профил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/profil/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Aug 2023 12:06:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png профил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/profil/ 32 32 Х ќе ја отстрани можноста за блокирање на профилот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/h-ke-ja-otstrani-mozhnosta-za-blokirane-na-profilot/ Sat, 19 Aug 2023 12:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=673688

Социјалната мрежа за микроблогирање Х, порано позната како Twitter, ќе ја отстрани опцијата којашто на корисниците им овозможува блокирање на другите профили, изјави во петокот сопственикот Илон Маск во уште еден потег кој се проценува како контроверзен на компанијата коај ја купи минатата година за 44 милијарди долари.

Функцијата за блокирање на профилите на Х му овозможува на кориснокот да им забани на одредени профили да го контактираат, да ги гледаат неговите објави или да го следат.

„Блокирањето ќе биде отстрането, освен за DM-те“, наведе Маск во објавата на мрежата, мислејќи на израмните пораки.

Вели и дека Х ќе ја задржи функцијата „mute“ којашто го спречува корисникот да гледа одредени профили, но за разлика од блокирањето не го предупредува корисникот на таа активност.

Технолошкиот милијардер се опишува себеси како заговорник на неограничената слобода на говорот, но неговите критичари главно со политичка заднина токму од либертаријанскиот спектар велат дека неговиот пристап е неодговорен.

Така, истражувачите кои имаат цел да ги ограничат објавите и информациите кои не му одговараат на политичкиот естаблишмент, тврдат дека наводно има раст на говорот на омраза и антисемитски содржини на платформата Х откако ја преземал Маск, а некои западни влади ја обвинуваат компанијата дека не прави доволно во ограничувањето на содржините, залагајќи се така за воведување на цензура.

Аналитичарите во технолошката индистрија велат дека опциите за блокирање би можеле да ја доведат Х во судир со насоките со „Apple Store“ и „Alphabet Google Play“.

И двете компании, имено, бараат апликациите со содржина генерирана од корисниците да вклучуваат механизми за блокирање на навредливи корисници или содржина. „Apple“ пропишува дека апликациите мора да имаат можност да блокираат навредливи корисници, додека „Google Play Store“ наложува обезбедување систем во апликација за блокирање на содржината и корисниците генерирани од корисниците.

Одговарајќи на објавата на активистката против малтретирањара на социјалните мрежи Моника Левински, позната по контроверзната сексуална афера со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, ја изрази својата загриженост за отстранувањето на функцијата за блокирање на објавите, повикувајќи ја X да ја задржи оваа „критична алатка за да ги одржува луѓето безбедни на интернет“. Како одговор, главната извршна директорка на компанијата Линда Јакарино ја бранеше одлуката на Маск и нагласи дека безбедноста на корисниците е главен приоритет на платформата. Јакарино, исто така, ги уверува корисниците дека X активно развива подобрено решение што ја надминува моменталната состојба на функциите за блокирање и исклучување на звукот.

„Безбедноста на корисниците на X е наш приоритет број еден. Развиваме нешто подобро од опцијата за блокирање и исклучување. Повратните информации се добредојдени“, објави Јакарино.

The post Х ќе ја отстрани можноста за блокирање на профилот appeared first on Република.

