производи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proizvodi/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 09:25:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png производи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proizvodi/ 32 32 Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-rabotime-zemjodelskite-proizvodi-da-bidat-prepoznatlivi-nadvor-od-granitsite-i-da-go-namalime-uvozot-na-hrana-vo-makedonija-taka-ke-gi-zashtitime-i-zemjodeltsite/ Fri, 25 Oct 2024 09:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=830851

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“.

„Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски.

Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците.

„Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот.

Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна.

„Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски.

Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот.

„Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој.

„Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот.

Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

The post Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците appeared first on Република.

]]>

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“. „Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски. Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците. „Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот. Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна. „Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски. Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот. „Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој. „Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот. Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

The post Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците appeared first on Република.

]]>
„Помалку трошоци, повеќе за тебе“: Како да ги препознаете производите чија цена треба да е намалена? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/ Tue, 24 Sep 2024 09:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=819226

Во „Службен весник“ е објавена Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат видови и количества на одделни стоки на потрошувачите со што од денеска се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од есенската потрошувачка кошница.

Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Одлуката ја донесе Владата на предлог на работна група формирана од министерствата за економија, финансии и земјоделство.

Министерот за економија Бесар Дурмиши на прес-конференција во петокот рече дека одлуката е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индексот на трошоци за живот, кои покажуваат дека во август годинава во однос на декември лани евидентирано е зголемување на трошоците за храна за четири проценти.

Во есенската потрошувачка кошница, според Владата, се вклучени прехранбените производи што најмногу ги користат граѓаните, додека според опозицијата, мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.

The post „Помалку трошоци, повеќе за тебе“: Како да ги препознаете производите чија цена треба да е намалена? appeared first on Република.

]]>

Во „Службен весник“ е објавена Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат видови и количества на одделни стоки на потрошувачите со што од денеска се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од есенската потрошувачка кошница. Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Одлуката ја донесе Владата на предлог на работна група формирана од министерствата за економија, финансии и земјоделство. Министерот за економија Бесар Дурмиши на прес-конференција во петокот рече дека одлуката е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индексот на трошоци за живот, кои покажуваат дека во август годинава во однос на декември лани евидентирано е зголемување на трошоците за храна за четири проценти. Во есенската потрошувачка кошница, според Владата, се вклучени прехранбените производи што најмногу ги користат граѓаните, додека според опозицијата, мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.

The post „Помалку трошоци, повеќе за тебе“: Како да ги препознаете производите чија цена треба да е намалена? appeared first on Република.

]]>
Објавена есенската кошница: Ова се производите со ограничена маржа до 10 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/objavena-esenskata-koshnitsa-ova-se-proizvodite-so-ogranichena-marzha-do-10-protsenti/ Fri, 20 Sep 2024 12:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=818198

Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје,  се на листата со 73 три производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало,  а маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, одлучи денеска Владата, на предлог на Министерството за економија и труд.

Одлуката на Владата за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи  ќе стапи во сила наредниот ден по објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до 31 октомври годинава.

Ресорниот министер  Бесар Дурмиши на прес-конференција рече дека  со стапување во сила на оваа одлука се очекува трошоците за храна и безалкохолни пијалоци да се намалат во просек за околу 10 проценти.

Дурмиши соопшти дека ваквата одлука е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти, од кои најголемо зголемување има кај овошјето од 10,9 проценти, кај млекото, сирењето и јајцата од 6,6 проценти, кај зеленчукот од 3,9 проценти, кај месото од 3,6 проценти, и  кај лебот и жита од 2 проценти. За истиот период, трошоците за безалкохолни пијалоци се зголемени за 9,4 проценти, од кои кај минерлната вода, безалкохолните пијалоци, соковите од овошје и зеленчук зголемувањето е од 11,1 процент, додека кај кафе, чај и какао зголемувањето е од 7,7 проценти.

-Согласно податоците, во консултација со работната група која беше формирана од претставници од министерствата за економија и труд,  за финансии и за земјоделство, сметаме дека ваквото зголемување на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци е прекумерно и несразмерно во однос на растот на трошоците за набавка и оперативните трошоци кои трговците ги имаат. Нашите проценки се дека со стапување во сила на оваа одлука трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за околу 10 проценти, со што ќе се намалат и трошоците за живот во потрошувачката кошница за групата храна и пијалоци,  рече министерот Дурмиши.

Според Одлуката, трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб -  страницата на Министерството за економија и труд.

Исто така, посочи Дурмиши, трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска  да  ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70 проценти од прибавените количини во август годинава од овие производи на листата.

Мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Во листата на производи спаѓаат:

- ориз бел во пакување од 900г до 1кг;
-брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг;
-бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
-печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
-бисквити, "Petit Beure" и бисквити обични од 300гр до 500 гр;
-тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица без и со јајца од 500 гр (без додатоци).;
-масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 литар;
-месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;
-месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;
-пиле (свежо и замрзнато) цело;
-пилешки стек (свеж и замрзнат);
-салама, шункова во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);
-чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
-чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
-пилешка посебна саламa во пакување од 300гр до 800гр  (без слајс пакување);
-паштета од џигер или пилешка (кокошја), (без додатоци) во пакување од 95гр и 100 гр.;
-замрзната риба  Ослиќ;
-трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти во пакување од 1 литар;
-јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8 проценти до 3,2 проценти  во пакување од 1 литар;
-кисело кравјо млеко (обично без додатоци) со масленост од 2,8 проценти и 3,2  порценти во пакување од 400гр до 500 гр;
-павлака од кравјо млеко, кисела со масленост од  од 12 проценти до 20 порценти во пакување од 180гр до 400 гр;
-урда;
-традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
-традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
-традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
-традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
-свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;
-масло ,(путер), индустриски произведен (пакување од 250 гр.);
-маргарин, (обичен), пакуван од 250 гр;
-јаболка;
-праски;
-грозје трпезно;
-лимони;
-портокали;
-банани;
-исчистени ореви;
-грав;
-кромид;
-компир;
-морков;
-спанаќ;
-зелка;
-краставици;
-корнишони;
-лук;
-тиквици;
-боранија;
-домат;
-пиперки;
-карфиол;
-тиква;
-модар патлиџан;
-леќа;
-магдонос;
-брокула;
-праз;
-зеленчук замрзнат (мешавина) во фолија од 450 гр;
-зеленчук замрзнат од  пченка, во фолија од 450 гр;
-зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450 гр;
-боранија замрзната, во фолија од 450 гр;
-маслинки, црни;
-грашок конзервиран во пакување од 400гр;
-ајвар од печени пиперки, тегла до 660 гр;
-краставички, конзервирани, тегла до 720 гр;
-печурки маринирани (сецкани), тегла до 720 гр;
-шеќер кристал бел;
-џем и мармалад;
-чоколадо млечно обично, во пакување од 100 гр;
-кечап;
-мајонез во тегла од 660 гр;
-зачин (вегета, зачинал и слично);
-кафе пржено мелено пакувано од 200гр;
-сок кашест (матен) овошен од разно овошје во тетрапак од 1 литар.

https://www.youtube.com/live/ibjCw927Yrs?si=M0S4M_04uWxkXSwR

The post Објавена есенската кошница: Ова се производите со ограничена маржа до 10 проценти appeared first on Република.

