проф. д-р Весна Јаневска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-vesna-janevska/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 07:28:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Весна Јаневска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-vesna-janevska/ 32 32 Очекувам учебната година да почне со минимални проблеми, вели Весна Јаневска, министерката за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ochekuvam-uchebnata-godina-da-pochne-so-minimalni-problemi-veli-vesna-janevska-ministerkata-za-obrazovanie/ Thu, 08 Aug 2024 20:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=804757

Радикални промени ќе има, но тие ќе бидат видливи откако ќе бидат спроведени. Во МОН почнуваме со бројни отворени фронтови, но на сите нив со чекор по чекор постапки, кои ќе доведат до сериозни промени и кои на крајот ќе дадат позитивен ефект, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Во гостување во „Вести плус“ на ТВ Канал 5 вечерва Јаневска рече дека очекува учебната година да почне со минимални проблеми и сѐ друго да биде во ред, освен тоа што ќе нема учебници за странски јазици, како и учебници за етничките заедници во хартиена форма, но поставени на веб-страницата на Бирото за развој на образованието, за што, рече, не е виновна таа и сегашната Влада.

-Најголем дел од нив не се одобрени, работиме интензивно да се одобрат. Но нема да биде сериозен проблем, рече министерката.

Јавната расправа за доставување забелешки за наставните планови и програми за седмо, осмо и деветто одделение ќе трае, рече,  подолго поради одморите, а откако ќе се соберат сите сугестии и забелешки ќе почне креирањето на нови наставни планови и програми за одделенијата од последната третина во основното образование за кои е одложена примената на концепцијата.

-После тоа ќе се навратиме и на наставните планови и програми и на претходните одделенија затоа што сакаме да има нови изборни предмети, многу други наставни и воннаставни активности, но тоа ќе се одвива без големи турбуленции и проблеми кои би се појавиле во наставата. Така што, во следните неколку години сметам дека целото основно образование ќе го заокружиме. Бидејќи ги слушаме и чинителите кои треба да ги чуеме, се надевам дека тоа ќе потрае и ќе даде добар резултат, истакна министерката.

На прашањето дали би имплементирале во учебниците нешто што е договорено од Македонско-бугарската комисија за историски прашања, чија работа е подолг период во застој, Јаневска одговори дека прво треба да се видат препораките затоа што, рече, „ние ништо официјално досега не сме добиле“.

-Верувам дека нашиот дел од таа комисија ќе знае да ги заштити нашиот национален идентитет и јазикот, нашите државни интереси и, доколку во таков случај има некакви препораки – да, би можело да се имплементира. Но, повторно ќе кажам, во учебник – тоа е посебна категорија на книга, влегува научна вистина, не политичка вистина, и доколку комисијата се придржува и на науката и е заеднички став, сметам дека во иднина би можело да се имплементира и во учебниците, рече Јаневска во интервјуто.

Во однос на тоа кога би требало да се воведе сексуално образование и родови теми како што е родовиот идентитет, министерката рече дека децата треба „на соодветна возраст да добијат соодветни информации, кога тие можат да ги восприемат така како што треба“.

Смета дека не треба да има табу теми, тие да се обработуваат на соодветна возраст, но и дека во образованието има многу други приоритети.

-Во вакво релативно конзервативно општество, обврзно треба да ги прашаме и родителите кога тие мислат дека е соодветно нивните деца да се запознаат со нешто друго освен репродуктивното здравје. Со оглед дека во минатите власти се инсистираше на сеопфатно сексуално образование од најрана возраст, ја видовме бурната реакција на општеството и ние како влада се залагаме сексуалното образование во однос на репродуктивно здравје, заштита од несакана бременост и од полови заболувања, заштита од сексуална агресија, се она што би можеле да воспримат во седмо-осмо одделение, тие ќе си учат во соодветните предмети – Биологија, Граѓанско образование итн., додека на поголема возраст односно во средно училиште не е проблем да се запознаат со постоењето и на други сексуални ориентации. Тоа не треба да биде табу тема, но не треба да биде ни главна тема, бидејќи, како што видовме пред некој ден, нашите деца не знаат да одговорат што е Илинден, рече Јаневска.

Во врска со платите на просветните работници и нејзината денешна изјава дека покачување ќе нема во септември, туку во март идната година за околу 12 отсто, министерката во интервјуто побара разбирање од наставниците нагласувајќи дека тие заслужуваат  подобро.

-Ги замолувам дека мора да бидеме реални, ние немаме дупка, туку имаме кратер во буџетот. Мора прво да направиме продукција на пари, односно бизнис кој ќе го полни буџетот за да можеме да ја покачиме платата... Заслужуваат подобро и треба да очекуваат подобро, за тоа треба да и возвратат на земјата и на учениците, се што можам максимално ќе направам. Според Општиот колективен договор, тие во март треба да добијат покачување на платата и ќе си го добијат тоа покачување, рече Јаневска.

Како што рече, колективните договори од претходната власт биле потпишувани од популистички причини и пред избори „со цел да се добијат гласови без да се води сметка за стопанството и дали државата може да го поднесе тој товар“.

The post Очекувам учебната година да почне со минимални проблеми, вели Весна Јаневска, министерката за образование appeared first on Република.

]]>

Радикални промени ќе има, но тие ќе бидат видливи откако ќе бидат спроведени. Во МОН почнуваме со бројни отворени фронтови, но на сите нив со чекор по чекор постапки, кои ќе доведат до сериозни промени и кои на крајот ќе дадат позитивен ефект, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во гостување во „Вести плус“ на ТВ Канал 5 вечерва Јаневска рече дека очекува учебната година да почне со минимални проблеми и сѐ друго да биде во ред, освен тоа што ќе нема учебници за странски јазици, како и учебници за етничките заедници во хартиена форма, но поставени на веб-страницата на Бирото за развој на образованието, за што, рече, не е виновна таа и сегашната Влада. -Најголем дел од нив не се одобрени, работиме интензивно да се одобрат. Но нема да биде сериозен проблем, рече министерката. Јавната расправа за доставување забелешки за наставните планови и програми за седмо, осмо и деветто одделение ќе трае, рече,  подолго поради одморите, а откако ќе се соберат сите сугестии и забелешки ќе почне креирањето на нови наставни планови и програми за одделенијата од последната третина во основното образование за кои е одложена примената на концепцијата. -После тоа ќе се навратиме и на наставните планови и програми и на претходните одделенија затоа што сакаме да има нови изборни предмети, многу други наставни и воннаставни активности, но тоа ќе се одвива без големи турбуленции и проблеми кои би се појавиле во наставата. Така што, во следните неколку години сметам дека целото основно образование ќе го заокружиме. Бидејќи ги слушаме и чинителите кои треба да ги чуеме, се надевам дека тоа ќе потрае и ќе даде добар резултат, истакна министерката. На прашањето дали би имплементирале во учебниците нешто што е договорено од Македонско-бугарската комисија за историски прашања, чија работа е подолг период во застој, Јаневска одговори дека прво треба да се видат препораките затоа што, рече, „ние ништо официјално досега не сме добиле“. -Верувам дека нашиот дел од таа комисија ќе знае да ги заштити нашиот национален идентитет и јазикот, нашите државни интереси и, доколку во таков случај има некакви препораки – да, би можело да се имплементира. Но, повторно ќе кажам, во учебник – тоа е посебна категорија на книга, влегува научна вистина, не политичка вистина, и доколку комисијата се придржува и на науката и е заеднички став, сметам дека во иднина би можело да се имплементира и во учебниците, рече Јаневска во интервјуто. Во однос на тоа кога би требало да се воведе сексуално образование и родови теми како што е родовиот идентитет, министерката рече дека децата треба „на соодветна возраст да добијат соодветни информации, кога тие можат да ги восприемат така како што треба“. Смета дека не треба да има табу теми, тие да се обработуваат на соодветна возраст, но и дека во образованието има многу други приоритети. -Во вакво релативно конзервативно општество, обврзно треба да ги прашаме и родителите кога тие мислат дека е соодветно нивните деца да се запознаат со нешто друго освен репродуктивното здравје. Со оглед дека во минатите власти се инсистираше на сеопфатно сексуално образование од најрана возраст, ја видовме бурната реакција на општеството и ние како влада се залагаме сексуалното образование во однос на репродуктивно здравје, заштита од несакана бременост и од полови заболувања, заштита од сексуална агресија, се она што би можеле да воспримат во седмо-осмо одделение, тие ќе си учат во соодветните предмети – Биологија, Граѓанско образование итн., додека на поголема возраст односно во средно училиште не е проблем да се запознаат со постоењето и на други сексуални ориентации. Тоа не треба да биде табу тема, но не треба да биде ни главна тема, бидејќи, како што видовме пред некој ден, нашите деца не знаат да одговорат што е Илинден, рече Јаневска. Во врска со платите на просветните работници и нејзината денешна изјава дека покачување ќе нема во септември, туку во март идната година за околу 12 отсто, министерката во интервјуто побара разбирање од наставниците нагласувајќи дека тие заслужуваат  подобро. -Ги замолувам дека мора да бидеме реални, ние немаме дупка, туку имаме кратер во буџетот. Мора прво да направиме продукција на пари, односно бизнис кој ќе го полни буџетот за да можеме да ја покачиме платата... Заслужуваат подобро и треба да очекуваат подобро, за тоа треба да и возвратат на земјата и на учениците, се што можам максимално ќе направам. Според Општиот колективен договор, тие во март треба да добијат покачување на платата и ќе си го добијат тоа покачување, рече Јаневска. Како што рече, колективните договори од претходната власт биле потпишувани од популистички причини и пред избори „со цел да се добијат гласови без да се води сметка за стопанството и дали државата може да го поднесе тој товар“.

The post Очекувам учебната година да почне со минимални проблеми, вели Весна Јаневска, министерката за образование appeared first on Република.

]]>
Јаневска до Најчевска: Ајде професорке дајте некоја идеја за подобро образование, направете нешто добро за државата! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-do-najchevska-ajde-profesorke-dajte-nekoja-ideja-za-podobro-obrazovanie-napravete-neshto-dobro-za-drzhavata/ Fri, 05 Jul 2024 07:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=793613

Не би сакала непријателства, но гледам дека намерата на професорката Најчевска е таа. Изминаа само 8 дена од мандатот, а веќе неколку пати ме прозива, па дури и изнесува сериозни обвинувања кон мене и мојата партија.
Добро, нема да замерам. Само ќе ја охрабрам - ајде професорка дајте некоја идеја за подобро образование, направете нешто добро за државата, напиша на Фејсбук, министерката за образование, Весна Јаневска.

The post Јаневска до Најчевска: Ајде професорке дајте некоја идеја за подобро образование, направете нешто добро за државата! appeared first on Република.

]]>

Не би сакала непријателства, но гледам дека намерата на професорката Најчевска е таа. Изминаа само 8 дена од мандатот, а веќе неколку пати ме прозива, па дури и изнесува сериозни обвинувања кон мене и мојата партија. Добро, нема да замерам. Само ќе ја охрабрам - ајде професорка дајте некоја идеја за подобро образование, направете нешто добро за државата, напиша на Фејсбук, министерката за образование, Весна Јаневска.

The post Јаневска до Најчевска: Ајде професорке дајте некоја идеја за подобро образование, направете нешто добро за државата! appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Јаневска: Наставните планови и програми ќе мора да се променат затоа што очигледно не даваат ефект https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-janevska-nastavnite-planovi-i-programi-ke-mora-da-se-promenat-zatoa-shto-ochigledno-ne-davaat-efekt/ Wed, 19 Jun 2024 09:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=788976

Оваа Национална стратегија повеќе пати сум кажала дека сметам дека е многу потребна, тоа би биле принципите на кои ние би го воспоставиле образовниот систем со политички консензус во Македонија. Се разбира тоа би било со консултација на стручните тела и стручната фела“, истакна Весна Јаневска, предлог министер за образование и наука во утринска емисија на „Слободен печат“.

