниво повисоки за 13.8 отсто appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: ЕСМ годинава го зголеми производството за 27 отсто, догодина планирани уште 20 проценти раст https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-esm-godinava-go-zgolemi-proizvodstvoto-za-27-otsto-dogodina-planirani-ushte-20-procenti-rast/ Sat, 24 Dec 2022 12:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=589464

ЕСМ оваа година, во услови на криза, отежнатост на работа и недостиг на енергенси, го зголеми производството на електрична енергија за 27 проценти, а за 2023 година планира раст на производството за уште 20 отсто споредено со годинава, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на состанок со фирмите членки на Стопанската комора на Македонија.

Иако законот за 2022 година предвидуваше да обезбедиме 60 отсто од електричната енергија, сепак по препорака на Владата ние обезбедуваме 100 проценти и дополнително обезбедуваме енергија за загубите за „Електродистрибуција“ и МЕПСО, за училиштата, јавните претпријатија и прехранбената индустија и други витални институции во државата - рече Ковачевски.

Тој ги информира присутните за состојбата со домашното производство на електрична енергија и дека ЕСМ целосно, со сопствено производство, ги снабдува граѓаните и малите потрошувачи, односно регулираниот пазар.

Генералниот директор соопшти дека во овој момент работат сите капацитети во државата освен Блок 3 на РЕК „Битола“, кој ќе биде ставен во употреба за 10-тина дена.

Во исто време ќе работат три блока во РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино’ со полн капацитет и гасната електрана „Енергетика-Когел“ со полн капацитет, односно се е ставено во употреба во услови на криза - нагласи Ковачевски.

Според него, потребно е да се најде начин да се обезбедат дополнителни ресурси за да се обезбеди дополнителна електрична енергија за стопанството, односно да се помогне со пониски цени на струјата, со оглед на тоа што кризата ќе биде присутна и следната година и никој не може да знае кога ќе заврши, а државата мора да биде подготвена.

The post Ковачевски: ЕСМ годинава го зголеми производството за 27 отсто, догодина планирани уште 20 проценти раст appeared first on Република.

]]>

ЕСМ оваа година, во услови на криза, отежнатост на работа и недостиг на енергенси, го зголеми производството на електрична енергија за 27 проценти, а за 2023 година планира раст на производството за уште 20 отсто споредено со годинава, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на состанок со фирмите членки на Стопанската комора на Македонија.
Иако законот за 2022 година предвидуваше да обезбедиме 60 отсто од електричната енергија, сепак по препорака на Владата ние обезбедуваме 100 проценти и дополнително обезбедуваме енергија за загубите за „Електродистрибуција“ и МЕПСО, за училиштата, јавните претпријатија и прехранбената индустија и други витални институции во државата - рече Ковачевски.
Тој ги информира присутните за состојбата со домашното производство на електрична енергија и дека ЕСМ целосно, со сопствено производство, ги снабдува граѓаните и малите потрошувачи, односно регулираниот пазар. Генералниот директор соопшти дека во овој момент работат сите капацитети во државата освен Блок 3 на РЕК „Битола“, кој ќе биде ставен во употреба за 10-тина дена.
Во исто време ќе работат три блока во РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино’ со полн капацитет и гасната електрана „Енергетика-Когел“ со полн капацитет, односно се е ставено во употреба во услови на криза - нагласи Ковачевски.
Според него, потребно е да се најде начин да се обезбедат дополнителни ресурси за да се обезбеди дополнителна електрична енергија за стопанството, односно да се помогне со пониски цени на струјата, со оглед на тоа што кризата ќе биде присутна и следната година и никој не може да знае кога ќе заврши, а државата мора да биде подготвена.

The post Ковачевски: ЕСМ годинава го зголеми производството за 27 отсто, догодина планирани уште 20 проценти раст appeared first on Република.

]]>
Изминатото деноноќие произведени 17.532 мегават часа електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/izminatoto-denonokjie-proizvedeni-17-532-megavat-chasa-elektrichna-energija/ Mon, 19 Dec 2022 09:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=587469

АД ЕСМ вчера произведе 17.532 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

При тоа, како што нагласуваат, во термоелектраните се произведени 13.167, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.365 мегават часови електрична енергија.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 мегават часа електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, соопштија од Владата.

The post Изминатото деноноќие произведени 17.532 мегават часа електрична енергија appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ вчера произведе 17.532 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата. При тоа, како што нагласуваат, во термоелектраните се произведени 13.167, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.365 мегават часови електрична енергија. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 мегават часа електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, соопштија од Владата.