]]>

Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје,  се на листата со 73 три производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало,  а маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, одлучи денеска Владата, на предлог на Министерството за економија и труд. Одлуката на Владата за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи  ќе стапи во сила наредниот ден по објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до 31 октомври годинава. Ресорниот министер  Бесар Дурмиши на прес-конференција рече дека  со стапување во сила на оваа одлука се очекува трошоците за храна и безалкохолни пијалоци да се намалат во просек за околу 10 проценти. Дурмиши соопшти дека ваквата одлука е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти, од кои најголемо зголемување има кај овошјето од 10,9 проценти, кај млекото, сирењето и јајцата од 6,6 проценти, кај зеленчукот од 3,9 проценти, кај месото од 3,6 проценти, и  кај лебот и жита од 2 проценти. За истиот период, трошоците за безалкохолни пијалоци се зголемени за 9,4 проценти, од кои кај минерлната вода, безалкохолните пијалоци, соковите од овошје и зеленчук зголемувањето е од 11,1 процент, додека кај кафе, чај и какао зголемувањето е од 7,7 проценти. -Согласно податоците, во консултација со работната група која беше формирана од претставници од министерствата за економија и труд,  за финансии и за земјоделство, сметаме дека ваквото зголемување на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци е прекумерно и несразмерно во однос на растот на трошоците за набавка и оперативните трошоци кои трговците ги имаат. Нашите проценки се дека со стапување во сила на оваа одлука трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за околу 10 проценти, со што ќе се намалат и трошоците за живот во потрошувачката кошница за групата храна и пијалоци,  рече министерот Дурмиши. Според Одлуката, трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб -  страницата на Министерството за економија и труд. Исто така, посочи Дурмиши, трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска  да  ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70 проценти од прибавените количини во август годинава од овие производи на листата. Мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Во листата на производи спаѓаат:

- ориз бел во пакување од 900г до 1кг; -брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг; -бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; -печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење); -бисквити, "Petit Beure" и бисквити обични од 300гр до 500 гр; -тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица без и со јајца од 500 гр (без додатоци).; -масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 литар; -месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел; -месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел; -пиле (свежо и замрзнато) цело; -пилешки стек (свеж и замрзнат); -салама, шункова во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување); -чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување); -чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување); -пилешка посебна саламa во пакување од 300гр до 800гр  (без слајс пакување); -паштета од џигер или пилешка (кокошја), (без додатоци) во пакување од 95гр и 100 гр.; -замрзната риба  Ослиќ; -трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти во пакување од 1 литар; -јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8 проценти до 3,2 проценти  во пакување од 1 литар; -кисело кравјо млеко (обично без додатоци) со масленост од 2,8 проценти и 3,2  порценти во пакување од 400гр до 500 гр; -павлака од кравјо млеко, кисела со масленост од  од 12 проценти до 20 порценти во пакување од 180гр до 400 гр; -урда; -традиционално кравјо бело сирење (без додатоци); -традиционално мешано бело сирење (без додатоци); -традиционален кравји кашкавал (без додатоци); -традиционален мешан кашкавал (без додатоци); -свежи јајца од кокошка, пакување 1/10; -масло ,(путер), индустриски произведен (пакување од 250 гр.); -маргарин, (обичен), пакуван од 250 гр; -јаболка; -праски; -грозје трпезно; -лимони; -портокали; -банани; -исчистени ореви; -грав; -кромид; -компир; -морков; -спанаќ; -зелка; -краставици; -корнишони; -лук; -тиквици; -боранија; -домат; -пиперки; -карфиол; -тиква; -модар патлиџан; -леќа; -магдонос; -брокула; -праз; -зеленчук замрзнат (мешавина) во фолија од 450 гр; -зеленчук замрзнат од  пченка, во фолија од 450 гр; -зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450 гр; -боранија замрзната, во фолија од 450 гр; -маслинки, црни; -грашок конзервиран во пакување од 400гр; -ајвар од печени пиперки, тегла до 660 гр; -краставички, конзервирани, тегла до 720 гр; -печурки маринирани (сецкани), тегла до 720 гр; -шеќер кристал бел; -џем и мармалад; -чоколадо млечно обично, во пакување од 100 гр; -кечап; -мајонез во тегла од 660 гр; -зачин (вегета, зачинал и слично); -кафе пржено мелено пакувано од 200гр; -сок кашест (матен) овошен од разно овошје во тетрапак од 1 литар. https://www.youtube.com/live/ibjCw927Yrs?si=M0S4M_04uWxkXSwR

The post Објавена есенската кошница: Ова се производите со ограничена маржа до 10 проценти appeared first on Република.

]]>
Топлото време предвреме ќе ги обере бостанот и доматите https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/toploto-vreme-predvreme-ke-gi-obere-bostanot-i-domatite/ Wed, 10 Jul 2024 11:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=795326

Топлотниот бран, со температури до 40 степени Целзиусови, пред време ќе собере дел од градинарското производство во Струмичко.
Според градинарите и експертите, на удар најмногу се културите на отворено, како што е бостанот и доматите засеани под пластеници.

Градинарите велат дека веќе бележат штета кај доматите во пластениците, бидејќи под влијание на топлината се случува цветот да се исфрли, а кај плодовите, кои се во фаза за зреење, доаѓа до згрчување.

Најважно е навреме да се преземат мерки со поставување на заштитни мрежи и да се врши засенчување, а наводнувањето да се врши во вечерните часови, вели Ристо Велков, земјоделец од село Василево.

Според него, засега на топлотниот бран е отпорна пиперката, но треба да се нимава и со нејзиното одгледување во вакви услови.

Експертите посочуваат дека климатските промени од година во година се повеќе го погодуваат земјоделското производство.

Покрај штетите во пластеничкото производство, каде температурата во текот на денот достигнува и над 60 степени Целзиусови и затоа културите не можат да врзат цвет и да се формира плод, големи штети има и кај овошните насади и лозјата. Според најавите топлотниот бран ќе трае и во наредните денови и тоа може да предизвика уште поголеми штети, смета д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата.

Ескпертите советуваат земјоделците да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита, бидејќи топлото време е идеално за развој на болести.

Освен со топлотниот бран, земјоделците од регионот се соочуваат и со штети предизвикани од невреме проследено со град, како што беше на 2 јули кога настрадаа посеви во валандовско и гевгелиско.