Проф. д-р Јаневска, истакна дека смета оти е многу потребно сите политички релевантни субјекти да се согласат на тие принципи за да може да се обезбеди континуитет во образованието на младите.

Јаневска потсети дека во минатото многу често се менуваа министрите и многу често се доаѓаше во ситуација да се почнува постојано од почеток со некакви неефикасни промени.

Па, така ќе го предложиме ова и јас се надевам дека ќе дојдеме до тој консензус. Наставните планови и програми навистина ќе мора да се променат затоа што очигледно дека не даваат ефект. Јас велам дека според принципот кој јас го посакувам да има континуитет сега во моментов се прават анализи и се правеа и претходно, она што наставниците, родителите и повозрасните ученици ги сметаат дека е добро во тие програми, ние ќе го задржиме како Влада“, појасни Јаневска.

Таа посочи дека критиките од ЕУ и меѓународните тестирања покажуваат дека нашите деца со своето знаење се на некое незавидно ниво и тоа мора да се промени.

Ќе се водиме по принципот - добро образование, добра држава“, нагласи таа.

The post Проф. д-р Јаневска: Наставните планови и програми ќе мора да се променат затоа што очигледно не даваат ефект appeared first on Република.

]]>

Оваа Национална стратегија повеќе пати сум кажала дека сметам дека е многу потребна, тоа би биле принципите на кои ние би го воспоставиле образовниот систем со политички консензус во Македонија. Се разбира тоа би било со консултација на стручните тела и стручната фела“, истакна Весна Јаневска, предлог министер за образование и наука во утринска емисија на „Слободен печат“.
Проф. д-р Јаневска, истакна дека смета оти е многу потребно сите политички релевантни субјекти да се согласат на тие принципи за да може да се обезбеди континуитет во образованието на младите. Јаневска потсети дека во минатото многу често се менуваа министрите и многу често се доаѓаше во ситуација да се почнува постојано од почеток со некакви неефикасни промени.
Па, така ќе го предложиме ова и јас се надевам дека ќе дојдеме до тој консензус. Наставните планови и програми навистина ќе мора да се променат затоа што очигледно дека не даваат ефект. Јас велам дека според принципот кој јас го посакувам да има континуитет сега во моментов се прават анализи и се правеа и претходно, она што наставниците, родителите и повозрасните ученици ги сметаат дека е добро во тие програми, ние ќе го задржиме како Влада“, појасни Јаневска.
Таа посочи дека критиките од ЕУ и меѓународните тестирања покажуваат дека нашите деца со своето знаење се на некое незавидно ниво и тоа мора да се промени.
Ќе се водиме по принципот - добро образование, добра држава“, нагласи таа.

The post Проф. д-р Јаневска: Наставните планови и програми ќе мора да се променат затоа што очигледно не даваат ефект appeared first on Република.

]]>
Зошто сè уште не е исплатена финансиската помош на учениците за февруари и март, Јаневска го прашува министерот Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-se-ushte-ne-e-isplatena-finansiskata-pomosh-na-uchenitsite-za-fevruari-i-mart-janevska-go-prashuva-ministerot-shakiri/ Fri, 12 Apr 2024 16:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=765497

Проф. д-р Весна Јаневска го прашува министерот за образование Јетон Шаќири зошто сè уште не е исплатена финансиската помош на учениците за февруари и март.

Не се исплатени ни стипендиите на децата на бранителите! Децата на бранителите! ЗОШТО? ЗОШТО?, прашува Јаневска преку статус на „Фејсбук“.

The post Зошто сè уште не е исплатена финансиската помош на учениците за февруари и март, Јаневска го прашува министерот Шаќири appeared first on Република.

Проф д-р Јаневска: Лукаревска е во право – Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-janevska-lukarevska-e-vo-pravo-idninata-na-makedonija-so-sds-e-kompletno-predvidliva-i-znachi-kompletna-propast/ Mon, 01 Apr 2024 17:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=761040

Проф д-р Весна Јаневска ја коментира изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, дека „граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина.

Согласна сум. Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст.

Што се однесува до образованието Лукаревска најави намалување на административните обврски за наставниот кадар, целосно воведување на дуално образование како систем во кој практичното работење се комбинира со училишната настава како ефикасен начин за создавање на квалитетни кадри потребни на пазарот на труд и стоп за лажните дипломи, најавувајќи ревизија и евалуација на сите стекнати дипломи.

Ја информирам г-ѓа Лукаревска дека и минатиот пат најавуваа намалување на административната работа на наставниците, ама не ја намалија, дуалното образование, проект на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се спроведува и ја прашувам кој ги спречуваше до сега да спроведат ревизија и евалуација на дипломите, не на сите, барем на оние сомнителните?

Не ме плаши кражбата на идеи од програмата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, презентирана ширум земјата, ме плаши безидејноста на СДС и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има опозиција со која ќе може да соработува, во корист на народот. Тоа е што е, но ние знаеме и можеме, а и сакаме.

Уште малку и Македонија пак ќе биде наша.
#МакедонијаПовторноТвоја“, се наведува во реакцијата на проф. д-р Јаневска.

The post Проф д-р Јаневска: Лукаревска е во право – Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст appeared first on Република.

]]>

Проф д-р Весна Јаневска ја коментира изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, дека „граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина.
Согласна сум. Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст.   Што се однесува до образованието Лукаревска најави намалување на административните обврски за наставниот кадар, целосно воведување на дуално образование како систем во кој практичното работење се комбинира со училишната настава како ефикасен начин за создавање на квалитетни кадри потребни на пазарот на труд и стоп за лажните дипломи, најавувајќи ревизија и евалуација на сите стекнати дипломи.   Ја информирам г-ѓа Лукаревска дека и минатиот пат најавуваа намалување на административната работа на наставниците, ама не ја намалија, дуалното образование, проект на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се спроведува и ја прашувам кој ги спречуваше до сега да спроведат ревизија и евалуација на дипломите, не на сите, барем на оние сомнителните?   Не ме плаши кражбата на идеи од програмата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, презентирана ширум земјата, ме плаши безидејноста на СДС и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има опозиција со која ќе може да соработува, во корист на народот. Тоа е што е, но ние знаеме и можеме, а и сакаме.   Уште малку и Македонија пак ќе биде наша. #МакедонијаПовторноТвоја“, се наведува во реакцијата на проф. д-р Јаневска.

The post Проф д-р Јаневска: Лукаревска е во право – Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст appeared first on Република.

]]>
Платформа 1198: Зголемување на буџетот за образование и наука, нови министерства за туризам и спорт, 50 милион евра за спортот, 50 милиони евра стипендии за средношколците и студентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/platforma-1198-zgolemuvane-na-budhetot-za-obrazovanie-i-nauka-novi-ministerstva-za-turizam-i-sport-50-milion-evra-za-sportot-50-milioni-evra-stipendii-za-srednoshkoltsite-i-studentite/ Sun, 24 Mar 2024 15:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=758173

Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование и наука на денешната програмска дебата насловена „Искористување на потенцијалот – Образование, култура, туризам и спорт за развој на државата“ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека образованието претставува камен темелник на една држава и има клучна улога во обликувањето на сегашноста и иднината на економскиот развој, социјалната кохезија, демократијата, зачувувањето и промоцијата на македонскиот идентитет и во правилниот развој на личноста.

За да го постигнеме ова, се обврзуваме дека ќе ги зголемиме буџетските средства кои се одвојуваат за образование од 3,4 на 5 проценти од БДП, за наука од 0,34 на еден процент од БДП. На тоа ќе се додаде еден денар од акцизите на нафтените деривати. Со овие средства ќе го прилагодиме македонското образование на потребите на пазарот на трудот и националните потреби на Македонија. Ќе извршиме сеопфатно подобрување на образовната инфраструктура. Преку поддршка на универзитетите ќе постигнеме забрзан развој на науката, со активни политики ќе работиме на задржување на нашата иднина, на нашите млади во татковината и развивање на нивниот потенцијал во Македонија. Предучилишното образование ќе го вратиме во ресорот, таму каде што припаѓа, во Министерството за образование и наука, рече меѓу другото Јаневска.

Благица Ласовска, пратеник во текот на своето обраќање се осврна на инклузијата каде посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вистинско инклузивно образование каде ќе бидат вклучени стручни кадри од училиштата како и родителите.

Инклузијата односно вклучувањето во образованиот процес кој што имаат посебни образовни потреби е многу важна работа и за нив и за нивното семејство и ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вистинско инклузивно образование. Тоа е основно човеково право и затоа секоја држава треба да се потруди да го обезбеди ова право. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме еден сериозен пристап затоа што тоа бара многу средства, прилично едуциран кадар кој што ќе работи со децата со посебни образовни потреби и поголеми материјални средства. Во овој процес наш партнер ќе бидат и родителите и стручните служби во самите училишта. Во однос на безбедноста во училиштата ние ќе имаме една програма за спречување на насилството во училиштата. Исто така значајно е дека родителите повеќе не можат да плаќаат партиципација за обезбедување на самите училишта туку тоа треба да го прави државата, порача Ласовска.

Во текот на дебатата се обрати и Зоран Љутков, тој посочи дека Буџетот на министерството за култура за 2024 година е историски најмал досега.

Буџетот на министерството за култура за 2024 година кој од севкупниот Буџет на државата историски гледано најмал досега изнесува само 1,36%. Поделбата на средствата се распределени на следниов начин. Значи 0,70% за плати на вработените во културата, 0,15% за комуналии за обезбедување на објекти и материјални трошоци за установите и само 0,40% се наменети за програмски содржини и инвестиции или изразено во средства некаде околу 800 милиони денари што значи дека со ваков Буџет нема никаква продуктивност, рече Љутков.

Тој истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат ќе воведе стимулативна мерка а тоа е 1 денар од акцизата за нафтените деривати за културата.

Имајќи ги во предвид овие показатели Владата на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат воведува стимулативна мерка а тоа е 1 денар од акцизата за нафтените деривати за културата. Мерка со која ќе се удвојат средствата за програмските активности и за капиталните инвестиции. Значи овие средства од акцизата кој од 2025 година на годишно ниво ќе се слеваат во културата претставуваат нови дополнителни 750 милиони денари годишно што значи двојно повеќе средства или преку 1,5 милијарда денари или само во еден мандат од 2025 до 2028 година ќе има околу 3 милијарда денари дополнителни директни финансиски вложувања во културата. Што значи дека културата конечно ќе може да земе здив, вели Љутков.

Тој посочи дека како Влада ќе ги завршат сите објекти кои се започнати во 2014 година кои не се завршени во овие 7 години.

Најважно е што го менуваме начинот на финансирање а тоа е преку реформи за финансирање преку воведување на јасни и прецизни критериуми, делегиран Буџет кој ќе се однесува за националните установи што значи дека досегашните конкурси што ги имавме за кои имаше многу критики се заменуваат со тоа што менаџерите на институциите во културата од почетокот на годината ќе ги добиваат своите средства од старт но потоа комисиите ќе ги мониторираат и ќе ги евалуираат проектите и во зависност од постигнатите резултати ќе добиваат толку средства колку што им се потребни за следната година, вели Љутков.

Мими Ѓорѓоска Илиевска претседател на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата планира многу проекти за заштита на културното наследство, заштита на македонскиот јазик, негување на македонскиот фолклор, како и континуирани археолошки истражувања, реставрации, конзервации и дигитализација на културното наследство на Македонија.

