прогресивен данок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/progresiven-danok/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Dec 2022 10:42:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прогресивен данок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/progresiven-danok/ 32 32 Ковачевски: Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023, тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-ukinuvanjeto-na-progresivniot-danok-e-za-2023-toa-ne-znachi-deka-se-otkazuvame-od-ovoj-model-vo-celost/ Sun, 11 Dec 2022 10:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=584228

Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023 година и тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост, консултациите ќе продолжат и во иднина, открива премиерот Димитар Ковачевски за МИА.

Во интервјуто за МИА, премиерот појаснува дека одлуката за укинување на прогресивниот данок којшто требаше да стапи на сила од 1 јануари е донесена врз основа на бројни анализи и консултации со сите чинители кои покажале дека прогресивниот данок не ги дава бараните резултати како модел.

Со самиот факт дека праведноста е еден од основните принципи на новиот даночен систем, ние во наредниот период ќе разгледуваме опции за нов модел кој ќе биде во насока да се опфатат сите приходи во едно домаќинство, односно да се земаат во предвид вкупните примања на семејството, а не само платата на еден член - открива Ковачевски.

Во однос на очекуваното намалување на цените на основните прехранбени производи откако компаниите од прехранбената индустрија добија субвенционирана струја, Ковачевски вели дека во наредниот период очекува да има дополнително намалување на цените.

Треба да се има во предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени. Во наредниот период очекуваме дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производители од пекарската, од млечната и од месната индустрија, кое што намалување очекуваме да биде до 10 проценти. Досега според податоците од ЕСМ Продажба, 187 компании од прехранбената индустрија имаат склучено договор за субвенционирана струја. Во овој контекст да потсетам дека прехранбените фирми кои не поднеле документи, можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари 2023 година - вели Ковачевски во интервјуто за МИА, најавувајќи дека и во следниот период ќе се следи ситуацијата и соодветно ќе се одговори на секој предизвик.

The post Ковачевски: Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023, тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост appeared first on Република.

]]>

Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023 година и тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост, консултациите ќе продолжат и во иднина, открива премиерот Димитар Ковачевски за МИА. Во интервјуто за МИА, премиерот појаснува дека одлуката за укинување на прогресивниот данок којшто требаше да стапи на сила од 1 јануари е донесена врз основа на бројни анализи и консултации со сите чинители кои покажале дека прогресивниот данок не ги дава бараните резултати како модел.
Со самиот факт дека праведноста е еден од основните принципи на новиот даночен систем, ние во наредниот период ќе разгледуваме опции за нов модел кој ќе биде во насока да се опфатат сите приходи во едно домаќинство, односно да се земаат во предвид вкупните примања на семејството, а не само платата на еден член - открива Ковачевски.
Во однос на очекуваното намалување на цените на основните прехранбени производи откако компаниите од прехранбената индустрија добија субвенционирана струја, Ковачевски вели дека во наредниот период очекува да има дополнително намалување на цените.
Треба да се има во предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени. Во наредниот период очекуваме дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производители од пекарската, од млечната и од месната индустрија, кое што намалување очекуваме да биде до 10 проценти. Досега според податоците од ЕСМ Продажба, 187 компании од прехранбената индустрија имаат склучено договор за субвенционирана струја. Во овој контекст да потсетам дека прехранбените фирми кои не поднеле документи, можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари 2023 година - вели Ковачевски во интервјуто за МИА, најавувајќи дека и во следниот период ќе се следи ситуацијата и соодветно ќе се одговори на секој предизвик.

The post Ковачевски: Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023, тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост appeared first on Република.

]]>
Ковачевски денеска: Прогресивниот данок не се укинува, туку се одложува https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-deneska-progresivniot-danok-ne-se-ukinuva-tuku-se-odlozuva/ Fri, 02 Dec 2022 16:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=581011

Прогресивниот данок не се укинува, туку се одложува, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски пред новинарите. Тој објасни дека прогресивниот данок нема да се применува од наредната година, но консултациите со бизнис заедницата и засегнатите ќе почнат веднаш, откри премиерот Ковачевски. Овој данок предвидуваше тие што земаат повиски плати, да плаќат повеќе. Сега ќе се земаат во предвид вкупните примања на семејството, а не само платата на еден член.