The post Топлото време предвреме ќе ги обере бостанот и доматите appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран, со температури до 40 степени Целзиусови, пред време ќе собере дел од градинарското производство во Струмичко. Според градинарите и експертите, на удар најмногу се културите на отворено, како што е бостанот и доматите засеани под пластеници. Градинарите велат дека веќе бележат штета кај доматите во пластениците, бидејќи под влијание на топлината се случува цветот да се исфрли, а кај плодовите, кои се во фаза за зреење, доаѓа до згрчување. Најважно е навреме да се преземат мерки со поставување на заштитни мрежи и да се врши засенчување, а наводнувањето да се врши во вечерните часови, вели Ристо Велков, земјоделец од село Василево. Според него, засега на топлотниот бран е отпорна пиперката, но треба да се нимава и со нејзиното одгледување во вакви услови. Експертите посочуваат дека климатските промени од година во година се повеќе го погодуваат земјоделското производство. Покрај штетите во пластеничкото производство, каде температурата во текот на денот достигнува и над 60 степени Целзиусови и затоа културите не можат да врзат цвет и да се формира плод, големи штети има и кај овошните насади и лозјата. Според најавите топлотниот бран ќе трае и во наредните денови и тоа може да предизвика уште поголеми штети, смета д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата. Ескпертите советуваат земјоделците да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита, бидејќи топлото време е идеално за развој на болести. Освен со топлотниот бран, земјоделците од регионот се соочуваат и со штети предизвикани од невреме проследено со град, како што беше на 2 јули кога настрадаа посеви во валандовско и гевгелиско.

The post Топлото време предвреме ќе ги обере бостанот и доматите appeared first on Република.

]]>
Што и од каде ќе јадеме? Алармантно намалено производството на домати, краставици, овошје, сончоглед… https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shto-i-od-kade-ke-jademe-alarmantno-namaleno-proizvodstvoto-na-domati-krastavitsi-ovoshje-sonchogled/ Sat, 30 Mar 2024 07:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=760300

Од земја позната по здрави земјоделски производи, Македонија стана роб на увозот. Веќе долго време на пазарите е празник ако се најде македонска краставица, лук, кромид, домати...Ова го потврдуваат и податоците од Државниот завод за статистика, кој излезе со алармантни бројки.

Во 2023 година се регистрирани 514 375 хектари обработлива површина. Намалување е забележано кај овоштарниците за 2,5 отсто и лозјата за 4,6 проценти, а зголемување на производството е евидентирано кај оризот за 5,4 отсто и кај пиперот за 4,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Значително намалување на производството кај овошјето е забележано кај јаболката за 51,2 отсто, крушите за 41,2, сливите за 46,1 и праските за 50 проценти. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5 отсто, доматите за 23, краставиците за 34.3 и крмната пченка за 31,7 отсто.

The post Што и од каде ќе јадеме? Алармантно намалено производството на домати, краставици, овошје, сончоглед… appeared first on Република.

]]>

Од земја позната по здрави земјоделски производи, Македонија стана роб на увозот. Веќе долго време на пазарите е празник ако се најде македонска краставица, лук, кромид, домати...Ова го потврдуваат и податоците од Државниот завод за статистика, кој излезе со алармантни бројки. Во 2023 година се регистрирани 514 375 хектари обработлива површина. Намалување е забележано кај овоштарниците за 2,5 отсто и лозјата за 4,6 проценти, а зголемување на производството е евидентирано кај оризот за 5,4 отсто и кај пиперот за 4,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Значително намалување на производството кај овошјето е забележано кај јаболката за 51,2 отсто, крушите за 41,2, сливите за 46,1 и праските за 50 проценти. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5 отсто, доматите за 23, краставиците за 34.3 и крмната пченка за 31,7 отсто.

The post Што и од каде ќе јадеме? Алармантно намалено производството на домати, краставици, овошје, сончоглед… appeared first on Република.

]]>
Грција воведува „Посна кошничка“ со евтини производи за време на велигденските пости https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-voveduva-posna-koshnichka-so-evtini-proizvodi-za-vreme-na-veligdenskite-posti/ Tue, 05 Mar 2024 14:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=751558

Во пресрет на велигденските пости, Министерството за развој на Грција од следната седмица во супермаркетите воведува „Посна кошничка“ со производи по прифатливи цени за потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина.

„Посната кошничка“ претставува проширување и дополнување на „Кошничката за домаќинствата“, со основните продукти, чии цени треба да останат исти или да има минимални покачувања, мерка што веќе речиси 18 месеци се спроведува во маркетите.

Од среда, се додаваат три нови категории на производи неопходни за посната трпеза, односно алва, посни салати и најмалку два вида замрзнати морски продукти.

Министерската одлука за „Посната кошничка“ што ќе важи до 4 мај, денеска ја потпиша министерот за развој на Грција Костас Скрекас, кој рече дека сакаат „секој дом да има пристап до квалитетни производи по најниски можни цени“.

Пракса на грчката Влада е „Кошничката за домаќинствата“ во одредени периоди од годината да се дополнува со сезонски продукти, како што беше случај за Божиќ, кога беа воведени производи поврзани со божиќната трпеза.

„Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети беше воведена во ноември 2022 година, а содржи над 50 производи, меѓу кои ориз, леб, двопек, брашно, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, какао, сокови, бебешка храна, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

The post Грција воведува „Посна кошничка“ со евтини производи за време на велигденските пости appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на велигденските пости, Министерството за развој на Грција од следната седмица во супермаркетите воведува „Посна кошничка“ со производи по прифатливи цени за потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина. „Посната кошничка“ претставува проширување и дополнување на „Кошничката за домаќинствата“, со основните продукти, чии цени треба да останат исти или да има минимални покачувања, мерка што веќе речиси 18 месеци се спроведува во маркетите. Од среда, се додаваат три нови категории на производи неопходни за посната трпеза, односно алва, посни салати и најмалку два вида замрзнати морски продукти. Министерската одлука за „Посната кошничка“ што ќе важи до 4 мај, денеска ја потпиша министерот за развој на Грција Костас Скрекас, кој рече дека сакаат „секој дом да има пристап до квалитетни производи по најниски можни цени“. Пракса на грчката Влада е „Кошничката за домаќинствата“ во одредени периоди од годината да се дополнува со сезонски продукти, како што беше случај за Божиќ, кога беа воведени производи поврзани со божиќната трпеза. „Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети беше воведена во ноември 2022 година, а содржи над 50 производи, меѓу кои ориз, леб, двопек, брашно, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, какао, сокови, бебешка храна, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

The post Грција воведува „Посна кошничка“ со евтини производи за време на велигденските пости appeared first on Република.

]]>
Подгответе се за ценовен шок: Ова се производите кои ќе поскапат од утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/podgotvete-se-za-tsenoven-shok-ova-se-proizvodite-koi-ke-poskapat-od-utre/ Thu, 29 Feb 2024 20:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=749805

Голем број прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ од 20 септември се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август лани, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност истекува утре.