Културата претставува еден од трите најважни столба на кои се претставени сите европски држави а ВМРО-ДПМНЕ секогаш на културата гледа како на главен носител на идентитетот и развојот. Токму затоа во програмата предвидуваме заштита на македонските национални интереси со сите институционални механизми и ставање во нивна функција со една единствена цел унапредување на општеството. Остануваме посветени кон зачувување и зацврстување на идентитетот на македонскиот народ и на другите етнички заедници во Македонија. Заштита на културното наследство како темелна вредност на државата. Во таа смисла клучни мерки кои што ги предвидовме во програмата се однесуваат на зачувување и унапредување на македонскиот јазик, при што ќе реализираме проекти за дигитализација на усното и пишаното творештво на македонски јазик, ќе се формира национална комисија за стандардизација на географските имиња исто така ќе се формира лексикографски институт во рамките на народната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Ветуваме континуирано негување на македонскиот фолклор. Обезбедување на најсовремени просторни и технички услови за работа на единствениот државен ансамбл „Танец“. Заштита на културното наследство е наш врвен приоритет и планираме континуирани археолошки истражувања, конзервација, реставрација, и дигитализација на културното наследство, нагласи Ѓорѓоска Илиевска.

Претседателот на Комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ, Слободан Блажевски истакна дека после доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, за првпат од осамостојувањето на Македонија туризмот ќе го добие своето заслужено место.

За прв пат туризмот ќе биде на ниво на министерство заедно со културата и ќе имаме министерство за култура и туризам и со самото тоа нашата партија ВМРО-ДПМНЕ му дава фокус на туризмот, ако се има во предвид дека досега функционираше во рамките на Министерството за економија како сектор за туризам. Како дел од министерството за култура и туризам ќе го опфатиме целокупниот туристички сектор, односно туристичките агенции, хотелско-угостителски објекти, превозници во туризмот, туристички водичи и водичи во планина и секако области поврзани со создавање на квалитетен кадар за туризмот“, истакна Блажевски и додаде:

„Од тој аспект ние како ВМРО-ДПМНЕ ја препознаваме можноста и природните убавини кои ги има нашата земја и со агресивна кампања и промоција во рамките на нашата држава и во странство ќе направиме туристички бренд од нашата земја која што ќе биде препознатлива со своите убавини, како природни и културни потенцијали, така и од гастрономски аспект, односно автохтона храна и специјалитети и пијалаци од македонското поднебје“, потенцираше Блажевски.

Игор Кралевски посочи дека еден од главните проекти ќе биде спортски денар со што ќе се соберат 50 милиони евра директна поддршка за спортот во 4 годишниот мандат на владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски.

„По еден денар ќе се издвои од наточено дизел гориво. Со ова ќе се обезбеди зголемување на државното инвестирање во спортската инфраструктура, поддршка на професионалниот и масовен спорт, едукација на наставниот кадар на спортските работници и вложување во спортската наука. Спортските клубови повеќе нема да бидат оставени на милост и немилост. Со ова ќе почнат да се гледаат резултатите на националните репрезентации, но и во клупските спортови. Задача ќе ни биде да го вратиме сјајот на фудбалот, ќе ја вратиме македонската гордост Вардар, тоа не може преку ноќ но за четири години ќе има резултати“, рече Кралевски.

Спортот е на многу ниско ниво, затоа ние направивме една стратегија која што ќе проба да ги опфати сите сегменти во спортот, не само директната помош финансиска која што ја зголемивме. Најважно од се според мене е создавањето на новото министерство за спорт, кое што ќе биде еден огромен чекор само по себе, за самиот спорт. Затоа што спортистите конечно ќе имаа свој дом и ќе можат сите да си ги кажат своите проблеми, сите побарувања и се она што им пречи, истакна Борко Ристовски, претседател на Комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Ристовски додаде дека самото создавање на министерството за спорт ќе го подобри спортот и унапреди за 50-тина проценти.

Мерката спортски денар е една мерка која што во спортот носи преку 800 милиони денари на годишно ниво. И според нашите планови и размислувања 85% од тие средства ќе одат во инфраструктурата. Не можеме да зборуваме за успех во спортот ако немаме инфраструктура“, заклучи Ристовски.

Претседателот на УМС Сергеј Попов рече дека ВМРО-ДПМНЕ изработи квалитетна програма за младите луѓе која што беше правена во соработка со младите и се ценеше мислењето на сите млади луѓе.

Попов истакна дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е планирано враќање на проектот дом за млади.

Предвидување враќање на проектот дом за млади. Со овој проект се предвидува исплаќање на субвенции на месечна рата за изградба на куќа или исплаќање на субвенции за почетно учество при добивање на кредит за изградба на куќа. За младите парови кои планираат да се преселат на село ќе изработиме програма со која ќе овозможиме еднократна финансиска поддршка за купување, градење или проширување на куќа. Ќе го поддржиме проширувањето и енергетско ефикасното реновирање на домовите за младите и предвидуваме продажба на државно неизградено земјиште по повластена цена по метар квадратен, истакна Попов и посочи дека:

ВМРО-ДПМНЕ предвидува 50 милиони евра за стипендии за средношколците и студенти. За дефицитарните и високо платените професии предвидуваме целосни стипендии. И предвидуваме намалување на партиципацијата за студирање за 50 проценти за студенти до 25 години кои се родители. ВМРО-ДПМНЕ предвидуваме пакет за фриленсери, законски можности за препознавање на категоријата фриленсер.

https://www.youtube.com/live/elxkpW-qj4M?si=vkTCW7UNmRxfcoL4

The post Платформа 1198: Зголемување на буџетот за образование и наука, нови министерства за туризам и спорт, 50 милион евра за спортот, 50 милиони евра стипендии за средношколците и студентите appeared first on Република.

]]>

Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование и наука на денешната програмска дебата насловена „Искористување на потенцијалот – Образование, култура, туризам и спорт за развој на државата“ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека образованието претставува камен темелник на една држава и има клучна улога во обликувањето на сегашноста и иднината на економскиот развој, социјалната кохезија, демократијата, зачувувањето и промоцијата на македонскиот идентитет и во правилниот развој на личноста.
За да го постигнеме ова, се обврзуваме дека ќе ги зголемиме буџетските средства кои се одвојуваат за образование од 3,4 на 5 проценти од БДП, за наука од 0,34 на еден процент од БДП. На тоа ќе се додаде еден денар од акцизите на нафтените деривати. Со овие средства ќе го прилагодиме македонското образование на потребите на пазарот на трудот и националните потреби на Македонија. Ќе извршиме сеопфатно подобрување на образовната инфраструктура. Преку поддршка на универзитетите ќе постигнеме забрзан развој на науката, со активни политики ќе работиме на задржување на нашата иднина, на нашите млади во татковината и развивање на нивниот потенцијал во Македонија. Предучилишното образование ќе го вратиме во ресорот, таму каде што припаѓа, во Министерството за образование и наука, рече меѓу другото Јаневска.
Благица Ласовска, пратеник во текот на своето обраќање се осврна на инклузијата каде посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вистинско инклузивно образование каде ќе бидат вклучени стручни кадри од училиштата како и родителите.
Инклузијата односно вклучувањето во образованиот процес кој што имаат посебни образовни потреби е многу важна работа и за нив и за нивното семејство и ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вистинско инклузивно образование. Тоа е основно човеково право и затоа секоја држава треба да се потруди да го обезбеди ова право. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме еден сериозен пристап затоа што тоа бара многу средства, прилично едуциран кадар кој што ќе работи со децата со посебни образовни потреби и поголеми материјални средства. Во овој процес наш партнер ќе бидат и родителите и стручните служби во самите училишта. Во однос на безбедноста во училиштата ние ќе имаме една програма за спречување на насилството во училиштата. Исто така значајно е дека родителите повеќе не можат да плаќаат партиципација за обезбедување на самите училишта туку тоа треба да го прави државата, порача Ласовска.
Во текот на дебатата се обрати и Зоран Љутков, тој посочи дека Буџетот на министерството за култура за 2024 година е историски најмал досега. Буџетот на министерството за култура за 2024 година кој од севкупниот Буџет на државата историски гледано најмал досега изнесува само 1,36%. Поделбата на средствата се распределени на следниов начин. Значи 0,70% за плати на вработените во културата, 0,15% за комуналии за обезбедување на објекти и материјални трошоци за установите и само 0,40% се наменети за програмски содржини и инвестиции или изразено во средства некаде околу 800 милиони денари што значи дека со ваков Буџет нема никаква продуктивност, рече Љутков. Тој истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат ќе воведе стимулативна мерка а тоа е 1 денар од акцизата за нафтените деривати за културата.
Имајќи ги во предвид овие показатели Владата на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат воведува стимулативна мерка а тоа е 1 денар од акцизата за нафтените деривати за културата. Мерка со која ќе се удвојат средствата за програмските активности и за капиталните инвестиции. Значи овие средства од акцизата кој од 2025 година на годишно ниво ќе се слеваат во културата претставуваат нови дополнителни 750 милиони денари годишно што значи двојно повеќе средства или преку 1,5 милијарда денари или само во еден мандат од 2025 до 2028 година ќе има околу 3 милијарда денари дополнителни директни финансиски вложувања во културата. Што значи дека културата конечно ќе може да земе здив, вели Љутков.
Тој посочи дека како Влада ќе ги завршат сите објекти кои се започнати во 2014 година кои не се завршени во овие 7 години.
Најважно е што го менуваме начинот на финансирање а тоа е преку реформи за финансирање преку воведување на јасни и прецизни критериуми, делегиран Буџет кој ќе се однесува за националните установи што значи дека досегашните конкурси што ги имавме за кои имаше многу критики се заменуваат со тоа што менаџерите на институциите во културата од почетокот на годината ќе ги добиваат своите средства од старт но потоа комисиите ќе ги мониторираат и ќе ги евалуираат проектите и во зависност од постигнатите резултати ќе добиваат толку средства колку што им се потребни за следната година, вели Љутков.
Мими Ѓорѓоска Илиевска претседател на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата планира многу проекти за заштита на културното наследство, заштита на македонскиот јазик, негување на македонскиот фолклор, како и континуирани археолошки истражувања, реставрации, конзервации и дигитализација на културното наследство на Македонија.
Културата претставува еден од трите најважни столба на кои се претставени сите европски држави а ВМРО-ДПМНЕ секогаш на културата гледа како на главен носител на идентитетот и развојот. Токму затоа во програмата предвидуваме заштита на македонските национални интереси со сите институционални механизми и ставање во нивна функција со една единствена цел унапредување на општеството. Остануваме посветени кон зачувување и зацврстување на идентитетот на македонскиот народ и на другите етнички заедници во Македонија. Заштита на културното наследство како темелна вредност на државата. Во таа смисла клучни мерки кои што ги предвидовме во програмата се однесуваат на зачувување и унапредување на македонскиот јазик, при што ќе реализираме проекти за дигитализација на усното и пишаното творештво на македонски јазик, ќе се формира национална комисија за стандардизација на географските имиња исто така ќе се формира лексикографски институт во рамките на народната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Ветуваме континуирано негување на македонскиот фолклор. Обезбедување на најсовремени просторни и технички услови за работа на единствениот државен ансамбл „Танец“. Заштита на културното наследство е наш врвен приоритет и планираме континуирани археолошки истражувања, конзервација, реставрација, и дигитализација на културното наследство, нагласи Ѓорѓоска Илиевска.
Претседателот на Комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ, Слободан Блажевски истакна дека после доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, за првпат од осамостојувањето на Македонија туризмот ќе го добие своето заслужено место.
За прв пат туризмот ќе биде на ниво на министерство заедно со културата и ќе имаме министерство за култура и туризам и со самото тоа нашата партија ВМРО-ДПМНЕ му дава фокус на туризмот, ако се има во предвид дека досега функционираше во рамките на Министерството за економија како сектор за туризам. Како дел од министерството за култура и туризам ќе го опфатиме целокупниот туристички сектор, односно туристичките агенции, хотелско-угостителски објекти, превозници во туризмот, туристички водичи и водичи во планина и секако области поврзани со создавање на квалитетен кадар за туризмот“, истакна Блажевски и додаде:
„Од тој аспект ние како ВМРО-ДПМНЕ ја препознаваме можноста и природните убавини кои ги има нашата земја и со агресивна кампања и промоција во рамките на нашата држава и во странство ќе направиме туристички бренд од нашата земја која што ќе биде препознатлива со своите убавини, како природни и културни потенцијали, така и од гастрономски аспект, односно автохтона храна и специјалитети и пијалаци од македонското поднебје“, потенцираше Блажевски. Игор Кралевски посочи дека еден од главните проекти ќе биде спортски денар со што ќе се соберат 50 милиони евра директна поддршка за спортот во 4 годишниот мандат на владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски.
„По еден денар ќе се издвои од наточено дизел гориво. Со ова ќе се обезбеди зголемување на државното инвестирање во спортската инфраструктура, поддршка на професионалниот и масовен спорт, едукација на наставниот кадар на спортските работници и вложување во спортската наука. Спортските клубови повеќе нема да бидат оставени на милост и немилост. Со ова ќе почнат да се гледаат резултатите на националните репрезентации, но и во клупските спортови. Задача ќе ни биде да го вратиме сјајот на фудбалот, ќе ја вратиме македонската гордост Вардар, тоа не може преку ноќ но за четири години ќе има резултати“, рече Кралевски.
Спортот е на многу ниско ниво, затоа ние направивме една стратегија која што ќе проба да ги опфати сите сегменти во спортот, не само директната помош финансиска која што ја зголемивме. Најважно од се според мене е создавањето на новото министерство за спорт, кое што ќе биде еден огромен чекор само по себе, за самиот спорт. Затоа што спортистите конечно ќе имаа свој дом и ќе можат сите да си ги кажат своите проблеми, сите побарувања и се она што им пречи, истакна Борко Ристовски, претседател на Комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ. Ристовски додаде дека самото создавање на министерството за спорт ќе го подобри спортот и унапреди за 50-тина проценти.
Мерката спортски денар е една мерка која што во спортот носи преку 800 милиони денари на годишно ниво. И според нашите планови и размислувања 85% од тие средства ќе одат во инфраструктурата. Не можеме да зборуваме за успех во спортот ако немаме инфраструктура“, заклучи Ристовски.
Претседателот на УМС Сергеј Попов рече дека ВМРО-ДПМНЕ изработи квалитетна програма за младите луѓе која што беше правена во соработка со младите и се ценеше мислењето на сите млади луѓе. Попов истакна дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е планирано враќање на проектот дом за млади.
Предвидување враќање на проектот дом за млади. Со овој проект се предвидува исплаќање на субвенции на месечна рата за изградба на куќа или исплаќање на субвенции за почетно учество при добивање на кредит за изградба на куќа. За младите парови кои планираат да се преселат на село ќе изработиме програма со која ќе овозможиме еднократна финансиска поддршка за купување, градење или проширување на куќа. Ќе го поддржиме проширувањето и енергетско ефикасното реновирање на домовите за младите и предвидуваме продажба на државно неизградено земјиште по повластена цена по метар квадратен, истакна Попов и посочи дека:
ВМРО-ДПМНЕ предвидува 50 милиони евра за стипендии за средношколците и студенти. За дефицитарните и високо платените професии предвидуваме целосни стипендии. И предвидуваме намалување на партиципацијата за студирање за 50 проценти за студенти до 25 години кои се родители. ВМРО-ДПМНЕ предвидуваме пакет за фриленсери, законски можности за препознавање на категоријата фриленсер. https://www.youtube.com/live/elxkpW-qj4M?si=vkTCW7UNmRxfcoL4

