професорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/profesorka/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 12:05:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png професорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/profesorka/ 32 32 Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог https://arhiva3.republika.mk/zivot/in-memoriam-pochina-prof-d-r-kiki-mangova-ponavik-pravniot-fakultet-izgubi-eden-izvonreden-nastavnik-i-odlichen-pedagog/ Tue, 16 Jul 2024 12:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=797375

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата почитувана професорка и колешка ПРОФ. Д-Р КИКИ МАНГОВА ПОЊАВИЌ (1940 – 2024), редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата за финансово право и финансии.

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашата почитувана и сакана професорка, д-р Кики Мангова Поњавиќ.

Со заминувањето на проф.д-р Кики Мангова Поњавиќ, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог, но пред сè ценета колешка и пријателка.

Ќе останат во вечно сеќавање нејзиниот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за нејзината работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.

Зад себе остави бројни генерации помлади професори, соработници и студенти кои вечно ќе ја паметат.

Посмртните останки на проф.д-р Кики Мангова Поњавиќ ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 17.07.2024 година (среда) од 10 – 11 часот.

Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

The post Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог appeared first on Република.

]]>

Професорка 20 години не одела на работа, а си земала плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/profesorka-20-godini-ne-odela-na-rabota-a-si-zemala-plata/ Sun, 02 Jul 2023 08:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=657325

Италијанската професорка Цизија Паолина Де Лио од средно училиште добила отказ откако било откриено дека во нејзината 24-годишна кариера, 20 години не одела на работа. Таа 24 години предавала литература и филозофија во училиште во Чиогија, во близина на Венеција, а се појавувала на своето работно место само четири години. Цизија наводно користела комбинација од боледување и одмор, како и дозволи да присуствува на конференции, за да ги избегне предавањата. Некако успеала да ги избегне секојдневните обврски со децении.

Но, тоа не значи дека седела со скрстени раце кога била надвор од училницата. Успеала да стекне квалификации за терапија за домашни миленичиња и криминологија, пренеоа италијанските медиуми.

Нејзините ученици стапиле во штрајк откако била фатена како испраќа пораки во текот на писмените испити и дели оценки кои не одговарале на вистинскиот постигнат успех на учениците.

Во едно од нејзините ретки појавувања на училиште, гостувачкиот инспектор кренал узбуна откако забележал дека изгледа збунето и дека измислува лекции за учениците додека предава.

Госпоѓата Де Лио добила отказ од училиштето каде што била вработена, но по жалбата е вратена на работа. Сепак, судијата ја поништил одлуката откако дознал дека таа била во училиште само четири од 24 години колку што била вработена.

Де Лио изјавила дека ќе ја објави нејзината страна од приказната. Професорката која сега работи како новинарка изјавила дека со задоволство би ги споделила фактите, но не веднаш. Де Лио тврди дека има документи кои можат да ја докажат вистината.

Сепак, кога новинарите од италијанска „Република“ се обиделе да дојдат до нејзина изјава и ја контактирале, таа не била расположена за разговор.

Жал ми е, но јас сум на плажа во моментов. Не одговарам на новинарски прашања кои не соодветствуваат со вистината на мојата приказна“, рекла таа.

Госпоѓата Де Лио не е единствената италијанска  работничка која „исчезнала“ од своето работо место во последните години.

Член на персонал во болница во јужниот град Катанцаро е обвинет во 2021 година дека престанал да се појавува на работа од 2005 година. Локалните медиуми објавија дека е вкупно платен околу 464.000 фунти во текот на 16 години колку што е обвинет дека не одел на работа.

The post Професорка 20 години не одела на работа, а си земала плата appeared first on Република.

