производители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proizvoditeli/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 13:56:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png производители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proizvoditeli/ 32 32 Расте бавно, ама заработката е сигурна https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/raste-bavno-ama-zarabotkata-e-sigurna/ Thu, 29 Feb 2024 13:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=749681

Македонија има идеални услови за одгледување на квалитетен орев, кој се извезува во земји како Германија, Италија и Турција. Според податоците, производството на орев на годишно ниво изнесува околу 2.200 тона, со просечен принос од 1.800 килограми по хектар. Ова го става оревот на трето место по производство, веднаш по лешникот и бадемот.

Во Македонија, најраспространети се сортите „Чандлер“, „Франкет“, „Хартли“ и „Серс“, кои се одликуваат со големина, вкус и квалитет на плодот.

Овие сорти се погодни за извоз, бидејќи имаат долг рок на траење и се транспортираат лесно.

Цената на оревот на пазарот варира во зависност од понудата и побарувачката, но во просек се движи околу 200 денари за килограм.

За да се вклучат во овој агробизнис, младите земјоделци имаат можност да аплицираат за субвенции и кредити од државата и од Европската Унија.

Една од мерките која се нуди е финансиска поддршка за засадување на нови насади од орев. Исто така, постојат и други програми за подобрување на конкурентноста, квалитетот и пласманот на производите од орев.

Меѓутоа, не сите млади земјоделци се заинтересирани за овој вид на производство, бидејќи сметаат дека тој бара голем влог, труд и време, а не нуди брза и сигурна заработка.

Некои од нив преферираат да се занимаваат со поинтензивни и поисплатливи култури, како зеленчук, овошје или цвеќе. Други, пак, се соочуваат со проблеми како недостаток на земјиште, вода, механизација, складишен простор и пазар.

Затоа, за да се поттикне развојот на ореварството во Македонија, потребно е да се обезбедат подобри услови и поддршка за младите земјоделци, кои би го препознале потенцијалот на овој плод.

Оревот не е само здрава храна, туку и можност за работа, приход и напредок.

извор: денар.мк

The post Расте бавно, ама заработката е сигурна appeared first on Република.

]]>

Македонија има идеални услови за одгледување на квалитетен орев, кој се извезува во земји како Германија, Италија и Турција. Според податоците, производството на орев на годишно ниво изнесува околу 2.200 тона, со просечен принос од 1.800 килограми по хектар. Ова го става оревот на трето место по производство, веднаш по лешникот и бадемот. Во Македонија, најраспространети се сортите „Чандлер“, „Франкет“, „Хартли“ и „Серс“, кои се одликуваат со големина, вкус и квалитет на плодот. Овие сорти се погодни за извоз, бидејќи имаат долг рок на траење и се транспортираат лесно. Цената на оревот на пазарот варира во зависност од понудата и побарувачката, но во просек се движи околу 200 денари за килограм. За да се вклучат во овој агробизнис, младите земјоделци имаат можност да аплицираат за субвенции и кредити од државата и од Европската Унија. Една од мерките која се нуди е финансиска поддршка за засадување на нови насади од орев. Исто така, постојат и други програми за подобрување на конкурентноста, квалитетот и пласманот на производите од орев. Меѓутоа, не сите млади земјоделци се заинтересирани за овој вид на производство, бидејќи сметаат дека тој бара голем влог, труд и време, а не нуди брза и сигурна заработка. Некои од нив преферираат да се занимаваат со поинтензивни и поисплатливи култури, како зеленчук, овошје или цвеќе. Други, пак, се соочуваат со проблеми како недостаток на земјиште, вода, механизација, складишен простор и пазар. Затоа, за да се поттикне развојот на ореварството во Македонија, потребно е да се обезбедат подобри услови и поддршка за младите земјоделци, кои би го препознале потенцијалот на овој плод. Оревот не е само здрава храна, туку и можност за работа, приход и напредок. извор: денар.мк

The post Расте бавно, ама заработката е сигурна appeared first on Република.

]]>
Битиќи во Кавадарци: Финансиската помош за компаниите е индиректна поддршка и за локалните домашни производители https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-vo-kavadartsi-finansiskata-pomosh-za-kompaniite-e-indirektna-poddrshka-i-za-lokalnite-domashni-proizvoditeli/ Mon, 15 May 2023 14:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=641052

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, ја посетија компанијата „ЕКО – ГРУП“ во Кавадарци која се занимава со преработка и конзервирање на овошје и зеленчук, вегански и сертифицирани органски производи според регулативата на ЕУ.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека се работи за релативно млада компанија која своите почетоци ги има во 2017 година, но која преку нејзиниот паметен-бизнис пристап и усвојувањето на најсовремените деловни практики успева да ги освои меѓународните пазари.