The post Платформа 1198: Зголемување на буџетот за образование и наука, нови министерства за туризам и спорт, 50 милион евра за спортот, 50 милиони евра стипендии за средношколците и студентите appeared first on Република.

]]>
Весна Јаневска: Од УКИМ го прогласија Талат Џафери за визионер и редок државник – Епа тоа е https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-janevska-od-ukim-go-proglasija-talat-dhaferi-za-vizioner-i-redok-drzhavnik-epa-toa-e/ Sat, 10 Feb 2024 13:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=742540

1. Од УКИМ го прогласија Талат Џафери за визионер и редок државник.

2. Талат Џафери добитник на највисокото признание од Синдикатот на вработените на УКИМ.

Ова се само два наслови после договорот меѓу универзитетските професори, членови на Синдикатот на УКИМ и Талат Џафери од Форино, пишува професорката Весна Јаневска.

Е, па тоа е, коментира Јаневска.

The post Весна Јаневска: Од УКИМ го прогласија Талат Џафери за визионер и редок државник – Епа тоа е appeared first on Република.

]]>

1. Од УКИМ го прогласија Талат Џафери за визионер и редок државник. 2. Талат Џафери добитник на највисокото признание од Синдикатот на вработените на УКИМ. Ова се само два наслови после договорот меѓу универзитетските професори, членови на Синдикатот на УКИМ и Талат Џафери од Форино, пишува професорката Весна Јаневска.
Е, па тоа е, коментира Јаневска.

The post Весна Јаневска: Од УКИМ го прогласија Талат Џафери за визионер и редок државник – Епа тоа е appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Никој не води сметка што ќе работат предизборно вработените по партиска и роднинска линија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nikoj-ne-vodi-smetka-shto-ke-rabotat-predizborno-vrabotenite-po-partiska-i-rodninska-linija/ Fri, 09 Feb 2024 12:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=742214

Министерството за образование и наука, како и многу други институции си ги следи неразумните, девастирачки насоки на Владата, вели професорката Весна Јаневска, потсетувајќи дека и во МОН се вработуваат луѓе, а и набрзина се унапредуваат, се разбира по партиска и роднинска линија.

Сопругите и сопрузите, не се роднини, ама и тие не се исклучени.
Веројатно е потребно МОН да се пренатрупа со лојани луѓе на партиите, кои и поткупот во вид на помош на учениците нема да можат да го реализираат. Поентата е дека огромен број од учениците, за кои училиштата беа претворени во социјални служби, не ја добиваат помошта веќе трет месец.
Што ќе работат нововработените и дали само ќе “клатат врата и примаат плата“ никој не води сметка, битно е пред избори само да се вдомат што повеќе по критериум партија и непотизам, предупредува таа.

The post Јаневска: Никој не води сметка што ќе работат предизборно вработените по партиска и роднинска линија appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука, како и многу други институции си ги следи неразумните, девастирачки насоки на Владата, вели професорката Весна Јаневска, потсетувајќи дека и во МОН се вработуваат луѓе, а и набрзина се унапредуваат, се разбира по партиска и роднинска линија.
Сопругите и сопрузите, не се роднини, ама и тие не се исклучени. Веројатно е потребно МОН да се пренатрупа со лојани луѓе на партиите, кои и поткупот во вид на помош на учениците нема да можат да го реализираат. Поентата е дека огромен број од учениците, за кои училиштата беа претворени во социјални служби, не ја добиваат помошта веќе трет месец. Што ќе работат нововработените и дали само ќе “клатат врата и примаат плата“ никој не води сметка, битно е пред избори само да се вдомат што повеќе по критериум партија и непотизам, предупредува таа.

The post Јаневска: Никој не води сметка што ќе работат предизборно вработените по партиска и роднинска линија appeared first on Република.

]]>
По 10.000 денари за реконструкција на училишта во Прилеп и Велес, а 2.500.000 денари за едно во Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-10-000-denari-za-rekonstruktsija-na-uchilishta-vo-prilep-i-veles-a-2-500-000-denari-za-edno-vo-chair/ Mon, 29 Jan 2024 18:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=738306

Од, како што ги вели, „чудата на МОН“ за успешно образование, професорката Весна Јаневска издвојува три парадокси:

Од Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2024 година:

1. За реконструкција на фасада на основно училиште во Прилеп доделиле 10.000 денари.
2. За реконструкција на кров и фасада на ОУ во Велес 10.000 ден.
3. За фасада, тоалети, подови и столарија во ОУ во Велес -10.000 ден
4. За реконструкција на ТОАЛЕТИ во ОУ во Чаир - 2.500.000 ден.
5. За реконструкција на санитарни јазли во ОУ од Струшки - 2.466.902 ден.

Не цитирам понатаму, само ќе искоментирам. Во општина Аеродром нема средства за ниту едно училиште, во Кисела Вода исто така, Во Тетово ја заборавиле гимназијата за која ветуваа, се сликаа и снимаа, нема за училиштето Братство-Миѓени за кое цело Тетово знае дека учениците учат во подрумски простории, во општина Штип нема средства за ниту едно основно училиште, во Охрид нема за ниту едно ОУ.....

ДРУГА ТЕМА.
Во училиштата повторно хаос. Не е исплатена во целост првата рата од средствата за финансиска помош на учениците, а е завршено аплицирањето за втората рата. За некој ден ќе се објави третиот повик. Така училиштата наместо со настава се бават со работата на социјалните служби (се повторувам, но важно е).

СЛЕДНА ТЕМА:
За едно полугодие сме изгубиле околу 300 ученици, само од Гостивар околу 200, чии родители се исселиле, а и студенти си ги повлекуваат документите.
Премногу црнила, премногу.

Образованието е важно и зато ќе биде приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Уште малку, порачува таа.

The post По 10.000 денари за реконструкција на училишта во Прилеп и Велес, а 2.500.000 денари за едно во Чаир appeared first on Република.

]]>

Од, како што ги вели, „чудата на МОН“ за успешно образование, професорката Весна Јаневска издвојува три парадокси: Од Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2024 година: 1. За реконструкција на фасада на основно училиште во Прилеп доделиле 10.000 денари. 2. За реконструкција на кров и фасада на ОУ во Велес 10.000 ден. 3. За фасада, тоалети, подови и столарија во ОУ во Велес -10.000 ден 4. За реконструкција на ТОАЛЕТИ во ОУ во Чаир - 2.500.000 ден. 5. За реконструкција на санитарни јазли во ОУ од Струшки - 2.466.902 ден. Не цитирам понатаму, само ќе искоментирам. Во општина Аеродром нема средства за ниту едно училиште, во Кисела Вода исто така, Во Тетово ја заборавиле гимназијата за која ветуваа, се сликаа и снимаа, нема за училиштето Братство-Миѓени за кое цело Тетово знае дека учениците учат во подрумски простории, во општина Штип нема средства за ниту едно основно училиште, во Охрид нема за ниту едно ОУ..... ДРУГА ТЕМА. Во училиштата повторно хаос. Не е исплатена во целост првата рата од средствата за финансиска помош на учениците, а е завршено аплицирањето за втората рата. За некој ден ќе се објави третиот повик. Така училиштата наместо со настава се бават со работата на социјалните служби (се повторувам, но важно е). СЛЕДНА ТЕМА: За едно полугодие сме изгубиле околу 300 ученици, само од Гостивар околу 200, чии родители се исселиле, а и студенти си ги повлекуваат документите. Премногу црнила, премногу. Образованието е важно и зато ќе биде приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Уште малку, порачува таа.

The post По 10.000 денари за реконструкција на училишта во Прилеп и Велес, а 2.500.000 денари за едно во Чаир appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Весна Јаневска: Идната Влада на ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи зголемување на партиципацијата на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-vesna-janevska-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-nema-da-dozvoli-zgolemuvane-na-partitsipatsijata-na-ukim/ Sun, 28 Jan 2024 15:07:36 +0000 https://republika.mk/?p=737818

Идната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи да се зголеми партиципацијата за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ниту пак на некој друг државен универзитет, вели во статус на фејсбук проф. д-р Весна Јаневска.