]]>

Италијанската професорка Цизија Паолина Де Лио од средно училиште добила отказ откако било откриено дека во нејзината 24-годишна кариера, 20 години не одела на работа. Таа 24 години предавала литература и филозофија во училиште во Чиогија, во близина на Венеција, а се појавувала на своето работно место само четири години. Цизија наводно користела комбинација од боледување и одмор, како и дозволи да присуствува на конференции, за да ги избегне предавањата. Некако успеала да ги избегне секојдневните обврски со децении. Но, тоа не значи дека седела со скрстени раце кога била надвор од училницата. Успеала да стекне квалификации за терапија за домашни миленичиња и криминологија, пренеоа италијанските медиуми. Нејзините ученици стапиле во штрајк откако била фатена како испраќа пораки во текот на писмените испити и дели оценки кои не одговарале на вистинскиот постигнат успех на учениците. Во едно од нејзините ретки појавувања на училиште, гостувачкиот инспектор кренал узбуна откако забележал дека изгледа збунето и дека измислува лекции за учениците додека предава. Госпоѓата Де Лио добила отказ од училиштето каде што била вработена, но по жалбата е вратена на работа. Сепак, судијата ја поништил одлуката откако дознал дека таа била во училиште само четири од 24 години колку што била вработена. Де Лио изјавила дека ќе ја објави нејзината страна од приказната. Професорката која сега работи како новинарка изјавила дека со задоволство би ги споделила фактите, но не веднаш. Де Лио тврди дека има документи кои можат да ја докажат вистината. Сепак, кога новинарите од италијанска „Република“ се обиделе да дојдат до нејзина изјава и ја контактирале, таа не била расположена за разговор.
Жал ми е, но јас сум на плажа во моментов. Не одговарам на новинарски прашања кои не соодветствуваат со вистината на мојата приказна“, рекла таа.
Госпоѓата Де Лио не е единствената италијанска  работничка која „исчезнала“ од своето работо место во последните години. Член на персонал во болница во јужниот град Катанцаро е обвинет во 2021 година дека престанал да се појавува на работа од 2005 година. Локалните медиуми објавија дека е вкупно платен околу 464.000 фунти во текот на 16 години колку што е обвинет дека не одел на работа.

The post Професорка 20 години не одела на работа, а си земала плата appeared first on Република.

]]>
Во Ургентниот центар во Белград почина професорката по историја во која пукаше 14-годишниот ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-urgentniot-tsentar-vo-belgrad-pochina-profesorkata-po-istorija-vo-koja-pukashe-14-godishniot-uchenik/ Wed, 03 May 2023 09:34:19 +0000 https://republika.mk/?p=636378

Професорката по историја која беше повредена во пукањето кое утринава се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, во Белград, почина од повредите во Ургентниот центар, јави „Нова.рс“.

Таа била примена во болница заедно со уште тројца ученици, пренесе РТС.

https://republika.mk/vesti/balkan/najmalku-8-mrtvi-vo-uchilishteto-vo-vrachar-sedmoodelenetsot-bil-pod-dejstvo-na-narkotitsi/

Од тројцата ученици, еден е во операциона сала и неговата состојба е сериозна.

До пукањето дојде во 8.40 часот, кога ученик од седмо одделение вооружен со пиштол почнал да пука на обезбедувањето и на учениците.

https://republika.mk/vesti/balkan/ubietsot-od-vrachar-e-14-godishniot-kosta-ketsmanovik-uchestuval-na-mnogu-shkolski-natprevari/

The post Во Ургентниот центар во Белград почина професорката по историја во која пукаше 14-годишниот ученик appeared first on Република.

]]>

Професорката по историја која беше повредена во пукањето кое утринава се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, во Белград, почина од повредите во Ургентниот центар, јави „Нова.рс“. Таа била примена во болница заедно со уште тројца ученици, пренесе РТС. https://republika.mk/vesti/balkan/najmalku-8-mrtvi-vo-uchilishteto-vo-vrachar-sedmoodelenetsot-bil-pod-dejstvo-na-narkotitsi/ Од тројцата ученици, еден е во операциона сала и неговата состојба е сериозна. До пукањето дојде во 8.40 часот, кога ученик од седмо одделение вооружен со пиштол почнал да пука на обезбедувањето и на учениците. https://republika.mk/vesti/balkan/ubietsot-od-vrachar-e-14-godishniot-kosta-ketsmanovik-uchestuval-na-mnogu-shkolski-natprevari/

The post Во Ургентниот центар во Белград почина професорката по историја во која пукаше 14-годишниот ученик appeared first on Република.

]]>
Ученик тежок преку 100 килограми брутално претепал професорка затоа што му го земала Нинтендото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uchenik-tezhok-preku-100-kilogrami-brutalno-pretepal-profesorka-zatoa-shto-mu-go-zemala-nintendoto/ Sun, 26 Feb 2023 19:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=613450

Во училиште во Флорида дошло до насилство кога ученик физички нападнал професорка откако на час му одзела видео игра Нинтендо.