Таа дискусија ќе продолжи во иднина. Но ќе имаме консултации и со Стопанските комори и со бизнис заедницата, оние кои го плаќаат данокот за своите вработени. И ќе треба ново софтверско решение за УЈП, кое ќе треба да ги гледа вкупните примања во домаќинството, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски денеска: Прогресивниот данок не се укинува, туку се одложува appeared first on Република.

]]>

Прогресивниот данок не се укинува, туку се одложува, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски пред новинарите. Тој објасни дека прогресивниот данок нема да се применува од наредната година, но консултациите со бизнис заедницата и засегнатите ќе почнат веднаш, откри премиерот Ковачевски. Овој данок предвидуваше тие што земаат повиски плати, да плаќат повеќе. Сега ќе се земаат во предвид вкупните примања на семејството, а не само платата на еден член. Таа дискусија ќе продолжи во иднина. Но ќе имаме консултации и со Стопанските комори и со бизнис заедницата, оние кои го плаќаат данокот за своите вработени. И ќе треба ново софтверско решение за УЈП, кое ќе треба да ги гледа вкупните примања во домаќинството, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски денеска: Прогресивниот данок не се укинува, туку се одложува appeared first on Република.

]]>
Се укинува прогресивното оданочување, нема да се оданочуваат каматите на депозитите, се намалува ДДВ на производи за менструална хигиена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-ukinuva-progresivnoto-oddanochuvanje-nema-da-se-odanochuvaat-kamatite-na-depozitite-se-namaluva-ddv-na-proizvodi-za-menstrualna-higiena/ Thu, 01 Dec 2022 18:22:38 +0000 https://republika.mk/?p=580605

Се укинува прогресивното оданочување за личен доход што требаше да почне од 1 јануари и не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постојните, најави премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која беше усвоен новиот концепт на даночна реформа.

Со новиот концепт, данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува 10 проценти, данокот на додадена вредност останува 18, а нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитите и штедните влогови.

Овој нов концепт значи ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Со ова, резултатот од новиот концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспарентно управување со јавните финансии што е особено важен услов во оваа најголема економска криза, изјави Ковачевски на прес-конференцијата по владината седница

Хонорарците доколку сакаат, на доброволна основа, односно по сопствена волја, ќе можат самостојно да ги регулираат придонесите за пензиско и здравствено. Имајќи ја во предвид природата на нивната работа каде нема постојана динамика на ангажмани и заработка, она што се предлага е креирање на дигитална платформа на која ќе можат да се регистрираат и да изберат од неколкуте опции со кои би имале здравствено и пензиско осигурување.

Ова решение би се имплементирано понатаму, преку посебен закон за социјално осигурување на доброволна основа, кој би се применувал од 01.01.2024 година, и тоа по развој и имплементација на платформата за регистрирање на т.н. фриленсери, рече Ковачевски.

Една од новините е и тоа што ќе се намали стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за производи за менструална хигиена со што се овозможува поголема достапност на овие производи до сите жени и девојки независно од нивната економска положба и куповна моќ.

Како што посочи Ковачевски, даночната реформа е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025) во која се утврдени главните цели на даночните реформи, поставени во пет приоритети.

Преку законски решенија ќе се проширува даночната база и ќе се таргетираат дел од даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, ќе се ревидираат даночните олеснувања затоа што направените анализи покажале дека дел од овие ослободувања ја постигнале целта и со нив во моментот се прави дисторзија на пазарот.

Главната цел е да се обезбеди правичен, транспарентен и современ даночен систем, рече Бесими, изразувајќи убеденост дека концептот што го промовираат е далеку подобар отколку првичната нацрт верзија затоа што поминал низ инклузивен процес со сите засегнати страни.

Казните за злоупотреба при данокот на добивка ќе бидат прецизирани со закон, но предлогот, како што посочи Бесими, е тие да бидат петкратно зголемени.

Доколку некој го злоупотребува тоа законско право даночно ослободување заради цели на евазија, доколку се констатира таков престап, петкратно се зголемуваат казните, рече Бесими.

Нацрт концептот на даночни реформи во изминатиот период помина низ јавни дебати што Министерството за финансии ги организираше со засегнатите страни.

