програма април Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/programa-april/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Mar 2022 11:01:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png програма април Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/programa-april/ 32 32 „Кво вадис, Аида?“- најдобриот европски филм за 2021 меѓу филмските бисери во априлската програма на Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kvo-vadis-aida-najdobriot-evropski-film-za-2021-megju-filmskite-biseri-vo-aprilskata-programa-na-kinoteka/ Sun, 27 Mar 2022 11:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=479265

Обично велат дека кога некој млад човек за прв пат ќе се појави на филм – а тој филм зад себе има успешен автор, во себе интересна и контроверзна приказна, а пред себе богат фестивалски живот – тогаш успехот во кариерата му е загарантиран. Но, дали е токму така?!

Кога Мирјана Карановиќ (Мирјана Карановић ) уште како 23-годишна студентка по актерство го сними својотот прв филм, ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria’s Wreath, 1980) во режија на Срѓан Карановиќ (Срђан Карановић; не се во сродство или брак) и за насловната дебитантска улога ја доби тогаш највисоката актерска награда „Златна арена“ на националниот југословенски филмски фестивал во Пула, велеше дека постарите колеги не ѝ честитале, туку ѝ изразувале сочуство? Зошто?! Па, затоа што кога некој млада актерка уште со првата улога го освоила врвот, нема скоро да добие други значајни улоги. Зависта е зачинот во многу професии, па Мирјана следната голема улога ја добила дури по 5 години, во ТАТКО НА СЛУЖБЕН ПАТ (Otac na službenom putu / When Father Was Away on Business) на Емир Кустурица (Емир Кустурица), добитник на „Златната палма“ во Кан во 1985 година.

Да се вратиме на почетокот на априлската програма во Кинотеката, која стартува со НАЈУБАВОТО МОМЧЕ НА СВЕТОТ (Världens vackraste pojke / The Most Beautiful Boy in the World, 2021). Станува збор за документарен филм за шведскиот актер Бјорн Андресен (Björn Andrésen), кој во 1971 година како петнаесетгодишно момче го снимил СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА (Death in Venice) на италијанскиот режисер Лукино Висконти (Luchino Visconti). Тој го игра волшебно убавото момче Таџио (Tadzio), во кое е вљубен стариот композитор Густав фон Ашенбах (Gustav von Aschenbach) во интерпретација на Дирк Богард (Dirk Bogarde), и оттогаш трае и сенката на несаканата слава на Андресен, со која се занимава документарецот на Линдстром и Петри: Андресен, без да сака, со децении е славен како геј икона.

Потоа следуваат неколку интересни и значајни филмски остварувања од понов и постар датум. На програмата ќе биде канскиот победник, контроверзниот КВАДРАТОТ (The Square, 2017) на шведскиот автор Рубен Остлунд (Ruben Östlund), следува исто така необичниот СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn, 2021) на ромканскиот „енфан терибл“ Раду Јуде (Radu Jude), па најновото остварување МЕМОРИЈА (Memoria, 2021) на тајландскиот режисер со необичната естетика Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul). Поминаа безмалку цели две децении без да видиме нешто ново од култниот српски драматург и режисер Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević), но еве го неговиот најнов филм НЕ Е ЛОШО ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК (Nije loše biti čovek / It’s not bad to be human, 2021) на кинотечната програма.

Но, како и што доликува на една кинотечна програма, не ги забораваме ниту класичните наслови кои се темел на светската кинематографија. Проекцијата на НОСФЕРАТУ, СИМФОНИЈА НА СТРАВОТ (Nosferatu, eine Symphonie des Grauens / Nosferatu, a Symphony of the Gray, 1922) на Фридрих Вилхелм Мурнау (Friedrich Wilhelm Murnau) е по повод стогодишнината од снимањето на филмот. А една друга стогодишнина, онаа од раѓањето на можеби најконтроверзниот италијански и европски автор Пјер Паоло Пазолини (Pier Paolo Pasolini), ќе биде повод за проекција на неговиот филм МЕДЕЈА (Medea) од 1969 година, со оперската дива Марија Калас (Maria Callas) во нејзината единствена филмска улога.

Од македонските класици дел од априлската програма ќе бидат два филма на Димитрие Османли, МИРНО ЛЕТО (1961) – го промовиравме блуреј дискот со неговата дигитално реставрирана верзија во март – и АНГЕЛИ НА ОТПАД (1995).

Кога сме кај кинотечните наслови, на програма се и два култни наслови: АМЕРИКАНСКИОТ ПРИЈАТЕЛ (Der amerikanische Freund / The American Friend) на Вим Вендерс (Wim Wenders) од 1977, и ЛУДИОТ ПЈЕРО (Pierrot le fou) на Жан-Лик Годар (Jean-Luc Godard) од 1965.

Априлската програма содржи уште неколку драгоцени наслови од понов датум, меѓу нив и БЕСКОНЕЧНА ПОЕЗИЈА (Poesía sin fin / Endless Poetry, 2016) на Алехандро Ходоровски (Alejandro Jodorowsky), чилеанскиот автор со култен статус меѓу филмофилите, и еден од најтрогателните и најуспешни филмови на темата холокауст, „оскаровскиот“ СИНОТ НА САУЛ (Saul fia / Son of Saul, 2015) на унгарскиот режисер Ласло Немеш (László Nemes).

Априлската програма во Кинотеката на репертоарот го има и КВО ВАДИС, АИДА? (Quo Vadis, Aida?, 2020) на босанскохерцеговската авторка Јасмила Жбаниќ (Jasmila Zbanic), како и неколку филмови од поновата европска продукција кои, сигурни сме, ќе го привлечат вашето внимание.