На вознемирувачкото видео се гледа 17-годишно момче како трча кон професорката која се врти кон него пред тој насилно да ја собори на подот.

Ученикот, за кој „Њујорк пост“ пишува дека тежи 113 килограми, продолжил да ја удира со нозете веќе онесвестената професорка во средното училиште Матанзас во Палм Коуст.

https://www.youtube.com/watch?v=QV8yb3_T51g&embeds_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Уште неколку вработени, кои биле сведоци на овој брутален напад, истрчале да го одвојат ученикот од професорката, која веднаш била пренесена во локалната болница.

Се очекува таа да се опорави од повредите.

Ученикот тврди дека жртвата го изнервирала кога го земала неговото Нинтендо за време на часовите“, се вели во соопштението на полицијата.

Во извештајот за апсење се вели дека полицајците ја нашле професорката облеана во крв и онесвестена на местото на настанот.

Разбеснетиот ученик кој живее во колективно сместување и викал на полицијата дека ќе ја „убие“ кога ќе се врати на училиште.

Во текот на рочиштето тој повеќепати ја прашувал полицијата кога ќе биде пуштен на слобода, а станал насилен и во станицата кога не добил позитивен одговор.

Постапките на овој ученик се апсолутно ужасни и неприфатливи. Се надеваме дека жртвата брзо ќе закрепне од овој инцидент, и физички и психички“, изјави шерифот на округот Волузија, Рик Стејли.

Ученикот е предаден на одделението за малолетничка деликвенција,пренесуваат светските медиуми.

The post Ученик тежок преку 100 килограми брутално претепал професорка затоа што му го земала Нинтендото appeared first on Република.

]]>

Во училиште во Флорида дошло до насилство кога ученик физички нападнал професорка откако на час му одзела видео игра Нинтендо. На вознемирувачкото видео се гледа 17-годишно момче како трча кон професорката која се врти кон него пред тој насилно да ја собори на подот. Ученикот, за кој „Њујорк пост“ пишува дека тежи 113 килограми, продолжил да ја удира со нозете веќе онесвестената професорка во средното училиште Матанзас во Палм Коуст. https://www.youtube.com/watch?v=QV8yb3_T51g&embeds_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Уште неколку вработени, кои биле сведоци на овој брутален напад, истрчале да го одвојат ученикот од професорката, која веднаш била пренесена во локалната болница. Се очекува таа да се опорави од повредите.
Ученикот тврди дека жртвата го изнервирала кога го земала неговото Нинтендо за време на часовите“, се вели во соопштението на полицијата.
Во извештајот за апсење се вели дека полицајците ја нашле професорката облеана во крв и онесвестена на местото на настанот. Разбеснетиот ученик кој живее во колективно сместување и викал на полицијата дека ќе ја „убие“ кога ќе се врати на училиште. Во текот на рочиштето тој повеќепати ја прашувал полицијата кога ќе биде пуштен на слобода, а станал насилен и во станицата кога не добил позитивен одговор.
Постапките на овој ученик се апсолутно ужасни и неприфатливи. Се надеваме дека жртвата брзо ќе закрепне од овој инцидент, и физички и психички“, изјави шерифот на округот Волузија, Рик Стејли.
Ученикот е предаден на одделението за малолетничка деликвенција,пренесуваат светските медиуми.

The post Ученик тежок преку 100 килограми брутално претепал професорка затоа што му го земала Нинтендото appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Јаневска: Не е за пофалба тоа што книги стигнале до учениците во декември, кога деликвенти тепаат учителка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-janevska-ne-e-za-pofalba-toa-shto-knigi-stignale-do-uchenicite-vo-dekemvri-koga-delikventi-tepaat-uchitelka/ Mon, 12 Dec 2022 15:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=584878

Професорката Весна Јаневска, обраќајќи се до министерот за образование, Јетон Шаќири, јавно го коментира случајот од Велес, каде што ученик од основно училиште нападнал професорка.

Министре Јетон Шаќири,

1. Не е за пофалба тоа што книги стигнале до учениците во декември.

2. Гледате ли како функционира, односно не функционира ДПИ?

