проф. Наташа Котлар Трајкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-natasha-kotlar-trajkova/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Nov 2022 08:49:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. Наташа Котлар Трајкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-natasha-kotlar-trajkova/ 32 32 Koтлар до Ѓоргиев: Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-do-gjorgiev-prokleti-da-se-znaenjeto-i-chesnosta-da-ziveat-prostotijata-i-neukosta/ Mon, 19 Sep 2022 12:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=552224

Најново од циркусот „Медрано“, алијас северно МНР! Ќе формирале Секретаријат што ќе ја помагал работата на македонскиот дел од Историската комисија, која и не треба да постои! Да не е трагично, би било пресмешно, пишува во фб статус проф. Наташа Котлар.

Ој, ти пиле академику и другите пилиња, воопшто не сте чуле за научни институти, факултети! Па, на еден од нив, најстариот научен институт – Институтот за национална историја (ИНИ), токму ТИ, копретседателу на Комисијата (возвишена), ТИ академику – Драги Ѓоргиев си директор.

Амнезија ли е или незнаење дека (ИНИ и другите научни институти) се од национална и стратешка важност, заради научната дејност за македонската држава!? Во тој институт и во другите научни и образовни институции се создава научниот капацитет и продукција за да се подготвувате како комисисти (кога веќе постоите како такви) и за да знаете како да настапувате, научно.

Ама политичката работа е попривлечна, материјално и нематеријално, затоа удри-мавај и рушите ги институциите, избришете ги да не постојат, апстрахирајте ги луѓето-творци и доблесни на научната работа!

На чело со Комисијата и Секретаријатот, во нови победи на разнебитување на институциите и на државата!

Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста!, пишува професорката Наташа Котлар на фејсбук.

The post Koтлар до Ѓоргиев: Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста! appeared first on Република.

]]>

Најново од циркусот „Медрано“, алијас северно МНР! Ќе формирале Секретаријат што ќе ја помагал работата на македонскиот дел од Историската комисија, која и не треба да постои! Да не е трагично, би било пресмешно, пишува во фб статус проф. Наташа Котлар.
Ој, ти пиле академику и другите пилиња, воопшто не сте чуле за научни институти, факултети! Па, на еден од нив, најстариот научен институт – Институтот за национална историја (ИНИ), токму ТИ, копретседателу на Комисијата (возвишена), ТИ академику – Драги Ѓоргиев си директор.
Амнезија ли е или незнаење дека (ИНИ и другите научни институти) се од национална и стратешка важност, заради научната дејност за македонската држава!? Во тој институт и во другите научни и образовни институции се создава научниот капацитет и продукција за да се подготвувате како комисисти (кога веќе постоите како такви) и за да знаете како да настапувате, научно. Ама политичката работа е попривлечна, материјално и нематеријално, затоа удри-мавај и рушите ги институциите, избришете ги да не постојат, апстрахирајте ги луѓето-творци и доблесни на научната работа! На чело со Комисијата и Секретаријатот, во нови победи на разнебитување на институциите и на државата!
Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста!, пишува професорката Наташа Котлар на фејсбук.

The post Koтлар до Ѓоргиев: Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста! appeared first on Република.

]]>
Котлар до Османи: Во историската Комисија се ваши избраници, тие не ги претставуваат македонските историчари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-do-osmani-vo-istoriskata-komisija-se-vashi-izbranici-tie-ne-gi-pretstavuvaat-makedonskite-istorichari/ Mon, 18 Jul 2022 17:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=530756

Познатата историчарка – професорката Наташа Котлар денеска преку отворено писмо му објаснува на министерот за надворешни работи Бујар Османи што всушност прават вистинските историчари, а што прави министерот како и историчарите кои ги избрал тој и политиката.

Повод за ова, како што потенцира Котлар преку Фејсбук е изјавата на министерот при презентацијата на протоколот – „Историчарите, а не политичарите ќе одлучуваат за историските прашања и учебниците“.

За професорката кажаново од министерот е невиден цинизам. Во продолжение ви ја пренесуваме целата нејзина реакција:

-Значи, оваа изјава е тешка демагогија, безобразна манипулација, невиден цинизам, огромно незнаење за нештата, но затоа намерно и конкретно искажана! Господине надворешен, ИСТОРИЧАРИТЕ не одлучуваат, тие истражуваат, проучуваат, докажуваат, утврдуваат, толкуваат, изнесуваат и настапуваат пред јавноста, пишуваат, односно вршат научна дејност. И низ тој процес, на постојано синтетизирање, анализирање и докажување, низ дијалектичкиот процес создаваат наратив, содржина за одедени процеси, настани, случувања, кои потоа се преточуваат во образованието, во учебници и учебни помагала.