Одлуката се однесуваше на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

До утре е во сила и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто.

The post Подгответе се за ценовен шок: Ова се производите кои ќе поскапат од утре appeared first on Република.

]]>

Голем број прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ од 20 септември се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август лани, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност истекува утре. Одлуката се однесуваше на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка. До утре е во сила и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто.

The post Подгответе се за ценовен шок: Ова се производите кои ќе поскапат од утре appeared first on Република.

]]>
И тоа го дочекавме: Грци патуваат во Македонија и Бугарија за поевтини производи, тврдат од СИРИЗА https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/iljadnitsi-grtsi-patuvaat-vo-makedonija-i-bugarija-za-poevtini-proizvodi-tvrdat-od-siriza/ Wed, 17 Jan 2024 17:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=733894

Илјадници Грци одат во Бугарија и  Македонија за да купат многу поевтини производи, дури и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, јави дописничката на МИА од Атина.

Авгери ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“

Додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.

The post И тоа го дочекавме: Грци патуваат во Македонија и Бугарија за поевтини производи, тврдат од СИРИЗА appeared first on Република.

]]>

Илјадници Грци одат во Бугарија и  Македонија за да купат многу поевтини производи, дури и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, јави дописничката на МИА од Атина. Авгери ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“ Додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.

The post И тоа го дочекавме: Грци патуваат во Македонија и Бугарија за поевтини производи, тврдат од СИРИЗА appeared first on Република.

]]>
Српски производи вратени од хрватска и словенечка граница поради недозволени супстанци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpski-proizvodi-povtorno-vrateni-od-hrvatska-i-slovenechka-granitsa-poradi-nedozvoleni-supstantsi/ Fri, 27 Oct 2023 10:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=695523

Системот на Европската унија за брзи информации за безбедноста на храната (РАСФФ) соопшти дека во октомври две пратки од Србија биле запрени на границата со Хрватска и Словенија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е наведено на сајтот на РАСФФ, на 18 октомври на границата со Словенија е запрена пратка замрзнати капини од Србија, поради недозволено количество на фунгицидот ипродион.

Во пратката на капини регистрирани се 0,023 mg/kg ипродион, а дозволената количина е 0,01 mg/kg. Стоката, била вратена на испраќачот.

На 25 октомври на границата со Хрватска била запрена пратка со додатоци во исхраната кои, како се наводи, содржеле нелегални состојки. И таа пратка му била вратена на испраќачот.

Да потсетиме, на почетокот на август од хрватската граница беше вратена пратка чипс произведен во Србија, поради високото ниво на канцероген акриламид.

Во средината на истиот месец, на хрватската граница во пратка праски пристигната од Србија е пронајдено високо ниво на пестицидот хлорпирифос, па товарот му бил вратен на испраќачот.

Поради истиот пестицид, на крајот на август од хрватската граница беа вратени и сливи од Србија.

The post Српски производи вратени од хрватска и словенечка граница поради недозволени супстанци appeared first on Република.

]]>

Системот на Европската унија за брзи информации за безбедноста на храната (РАСФФ) соопшти дека во октомври две пратки од Србија биле запрени на границата со Хрватска и Словенија, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е наведено на сајтот на РАСФФ, на 18 октомври на границата со Словенија е запрена пратка замрзнати капини од Србија, поради недозволено количество на фунгицидот ипродион. Во пратката на капини регистрирани се 0,023 mg/kg ипродион, а дозволената количина е 0,01 mg/kg. Стоката, била вратена на испраќачот. На 25 октомври на границата со Хрватска била запрена пратка со додатоци во исхраната кои, како се наводи, содржеле нелегални состојки. И таа пратка му била вратена на испраќачот. Да потсетиме, на почетокот на август од хрватската граница беше вратена пратка чипс произведен во Србија, поради високото ниво на канцероген акриламид. Во средината на истиот месец, на хрватската граница во пратка праски пристигната од Србија е пронајдено високо ниво на пестицидот хлорпирифос, па товарот му бил вратен на испраќачот. Поради истиот пестицид, на крајот на август од хрватската граница беа вратени и сливи од Србија.

The post Српски производи вратени од хрватска и словенечка граница поради недозволени супстанци appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/bekteshi-poveketo-proizvodi-ostanuvaat-so-pet-otsto-ddv/ Thu, 12 Oct 2023 10:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=690478

Министерот за економија Крешник бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ). Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат.

Тој уште еднаш потсети дека листата на производи со зголемен ДДВ е предлог на Министерството за финансии и на неа, истакна, со месеци работеле стручни луѓе.

Според Бектеши, сепак, повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ.

Доколку има какви било технички грешки, ќе се корегираат, а и веќе се корегирани целосно. Направено е и повеќе од тоа по предлог на медиумите и на граѓаните. Листата се прошири и повеќето од производите остануваат со пет отсто ДДВ. За останатите производи, како е утврдено да одат од пет до 10 отсто и кои се критериумите, би ве замолил да се обратите до Министерството за финансии. За нас, како Министерство за економија, е важно основните прехранбени производи, тие кои се на листата за замрзнати цени и со ознаката „гарантирана цена“ да останат на пет отсто ДДВ и тоа ќе биде така, нагласи Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора.

Тој, како што рече, се уште не проверил дали листата е објавена.

Денеска имав други состаноци, немав прилика да проверам, но, секако Одлуката е донесена во Владата, имаше соопштение од Министерството за финансии, од Министерството за економија и од Владата. Најверојатно денеска или најдоцна утре би требало да се објави согласно можностите на службениците, нагласи министерот.

Пред два дена Владата донесе Одлука за прецизирање на прехранбените производи кои имаат најниска стапка на ДДВ. Согласно Одлуката, со повластената стапка од пет отсто се даночат најголем дел од основните прехранбени производи меѓу кои: урдата, замрзнатото тесто, бебешките каши и адаптираното млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали, лутеница, хербални чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони.

The post Бектеши: Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ). Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат. Тој уште еднаш потсети дека листата на производи со зголемен ДДВ е предлог на Министерството за финансии и на неа, истакна, со месеци работеле стручни луѓе. Според Бектеши, сепак, повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ.

Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ, вели министерот Бектеши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poveketo-proizvodi-ostanuvaat-so-pet-otsto-ddv-veli-ministerot-bekteshi/ Thu, 12 Oct 2023 10:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=690473

Министерот за економија Крешник бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ). Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат.

Тој уште еднаш потсети дека листата на производи со зголемен ДДВ е предлог на Министерството за финансии и на неа, истакна, со месеци работеле стручни луѓе.

Според Бектеши, сепак, повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ.