3. Гледате ли што се случува во ДИЦ? Што превземате?

4. Гледате ли какви обуки, односно никакви обуки, им се одржуваат на наставниците во работно време? Што превземате?

5. Слушате ли дека речиси секој ден има дојави за лажни бомби? Ќе превземете ли нешто децата барем малку да научат покрај толку губење часови?

6. Гледате ли дека лажни дипломи се издаваат за високо образование? Што превземате?

7. Слушате ли дека има булинг во училиштата? Што превземате?

8. Гледате ли како деликвенти тепаат учителка? Што превземате?
ГЛЕДАТЕ ли дека ТЕПААТ УЧИТЕЛИ? Има ли ова дно уште длабочина? Тепаат учители, книги во декември им стигнуваат, со лажни дипломи се китат и вработуваат.

Гледате ли? Слушате ли? ДОСТА Е! ПРЕМНОГУ Е!, коментира Јаневска.

The post Проф. д-р Јаневска: Не е за пофалба тоа што книги стигнале до учениците во декември, кога деликвенти тепаат учителка appeared first on Република.

]]>

Професорката Весна Јаневска, обраќајќи се до министерот за образование, Јетон Шаќири, јавно го коментира случајот од Велес, каде што ученик од основно училиште нападнал професорка.
Министре Јетон Шаќири,   1. Не е за пофалба тоа што книги стигнале до учениците во декември.   2. Гледате ли како функционира, односно не функционира ДПИ?   3. Гледате ли што се случува во ДИЦ? Што превземате?   4. Гледате ли какви обуки, односно никакви обуки, им се одржуваат на наставниците во работно време? Што превземате?   5. Слушате ли дека речиси секој ден има дојави за лажни бомби? Ќе превземете ли нешто децата барем малку да научат покрај толку губење часови?   6. Гледате ли дека лажни дипломи се издаваат за високо образование? Што превземате?   7. Слушате ли дека има булинг во училиштата? Што превземате?   8. Гледате ли како деликвенти тепаат учителка? Што превземате? ГЛЕДАТЕ ли дека ТЕПААТ УЧИТЕЛИ? Има ли ова дно уште длабочина? Тепаат учители, книги во декември им стигнуваат, со лажни дипломи се китат и вработуваат.   Гледате ли? Слушате ли? ДОСТА Е! ПРЕМНОГУ Е!, коментира Јаневска.

The post Проф. д-р Јаневска: Не е за пофалба тоа што книги стигнале до учениците во декември, кога деликвенти тепаат учителка appeared first on Република.

]]>
„Уште не можам да се соберам, не сфаќав што ми се случи додека син ми не ми ја покажа снимката“, вели малтретираната професорка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ushte-ne-mozam-da-se-soberam-ne-sfakjav-shto-mi-se-sluchi-dodeka-sin-mi-ne-mi-ja-pokaza-snimkata-veli-maltretiranata-profesorka/ Fri, 18 Nov 2022 11:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=575371

Помина една недела, ама уште не можам да си ја средам главата. Прво требаше да ги завршам сите административни обврски, сега почнаа и болки во главата, ми се јавуваат од разни телевизии. Тешко ми е, потешко ми е од одење на работа. Не сум подготвена за ова.

Вака ја почнува својата исповед за српските медиуми професорката од Техничкото училиште во Трстеник која беше малтретирана од учениците, инцидент кој масовно се споделува по социјалните мрежи.

https://republika.mk/vesti/balkan/uchenici-maltretiraat-profesorka-na-chas-eden-go-trga-stolot-i-ja-pagja-na-zemja/

Вели, „уморна сум и преплашена“.

Ова е премногу за мене. Иако сега знам многу повеќе детали за тој настан, верувајте не бев ни свесена што ми се случи на часот. Дури кога дојдов дома и син ми ми ја покажа снимката сфатив што ми се случи, вели таа.

На прашањето зошто веднаш не го прекинала часот, да замине и да оди да пријави што ѝ се случило, професорката вели дека почекала да заврши часот.

Се срамев од она што го доживеав. Дојдов дома да видам во каква состојба сум. Да се соберам. Мојот син беше во соседната училница. Ни тој не знаеше. Но, набрзо го видел видеото и истрча дома. Беше бесен, вели професорката.