The post Изминатото деноноќие произведени 17.532 мегават часа електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Ако на пазарот има поевтина електрична енергија, недозволиво е да се произведува по повисока производна цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-ako-na-pazarot-ima-poevtina-elektrichna-energija-nedozvolivo-e-da-se-proizveduva-po-povisoka-proizvodna-cena/ Fri, 18 Nov 2022 09:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=575260

Со домаќинско управување со енергетската криза мора да се следи што се случува на пазарот и ако на пазарот има електрична енергија чија берзанска цена е пониска од производствената, недозволиво е да се произведува со повисока цена. Токму затоа се прави привремен увоз на електрична енергија, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Уверуваме дека ќе имаме доволно електрична енергија до крајот на годинава. Тековното работење не треба да ги засега сите затоа што на крајот на денот енергетскиот биланс ќе биде тој којшто го кажавме пред некој месец со планот до крај на годината. Од јануари ќе гледаме како ќе продолжиме понатаму, но и претходно сме докажеле дека тоа што ќе го ветиме, го испорачуваме - рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Балканскиот економски форум во Скопје.

Посочи дека нема да има поголем проблем со електричната енергија и нагласи дека се прават сите подготовки за во декември да почне производството со сите расположливи домашни капацитети.

ТЕЦ Неготино е во процес на ремонт, но неговата производна цена на електричната енергија е повисока од берзанската цена и немаше логика да произведува дури и да беше во можност да испорачува електрична енергија - укажа Битиќи.

Во врска со кампањата „Штеди струја“ истакна дека финансиските средства за нејзино спроведување не се од Буџетот, туку од општествено одговорни компании.

Мислам дека воопшто нема да ја чини државата затоа што општествено одговорните претпријатија соодветно постапуваат во период кога треба да се повика на штедење. Не знам дека на Влада имаме одобрено финансиски средства за тоа и затоа мислам дека е битна пораката која се испраќа со кампањата - посочи Битиќи.

The post Битиќи: Ако на пазарот има поевтина електрична енергија, недозволиво е да се произведува по повисока производна цена appeared first on Република.

Изминатото деноноќие произведени 10 092 мегават часови електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izminatoto-denonokjie-proizvedeni-10-092-megavat-chasovi-elektrichna-energija/ Fri, 18 Nov 2022 08:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=575254

АД ЕСМ во текот на вчерашното деноноќие произведе 10 092 мегават часови електрична енергија, соопшти Владата.

Во Термоелектраните се произведени 7 692 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2 400 мегават часови.

Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 3 110 мегават часови електрична енергија.

Како што наведува Владата, овие податоци се преземени од Диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за 17.11.2022 година

The post Изминатото деноноќие произведени 10 092 мегават часови електрична енергија appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ во текот на вчерашното деноноќие произведе 10 092 мегават часови електрична енергија, соопшти Владата. Во Термоелектраните се произведени 7 692 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2 400 мегават часови. Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 3 110 мегават часови електрична енергија. Како што наведува Владата, овие податоци се преземени од Диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за 17.11.2022 година

The post Изминатото деноноќие произведени 10 092 мегават часови електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Во прашање им е доведен и опстанокот: И месната индустрија чека поддршка од Владата за субвенционирана струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-mesnata-industrija-cheka-poddrshka-od-vladata-za-subvencionirana-struja/ Fri, 28 Oct 2022 09:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=566744

По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на акедонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат субвенционирана струја, за да обезбедат опстанок на бизнисот во услови на енергетска криза.

Во разговорите со претставниците на Кризниот штаб раководствата на овие компании, кои произведуваат исто така основни прехранбени производи (месо и месни производи), потенцираа дека цената на струјата што ќе а обезбеди Владата, според најавите, ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулираниот пазар. Тоа за нив ќе значи не само опстанок на компаниите, туку и намалување на продажните цени на нивните производи и нивна поголема конкурентност. Сето тоа ќе придонесе за зачувување на економската активност во државата, како и одржување на животниот стандард на населението - соопшти Стопанската комора.

Во однос на моменталната состојба, информираа дека сметките за струја сега се и до десет пати повисоки во однос на истите месеци минатата година. Паралелно со тоа во постојан пораст се и цените на амбалажите и суровинската база.

Одгледувачите на животни, пак, укажуваат дека ова е најлошата година од почетокот на нивното работење. Сточната храна веќе е поскапена за 70 проценти, бележат екстремен раст на транспортните трошоци и на сметките за струја. Сето ова го доведува во прашање опстанокот на овие бизниси.

Од страна на Кризниот штаб беше нагласено дека Комората останува доследна на својата определба да им помогне на компаниите на слободниот пазар на електрична енергија. И понатаму ќе биде во дневен контакт со нив, ќе предлага решенија и ќе биде проактивна и кооперативна со цел да се дојде до решение бидејќи тоа е во интерес не само на бизнисот туку и на самата држава, информира комората.