Почитувани колеги, по повод зборувањата за некаков предлог за покачување на партиципацијата за студентите на УКИМ ве ИНФОРМИРАМ дека не треба да се вознемирувате. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа. Промена на висината на партиципацијата, ниту еден државен универзитет во Македонија не може да донесе без согласнност на Владата (Закон за високо образование член 2). Поточно висината на партиципацијата и кофинансирањето ги донесува Владата на Република Македонија.

Оттука почитувани млади колеги реакцијата на одредени младински организации на одредени партии можете да ги сфатите само како предизборен маркетинг во корист на прибирање на гласовите на младите. Вие сами одредете дали станува збор за МАНИПУЛАЦИЈА.
ВИЕ САМО УЧЕТЕ, НИЕ ЌЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАС!, вели проф. д-р Јаневска.

The post Проф. д-р Весна Јаневска: Идната Влада на ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи зголемување на партиципацијата на УКИМ appeared first on Република.

]]>

Идната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи да се зголеми партиципацијата за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ниту пак на некој друг државен универзитет, вели во статус на фејсбук проф. д-р Весна Јаневска. Почитувани колеги, по повод зборувањата за некаков предлог за покачување на партиципацијата за студентите на УКИМ ве ИНФОРМИРАМ дека не треба да се вознемирувате. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа. Промена на висината на партиципацијата, ниту еден државен универзитет во Македонија не може да донесе без согласнност на Владата (Закон за високо образование член 2). Поточно висината на партиципацијата и кофинансирањето ги донесува Владата на Република Македонија.
Оттука почитувани млади колеги реакцијата на одредени младински организации на одредени партии можете да ги сфатите само како предизборен маркетинг во корист на прибирање на гласовите на младите. Вие сами одредете дали станува збор за МАНИПУЛАЦИЈА. ВИЕ САМО УЧЕТЕ, НИЕ ЌЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАС!, вели проф. д-р Јаневска.

The post Проф. д-р Весна Јаневска: Идната Влада на ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи зголемување на партиципацијата на УКИМ appeared first on Република.

]]>
Јаневска за „судијата“ Ељведин: А Деканот и Ректорот што правеле? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-za-sudijata-elvedin-a-dekanot-i-rektorot-shto-pravele/ Sat, 30 Dec 2023 08:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=728108

А Деканот и Ректорот што правеле? Замижувале?, прашува професорката Весна Јаневска откако Антикорупциската комисија алармираше за случајот на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово со пречкртување и поправање сам си ставал нови, повисоки оценки.

„Судијава“ вика тие се виновни што нема документи.
Кое дно, човек да не може да поверува. Демек, академски граѓани, интелектуалци.
Арам, вели професорката.

Ферати се пријавил и бил примен во Академијата на судии и обвинители наведувајќи просек од 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88. Просекот на судијата бил поправен со пречкртување на три негови оценки во Матичната книга на Катедрата по право на Тетовскиот универзитет, и ставање повисоки.

The post Јаневска за „судијата“ Ељведин: А Деканот и Ректорот што правеле? appeared first on Република.

]]>

А Деканот и Ректорот што правеле? Замижувале?, прашува професорката Весна Јаневска откако Антикорупциската комисија алармираше за случајот на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово со пречкртување и поправање сам си ставал нови, повисоки оценки.
„Судијава“ вика тие се виновни што нема документи. Кое дно, човек да не може да поверува. Демек, академски граѓани, интелектуалци. Арам, вели професорката.
Ферати се пријавил и бил примен во Академијата на судии и обвинители наведувајќи просек од 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88. Просекот на судијата бил поправен со пречкртување на три негови оценки во Матичната книга на Катедрата по право на Тетовскиот универзитет, и ставање повисоки.

The post Јаневска за „судијата“ Ељведин: А Деканот и Ректорот што правеле? appeared first on Република.

]]>
Како на пазар: Нов триаголник со „техничка грешка“, збирот на аглите во него е 200 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-na-pazar-nov-triagolnik-so-tehnichka-greshka-zbirot-na-aglite-vo-nego-e-200-stepeni/ Thu, 14 Dec 2023 11:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=722889

Откако професорката по математика од скопската гимназија „Раде Јовчевски –Корчагин“, Фросина Митрушева, сподели дел од македонски учебник по математика за шесто одделение, вџашена од тоа што од во една од задачите по геометрија во него било наведено дека збирот на аглите во затворен тријаголник е 190, а не како што треба – 180, министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека тоа е „техничка грешка“ и побара авторите на учебниците да се повнимателни.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-uchebnikot-po-matematika-za-shesto-oddelenie-zbirot-na-agli-vo-triagolnik-vo-evklidova-geometrija-odednash-stana-190/

Но, дека не станува збор за само една „техничка грешка“, се потврдува со нови извадоци од учебниците на македонските ученици, каде повторно е „весела“ математиката во триаголниците.

Професорката Весна Јаневска сподели само дел од уловените грешки, па така во еден од учебниците збирот на внатрешните агли изнесува 200, а во друг  рамнокрак триаголник има три различни понудени величини за аглите.

Што да коментирам? „Технички грешки"?
Не, немам коментар, вели професорката.

The post Како на пазар: Нов триаголник со „техничка грешка“, збирот на аглите во него е 200 степени appeared first on Република.

]]>

Откако професорката по математика од скопската гимназија „Раде Јовчевски –Корчагин“, Фросина Митрушева, сподели дел од македонски учебник по математика за шесто одделение, вџашена од тоа што од во една од задачите по геометрија во него било наведено дека збирот на аглите во затворен тријаголник е 190, а не како што треба – 180, министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека тоа е „техничка грешка“ и побара авторите на учебниците да се повнимателни. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-uchebnikot-po-matematika-za-shesto-oddelenie-zbirot-na-agli-vo-triagolnik-vo-evklidova-geometrija-odednash-stana-190/ Но, дека не станува збор за само една „техничка грешка“, се потврдува со нови извадоци од учебниците на македонските ученици, каде повторно е „весела“ математиката во триаголниците. Професорката Весна Јаневска сподели само дел од уловените грешки, па така во еден од учебниците збирот на внатрешните агли изнесува 200, а во друг  рамнокрак триаголник има три различни понудени величини за аглите.
Што да коментирам? „Технички грешки"? Не, немам коментар, вели професорката.

The post Како на пазар: Нов триаголник со „техничка грешка“, збирот на аглите во него е 200 степени appeared first on Република.

]]>
Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sds-i-dui-go-unishtija-obrazovanieto-makedonija-e-na-dnoto-na-pisa-testiraneto/ Wed, 06 Dec 2023 10:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=720273

Образовните политики, ако така можат да се наречат, кои ги спроведуваше Владата на СДС и ДУИ во изминатите години, доживеаја целосен крах. Образовниот систем во државата го допре дното и за тоа веќе имаме потврда и од ОЕЦД како најрелевантна меѓународна организација која ги мери знаењата на учениците, кажа на прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Резултатите од последното ПИСА тестирање спроведено во 2022 година, зажал се катастрофални. Значително намалени во однос на резултатите постигнати на претходното тестирање во 2018 година.

За потсетување, ПИСА го мери нивото на јазична писменост, односно читање со разбирање, математичка писменост и писменост во областа на природните науки кај учениците на 15 годишна возраст, кажа Јаневска.

Македонија е на дното на ранг листата и во конкуренција со земјите од т.н. трет свет. Или поточно, од вкупно 81 земја кои биле дел од тестирањето, се наоѓаме на 71 место во читање со разбирање, на 68 место по знаења од областа на природните науки и на 61 место по постигањата во областа на математиката.

Во сите три области нашите ученици постигнуваат значително потпросечни резултати.

Раководството на Владата и на Министерството за образование и наука овој факт се обидуваат да го релативизираат, препишувајќи ги намалените резултати како последица на пандемијата, што апсолутно не е точно. Пандемија немаше само во Македонија.

Ова е резултат на неспособните кадри на СДС и ДУИ. Ова е исходот на непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите 7 години, почнувајќи од Рената Дескоска, Арбер Адеми, Мила Царовска, па се до актуелниот министер Јетон Шаќири.

Секој со свои лични интереси, не водејќи грижа за тоа каде претходниот запрел. И така, постојано се случуваше се да почнува од почеток, со многу нелогичности, но и со рок на важност од околу година и 2 до 5 месеци, на колку и време Владата ги менуваше овие министри, етикетирајќи ги како некорисни, односно неефикасни и неефективни.

Дали некој ќе преземе одговорност за оваа катастрофа во образованието кај нас, е прашањето?

Како ќе ги поправиме образованието и осакатените ученички генерации? Конечно, дали има смисла овие се уште да бидат на власт? Уште колку генерации треба да уништат?

Во името на ВМРО–ДПМНЕ замолувам повеќе да престанете со преземање мерки за подобрување на образованието, за да не продолжиме да тонеме.

Многупати досега апелиравме дека ќе дојдеме до оваа катастрофа.

Предлагавме наши идеи, цела програма со квалитетни системски решенија, но попусто, кога инаетот на властодршците беше поголем и еве до каде нé донесоа.

Оставка веднаш и од премиерот и од министерот за образование и до избори ве молам ништо да не сте чепнале!, изјави Јаневска.

The post Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето appeared first on Република.

]]>

Образовните политики, ако така можат да се наречат, кои ги спроведуваше Владата на СДС и ДУИ во изминатите години, доживеаја целосен крах. Образовниот систем во државата го допре дното и за тоа веќе имаме потврда и од ОЕЦД како најрелевантна меѓународна организација која ги мери знаењата на учениците, кажа на прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатите од последното ПИСА тестирање спроведено во 2022 година, зажал се катастрофални. Значително намалени во однос на резултатите постигнати на претходното тестирање во 2018 година. За потсетување, ПИСА го мери нивото на јазична писменост, односно читање со разбирање, математичка писменост и писменост во областа на природните науки кај учениците на 15 годишна возраст, кажа Јаневска.
Македонија е на дното на ранг листата и во конкуренција со земјите од т.н. трет свет. Или поточно, од вкупно 81 земја кои биле дел од тестирањето, се наоѓаме на 71 место во читање со разбирање, на 68 место по знаења од областа на природните науки и на 61 место по постигањата во областа на математиката. Во сите три области нашите ученици постигнуваат значително потпросечни резултати.
Раководството на Владата и на Министерството за образование и наука овој факт се обидуваат да го релативизираат, препишувајќи ги намалените резултати како последица на пандемијата, што апсолутно не е точно. Пандемија немаше само во Македонија. Ова е резултат на неспособните кадри на СДС и ДУИ. Ова е исходот на непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите 7 години, почнувајќи од Рената Дескоска, Арбер Адеми, Мила Царовска, па се до актуелниот министер Јетон Шаќири. Секој со свои лични интереси, не водејќи грижа за тоа каде претходниот запрел. И така, постојано се случуваше се да почнува од почеток, со многу нелогичности, но и со рок на важност од околу година и 2 до 5 месеци, на колку и време Владата ги менуваше овие министри, етикетирајќи ги како некорисни, односно неефикасни и неефективни. Дали некој ќе преземе одговорност за оваа катастрофа во образованието кај нас, е прашањето? Како ќе ги поправиме образованието и осакатените ученички генерации? Конечно, дали има смисла овие се уште да бидат на власт? Уште колку генерации треба да уништат? Во името на ВМРО–ДПМНЕ замолувам повеќе да престанете со преземање мерки за подобрување на образованието, за да не продолжиме да тонеме.
Многупати досега апелиравме дека ќе дојдеме до оваа катастрофа. Предлагавме наши идеи, цела програма со квалитетни системски решенија, но попусто, кога инаетот на властодршците беше поголем и еве до каде нé донесоа.
Оставка веднаш и од премиерот и од министерот за образование и до избори ве молам ништо да не сте чепнале!, изјави Јаневска.
 