The post Се укинува прогресивното оданочување, нема да се оданочуваат каматите на депозитите, се намалува ДДВ на производи за менструална хигиена appeared first on Република.

]]>

Се укинува прогресивното оданочување за личен доход што требаше да почне од 1 јануари и не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постојните, најави премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која беше усвоен новиот концепт на даночна реформа. Со новиот концепт, данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува 10 проценти, данокот на додадена вредност останува 18, а нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитите и штедните влогови.
Овој нов концепт значи ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Со ова, резултатот од новиот концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспарентно управување со јавните финансии што е особено важен услов во оваа најголема економска криза, изјави Ковачевски на прес-конференцијата по владината седница
Хонорарците доколку сакаат, на доброволна основа, односно по сопствена волја, ќе можат самостојно да ги регулираат придонесите за пензиско и здравствено. Имајќи ја во предвид природата на нивната работа каде нема постојана динамика на ангажмани и заработка, она што се предлага е креирање на дигитална платформа на која ќе можат да се регистрираат и да изберат од неколкуте опции со кои би имале здравствено и пензиско осигурување.
Ова решение би се имплементирано понатаму, преку посебен закон за социјално осигурување на доброволна основа, кој би се применувал од 01.01.2024 година, и тоа по развој и имплементација на платформата за регистрирање на т.н. фриленсери, рече Ковачевски.
Една од новините е и тоа што ќе се намали стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за производи за менструална хигиена со што се овозможува поголема достапност на овие производи до сите жени и девојки независно од нивната економска положба и куповна моќ. Како што посочи Ковачевски, даночната реформа е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025) во која се утврдени главните цели на даночните реформи, поставени во пет приоритети. Преку законски решенија ќе се проширува даночната база и ќе се таргетираат дел од даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем. Според министерот за финансии Фатмир Бесими, ќе се ревидираат даночните олеснувања затоа што направените анализи покажале дека дел од овие ослободувања ја постигнале целта и со нив во моментот се прави дисторзија на пазарот.
Главната цел е да се обезбеди правичен, транспарентен и современ даночен систем, рече Бесими, изразувајќи убеденост дека концептот што го промовираат е далеку подобар отколку првичната нацрт верзија затоа што поминал низ инклузивен процес со сите засегнати страни.
Казните за злоупотреба при данокот на добивка ќе бидат прецизирани со закон, но предлогот, како што посочи Бесими, е тие да бидат петкратно зголемени.
Доколку некој го злоупотребува тоа законско право даночно ослободување заради цели на евазија, доколку се констатира таков престап, петкратно се зголемуваат казните, рече Бесими.
Нацрт концептот на даночни реформи во изминатиот период помина низ јавни дебати што Министерството за финансии ги организираше со засегнатите страни.

The post Се укинува прогресивното оданочување, нема да се оданочуваат каматите на депозитите, се намалува ДДВ на производи за менструална хигиена appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на прогресивно одоначување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-bara-odlozuvanje-na-progresivno-odonachuvanje/ Fri, 04 Nov 2022 11:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=569537

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата  најави дека ќе предложи закон со кој ќе побара да се одложи примената на прогресивниот данок на личен доход за уште една година.

-ВМРО – ДПМНЕ е против воведување на прогресивно оданочување и смета дека треба да се задржи моменталниот концепт на рамен данок, а идната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе го намали до ниво од осум проценти. Сметаме дека е неопходно одложување за уште една година на прогресивното оданочување поради неподготвеност на институциите, но пред се поради тоа што граѓаните треба преку парламентарни избори да одлучат дали се за повисоки давачки и зголемено прикривање даноци т.е. даночна евазија или се за постепено намалување на давачки и рационализација на јавните трошења, изјави денеска пратеничката Стаменкоска Трајкоска.

Таа информира дека со Предлог-законот што ќе го достават нема да се зголеми за 50 проценти данокот по основ на личен доход од кирии, капитални добивки, права на индустриска сопственост, ниту пак ќе се применува прогресивна стапка за 80 проценти поголема од основната за доходот по основ на работа, самостојна дејност, авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи.

-Една од најголемите придобивки од овој Предлог-закон е превенирање од иселување на вработените во ИТ секторот кои во најголема мера се млади луѓе, рече Стаменкоска Трајкоска.