Целата програма на Кинотека за април на следниов линк.

The post „Кво вадис, Аида?“- најдобриот европски филм за 2021 меѓу филмските бисери во априлската програма на Кинотека appeared first on Република.

]]>

Обично велат дека кога некој млад човек за прв пат ќе се појави на филм – а тој филм зад себе има успешен автор, во себе интересна и контроверзна приказна, а пред себе богат фестивалски живот – тогаш успехот во кариерата му е загарантиран. Но, дали е токму така?! Кога Мирјана Карановиќ (Мирјана Карановић ) уште како 23-годишна студентка по актерство го сними својотот прв филм, ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria’s Wreath, 1980) во режија на Срѓан Карановиќ (Срђан Карановић; не се во сродство или брак) и за насловната дебитантска улога ја доби тогаш највисоката актерска награда „Златна арена“ на националниот југословенски филмски фестивал во Пула, велеше дека постарите колеги не ѝ честитале, туку ѝ изразувале сочуство? Зошто?! Па, затоа што кога некој млада актерка уште со првата улога го освоила врвот, нема скоро да добие други значајни улоги. Зависта е зачинот во многу професии, па Мирјана следната голема улога ја добила дури по 5 години, во ТАТКО НА СЛУЖБЕН ПАТ (Otac na službenom putu / When Father Was Away on Business) на Емир Кустурица (Емир Кустурица), добитник на „Златната палма“ во Кан во 1985 година. Да се вратиме на почетокот на априлската програма во Кинотеката, која стартува со НАЈУБАВОТО МОМЧЕ НА СВЕТОТ (Världens vackraste pojke / The Most Beautiful Boy in the World, 2021). Станува збор за документарен филм за шведскиот актер Бјорн Андресен (Björn Andrésen), кој во 1971 година како петнаесетгодишно момче го снимил СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА (Death in Venice) на италијанскиот режисер Лукино Висконти (Luchino Visconti). Тој го игра волшебно убавото момче Таџио (Tadzio), во кое е вљубен стариот композитор Густав фон Ашенбах (Gustav von Aschenbach) во интерпретација на Дирк Богард (Dirk Bogarde), и оттогаш трае и сенката на несаканата слава на Андресен, со која се занимава документарецот на Линдстром и Петри: Андресен, без да сака, со децении е славен како геј икона. Потоа следуваат неколку интересни и значајни филмски остварувања од понов и постар датум. На програмата ќе биде канскиот победник, контроверзниот КВАДРАТОТ (The Square, 2017) на шведскиот автор Рубен Остлунд (Ruben Östlund), следува исто така необичниот СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn, 2021) на ромканскиот „енфан терибл“ Раду Јуде (Radu Jude), па најновото остварување МЕМОРИЈА (Memoria, 2021) на тајландскиот режисер со необичната естетика Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul). Поминаа безмалку цели две децении без да видиме нешто ново од култниот српски драматург и режисер Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević), но еве го неговиот најнов филм НЕ Е ЛОШО ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК (Nije loše biti čovek / It’s not bad to be human, 2021) на кинотечната програма. Но, како и што доликува на една кинотечна програма, не ги забораваме ниту класичните наслови кои се темел на светската кинематографија. Проекцијата на НОСФЕРАТУ, СИМФОНИЈА НА СТРАВОТ (Nosferatu, eine Symphonie des Grauens / Nosferatu, a Symphony of the Gray, 1922) на Фридрих Вилхелм Мурнау (Friedrich Wilhelm Murnau) е по повод стогодишнината од снимањето на филмот. А една друга стогодишнина, онаа од раѓањето на можеби најконтроверзниот италијански и европски автор Пјер Паоло Пазолини (Pier Paolo Pasolini), ќе биде повод за проекција на неговиот филм МЕДЕЈА (Medea) од 1969 година, со оперската дива Марија Калас (Maria Callas) во нејзината единствена филмска улога. Од македонските класици дел од априлската програма ќе бидат два филма на Димитрие Османли, МИРНО ЛЕТО (1961) – го промовиравме блуреј дискот со неговата дигитално реставрирана верзија во март – и АНГЕЛИ НА ОТПАД (1995). Кога сме кај кинотечните наслови, на програма се и два култни наслови: АМЕРИКАНСКИОТ ПРИЈАТЕЛ (Der amerikanische Freund / The American Friend) на Вим Вендерс (Wim Wenders) од 1977, и ЛУДИОТ ПЈЕРО (Pierrot le fou) на Жан-Лик Годар (Jean-Luc Godard) од 1965. Априлската програма содржи уште неколку драгоцени наслови од понов датум, меѓу нив и БЕСКОНЕЧНА ПОЕЗИЈА (Poesía sin fin / Endless Poetry, 2016) на Алехандро Ходоровски (Alejandro Jodorowsky), чилеанскиот автор со култен статус меѓу филмофилите, и еден од најтрогателните и најуспешни филмови на темата холокауст, „оскаровскиот“ СИНОТ НА САУЛ (Saul fia / Son of Saul, 2015) на унгарскиот режисер Ласло Немеш (László Nemes). Априлската програма во Кинотеката на репертоарот го има и КВО ВАДИС, АИДА? (Quo Vadis, Aida?, 2020) на босанскохерцеговската авторка Јасмила Жбаниќ (Jasmila Zbanic), како и неколку филмови од поновата европска продукција кои, сигурни сме, ќе го привлечат вашето внимание. Целата програма на Кинотека за април на следниов линк.

The post „Кво вадис, Аида?“- најдобриот европски филм за 2021 меѓу филмските бисери во априлската програма на Кинотека appeared first on Република.

]]>