Доколку има какви било технички грешки, ќе се корегираат, а и веќе се корегирани целосно. Направено е и повеќе од тоа по предлог на медиумите и на граѓаните. Листата се прошири и повеќето од производите остануваат со пет отсто ДДВ. За останатите производи, како е утврдено да одат од пет до 10 отсто и кои се критериумите, би ве замолил да се обратите до Министерството за финансии. За нас, како Министерство за економија, е важно основните прехранбени производи, тие кои се на листата за замрзнати цени и со ознаката „гарантирана цена“ да останат на пет отсто ДДВ и тоа ќе биде така - нагласи Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора.

Тој, како што рече, се уште не проверил дали листата е објавена.

Денеска имав други состаноци, немав прилика да проверам, но, секако Одлуката е донесена во Владата, имаше соопштение од Министерството за финансии, од Министерството за економија и од Владата. Најверојатно денеска или најдоцна утре би требало да се објави согласно можностите на службениците - нагласи министерот.

Пред два дена Владата донесе Одлука за прецизирање на прехранбените производи кои имаат најниска стапка на ДДВ. Согласно Одлуката, со повластената стапка од пет отсто се даночат најголем дел од основните прехранбени производи меѓу кои: урдата, замрзнатото тесто, бебешките каши и адаптираното млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали, лутеница, хербални чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони.

The post Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ, вели министерот Бектеши appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ). Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат. Тој уште еднаш потсети дека листата на производи со зголемен ДДВ е предлог на Министерството за финансии и на неа, истакна, со месеци работеле стручни луѓе. Според Бектеши, сепак, повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ.
Доколку има какви било технички грешки, ќе се корегираат, а и веќе се корегирани целосно. Направено е и повеќе од тоа по предлог на медиумите и на граѓаните. Листата се прошири и повеќето од производите остануваат со пет отсто ДДВ. За останатите производи, како е утврдено да одат од пет до 10 отсто и кои се критериумите, би ве замолил да се обратите до Министерството за финансии. За нас, како Министерство за економија, е важно основните прехранбени производи, тие кои се на листата за замрзнати цени и со ознаката „гарантирана цена“ да останат на пет отсто ДДВ и тоа ќе биде така - нагласи Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора.
Тој, како што рече, се уште не проверил дали листата е објавена.
Денеска имав други состаноци, немав прилика да проверам, но, секако Одлуката е донесена во Владата, имаше соопштение од Министерството за финансии, од Министерството за економија и од Владата. Најверојатно денеска или најдоцна утре би требало да се објави согласно можностите на службениците - нагласи министерот.
Пред два дена Владата донесе Одлука за прецизирање на прехранбените производи кои имаат најниска стапка на ДДВ. Согласно Одлуката, со повластената стапка од пет отсто се даночат најголем дел од основните прехранбени производи меѓу кои: урдата, замрзнатото тесто, бебешките каши и адаптираното млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали, лутеница, хербални чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони.

The post Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ, вели министерот Бектеши appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни, цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-graganite-da-bidat-spokojni-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-nema-da-se-zgolemat/ Fri, 06 Oct 2023 15:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=688640

“Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели.Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5%“, напиша на својот Фејсбук профил Министерот за економија Крешник Бектеши.
Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени произвиди, министерот Бектеши напиша дека доколку има грешка во листата таа ќе се корегира.
„Доколку во случај има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата“ напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни.
„Граѓаните да бидат спокојни.Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати.Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат“ напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил

The post Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни, цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат appeared first on Република.

]]>

“Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели.Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5%“, напиша на својот Фејсбук профил Министерот за економија Крешник Бектеши. Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени произвиди, министерот Бектеши напиша дека доколку има грешка во листата таа ќе се корегира. „Доколку во случај има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата“ напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни. „Граѓаните да бидат спокојни.Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати.Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат“ напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил  

The post Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни, цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат appeared first on Република.

]]>
Наместо перките од ајкула и тартуфите поскапуваат цвеклото, лутеница, гризот, сирењето, зачините: Еве на кои производи ќе им рипне цената https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namesto-perkite-od-ajkula-i-tartufite-poskapuvaat-tsvekloto-lutenitsa-grizot-sireneto-zachinite-eve-na-koi-proizvodi-ke-im-ripne-tsenata/ Thu, 05 Oct 2023 17:28:54 +0000 https://republika.mk/?p=688324

Од утре нов ценовен шок за граѓаните. Поскапува речиси се. За владата луксуз е и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

Сител ја објави листата производи за кои власта уверуваше дека ќе бидат само луксузни. Брои над илјада артикли. Меѓу нив и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли. Поскпауваат и храната за децата - гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот.

По нови повисоки цени ќе се продваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени.

Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата производи ја криеше. Нивното образложение тогаш беше дека ќе поскапат само оние кои кои ретко кој може да ги купи и дека ваквата мерка нема да удри по џебот на обичните граѓани. Ги споменуваа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла. Но, со новата листа и збунети се и самите маркети. Велат - ги поевтиниле лебот и млекото, а се останато ќе се продава поскапо.

Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони ерва.

The post Наместо перките од ајкула и тартуфите поскапуваат цвеклото, лутеница, гризот, сирењето, зачините: Еве на кои производи ќе им рипне цената appeared first on Република.

]]>

Од утре нов ценовен шок за граѓаните. Поскапува речиси се. За владата луксуз е и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази. Сител ја објави листата производи за кои власта уверуваше дека ќе бидат само луксузни. Брои над илјада артикли. Меѓу нив и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли. Поскпауваат и храната за децата - гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот. По нови повисоки цени ќе се продваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени. Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата производи ја криеше. Нивното образложение тогаш беше дека ќе поскапат само оние кои кои ретко кој може да ги купи и дека ваквата мерка нема да удри по џебот на обичните граѓани. Ги споменуваа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла. Но, со новата листа и збунети се и самите маркети. Велат - ги поевтиниле лебот и млекото, а се останато ќе се продава поскапо. Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони ерва.

The post Наместо перките од ајкула и тартуфите поскапуваат цвеклото, лутеница, гризот, сирењето, зачините: Еве на кои производи ќе им рипне цената appeared first on Република.

]]>
Од идната недела ќе има дополнување на листата на производи кои ќе поевтинат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-idnata-nedela-ke-ima-dopolnuvane-na-listata-na-proizvodi-koi-ke-poevtinat/ Tue, 19 Sep 2023 18:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=683274

Од идната недела граѓаните може да очекуваат дополнување на листата поевтини производи, вклучувајќи ги и оние за хигена, како и одредени кондитооски производи кои повеќе се трошат, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши информира дека од утре до петок, сите маркети ќе треба да ја стават ознаката „гарантирана цена“ на поевтинетите производи за 10 отсто, согласно денеска донесената владина одлука.

Од утре, исто така, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе биде на терен, а Бектеши лично, како што рече во телевизиско гостување, на инспекторите ќе им се придружи задутре.

Тој е убеден, како што рече, дека оваа мерка ќе даде резултат, како и дека со купување на овие за 10 проценти поевтини производи, ќе им се врати нешто во стандардот на граѓаните иако, потврди, од 1 август некои производи поскапеле повеќе од десет отсто.