The post Во прашање им е доведен и опстанокот: И месната индустрија чека поддршка од Владата за субвенционирана струја appeared first on Република.

]]>

По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на акедонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат субвенционирана струја, за да обезбедат опстанок на бизнисот во услови на енергетска криза.
Во разговорите со претставниците на Кризниот штаб раководствата на овие компании, кои произведуваат исто така основни прехранбени производи (месо и месни производи), потенцираа дека цената на струјата што ќе а обезбеди Владата, според најавите, ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулираниот пазар. Тоа за нив ќе значи не само опстанок на компаниите, туку и намалување на продажните цени на нивните производи и нивна поголема конкурентност. Сето тоа ќе придонесе за зачувување на економската активност во државата, како и одржување на животниот стандард на населението - соопшти Стопанската комора.
Во однос на моменталната состојба, информираа дека сметките за струја сега се и до десет пати повисоки во однос на истите месеци минатата година. Паралелно со тоа во постојан пораст се и цените на амбалажите и суровинската база. Одгледувачите на животни, пак, укажуваат дека ова е најлошата година од почетокот на нивното работење. Сточната храна веќе е поскапена за 70 проценти, бележат екстремен раст на транспортните трошоци и на сметките за струја. Сето ова го доведува во прашање опстанокот на овие бизниси. Од страна на Кризниот штаб беше нагласено дека Комората останува доследна на својата определба да им помогне на компаниите на слободниот пазар на електрична енергија. И понатаму ќе биде во дневен контакт со нив, ќе предлага решенија и ќе биде проактивна и кооперативна со цел да се дојде до решение бидејќи тоа е во интерес не само на бизнисот туку и на самата држава, информира комората.

The post Во прашање им е доведен и опстанокот: И месната индустрија чека поддршка од Владата за субвенционирана струја appeared first on Република.

]]>
Од домашно производство била 96,6 отсто од потрошената струја во август https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-domashno-proizvodstvo-bila-96-6-otsto-od-potroshenata-struja-vo-avgust/ Tue, 25 Oct 2022 11:29:38 +0000 https://republika.mk/?p=565410

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала 489 072 МWh електрична енергија, 23.044 мил. нм3 природен гас, 377 045 тони јаглен и 113 677 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.6 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.5 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

The post Од домашно производство била 96,6 отсто од потрошената струја во август appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала 489 072 МWh електрична енергија, 23.044 мил. нм3 природен гас, 377 045 тони јаглен и 113 677 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.6 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.5 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

The post Од домашно производство била 96,6 отсто од потрошената струја во август appeared first on Република.

]]>
ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-go-zgolemi-proizvodstvoto-struja-obezbedi-za-del-od-domashnoto-stopanstvo/ Tue, 18 Oct 2022 10:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=562492

АД ЕСМ на 17.10.2022 година произведе 12.660 MWh електрична енергија.

Во Термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино произведени се 12.253 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 407 MWh.

АД ЕСМ на 17.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети.

Согласно договорот кој го склучи ЕСМ Продажба на 12.10.2022 година за продажба на 1.200 MWh вишоци на електрична енергија за периодот 13 – 18 октомври 2022 година со Дуферко МК, утрово се продадени последните 200 MWh. Станува збор за електрична енергија произведена во период од 2 до 6 часот за која Дуферко МК во конкуренција на уште две други компании (ЕТМТ и ДАНСКЕ) понуди цена од 135,7 евра од мегаватчас.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 17.10.2022 година.

The post ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ на 17.10.2022 година произведе 12.660 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино произведени се 12.253 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 407 MWh. АД ЕСМ на 17.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети. Согласно договорот кој го склучи ЕСМ Продажба на 12.10.2022 година за продажба на 1.200 MWh вишоци на електрична енергија за периодот 13 – 18 октомври 2022 година со Дуферко МК, утрово се продадени последните 200 MWh. Станува збор за електрична енергија произведена во период од 2 до 6 часот за која Дуферко МК во конкуренција на уште две други компании (ЕТМТ и ДАНСКЕ) понуди цена од 135,7 евра од мегаватчас. * Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 17.10.2022 година.

The post ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Граѓаните ќе имаат топлинска енергија до крајот на сезоната, струја ќе добиваат од домашните капацитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-gragjanite-kje-imaat-toplinska-energija-do-krajot-na-sezonata-struja-kje-dobivaat-od-domashnite-kapaciteti/ Sat, 15 Oct 2022 10:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=561419

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека граѓаните ќе добиваат топлинска енергија непречено до крајот на грејната сезона, како и дека потрошувачите не електрична енергија кои се на регулираниот пазар како што се домаќинствата ќе добиваат струја од домашните капацитети, за што, како што истакна веќе се направени сите неопходни подготовки.

