Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/programska-kantselarija-na-sovetot-na-evropa-vo-skopje/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 12:43:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/programska-kantselarija-na-sovetot-na-evropa-vo-skopje/ 32 32 Средба на министерката Јаневска со претставници на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerkata-janevska-so-pretstavnitsi-na-programskata-kantselarija-na-sovetot-na-evropa-vo-skopje/ Wed, 17 Jul 2024 12:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=797695

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со делегација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје предводена од раководителот Олег Солдатов, во чиј фокус беше зајакнување на институционалните капацитети и политики за подигнување на инклузивноста на образовниот систем, особено во опфатот на ранливите категории на граѓани.

Двете страни изразија подготвеност за продолжување на веќе отпочнатите проекти насочени кон обезбедување на еднаков пристап до квалитетно образование за учениците од ромската етничка заедница, со оглед на тоа што истите даваат позитивен ефект.

Министерката Јаневска информираше дека во извештаите на Европската Унија, Македонија е посочена како пример за земја која води голема грижа кон ромската популација и можностите за образование, издвојувајќи дека стапката на упис на Роми во средно образование е 94% односно над европскиот просек од 90%, како и стапката на завршување на средно образование која изнесува над 87% за разлика од европската која изнесува 50%.

Беше посочено дека со измените на законите за основно и средно образование кои наскоро ќе бидат предмет на јавна дебата, уште повеќе се зајакнува грижата кон учениците од ромската етничка заедница, преку воведување на педагошки помошници во основното и ромски образовни медијатори во средното образование, кои ќе водат грижа за запишување на децата во училиште, спречување на одливот и полесно совладување на наставната материја.

The post Средба на министерката Јаневска со претставници на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со делегација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје предводена од раководителот Олег Солдатов, во чиј фокус беше зајакнување на институционалните капацитети и политики за подигнување на инклузивноста на образовниот систем, особено во опфатот на ранливите категории на граѓани. Двете страни изразија подготвеност за продолжување на веќе отпочнатите проекти насочени кон обезбедување на еднаков пристап до квалитетно образование за учениците од ромската етничка заедница, со оглед на тоа што истите даваат позитивен ефект. Министерката Јаневска информираше дека во извештаите на Европската Унија, Македонија е посочена како пример за земја која води голема грижа кон ромската популација и можностите за образование, издвојувајќи дека стапката на упис на Роми во средно образование е 94% односно над европскиот просек од 90%, како и стапката на завршување на средно образование која изнесува над 87% за разлика од европската која изнесува 50%. Беше посочено дека со измените на законите за основно и средно образование кои наскоро ќе бидат предмет на јавна дебата, уште повеќе се зајакнува грижата кон учениците од ромската етничка заедница, преку воведување на педагошки помошници во основното и ромски образовни медијатори во средното образование, кои ќе водат грижа за запишување на децата во училиште, спречување на одливот и полесно совладување на наставната материја.

The post Средба на министерката Јаневска со претставници на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје appeared first on Република.

]]>