„Се радувам на вакви убави бизнис приказни кои претставуваат инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја. Компанијата се занимава со преработка и конзервирање на овошје и зеленчук, вегански и сертифицирани органски  производи според регулативата на ЕУ,  со високо ниво на додадена вредност со палета од над 70 уникатни органски производи. Токму затоа производите на „ЕКО ГРУП ОЦП“ денес можат да се најдат на пазарите во Бугарија, Црна Гора, Хрватска и Швајцарија“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека суровините кои ги користи оваа компанија во поголем дел се од македонско потекло, со што обезбедува поддршка и за домашните производители што пак доведува до поголеми можности за работа, зголемен приход и постабилна економска средина.

„Компанијата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во 2021 година започна петгодишен инвестициски циклус во делот на поддршка за пораст на Капитални инвестиции и приходи и поддршка за зголемување на конкурентност на пазарот.

Пазарот на органска храна рапидно се шири во последните години и се очекува да продолжи да расте во наредните години. Инвестирањето во органски прехранбени производи може да обезбеди можност за инвеститорите да имаат корист од овој тренд, и секако, за нашите граѓани нови можности за вработување“, изјави вицепремиерот Битиќи, и додаде дека преку понатамошно развивање на производството и преработка на здрави, еколошки и чисти конзервни производи од овошје и зеленчук, компанијата ќе даде позитивен импулс на локалниот економски развој, што за граѓаните на Кавадарци ќе значи креирање на нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.

„Ова пак за нашата држава значи поттикнување и унапредување на рамномерниот регионален развој, кој ќе одговара на потребите на граѓаните независно од место каде што живеат. Воедно, уште еднаш како Влада покажавме на дело дека сме посветени и истрајни во нашата намера на транспарентен начин да ги поддржуваме домашните компании во нивните напори за унапредување на производството, конкурентноста и отворањето на нови работни места“, изјави вицепремиерот Битиќи.

Директорката Лукаревска изјави дека и претставува задоволство што заедно со  вицепремиерот Битиќи ја посети „ЕКО-ГРУП“, компанија која е дисциплиниран даночен обврзник која со својот труд и вложување успеа од мала семејна компанија да се развие во препознатлив  успешен бренд не само во земјава туку и надвор од неа.

„Преку ваквите посети се доближуваме до нашите даночни обврзници кои ги почитуваат законите и допринесуваат за развој на домашното производство и овозможуваат полнење на буџетот. Така ќе продолжиме и во иднина со посети и давање шанси и промоции на вакви компании кои се одликуваат со посебни резултати“, изјави Лукаревска.
 
Сопственичката на „ЕКО-ГРУП“ Аница Андреева, изрази благодарност до Владата за финансиската помош која на компанијата и значи многу.

„Помошта ни значи многу за инвестирање во нови технологии, и без оваа помош тешко би функционирале, како сега така и во иднина“, изјави Андреева.

The post Битиќи во Кавадарци: Финансиската помош за компаниите е индиректна поддршка и за локалните домашни производители appeared first on Република.

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemeni-prodaznite-ceni-na-proizvoditelite-na-industriski-proizvodi/ Thu, 10 Nov 2022 12:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=572293

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември 2022 година, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 15,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Во септември 2022, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,3 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,1 отсто.

Во септември 2022, во споредба со септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 14,6 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 43,1 процент

Според Државниот завод за статистика, во септември 2022 година продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се пониски за 0,5 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 10,9 проценти.

Во септември 2022, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 процента. Во септември 2022, во споредба со септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9,3, а во секторот Преработувачка индустрија за 11 отсто.

The post Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи appeared first on Република.

]]>

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември 2022 година, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 15,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Во септември 2022, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,3 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,1 отсто. Во септември 2022, во споредба со септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 14,6 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 43,1 процент Според Државниот завод за статистика, во септември 2022 година продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се пониски за 0,5 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 10,9 проценти. Во септември 2022, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 процента. Во септември 2022, во споредба со септември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9,3, а во секторот Преработувачка индустрија за 11 отсто.

The post Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи appeared first on Република.

]]>