Откако АД ЕСМ ги направи и ги заврши сите подготовки скопјани имаат парно греење. Тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Граѓаните во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија. Затоа не треба да се создава паника, бидејќи сите институции се подготвени навремено да го испорачуваат тоа што им е обврска, рече Бектеши кој денеска на првиот ден од грејната сезона беше во посета на Топлана-Исток.

Тој истакна дека АД ЕСМ во рок успеале да ги завршат сите обврски и подготовки, и да ги земат лиценците, со цел да можат да испорачуваат топлинска енергија.

Во врска со снабдувањето со електрична енергија министерот за економија истакна дека во делот на регулираниот пазар домаќинствата, малите потрошувачи и дел од слободениот пазар цела зимска сезона ќе бидат снабдувани во континуитет со електрична енергија од домашни капацитети.

Ние не зависиме од другите држави. Ние сами се подготувавме за се да покриваме домашно за да немаме зголемување и на цените и дополнително на тоа да не зависиме од тоа што би се случило во регионот, во Европа или, пак, глобално. Затоа сите капацитети се ставаат веќе во функција, а денешниот ден секако дека е потврда на тоа дека последните неколку месеци директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски со неговиот тим и со поддршка на Владата ги направија сите подготовки денеска да имаме парно во градот Скопје. Електрична енергија имаме во континуитет за сите наши граѓани и тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Ние не зависиме од другите, ние ги правиме нашите подготовки, ние ги вклучуваме сите наши капацитети, а секако дека сите предлози се добредојдени, ќе ги разгледаме и како што сме ветиле најдобрите понуди во интерес на граѓаните ќе бидат прифатени од наша страна се со цел најевтино да ја поминеме оваа зимска сезона во делот на производство на електрична и на топлинска енергија - рече Бектеши.

Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој заедно со Бектеши беше во посета на Топланата-Исток истакна дека граѓаните треба да бидат безбедни и оти ќе бидат обезбедени со топлинска енергија.

Имаме обезбедено енергенс до крајот на месецов, а следствено на тоа како понатаму ќе функционира приватната гасна централа ТЕ-ТО ќе знаеме дали ќе повлекуваме топлинска енергија од ТЕ-ТО или и понатаму целосно ќе произведуваме топлинска енергија во нашите топлани коишто ги имаме под закуп од АД „Адора” во топланите Исток и Запад. Утринава во 5:50 часот беа пуштени топланите при температура од 9 степени, истите работеа до 9:15 минути кога се постигна надворешна температура од 12 степени и притоа во овој период беа испорачани 997 мегават часови топлинска енергија - рече Ковачевски.

Со оглед дека првично од АД Макпетрол беше набавен гас само за првите две недели од почетокот на грејната сезона, Ковачевски појасни, дека гас ќе се набавува дополнително, и тоа по пониски цени бидејќи, како што рече, тие се во опаѓање. Доколку има некакви промени, и има екстремно високи цени на гасот или пак ако го нема на пазарот, се прават подготовки топланите исток и запад да работат на дизел гориво, за што АД ЕСМ ги прави потребните набавки на опрема и пред се на пумпи за таа намена.

Според Ковачевски, има разговори и за шестмесечна набавка и испорака на природен гас по цена пониска од сегашната од компании надвор од државата.

Во врска со снабдувањето со електричната енергија, Ковачевски истакна дека самото намалување на температурите повлекува поголема потрошувачка, но, како што вели, АД ЕСМ максимално е подготвено за стартот на грејната сезона и во овој дел.

Денеска во функција се ставени и блокот 1 и блокот 2 во РЕК Битола, значи двата блока денеска почнува со работа и во блокот 1 којшто во претходните 23 дена беше во ремонт. Иако, да потсетам за јавноста, еден ваков ремонт трае околу 45 дена, со зголемен ангажман на нашите вработени посебно на вработените во РЕК Битола и ангажманот исклучиво на домашни компании успеавме за толку краток период да го подготвиме блок 1 и денеска се става во систем и ќе биде во функција во текот на цела грејна сезона. Во функција исто така е и термоелектраната во Осломеј којашто ќе работи уште еден краток период, потоа ќе се направи еден краток застој за да може да се направат кратки сервисни интервенции и од почетокот на ноември да биде во функција до крајот на грејната сезона - појасни Ковачевски.