Таа посочи дека прогресивното оданочување го најави и воведе министерот Драган Тевдовски кој, како што рече, ќе остане запаметен по честите компарации на Македонија со Данска и како човек кој направи грешки во даночната политика поради кои беше разрешен. Пред три години, дополни таа, токму во ноември до Собранието беше доставен Предлог-закон од Нина Ангеловска, тогашната нова министерка за финансии, која ја призна грешката на својот претходник и за тоа претстави анализи на јавноста кои ја покажуваат штетата од воведената даночна реформа.

Стаменкоска Трајкоска истакна дека власта не го исполнила ветувањето дека во периодот на мирување од три години на пригресивното оданочување ќе подготви нов модел.

-Периодот на мирување на прогресивното оданочување кој го бараше Владата на ДУИ и СДСМ беше три години, а во тој период ветија дека ќе изработат и нов модел кој ќе ги исправи грешките од реформата од 2018 година т.е. ќе обезбеди ефективно и ефикасно оданочување, а паралелно ќе работат на зголемување на даночниот морал кај граѓаните, зајакнување на довербата во институциите, зајакнување на механизмите за елиминирање на сивата економија и да се намали даночната евазија. Ништо од ветувањата не е реализирано, а да биде уште пофрапантно, министерот за финансии Фатмир Бесими иако презентираше Буџет за 2023 година, се’уште не знае каква даночна реформа не очекува за помалку од 2 месеци од денес, рече Стаменкоска Трајкоска.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на прогресивно одоначување appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата  најави дека ќе предложи закон со кој ќе побара да се одложи примената на прогресивниот данок на личен доход за уште една година. -ВМРО – ДПМНЕ е против воведување на прогресивно оданочување и смета дека треба да се задржи моменталниот концепт на рамен данок, а идната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе го намали до ниво од осум проценти. Сметаме дека е неопходно одложување за уште една година на прогресивното оданочување поради неподготвеност на институциите, но пред се поради тоа што граѓаните треба преку парламентарни избори да одлучат дали се за повисоки давачки и зголемено прикривање даноци т.е. даночна евазија или се за постепено намалување на давачки и рационализација на јавните трошења, изјави денеска пратеничката Стаменкоска Трајкоска. Таа информира дека со Предлог-законот што ќе го достават нема да се зголеми за 50 проценти данокот по основ на личен доход од кирии, капитални добивки, права на индустриска сопственост, ниту пак ќе се применува прогресивна стапка за 80 проценти поголема од основната за доходот по основ на работа, самостојна дејност, авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи. -Една од најголемите придобивки од овој Предлог-закон е превенирање од иселување на вработените во ИТ секторот кои во најголема мера се млади луѓе, рече Стаменкоска Трајкоска. Таа посочи дека прогресивното оданочување го најави и воведе министерот Драган Тевдовски кој, како што рече, ќе остане запаметен по честите компарации на Македонија со Данска и како човек кој направи грешки во даночната политика поради кои беше разрешен. Пред три години, дополни таа, токму во ноември до Собранието беше доставен Предлог-закон од Нина Ангеловска, тогашната нова министерка за финансии, која ја призна грешката на својот претходник и за тоа претстави анализи на јавноста кои ја покажуваат штетата од воведената даночна реформа. Стаменкоска Трајкоска истакна дека власта не го исполнила ветувањето дека во периодот на мирување од три години на пригресивното оданочување ќе подготви нов модел. -Периодот на мирување на прогресивното оданочување кој го бараше Владата на ДУИ и СДСМ беше три години, а во тој период ветија дека ќе изработат и нов модел кој ќе ги исправи грешките од реформата од 2018 година т.е. ќе обезбеди ефективно и ефикасно оданочување, а паралелно ќе работат на зголемување на даночниот морал кај граѓаните, зајакнување на довербата во институциите, зајакнување на механизмите за елиминирање на сивата економија и да се намали даночната евазија. Ништо од ветувањата не е реализирано, а да биде уште пофрапантно, министерот за финансии Фатмир Бесими иако презентираше Буџет за 2023 година, се’уште не знае каква даночна реформа не очекува за помалку од 2 месеци од денес, рече Стаменкоска Трајкоска.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на прогресивно одоначување appeared first on Република.

]]>