]]>

Социјалната мрежа за микроблогирање Х, порано позната како Twitter, ќе ја отстрани опцијата којашто на корисниците им овозможува блокирање на другите профили, изјави во петокот сопственикот Илон Маск во уште еден потег кој се проценува како контроверзен на компанијата коај ја купи минатата година за 44 милијарди долари. Функцијата за блокирање на профилите на Х му овозможува на кориснокот да им забани на одредени профили да го контактираат, да ги гледаат неговите објави или да го следат. „Блокирањето ќе биде отстрането, освен за DM-те“, наведе Маск во објавата на мрежата, мислејќи на израмните пораки. Вели и дека Х ќе ја задржи функцијата „mute“ којашто го спречува корисникот да гледа одредени профили, но за разлика од блокирањето не го предупредува корисникот на таа активност. Технолошкиот милијардер се опишува себеси како заговорник на неограничената слобода на говорот, но неговите критичари главно со политичка заднина токму од либертаријанскиот спектар велат дека неговиот пристап е неодговорен. Така, истражувачите кои имаат цел да ги ограничат објавите и информациите кои не му одговараат на политичкиот естаблишмент, тврдат дека наводно има раст на говорот на омраза и антисемитски содржини на платформата Х откако ја преземал Маск, а некои западни влади ја обвинуваат компанијата дека не прави доволно во ограничувањето на содржините, залагајќи се така за воведување на цензура. Аналитичарите во технолошката индистрија велат дека опциите за блокирање би можеле да ја доведат Х во судир со насоките со „Apple Store“ и „Alphabet Google Play“. И двете компании, имено, бараат апликациите со содржина генерирана од корисниците да вклучуваат механизми за блокирање на навредливи корисници или содржина. „Apple“ пропишува дека апликациите мора да имаат можност да блокираат навредливи корисници, додека „Google Play Store“ наложува обезбедување систем во апликација за блокирање на содржината и корисниците генерирани од корисниците. Одговарајќи на објавата на активистката против малтретирањара на социјалните мрежи Моника Левински, позната по контроверзната сексуална афера со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, ја изрази својата загриженост за отстранувањето на функцијата за блокирање на објавите, повикувајќи ја X да ја задржи оваа „критична алатка за да ги одржува луѓето безбедни на интернет“. Како одговор, главната извршна директорка на компанијата Линда Јакарино ја бранеше одлуката на Маск и нагласи дека безбедноста на корисниците е главен приоритет на платформата. Јакарино, исто така, ги уверува корисниците дека X активно развива подобрено решение што ја надминува моменталната состојба на функциите за блокирање и исклучување на звукот. „Безбедноста на корисниците на X е наш приоритет број еден. Развиваме нешто подобро од опцијата за блокирање и исклучување. Повратните информации се добредојдени“, објави Јакарино.

The post Х ќе ја отстрани можноста за блокирање на профилот appeared first on Република.

]]>
Твитер трајно го суспендираше налогот на републиканката Грин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tviter-trajno-go-suspendirashe-nalogot-na-republikankata-grin/ Mon, 03 Jan 2022 08:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=439853

Твитер вчера трајно го суспендира личниот налог на републиканката во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мерџори Тајлор Грин поради повеќекратно кршење на правилата на социјалната мрежа за ширење дезинформации за Ковид-19.

Суспензијата е дел од системот на Твитер воведен во март минатата година, кој користи вештачка интелигенција да идентификува дезинформации за Ковид-19.

За два или три прекршоци се воведува суспензија на налогот од 12 часа,. За четири – една недела, а пет или повеќе прекршоци можат да доведат до трајно гаснење на налогот на Твитер.

Грин на Телеграм ја критикуваше одлуката на Твитер како неамериканска. Таа тврди дека и е суспендиран налогот откако твитала статистика од Системот за пријавување на несакани ефекти од вакцината против Ковид-19, владина база на податоци, во кои има и непотврдени информации.

Твитер е непријател на Америка и не може да се носи со вистината. Тоа е во ред, ќе и покажам на Америка дека не ни требаат и време е да ги поразиме нашите непријатели - истакна Грин.

The post Твитер трајно го суспендираше налогот на републиканката Грин appeared first on Република.

]]>

Твитер вчера трајно го суспендира личниот налог на републиканката во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мерџори Тајлор Грин поради повеќекратно кршење на правилата на социјалната мрежа за ширење дезинформации за Ковид-19. Суспензијата е дел од системот на Твитер воведен во март минатата година, кој користи вештачка интелигенција да идентификува дезинформации за Ковид-19. За два или три прекршоци се воведува суспензија на налогот од 12 часа,. За четири – една недела, а пет или повеќе прекршоци можат да доведат до трајно гаснење на налогот на Твитер. Грин на Телеграм ја критикуваше одлуката на Твитер како неамериканска. Таа тврди дека и е суспендиран налогот откако твитала статистика од Системот за пријавување на несакани ефекти од вакцината против Ковид-19, владина база на податоци, во кои има и непотврдени информации.
Твитер е непријател на Америка и не може да се носи со вистината. Тоа е во ред, ќе и покажам на Америка дека не ни требаат и време е да ги поразиме нашите непријатели - истакна Грин.

The post Твитер трајно го суспендираше налогот на републиканката Грин appeared first on Република.

]]>