The post Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Не сме подготвени за новата година, за неколку дена ќе се покаже https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ne-sme-podgotveni-za-novata-godina-za-nekolku-dena-ke-se-pokazhe/ Fri, 01 Sep 2023 20:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=678019

Не сме подготвени за новата учебна година така како што треба. И ќе почнам од најважното, а тоа се учебниците, по закон учениците треба да имаат готови спремни учебници, тоа не е така и оваа година. Учебниците се основна алтака која им помага на учениците да стекнат знаење и затоа ова е едно од горливите прашања, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната Тема на денот на Сител.

Според неа, „пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ нè убедува дека се е во ред и блескаме, ама за неколку дена ќе видиме дека не е така“.

Министерот за тоа што нема книги бара грешки кај сите, националната комисја, рецензентските комисии, педагошката служба, сè е можеби така, ама сите тие се под негови ингеренции. Надлежните се вадат едни на други. Можеби и не треба да ги прават програмите и се надевам дека наскоро ќе се сменат работите. Еден од креаторите на новата концепција кажа дека концепцијата е веќе пропадната, а тој човек ја промовираше како револуционерно откритие за по две години да кажат дека е пропадната, вели Јаневска.

Професорката посочува дека наставниците се во недоумица никој не им објаснил, „да не речам во паника“.

Станува збор за интегрирање на предметите и во шесто има предмет историја и општество, а во тој има три модули историја, географија и граѓанско образование, и во прво полугодие се учи историја историја па потоа историја дури во седмо, а во второ полугодие во шесто ќе има географија и граѓанско образование. Ние немаме професор кој може да предава историја, географија, граѓанско образование и на пример професорот по историја во второ полугодие треба да предава изборни предмети и децата ќе се насочуваат по тоа што може да предава наставникот, а не што сакаат деца. И не е само кажи му на наставникот за да не изгуби часови предвај фотографија, ќе седне и ќе чита, ама тоа не е целта, вели Јаневска.

Вели за добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците.

Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење.

Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар.

Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари, вели Јаневска.

The post Јаневска: Не сме подготвени за новата година, за неколку дена ќе се покаже appeared first on Република.

]]>

Не сме подготвени за новата учебна година така како што треба. И ќе почнам од најважното, а тоа се учебниците, по закон учениците треба да имаат готови спремни учебници, тоа не е така и оваа година. Учебниците се основна алтака која им помага на учениците да стекнат знаење и затоа ова е едно од горливите прашања, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната Тема на денот на Сител. Според неа, „пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ нè убедува дека се е во ред и блескаме, ама за неколку дена ќе видиме дека не е така“.
Министерот за тоа што нема книги бара грешки кај сите, националната комисја, рецензентските комисии, педагошката служба, сè е можеби така, ама сите тие се под негови ингеренции. Надлежните се вадат едни на други. Можеби и не треба да ги прават програмите и се надевам дека наскоро ќе се сменат работите. Еден од креаторите на новата концепција кажа дека концепцијата е веќе пропадната, а тој човек ја промовираше како револуционерно откритие за по две години да кажат дека е пропадната, вели Јаневска.
Професорката посочува дека наставниците се во недоумица никој не им објаснил, „да не речам во паника“.
Станува збор за интегрирање на предметите и во шесто има предмет историја и општество, а во тој има три модули историја, географија и граѓанско образование, и во прво полугодие се учи историја историја па потоа историја дури во седмо, а во второ полугодие во шесто ќе има географија и граѓанско образование. Ние немаме професор кој може да предава историја, географија, граѓанско образование и на пример професорот по историја во второ полугодие треба да предава изборни предмети и децата ќе се насочуваат по тоа што може да предава наставникот, а не што сакаат деца. И не е само кажи му на наставникот за да не изгуби часови предвај фотографија, ќе седне и ќе чита, ама тоа не е целта, вели Јаневска.
Вели за добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците. Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење. Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар.
Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари, вели Јаневска.

The post Јаневска: Не сме подготвени за новата година, за неколку дена ќе се покаже appeared first on Република.

]]>
Министре, кршите закон и дискриминирате македонски ученици со вештачко создавање на потпросечни албански паралелки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministre-krshite-zakon-i-diskriminirate-makedonski-uchenitsi-so-veshtachko-sozdavane-na-potprosechni-albanski-paralelki/ Thu, 31 Aug 2023 11:25:40 +0000 https://republika.mk/?p=677580

И професорката Весна Јаневска реагира на кршењето на закон од страна на министерот за образование Јетон Шаќири, кој испрати допис до велешката гимназија „Кочо Рацин“ во кој бара во новата учебна година да примат ученици во прва година, кои се под минимумот од 60 поени.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-veshtachki-i-nezakonski-sozdava-albanski-paralelki-vo-veles/

Таа го објавува и повикот на директорот на Инспекторатот за образование, Халит Ферати, во кој тој повикува учениците Албанци да конкурираат во гимназијата, за да се создадат нови албански паралелки и да се „отворат работни места за албанските просветители“.

Министре Шаќири,

Во “К О Н К У Р С
за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година во Република * Македонија“ кој Вие сте го потпишале јасно се одредени поените со кои учениците се запишуваат во средните училишта.

За Велес во конкурот пишува:

11. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“
Во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки (136 ученици во 4 паралелки со настава
на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и
програми за гимназиско образование:
Гимназиско образование - 204 ученици, 6 паралелки, 60 поени минимум
мак 136 уч. 4 пар.
алб 68 уч. 2 пар.

Зошто сега барате од гимназијата во Велес да го симне критериумот за бројот на поени и да се формира посебна паралелка на албански јазик, со ученици кои не исполнуваат услов за упис? Како Вие тоа одлучивте дека така треба? Арбитрарно? Како да сте дома и гимназијата да е ваша лична сопственост? Закон има за средно образование, го кршите член 42.

Во Велес има училишта во кои се запишани помал број на ученици. Зошто овие мора да се во гимназија иако не исполнуваат услови, наместо во некое друго училиште? Кои се овие 28 деца?

Тие во трет уписен рок треба да се само ученици кои полагале поправен испит во август, односно поправиле ЕДИНИЦИ за да не повторуваат.

Министре Шаќири, ВРШИТЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ МАКЕДОНЦИ И СИТЕ ДРУГИ НЕАЛБАНЦИ на кои не им дозволувате со помал број поени да се запишат во гимназија, а им овозможувате на Албанци. ЗОШТО?

Мислите им правите услуга на оние кои ни во основно не можеле да освојат 60 поени кога им овозможувате да се запишат во гимназија? Што мислите дека во иднина ќе работат за да заработат парче леб? Или тоа не е важно?

Да не е популизам или некаква агенда во прашање? Да не се во прашање избори? Сееедно, за деца кои треба утре да живеат од своето знаење и труд станува збор. НА ШТО ГИ УЧИТЕ ВИЕ, А И ОВОЈ ОД ДПИ? Директор на ДПИ чија основна работа е да штити закон!!!!!

П.С. Унапредување на средно образование на албански јазик. Стварно? Браво.

The post Министре, кршите закон и дискриминирате македонски ученици со вештачко создавање на потпросечни албански паралелки appeared first on Република.

]]>

И професорката Весна Јаневска реагира на кршењето на закон од страна на министерот за образование Јетон Шаќири, кој испрати допис до велешката гимназија „Кочо Рацин“ во кој бара во новата учебна година да примат ученици во прва година, кои се под минимумот од 60 поени. https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-veshtachki-i-nezakonski-sozdava-albanski-paralelki-vo-veles/ Таа го објавува и повикот на директорот на Инспекторатот за образование, Халит Ферати, во кој тој повикува учениците Албанци да конкурираат во гимназијата, за да се создадат нови албански паралелки и да се „отворат работни места за албанските просветители“. Министре Шаќири, Во “К О Н К У Р С за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година во Република * Македонија“ кој Вие сте го потпишале јасно се одредени поените со кои учениците се запишуваат во средните училишта. За Велес во конкурот пишува: 11. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“ Во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки (136 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за гимназиско образование: Гимназиско образование - 204 ученици, 6 паралелки, 60 поени минимум мак 136 уч. 4 пар. алб 68 уч. 2 пар. Зошто сега барате од гимназијата во Велес да го симне критериумот за бројот на поени и да се формира посебна паралелка на албански јазик, со ученици кои не исполнуваат услов за упис? Како Вие тоа одлучивте дека така треба? Арбитрарно? Како да сте дома и гимназијата да е ваша лична сопственост? Закон има за средно образование, го кршите член 42. Во Велес има училишта во кои се запишани помал број на ученици. Зошто овие мора да се во гимназија иако не исполнуваат услови, наместо во некое друго училиште? Кои се овие 28 деца? Тие во трет уписен рок треба да се само ученици кои полагале поправен испит во август, односно поправиле ЕДИНИЦИ за да не повторуваат. Министре Шаќири, ВРШИТЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ МАКЕДОНЦИ И СИТЕ ДРУГИ НЕАЛБАНЦИ на кои не им дозволувате со помал број поени да се запишат во гимназија, а им овозможувате на Албанци. ЗОШТО? Мислите им правите услуга на оние кои ни во основно не можеле да освојат 60 поени кога им овозможувате да се запишат во гимназија? Што мислите дека во иднина ќе работат за да заработат парче леб? Или тоа не е важно? Да не е популизам или некаква агенда во прашање? Да не се во прашање избори? Сееедно, за деца кои треба утре да живеат од своето знаење и труд станува збор. НА ШТО ГИ УЧИТЕ ВИЕ, А И ОВОЈ ОД ДПИ? Директор на ДПИ чија основна работа е да штити закон!!!!! П.С. Унапредување на средно образование на албански јазик. Стварно? Браво.

The post Министре, кршите закон и дискриминирате македонски ученици со вештачко создавање на потпросечни албански паралелки appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Учениците и оваа година ќе ја почнат без учебници заради СДС и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-uchenitsite-i-ovaa-godina-ke-ja-pochnat-bez-uchebnitsi-zaradi-sds-i-dui/ Thu, 24 Aug 2023 09:36:02 +0000 https://republika.mk/?p=675280

Како што беше очекувано, и покрај лажните ветувања на Власта, новата учебна година повторно ќе почне без учебници, иако Законот за основно образование вели дека учениците на 1 Септември треба да имаат бесплатни учебници, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Спротивно на тоа, одредени учебници ќе нема, а за нив ќе има материјали за учење во електронска форма односно во ПДФ формат. Тоа значи дека учениците пак ќе бидат дискриминирани како што заклучи Комисијата за антидискриминација и дека одреден број ученици повторно ќе учат од скрипти односно фотокопии. Вториот скандал приреден од власта на ДУИ и СДСМ на само 7 дена пред почетокот на учебната година е Решение за донесување на Насоки за планирање, организација и реализација на наставата од 1 во до 6то одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година. Почитувани, станува збор за документ објавен на веб страната на БРО, непотпишан, кој објаснува како треба да се одвива наставата според „Новата програма за унапредување на образованието во Македонија”, која Министерот тајно ја потпиша, без да ја информира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ два пати реагираше и укажа на неквалитетот на оваа програма, но дури денес, кога треба да се имплементира, во јавноста станува јасно за што станува збор. Станува збор за комплетна импровизација во наставата во основното образование. Имено откако измислија интегрирани предмети, природни и општествени, сега откако видоа дека Концепцијата е неспроведлива, што ние 3 години го тврдиме, воведуваат модули. Во историја и општество има модули историја, географија и граѓанско образование. Историја во 6то одделение ќе се предава во прво полугодие со 62 часа. Географија на почеток на второ полугодие до мај со 36, а граѓанско образование на крај со 10 часа. Така наставникот по историја во второ полугодие нема да предава историја туку изборни предмети според потребите на децата, на пример за етика на религиите, заштита на животната средина, фотографија, готвење, родова еднаквост, финансиска писменост и слично или ќе работи тоа што ќе му одреди директорот, можеби да води архива, да контролира хигиеничари или слично. Истото ќе го прави и наставникот по географија и наставникот по граѓанско образование, истакна Јаневска.