Тој информира и дека ТЕЦ Неготино во моментов работи со двата котли, со максимален капацитет од околу 180 мегавати снага испорачува во системот и оти има дневна испорака од околу илјада тони мазут кој овозможува непрекинато работење на оваа термоелектрана.

Што се однесува пак до хидропотенцијалот него во овој период најмалку го користиме. Во моментот е на ниво од околу 30-ина проценти, а тоа е просек за овој период на годината. Во изминатите неколку месеци ја штедевме водата, го намаливме производството на електрична енергија од хидропотенцијалот за дури 30 проценти. Следствено на тоа, пак, го зголемивме производството на електрична енергија од термокапацитетите во Битола и во Осломеј за дури 25 проценти и така се движиме кон планот којшто го имаме предвидено за оваа година, а тоа е 25 проценти поголем план од минатата година. До септември, значи заклучно со 30 септември тој план го исполнивме целосно и го надминавме за неколку проценти. Значи, целосно сме ангажирани, целосно сме мотивирани во време на енергетска криза да успееме максимално колку што е можно повеќе да произведеме домашна енергија и тоа го правиме со сите наши расположливи капацитети - рече директорот на АД ЕСМ.

Тој вели дека има доволно ресурси и за термоелектраните, јагленот има на располагање од над 200 илјади тони на депонија во РЕК Битола и околу 50 илјади тони на депонијата во РЕК Осломеј. Според него, мазут има околу 15 илјади тони во складиштата во ТЕЦ Неготино, како и оти хидропотенцијалот е на околу 30 проценти.

Сметам, истакна директорот на АД ЕСМ, дека со ваквиот начин на функционирање и на менаџирање на сите електроенергетски капацитети во државата успешно ќе ја пребродиме и оваа грејна сезона и успешно ќе ја надминеме и оваа енергетска криза во овој период.

