Профундус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/profundus/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 09:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Профундус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/profundus/ 32 32 Македонска вечер во Софија: Камерниот оркестар „Профундис“ вечерва на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-vecher-vo-sofija-kamerniot-orkestar-profundis-vecherva-na-prestizhniot-festival-sofiski-muzichki-nedeli/ Fri, 07 Jun 2024 09:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=785450

Македонскиот камерен оркестар Профундис вечерва ќе настапи на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ (Sofia Music Weeks) во Софија, Бугарија. Овој фестивал на класичната музика, со традиција од 55 години, е познат по својата извонредна програма и високи уметнички стандарди.

По серијата успешни меѓународни гостувања на фестивалите Котор Арт, Раванелиус и гостувањата во Нови Сад, Белград и Италија, Профундис за првпат ќе има чест да се претстави пред публиката во Софија.

- „Многу сме возбудени и со задоволство ја прифативме поканата да настапиме на фестивалот „Софиски музички недели“. Вечерашниот концерт е посебен за нас, не само поради репертоарот, туку и поради можноста да споделиме музика со нашите пријатели и колеги од Бугарија. Верувам дека ова ќе биде незаборавна вечер за сите нас." – изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.

На концертот, кој ќе се одржи во престижната сала „BIAD“ во центарот на Софија, ќе настапат македонскиот виолинист Климент Тодороски и бугарската басистка Маргарита Калчева. Тие ќе изведат Концерт за две виолини од Ј.С. Бах, во специјален аранжман за овие два инструменти. Покрај ова ремек-дело, на програмата ќе бидат изведени и дела од современиот македонски композитор Драган Шуплевски, англискиот композитор Густав Холст, бугарскиот композитор Димитар Христов, како и американскиот композитор Филип Глас.

Инаку, меѓународниот фестивал „Софија музички недели" е водечки бугарски фестивал за класична музика и танц. Основан во 1970 година, со досега 55 изданија, фестивалот претставува природна раскрсница на балканските, европските и светските познати уметници и композитори. Овој настан е мост помеѓу бугарската и светската култура, простор за премиери, современа уметност и иновации, како и мешавина со други жанрови како џез и фолклор. Во рамки на фестивалот секоја година се одржуваат над 50 настани.

 

The post Македонска вечер во Софија: Камерниот оркестар „Профундис“ вечерва на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот камерен оркестар Профундис вечерва ќе настапи на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ (Sofia Music Weeks) во Софија, Бугарија. Овој фестивал на класичната музика, со традиција од 55 години, е познат по својата извонредна програма и високи уметнички стандарди. По серијата успешни меѓународни гостувања на фестивалите Котор Арт, Раванелиус и гостувањата во Нови Сад, Белград и Италија, Профундис за првпат ќе има чест да се претстави пред публиката во Софија. - „Многу сме возбудени и со задоволство ја прифативме поканата да настапиме на фестивалот „Софиски музички недели“. Вечерашниот концерт е посебен за нас, не само поради репертоарот, туку и поради можноста да споделиме музика со нашите пријатели и колеги од Бугарија. Верувам дека ова ќе биде незаборавна вечер за сите нас." – изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“. На концертот, кој ќе се одржи во престижната сала „BIAD“ во центарот на Софија, ќе настапат македонскиот виолинист Климент Тодороски и бугарската басистка Маргарита Калчева. Тие ќе изведат Концерт за две виолини од Ј.С. Бах, во специјален аранжман за овие два инструменти. Покрај ова ремек-дело, на програмата ќе бидат изведени и дела од современиот македонски композитор Драган Шуплевски, англискиот композитор Густав Холст, бугарскиот композитор Димитар Христов, како и американскиот композитор Филип Глас. Инаку, меѓународниот фестивал „Софија музички недели" е водечки бугарски фестивал за класична музика и танц. Основан во 1970 година, со досега 55 изданија, фестивалот претставува природна раскрсница на балканските, европските и светските познати уметници и композитори. Овој настан е мост помеѓу бугарската и светската култура, простор за премиери, современа уметност и иновации, како и мешавина со други жанрови како џез и фолклор. Во рамки на фестивалот секоја година се одржуваат над 50 настани.  