Таа рече дека за да добиете претстава за какво катастрофално речение станува збор ќе ви цитирам делови од документот.

-Во документот пишува: Училиштето треба да направи распоред на ангажманот на овие наставници, горе споменатите, што ќе обезбедува да изведуваат минимум 15 наставни часа неделно без оглед на одделението во кое ја реализираат наставата. Значи наставник со 15 часа неделно од предметот + изборни предмети, ќе има иста плата како наставник по математика или македонски со 20 часа, кој при тоа има обврска да спроведува и дополнителна и додатна настава, се‘ за исти пари. Па нели е ова дискриминација? Се навраќам на 10 часа граѓанско образование за кои децата треба да се запознаат со наставните теми и да бидат оценети. Оценувањето е посебен проблем. Нели е еден предмет Историја и општество? Како сега ќе имаат оценки децата по сите три модули? Ја прашувам владата како ова ќе го решат во е-дневникот или сега наново ќе првите нов е-дневник и повторно ќе плаќате од наши пари, заради вашата кусогледот? Како во главните книги? Ќе печатите ли нови? Во овој документ пишува: Планирањето на часот не го водат наставните содржини, туку стандардите за оценување – планирањето се прави за да се овозможи да се постигнат стандардите за оценување, а не за да се совладаат содржините. Молам некој да објасни како. Да не се совладаат содржините. Интересно. Понатаму пишува: При планирањето се користат електронските верзии на наставните програми и унифицирани урнеци за планирање објавени на веб страницата на Бирото – наставниците само прават реорганизација согласно потребите на учениците и условите во училиштето. Унифицирани урнеци за планирање вчера на страната на БРО немаше, ама и да имаше, па нели наставниците требаше да бидат креативни, неунифицирани? Малку подолу пишува: Наместо дневно планирање наставниците (индивидуално или тимски) го планираат секој час одделно подготвувајќи сценарија и соодветни наставни материјали. Значи наставниците стануваат сценаристи и подготвуваат материјали. Добро. Понатаму во програмата за одредени предмети се предвидени, топчиња, пластифицирани картички, картони, за технолошки средства не зборувам. Кој ќе ги набави Министре? Наставниците? Тука ќе запрам со објаснување на документот. Само ќе додадам дека според Законот за основно образование, член 49 училиштето изготвува развојна програма за период од 4 години со конкретно наведени активности. Врз основа на оваа развојна програма училиштето ја изготвува годишната програма. Со годишната програма се планира наставата. Алинеја (7) Училишниот одбор ја доставува годишната програма најдоцна до 15 Август. Вчера кога решението беше доставено до училиштата беше 23 Август што значи Годишната програма е предадена. Сега Министре, како, што понатаму? Училиштата ќе го кршат законот со неспроведување на програмата? Го повикувам Министерот за образование и наука веднаш неодложно, уште денес да ги поништи 3 те документи: Новата програма за унапредување на образованието, Насоките за планирање, организација и реализација на настават од 1-6 то одделение во 2023/2024 година и решението за Насоките, потенцираше Јаневска.

Министре Шаќири ве повикувам веднаш да ја суспендирате Концепцијата на Мила Царовска, ако не сакате цел живот на совест да го носите комплетното руинирање на образовниот процес во Македонија и булингот кој Владата го врши над наставниците и учениците, донесувајќи вакви со културен збор необјасниви документи, додаде Јаневска.

The post Јаневска: Учениците и оваа година ќе ја почнат без учебници заради СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Како што беше очекувано, и покрај лажните ветувања на Власта, новата учебна година повторно ќе почне без учебници, иако Законот за основно образование вели дека учениците на 1 Септември треба да имаат бесплатни учебници, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ. -Спротивно на тоа, одредени учебници ќе нема, а за нив ќе има материјали за учење во електронска форма односно во ПДФ формат. Тоа значи дека учениците пак ќе бидат дискриминирани како што заклучи Комисијата за антидискриминација и дека одреден број ученици повторно ќе учат од скрипти односно фотокопии. Вториот скандал приреден од власта на ДУИ и СДСМ на само 7 дена пред почетокот на учебната година е Решение за донесување на Насоки за планирање, организација и реализација на наставата од 1 во до 6то одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година. Почитувани, станува збор за документ објавен на веб страната на БРО, непотпишан, кој објаснува како треба да се одвива наставата според „Новата програма за унапредување на образованието во Македонија”, која Министерот тајно ја потпиша, без да ја информира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ два пати реагираше и укажа на неквалитетот на оваа програма, но дури денес, кога треба да се имплементира, во јавноста станува јасно за што станува збор. Станува збор за комплетна импровизација во наставата во основното образование. Имено откако измислија интегрирани предмети, природни и општествени, сега откако видоа дека Концепцијата е неспроведлива, што ние 3 години го тврдиме, воведуваат модули. Во историја и општество има модули историја, географија и граѓанско образование. Историја во 6то одделение ќе се предава во прво полугодие со 62 часа. Географија на почеток на второ полугодие до мај со 36, а граѓанско образование на крај со 10 часа. Така наставникот по историја во второ полугодие нема да предава историја туку изборни предмети според потребите на децата, на пример за етика на религиите, заштита на животната средина, фотографија, готвење, родова еднаквост, финансиска писменост и слично или ќе работи тоа што ќе му одреди директорот, можеби да води архива, да контролира хигиеничари или слично. Истото ќе го прави и наставникот по географија и наставникот по граѓанско образование, истакна Јаневска. Таа рече дека за да добиете претстава за какво катастрофално речение станува збор ќе ви цитирам делови од документот. -Во документот пишува: Училиштето треба да направи распоред на ангажманот на овие наставници, горе споменатите, што ќе обезбедува да изведуваат минимум 15 наставни часа неделно без оглед на одделението во кое ја реализираат наставата. Значи наставник со 15 часа неделно од предметот + изборни предмети, ќе има иста плата како наставник по математика или македонски со 20 часа, кој при тоа има обврска да спроведува и дополнителна и додатна настава, се‘ за исти пари. Па нели е ова дискриминација? Се навраќам на 10 часа граѓанско образование за кои децата треба да се запознаат со наставните теми и да бидат оценети. Оценувањето е посебен проблем. Нели е еден предмет Историја и општество? Како сега ќе имаат оценки децата по сите три модули? Ја прашувам владата како ова ќе го решат во е-дневникот или сега наново ќе првите нов е-дневник и повторно ќе плаќате од наши пари, заради вашата кусогледот? Како во главните книги? Ќе печатите ли нови? Во овој документ пишува: Планирањето на часот не го водат наставните содржини, туку стандардите за оценување – планирањето се прави за да се овозможи да се постигнат стандардите за оценување, а не за да се совладаат содржините. Молам некој да објасни како. Да не се совладаат содржините. Интересно. Понатаму пишува: При планирањето се користат електронските верзии на наставните програми и унифицирани урнеци за планирање објавени на веб страницата на Бирото – наставниците само прават реорганизација согласно потребите на учениците и условите во училиштето. Унифицирани урнеци за планирање вчера на страната на БРО немаше, ама и да имаше, па нели наставниците требаше да бидат креативни, неунифицирани? Малку подолу пишува: Наместо дневно планирање наставниците (индивидуално или тимски) го планираат секој час одделно подготвувајќи сценарија и соодветни наставни материјали. Значи наставниците стануваат сценаристи и подготвуваат материјали. Добро. Понатаму во програмата за одредени предмети се предвидени, топчиња, пластифицирани картички, картони, за технолошки средства не зборувам. Кој ќе ги набави Министре? Наставниците? Тука ќе запрам со објаснување на документот. Само ќе додадам дека според Законот за основно образование, член 49 училиштето изготвува развојна програма за период од 4 години со конкретно наведени активности. Врз основа на оваа развојна програма училиштето ја изготвува годишната програма. Со годишната програма се планира наставата. Алинеја (7) Училишниот одбор ја доставува годишната програма најдоцна до 15 Август. Вчера кога решението беше доставено до училиштата беше 23 Август што значи Годишната програма е предадена. Сега Министре, како, што понатаму? Училиштата ќе го кршат законот со неспроведување на програмата? Го повикувам Министерот за образование и наука веднаш неодложно, уште денес да ги поништи 3 те документи: Новата програма за унапредување на образованието, Насоките за планирање, организација и реализација на настават од 1-6 то одделение во 2023/2024 година и решението за Насоките, потенцираше Јаневска. Министре Шаќири ве повикувам веднаш да ја суспендирате Концепцијата на Мила Царовска, ако не сакате цел живот на совест да го носите комплетното руинирање на образовниот процес во Македонија и булингот кој Владата го врши над наставниците и учениците, донесувајќи вакви со културен збор необјасниви документи, додаде Јаневска.  

The post Јаневска: Учениците и оваа година ќе ја почнат без учебници заради СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Како при ист процес на печатење учебници, порано ги имаше на 1 септеври, а сега не? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-pri-ist-protses-na-pechatene-uchebnitsi-porano-gi-imashe-na-1-septevri-a-sega-ne/ Sun, 20 Aug 2023 16:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=673936

Почитуван министре Шаќири, изјавувате дека процесот за печатење учебник е тежок и долготраен. Можеби е, но не е сменет од порано, кога на 1 септември секогаш имаше учебници, му порача професорката Весна Јаневска на министерот за образование, потенцирајќи дека ова значидека не ќе да е до процесот, туку до тие што го водат.

По повод Вашите, а и моите изјави во медиумите и социјалните мрежи ме исконтактираа повеќе наставници. Од дискусиите што ги имав со нив произлегуваат неколку прашања:
1. Зошто повикот за учебници е повеќе пати пролонгиран, иако уште во првиот рок сте добиле понуди за некои учебници? Чекавте ли ПОДОБНИ автори и ПОДОБНИ учебници? По закон ли е пролонгирањето на конкурсот?
2. Точчо ли е дека постојано се ангажираат одредени ПОДОБНИ автори и рецензенти и во комисиите се додава по еден независен за да биде надгласан?
3. Кој тоа врши брутален притисок на рецензентите за избор на одредени учебници и зошто рецензенти кои на поетокот се нафатиле да рецензираат потоа се откажуваат?
4. Дали е точно дека за технички уредени учебници ќе плаќате државни пари за “техничко уредување“ на учебници?
5.Зошто спорниот учебник во кој Бугарија е на исток а Албанија на запад не е заменет? Ќе дозволите учениците да учат од тој учебник? Па нели е срамота?
6. Имате ли воопшто контрола врз случувањата во Педагошката служба?
Заклучок:“ Не заради хаосот во МОН и Педагошката служба“ туку заради тешката процедура за печатење на учебници, УЧЕБНИЦИ НЕМА ДА ИМА!
П.С. Распоред во основните училишта не може да направат, заради “успешноста“ на новата програма за унапредување на образованието која ја потпишавте. ЗНАЕТЕ?, му порача професорката.

The post Како при ист процес на печатење учебници, порано ги имаше на 1 септеври, а сега не? appeared first on Република.