The post Бектеши: Граѓаните ќе имаат топлинска енергија до крајот на сезоната, струја ќе добиваат од домашните капацитети appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека граѓаните ќе добиваат топлинска енергија непречено до крајот на грејната сезона, како и дека потрошувачите не електрична енергија кои се на регулираниот пазар како што се домаќинствата ќе добиваат струја од домашните капацитети, за што, како што истакна веќе се направени сите неопходни подготовки. Откако АД ЕСМ ги направи и ги заврши сите подготовки скопјани имаат парно греење. Тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Граѓаните во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија. Затоа не треба да се создава паника, бидејќи сите институции се подготвени навремено да го испорачуваат тоа што им е обврска, рече Бектеши кој денеска на првиот ден од грејната сезона беше во посета на Топлана-Исток. Тој истакна дека АД ЕСМ во рок успеале да ги завршат сите обврски и подготовки, и да ги земат лиценците, со цел да можат да испорачуваат топлинска енергија. Во врска со снабдувањето со електрична енергија министерот за економија истакна дека во делот на регулираниот пазар домаќинствата, малите потрошувачи и дел од слободениот пазар цела зимска сезона ќе бидат снабдувани во континуитет со електрична енергија од домашни капацитети.
Ние не зависиме од другите држави. Ние сами се подготувавме за се да покриваме домашно за да немаме зголемување и на цените и дополнително на тоа да не зависиме од тоа што би се случило во регионот, во Европа или, пак, глобално. Затоа сите капацитети се ставаат веќе во функција, а денешниот ден секако дека е потврда на тоа дека последните неколку месеци директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски со неговиот тим и со поддршка на Владата ги направија сите подготовки денеска да имаме парно во градот Скопје. Електрична енергија имаме во континуитет за сите наши граѓани и тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Ние не зависиме од другите, ние ги правиме нашите подготовки, ние ги вклучуваме сите наши капацитети, а секако дека сите предлози се добредојдени, ќе ги разгледаме и како што сме ветиле најдобрите понуди во интерес на граѓаните ќе бидат прифатени од наша страна се со цел најевтино да ја поминеме оваа зимска сезона во делот на производство на електрична и на топлинска енергија - рече Бектеши.
Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој заедно со Бектеши беше во посета на Топланата-Исток истакна дека граѓаните треба да бидат безбедни и оти ќе бидат обезбедени со топлинска енергија.
Имаме обезбедено енергенс до крајот на месецов, а следствено на тоа како понатаму ќе функционира приватната гасна централа ТЕ-ТО ќе знаеме дали ќе повлекуваме топлинска енергија од ТЕ-ТО или и понатаму целосно ќе произведуваме топлинска енергија во нашите топлани коишто ги имаме под закуп од АД „Адора” во топланите Исток и Запад. Утринава во 5:50 часот беа пуштени топланите при температура од 9 степени, истите работеа до 9:15 минути кога се постигна надворешна температура од 12 степени и притоа во овој период беа испорачани 997 мегават часови топлинска енергија - рече Ковачевски.
Со оглед дека првично од АД Макпетрол беше набавен гас само за првите две недели од почетокот на грејната сезона, Ковачевски појасни, дека гас ќе се набавува дополнително, и тоа по пониски цени бидејќи, како што рече, тие се во опаѓање. Доколку има некакви промени, и има екстремно високи цени на гасот или пак ако го нема на пазарот, се прават подготовки топланите исток и запад да работат на дизел гориво, за што АД ЕСМ ги прави потребните набавки на опрема и пред се на пумпи за таа намена. Според Ковачевски, има разговори и за шестмесечна набавка и испорака на природен гас по цена пониска од сегашната од компании надвор од државата. Во врска со снабдувањето со електричната енергија, Ковачевски истакна дека самото намалување на температурите повлекува поголема потрошувачка, но, како што вели, АД ЕСМ максимално е подготвено за стартот на грејната сезона и во овој дел.
Денеска во функција се ставени и блокот 1 и блокот 2 во РЕК Битола, значи двата блока денеска почнува со работа и во блокот 1 којшто во претходните 23 дена беше во ремонт. Иако, да потсетам за јавноста, еден ваков ремонт трае околу 45 дена, со зголемен ангажман на нашите вработени посебно на вработените во РЕК Битола и ангажманот исклучиво на домашни компании успеавме за толку краток период да го подготвиме блок 1 и денеска се става во систем и ќе биде во функција во текот на цела грејна сезона. Во функција исто така е и термоелектраната во Осломеј којашто ќе работи уште еден краток период, потоа ќе се направи еден краток застој за да може да се направат кратки сервисни интервенции и од почетокот на ноември да биде во функција до крајот на грејната сезона - појасни Ковачевски.
Тој информира и дека ТЕЦ Неготино во моментов работи со двата котли, со максимален капацитет од околу 180 мегавати снага испорачува во системот и оти има дневна испорака од околу илјада тони мазут кој овозможува непрекинато работење на оваа термоелектрана.
Што се однесува пак до хидропотенцијалот него во овој период најмалку го користиме. Во моментот е на ниво од околу 30-ина проценти, а тоа е просек за овој период на годината. Во изминатите неколку месеци ја штедевме водата, го намаливме производството на електрична енергија од хидропотенцијалот за дури 30 проценти. Следствено на тоа, пак, го зголемивме производството на електрична енергија од термокапацитетите во Битола и во Осломеј за дури 25 проценти и така се движиме кон планот којшто го имаме предвидено за оваа година, а тоа е 25 проценти поголем план од минатата година. До септември, значи заклучно со 30 септември тој план го исполнивме целосно и го надминавме за неколку проценти. Значи, целосно сме ангажирани, целосно сме мотивирани во време на енергетска криза да успееме максимално колку што е можно повеќе да произведеме домашна енергија и тоа го правиме со сите наши расположливи капацитети - рече директорот на АД ЕСМ.
Тој вели дека има доволно ресурси и за термоелектраните, јагленот има на располагање од над 200 илјади тони на депонија во РЕК Битола и околу 50 илјади тони на депонијата во РЕК Осломеј. Според него, мазут има околу 15 илјади тони во складиштата во ТЕЦ Неготино, како и оти хидропотенцијалот е на околу 30 проценти. Сметам, истакна директорот на АД ЕСМ, дека со ваквиот начин на функционирање и на менаџирање на сите електроенергетски капацитети во државата успешно ќе ја пребродиме и оваа грејна сезона и успешно ќе ја надминеме и оваа енергетска криза во овој период.

The post Бектеши: Граѓаните ќе имаат топлинска енергија до крајот на сезоната, струја ќе добиваат од домашните капацитети appeared first on Република.

]]>
Тутунопроизводството во опасност ако цените не се зголемат до 25 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tutunoproizvodstvoto-vo-opasnost-ako-cenite-ne-se-zgolemat-do-25-otsto/ Fri, 16 Sep 2022 11:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=551429

И тутунопроизводството како земјоделско-индустриска гранка е во опасност од рапидно намалување на производството доколку тоа не стане исплатливо. Ситуацијата ќе зависи од претстојниот откуп и цените за продажба на родот, оценуваат во Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Се бара зголемување на цената по класи за 20 до 25 отсто.

Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот, годинашниов род е со добар квалитет и иако се договорени речиси 26 000 тони, реколтата се оценува на околу 18 500 тони, речиси на ланското намалено ниво.