Според министерот, се јавуваат производители на минерална вода, пиво и сокови кои сакаат да се вклучат во мерката за намалување на цените која засега важи само за основните прехранбени производи.

Ќе дадеме рок од една недела, да видиме како ќе се спроведува Одлуката. Од утре ДПИ ќе биде на терен, а јас од задутре и лично ќе им се придружам. Повеќе од убеден сум дека мерката ќе ги даде резултатите. Се забележа дека посебно по 1 август до денес, не само што се вратени маржите, туку и нелогично се зголемени цените на одредени производи. Утврдено е дека некои трговци сакаат тоа што им било план од почетокот на годината да го заработат по секоја цена, но во кризни времиња тоа не е дозволиво, посебно кога целиот товар е врз грбот на потрошувачите. Затоа одлучивме да ја донесеме оваа мерка. Гарантирам дека веќе нема да се носат „џентлменски“ мерки, како што ги нарекувавме, со усмен договор, туку мерките ќе бидат конкретни, објавени и јасни за сите граѓани да знаат точно што ќе следи. На дневна база ги следиме случувањата и затоа решивме производите да имаат ознака „гарантирана цена“ за потрошувачите полесно да ги препознаваат, потенцира Бектеши.

Министерот кажа и дека денеска добил многу повици од трговци и од големи маркети кои доброволно се пријавуваат да ја користат ознаката „гарантирана цена“ и да ги поевтинат производите. Посебно, рече, меѓу овие биле производителите на минерална вода и пијалаци.

Сакаат и тие да се вклучат во овие мерки. Се јавуваат производители на минерална вода, пиво, сокови кои сакаат да се вклучат во мерките кои важат само за основните прехранбени производи, истакна Бектеши.

Идната недела, најави, ќе се донесе ново законско решение за нефер трговски практики. Потсети и дека за евентуално предизвикување заблуди кај потрошувачите во однос на цените, измами или нефер трговски практики се предвидуваат забрана за вршење дејност или различни други казни и глоби кои се главно прекршочни.

Во законот за кој се земени предвид неколку верзии од држави членки на ЕУ, ќе се предвидуваат односите од производство до крајниот производ на полица. Има различни договори на трговците на големо со маркетите и директно наши производители дистрибуираат до маркетите. Таму има „фронт“ и „бек“ маржи, а тоа значи дека освен профитната маржа што ја става маркетот, има и „бек“ маржи, квартални, месечни и годишни кои прозводителот треба да им го плати на одредени ланци маркети и тоа може да го поскапи проозводот до 40 па и до 50 отсто. „Бек“ маржата не е видлива, но се плаќа од производителите, тоа сега ќе се доуреди со законот. Ако се донесе одлука за замрзнување цени или за утврдување рабат, тогаш е прекршување на закон, објасни Бектеши.

Во врска со акциските продажби на производите, министерот уште еднаш повтори дека ако причина е истекот на рокот на произвоот, тоа мора да биде наведено.

The post Од идната недела ќе има дополнување на листата на производи кои ќе поевтинат appeared first on Република.

]]>

Од идната недела граѓаните може да очекуваат дополнување на листата поевтини производи, вклучувајќи ги и оние за хигена, како и одредени кондитооски производи кои повеќе се трошат, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши информира дека од утре до петок, сите маркети ќе треба да ја стават ознаката „гарантирана цена“ на поевтинетите производи за 10 отсто, согласно денеска донесената владина одлука. Од утре, исто така, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе биде на терен, а Бектеши лично, како што рече во телевизиско гостување, на инспекторите ќе им се придружи задутре. Тој е убеден, како што рече, дека оваа мерка ќе даде резултат, како и дека со купување на овие за 10 проценти поевтини производи, ќе им се врати нешто во стандардот на граѓаните иако, потврди, од 1 август некои производи поскапеле повеќе од десет отсто. Според министерот, се јавуваат производители на минерална вода, пиво и сокови кои сакаат да се вклучат во мерката за намалување на цените која засега важи само за основните прехранбени производи.
Ќе дадеме рок од една недела, да видиме како ќе се спроведува Одлуката. Од утре ДПИ ќе биде на терен, а јас од задутре и лично ќе им се придружам. Повеќе од убеден сум дека мерката ќе ги даде резултатите. Се забележа дека посебно по 1 август до денес, не само што се вратени маржите, туку и нелогично се зголемени цените на одредени производи. Утврдено е дека некои трговци сакаат тоа што им било план од почетокот на годината да го заработат по секоја цена, но во кризни времиња тоа не е дозволиво, посебно кога целиот товар е врз грбот на потрошувачите. Затоа одлучивме да ја донесеме оваа мерка. Гарантирам дека веќе нема да се носат „џентлменски“ мерки, како што ги нарекувавме, со усмен договор, туку мерките ќе бидат конкретни, објавени и јасни за сите граѓани да знаат точно што ќе следи. На дневна база ги следиме случувањата и затоа решивме производите да имаат ознака „гарантирана цена“ за потрошувачите полесно да ги препознаваат, потенцира Бектеши.
Министерот кажа и дека денеска добил многу повици од трговци и од големи маркети кои доброволно се пријавуваат да ја користат ознаката „гарантирана цена“ и да ги поевтинат производите. Посебно, рече, меѓу овие биле производителите на минерална вода и пијалаци.
Сакаат и тие да се вклучат во овие мерки. Се јавуваат производители на минерална вода, пиво, сокови кои сакаат да се вклучат во мерките кои важат само за основните прехранбени производи, истакна Бектеши.
Идната недела, најави, ќе се донесе ново законско решение за нефер трговски практики. Потсети и дека за евентуално предизвикување заблуди кај потрошувачите во однос на цените, измами или нефер трговски практики се предвидуваат забрана за вршење дејност или различни други казни и глоби кои се главно прекршочни.
Во законот за кој се земени предвид неколку верзии од држави членки на ЕУ, ќе се предвидуваат односите од производство до крајниот производ на полица. Има различни договори на трговците на големо со маркетите и директно наши производители дистрибуираат до маркетите. Таму има „фронт“ и „бек“ маржи, а тоа значи дека освен профитната маржа што ја става маркетот, има и „бек“ маржи, квартални, месечни и годишни кои прозводителот треба да им го плати на одредени ланци маркети и тоа може да го поскапи проозводот до 40 па и до 50 отсто. „Бек“ маржата не е видлива, но се плаќа од производителите, тоа сега ќе се доуреди со законот. Ако се донесе одлука за замрзнување цени или за утврдување рабат, тогаш е прекршување на закон, објасни Бектеши.
Во врска со акциските продажби на производите, министерот уште еднаш повтори дека ако причина е истекот на рокот на произвоот, тоа мора да биде наведено.  