]]>

Почитуван министре Шаќири, изјавувате дека процесот за печатење учебник е тежок и долготраен. Можеби е, но не е сменет од порано, кога на 1 септември секогаш имаше учебници, му порача професорката Весна Јаневска на министерот за образование, потенцирајќи дека ова значидека не ќе да е до процесот, туку до тие што го водат.
По повод Вашите, а и моите изјави во медиумите и социјалните мрежи ме исконтактираа повеќе наставници. Од дискусиите што ги имав со нив произлегуваат неколку прашања: 1. Зошто повикот за учебници е повеќе пати пролонгиран, иако уште во првиот рок сте добиле понуди за некои учебници? Чекавте ли ПОДОБНИ автори и ПОДОБНИ учебници? По закон ли е пролонгирањето на конкурсот? 2. Точчо ли е дека постојано се ангажираат одредени ПОДОБНИ автори и рецензенти и во комисиите се додава по еден независен за да биде надгласан? 3. Кој тоа врши брутален притисок на рецензентите за избор на одредени учебници и зошто рецензенти кои на поетокот се нафатиле да рецензираат потоа се откажуваат? 4. Дали е точно дека за технички уредени учебници ќе плаќате државни пари за “техничко уредување“ на учебници? 5.Зошто спорниот учебник во кој Бугарија е на исток а Албанија на запад не е заменет? Ќе дозволите учениците да учат од тој учебник? Па нели е срамота? 6. Имате ли воопшто контрола врз случувањата во Педагошката служба? Заклучок:“ Не заради хаосот во МОН и Педагошката служба“ туку заради тешката процедура за печатење на учебници, УЧЕБНИЦИ НЕМА ДА ИМА! П.С. Распоред во основните училишта не може да направат, заради “успешноста“ на новата програма за унапредување на образованието која ја потпишавте. ЗНАЕТЕ?, му порача професорката.

The post Како при ист процес на печатење учебници, порано ги имаше на 1 септеври, а сега не? appeared first on Република.

]]>
Им ги укинувате телефоните на истите деца кои ги теравте да учат од нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/im-gi-ukinuvate-telefonite-na-istite-detsa-koi-gi-teravte-da-uchat-od-niv/ Wed, 17 May 2023 10:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=641683

Министре Шаќири, читам Владата донела сет препораки за училиштата, за подигање на безбедноста и превенција на врсничкото насилство. Општините во соработка со меѓуопштинските центри за социјална работа треба да формираат стручни тимови кои ќе разговараат со секое дете во секое училиште. Не баш ја разбирам меркава, ама ако сакате да им го одземете времето и вниманието од оние со кои треба да разговараат и долгорочно да работат, идејата не е лоша, му порача проф. Весна Јаневска.

Стручни тимови за подршка на родители и деца со девијантно однесување требаат, не разговори со секое дете, но вие сте власт вие одлучувате.
Сите основни и средни училишта да одржат состаноци со сите родители за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во училиштата. Ова работа на родителите е? Да добредојдени се идеи и помош, но ова е работа на МОН.
Родителите да се потсетат на Законот за семејство и Кривичниот закон во делот на одговорноста при извршување на родителското право. Ќе ги потсестат и понатаму? На тие родители чии деца покажуваат врсничко насилство не им треба потсетување им треба ПОМОШ, стручна се разбира, инаку детето не би се однесувало така како што се однесува.
Укинување на употреба на мобилни телефони на час. Ова е баш “најдобрата мерка“, небаре баш сите деца на час играат видео игри, или гледаат во телефон за забава. Заборавивте дека Мила Царовска им велеше од телефон да учат? Знате дека недостасува ИКТ опрема па децата користат телефон наместо таблет? Знаете дека нема, на пример учебник по француски па децата користат телефон? Дома ќе м ги забраните?
Не треба забрана за телефон, треба ВОСПИТУВАЊЕ, разликување на ДОБРО и ЛОШО, ЕМПАТИЈА.
Чисто за информација во Словенија постои Катедра за невронаука во образование и воспитание, напиша таа.

The post Им ги укинувате телефоните на истите деца кои ги теравте да учат од нив appeared first on Република.

]]>

Министре Шаќири, читам Владата донела сет препораки за училиштата, за подигање на безбедноста и превенција на врсничкото насилство. Општините во соработка со меѓуопштинските центри за социјална работа треба да формираат стручни тимови кои ќе разговараат со секое дете во секое училиште. Не баш ја разбирам меркава, ама ако сакате да им го одземете времето и вниманието од оние со кои треба да разговараат и долгорочно да работат, идејата не е лоша, му порача проф. Весна Јаневска.
Стручни тимови за подршка на родители и деца со девијантно однесување требаат, не разговори со секое дете, но вие сте власт вие одлучувате. Сите основни и средни училишта да одржат состаноци со сите родители за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во училиштата. Ова работа на родителите е? Да добредојдени се идеи и помош, но ова е работа на МОН. Родителите да се потсетат на Законот за семејство и Кривичниот закон во делот на одговорноста при извршување на родителското право. Ќе ги потсестат и понатаму? На тие родители чии деца покажуваат врсничко насилство не им треба потсетување им треба ПОМОШ, стручна се разбира, инаку детето не би се однесувало така како што се однесува. Укинување на употреба на мобилни телефони на час. Ова е баш “најдобрата мерка“, небаре баш сите деца на час играат видео игри, или гледаат во телефон за забава. Заборавивте дека Мила Царовска им велеше од телефон да учат? Знате дека недостасува ИКТ опрема па децата користат телефон наместо таблет? Знаете дека нема, на пример учебник по француски па децата користат телефон? Дома ќе м ги забраните? Не треба забрана за телефон, треба ВОСПИТУВАЊЕ, разликување на ДОБРО и ЛОШО, ЕМПАТИЈА. Чисто за информација во Словенија постои Катедра за невронаука во образование и воспитание, напиша таа.

The post Им ги укинувате телефоните на истите деца кои ги теравте да учат од нив appeared first on Република.

]]>
Како се станува директор на ДПИ без никакво педагошко работно искуство? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-se-stanuva-direktor-na-dpi-bez-nikakvo-pedagoshko-rabotno-iskustvo/ Wed, 22 Mar 2023 12:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=622431

Закони има пазарџии, треба да се почитуваат! им нагласува професорката Весна Јаневска на властите, зошто на чело на Државниот просветен инсперкторат е поставен човек без никакво педагошко работно искуство иако тоа е противзаконско.

Директорот на Државниот просветен инсперкторат, по закон, го назначува министетот за образование и наука, во моментов Јетон Шакири. Назначен е господин Халит Фератов, кој по закон треба да има најмалку 5 години педагошко работно искуство во воспитание и образование. Господинов работел во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор и Служби за општи и заеднички работи на Влада, а сега е назначен за директор на ДПИ.
После ќе се прашуваме зошто ни образованиеѕо такво какво што е.
Пазар 3? Бетер. ЗАКОНИ ИМА ПАЗАРЏИИ! ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ!, пишува професорката.

The post Како се станува директор на ДПИ без никакво педагошко работно искуство? appeared first on Република.

]]>

Закони има пазарџии, треба да се почитуваат! им нагласува професорката Весна Јаневска на властите, зошто на чело на Државниот просветен инсперкторат е поставен човек без никакво педагошко работно искуство иако тоа е противзаконско.
Директорот на Државниот просветен инсперкторат, по закон, го назначува министетот за образование и наука, во моментов Јетон Шакири. Назначен е господин Халит Фератов, кој по закон треба да има најмалку 5 години педагошко работно искуство во воспитание и образование. Господинов работел во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор и Служби за општи и заеднички работи на Влада, а сега е назначен за директор на ДПИ. После ќе се прашуваме зошто ни образованиеѕо такво какво што е. Пазар 3? Бетер. ЗАКОНИ ИМА ПАЗАРЏИИ! ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ!, пишува професорката.

The post Како се станува директор на ДПИ без никакво педагошко работно искуство? appeared first on Република.

]]>
Jaневска: Квалитетот на образованието се цени по тоа како системот на образование се справува со предизвиците во процесот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-kvalitetot-na-obrazovanieto-se-tseni-po-toa-kako-sistemot-na-obrazovanie-se-spravuva-so-predizvitsite-vo-protsesot/ Sat, 18 Mar 2023 07:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=620877

Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гостување во емисијата 10 минути што се емитува на телевизија 21 рече дека во образованието начелно не треба да има компромиси.

„Квалитетот на образованието се цени по тоа како системот на образование се справува со предизвиците во процесот. Колку поуспешно се справува, толку поуспешно е самото образование и не треба да има компромиси наспроти учењето стекнување на компетенции на учениците, студентите. Сега имаме ковид генерација, или имаше ковид, па штрајкови, сега дојави за бомби. Тоа е пропуштена настава“, рече таа и додаде дека треба да им се излезе во пресрет на овие генерации.

Јаневска се осврна на барањата на средношколците да им се намали материјалот за полагање на државната матура.

„Овие деца имаат право на дел од тоа што го бараат, иако искрено, кога мене би ме прашале јас не би сакала да биде така, но мора да бидеме чесни кон нив и јас лично ги поддржувам“, вели Јаневска.

Според неа Министерството за образование и наука треба да и понуди на Владата решение.
Во однос на доцнење на ученички стипендии по четири до седум месеци, Јаневска вели дека не е оправдување дека ги добиле одеднаш тие пари.
„Тие пари не вредат веќе со оваа инфлација во земјава. Ако ги имаат континуирано можеби ќе си купат ќе се купат книги храна“, посочи Јаневска.

Според професор Јаневска во моментов многу малку се издвојува за образованието.

„168 илјади евра се издвојуваат за годишнина од формирање на Владата, зошто? За што се парите, за да се слави неуспех? Тоа се фрлени пари. Ова е период кога студентите, учениците, наставниците се на улица, слушам и докторите најавуваат протест. Ова е само еден пример дека пари определни за вакви работи и слични треба да се пренаменат“, рече Јаневска.

Јаневска посочи дека нема никаков консензус за образованието.

„Во однос на образованието нас ни се случува пречесто да се наметнуваат некакви реформи кои се избрзани, натурени, неподготвени… Консензус во некои политики како образование, здравство мора да има“, вели Јаневска која заклучи дека сето ова резултира со тоа да немаме универзитет на светските листи или да биде на дно на истите.

The post Jaневска: Квалитетот на образованието се цени по тоа како системот на образование се справува со предизвиците во процесот appeared first on Република.

]]>

Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гостување во емисијата 10 минути што се емитува на телевизија 21 рече дека во образованието начелно не треба да има компромиси.
„Квалитетот на образованието се цени по тоа како системот на образование се справува со предизвиците во процесот. Колку поуспешно се справува, толку поуспешно е самото образование и не треба да има компромиси наспроти учењето стекнување на компетенции на учениците, студентите. Сега имаме ковид генерација, или имаше ковид, па штрајкови, сега дојави за бомби. Тоа е пропуштена настава“, рече таа и додаде дека треба да им се излезе во пресрет на овие генерации.
Јаневска се осврна на барањата на средношколците да им се намали материјалот за полагање на државната матура.
„Овие деца имаат право на дел од тоа што го бараат, иако искрено, кога мене би ме прашале јас не би сакала да биде така, но мора да бидеме чесни кон нив и јас лично ги поддржувам“, вели Јаневска.
Според неа Министерството за образование и наука треба да и понуди на Владата решение. Во однос на доцнење на ученички стипендии по четири до седум месеци, Јаневска вели дека не е оправдување дека ги добиле одеднаш тие пари. „Тие пари не вредат веќе со оваа инфлација во земјава. Ако ги имаат континуирано можеби ќе си купат ќе се купат книги храна“, посочи Јаневска. Според професор Јаневска во моментов многу малку се издвојува за образованието.