ПОЛИТИЧАРИТЕ се оние кои прават компромиси или превземаат дури и насилнички постапки и при тоа одлучуваат. Оние, неколкумина луѓе по вокација историчари и што ви се нафатиле да бидат во Комисијата, ниту го имаат легитимитетот од институциите во кои работат, ниту струковото (научното) здружение ги делегирало, ниту катедрите, ниту имаат соодветна стручност за темите по кои дискутираат!

Тие не ги претставуваат македонските историчари, ниту можат, иако сакаат! Тие се ваши избраници по идејна, пријателска или друга ненаучна кауза! Со ова вие ја засегнувате научната автономија (светска, европска придобивка) и водедувате инквизиција, заради фалсификување на македонската историја и самобит!, напиша Котлар.

The post Котлар до Османи: Во историската Комисија се ваши избраници, тие не ги претставуваат македонските историчари appeared first on Република.

]]>

Познатата историчарка – професорката Наташа Котлар денеска преку отворено писмо му објаснува на министерот за надворешни работи Бујар Османи што всушност прават вистинските историчари, а што прави министерот како и историчарите кои ги избрал тој и политиката. Повод за ова, како што потенцира Котлар преку Фејсбук е изјавата на министерот при презентацијата на протоколот – „Историчарите, а не политичарите ќе одлучуваат за историските прашања и учебниците“. За професорката кажаново од министерот е невиден цинизам. Во продолжение ви ја пренесуваме целата нејзина реакција:
-Значи, оваа изјава е тешка демагогија, безобразна манипулација, невиден цинизам, огромно незнаење за нештата, но затоа намерно и конкретно искажана! Господине надворешен, ИСТОРИЧАРИТЕ не одлучуваат, тие истражуваат, проучуваат, докажуваат, утврдуваат, толкуваат, изнесуваат и настапуваат пред јавноста, пишуваат, односно вршат научна дејност. И низ тој процес, на постојано синтетизирање, анализирање и докажување, низ дијалектичкиот процес создаваат наратив, содржина за одедени процеси, настани, случувања, кои потоа се преточуваат во образованието, во учебници и учебни помагала.
ПОЛИТИЧАРИТЕ се оние кои прават компромиси или превземаат дури и насилнички постапки и при тоа одлучуваат. Оние, неколкумина луѓе по вокација историчари и што ви се нафатиле да бидат во Комисијата, ниту го имаат легитимитетот од институциите во кои работат, ниту струковото (научното) здружение ги делегирало, ниту катедрите, ниту имаат соодветна стручност за темите по кои дискутираат! Тие не ги претставуваат македонските историчари, ниту можат, иако сакаат! Тие се ваши избраници по идејна, пријателска или друга ненаучна кауза! Со ова вие ја засегнувате научната автономија (светска, европска придобивка) и водедувате инквизиција, заради фалсификување на македонската историја и самобит!, напиша Котлар.

The post Котлар до Османи: Во историската Комисија се ваши избраници, тие не ги претставуваат македонските историчари appeared first on Република.

]]>
Котлар: Бугарите во Уставот, а Македонците во пеколот! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-bugarite-vo-ustavot-a-makedoncite-vo-pekolot/ Sun, 12 Jun 2022 17:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=514193

Во услови кога Бугарија го проблематизира македонскиот посебен историски развој - идентитетот и не го прознава постоењето на Македонците, власта не смее ни да помисли да ги чепне уставот, па макар тој бил и северен, Едностраното и едноставното внесување на Бугарите во македонскиот уставо како конститутивен нарот ќе значи редефинирање на историјата на македонскиот народ и неговата држава. Тоа значи бугаризирање на се што е македонско - од Цар Самоил преку Делчев, па се до улогата на Бугарија во Втората светска војна, пишува во колумна за Скопско ехо историчарката Наташа Котлар.

Саботниот ден, изобилуваше со „германски“ вести! Шулц ни вети датум за ЕУ, а ние – јадниците од Македонија, посредно, дознавме дека сме биле подготвени да го исполниме едно од клучните барања на Бугарија – да ги вклучиме Бугарите во Уставот и тоа како државотворен народ на земјата!? Последнава информацијава е од Јохана Дајмел, една од најугледните германски аналитичарки за Балканот, но одекнува во нашата јадничка свест ужасно, пеколно! Особено што доаѓа во време кога северниот премиер незрело се смее кога го претставуваат на меѓународна средба дека е од „Западна Бугарија“, а министерот за надворешни работи се потпишува како „северномакедонски“! За другите, заедно со претседателот од Водно и да не зборувам!