Синот ја убедил да оди до Здравствениот дом во Трстеник и веднаш да се провери. Таа вели дека за среќа поминала само со полесни физички повреди, но психичките, вели, се далеку поболни.

Во училницата имало само седум ученици на нејзиниот час по англиски, бидејќи самиот клас брои само единаесет ученици. Затоа изгледало како училницата да е празна.

Професорката вели дека вакво нешто досега не се случило.

Кај еден од нив семејните односи не се најдобри. Тој има и други браќа и сестри и грижата за нив не е баш на високо ниво. Го знаев тоа и го штитев поради тоа. И гледате како ми врати. Ученикот кој ми го тргна столот е малолетник, има 17 години. Не знам како ќе заврши тоа. И претходно се случило да побараме бркање на проблематичен ученик, а по жалби Министерството за образование да ни го врати во училиште. Овие треба да одат во воспитно-поправен дом, вели професорката, сè уште видно потресена од сè што ѝ се случило.

Професорката вели дека нејзиното искуство не е ретко во српските училишта.

Ова не е изолиран случај. Ова е исто како и со другите кривични дела каде што само една од 10 жртви јавно зборува. Другите не сакаат да го трпат срамот. Разговарав со колегите кои ги имаат истите проблеми со одржување на редот на часовите. Тие наоѓаат некој строг, кој ќе глуми строгост 45 минути. Јас важам за една од поблагите наставници. Имам деца на нивна возраст, ги почитувам како личности. Не би сакала некој лошо да се однесува со моето дете, затоа кон никое дете не се однесувам така. Не знам зошто баш мене ми се случи ова, тоа се работи кои се надвор од нашата контрола. Буквално, вели таа.

Дисциплинската постапка против насилните ученици е во тек, а случајот ќе добие и судски епилог.

The post „Уште не можам да се соберам, не сфаќав што ми се случи додека син ми не ми ја покажа снимката“, вели малтретираната професорка appeared first on Република.

]]>

Помина една недела, ама уште не можам да си ја средам главата. Прво требаше да ги завршам сите административни обврски, сега почнаа и болки во главата, ми се јавуваат од разни телевизии. Тешко ми е, потешко ми е од одење на работа. Не сум подготвена за ова. Вака ја почнува својата исповед за српските медиуми професорката од Техничкото училиште во Трстеник која беше малтретирана од учениците, инцидент кој масовно се споделува по социјалните мрежи. https://republika.mk/vesti/balkan/uchenici-maltretiraat-profesorka-na-chas-eden-go-trga-stolot-i-ja-pagja-na-zemja/ Вели, „уморна сум и преплашена“.
Ова е премногу за мене. Иако сега знам многу повеќе детали за тој настан, верувајте не бев ни свесена што ми се случи на часот. Дури кога дојдов дома и син ми ми ја покажа снимката сфатив што ми се случи, вели таа.
На прашањето зошто веднаш не го прекинала часот, да замине и да оди да пријави што ѝ се случило, професорката вели дека почекала да заврши часот.
Се срамев од она што го доживеав. Дојдов дома да видам во каква состојба сум. Да се соберам. Мојот син беше во соседната училница. Ни тој не знаеше. Но, набрзо го видел видеото и истрча дома. Беше бесен, вели професорката.
Синот ја убедил да оди до Здравствениот дом во Трстеник и веднаш да се провери. Таа вели дека за среќа поминала само со полесни физички повреди, но психичките, вели, се далеку поболни. Во училницата имало само седум ученици на нејзиниот час по англиски, бидејќи самиот клас брои само единаесет ученици. Затоа изгледало како училницата да е празна. Професорката вели дека вакво нешто досега не се случило.
Кај еден од нив семејните односи не се најдобри. Тој има и други браќа и сестри и грижата за нив не е баш на високо ниво. Го знаев тоа и го штитев поради тоа. И гледате како ми врати. Ученикот кој ми го тргна столот е малолетник, има 17 години. Не знам како ќе заврши тоа. И претходно се случило да побараме бркање на проблематичен ученик, а по жалби Министерството за образование да ни го врати во училиште. Овие треба да одат во воспитно-поправен дом, вели професорката, сè уште видно потресена од сè што ѝ се случило.
Професорката вели дека нејзиното искуство не е ретко во српските училишта.
Ова не е изолиран случај. Ова е исто како и со другите кривични дела каде што само една од 10 жртви јавно зборува. Другите не сакаат да го трпат срамот. Разговарав со колегите кои ги имаат истите проблеми со одржување на редот на часовите. Тие наоѓаат некој строг, кој ќе глуми строгост 45 минути. Јас важам за една од поблагите наставници. Имам деца на нивна возраст, ги почитувам како личности. Не би сакала некој лошо да се однесува со моето дете, затоа кон никое дете не се однесувам така. Не знам зошто баш мене ми се случи ова, тоа се работи кои се надвор од нашата контрола. Буквално, вели таа.
Дисциплинската постапка против насилните ученици е во тек, а случајот ќе добие и судски епилог.