Моментално тутунот е со добар квалитет. Дождовите ја поправија ситуацијата да не потфрли родот. Тоа и ја забрза бербата. Но, сметаме дека годинава нема да се постигнат договорените количества. Реколтата е на ниво на ланската и прашање е колку ќе се постигне. Ако се договорени близу 26 000 тони, сметаме дека оваа година реколтата ќе биде може и помалку од лани, најмногу до 18 500 тони тутун - вели Стомнароски.

Преговорите за повисоки откупни цени се почнати уште пролетта, но, сега е вистинскиот момент за сериозни преговори со откупувачите.

Веќе еден од откупувачите најави зголемување на цените по класи за 15 проценти, а очекуваме тоа да го следат и другите. Доколку не се зголемат цените, в година ќе се соочиме со уште помал род и во опасност ќе биде да се уништи тутунопроизводството. Мора да се зголемат цените. Партнерскиот однос помеѓу производителите и откупувачите треба да се изедначи, зашто никој по оваа цена нема да засади тутун - објаснува Стомнароски.

Злате Дамоски, претседател на прилепското тутунско здружение „Мице Козар“ смета дека реалната исплатлива цена за производство е да се зголеми откупната за 20 до 25 проценти.

За нас, оптималната цена е таа да не биде под 240 денари за килограм. Под тоа е неисплатливо. Реално е да се зголеми за 20 до 25 насто. Сето друго го доведува во опасност тутунопроизводството. Ќе нема кој да засадува, ќе исчезне од нивите - вели Дамоски.

Инаку, цените по класи се, за прва 280, за втора 200, за трета 155 и 150 денари за килограм, а збирната, четврта класа е 90 денари. Од тутунопроизводство, во земјава живеат речиси 30 000 семејства. Најголемиот дел од производството е во Прилепско-пелагонискиот регион.

The post Тутунопроизводството во опасност ако цените не се зголемат до 25 отсто appeared first on Република.

]]>

И тутунопроизводството како земјоделско-индустриска гранка е во опасност од рапидно намалување на производството доколку тоа не стане исплатливо. Ситуацијата ќе зависи од претстојниот откуп и цените за продажба на родот, оценуваат во Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Се бара зголемување на цената по класи за 20 до 25 отсто. Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот, годинашниов род е со добар квалитет и иако се договорени речиси 26 000 тони, реколтата се оценува на околу 18 500 тони, речиси на ланското намалено ниво.
Моментално тутунот е со добар квалитет. Дождовите ја поправија ситуацијата да не потфрли родот. Тоа и ја забрза бербата. Но, сметаме дека годинава нема да се постигнат договорените количества. Реколтата е на ниво на ланската и прашање е колку ќе се постигне. Ако се договорени близу 26 000 тони, сметаме дека оваа година реколтата ќе биде може и помалку од лани, најмногу до 18 500 тони тутун - вели Стомнароски.
Преговорите за повисоки откупни цени се почнати уште пролетта, но, сега е вистинскиот момент за сериозни преговори со откупувачите.
Веќе еден од откупувачите најави зголемување на цените по класи за 15 проценти, а очекуваме тоа да го следат и другите. Доколку не се зголемат цените, в година ќе се соочиме со уште помал род и во опасност ќе биде да се уништи тутунопроизводството. Мора да се зголемат цените. Партнерскиот однос помеѓу производителите и откупувачите треба да се изедначи, зашто никој по оваа цена нема да засади тутун - објаснува Стомнароски.
Злате Дамоски, претседател на прилепското тутунско здружение „Мице Козар“ смета дека реалната исплатлива цена за производство е да се зголеми откупната за 20 до 25 проценти.
За нас, оптималната цена е таа да не биде под 240 денари за килограм. Под тоа е неисплатливо. Реално е да се зголеми за 20 до 25 насто. Сето друго го доведува во опасност тутунопроизводството. Ќе нема кој да засадува, ќе исчезне од нивите - вели Дамоски.
Инаку, цените по класи се, за прва 280, за втора 200, за трета 155 и 150 денари за килограм, а збирната, четврта класа е 90 денари. Од тутунопроизводство, во земјава живеат речиси 30 000 семејства. Најголемиот дел од производството е во Прилепско-пелагонискиот регион.

The post Тутунопроизводството во опасност ако цените не се зголемат до 25 отсто appeared first on Република.

]]>
Руското производство на нафта со остар пад, експерти предвидуваат лоши сценарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskoto-proizvodstvo-na-nafta-so-ostar-pad-eksperti-predviduvaat-loshi-scenarija/ Fri, 06 May 2022 11:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=498551

Производството на нафта во Русија бележи остар пад. Во март, производството е намалено за половина милион барели дневно, а до крајот на април, вкупното намалување порасна на милион барели дневно, јави OilPrice.com, главниот светски портал специјализиран за енергетика. Извор на информациите е Бернард Луни, директор на British Petroleum.