The post Македонска вечер во Софија: Камерниот оркестар „Профундис“ вечерва на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ appeared first on Република.

]]>
„Профундис“ со солистите Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент вечерва во Офицерскиот дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/profundis-so-solistite-vladimir-kostov-ana-kontradenko-i-gjurgjica-dashikj-kako-dirigent-vecherva-vo-oficerskiot-dom-vo-bitola/ Sun, 17 Jul 2022 14:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=530355

На 17.јули во недела, со почеток од 21 часот, во Офицерскиот дом во рамките на Бит фест, Камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт. Солисти на концертот ќе бидат Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент.

„Профундис“ е уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.

Интенцијата да се создаде висококвалитетен камерен ансамбл вроди со плод кој е евидентен во настапите на домашната и на меѓународната сцена. За многу кратко време од основањето, „Профундис“ успева да реализира исклучително успешни, високоуметнички проекти и соработки со реномирани домашни и странски солисти. Забележителен е  настапот во рамките на фестивалите „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонската музика“, како и соработката со нашите реномирани солисти Љубиша Кировски, Марија Ѓошевска, Благој Нацоски, Славица Мицовска, Наде Талевска, МаријаЈанчулевска, Стојанче Косовски, како и со концертмајсторите на Македонската филхармонија Ана Кондратенко и Владимир Костов. Исклучителна чест и можност претставуваше соработката со еден од најистакнатите српски виолинисти,Јован Богосављевиќ со кого се реализираа концерти во Националната филхармонија и во Р.Србија .

Исклучителен проект, кој претставува гордост на „Профундис“, е реализацијата на целовечерениот концерт во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт, поддржан од естонската амбасада. Исто така, камерниот оркестар „Профундис“ е првиот оркестар од Македонија што настапува во Италија и остварува минитурнеја со настапи во Соренто и во Перуџа и соработки со истакнатиот италијански пијанист Маурицио Мастрини, гитаристот Даниеле Ајело и диригентот Паоло Шибиља.

На програмата ќе бидат делата : Камерна симфонија оп.110/а   во c-moll на Д.Шостакович, ,, Табула раса ‘’  за две виолини и препариран клавир на Арво Перт.

The post „Профундис“ со солистите Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент вечерва во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>

На 17.јули во недела, со почеток од 21 часот, во Офицерскиот дом во рамките на Бит фест, Камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт. Солисти на концертот ќе бидат Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент. „Профундис“ е уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција. Интенцијата да се создаде висококвалитетен камерен ансамбл вроди со плод кој е евидентен во настапите на домашната и на меѓународната сцена. За многу кратко време од основањето, „Профундис“ успева да реализира исклучително успешни, високоуметнички проекти и соработки со реномирани домашни и странски солисти. Забележителен е  настапот во рамките на фестивалите „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонската музика“, како и соработката со нашите реномирани солисти Љубиша Кировски, Марија Ѓошевска, Благој Нацоски, Славица Мицовска, Наде Талевска, МаријаЈанчулевска, Стојанче Косовски, како и со концертмајсторите на Македонската филхармонија Ана Кондратенко и Владимир Костов. Исклучителна чест и можност претставуваше соработката со еден од најистакнатите српски виолинисти,Јован Богосављевиќ со кого се реализираа концерти во Националната филхармонија и во Р.Србија . Исклучителен проект, кој претставува гордост на „Профундис“, е реализацијата на целовечерениот концерт во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт, поддржан од естонската амбасада. Исто така, камерниот оркестар „Профундис“ е првиот оркестар од Македонија што настапува во Италија и остварува минитурнеја со настапи во Соренто и во Перуџа и соработки со истакнатиот италијански пијанист Маурицио Мастрини, гитаристот Даниеле Ајело и диригентот Паоло Шибиља. На програмата ќе бидат делата : Камерна симфонија оп.110/а   во c-moll на Д.Шостакович, ,, Табула раса ‘’  за две виолини и препариран клавир на Арво Перт.

The post „Профундис“ со солистите Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент вечерва во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>