Котлар предупредува дека ако на „балкански начин“ или пак преку Собранието, кое е во хронична криза, се направи обид за спроведување на „оваа убиствена замисла по македонската опстојба“, ќе биде крај за нас Македонците.

Едностраното и едноставното внесувањето на Бугарите во Уставот и тоа како конститутивен народ ќе значи на голема врата да се редефинира историјата на македонскиот народ и неговата држава. Тоа е пеколен начин, ирационалниот спор – за македонската историја и идентитетот на народот – да добие рационална реализација на бугарските намери за асимилација, односно бугаризирање на сè она што се е македонско – средновековие (Самоил, богомили), нов век (преродбеници, културни дејци, револуционери – Делчев) и современ период – да се промени вистинската улога на Бугарија во Втората светска војна, од фашистичка и окупаторска, во слободољубива држава со народ измачен од борби и затоа заслужен за изградба и на македонската држава!

Тоа би била целосна промена на македонската историја на штета на Македонците и нивните жртви пред и за време на балканските и светските војни. Со едностраното и едноставното внесување на Бугарите во Уставот на РС Македонија, „богатото културно наследство (…) традицијата на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ“ ќе се и бугарски, а ако имаме среќа и по малку македонски! Затоа, повеќе од кога и да е ни е потребна, отворена свест, мурост, сила, волја и сензитивност да се одбраниме од овие апокалиптични посегања по нашата душа – македонска. Ако ја загубиме, ништо нема да ни треба, најмалку датум, завршува Котлар.

The post Котлар: Бугарите во Уставот, а Македонците во пеколот! appeared first on Република.

]]>

Во услови кога Бугарија го проблематизира македонскиот посебен историски развој - идентитетот и не го прознава постоењето на Македонците, власта не смее ни да помисли да ги чепне уставот, па макар тој бил и северен, Едностраното и едноставното внесување на Бугарите во македонскиот уставо како конститутивен нарот ќе значи редефинирање на историјата на македонскиот народ и неговата држава. Тоа значи бугаризирање на се што е македонско - од Цар Самоил преку Делчев, па се до улогата на Бугарија во Втората светска војна, пишува во колумна за Скопско ехо историчарката Наташа Котлар.
Саботниот ден, изобилуваше со „германски“ вести! Шулц ни вети датум за ЕУ, а ние – јадниците од Македонија, посредно, дознавме дека сме биле подготвени да го исполниме едно од клучните барања на Бугарија – да ги вклучиме Бугарите во Уставот и тоа како државотворен народ на земјата!? Последнава информацијава е од Јохана Дајмел, една од најугледните германски аналитичарки за Балканот, но одекнува во нашата јадничка свест ужасно, пеколно! Особено што доаѓа во време кога северниот премиер незрело се смее кога го претставуваат на меѓународна средба дека е од „Западна Бугарија“, а министерот за надворешни работи се потпишува како „северномакедонски“! За другите, заедно со претседателот од Водно и да не зборувам!
Котлар предупредува дека ако на „балкански начин“ или пак преку Собранието, кое е во хронична криза, се направи обид за спроведување на „оваа убиствена замисла по македонската опстојба“, ќе биде крај за нас Македонците.
Едностраното и едноставното внесувањето на Бугарите во Уставот и тоа како конститутивен народ ќе значи на голема врата да се редефинира историјата на македонскиот народ и неговата држава. Тоа е пеколен начин, ирационалниот спор – за македонската историја и идентитетот на народот – да добие рационална реализација на бугарските намери за асимилација, односно бугаризирање на сè она што се е македонско – средновековие (Самоил, богомили), нов век (преродбеници, културни дејци, револуционери – Делчев) и современ период – да се промени вистинската улога на Бугарија во Втората светска војна, од фашистичка и окупаторска, во слободољубива држава со народ измачен од борби и затоа заслужен за изградба и на македонската држава! Тоа би била целосна промена на македонската историја на штета на Македонците и нивните жртви пред и за време на балканските и светските војни. Со едностраното и едноставното внесување на Бугарите во Уставот на РС Македонија, „богатото културно наследство (…) традицијата на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ“ ќе се и бугарски, а ако имаме среќа и по малку македонски! Затоа, повеќе од кога и да е ни е потребна, отворена свест, мурост, сила, волја и сензитивност да се одбраниме од овие апокалиптични посегања по нашата душа – македонска. Ако ја загубиме, ништо нема да ни треба, најмалку датум, завршува Котлар.

The post Котлар: Бугарите во Уставот, а Македонците во пеколот! appeared first on Република.

]]>