Денес еден милион барели руска нафта се надвор од системот… Сметаме дека ова, веројатно, ќе се удвои овој месец, кога постоечките санкции ќе стапат на сила. Мислам оти не треба да се очекува наскоро да има намалување на цените, изјави Луни за западните медиуми, пренесе Индекс.

Моментално цената за барел нафта се движи околу 110 долари, а може да порасне уште повеќе, доколку Кина се откаже од „нулта-Ковид“ политиката и стави крај на „локдаунот“. Досега, нафтата главно беше изземена од санкциите, што Европската Унија ги воведе против Русија, поради војната во Украина. Но, најавите за прекинот на увоз на руските нафта и гас во Европа, ги креваат цените уште повеќе.

Потенцијално би можеле да видиме загуба над седум милиони барели дневно извоз на руска нафта и други јаглеводороди, како резултат на сегашните и на идните санкции, или на други доброволни акции, тврди генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо.

Тоа не ги предомисли лидерите на ЕУ, да објават планови за постепен прекин на увозот на нафта од Русија, веќе до крајот на годината. Тешко дека алтернативните извори ќе бидат доволни да ја надоместат нафтата од Русија, бидејќи Европа со децении градеше инфраструктура кон таа земја и создаде зависност од нејзините енергенси, пишува медиумот.

Според документ на руското Министерство за економија, Русија очекува пад на производството на нафтата за 17 отсто до крајот на годината, во однос на нивото на производство пред војната во Украина. Тоа би бил најголем пад на производството од 1990-те години.

Како што покажуваат информациите во документот, руското производство на нафта може да се намали од 433.8 милиони до 475.3 милиони тони (од 8.68 милиони до 9.5 милиони барели дневно) во 2022 од 524-те милиони тони во 2021 година. Тоа би било најмало ниво на производство од 2003 година.

Тоа е близу два милиони барели дневно, што е слично со предвидувањето на Луни, но и тоа на норвешката енергетска консултантска компанија Rystad Energy.

The post Руското производство на нафта со остар пад, експерти предвидуваат лоши сценарија appeared first on Република.

]]>

Производството на нафта во Русија бележи остар пад. Во март, производството е намалено за половина милион барели дневно, а до крајот на април, вкупното намалување порасна на милион барели дневно, јави OilPrice.com, главниот светски портал специјализиран за енергетика. Извор на информациите е Бернард Луни, директор на British Petroleum. Денес еден милион барели руска нафта се надвор од системот… Сметаме дека ова, веројатно, ќе се удвои овој месец, кога постоечките санкции ќе стапат на сила. Мислам оти не треба да се очекува наскоро да има намалување на цените, изјави Луни за западните медиуми, пренесе Индекс. Моментално цената за барел нафта се движи околу 110 долари, а може да порасне уште повеќе, доколку Кина се откаже од „нулта-Ковид“ политиката и стави крај на „локдаунот“. Досега, нафтата главно беше изземена од санкциите, што Европската Унија ги воведе против Русија, поради војната во Украина. Но, најавите за прекинот на увоз на руските нафта и гас во Европа, ги креваат цените уште повеќе. Потенцијално би можеле да видиме загуба над седум милиони барели дневно извоз на руска нафта и други јаглеводороди, како резултат на сегашните и на идните санкции, или на други доброволни акции, тврди генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо. Тоа не ги предомисли лидерите на ЕУ, да објават планови за постепен прекин на увозот на нафта од Русија, веќе до крајот на годината. Тешко дека алтернативните извори ќе бидат доволни да ја надоместат нафтата од Русија, бидејќи Европа со децении градеше инфраструктура кон таа земја и создаде зависност од нејзините енергенси, пишува медиумот. Според документ на руското Министерство за економија, Русија очекува пад на производството на нафтата за 17 отсто до крајот на годината, во однос на нивото на производство пред војната во Украина. Тоа би бил најголем пад на производството од 1990-те години. Како што покажуваат информациите во документот, руското производство на нафта може да се намали од 433.8 милиони до 475.3 милиони тони (од 8.68 милиони до 9.5 милиони барели дневно) во 2022 од 524-те милиони тони во 2021 година. Тоа би било најмало ниво на производство од 2003 година. Тоа е близу два милиони барели дневно, што е слично со предвидувањето на Луни, но и тоа на норвешката енергетска консултантска компанија Rystad Energy.

The post Руското производство на нафта со остар пад, експерти предвидуваат лоши сценарија appeared first on Република.

]]>