The post Од идната недела ќе има дополнување на листата на производи кои ќе поевтинат appeared first on Република.

]]>
Ориз, кашкавал, наполитанки: Ова се дел од производите кои поевтинуваат од утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/oriz-kashkaval-napolitanki-ova-se-del-od-proizvodite-koi-poevtinuvaat-od-utre/ Tue, 19 Sep 2023 12:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=683168

Погледнете ја листата на прехрамбени производи кои согласно владината одлука треба да поевтинат за 10 отсто. Тие во маркетите ќе бидат обележани со „гарантирана цена“, до крајот на ноември 2023 година.

The post Ориз, кашкавал, наполитанки: Ова се дел од производите кои поевтинуваат од утре appeared first on Република.

Ковачевски: Цените на основните производи се намалени до 10 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-tsenite-na-osnovnite-proizvodi-se-namaleni-do-10-protsenti/ Fri, 13 Jan 2023 13:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=596516

Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде. Кај месните производи има намалување од пет до 12 проценти, а доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата може да се забележи дека два месеци по ред таа се намалува. Ова значи дека мерките кои Владата ги презема вродија со плод, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање.

Ковачевски посочи дека Владата мерките ги носи во координација со стопанските комори и со претставниците на сите сектори во рамките на стопанските комори, односно производителите на основни прехранбени производи.

Како што рече, тие добиваат субвеницонирана цена на електрична енергија од 80 евра за мегават час, што е за неколку пати помала цена на електрична енергија од она што го купуваа на берзата претходно.

Меѓутоа, цената на струјата, односно струјата, е еден влезен параметар во финалната цена, а на цената на струјата влијае и зголемената цена на суровините на светските берзи, тука пред се мислам на месото, млекото, житото.Свесни се и компаниите дека државата во рамки на своите можности прави максимум што може за да им помогне, бидејќи давањето на електирчна енергија од 80 евра по мегават час кога цената на електирчна енергија беше и 500 евра за мегават час значи финансиски издаток за државата со цел да имаме намалување на цените - потенцираше Ковачевски.

Доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата, Ковачевски рече дека два месеци по ред стапката на инфлацијата се намалува, а годишната инфлација со која ја завршивме годината е на нивото со другите европски држави

Нормално дека државата носи мерки. Ние го продолживме ограничувањето на маржите, но за дополнителни фискални олеснувања во моментов не се разговара. Тоа не значи дека во иднина нема да се разговара, но мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и расходна страна. Ако постојано ја зголемуваме расходната страна а ја намалуваме приходната страна, тоа ќе се одрази негативно врз други параметри на буџетот - додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Цените на основните производи се намалени до 10 проценти appeared first on Република.

]]>

Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде. Кај месните производи има намалување од пет до 12 проценти, а доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата може да се забележи дека два месеци по ред таа се намалува. Ова значи дека мерките кои Владата ги презема вродија со плод, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање. Ковачевски посочи дека Владата мерките ги носи во координација со стопанските комори и со претставниците на сите сектори во рамките на стопанските комори, односно производителите на основни прехранбени производи. Како што рече, тие добиваат субвеницонирана цена на електрична енергија од 80 евра за мегават час, што е за неколку пати помала цена на електрична енергија од она што го купуваа на берзата претходно.
Меѓутоа, цената на струјата, односно струјата, е еден влезен параметар во финалната цена, а на цената на струјата влијае и зголемената цена на суровините на светските берзи, тука пред се мислам на месото, млекото, житото.Свесни се и компаниите дека државата во рамки на своите можности прави максимум што може за да им помогне, бидејќи давањето на електирчна енергија од 80 евра по мегават час кога цената на електирчна енергија беше и 500 евра за мегават час значи финансиски издаток за државата со цел да имаме намалување на цените - потенцираше Ковачевски.
Доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата, Ковачевски рече дека два месеци по ред стапката на инфлацијата се намалува, а годишната инфлација со која ја завршивме годината е на нивото со другите европски држави
Нормално дека државата носи мерки. Ние го продолживме ограничувањето на маржите, но за дополнителни фискални олеснувања во моментов не се разговара. Тоа не значи дека во иднина нема да се разговара, но мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и расходна страна. Ако постојано ја зголемуваме расходната страна а ја намалуваме приходната страна, тоа ќе се одрази негативно врз други параметри на буџетот - додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Цените на основните производи се намалени до 10 проценти appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Во подготовка листата на производи што ќе се оданочуваат со 10 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-vo-podgotovka-listata-na-proizvodi-shto-ke-se-odanochuvaat-so-10-protsenti/ Mon, 26 Dec 2022 11:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=590070

Листата на производи коишто ќе се оданочуваат со 10 проценти треба да ја изготви Министерството за финансии, а пред да се донесе од страна на Владата ќе бидат консултирани стопанските комори и организациите за заштита на потрошувачите, а се во интерес на граѓани, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција за новиот Буџет на Министерството за 2023 година заедно со премиерот Димитар Ковачевски. Тој при тоа нагласи дека од Министерството за економија се вклучени целосно во овој процес и имаат свои претставници.

Тоа е работа на Министерството за финансии. Денеска сакам да повторам дека основните прехранбени производи ќе почнат да се оданочуваат со 5 отсто, но и таму треба да имаме предвид дека одредени производи во нашата држава, кои се луксузни, веќе се оданочуваат со 5 отсто. Листата пред да биде конечна и да се донесе од страна на Владата секако дека е дадена во консултација со стопанските комори, а посебно со тие организации за заштита на потрошувачите и на граѓаните во целина се со цел заеднички да направиме листа која ќе биде во интерес на нашите потрошувачи, на нашите граѓани во нашата држава. Мислам дека во наредните две недели би ја имале драфт листата која ќе биде споделена со сите засегнати страни - рече Бектеши на новинарско прашање кога ќе биде објaвена листата на производи кои ќе се оданочуваат со 10 проценти.

Во однос на замрзнувањето на маржите, кои се во функција на стабилизација на цените, Бектеши додаде дека таа одлука ќе продолжи да важи до крајот на април до кога е прогласена енергетската криза од страна на Владата и Собранието, а доколку има потреба ќе бидат донесени и дополнителни мерки.

Согласно податоците кои ги добиваме ние како Министерство за економија, веќе се стабилизираат цените, посебно на основните прехранбени производи. Како што наведов, одлуката во делот на утврдување на маржите ќе продолжи до крајот на април. Ако е потребно секако дека имаме простор да донесеме дополнителни мерки, но најважно од се е дека веќе некои ланци на супермаркети ја добиле пораката од Владата и почнуваат и сами да ги замрзнуваат цените за да не се воведеме ние во ситуација како Влада да ги замрзнеме бидејќи ние сме за пазарна економија, а секако дека пазарот треба да ги утврди цените, а цените да бидат во интерес на граѓаните. Каде што ќе има злоупотреби знаете дека речиси сме лидери во регионот во носење на вакви мерки - вели Бектеши.