The post „Уште не можам да се соберам, не сфаќав што ми се случи додека син ми не ми ја покажа снимката“, вели малтретираната професорка appeared first on Република.

]]>
Ученици малтретираат професорка на час, еден ѝ го трга столот и ја паѓа на земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uchenici-maltretiraat-profesorka-na-chas-eden-go-trga-stolot-i-ja-pagja-na-zemja/ Thu, 17 Nov 2022 11:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=574882

Српската јавност е револтирана откако се појави видео на кое се гледа како ученици од Техничкото училиште во Трстеник малтретираат професорка.

Насилниот инцидент се случил пред неколку дена. Директорот на училиштето рече дека се активирани сите дисциплински мерки против учениците кои учествувале, го снимале и го споделувале видеото на социјалните мрежи.

Александар Марков од Форумот на белградските средни училишта насилството врз професорите го коментираше како страшно и додаде дека покрај дисциплинската постапка, случајот требало да биде пријавен и во полиција.

Овде, покрај училишната недисциплина, имате и елементи на психичко и физичко насилство, колешката е на работа, што може да резултира со кривични казни за учениците во некоја кривична постапка, рече Марков.

Нападнатата професорка моментално е на боледување. Како што пренесуваат српските медиуми, таа нема физичка повреда, но самиот инцидент и коментарите кои следеа, длабоко ја вознемириле.

The post Ученици малтретираат професорка на час, еден ѝ го трга столот и ја паѓа на земја appeared first on Република.

]]>

Српската јавност е револтирана откако се појави видео на кое се гледа како ученици од Техничкото училиште во Трстеник малтретираат професорка. Насилниот инцидент се случил пред неколку дена. Директорот на училиштето рече дека се активирани сите дисциплински мерки против учениците кои учествувале, го снимале и го споделувале видеото на социјалните мрежи. Александар Марков од Форумот на белградските средни училишта насилството врз професорите го коментираше како страшно и додаде дека покрај дисциплинската постапка, случајот требало да биде пријавен и во полиција.
Овде, покрај училишната недисциплина, имате и елементи на психичко и физичко насилство, колешката е на работа, што може да резултира со кривични казни за учениците во некоја кривична постапка, рече Марков.
Нападнатата професорка моментално е на боледување. Како што пренесуваат српските медиуми, таа нема физичка повреда, но самиот инцидент и коментарите кои следеа, длабоко ја вознемириле.

The post Ученици малтретираат професорка на час, еден ѝ го трга столот и ја паѓа на земја appeared first on Република.

]]>
Почина професорката на Правниот факултет во Скопје Татјана Петрушевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-profesorkata-na-pravniot-fakultet-vo-skopje-tatjana-petrushevska/ Tue, 11 Oct 2022 10:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=559650

На 55 години почина д-р Татјана Петрушевска - универзитетски професор, правник.

Д-р Татјана Петрушевска беше редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави.

Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.

Жалната вест ја објави Ребека Јанковска Ристески чија блиска пријателка беше професорката.

The post Почина професорката на Правниот факултет во Скопје Татјана Петрушевска appeared first on Република.

]]>

На 55 години почина д-р Татјана Петрушевска - универзитетски професор, правник. Д-р Татјана Петрушевска беше редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави. Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија. Жалната вест ја објави Ребека Јанковска Ристески чија блиска пријателка беше професорката.

The post Почина професорката на Правниот факултет во Скопје Татјана Петрушевска appeared first on Република.

]]>