Според него, веќе има намалување на цените на основните производи во маркетите и тоа се одвива во рамки на очекувањата на Владата во опсег од 7 до 13 проценти.

Благо поевтинување мислам дека веќе има. Нема веќе леб од 52 денари за што се правеа драми тука во Медија центарот на Владата. Веќе и „Жито Лукс“ почна да ги намалува цените, а одредени производители веќе неколку недели ги намалуваат. Маслото за јадење не е веќе 150 денари, ниту 160 денари. Може да се најде и под 100 денари во одредени маркети. Ние секогаш сме кажувале дека очекуваме во месец декември да има намалување од 7 до некаде 12 максимум 13 отсто и ако одиме по листата на производите, кои се во одлуката да направите споредба ќе видите дека таков процент на намалување има. Ние сме биле многу отворени, транспарентни посебно спрема граѓаните и не сме кажале дека ќе има намалување од 50 отсто, 70, 80 отсто за месец декември. За месец јануари се прават калкулациите и од компаниите и од стопанските комори и секако дека очекуваме да има дополнително намалување. Колку ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено откако ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори - вели Бектеши.

Со повластена даночна стапка од 10 проценти треба да се оданочуваат одредени производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи.

The post Бектеши: Во подготовка листата на производи што ќе се оданочуваат со 10 проценти appeared first on Република.

Оваа недела ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ovaa-nedela-kje-se-znae-koi-proizvodi-poevtinile-vo-marketite/ Tue, 15 Nov 2022 10:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=573967

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување.

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, Бектеши уште еднаш напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот на граѓаните, инспекциските контроли се засилени, а веќе се, како што рече, и изречени неколку казни.

– Оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите, а ќе известиме и за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои тоа го направиле. Државниот пазарен инспекторат веќе работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, интензивирани се контролите и вчера директорката кажа дека се изречени неколку казни, истакна Бектеши, додавајќи дека Министерството на дневна основа добива податоци за увозот на производите од Одлуката на Царинската управа.

The post Оваа недела ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, Бектеши уште еднаш напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот на граѓаните, инспекциските контроли се засилени, а веќе се, како што рече, и изречени неколку казни. – Оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите, а ќе известиме и за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои тоа го направиле. Државниот пазарен инспекторат веќе работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, интензивирани се контролите и вчера директорката кажа дека се изречени неколку казни, истакна Бектеши, додавајќи дека Министерството на дневна основа добива податоци за увозот на производите од Одлуката на Царинската управа.

The post Оваа недела ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите appeared first on Република.

]]>
Стабилни цени во втората половина од годината? – Бесими: Пандемијата и војната донесоа криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stabilni-ceni-vo-vtorata-polovina-od-godinata-besimi-pandemijata-i-vojnata-donesoa-kriza/ Mon, 30 May 2022 18:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=508886

Заштитата на животниот стандард на социјалните категории, зачувувањето на ликвидноста на компаниите, мерките за зголемување на економската стабилност се некои од клучните мерки кои ги презема владата на среднорочен и долгорочен план, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на Економскиот и финансиски форум.

Според овие приоритети, како што рече Ковачевски, направен е и ребалансот на буџетот за 2022, како потребна реакција во однос на новите геополитички случувања и нивните ефекти во домашната и глобална економија.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека кризата од пандемијата и војната во Украина донеле многу краткорочни предизвици но фокусот треба да биде на оние долгорочните.

Нобеловецот по економија, американскиот професор Пол Кругман зборувајќи за состојбата по кризата предизвикана од пандемијата и војната во Украина, рече дека последиците се чувствуваат, но сега за сега не може да се каже дали земјите ќе бидат во рецесија но се истакнува дека сите ќе ја почувствуваат економската “болка“.

Макроекономските предизвици во време на немири, врските во регионот, предизвиците во време на криза што треба да се спроведат за да се зачува и мотивира порастот, беа некои од темите  на кои се дискутираше на Економско-финансискиот форум во Скопје одржан на иницијатива на Министерството за финансии.

The post Стабилни цени во втората половина од годината? – Бесими: Пандемијата и војната донесоа криза appeared first on Република.

]]>

Заштитата на животниот стандард на социјалните категории, зачувувањето на ликвидноста на компаниите, мерките за зголемување на економската стабилност се некои од клучните мерки кои ги презема владата на среднорочен и долгорочен план, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на Економскиот и финансиски форум. Според овие приоритети, како што рече Ковачевски, направен е и ребалансот на буџетот за 2022, како потребна реакција во однос на новите геополитички случувања и нивните ефекти во домашната и глобална економија. Министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека кризата од пандемијата и војната во Украина донеле многу краткорочни предизвици но фокусот треба да биде на оние долгорочните. Нобеловецот по економија, американскиот професор Пол Кругман зборувајќи за состојбата по кризата предизвикана од пандемијата и војната во Украина, рече дека последиците се чувствуваат, но сега за сега не може да се каже дали земјите ќе бидат во рецесија но се истакнува дека сите ќе ја почувствуваат економската “болка“. Макроекономските предизвици во време на немири, врските во регионот, предизвиците во време на криза што треба да се спроведат за да се зачува и мотивира порастот, беа некои од темите  на кои се дискутираше на Економско-финансискиот форум во Скопје одржан на иницијатива на Министерството за финансии.

The post Стабилни цени во втората половина од годината? – Бесими: Пандемијата и војната донесоа криза appeared first on Република.

]]>
Се повлекуваат Киндер производите од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-povlekuvaat-kinder-proizvodite-od-makedonija/ Wed, 06 Apr 2022 13:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=484139

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна Атлантик траде ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата ,,ФЕРЕРО“.

-Контролата се спроведе врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО д.о.о од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Република Македонија се повлекуваат неколку серии од Киндер производите Согласно нивното известување, од пазарот, во земјава се повлекуваат сериите производи чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022година, 23.08.2022 година,02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година.11.06.2022 година и 30.06.2022 година.

Попладнево АХВ доби и нотификацијата од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител, се вели во соопштението АХВ.

Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на производи Киндер со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотовиод производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот.

Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија.

АХВ ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле.

The post Се повлекуваат Киндер производите од Македонија appeared first on Република.

]]>

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна Атлантик траде ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата ,,ФЕРЕРО“. -Контролата се спроведе врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО д.о.о од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Република Македонија се повлекуваат неколку серии од Киндер производите Согласно нивното известување, од пазарот, во земјава се повлекуваат сериите производи чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022година, 23.08.2022 година,02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година.11.06.2022 година и 30.06.2022 година. Попладнево АХВ доби и нотификацијата од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител, се вели во соопштението АХВ. Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на производи Киндер со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотовиод производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот. Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија. АХВ ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле.  

The post Се повлекуваат Киндер производите од Македонија appeared first on Република.

]]>